Од ајкули и медузи до активни вулкани, посетувањето на некоја од овие плажи може да биде многу опасно…rn
Островот Фрејзер, Австралија
rnМорињата кои го опкружуваат островот Фрејзер во југоисточниот дел на Квинсленд, се сметаат за опасна зона. Водите околу островот Фрејзер изобилуваат со ајкули и медузи, а морските струи тука се едни од најопасните. Но, и самиот остров е прилично опасен. На овој остров живеат едни од најсмртоносните видови пајаци, необични видови морски крокодили, како и дингото, познато по тоа што повремено напаѓа луѓе.rnrn
rn
Гансбаи, Јужна Африка
rnОвој дел од светот е една голема бела територија. Каналот кој се наоѓа во Гансбаи, во близина на островот Даер, е дом на големата бела ајкула и на колонија од околу 60.000 фоки со крзно. Иако големата бела ајкула е многу опасна, таа сепак останува најголема атракција во Гансбаи и привлекува илјадници туристи годишно.rnrn
rn
Ханакапиаи, Хаваи
rnБреговите на Ханакапиаи се опкружени со силни морски струи и бранови кои се опасни дури и за најискусните пливачи. Потврда за тоа е знакот кој се наоѓа на плажата на кој пишува дека 83 лица се удавиле во водите на оваа плажа. Според знакот, нивното давење е мистерија затоа што се вели дека жртвите биле одвлечени во морето додека уживале во плитката вода.rnrn
rn
Плажата на доброто патување, Бразил
rnОваа популарна песочна плажа во Бразил привлекува многу туристи во текот на годината. Сè до 1992 година, Плажата на доброто патување беше една од најбезбедните плажи затоа што не постоеше опасност од ајкули. Но, од 1992 година евидентирани се најмалку 50 напади на ајкули од кои 19 биле фатални. Освен ајкулите, оваа плажа е многу опасна и заради уништувањето на крајбрежниот еко-систем и насилниот криминал.rnrn
rn
Северниот дел на Квинсленд, Австралија
rnСекоја година од октомври до април, плажите во северниот дел на Квинсленд во Австралија се забранети за туристи заради наездите на медузи. Всушност, медузите се одговорни за најмалку 70 смртни случаи од 1883 година па наваму. Убодите од медузи можат да бидат вистинска агонија затоа што жртвите често доживуваат срцев удар уште пред да стигнат на брегот.rnrn
rn
Плажата Чаупати, Индија
rnПлажата Чаупати во Мумбаи веќе одамна важи за плажа со најзагадена вода во светот. На оваа плажа капењето е забрането заради високото ниво на загаденост. Сепак, плажата може да се посети на почетокот на септември, кога населението слави еден од најголемите хинду празници.rnrn
rn
Копакабана, Бразил
rnКога се работи за опасни плажи, плажата Копакабана не е на исто ниво како и Плажата на доброто патување. Заради големата посетеност, на Копакабана демне опасност од ситни кражби, што веќе се смета за вообичаена пракса. Што се однесува до ајкулите, од 1931 година па наваму, на Копакабана се забележани само 6 напади кои не биле фатални.rnrn
rn
Островот Бикини, Американските Маршалски Острови
rnОстровот Бикини, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, е опасен заради две причини. Како прво, на овој остров се направени повеќе од 20 проби на нуклеарни бомби помеѓу 1946 и 1958 година. Иако во 1997 година островот беше прогласен за „чист“ и без траги на нуклеарна радијација, жителите сепак одбија да се вратат. Од друга страна, на туристите не им се препорачува да јадат локална храна заради нуклеарното зрачење. Втората причина заради која островот Бикини е опасен, е недостатокот на риболов во последните 65 години, заради кој е зголемен бројот на ајкули кои постојано напаѓаат.rnrn
rn
Килауеа, Хаваи
rnЦрниот песок на плажата Килауеа на Хаваите се наоѓа веднаш до еден од најактивните вулкани во светот. Вулканот на островот Кауаи еруптира постојано од 1983 година, исфрлајќи жешка лава во студениот океан. Освен вулканските ерупции, на оваа плажа се забележани 102 напади на ајкули, од кои 8 биле смртоносни.rnrn
rn
Амазонските плажи, Бразил
rnАко планирате да патувате долж реката Амазон, тогаш подобро е да се движите по копнен пат, низ густите шуми. Избегнете го пловењето по самата река затоа што на тој начин водата ќе ја делите заедно со многубројните пирани, анаконди и електрични јагули.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.