КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 5 неочекувани навики на социопатите во врските

    5 неочекувани навики на социопатите во врските

    На што помислувате кога ќе го слушнете зборот социопат? Повеќето луѓе си замислуваат неуредна личност, а некои пак ги споредуваат со психопати. Но социопатите не се толку лесни за препознавање. На почетокот можат да изгледаат нормално и шармантно, но знаат многу добро да лажат и да ги скријат нивните мрачни страни.rnrn5 неочекувани навики на социопатите во врскитеrnrnСоциопатите не чувствуваат емпатија како нормалните луѓе. Нив не им е грижа дали ќе ги повредат вашите чувства и често прават сè што е потребно за да го добијат она што тие го сакаат. Луѓето со вакви карактеристики често се опасни и токсични. Поради ова е важно да можете да ги препознаете пред премногу да се зближете со нив. За да го направите тоа, погледнете кои се нивните навики во врските.rn

    1. Тие се неверојатно шармантни… на почетокот

    rnБидејќи повеќето луѓе очекуваат социопатите да бидат нестабилни, навистина се изненадени кога ќе дознаат дека тие всушност се навистина добри и шармантни кога ќе ги запознаете. Тие ќе се однесуваат вака на почетокот на врската. Ќе ве облеваат со многу внимание. Но набрзо ќе стануваат постудени и погневни, особено ако не го добијат она што го сакаат.rn

    2. Бараат возбудат

    rnСоциопатите не сакаат да се затворат сами во соба. Всушност тие постојано бараат возбуда, особено кога се на состанок. Поради недостатокот од емпатија, социопатите настојуваат да бараат понапнати ситуации, најверојатно бидејќи не чувствуваат со ист интензитет како останатите луѓе. Ако не чувствуваме, ќе ни изгледа како животот да се цеди од нас. Емоционалниот живот на социопатите е многу посиромашен, па тие бараат нешто што ќе им надополни за тоа.rn

    3. Премногу се смирени под притисок

    rnНе само што социопатите изгледаат како навистина стабилни луѓе, бидејќи емоциите не им влијаат како на останатите, тие исто така и лесно се прилагодуваат на притисок. Овде не станува збор за малку стрес на работното место. Социопатите може воопшто да не покажат грижа за она што се случува, дури и ако станува збор за физичка повреда на личност што им е блиска. Ако сте ја изгубиле работата, сте ја скршиле ногата или починал некој ваш близок, социопатот ќе изгледа како воопшто да не го засега тоа.rn

    4. Остануваат во контакт со бившите

    rnМожеби сметате дека социопатите би немале причина да останат во контакт со нивните бивши. Но, колку повеќе ќе учите за нивниот карактер, толку појасно ќе ви станува. Едно истражување покажало дека нарцисите, психопатите и сличните луѓе, вклучувајќи ги и социопатите, активно се обидуваат да останат во контакт со поранешните партнери. Сепак, ова воопшто не значи дека сакаат да им се вратат. Истражувањето покажало дека мотивот е желба за внимание, пари, секс или информации. За социопатите животот е црно-бел и најважни им се нивните желби и потреби. Ако сакаат нешто тие ќе ги искористат сите за да го добијат. Ако бившиот партнер е патот до нивната желба, тие ќе го гледаат како алатка и ќе го искористат.rn

    5. Го користат вниманието како валута

    rnСоциопатите често го користат вниманието за манипулација во врските. Тие одлично знаат како да ви покажат внимание во еден момент, а во наредниот да станат поинаква личност и целосно да ве игнорираат. Го прават ова со цел да ви ја нарушат рамнотежата и да преземат контрола над врската. Кога ќе ја изгубите рамнотежата, нив им е полесно да покажат доминантност. Бидејќи не чувствуваат на ист начин како нормалните луѓе, социопатите често ги користат емоциите и чувствата на другите за нивна корист. Секоја врска им е само можност да си ги исполнат желбите.rnrnНавистина е лесно да паднете под влијание на социопат. Но штом ќе го покаже неговото вистинско лице и ќе почнете да препознавате некои од овие карактеристики, најдобро е да се оддалечите од таа личност.rnrnДознајте која е вистинската разлика помеѓу социопат и психопат.

  • Ако овие 5 нешта се дел од вашиот секојдневен живот, вашата врска веројатно ќе пропадне

    Ако овие 5 нешта се дел од вашиот секојдневен живот, вашата врска веројатно ќе пропадне

    Колку и да звучи сурово, многу врски нема да бидат успешни. Но, причината не е секогаш тоа што токму тие двајца не требало да бидат заедно. Разделбата ретко има врска со вистинската љубов и често е поврзана со нерамнотежа.rnrnАко овие 5 нешта се дел од вашиот секојдневен живот, вашата врска веројатно ќе пропаднеrnrnБез разлика колку сакате некого, успехот на врската најмногу зависи од начинот на којшто го живеете вашиот живот и личноста што сте ја одбрале да биде со вас. Погледнете кои секојдневни навики можат да ја уништат вашата врска.rn

