Планинарењето во близина на активен вулкан можеби и не се совпаѓа со начинот на кој го замислувате вашиот одмор, но за многумина очигледно вреди да се ризикува. Вулканот Фуего во Гватемала е најактивниот вулкан во Средна Америка кој привлекува илјадници туристи годишно. Со цел да можат да ги видат одблизу неговите ерупции, туристите мораат да се искачат на соседниот врв Акатенанго кој е неактивен вулкан.rnrn
rnrnЕкскурзијата до вулканот започнува од градот Антигва кој го краси барокна архитектура и е дел од листата на светското наследство на УНЕСКО. Пред пандемијата, градот привлекувал два милиони туристи годишно. Сепак, се очекува нов прилив на туристи со оглед на значителното намалување на мерките.rnrnСпоред туристичките водичи, вулканот дневно го посетуваат околу 300-400 луѓе. Вулканот Акатенанго се наоѓа на речиси четири илјади метри надморска височина, а за искачување од почетната точка потребни се околу пет часа. Вулканот Фуего е постојано активен и на секои 15-20 минути испушта чад.rnrnВулканот е далеку од безбеден со оглед на тоа дека неговата ерупција во 2018 година го избришала селото Сан Мигел Лос Лотес од лицето на Земјата, при што загинале 159 луѓе, а биле повредени повеќе од 300 луѓе.rnrnОткако прочитавте за вулканот Фуего во Гватемала, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемиот вулкан на светот кој е скриен под океанот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: вулкан
-

Чудо на природата: Импресивен вулкан кој еруптира на секои 15 минути
-

Најголемиот вулкан на светот е скриен под океанот
На околу 600 милји оддалеченост северозападно од Хонолулу, среде Тихиот Океан, можат да се забележат две островчиња. На повеќето набљудувачи, карпата со димензии околу 5 хектари позната како Пухахону, нема да им значи ништо, освен како место за одмор на уморните морски птици. Но, присуството на карпата укажува на нешто многу поголемо: според експертите, под карпата се крие најголемиот вулкан на Земјата.rnrn
rnrnНајновото истражување на морското дно на Папаханаумокуакеа или попознат како Северозападен национален споменик на Хаваите, ја откри целосната големина на вулканот Пухахону. Мајкл Гарсија, вулканолог на хавајскиот универзитет во Маноа, открил дека вулканот содржи најмалку 35 кубни милји карпи. Тоа е приближно двојно поголем обем од оној на Мауна Лоа, претходниот рекордер за најголемиот заштитен вулкан на планетата.rnrnВо 1974 година постоело тврдење меѓу научниците дека Пухахону е најголемиот хавајски вулкан, но не било поткрепено со целосни докази како резултат на ограничените податоци од истражувањето. Сепак, најновото истражување покажало дека овој вулкан е најголемиот, а на второ место е Мауна Лоа. Оваа студија исто така покажала дека хавајските вулкани биле активни во период од милиони години при што ја исфрлале најжешката магма. Вообичаено, овие вулкани еруптираат на температура од околу 2.100 фаренхeјти, но со испитувањата на минералите што биле исфрлени од Пухахону било откриено дека температурата на лавата е околу 3.000 фаренхајти. Со тоа се докажува и дека лавата на вулканот е најжешката што еруптирала во последните 65 милиони години на Земјата.rnrnОткако откривте кој е најголемиот вулкан на светот и каде се наоѓа, можеби ќе ве интересира да прочитате и кој вулкан е една од најпопуларните планински дестинации во Индонезија.rnrnИзвор: discovermagazine.com -

