КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 25 едноставни начини да кажете „Те сакам“

    25 едноставни начини да кажете „Те сакам“

    Во зависност од вашиот стил на комуникација или каде сте во врската, можеби не сте целосно подготвени да кажете „Те сакам“. Или пак можеби сте подготвени, но сакате да го подобрите начинот на кој ја покажувате љубовта кон партнерот. Како и да е, постојат разни начини на кои можете да изјавите љубов без да ги кажете овие зборови.rnrn25 едноставни начини да кажете „Те сакам“rn

    Зборови за афирмација

    rnАко сакате да користите зборови, овие начини се за вас. Комплиментите се еден од најефективните начини да кажете како се чувствувате.rnrn1. Испратете му порака за да му кажете дека мислите на него и дека ви недостасува.rnrn2. Напишете слатка романтична охрабрувачки порака и сокријте ја во џебот на партнерот. На овој начин ќе ја најде случајно.rnrn3. Давајте му комплименти на партнерот. Кажете му колку ве привлекува, колку сте горди на него и дека тој е најдобрата личност што ја знаете.rnrn4. Изненадете го со картичка без повод.rnrn5. Заблагодарете му се и кажете му колку го цените.rn

    Квалитетно поминато време

    rnАко вашиот партнер го сака вашето внимание, тогаш вашиот љубовен јазик е квалитетно поминато време. Најверојатно партнерот не е заинтересиран за зборови и сака да му ја покажете љубовта со дела.rnrn6. Направете резервација за вечера само за вас двајцата на некое посебно место.rnrn7. Секоја вечер одвојувајте време само за вас двајцата за разговор.rnrn8. Заедно испијте го утринското кафе. Без телефони, без брзање, фокусирајте се само на вас двајцата.rnrn9. Изненадете го со еднодневно патување само за вас.rnrn10. Дури и да се само 10 минути наутро или навечер, не заборавајте ги прегратките.rn

    Подароци

    rnАко сакате да добивате подароци не значи дека сте разгалени. Вие едноставно сакате нешто опипливо што ќе ве потсетува на вашата љубов.rnrn11. Изненадете го партнерот со влезници за концерт кој знаете дека го сака.rnrn12. Обрнете внимание на нештата што ги спомнува и направете тајна листа. Кога ќе дојде роденден или некој празник, ќе имате совршени идеи за подарок кои партнерот ќе ги сака. Исто така со ова ќе му покажете дека навистина обрнувате внимание на него.rnrn13. Секогаш купувајте му по некој сувенир кога патувате без него.rnrn14. Изненадувајте го со мали подароци, нешто што ќе го потсети на вас кога ќе го види.rnrn15. Обрнете внимание на нештата што му недостигаат на партнерот, но би му го направиле животот полесен. Потоа изненадете го со подарок.rn

    Услуги

    rnМожеби звучи како клише, но за некои луѓе делата навистина кажуваат повеќе од зборовите. Покажете ја вашата љубов со грижа и помош.rnrn16. Понудете да завршите неколку обврски за него.rnrn17. Изненадете го со домашно подготвена вечера.rnrn18. Направете му појадок.rnrn19. Кога се чувствува лошо, понудете да помогнете со дневните задачи.rnrn20. Изненадете го со тоа што ќе го исчистите неговиот автомобил.rn

    Физички допир

    rnАко вашиот љубовен јазик е физичкиот допир, тогаш прегратките и бакнежите се совршени за вас.rnrn21. Измасирајте го партнерот по напорниот работен ден.rnrn22. Секогаш пречекувајте го со прегратка и бакнеж. Истото важи и кога оди негде.rnrn23. Прегрнете го.rnrn24. Масирајте му го вратот додека вози.rnrn25. Вие бидете иницијатор да се држите за рака додека пешачите заедно.rnrnПогледнете кои се 13-те знаци за вистинска љубов.

  • 4 суптилни знаци дека вашиот партнер сака да се венчате во иднина

    4 суптилни знаци дека вашиот партнер сака да се венчате во иднина

    Постојат луѓе кои сакаат да бидат во сериозни врски, но не го гледаат бракот како опција за нив. Овде станува збор за партнери кои би сакале да стапат во брак во текот на нивниот живот. Овие знаци можете да ги забележите пред или по разговор за брак. Како и да е, ако и самите планирате слична иднина, овие знаци сигурно ќе измамат насмевка на вашето лице.rnrn4 суптилни знаци дека вашиот партнер сака да се венчате во иднинаrn

    1. Ја користи заменката „ние“ кога зборува за идни планови

    rnАко вашиот партнер разговара за вас како една целина, дефинитивно размислува како да ве вметне во неговата иднина. Кога размислува за неговиот живот 5 или 10 години од сега, ве замислува и вам со него. Во зависност од распоредот на неговиот живот, неговата иднина може да вклучува и брак со вас.rn