    1. Апатија

    rnАпатијата често се појавува кога ќе избледи еуфоријата од почетокот на врската. Во овој случај не ви е грижа да му одговорите на партнерот. Не ви е грижа дали тој направил нешто добро за вас или пак направил некоја грешка. Апатијата е лош знак дека полека се оддалечувате од саканата личност.rn

    2. Посветување внимание само на себе

    rnВо секоја успешна врска партнерите се грижат еден за друг. Секоја личност ја поддржува другата и редовно проверува како се чувствува. Па, ако сте навикнати да поминувате малку време со саканите, ќе ви биде тешко да ја одржите вашата врска.rnrnАко сè што правите е само за вас, како на пример излегување, гледање на омилените серии, играње игри и слично, ќе треба да прифатите голема промена во вашиот живот или да го прифатите фактот дека вашата врска нема да успее.rn

    3. Асоцијална самотија

    rnНема ништо лошо во самотијата. Всушност, навистина е добро секој ден да поминувате време со самите себе. Но ако вашата самотија е постојана и ако се однесувате aсоцијално, со текот на времето тоа ќе се одрази на вашата врска. Врските се засновани на комуникација и интеракција, а недостатокот од тоа ќе ја наруши нивната основа.rnrnМожеби мислите дека нема никогаш да му го направите тоа на вашиот партнер. Но како што исчезнува еуфоријата од новата врска, вашите навики ќе се вратат и врската ќе страда. Единствениот начин да ја спасите врската е да ги промените вашите навики.rn

    4. Лаги и прикривање

    rnДали имате навика да кажувате мали лаги за да се прикриете? Можеби лажете дека сте зафатени за да прекинете некој разговор или нешто слично? Иако еден ваков настан не изгледа како нешто сериозно, ова однесување се проширува сè додека не стане постојан дел од вашиот живот. Постојаното лажење на партнерот создава проблеми бидејќи и вие самите ќе заборавите што е вистина, а што не.rnrnАко сте навикнати редовно да лажете, дури и само за да се извлечете од нешто, тоа ќе ја „загади“ вашата врска и може да ја уништи.rn

    5. Хроничен стрес со којшто не се справувате

    rnСите сме изложени на стрес. Тоа е дел од животот што не можете да го избегнете. Но со доволно труд ќе научите како да се справувате со него, па дури и да го контролирате. Сепак ова нема да направи стресот да исчезне. Тој секогаш ќе биде присутен во вашиот живот до одреден степен. Но, ако сте изложени на хроничен, интензивен стрес којшто е закана за вашето физичко и ментално здравје, тоа може да претставува сериозен проблем за вашата врска.rnrnКога еден или двајцата партнери постојано се напнати, настануваат караници и за најнезначајните нешта. Со текот на времето овие караници го надминуваат трпението и на двајцата и предизвикуваат непоправлива штета на врската.rnrnЗа да се справите со хроничниот стрес, секој ден одвојте време за медитација, водење дневник, трчање или каква била друга активност што ве релаксира.rnrnПогледнете и кои проблеми во врската едноставно не се решаваат.

  • 8 непотребни грижи што можат да ви ја растурат врската

    8 непотребни грижи што можат да ви ја растурат врската

    Врските можат да бидат навистина тешки, но нема потреба од тоа. Едно од нештата што ги отежнува врските е тоа што луѓето се грижат за глупости за кои нема потреба. Овие грижи се разликуваат кај сите, но следниве 8 се најчестите.rnrn8 непотребни грижи што можат да ви ја растурат врскатаrn

    1. Можеби ќе ве изневери

    rnСекој сака да биде единствената личност за партнерот. Па штом ќе започнеме врска, потајно се надеваме дека тој или таа нема да забележува никој друг освен нас. Но размислете за ова. Никој не станува слеп за атрактивните луѓе само затоа што е во врска, а ова е сосема нормално. Не реагираат сите на оваа привлечност. Она што треба да го направите е да работите на вашата самодоверба. Доколку партнерот навистина сака да ве изневери, тогаш не знае да цени квалитетна личност како вас и воопшто не ви е потребен.rn

    2. Можеби ќе ви раскине

    rnИ во овој случај проблемот е вашата ниска самодоверба. Оваа грижа е само потрошена енергија. Ако се чувствувате добро во врска со себе, тогаш нема потреба да се грижите дека партнерот ќе ви раскине. Потребно е да мислите дека сте вистинска „награда“ бидејќи тоа и сте. Сметајте дека партнерот е среќен што ве има. На овој начин нема да се појавуваат негативни емоции што ќе ви ја нарушуваат врската.rn

