КАФЕ ПАУЗА

Tag: вулкан

  • Спектакуларните ерупции на вулканот Етна

    Спектакуларните ерупции на вулканот Етна

    Планината Етна е стромболијански вулкан на источниот брег на Сицилија. Висока е 3.329 метри, но нејзината висина се намалува со зголемувањето на ерупциите. Два пати поголем од Везув, Етна е најголемиот активен вулкан во Европа. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаНа 25 ноември 2002 година, река од жешка лава се закануваше да ги покрие туристичките места во јужниот дел на планината Етна. Вулканот се активираше после 5 земјотреси кои го потресоа јужниот дел на Сицилија. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаИстата година беше забележана уште една ерупција на Етна во близина на Катанија, на 31 октомври. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаВо раните утрински часови, на 14 септември 2004 година, се отвори нова пукнатина на вулканот Етна која испушташе лава и пепел. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаЕдна од најспектакуларните ерупции на Етна се случи на 1 март 2005 година. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаУште една спектакуларна ерупција на Етна имаше на 21 јули 2006 година, кога вулканот започна да испушта лава уште во раните утрински часови. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаНа 6 јануари беше забележана првата ерупција на вулканот Етна оваа година. На 5 јануари топла пепел го исполни небото над Сицилија, а веќе наредниот ден вулканот повторно се активира. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСледната ерупција на Етна беше на 9 февруари 2012 година. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаУште една ерупција на највисокот вулкан во Европа беше забележана на 18 март 2012 година. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаПоследната ерупција на Етна се случи на 1 април 2012 година. Спектакуларните ерупции на вулканот ЕтнаСпектакуларните ерупции на вулканот Етна
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnИзвор:

  • 10 езера со несекојдневна убавина

    10 езера со несекојдневна убавина

    Автор: Маја ВладимироваrnrnПортокалови, розови, зелени… повеќето од овие езера изгледаат како некој сликар да си поиграл со четката. Всушност природата е таа која си поиграла со боите и ги создала овие неверојатни езера кои ќе ве остават без здив.rnrn

    Езеро на шампањското, Нов Зеланд

    rnЕзерото на шампањското (Champagne Pool) e кратерско езеро кое се наоѓа на Северниот остров во Нов Зеланд. На местото каде што денес се наоѓа езерото имало неверојатно убави бели и розови карпести тераси, но откако еруптирал вулканот Мауна Тарауера, на местото на терасите се појавило блескаво смарагдно-зелено езеро. Топлиот извор од кој денес се затоплува езерото се формирал пред околу 900 години. На дното, водата достигнува температура и до 260° C, додека на површината на езерото се движи меѓу 73  и 75 Целзиусови степени.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Диего де ла Хаја, Костарика

    rnДиего де ла Хаја е вулканско езеро сместено во еден од 5-те кратери на вулканот Иразу. Ова езеро често знае да ја смени својата боја од вообичаената зелена во сива, црвена или розова во зависност од типот на гасот кој се ослободува како резултат на вулканската активност во подолните слоеви.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Таал, Филипини

    rnВедрина, смиреност, чиста убавина и поглед кој го одзема здивот, се само дел од зборовите кои го опишуваат езерото Таал. Неговата вода е чиста и свежа, но исто така полна со сулфурна киселина и различни форми на сол како што се содиум, алуминиум и магнезиум како последица на неговото вулканско потекло. Меѓутоа она што го прави посебно ова езеро е тоа што во него има остров во кој се наоѓа друго езеро. Ова внатрешно езеро е всушност најголемото езеро на остров кој се наоѓа во друго езеро во светот.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото што врие, Доминика

    rnЕзерото што врие (Boiling Lake) е сместено во националниот парк Морн Труа Питон, Доминика. Исполнето е со сиво-синa вода која врие и е опколено со облак од пареа. Периодично му се менува нивото на водата, па така во 2006 година било речиси целосно испразнето и воопшто не вриело. Ова езеро е второ по големина во светот од ваков тип со температури од 82 до 91,5 Целзиусови степени.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Асалско Езеро, Џибути

    rnАсалското Езеро е кратерско езеро во централен Џибути. Лежи на 155 метри под морското ниво и на тој начин претставува најниската точка во Африка. Асалското езеро се карактеризира со високо ниво на соленост (до 34,8 %), повеќе дури и од Мртвото Море со што го добива епитетот најсолено езеро.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Обоената Лагуна, Боливија