    2. Ве прашува каде сакате да живеете во иднина

    rnАко партнерот ви зборува за идни планови, како на пример што би сакал да работи во иднина или каде сака да живее, а истовремено ве прашува за мислење, тоа е добар знак за долготрајноста на вашата врска. Ова значи дека партнерот ве вклучува и вас додека го планира неговиот следен чекор, па бракот дефинитивно е можност. Да бидете во врска значи заедно да ги правите животните чекори. Ако партнерот ве гледа како тим, тоа сигурно укажува на брак во иднина.rn

    3. Спомнува имиња за деца

    rnОва може да биде кажано на шега или сериозно. Но, дури и ако станува збор за игра, ова покажува каква иднина има на ум. Размислувањето за имињата на идните деца е нешто за коешто би разговарале со партнер со кого размислувате да имате деца.rn

    4. Ве запознава со далечни роднини

    rnКоја би била целта да ве запознава дури и со далечните роднини ако не ве смета за навистина важна личност? Ако сака луѓето во неговото семејство да знаат кои сте, причината може да биде тоа што сте важен дел од неговиот живот или пак ве гледа како иден член на неговото семејство.rnrnАко сте во почетна фаза на врската а вашиот партнер покажува некои од овие знаци, или сте во долга и сигурна врска, секогаш е добро одвреме-навреме да бидете потсетени на тоа како ве гледа партнерот.rnrnПогледнете и што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.

  • 7 нешта што секогаш им се привлечни на жените

    7 нешта што секогаш им се привлечни на жените

    Мажите пораснале со верувањето дека секогаш треба да изгледаат незаинтересирано, без емоции и да не ризикуваат да се претстават како „слабаци“. Многу мажи неуморно работат со години за да создадат богатство, за на крај да сфатат дека им е навистина тешко да пронајдат жена која ќе ги цени како личност. Па ако богатството, луксузот и незаинтересираноста не ги привлекуваат жените, што е она што им е привлечно?rnrn7 нешта што секогаш им се привлечни на женитеrn

    1. Цели

    rnЖените ги привлекуваат мажи кои имаат цели што активно ги следат. Но желбата за остварување на целите не е доволна сама по себе. Потребно е да бидете поттикнати од нешто што навистина го сакате. Жените многу повеќе би сакале маж кој со страст работи како уметник, наместо маж кој влегол во светот на правото само за да ги задоволи своите родители. Без разлика колку чудно звучи ова, страста и желбата за нешто се секогаш попривлечни од богатството.rn

    2. Присуство

    rnСекоја личност сака да се чувствува разбрано од некој во нејзиниот живот. Но, малку луѓе одвојуваат време да ги искажат и да ги објаснат своите чувства. Кога станува збор за поврзување со жена на подлабоко ниво, вашето присуство е многу поважно од подароците што ѝ ги купувате. Кога сте целосно присутни во животот на партнерката ѝ давате чувство дека е слушната и разбрана. Колку внимание ѝ обрнувате на партнерката кога разговарате со неа? Ако одговорот не е целото ваше внимание, не сте целосно присутни со неа. Исклучете го телевизорот, оставете го телефонот, гледајте ја во очи и навистина слушајте што ви кажува.rn

    3. Смисла за хумор

    rnЗа многу жени најважната нефизичка особина кај партнерот е смислата за хумор. Животот е доволно сериозен онаков каков што е, па не е ни чудно што жените бараат партнер со смисла за хумор.rn

    4. Спонтаност

    rnПредвидливоста може навистина да ја убие привлечноста. Ако партнерката може да го предвиди секој ваш збор, постапка или потег во креветот, време е да внесете малку спонтаност во вашиот живот. Без разлика дали ќе ја однесете на ново место или ќе ја изненадите со омилениот пијалак, спонтаноста ќе ја врати страста во вашата врска.rn

    5. Некој со намера во животот

    rnОва значи да поставувате прашања за сè во врска со вашиот живот и да го градите животот што сакате да го живеете. Лесно е да бидете сиромашни, да не бидете во форма и да имате врски без иднина. Она што е тешко е да бидете богати, да бидете во одлична форма и да имате врски на кои другите им завидуваат. Но не значи дека овие нешта се невозможни. Не треба да целите само кон нештата што сакате да ги додадете во вашиот живот. Потребно е да ги погледнете и најтемните места во вас и да се запрашате дали сакате да го чувате целиот товар што сте го насобирале. Размислете што е она што ве спречува и отстранете го од вашиот живот.rn

    6. Лидерски способности

    rnНе е тајна дека жените ги привлекуваат мажи со способност за лидерство. Речиси секој е привлекуван од луѓе кои имаат поголема социјална вредност од другите. Но има голема разлика помеѓу оние кои се гладни за моќ и оние кои навистина сакаат да инспирираат. Немојте да бидете горди на вашиот авторитет во канцеларијата. Доминацијата не е привлечна. Наместо тоа водете со социјална интелигенција, добрина и прикажете ги вредностите кои другите би сакале да ги имаат.rn