    3. Не сте доволно добри за него/неа

    rnМожеби веќе ја забележувате шемата – ниска самодоверба. Ако сметате дека не сте доволно добри за партнерот, размислете зошто е тоа така. Дали мислите дека сте премногу дебели? Премногу ниски? Премногу сиромашни? Важно е да престанете да размислувате за овие работи и да сфатите дека сепак сте доволно добри за вашиот партнер – затоа што тој или таа е со вас! Многу луѓе сметаат дека самодовербата е најатрактивната особина кај луѓето, па почнете да работите на неа.rn

    4. Тој/таа не е доволно добар/добра за вас

    rnМожно е да имате и преголема самодоверба, а границата помеѓу егоизмот и самодовербата е навистина мала. Всушност егоистичните луѓе не се сакаат, туку сакаат другите да го мислат тоа. Потребно е да го прифатите партнерот онаков каков што е. Секој е совршен на свој начин, но тоа не значи дека секој е совршен за вас. Ако навистина сметате дека не си одговарате со партнерот, тогаш продолжете понатаму. Среќната врска зависи од компатибилноста и еднаквоста.rn

    5. Семејството и пријателите на партнерот не ве сакаат

    rnАко навистина се случува ова, постојат 3 причини за тоа:rnrn1. Вие сте ужасна личностrnrn2. Тие не можат да проценат карактерrnrn3. Тие се многу поразлични од васrnrnГолема е веројатноста ова да не е точно, а доколку е, најверојатно станува збор за третата причина. Па, што ако сте различни? Ако сите бевме исти светот ќе беше навистина здодевно место.rn

    6. Повеќе сака да биде со други луѓе отколку со вас

    rnДури и ако партнерот сака да минува многу време со пријателите или семејството, тоа не значи дека не ве сака. Екстровертите и интровертите навистина не можат да се разберат. Екстровертите сакаат и имаат потреба да минуваат време со други луѓе, додека интровертите немаат потреба од тоа. Ако ситуацијата е ваква, вие сте едноставно малку различни. Минувањето време со други луѓе не значи одбивање.rn

    7. Не го привлекувате веќе

    rnИ овде можеби станува збор за ниска самодоверба или веќе сте заедно долго време па партнерот не се однесува како на почетокот од врската. Всушност, ова се случува многу често, но немојте да се плашите. Ова е само нормална фаза од секоја врска. Ако навистина ви претставува проблем, најдете ја причината и разговарајте со партнерот.rn

    8. Имате премалку или премногу секс

    rnМоже и ова да е само фаза во врската, а можно е и вашиот партнер да се променил физички. Како и да е, потребно е отворено да разговарате на оваа тема. Имајте на ум дека грижата е како да се молите да се случи нешто што не сакате. Негативната енергија насочена кон партнерот воопшто не е продуктивна. Па сакајте се себеси, прифатете ја позитивноста и бидете среќни.rnrnПогледнете и кои се проблемите со кои се соочуваат сите во нова љубовна врска.

  • 4-те хороскопски знаци кои се неверојатни во долги врски

    4-те хороскопски знаци кои се неверојатни во долги врски

    Не е никаква новост дека кога-тогаш сите врски минуваат низ тежок период. Со некои знаци е навистина полесно да бидете во врска, а со следниве 4 е најдобро. Дури и најдобрите врски можат да тргнат по лош пат, но ако партнерите се трпеливи, скромни и сочувствителни, проблемите лесно ќе се надминат. Овие 4 знаци знаат како да ја одржат стабилноста на врската бидејќи знаат дека е важно да разговараат со партнерот и да работат напорно.rnrn4-те хороскопски знаци кои се неверојатни во долги врскиrn

    1. Бик

    rnАко сте со Бик тогаш сте со партнер на кој не му недостига стабилност и постојаност. Можете секогаш да им верувате на неговите зборови. Овие луѓе се отпорни, можете да се потпрете на нив и секогаш се свесни што треба да направат за врската да биде успешна. Без двоумење ќе го направат потребното, па дури и повеќе од тоа, бидејќи не се задоволуваат со нешто просечно. Нема да дозволат гневот да ги надвладее и ќе го решат секој проблем уште кога ќе настане. Бидејќи сакаат симетричен живот со рамнотежа, ќе го дадат најдоброто од себе за да остане така.rn

    2. Рак

    rnСекој којшто запознал Рак ќе ви каже дека овие луѓе се грижат многу за оние околу нив и се вистински емпати. Нивната чувствителност ги прави навистина внимателни и тие секогаш добро размислуваат пред да кажат нешто бидејќи не сакаат да повредат никого. Дури и кога имаат навистина лош ден, тие изгледаат елегантно и грациозно. Со нивните вештини за комуникација, Раковите секогаш отворено искажуваат што им се случува во главата. Брзо ги засакуваат луѓето и навистина им е страв да не бидат напуштени. Токму поради овој страв, Раковите нема никогаш да ве напуштат кога ви се најпотребни.rn

    3. Девица

    rnСо својата интелигенција, не е ни чудно што Девиците знаат да го решат секој потенцијален проблем во врската. Тие брзо ги забележуваат и ги анализираат проблемите, па без проблем ја прават врската навистина успешна. Секогаш размислуваат пред да направат нешто и никогаш не делуваат импулсивно. Исто така Девиците се свесни дека за да функционира врската потребни се двајца.rn