    rnОва езеро е препознатливо по својата црвена боја, која е резултат на минералите и алгите кои ги содржи. Па така, според концентрацијата на алгите, езерото добива различни нијанси на црвената боја во различни периоди.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Урмијанското езеро, Иран

    rnУрмијанското езеро е солено езеро кое се наоѓа во северозападен Иран во близина на границата со Турција. Тоа е најголемо езеро во внатрешноста на Иран и трето солено езеро во светот. Температурата на ова езеро се менува драматично, од -20 Целзиусови степени во зима до 40 Целзиусови степени во лето. Денес на ова езеро му се заканува опасност од пресушување, доколку не се стори ништо за да се заштити.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Тешекпук, САД

    rnОваа сина езерска површина со необична форма најпрво била исполнета со слатка езерска вода, меѓутоа денес како последица на топењето на Арктичкиот мраз и ронењето на земјата е измешана со морска вода. Претставува дом на разновиден Арктички екосистем кој поради глобалното затоплување денес е во опасност.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Лилук, Канада

    rnЕзерото Лилук, познато и како Точкесто езеро се наоѓа во близина на Ванкувер, Канада. На прв поглед изгледа како да има алги насекаде во него, но причината за ваквиот изглед е сосема поинаква. Во лето, кога водата испарува, поради неговиот уникатен состав со минерали се прават прекрасни живописни кругови низ целото езеро.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Хилиер, Австралија

    rnСпецифично за ова езеро е неговата светло розова боја. Како езерото ја добило оваа боја е сè уште мистерија. Се претпоставува дека ја добило од бактерии и алги, иако тоа сè уште не е научно утврдено. Сместено е во шумски предел богат со еукалиптус и претставува природно чудо во Австралија.10 езера со несекојдневна убавина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ресторан на врв на вулкан

    Ресторан на врв на вулкан

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnОние кои за задоволување на своите гурмански потреби се спремни да одат до таму каде што никој не бил, несомнено ќе бидат воодушевени од ресторанот Ел Дијабло. Се наоѓа во националниот парк Тиманфаја на канарскиот остров Ланзароте, но не е сместен во некое живописно катче, туку на врвот на вулканот Ислоте де Хиларио.Ресторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканВулканот веќе 250 години не исфрла лава, така што гостите се безбедни. На тлото сè уште се чувстува топлина која на неколку метри под земјата достигнува преку 400 степени. Тоа се користи како извор на топлина за ресторанот, а на еден од отворите од каде што порано еруптирала лавата е поставена скара на која се приготвува традиционална канарска храна.Ресторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканХраната не е единствената атракција на Ел Диабло. Многу од туристите тука доаѓаат заради спектакуларната панорамска глетка на целиот национален парк овозможена од стаклените ѕидови на ресторанот. Особено е привлечна глетката на зајдисонцето.Ресторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулкан
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

    8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnПриродата на некои места на Земјата им дала повеќе отколку на други. Луѓето во овие места често знаат да го чуваат и користат природното богатство и со тоа да ги направат овие географски региони, бесценета атракција за локалното население, како и за туристите. За жал, на некои места, природата по многу години им го врти грбот и ни најавува дека полека треба да се збогуваме од нив. Еве 8 интересни места во Европа, кои ги чека лоша судбина:rnrn

    1. Манастирот Лукедио во Италија

    rnМанастирот бил изграден од цистерциjански монаси во долините на горниот дел на реката По, во 1123 година. Пределот е познат како Европската лулка на оризот. Имотот денес се нарекува „Principato di Lucedio“ (Кнежевскиот имот на Лукедио). Со оглед на тоа дека блиските алпски глечери сѐ повеќе и повеќе се топат, а количината на дождови е во константно опаѓање, додека за одгледувањето ориз е потребно многу вода, тешко веројатно е дека манастирот и понатаму ќе биде она што беше во последните 9 века.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrnrn

    2. Олимпија, Грција

    rnРодното место на Олимписките игри, долината во Олимпија се наоѓа на Пелопонез, во јужна Грција. Во последните неколку години, екстремно високите температури поттикнуваат сѐ повеќе вулкански ерупции. Во 2007 година, големи пожари го зафатија, а воедно и сериозно го уништија целиот предел. За среќа, археолошкото наоѓалиште остана неоштетено.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    3. Копенхаген, Данска

    rnПоради својата приморска положба, главниот град на Данска, стана еден од големите комерцијални центри во дванаесетти век. Денес, нивото на морето, кое е во постојан пораст, му се заканува по живот на овој симболичен град. Врвни архитекти и инженери прават сѐ што е во нивна моќ (градбата на ново метро) за да го спасат градот од поплави, но за спасување на старите делови од градот, потребни се сериозни заштитни мерки.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    4. Ротердам, Холандија

    rnРотердам е вториот стар европски град кој е загрозен поради својата географска положба. Повеќе од половина град се наоѓа под нивото на морето. Со години овој европски центар зависи од канали и брани, како би се спасил од евентуална инвазија на водата околу него. Кон крајот на 90-тите беше изградена бариера висока 4,88 метри, наизглед како брана, но со ова не се ни оддалеку решени проблемите со надоаѓањето на водата.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    5. Даларна, Шведска

    rnНеодамна во тундрите на Даларна беше пронајдено најстарото дрво во светот. Елата како дрво, доминира во шумите на Шведска и се употребува во повеќе индустрии. Името на покраината значи „долини“. Ова е популарна летна дестинација за жителите од југот поради добриот риболов, убавите кампови и густите шуми. Но, високите температури и ретките летни дождови би можеле да значат крај за овие шуми.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    6. Мит, Ирска

    rnПлодната почва и долгогодишната земјоделска традиција му помогнале на округот Мит, од провинцијата Ленстер, да стане главен производител на компири во Ирска. Покрај фактот дека одгледувањето компири има длабоки врски со ирската историја, постои уште еден факт – тоа што еден просечен ирски граѓанин конзумира околу 100 килограми компири годишно. Според предвидувањата, покачувањето на летните температури и сушите кои претстојат во следните неколку декади би можеле да го искоренат компирот од оваа област.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    7. Каор, градот на долината околу реката Лот, Франција

    rnПроизводството на вино во Каор, јужнофранцуски град, датира уште од времето на Римската Империја. Денес, лозјето во Каор прекрива повеќе од 41 километар квадратен. Гроздовите се крајно чувствителни на климатски промени, така што дури и најмала промена на температурата би можела да значи крај за винарската традиција, како на Каор, така и на многу други делови од земјата.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањетоrn

    8. Езерата на екот (Halligen), Германија

    rnНа северниот брег на Германија, се наоѓаат ниските острови, формирани од плимата на Северното Море. Повремените поплави тука создале еден специфичен екосистем, со плодно земјиште на кое лавандите цутат дури и лете, како и со растенија и живи суштества кои зависат од повремените приливи на солената морска вода. Но, оваа деликатна рамнотежа би можела да се наруши доколку порасне нивото на морето.rnrn8 значајни места во Европа кои се пред прагот на исчезнувањето
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 научни откритија за 2011 година

    Топ 10 научни откритија за 2011 година

    Ова е листа на најголемите научни откритија во 2011-та година според најпопуларните вести на National Geographic.rn.rn

    1. Откриена авионска несреќа во Областа 51

    rnОбласта 51 е создадена од страна на американската влада за време на студената војна. Местото било под врвна безбедносна заштита и токму тука тие ги вршеле сите авионски тестирања. Оваа година е откриено постоењето на прототипот А-12 чија хаварија се случила во 1963-та година. А-12 бил скоро невидлив за радарот и летал со 3.540 км на час. Со таква брзина тој можел да ја прелета територијата на Америка за само 70 минути.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    2. Пронајдена ретка ајкула „киклоп“

    rnОва чудно суштество било пронајдено во Мексико во октомври. Овој фетус е долг 54 см и има само едно око сместено на врвот на главата. Оваа појава е позната како киклопија, којашто се јавува кај некои животински видови, вклучувајќи го и човекот. Постојат документирани докази за постоењето на ваков вид ајкули, но само додека се во ембрионалниот развој, односно кога се внатре во матката. Тоа укажува дека надвор од неа тие не можат да преживеат. Но, ова било така сè додека не го пронашле овој вид во водите на мексиканскиот залив. Научниците имаат уште многу да учат.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    3. Повторно активирање на супер вулкан во Јелоусотоун, Америка

    rnВо Националниот парк Јелоустоун, супер вулкан повторно се активирал со што предизвикал поткревање на земјиште од неколку милји, потврдиле научници во јануари. Вриечкиот вулкан предизвикал моќни ерупции, многу поголеми од катастрофалните вулкански ерупции на планината Св. Хелена во 1980 година.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    4. Фатен најголемиот крокодил?