    7. Ранливост

    rnЦелата моќ, престиж, лидерски способности и смисла за хумор нема да ви помогнат ако не ѝ дозволите на партнерката да ја види вашата емоционална страна. Врските се важни за личност раст и развој. Со цел да ги надминете ограничувањата на интимноста, пуштете ја партнерката внатре. Дозволете си да бидете ранливи пред неа, а ако е потребно побарајте помош и дозволете ѝ да ви помогне.rnrnПогледнете и кои се работите за кои зрелите жени воопшто не се грижат.

  • 4 знаци дека се сакате себеси и дека сте подготвени за врска

    4 знаци дека се сакате себеси и дека сте подготвени за врска

    Сигурно имате слушнато дека ќе најдете љубов само кога ќе се сакате себеси. Иако можеби е нереално да очекувате да го сакате секој аспект од себе, реално е да го очекувате она што го заслужувате во врската. Ако се сакате и сте подготвени за врска, тоа значи дека сте подготвени да ја цените личноста којашто сте. Еве како изгледа љубовта кон себе.rnrn4 знаци дека се сакате себеси и дека сте подготвени за врскаrn

    1. Искрени сте за она што го сакате

    rnАко точно знаете што сакате во врската, и од вас и од партнерот, блиску сте до наоѓање врска. Еден начин да го разберете овој аспект од љубовта кон себе е да ги цените вашите вистински желби. Во ред е да сакате сериозна врска, а кога ќе го знаете тоа ќе почнете и да ја барате. Ако се преправате дека не сакате ништо сериозно, другите ќе го прифатат тоа и само ќе бидете повредени.rn

    2. Преземате одговорност за вашите недостатоци

    rnОва не значи дека ќе се ослободите од сите лоши навики. Но, многу е подобро да започнете врска ако знаете дека сте тврдоглави. На овој начин ќе најдете компромис со партнерот, особено за време на расправии.rn

    3. Одвојувате време за себе

    rnНајчест проблем кај луѓето во врска е тоа што ја губат својата независност. Да знаете кои активности ги сакате и што не сакате да правите е важен дел од вашата личност, дури и кога сте во врска. Ако веќе барате време за себе настрана од пријателите, работата или училиштето, тоа е добар знак дека сте подготвени за врска. Ова значи дека знаете да се направите приоритет додека истовремено вложувате љубов, време и поддршка во другите делови од вашиот живот.rn

    4. Го прифаќате вашето минато

    rnПовеќето луѓе имаат некаков емоционален товар. Но нема потреба да се срамите од ова. Да знаете дека сте поминале низ некое искуство коешто ве оформило е нешто што не можете да го промените. Прифатете го и имајте на ум дека вашата историја ве направила зрели. Кога ќе го направите тоа, ќе бидете подготвени да се движите напред.rnrnЗнаете ли дека некои видови среќа не можете да ги пронајдете во љубовната врска?

  • 8 нешта што другите не разбираат дека ги правите бидејќи конечно сте во стабилна врска

    8 нешта што другите не разбираат дека ги правите бидејќи конечно сте во стабилна врска

    Факт е дека луѓето навистина се менуваат кога ќе се вљубат. Дали оваа промена ќе биде добра или лоша зависи од врската. Ако конечно сте го нашле вистинскиот и вашата врска е стабилна, ќе направите неколку позитивни промени во вашето однесување. Погледнете за кои станува збор.rnrn8 нешта што другите не разбираат дека ги правите бидејќи сте во стабилна врскаrn

    1. Излегувате почесто

    rnКога вие и вашиот партнер целосно си верувате, ништо не ве спречува да излегувате со пријателите. Ако ништо друго, се охрабрувате да го правите тоа. Не постои страв ако едниот излезе на пијачка со пријателите, бидејќи знаете дека на крајот на денот повторно ќе бидете заедно.rn

    2. Го оставате минатото во минатото

    rnКога сте со некој кој ве поддржува и ве прави подобра личност, немате потреба да гледате кон минатото. Сите луди врски и љубовни проблеми што сте ги имате повеќе не се важни. Не ви е грижа што прават поранешните партнери. Искрено, им посакувате сè најдобро и дури се надевате дека ќе пронајдат љубов како вашата.rn

    3. Споделувате повеќе добрина

    rnВашиот партнер ве прави среќни и сакате да го споделите тоа со секого. Почесто правите мали гестови за вашите пријатели кои знаете дека ќе измамат насмевка на нивното лице. Им ја држите вратата отворена на странци, плаќате за нечие кафе… Сакате да разубавите нечиј ден како што партнерот го разубавува секој ваш.rn