    4. Вага

    rnНе постои личност со поголемо трпение од она на Вагата. Нивната зрелост им дозволува да ги донесат потребните одлуки кога станува збор за некој проблем. Тие се свесни што е потребно за една врска да трае, па кога се посветуваат некому, навистина го мислат тоа. Без разлика колкав хаос ќе настане во врската, Вагите остануваат смирени и бараат одговори. Тие имаат за давање многу љубов и внимание, па партнерот никогаш нема да се почувствува осамено или запоставено.rnrnДознајте и кои хороскопски знаци би одбрале кариера наместо љубов.

  • 10 причини зошто љубовта во 40-тите е најдобра

    10 причини зошто љубовта во 40-тите е најдобра

    Кога ќе имате време да се пронајдете себеси, сѐ друго станува многу подобро. Многу луѓе не успеале да го пронајдат вистинскиот партнер пред да стигнат до 40-тите. Ова не значи дека не се труделе или дека постојано напуштале една врска за друга. Воглавно, луѓето што ја пронашле љубовта во 40-тите се чувствуваат посреќно бидејќи имале време да откријат кои се, имале поголема самодоверба и се фокусирале само на вистинските работи. Па, погледнете зошто љубовта во 40-тите е можеби најдобрата.rnrn10 причини зошто љубовта во 40-тите е најдобраrn

    1. Нема да се справувате со глупости

    rnВеќе ви е јасно дека романтичните врски се само шлагот на добриот живот. Вие и партнерот сте едно цело и сте среќни индивидуи со исполнети животи. Заедно сте бидејќи сакате да бидете заедно. Заедно сте бидејќи меѓусебно се подобрувате. На оваа возраст повеќе не ви се играат игри. И двајцата сте го правеле тоа, a сега само сакате љубов и забава.rn

    2. Се чувствувате удобно во вашата кожа

    rnБлагодарение на ова, многу полесно ќе споделувате интимни нешта со партнерот. Ќе сфатите дека воопшто не е важно со кој сте биле изминативе години. Можеби како млади сте чувствувале обврска да кажете колку пати сте биле вљубени или со колку луѓе сте спиеле. Но кога ќе наполните 40, повеќе ништо од тоа не е важно. Важна е личноста којашто сте сега.rn

    3. Сте имале време да ги развиете интересите и талентите и да изградите кариера и идентитет

    rnОва е врска на еднаквост. Додека да ја започнете, и вие и партнерот веќе имате изградено кариера и ваш идентитет. Можеби имате и деца. Знаете што сакате да правите во слободно време и можеби овие желби ви се совпаѓаат. До 40-тите и двајцата сте имале толку многу искуства што сега е време да ги споделите.rn

    4. Сте се чувале за вистинската врска

    rnЗошто да бидете со некој што не е вистинската личност за вас? Во 20-тите е навистина лесно да бидете се некој поради забавата и ласкањето. Но, во 40-тите знаете дека е одлично да бидете и сами, па ќе почекате пред да го поделите вашиот живот со некој.rn

    5. Сте се откажале од помислата дека постои само една вистинска личност

    rnСте се помириле со фактот дека ниту една врска нема да ви даде сè. За среќа, ова е многу добро. Ако најдете личност со која навистина сакате да поминувате време, да разговарате и да истражувате, зарем тоа не е доволно? До вашите 40-ти, веќе имате стекнато многу пријатели, колеги и познаници со разни улоги во вашиот живот, па совршениот партнер не мора да ви понуди сè.rn

    6. Во фаза сте кога и двајцата сакате да се забавувате

    rnНапорното градење на кариерата е зад вас. Најверојатно и вашите деца се големи, па доаѓа време за вас. Уживајте во него заедно. Патувајте, гответе, па зошто да не отворите и заеднички бизнис. Можете да правите сè што ќе посакате.rn

    7. Не ви е потребен партнер, туку едноставно сакате да го имате

    rnДури и да станува збор само за секс, до 40-тите сигурно сте научиле како самите да се погрижите за тоа.rn

    8. Подготвени сте да бидете искрени за сè

    rnСепак, нема потреба од тоа. 40-тите се првата декада во која повеќето луѓе навистина живеат во моментот и ја ценат сегашноста. Тоа значи дека сè што постои е сегашноста и другото навистина и не е толку важно.rn

    9. Подготвени сте да бидете подобри кон себе

    rnПроблемите од минатото полека исчезнуваат и конечно сте подготвени да бидете подобри кон себе. На овој начин сте и подобри кон другите. Оваа љубов е помирна и повоздржана. Знаете дека животот не трае засекогаш. Сфаќате дека секој ден може да ви биде последен, па едноставно сакате да бидете среќни. Насмевката има голем удел во тоа.rn

    10. Јасно ви е колку всушност е краток животот

    rnТреба да го извлечете најдоброто од секоја минута, а ова значи дека немате трпение за празни врски. Зошто да го трошите времето со личност која ве полудува? Едноставно не вреди. Можеби ова ви имало смисла кога сте биле помлади, но навистина ќе го сфатите кога ќе ги стигнете 40-тите.rnrnДознајте и зошто 40-тите се најубавата деценија од вашиот живот.