Опасна и чудесна атракција: Вулкан што добива сина боја за време на ерупцијата
Појасот на земјите околу Пацификот има застрашувачко име: Пацифички огнен круг или Огнен прстен. Ова име потекнува од многубројните вулкани пронајдени во областа. Ланецот што е долг 40 000 километри содржи дури две третини од активните вулкани во светот, а на овој регион има дури 90 земјотреси.rnrn
rnrnВулканот што се истакнува со својот необичен ефект е Кавах Ијен, лоциран на островот Јава, во близина на Бали. Овој вулкан е 13-ти по големина во светот и на неговиот врв се наоѓа прекрасно сино-зелено кратерко езеро.rnrnКога ќе се активира овој вулкан, тој испушта сина лава. Затоа се нарекува и Син вулкан. Имено, поради големата количина на сулфур во комбинација со висока температура (600 °C) и висок атмосферски притисок, горат сулфурни гасови што излегуваат од карпите и лавата добива неонска сина боја.rnrnНо, лавата само навидум добива сина боја. Таа всушност има иста боја како лавата на другите вулкани. Синиот ефект доаѓа од пламенот што го создава, а гасовите понекогаш кондензираат и продолжуваат да течат по падините на вулканот, создавајќи ефект на сина лава, а сината магија е видлива само ноќе.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја оваа пустина среде зеленило чиј песок е во седум бои. -

Највисоката камена кула на светот: Место на кое никој не смее да се искачи
Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, кое е границата на Тихиот Океан помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад и Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток. Со своите 562 метри кои се издигнуваат од синилото, Баловата пирамида изгледа како да ги допира облаците.rnrn
rnrnРечиси е двојно поголема од Ајфеловата кула и се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е всушност изгаснат вулкан чиј единствен врв останал над водата, а последен пат бил активен пред седум милиони години.rnrnОттогаш, околу него играат птици, риби, како и други морски суштества, а тоа го привлече вниманието на морнарите, пилотите, како и алпинистите кои сонуваат да се искачат на врвот. Првиот човек за кој се знае дека ја видел оваа огромна кула бил Хенри Бал, кој ја именувал по своето име. Во 1788 година, тој поминал со бродот „Supply“ пренесувајќи доселеници во Норфолк.rnrnОколу 20 километри од пирамидата се наоѓа островот Лорд Хоу, од кој чамците честопати се упатуваат кон Баловата пирамида за да ѝ се восхитуваат на нејзината нереална големина. Само неколку алпинисти успеале да се справат со силните бранови и да се искачат на врвот на пирамидата. Но, тоа е само почеток на искушението. Причината за тоа се кревките карпи што се уриваат во морето и претставуваат голема опасност за алпинистите, па затоа е забрането искачување по пирамидата.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие камења како јајца од диносаурус од кои произлегуваат легенди и убави фотографии. -

Овој вулкан е една од најпопуларните планински дестинации во Индонезија
Дали ги имате видено оние високи водопади во егзотични џунгли што често ги споделуваат на Инстаграм? Најдовме една таква дестинација за секој што би сакал да ја доживее оваа убавина на природата и не е сигурен каде точно може да ја најде. Едно такво идилично и фотогенично место се индонезиските водопади познати како Тумпак Севу или Кобан Севу. Сместени се на познатиот остров Јава, каде што се наоѓа главниот град Џакарта.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnСпектакуларните водопади се снабдуваат со вода од реката Глидик, а колку вода добиваат и колку се богати, сведочи грубиот превод на нивното име: Илјада Водопади. Тие се високи околу 120 метри, па затоа се меѓу највисоките водопади во Индонезија. Можете да им се восхитувате од високо, односно од врвот на карпите, но исто така може да се спуштите и до езерата што ги формираат.rnrnОна што е попопуларно од водопадите е активниот вулкан Семеру, кој е на само 14 километри оддалеченост. Во последните 200 години имало 55 ерупции, а во некои периоди се случуваат мали ерупции на секои 20 минути. Без оглед на тоа што е вулкан, тој е исто така една од најпопуларните планинарски дестинации во Индонезија. Сместен е во националниот парк Бромо Тенгер Семеру каде има уште неколку вулкани, четири езера и дури 50 реки.rnrnНе е изненадување што ова место е доста популарно меѓу туристите и покрај вулканот. Затоа, бидете подготвени за можноста од гужви (особено за време на викендите), но исто така и напорот што ќе треба да го вложите за физички да се приближите до локацијата. Сепак, штом застанете пред водопадите и ја видите оваа неверојатна природа во живо, тоа чувство ќе се исплати.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnVer esta publicación en Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrn
rnrnПрочитајте за овој австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина. -