    4. Поинтимни сте со другите

    rnНездравите и несреќни врски можат да ви ја срушат самодовербата и да ве натераат да се чувствувате несакано. Но кога личноста што ја сакате ви дава самодоверба и ве тера да се сакате, конечно можете да се чувствувате удобно покрај другите. Одеднаш станувате личност која сака прегратки и која ужива во друштвото на другите бидејќи сакате да ја споделите вашата нова самодоверба со најблиските.rn

    5. Излегувате од вашата удобна зона

    rnМожеби никогаш не сте помислиле дека ќе одите на планирање, но конечно го направивте и тоа. Можеби ви било страв да аплицирате на работното место од соништата, но поддршката и охрабрувањето од партнерот ве натерале да го направите тоа.rn

    6. Сакате рамнотежа во секој аспект од животот

    rnСакате да бидете сигурни дека вашето ментално здравје е во ред само затоа што сакате да бидете силни за партнерот. Одвојувате време за себе, за вашето семејство, за пријателите, за работата бидејќи вие сте најдобрата верзија од себе кога добро ќе си го организирате животот.rn

    7. Почесто се смеете

    rnВие и вашиот партнер имате безброј приватни шеги. Можете со часови да се смеете за безначајни работи, а на другите да не им биде јасно зошто. Наскоро речиси сè ви станува смешно. Велат дека смеата е најдобриот лек, а смеењето со партнерот предизвикува уште повеќе смеа и со другите луѓе околу вас.rn

    8. Сте пронашле мир

    rnЕдноставно кажано, вие сте среќни. Толку сте мирни што сè ви оди по план и сакате работите да останат така. Правите сè што е во ваша моќ за да избегнете непријатни ситуации и хаос.rnrnПогледнете и кои се знаците кои покажуваат дека вашата врска е навистина стабилна.

  • Зошто и кога е во ред да се оддалечите од членовите на вашето семејство?

    Зошто и кога е во ред да се оддалечите од членовите на вашето семејство?

    Семејните врски можат да бидат навистина комплицирани. Повеќето луѓе чувствуваат многу вина ако сериозно размислуваат да се оддалечат од близок член на семејството. Дури и кога станува збор за нивното здравје. Но, без разлика колку тежок може да биде овој избор, постојат многу причини поради кои оваа тешка одлука може да биде добра и за вас и за членот од семејството.rnrnЗошто и кога е во ред да се оддалечите од членовите на вашето семејство?rnrnНавистина не можете да го одберете семејството во коешто ќе се родите. Но, дефинитивно можете да одберете да се оддалечите од некои членови ако се токсични и ако ви предизвикуваат само болка. Без сомнение ова е навистина тешка одлука, но ако тоа е единствениот начин да се поштедите од страдање, можеби тоа е вистинското решение. Следниве 5 причини се доволни за да се оддалечите од токсичните членови на семејството.rn

    1. Тука се за вас само кога им треба нешто

    rnКога имате здрава врска со членовите од вашето семејство, ќе сфатите уште многу рано дека тие се тука за вас и во добро и во зло. Всушност, воопшто нема да се двоумат ако ви е потребна помош или поддршка. Но, ако вашето семејство е тука за вас само кога им треба нешто за возврат, тогаш е време да размислите дали навистина сакате да бидат дел од вашиот живот. Она што ви го нудат е условна љубов, ако воопшто може да се нарече љубов. Сериозно размислете дали е ова врската со семејството што сакате да ја имате.rn

    2. Ви судат

    rnСветот е полн со луѓе кои судат, па сосем нормално е да се соочите со нешто вакво во текот на вашиот живот. Но, тоа судење не треба да потекнува од членовите на вашето семејство. Ако станува збор за конструктивна критика, тогаш е во ред бидејќи тие сакаат да станете најдобрата личност што можете да бидете. Но ако вашето семејство ви суди до тој степен што ви ја повредува самодовербата и чувствата, најдобро е да си заминете. Луѓето во вашиот живот треба да ве издигнуваат, не да прават да се чувствувате полошо.rn

    3. Ве озборуваат

    rnАко семејството ве третира вам и вашиот живот како да сте некоја серија за раскажување, тогаш најдобро е повеќе да не им кажувате ништо. Уште подобро е ако целосно се оддалечите од нив. Кога со семејството ги споделувате вашите проблеми и ви е потребна утеха, најмалку што можат да направат е да ја почитуваат вашата ранливост и вашата приватност. Ако секое споделување завршува со озборување, не треба да го толерирате тоа.rn