  • Што означува доаѓањето на жетварската месечина?

    Што означува доаѓањето на жетварската месечина?

    На 24-ти септември ќе имаме уште една посебна полна месечина, а овој пат станува збор за жетварската месечина.rnrnШто означува доаѓањето на жетварската месечина?rn

    Што претставува жетварската месечина?

    rnИмето жетварска месечина ѝ е дадено на полната месечина што е најблиску до есенската рамноденица. Ова е врвот на лунарните настани, и тоа не само затоа што месечината ќе биде поголема и со посилна боја. Жетварската месечина им била потсетник на фармерите да ги наберат нивните поседи, а сега е знак за почеток на сезоната во која сите сакаат партнер.rnrnОваа година жетварската месечина ќе го достигне врвот на 24-ти септември во 22:52 часот, но ќе биде видлива многу порано – веднаш по зајдисонцето. Исто така, месечината ќе изгрева рано и неколку ноќи по 24-ти.rn

    Што друго треба да знаете за жетварската месечина?

    rnОваа жетварска месечина ќе биде во Овен, па ќе ги нагласи сите грижи поврзани со вашите врски. Очекувајте да се чувствувате растргнато помеѓу независноста и партнерството. Овој период добро ќе размислите за вашите најблиски врски. Ако постојат некои слаби врски, жетварската месечина веднаш ќе ви ги открие. На вас останува да направите избор.rn

    Што треба да направите?

    rnСлушајте го вашиот инстинкт и дајте си простор за размислување. Овенот е знакот на делувањето и брзите одлуки, па пред да направите нешто, осигурете се дека ви е јасно што сакате, без разлика што ви велат другите. А ако ви е потребен одмор, едноставно излезете надвор и уживајте во спектакуларната месечина.rnrnДознајте и кои хороскопски знаци ќе бидат незапирливи во сезоната на Вагата.

  • 3 знаци дека ги одбивате мажите

    3 знаци дека ги одбивате мажите

    Можеби не ви е проблем да ги привлечете мажите, но на крајот секој маж ве напушта. Ова може навистина да ве повреди бидејќи е еден вид одбивање, а никој не сака да биде одбиен. Иако на сите им е јасно дека не можете да ги привлекувате сите мажи, истовремено сакате да бидете сигурни дека не ги одбивате добрите. Па, погледнете ги знаците што ќе ви покажат дека можеби несвесно ги одбивате мажите.rnrn3 знаци дека ги одбивате мажитеrn

    1. Му ја земате улогата

    rnЖивееме во општество каде што жените навистина ја промениле нивната традиционална улога. Ова е одлично, но како резултат, многу мажи сè почесто се чувствуваат помалку „машки“. Сепак мажите секогаш ќе имаат разни улоги во светот и во врските, а кога ќе се обидете да ја преземете таа улога на врската ѝ се ближи крај.rn

    2. Вие сте вашиот најлош пријател

    rnБез разлика дали станува збор за товар од детството или минатите врски, не можете да очекувате партнерот да остане со вас ако се саботирате самите. Добриот маж нема да ве напушти без причина. И иако е навистина тешко да си признаете дека понекогаш вие сте проблемот, важно е да се соочите со тоа.rn

    3. Вашите реакции ви ја запечатуваат судбината

    rnДали ви кажале дека сте несигурни, барате премногу и слично? Навистина е болно да ги слушнете овие зборови, најмногу бидејќи најверојатно не сте такви. Но сите можеме да дозволиме да нè надвладеат емоциите. Мажите буквално ги сфаќаат реакциите на жените. Дури и кога не го мислите кажаното, голема е веројатноста партнерот да го сменил мислењето за вас. Обидете се да ги контролирате вашите реакции и добро размислете пред да кажете нешто.rnrnДобриот маж ќе биде подготвен да ве направи среќни, но не можете да го очекувате тоа ако не му возвраќате исто.rnrnПробајте ги овие трикови со кои ќе го привлечете машкото внимание.