Живот на вулкан: Погледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот
Ел Вале де Антон е најголемиот населен кратер во светот и се наоѓа во зелената долина на кратерот. Вулканот кој мируваше илјадници години е омилено излетничко место на Панамците, како и на туристите. Од главниот град на Панама Сити до Ел Вале де Антон, потребни се околу два часа возење.rnrn
rnrnДве или три ноќи се идеални за истражување на овој заспан планински град кој се наоѓа на дното на кратерот затоа што кога уживате во прекрасната природа и одите по патеките, лесно е да се изгуби претстава за времето. Најпопуларната рута води до врвот Ла Индија Дормид, природна формација на работ на кратерот на вулканот што личи на Индиец што спие.rnrnПатем има мали водопади, каде што можете да се освежите на патот кон врвот, кој нуди одличен поглед на долината и градот. Вниманието го привлекуваат и петроглифи, пиктограми и логограми врежани во камени карпи, кои датираат уште од времето пред Колумбија. По еден ден пешачење, посетителите на Ел Вале де Антона најчесто се релаксираат во термалните води, посетуваат фарма за пеперутки, градска микропиварница и одат да ја видат златната жаба во зоолошката градина во Нисперо, што не може да се види на друго место во светот. Покрај патеките за пешачење и велосипедизмот, прекрасниот пејзаж може да се истражува и на коњ.rnrnНајдобриот начин да се запознаете со традиционалните панамски производи, како и со гастрономијата е, секако, пазарот. Сместен е во срцето на градот и изобилува со бои на разни овошја и зеленчуци, како и со ракотворби. Во секој случај, панамскиот град има многу работи за незаборавно искуство.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте за овој тивок залив на нереално убави плажи и села кои лебдат на вода. -

Најубавите делови на Земјата каде што сè уште не допрела човечката рака
Природата е најголемиот и највештиот уметник на светот, а природната убавина која ги карактеризира и одликува овие места е неверојатна и веднаш ќе посакате да ја погледнете и во живо. Ако понекогаш сте посакале да побегнете од градот и од бучната атмосфера која секогаш го опкружува, тогаш размислете за следниве предлози и дозволете ѝ на магијата да ги обземе вашите сетила.rn
1. Фарските острови
rn
rnrnСместени помеѓу норвешкото море и северниот Атлантик, Фарските острови се наоѓаат под данска управа, а станува збор за 18 острови кои фасцинираат со својата неверојатна природа. Со текот на времето жителите развиле и свој јазик и култура, а градовите се чисти, шармантни и исполнети со куќи во различни бои кои дополнително ги разубавуваат островите.rn2. Лисефјорден, Норвешка
rn
rnrnФјорд е најпознат по Преикестолен – стрмна, рамна карпа со неверојатен поглед. Ова место привлекува илјадници посетители кои постојано доаѓаат во сите годишни времиња и прават импресивни фотографии. Но, доколку се одлучите да го посетите ова место, тогаш треба да внимавате бидејќи не постојат никакви огради кои ги штитат туристите, па секој погрешен чекор може да биде опасен по живот.rn3. Азори, Португалија
rn
rnrnОвој архипелаг е еден од автономните португалски региони, бидејќи е оддалечен од копното дури 1.360 километри. Вулканските корени на островите формираат необични пејзажи, а овој збир од 9 острови е мамка за туристите поради неговите бројни недопрени и неистражени природни места, како и бројните атракции.rn4. Базаруто, Мозамбик
rn
rnrnДенес е тешко да се поверува дека постои место како ова – целосно недопрено и обликувано од ветрот и морето. Базаруто со своите крајбрежја на кои доминира чистото кристално море и песочните плажи е добар избор за секој вљубеник на природата. Морето постојано го обликува ова место, одново и одново.rn5. Алеутските острови
rn
rnrnОвие острови се навистина необични и претставуваат едно посебно место на Земјината топка. Сместени помеѓу Алјаска и Камчатка, овие 14 големи и 55 мали вулкански острови зафаќаат површина од 17.666 км2. На нив има вкупно 57 вулкани и моментално се дом на околу 8.000 луѓе. Овде треба да дојдат сите историчари и авантуристи, бидејќи во музеите може да се видат предмети стари и до 9.000 години. Секако, на располагање се и бројните активности како планинарењето, возењето со кајак, сурфањето…rn6. Хаваи
rn
rnrnШто да се каже за Хаваи што веќе не е кажано? Овие острови со вулканско потекло нудат чудесни плажи, природни базени, разни пешачки патеки и се место со идеална тропска клима која трае во текот на целата година. Секоја година привлекуваат голем број туристи кои уживаат во активниот одмор и го обожаваат сурфањето, планинарењето, јавањето или нуркањето.rn7. Хималаи
rn
rnrnНајголемиот планински венец со највисокиот врв на светот се простира низ неколку земји. Туристите обично ги посетуваат Тибет, Кина, Индија и Непал, па оттаму се упатуваат на разни планинарски тури. Патувањето ветува прекрасни погледи, како и малечки и симпатични населби покрај патот. Ова е веројатно и најдуховното место на Земјата, па ако некогаш ви се медитира во стил, тоа е совршеното место за вас! -