    4. Манипулативни се

    rnАко забележите дека еден ден семејството ве навредува, а наредниот се однесува добро кон вас, време е да преземете нешто. Здравата врска со семејството треба да биде токму тоа – здрава. Вашето семејство не може еднаш да биде злобно кон вас, а наредниот ден да го прави сосем спротивното. Во овој случај најчесто станува збор за манипулација. Кога ќе забележат дека се оддалечувате од нив, тие ќе се обидат да ве вратат назад и го менуваат нивното однесување. Целта на ова е да не изгубат контрола врз вас.rn

    5. Ве „полудуваат“

    rnПостои уште една техника за манипулирање која ја користат членовите од семејството. Со оваа техника тие прават да се чувствувате немоќно, да не ѝ верувате на вашата перцепција, меморија, па дури и да помислите дека полудувате. Ако забележите дека семејството направило нешто погрешно, но кога ќе ги соочите со тоа одбиваат да признаат, можно е да ве манипулираат. Кога ова станува постојан циклус и ве прави да се чувствувате немоќно, време е да се оддалечите од нив.rnrnНавистина е полесно само да помислите отколку навистина да го напуштите семејството. Но ако некој од членовите е токсичен кон вас, најдоброто нешто што можете да го направите за себе е да си заминете.rnrnПогледнете и кои се знаците дека сте пораснале во нефункционално семејство.

  • Како да ја средите вашата врска и уште повеќе да се вљубите во партнерот?

    Како да ја средите вашата врска и уште повеќе да се вљубите во партнерот?

    Вљубувањето во новото момче или девојка може да биде навистина возбудливо и забавно. Во почетната фаза на врската се чувствувате надежно и сте полни со енергија. Мислите дека светот е полн со можности. Сакате да го зачувате тоа чувство и да трае целиот живот. Но, знаете дека не можете.rnrnКако да ја средите вашата врска и уште повеќе да се вљубите во партнерот?rnrnКога сте веќе неколку месеци заедно, дел од страста и возбудата исчезнуваат. Во тие моменти нормално е да помислите како можете да ја средите врската и повторно да се чувствувате како на почетокот. Овие совети ќе ви помогнат во тоа и ќе ви покажат како уште повеќе да се вљубите во вашиот партнер.rn

    Смирете го умот

    rnНајдобро место за почеток е смирување на вашиот ум. Можете да пробате со медитација. Покрај тоа постојат многу видеа, апликации и луѓе кои можат да ви помогнат во ова. Многу често пешачењето, слушањето музика, градинарството и творењето ќе го смират вашиот ум. Пробувајте нови нешта сè додека не го пронајдете она што ви одговара најмногу. Кога ќе ја најдете совршената активност, одвојувајте време за неа секој ден. Смирувањето на умот ќе ви помогне да се вратите во сегашноста и да обрнете внимание на вашите и на потребите на партнерот.rn

    Водете дневник

    rnКога имате премногу мисли, запишете ги. Ова ќе ви помогне да ги сфатите и да извлечете некоја поука од нив. Цртањето, сликањето и другите креативни активности можат да ви помогнат да ги изразите вашите чувства за врската. Креативното изразување ќе ви помогне да влезете подлабоко во себе и да научите нешто од вашите емоции. Запишете го или нацртајте го првото нешто на коешто ќе помислите. Нема погрешно или правилно. На овој начин ќе почнете да разликувате што е вистина, а што лага. Откривањето на вашиот внатрешен дијалог ќе ви помогне да сфатите како вашето однесување влијае на врската. Ќе научите кои особини се добри а од кои треба да се ослободите.rn

    Поврзете се со себе

    rnАко сте како повеќето луѓе, сигурно имате многу зафатен живот. Кога сте премногу зафатени многу е лесно да изгубите допир со вашето вистинско јас. И овде ќе ви помогнат медитација и водењето дневник. Кога имате подлабока врска со себе, полесно е да создавате подлабоки врски и со другите. Кога ќе се поврзете со себе ќе сфатите што се случува со вашите емоции, тело и ум. Ова можете да го нарече и интуиција. Ќе знаете дека нешто не е во ред кога телото ќе ви биде напнато. Ќе бидете внимателни ако чувствувате психичка болка. Ќе обрнете повеќе внимание на нештата кога интуицијата ќе ве предупредува. Со отворен ум ќе знаете што ви е важно. Ќе знаете каде сте во врската и што сакате да правите понатаму.rn

    Препознајте ги вашите потреби

    rnИ вие имате потреби! Прашањето е дали тие се задоволени во вашата врска. Но, пред да му кажете на партнерот што навистина ви треба, потребно е да го откриете тоа. Дури и ако претходно сте го направиле ова, имајте на ум дека потребите се менуваат. Дали имате доволно време за пријателите? Дали ги следите вашите интереси? Дали се чувствувате ценето? Ако не, што може да направи партнерот во врска со тоа? Што недостасува во вашиот живот? Како ве охрабрува партнерот? Дали сте исполнети во врската? Потребно е барем еднаш неделно да споделувате со партнерот што можете да направите еден за друг.rn