  • Експертите советуваат: Прашања што треба да си ги поставите пред да започнете сериозна врска

    Експертите советуваат: Прашања што треба да си ги поставите пред да започнете сериозна врска

    Врските можат да бидат навистина тешки. Замислете да го поминете остатокот од животот во здодевна врска со личност која не можете да ја поднесете. Кога почнувате нова врска, може да има многу причини за тоа – личноста изгледа одлично, има добар карактер, или едноставно се обидувате да ја пополните празнината од некој друг. Без разлика на вашата причина, ако сте во врска со погрешна личност ќе зажалите. Поради ова експертите советуваат да си ги поставите следниве 5 прашања пред да започнете романтична врска.rnrnЕкспертите советуваат: Прашања што треба да си ги поставите пред да започнете сериозна врскаrn

    1. Дали се состанувам за забава или за брак?

    rnНајчестата грешка кај состанувањето е што луѓето не бараат партнер за долга врска. Штом нештата ќе станат сериозни, ќе почнете да се прашувате дали партнерот е навистина погоден за брак. Важно е да си го поставите ова прашање уште на почетокот. Создадете детална слика за вашиот совршен партнер. Штом ќе знаете што сакате, одбирајте ги личностите кои најмногу наликуваат на идеалниот партнер.rnrnИсто така постои интересен математички метод со кој можете да го најдете совршениот партнер. Мат Паркер е познат автор и советува да излезете со 10 луѓе и да забележите кој ве воодушевил најмногу. Нема да се венчате со оваа личност, туку ќе можете да ја споредувате со идните потенцијални партнери.rn

    2. Дали тој/таа има здрава врска со семејството?

    rnЗапрашајте се дали сакате да бидете дел од семејството на партнерот. Ако одговорот е не, можеби треба посериозно да размислите за врската. Истражувања покажуваат дека врската помеѓу родителите и децата влијае на начинот на кој им пристапуваме на љубовта и бракот. Истражувањата исто така покажале дека децата кои се соочувале со многу семејни конфликти како расправии, грижа за пари, малтретирање и слично имале поголеми шанси да се разведат. Други истражувања покажале дека врската на мажот со неговата мајка има големо влијание на неговите романтични врски. Колку послаба била врската со мајката, толку послаби се и романтичните врски.rn

    3. Дали сум подготвен/а да се справам со емоционалниот товар на партнерот?

    rnСекој си има свој товар, но со различен идентитет. Емоционалниот товар е „носење“ на сите разочарувања, грешки и трауми од минатото. Овој товар има многу причини – развод, неплодност, спонтан абортус, насилни врски и слично. Постојат неколку знаци за емоционален товар:rn

      rn 011

    • Сомнеж: Партнерот не е сигурен за себе но ни за вас, па постојано се сомнева и донесува заклучоци. Нема целосно да ви верува без помошта од добар психијатар.
    • rn 011

    • Компулсивни навики: Претерано пушење, јадење, пиење, коцкање и каква било зависност често е начин на справување со нерешени емоционални проблеми.
    • rn 011

    • Неуспешни врски: Една неуспешна врска не е доволно за да процените некого. Но ако партнерот има дузина вакви врски, тоа може да претставува проблем. Долга листа на неуспешни врски и бракови може да укажува на партнер кој не е подготвен да ви се посвети.
    • rn 011

    • Емоционална луда железница: Овие луѓе се целосно непредвидливи. Еден ден се вљубени во вас, следниот не можат да ве поднесат. Ова е знак на емоционална нестабилност.
    • rn

    rnВажно е да знаете дека нема личност без емоционален товар. Поради ова не барајте личност без него, туку запрашајте се дали можете да се справите. Понекогаш емоционалниот товар е резултат на лоша среќа, но понекогаш кажува многу за карактерот на личноста.rn

    4. Како се расправаме?

    rnРасправиите се дел од секоја човечка интеракција, но на некои луѓе им е тешко да направат разлика помеѓу вербално малтретирање и нормална расправија. Првото може да ви ја уништи врската. Квалитетот на еден брак се одредува според тоа како се расправаат партнерите. Ако вашите расправии лесно се претвораат во голем проблем, важно е да го решите ова пред да започнете нешто посериозно. Во здравите расправии и двајцата партнери преземаат одговорност наместо да критикуваат, да обвинуваат или да користат насилство.rn

    5. Како се справува со парите?

    rnЕкспертите веруваат дека начинот на кој и двајцата се справувате со парите може да ја подобри или да ја влоши врската. Според едно истражување финансиските несогласувања најчесто му претходат на разводот. Поради ова важно е да знаете за долговите на партнерот и отворено да разговарате за нив. Ако не постои знак дека тој планира да го реши финансискиот проблем, подобро да си заминете пред проблемот да стане и ваш.rnrnПогледнете и како да дознаете дали партнерот сака сериозна врска.