10-те најчудни градови во светот
Ако мислевте дека вашиот град и вашите соседи се чудни, верувајте откако ќе ја разгледате оваа листа сигурно ќе го промените вашето мислење и ќе сфатите дека всушност живеете на едно мирно и здодевно место. Во продолжение погледнете ги 10-те најчудни градови кои се познати по нивните имиња, незамисливата архитектура, како и населбите во кои живеат само џуџиња.rn
1. Супилин (Естонија)
rn
rnrnДоколку ја сакате едноставноста, самотијата и природата, тогаш овој мал естонски град е вистинското место за вас. Куќите во целиот град се дрвени и необични, а имињата на улиците се именувани по зеленчукот кој се одгледува во тој крај.rn2. Мисола (С.А.Д.)
rn
rnrnОвој град се нарекува „американска престолнина на силувањата“, но името е целосно погрешно. Во последните три години овде се пријавени околу 80 случаи на силување, што е всушност просечниот број на вакви случаи во цела Америка.rn3. Ексидент (С.А.Д.)
rn
rnrnСместен во Мериленд, овој град, по пописот на жители од пред неколку години, брои само 325 луѓе.rn4. Елиста (Русија)
rn

rnОвој град е познат и под името „шаховски град“. Очигледно, архитектите и дизајнерите биле заљубени во оваа игра, бидејќи во градот на секој чекор можете да наидете на шаховски табли и други работи поврзани со неа.rn
5. Темс (Кина)
rn
rnrnИако е сместен во срцето на Кина, Темс наликува на британски град. Англиската архитектура, англиската кујна, па дури и црвените телефонски говорници ги преплавуваат улиците на градот, па ако сакате да ја посетите Англија, можете слободно да одите во Кина.rn6. Факинг (Австрија)
rn
rnrnОвој град го носи своето име со години, но станал познат кога во Втората светска војна навлегле американските и британските војници. Жителите еднаш пробале да го сменат името, не сепак тоа останало со цел да се намали бројот на американските и британските туристи.rn7. Монови (С.А.Д.)
rn
rnrnОвој град се наоѓа во Небраска, а веројатно е и единствениот град во светот каде што живее само една личност. Тоа е една постара госпоѓа која поседува бар и книжара, а ги отвора само кога ќе дојдат гости.rn8. Населбата на џуџињата (Кина)
rn
rnrnПо самото име многу лесно можете да заклучите за што станува збор. Ова е мало, слатко местенце во кое живеат само џуџиња. Но, градот сѐ повеќе и повеќе станува туристичка атракција и брои многу посети од туристи ширум светот.rn9. Кубер Педи (Австралија)
rn
rnrnВо Австралија постои град кој се наоѓа под земјата и кој е направен во областа на напуштени рудници. Овој град е познат и како опуштено и занимливо место, особено за време на големите летни жештини.rn10. Островот Мијаке (Јапонија)
rn
rnrnЛуѓето кои живеат на островот се платени од страна на јапонската влада. Градот се наоѓа на активен вулкан и жителите секојдневно се изложени на многу висока концентрација сулфур. Поради тоа, многу од нив мора да носат гас маски и по 24 часа дневно. -