    Практикувајте ефективна комуникација

    rnПотребно е вие да му кажете на партнерот што ви е потребно. Не можете да очекувате да ви ги прочита мислите. Бидејќи комуникацијата е улица со две насоки, потребно е да слушнете и кои се потребите на партнерот. Не комуницирате само вербално, комуницирате со целото ваше тело. Комуницирате со вашите емоции. Луѓето околу вас ја чувствуваат вашата енергија. Нема потреба да го криете она што ви се случува. Одвојте време за овие важни разговори. Дајте си простор за споделување. Ако слушате внимателно што ви кажува телото и вашиот партнер, ќе најдете заеднички јазик. Како што разговарате и се слушате, обрнете внимание на вашите емоции, тело и ум. На овој начин ќе ги откриете корените на проблемите. Што треба да се промени? Што ви е потребно од партнерот? За што сте одговорни вие?rn

    Вратете ја привлечноста

    rnДали се сеќавате колку ве привлекувал партнерот на почетокот на врската? Вратете се во тие денови и обидете се да се сетите какви емоции сте чувствувале. Дали сте биле свесни за тие чувства? Што направило да се чувствувате така? Колку често ги чувствувате сега?rnrnНајважно од сè, потребно е да се запрашате што ве спречува да ја имате врската што ја посакувате. Дали сте уморни? Дали поминувате премногу време на работа? Дали сте депресивни? Дали се храните добро?rnrnПотребно е да преземете одговорност за вашето физичко, емоционално и духовно здравје. Не можете да промените никого освен самите себе. Кога ќе влезете длабоко во себе ќе знаете дали се помирувате со врската, или само станува збор за привремена криза. Вашиот ум ќе се обидува да ве убеди дека сè е во ред, но вашите емоции и тело ќе ви ја кажат вистината. Ако вие и вашиот партнер имате здрава комуникација ќе сфатите што треба да направите.rnrnВрските бараат постојано внимание. И вие и вашиот партнер ќе созревате и ќе се менувате, па ќе треба да се прилагодите еден на друг. Ниту една врска не е совршена но вашето вистинско јас ќе ви помогне да сфатите дали сте на вистинскиот пат.rnrnПогледнете и кои се проблемите во врската за кои едноставно нема решение.

  • 4 знаци дека барате љубов на погрешно место и како да го промените тоа

    4 знаци дека барате љубов на погрешно место и како да го промените тоа

    Можеби сте подготвени за сериозна врска, но како да немате среќа да го пронајдете вистинскиот партнер. Причината најверојатно е тоа што ја барате љубовта на погрешни места. Дури и кога ви изгледа како да правите сè како што треба, постојат некои работи за кои сигурно немате ни помислено. Па, ако не сте сигурни дека сте на вистинскиот пат, овие знаци ќе ви го покажат тоа, но и ќе ви покажат какви промени треба да направите.rnrn4 знаци дека барате љубов на погрешно место и како да го промените тоаrn

    1. Не планирате однапред

    rnЕден од знаците дека барате на погрешно место е тоа што немате план. Секоја одлука ја донесувате во последна минута, излегувате со пријатели, но немате никаква стратегија. Ако сакате да сретнете нови луѓе, потребен ви е план за посета на места и настани каде што има повеќе луѓе. Искористете ги тие настани во ваша корист.rn

    2. Посетувате погрешни настани

    rnАко одите по барови и очекувате да сретнете некој, или очекувате да ја најдете сродната душа на некоја венчавка, најверојатно не правите нешто како што треба. Потребни ви се повеќе од неколку часа за да се поврзете со некого. Штом ќе го напуштите факултетот, луѓето што ќе ги сретнувате на овие настани нема да имаат исти цели како вас. Одењето во бар за да најдете љубов често е грешка бидејќи луѓето кои излегуваат таму во главно бараат забава.rnrnПодобро е да посетувате некои часови, да се запишете на некој спорт или слично. На овој начин ќе бидете опкружени со новите луѓе почесто. Покрај тоа, кога одбирате настани од овој тип важно е да има луѓе кои ви одговараат. Ако сте жена која сака да запознае маж, фитнес тренингот наменет за жени нема да биде добар избор.rn

    3. Веднаш очекувате резултати

    rnМногу луѓе штом веднаш не забележат некаков резултат, се откажуваат. Важно е да сфатите дека ако барате нешто одредено, потребно е време пред да забележите што било. Значи, ако го следите советот и се запишете на некој час, а не пронајдете некој веднаш, не треба да се откажувате. Можеби треба да излезете со тие луѓе и да запознаете некои од нивните пријатели. Целта ви е да го проширите социјалниот круг. Прифаќајте ги поканите за идни забави и настани.rn

    4. Не одите на нови места

    rnАко постојано одите на истите места во вашето соседство, ќе се ограничите. Потребно е да бидете поотворени. Луѓето можат да се движат и да бидат на едно место привремено. Ако останете само на една локација, се ограничувате само на она што е пред вас.rnrnАко сакате да сретнете некој навистина добар, потребно е да инвестирате време и енергија одејќи на вистинските места и настани. Ако се потрудите и пробате нешто ново, со тек на време сигурно ќе пронајдете некого.rnrnПогледнете и како да најдете љубов што ќе трае.