    rnПо 3-неделно бркање, на Филипините е фатен најголемиот крокодил кој е долг 6,4 метри и тежи 1.075 килограми. Се претпоставува дека овој крокодил е одговорен за напад на неколку луѓе и за смрт на двајца. Досега, Гинисовиот рекорд го држеше Австралиски крокодил, долг 5,4 метри. Сега тој рекорд е срушен.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    5. Нов вид печурка создава „зомби“ мравки

    rnНов вид од фунгите Ophiocordyceps camponoti-balzani расте на главата на мравките со што им дава чуден изглед. Првично се мислело дека тоа е формација од еден вид, но потоа било откриено дека се работи за микс од 4 видови, кои всушност имаат контрола врз умот на мравките. Овие видови ја инфицираат мравката, ù го „окупираат“ мозокот и кога ќе најдат идеална локација за развивање на спорите го убиваат инсектот.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    6. Фатена најголемата бела ајкула

    rnВо заливот на мексиканскиот остров Гвадалупе е фатена најголемата риба на светот, белата ајкула. Ајкулата е долга 5,5 метри и го соборува претходниот рекорд за најголема ајкула која била долга 5,1 метар.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    7. Откриена планета погодна за живот

    rnNASA овој декември го потврди постоењето на можен близнак на нашата планета, кој е оддалечен 600 светлосни години. Планетата кружи околу своето Сонце, исто како и нашата и е откриена со помош на Кеплеровата вселенска мисија. Голдилок-зоната (населива зона) на површината на оваа планета е појасот каде не е ни премногу жешко ни ладно и е можен развој на жив свет.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    8. Ископан древен град на Маите

    rnАрхеологот Бриџит Ковачевич, во близина на тунел кој водел до античка пирамида, открил остатоци од град на цивилизацијата на Маите. Овој град се наоѓа длабоко во џунглите на Гватемала. Со помош на џипиес и електронски уреди, научниците полесно стигнале до овие остатоци и откриле неколку пирамиди, опсерватории и други структури.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    9. Пронајден е мечот на Црнобрадиот?

    rnМоже ли оваа позлатена урна да биде дел од мечот на познатиот пират од 18-от век, Црнобрадиот? Не може со сигурност да се знае, но се претпоставува, со оглед на тоа дека е откриена во Северна Каролина крај остатоците од бродоломот, кој се верува дека е како резултат на одмаздата на кралицата Ана.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    10. Пронајдена планета слична на Земјата

    rnОткриена е нова планета која е многу слична на Земјата и е на одалеченост од 36 светлосни години. Камената планета со доволно облаци може да биде погодна за живот. Наречена HD85512b, оваа планета била забележана како орбитира околу портокалово џуџе-ѕвезда во соѕвездието Вела, а е видена од HARPS во Чиле.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Планината Таранаки во Нов Зеланд

    Планината Таранаки во Нов Зеланд

    Таранаки е планина сместена во северниот остров на Нов Зеланд и всушност претставува активен вулкан. Тој е познат и под името Егмонт, а е висок 2.518 метри. Таранаки е доста млад вулкан чија активност е забележана пред 135.000 години. Тој се наоѓа во центарот на Националниот Парк Егмонт. Интересно и карактеристично за него е циркуларниот распоред на вегетацијата околу него и прецизно обликуваниот вулкански конус.rnrnПосетителите можат да ја искусат убавината на оваа планина преку сноубординг и скијање на ски-центарот Мангануи. Најблискиот град е Њу Плимут каде обично престојуваат туристите. Поради сличноста која ја има со врвот Фиџи во Јапонија, Таранаки била алтернативна локација при снимањето на филмот „Последниот Самурај“.Планината Таранаки во Нов ЗеландПланината Таранаки во Нов ЗеландПланината Таранаки во Нов ЗеландПланината Таранаки во Нов ЗеландПланината Таранаки во Нов ЗеландПланината Таранаки во Нов ЗеландПланината Таранаки во Нов ЗеландПланината Таранаки во Нов Зеландrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кели Муту – Езера каде почиваат душите