Би го посетиле ли проколнатиот остров Сумбава во Индонезија?
Индонезискиот остров Сумбава денес е познат како рај за сурфери, но пред 200 години тој бил место каде што се случила една од најзастрашувачките природни катастрофи во историјата. Вулканската ерупција која тогаш настанала оставила зад себе многу жртви и ја изменила климата ширум целиот свет.rnrn
rnrnДоколку ги прашате околните жители, тие ќе ви кажат дека овој остров е проколнат. Некои од нив дури и ќе тврдат дека духот на покојниот крал е сè уште таму, мамејќи ги неговите жители во џунглата со цел никогаш повеќе да не видат дневна светлина. Според приказните, кралот не може да најде мир откако пред 200 години вулканот Тамбора еруптирал и го уништил неговото кралство исполнето со злато и други богатства.rnrn
rnrnИ покрај тоа што присуството на духот е дискутабилно, сепак катастрофалната ерупција е документирана во историјата. По неколкудневни помали земјотреси, Тамбора на 10 април 1815 година еруптирал со полна сила и на тој начин предизвикал една од најсмртоносните ерупции на вулкани досега. Горниот дел од 1.300-метарскиот вулкан експлодирал во целост и десетина илјади луѓе скоро инстантно го изгубиле својот живот под магмата и карпите. Многу од островските села останале закопани под пепел, додека цунамито кое настанало како последица од ерупцијата го разорило брегот. Според претпоставките, тој ден умреле околу 100 илјади луѓе.rnrn
rnrnЧестичките пепел и 400-те милиони тони сулфурни гасови завршиле во атмосферата, ширејќи се ширум светот, а со тоа и менувајќи ја климата. Следната година, 1816, е позната како „годината без лето“ бидејќи темни облаци го скриле Сонцето. Во Европа настанала глад бидејќи жетвата изумрела. Брзо потоа фармерите почнале со масовно преселување кон запад, незнаејќи што го предизвикувало ова влошување на времето. Ниту во Америка, ниту во Азија не разбирале зошто имало толку нагли промени на времето. Тогаш сè уште не постоеле телеграфи, а вестите патувале со месеци.rnrn
rnrn„Експлозијата се чула 1.500 километри западно од Суматра“, запишал еден британски геолог во 1850 година. Тие кои ја чуле експлозијата во далечините се подготвиле за одбрана, мислејќи дека станува збор за напад со артилерија. „Можеби Тамбора ќе се памети како Помпеј на истокот“, запишал Сигурдсон, еден од геолозите кои во 2004 година го истражувале ова место. Тој со неговите колеги меѓу другото пронашле и јагленосано тело од жена со нож во своите раце и бронзени садови и лонци. Слични нешта можат да бидат забележани и во Помпеј, по ерупцијата на Везув.rnrn
rnrnИ покрај легендите за богатиот крал, денес постојат многу малку докази за неговото постоење. Поголемиот дел од 1,5-те милиони жители на островот живеат од земјоделство и рибарство. Но, сепак туристите редовно го заобиколуваат островот поради лошите гласини. Индонезијците се обидуваат да привлечат повеќе гости така што го опишуваат островот како рај за авантуристи, сурфери, љубители на прекрасни плажи како и место за оние кои сакаат да искусат автентична култура. Па, дали вие би го посетиле Сумбава доколку би имале можност? -

Јапонски остров каде што луѓето живеат под гас маски
Јапонските островите Изу имаат прекрасна природа, но не се многу „гостопримливи“ кон луѓето. Ова се вулкански острови од кои некои исчезнуваат по повремените ерупции на сè уште активниот вулкан. Ситуација е најлоша на островот Мијакеџима, каде што вулканот Ојама испушта толку многу сулфур што луѓето мораат дење-ноќе да носат гас маски. Дури и кога воздухот е поднослив за дишење, тие пак се законски обврзани да имаат гас маска на дофат на рака. Знаејќи го ова, звучи неверојатно фактот дека таму има околу 3.000 луѓе кои упорно тоа место го нарекуваат свој дом.rnrn
rnrnИнтересно е тоа што одвреме-навреме кога има силни ерупции местото целосно се евакуира, за потоа жителите повторно да се вратат кај своите гас маски под облаците од сулфур. Тие во секој момент очекуваат вклучување на сирените за евакуација. Ако за нив тоа е нормално затоа што дома си дома, неверојатно е како местото привлекува туристи кои се надеваат дека таму ќе ја видат апокалипсата.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.