  • Ужасните особини на секој хороскопски знак што треба да ги прифатите ако сакате сериозна врска со нив

    Ужасните особини на секој хороскопски знак што треба да ги прифатите ако сакате сериозна врска со нив

    Сигурно веќе имате проверено дали ви се компатибилни хороскопските знаци со вашиот партнер. Често слушаме за добрите особини на знаците, но дали знаете кои се лошите? Погледнете која е најлошата особина со којашто ќе треба да се справите со секој хороскопски знак доколку сакате сериозна врска со него.rnrnУжасните особини на секој хороскопски знак што треба да ги прифатите ако сакате сериозна врска со нивrn

    Овен

    rnОвните секогаш ќе бидат малку подобри од вас. Тие не само што имаат потреба да бидат во право, туку ќе се расправаат со вас дури и кога не се. Ова значи дека секогаш ќе се поставуваат малку над вас. Ако сфатат дека ги стигнувате, ќе почнат да бараат начин да се подобрат. Овните имаат потреба да водат и често ќе сакаат да ги следите.rn

    Бик

    rnНивните стандарди можат да бидат непредвидливи, но и многу високи. Ретко кој има високи стандарди како Биковите. Тие не само што го очекуваат најдоброто, туку нивниот концепт за „најдобро“ постојано се менува. Ќе се чувствувате како никогаш да не сте доволно добри.rn

    Близнаци

    rnПонекогаш нивното его е посилно од нив. Близнаците имаат многу одлични карактеристики – лојални се, креативни и страсни. Но, често се под влијание на нивното его. Границите можат да им претставуваат проблем и можат да бидат гневни ако другите не ги исполнат нивните барања.rn

    Рак

    rnОчекувајте чести избувнувања без причина. Најлошото нешто кај Раковите е што често имаат многу ирационални емоции со кои е речиси невозможно да се справите. Ќе мора да научите да ја трпите епизодата и да не се расправате со нив. Понекогаш може да се чувствувате и како нивен родител.rn

    Лав

    rnОвој знак е алергичен на критики. Во врската потребно е да можете да кажете како се чувствувате и што не ви се допаѓа кај партнерот. Ова може да биде навистина тешко кога партнерот е Лав. Тие ќе се променат само ако гледаат некаква поента, а ваша задача е да им го покажете тоа.rn

    Девица

    rnДевиците секогаш изгледаат смирено, но тоа е бидејќи одлично ги кријат своите емоции. Поради тоа потиснување, често можат да реагираат бурно кога нема потреба за тоа. Важно е да знаете дека не треба секогаш сериозно да ги сфаќате нивните интензивни емоции и треба да почекате да поминат.rn

    Вага

    rnРечиси никогаш нема да бидете доволно добри за Вагите. Тие имаат повисоки стандарди за другите отколку за себе. Вагите имаат потреба од романса и убавина и постојано го бараат тоа. Нивниот партнер е местото каде што најчесто ќе го бараат она што им треба, па подгответе се да им го дадете.rn

    Скорпија

    rnНа Скорпиите секогаш ќе им треба повеќе од она што им го давате. Иако често ја кријат секоја слаба страна, длабоко во нив им е потребно одобрување. Секогаш ќе сакаат да правите да се чувствуваат сакано и ценето, а понекогаш тоа може да биде навистина напорно.rn

    Стрелец

    rnНе дека Стрелците не можат да ѝ се посветат на една врска, но секогаш ќе изгледаат како да се интересираат за следното големо нешто. Тие постојано сонуваат за ново патување, нов проект, ново пријателство… И Стрелците можат да направат да се чувствувате како да не сте доволно добри или како да не ве сакаат. Тие се авантуристи и мораат да бидат во движење.rn

    Јарец

    rnЈарците постојано пружат отпор кон промените. Тие се најсреќни кога се стабилни и кога знаат што ќе се случи. Се разбира, реалниот живот е многу поразличен. На Јарците во врска најтешко им е што се соочени со непознато и можат да станат пасивни или тврдоглави. Мора да научите да се справите со ова.rn

    Водолија

    rnАко сте со Водолија, не очекувајте да бидете на прво место. Ова не значи дека не им е грижа за вас, туку интересите на Водолиите често се менуваат од работа кон пријатели, па кон патување или што било. Ќе бидете дел од светот на Водолијата, но нема да бидете во центарот. Ако не можете да се помирите со тоа, Водолијата не е партнер за вас.rn

    Риби

    rnРибите се премногу чувствителни и премногу им веруваат на своите чувства. Нормално е одвреме-навреме да почувствувате сомнеж во врската, но Рибите го сфаќаат тоа премногу сериозно, па можат и да направат нешто. Потребно е да научите како размислуваат тие и да знаете дека без разлика што чувствуваат, со тек време, тоа ќе се промени.rnrnШто мислите вие, дали можат да функционираат два исти знака во врска?