  • 7-те улоги што ги игра мажот кои изгледаат одлично, но прават да се чувствувате мизерно

    7-те улоги што ги игра мажот кои изгледаат одлично, но прават да се чувствувате мизерно

    Мажите играат многу улоги во нивните животи – пријател, брат, сосед, колега… Но некои улоги имаат свој токсичен живот, особено кога ќе ги преминат границите. Постојат 7 улоги кои мажите понекогаш несвесно ги прифаќаат и со тоа ги уништуваат врските со жените кои ги сакаат.rnrn7-те улоги што ги игра мажот кои изгледаат одлично, но прават да се чувствувате мизерноrnrnАко се умерени овие улоги, тие дури можат да бидат и здрави. Но кога улогата целосно ќе го преземе мажот, врската може да се претвори во една огромна главоболка што прави и двајцата партнери да се чувствуваат мизерно. Најважното е да се одберат најдобрите квалитети од секоја улога со цел да има хармонија во врската.rn

    1. Татко

    rnМажот со оваа улога често нуди поддршка и безбедност. Жените го сметаат ова за привлечно бидејќи се чувствуваат сигурно и безбедно. Во реалноста, Таткото не ја гледа партнерката како еднаква туку како некој што ја игра улогата на ќерка. Кога таа ќе погреши тој покажува доминантност. Ова ќе создаде динамика каде што жената ќе почнува да се бунтува и ќе почне да прави работи само за да му се спротивстави на партнерот. Ова се случува кога третирате некој како дете – тој почнува да се однесува така.rn

    2. Лошо момче

    rnРомантичните комедии нè научија дека некои жени секогаш ќе ги сакаат лошите момчиња. Тие се возбудливи, храбри и авантуристи. Атрактивни се бидејќи не се обидуваат да задоволат никого. Едноставно се оние коишто се, а многу луѓе го бараат тоа во врската. Но, жените никогаш нема да можат да му веруваат на Лошо момче. Можеби тој е искрен, но е искрен само кон себе, а многу често е и себичен. Ова значи дека ако сака да спие со друга девојка, нема ништо да го спречи во тоа.rn

    3. Добро момче

    rnОвие момчиња се одлични за претставување пред родителите. Тие се сочувствителни, разбираат и ќе се жртвуваат за да го добијат признанието од другите. Но, ова е добро само на хартија и врската со овие момчиња често станува нешто од коешто жените сакаат да се ослободат. Добрите момчиња воопшто не се за долга врска бидејќи жените се чувствуваат заробено со нив. Бидејќи се однесуваат премногу добро, жената ќе се чувствува уште полошо доколку одлучи да го остави. Овие момчиња толку сакаат да ги задоволат сите што никогаш не кажуваат што навистина мислат. Најчесто овие момчиња се наоѓаат во „пријателската зона“ или ги гледаат како луѓе кои немаат среќа во љубовта.rn

    4. Витезот во сјаен оклоп

    rnРечиси секоја Дизни принцеза завршила со нејзиниот херој, мажот кој го спасил денот. Шармот, романтиката и самодовербата се навистина привлечни карактеристики, но токму тие се причината зошто не гледаме што се случува по завршувањето на филмовите. Кога жената целосно се потпира на нејзиниот партнер, таа станува зависна. Ако одново и одново очекува да биде спасена, не може да ги развие потребните вештини за да си помага сама. Оваа врска се претвора во однос каде што жената има потреба од партнерот, дури и ако не го сака. Ова му дава моќ на Витезот да ја доминира, а тоа однесување воопшто не е здраво.rn

    5. Бизнисмен

    rnБизнисменот е рационален, предвидлив и праведен. Ова се одлики што ќе му овозможат унапредување, но во љубовта ќе го претворат во личност којашто е премногу загрижена за еднаквост, кој за што платил, кој последен ги измил садовите и кој на кого му должи оргазам. Веројатно веќе ви е јасно дека романтиката не им е силна страна на овие луѓе. Врските се двонасочна улица, па да, потребна е праведноста но исто така и нежност, жртва и љубов. Постојат периоди кога повеќе се очекува од мажот, и периоди кога повеќе се очекува од жената.rn

    6. Петар Пан

    rnПетар Пан е мажот којшто никогаш не пораснал. Тој е забавен и на жените им се допаѓа неговата природа и игривост. На ова додајте ја и спонтаноста и добивате совршен маж. Но, секој треба да порасне во даден момент. Она што Петар Пан не може да го направи е да ја добие почитта од партнерката. Тој има планови кои жената знае дека никогаш нема да станат реалност, не сака да се труди и не успева во ништо. Не може да се справи со реални емоции и реални проблеми, а ова ја прави врската навистина лажна.rn

    7. Заводник

    rnЗаводникот се фокусира само на едно нешто – неговата партнерка. Тој знае да го каже точно она што таа сака да го слушне и може да направи да се чувствува како најубавата жена на светот. Ова го прави навистина неодолив бидејќи не постои жена која не сака да ги слушне овие работи. Проблемот е што Заводникот не сака врска туку сака да си ласка самиот. Штом ќе го постигне тоа, не е сигурен што да прави со партнерката, па само ја мами со неговите зборови. Овие мажи се плашат од долги врски и воопшто не се за брак. Некои жени ќе паднат на нивниот шарм, а некои веднаш ќе сфатат за каква личност станува збор.rnrnПогледнете и кои се 10-те работи што мора да ги знаете за љубовните врски.