    Кели Муту – Езера каде почиваат душите

    Жителите на Флорес, велат дека душите на врачевите живеат високо во планините на нивниот остров во Индонезија, во езерото каде водата е црна. Блиското зелено езеро е дом за грешните души, а душите на децата и девиците почиваат во езерото со светлозелена боја.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrnНа висина од над 1.600 метри, во кратерите на Кели Муту, кој претставува еден од многубројните згаснати вулкани на овој индонезиски остров, се наоѓаат овие три езера. На островот има и 14 активни вулкани, а и земјотресите се честа појава.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrnСамите езера со неверојатни бои претставуваат доволно изненадување, но со нив е поврзана и приказната дека не толку одамна нивните води биле поинаку обоени – со црна, кафена и сина боја. Во 60-те години на 19 век имале боја на бело кафе, црвено-кафеава и сина боја, а триесет години пред тоа имале бои слични на денешните.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrnНикој не ја открил причината зошто овие езера се вака обоени, ниту пак зошто им се менува бојата. Тие таинствено лежат во кратерите што некогаш биле жешки, а непознати процеси ја диктираат нивната следна промена на бојата.rnrnКели Муту - езера каде почиваат душитеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопад

    Вулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопад

    Доколку барате некое интересно место за да се одморите и опуштите, тогаш хотелот „Montaña Mágica Lodge“ во Чиле е совршеното место за таа прилика. Чувството кое ќе го доживеете таму е неверојатно благодарение на прекрасната природа и комфорот кој го нуди самото место.Вулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопадХотелот е изграден да наликува на вулкан, а наместо лава од него тече водопад. Доколку пак сакате да видите вистински вулкан, во близина на самиот хотел се наоѓа вулканот Аренал. Гостите во овој хотел доживуваат едно навистина несекојдневно искуство. Тие можат да уживаат во безброј удобности. Интересни детали се џакузито направено од огромно стебло од дрво, кое го има во секоја соба, прекрасниот поглед кон дождовните шуми на Чиле, мостчето кое е единствениот начин да се влезе во хотелот и другите слични работи кои можат да се најдат во него. Ноќевање на ова место може да ве чини од 250 до 400 долари.Вулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопадВулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопадВулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопадВулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопадВулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопадВулканскиот хотел во Чиле од кој извира водопадrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пештерско село во Иран

    Пештерско село во Иран

    Скриено во далечниот северозапад на Иран, се наоѓа селото Кандован, кое не е познато само поради својата убавина, туку и поради специфичниот стил на градбата на домовите. Многу од куќите во ова село се направени во пештери сместени во конусни карпи направени од наталожен вулкански пепел.rnПештерско село во Иран Жителите на ова село тврдат дека тоа постои повеќе од 700 години. Луѓето кои се плашеле дека ќе бидат повикани за во монголската армија, бегале тука и се криеле во пештерите. Куќите се познати како „каран“, а грубо преведено зборот на турски би значел кошници.Пештерско село во ИранПештерско село во ИранСо текот на годините, мештаните ги проширувале своите домови. Сега повеќето од нив имаат од два до четири ката на кои се наоѓаат простории за живеење, подрум и простории за чување добиток. Овие домови се едни од најдобрите енергетско-ефикасни во земјата, бидејќи каменот е одличен изолатор кој обезбедува добра топлина за време на долгата и ладна зима. Исто така, домовите се постојано ладни во летниот период од годината.Пештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во Иранrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најубави езера во светот

    10 најубави езера во светот

    Природата со својата убавина секогаш знаела да нè воодушеви. Природните езера низ светот навистина ја имаат моќта да ја смират душата и да донесат мир и спокој во напорното секојдневие. Во оваа селекција се вклучени светските езера, кои ретко кому се познати, а воодушевуваат со својата бистрина, околина и атрактивност. Уживајте.rn

    Плитвички езера, Хрватска

    rnОвие прекрасни езера се наоѓаат во планинскиот предел Лика во Хрватска и се прогласени за Национален парк. Езерата се опколени со три планини, Мала Капела, Плешивица и Динарските Алпи. Овој национален парк се состои од езера, планини, пештери и водопади. Има 16 езера кои се прелеваат во сина, зелена, азурна и сива боја.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Блед, Словенија