  • 8-те фази низ кои ќе поминете пред да сфатите дека сте со вистинскиот

    8-те фази низ кои ќе поминете пред да сфатите дека сте со вистинскиот

    Сигурно ви е познато клишето дека ќе почувствувате кога ќе го сретнете „вистинскиот“. Изгледа дека ова сепак е вистина. Кога сте со вистинската личност, се случува нешто на подлабоко ниво. Има мир и удобност и се чувствувате како да сте на вистинско место во вистинско време.rnrn8-те фази низ кои ќе поминете пред да сфатите дека сте со вистинскиотrnrnПонекогаш ова сфаќање може да се појави ненадејно. Во еден момент сте во врска, а следниот сфаќате дека сакате целиот живот да го поминете со таа личност. Иако изгледа како ова чувство да се појавило одеднаш, реалноста е дека сте поминале неколку фази пред да стигнете до таму. Па, погледнете за кои станува збор.rn

    1. Изгледа поразлично од секоја претходна врска

    rnСте биле вљубени и претходно, сте чувствувале страст и претходно, но некако оваа врска ви изгледа поразлична. Се чувствувате поблиски еден со друг, се чувствувате побезбедно и едноставно функционирате. Постои рамнотежа во врската и двајцата имате силни чувства еден кон друг. И двајцата вложувате за врската да биде таква каква што е. Голема е веројатноста партнерот да ви станал и најдобар пријател.rn

    2. Се чувствувате како најдобрата верзија од себе кога сте со партнерот

    rnКога сте со оваа личност се чувствувате најдобро. Можете да бидете реални, искрени и да не се сомневате во себе. Среќни сте и опуштени и чувствувате мир. Не глумите и не се обидувате напорно да го задоволите партнерот. Не постои чувство дека треба да го подобрите или да го промените. И двајцата го вадите најдоброто од вас и се прифаќате со сите предности и недостатоци.rn

    3. Се имате видено во најлошо светло, а сепак се сакате

    rnБидејќи никој не е совршен, секој си има лоши денови. Но, и во тие моменти сепак се сакате. Нема потреба да се преправате од страв дека нема да му се допаднете на партнерот. Уште поважно е што се знаете доволно долго и ги знаете вашите најлоши страни, а сепак ги прифаќате.rn

    4. Вашите семејство и пријатели го сакаат партнерот

    rnПартнерот го поминал тестот на семејството и пријателите. Луѓето коишто ве сакаат знаат што е најдобро за вас. Нив им е јасно дека понекогаш љубовта може да ве заслепи. Па, ако го запознале партнерот и навистина го сакаат, можете да бидете уште посигурни дека вашата врска е онаа вистинската.rn

    5. Партнерот е овде за вас и во најтешките моменти

    rnЕден од најдобрите начини да дознаете дали некој е вистинската личност за вас е да поминете низ тежок период. Навистина нема да знаете дали сакате да го поминете животот со некоја личност сè додека не дознаете како се справува со лошите денови (или недели, месеци). Ќе бидете сигурни дека тоа е вистинската личност не само кога тој ќе биде првиот од кого ќе барате помош, туку кога тој ќе ви помага и без да го побарате дома.rn

    6. Се чувствувате како дома

    rnДа се чувствувате како дома значи дека ви е удобно и дека сте безбедни. Ако вашиот партнер прави да се чувствувате така и ако ве облева со љубов, тогаш можеби сте го пронашле вистинскиот.rn

    7. Можете да си замислите иднина со него

    rnКога си ја замислувате иднината, во неа почнува да се појавува и партнерот. Претходно сте мислеле на тоа како вашите планови и одлуки ќе влијаат на вас. Но сега почнувате да го земате предвид и партнерот. Кога си го замислувате животот неколку години од сега, замислувате сценарио каде партнерот е со вас и тоа не ве плаши. Напротив, прави да се чувствувате одлично.rn

    8. Не можете да си замислите иднина без него

    rnПоследната фаза од сфаќањето дека сте со вистинската личност е кога ќе ви стане јасно дека таа е вашата иднина. Вие сте тим, пакет, и каде и да ве однесе иднината, знаете дека ќе бидете заедно. Заедно ќе ги градите вашите животи.rnrnПогледнете и на кои начини вистинскиот партнер ќе ви ја докаже искрената љубов кон вас.