  • 10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

    10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционално

    Луѓето се производ од нивните услови и искуства. Но друго нешто што ги дефинира човечките битија се нивните емоционални и психолошки составни делови. Кога на ова ќе се додаде модерната технологија, комплексноста на културата, игрите за состанување и општествените норми, ќе сфатите дека многу нешта влијаат на приврзувањето и посветеноста во врската.rnrn10 причини зошто вашиот партнер не сака да се приврзе емоционалноrnrnМажите и жените различно реагираат на стимулите во врската. Истражувањата покажале дека мажите се посклони кон емоционална неповрзаност во врските за разлика од жените. Ако забележите дека вашиот сопруг или момче избегнува да се приврзе за вас или има проблеми со посветувањето на врската, постојат 10 можни причини за тоа.rn

    1. Тој е играч

    rnЕдна од најочигледните причини за ова е тоа што тој не е сериозен за вашата врска. Мажите сакаат предизвици, па многумина од нив ги третираат жените во нивните животи како забава или предмет за полнење на нивното его. Ако партнерот постојано ви дава измешани сигнали, често исчезнува, а потоа се појавува со безначајни подароци, големи се шансите да е играч.rn

    2. Претерано работи

    rnНекои мажи јадат, спијат и работат. За нив кариерата е поважна од сè друго во животот. Немаат време, ниту трпение за врските во нивниот живот. За нив работењето е најсветото нешто. Овие мажи воопшто не се интересираат за врски.rn

    3. Тој е перфекционист

    rnСовршеноста може да биде добра, но некои мажи ја бараат премногу. Без разлика колку сте добри, ако вашиот партнер спаѓа во оваа група, тој секогаш ќе наоѓа нешто лошо кај вас. Ќе се обидува да ве промени бидејќи не ги исполнувате неговите критериуми за совршенство. На крајот од денот нема да сака да се поврзе со вас бидејќи смета дека не сте доволно добри за него.rn

    4. Премногу е зависен или независен

    rnПреголемата зависност или независност не е добра. Можеби сте сретнале мажи кои постојано бараат одобрување од другите, или го земаат предвид мислењето на нивните мајки за тоа со која девојка да се гледаат. Од друга страна постојат и многу независни мажи кои не можат ни да си замислат да бидат ранливи пред некој друг, дури и ако другиот е нивната партнерка или сопруга. И двата вида имаат проблеми со посветување на врската. Тие избегнуваат да се приврзат емоционално.rn

    5. Лоши минати врски

    rnДруга очигледна причина за избегнувањето на приврзувањето од страна на мажот е некое токсично искуство од врска во минатото. Можеби претходната партнерка или сопруга навистина го повредила, па тој се сомнева во намерите на секоја жена на светот.rn

    6. Проблематично детство

    rnЧовекот е производ на минатите искуства, а овде спаѓаат и искуствата од детството. Нашето детство ни ја оформува иднината. Ако вашиот партнер имал лошо детство, немал родители што го сакале, имал родители што се расправале или бил малтретиран, голема е веројатноста да има проблеми со емоционалното поврзување. Поради сите наведени причини него му е навистина тешко да ги искаже своите мисли и чувства, па до некој степен е емоционално недостапен.rn

    7. Финансиска нестабилност

    rnПовеќето мажи се условени да веруваат дека тие се подобри кога станува збор за финансиите во домот. Без разлика колку се „модерни“, длабоко во себе веруваат дека тие треба да имаат поголема плата. Ако вашиот партнер се соочува со финансиски проблеми, голема е веројатноста ова да влијае на неговите мир и самодоверба, како и на вашата врска. Тој ќе се чувствува како да не може да ви го овозможи она што го сакате, па нема да се поврзе со вас.rn

    8. Семејни проблеми

    rnМожно е да постои проблем во неговото семејство што му предизвикува стрес. Или, можно е да дава преголемо значење на мислењето на членовите на неговото семејство за неговите врски.rn

    9. Несигурности

    rnМожеби вие го имате совршеното работно место со одлична плата. Можеби изгледате како вистински супер модел. Во тој случај, голема е веројатноста партнерот да се чувствува несигурно. Тој смета дека можете да бидете со кој било што е побогат и што изгледа подобро од него. Неговата несигурност ќе има големо влијание на врската.rn

    10. Разни животни цели

    rnЖивотните цели се навистина важни. Ако вашите и целите на партнерот значително се разликуваат, тој може да мисли дека вие ќе го спречувате во нивното остварување. Исто така можно е да не ги цени или разбира вашите животни избори. И ова ќе го спречи да се приврзе емоционално со вас.rnrnМажите можат да бидат малку погруби, но и нив им се потребни љубов и внимание. Секогаш имајте на ум дека ако вашиот партнер е емоционално недостапен, или има некој проблем, или не е заинтересиран за вас. Секогаш бидете свесни за вашата вредност и отстапете од врската ако тој не ви дава знак дека некогаш ќе се приврзе за вас.rnrnЗнаете ли зошто чувствителниот маж е најдобриот партнер што можете да го имате?