    rnЕзерото Блед се наоѓа во регионот Горна Карниола. Името го има добиено по Бледскиот замок. Езерото добива дополнителна убавина од одблесокот на замокот, кој се наоѓа на карпест остров на средината од него. Местото е многу позната туристичка атракција поради мистичноста и кралскиот изглед на замокот. Тоа е одлична дестинација за заљубени парови, сликари и спортисти. Езерото и околината нудат можност за занимавање со разни спортски активности како голф, пловење, веслање, рибарење, јавање и пешачење. Блед е домаќин и на светското првенство во веслање. На островот во езерото има 99 скалила, а интересна традиција е младоженецот да ја искачи невестата по нив на денот на свадбата.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Масуко, Јапонија

    rnЕзерото Масуко, познато како Машу, претставува прекрасно езеро формирано во „котелот“ на еден активен вулкан. Тоа е дел од Националниот парк Акан, на островот Хокаидо во Јапонија и е едно од најчистите езера во светот. Целото е опколено со кратерски ѕид висок 200 метри. Се претпоставува дека се создало пред околу 32.000 години, а „котелот“ се создал пред околу 7.000 години како резултат на вулканска ерупција.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Шеосар, Пакистан

    rnЕзерото Шеосар е познато по неговите зелени полиња кои го опколуваат, чистата вода и прекрасната рефлексија на околината во водата. Свежото ветре и неодоливите зелени пасишта ја смируваат душата и создаваат убавина која мора да се посети. Во превод, името на езерото значи „слепо езеро“. Лоцирано е во Националниот парк Деосаи во северниот дел на Пакистан на надморска височина од 4.142 метри. Долго е 2,3, а широко 1,8 километри.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Лох Ломонд, Шкотска

    rnЛох Ломонд е најголемото природно езеро во Шкотска. Зборот Лох во шкотскиот јазик означува езеро. Ова езеро на прекрасен начин ги одвојува низините и висорамнините на централниот дел од Шкотска. Долго е 39 километри, а ширината му варира од 1,2 до 8 километри. Интересно е бидејќи на него има триесетина острови. Тоа е позната туристичка атракција бидејќи по него се плови и се спортува. Според една анкета направена од „Radio Times“, езерото било прогласено за петто чудо во Британија.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Пејто, Канада

    rnЕзерото Пејто се наоѓа во Националниот парк Банф во Канада. Тоа добива чиста вода од глечерот, кој го носи истото име, кој во летниот период се топи. Се наоѓа на надморска височина од 1.860 метри. Во летниот период, убави гранули од камен се влеваат во езерото, давајќи ù на водата прекрасна тиркизна боја и брилијантен сјај.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Шангрила, Пакистан

    rnЕзерото Шангрила се наоѓа во Сраду, Пакистан. Бидејќи водата во езерото е минерална, меурчињата прават слика како ѕвездите да танцуваат на неговата површина. Водата на езерото е чисто сина, па така рефлексијата на богатите вили околу него е неверојатна. Ова место е многу посетувано од млади брачни парови кои одат таму на меден месец. Езерото е целосно опколено со овоштарници и со цветни градини.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Комо, Италија

    rnЕзерото Комо се наоѓа во Ломбардија, Италија. Тоа се полни од глечери кои се топат. Тоа е трето по големина во светот и најубаво на територијата на Италија. Исто така, тоа е едно од најдлабоките езера во Европа (400 метри). Ова место се сметало за елитно, уште во Римската империја. Езерото е опколено со прекрасни вили, а голем дел од нив ги поседуваат славни личности. Гледано од височина, езерото е во форма на буквата „Y“.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Дал, Индија

    rnЕзерото Дал се наоѓа во Кашмир, Индија. Тоа едно од најпрекрасните езера во светот и неверојатна туристичка атракција. Познато е под псевдонимот „Скапоцен камен во круната на Кашмир“ или „Скапоцениот камен на Срингар“. Тоа е долго околу 15,5 километри и на него има прекрасни бродски куќи, а опколено е со паркови, хотели и градини. Исто така, на езерото има и прекрасни лебдечки градини. Во овие градини расте цвеќето Лотус, кое на лето го декорира целото езеро.rnrn10 најубави езера во светотrn

    Езерото Женева, Швајцарија и Франција

    rnЕзерото Женева е неверојатна природна убавина која ја делат Швајцарија и Франција. Тоа е најголемото езеро во западна Европа. Поголемиот дел, односно 60% ù припаѓа на Швајцарија, а останатите 40 на Франција. Езерото е глечерско, а низ него поминува и реката Рона. Тоа има форма на полумесечина. На него се одржуваат трки со јахти.rnrn10 најубави езера во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.