КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 20 инспиративни совети за подобар однос со сите

    20 инспиративни совети за подобар однос со сите

    Автор: Сара ТурановиќrnrnОслободете се од негативните мисли и прифатете ги луѓето онакви какви што се! Прочитајте ги овие инспиративни совети со кои ќе се подобрите себеси како личност, но и односите со своите пријатели, фамилијата, партнерот.rnrn20-inspirativni-soveti-za-podobar-odnos-so-site-kafepauza.mkrn

      rn011

    1. Ослободете се од негативните луѓе.
    2. rn011

    3. Оставете ги во минатото луѓето кои заминале.
    4. rn011

    5. Дајте им шанса на оние кои не ги познавате.
    6. rn011

    7. Бидете љубезни со сите и покажете почит.
    8. rn011

    9. Прифатете ги луѓето такви какви што се.
    10. rn011

    11. Охрабрете ги другите и бидете среќни за нив.
    12. rn011

    13. Бидете совршено несовршени.
    14. rn011

    15. Пронајдете начин да простите и да продолжите понатаму.
    16. rn011

    17. Направете секој ден по некој мал гест за некого.
    18. rn011

    19. Секогаш бидете верни.
    20. rn011

    21. Бидете во подобар контакт со оние кои ви значат.
    22. rn011

    23. Исполнувајте ги ветувањата и зборувајте ја вистината.
    24. rn011

    25. Дадете го она што сакате да го добиете.
    26. rn011

    27. Кажете го она што го мислите и мислете го она што сте го кажале.
    28. rn011

    29. Дозволете им на другите да донесат одлуки за себе.
    30. rn011

    31. Зборувајте помалку, а слушајте повеќе.
    32. rn011

    33. Не слушајте жалења.
    34. rn011

    35. Посветете внимание на врската со самите себе.
    36. rn011

    37. Обрнете внимание на тоа кои ви се вистински пријатели.
    38. rn011

    39. Нека не допираат до вас негативни, неконструктивни коментари.
    40. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 збунувачки нешта во денешните врски

    8 збунувачки нешта во денешните врски

    Работите во денешните машко-женски односи не се баш црно-бели. Времињата се такви што некои работи во модерните врски се доста збунувачки.rnrn(1) 7 збунувачки нешта во денешните врскиrn

    1. Не знаеш дали си на состанок

    rnЕден од двајцата предложил да одите заедно да јадете или да седнете на пијачка. Вие чувствувате дека има некаква хемија меѓу вас, но не ви е јасно дали тоа е состанок или се работи само за дружба како и досега.rn

    2. Не знаеш колку долго треба да чекаш

    rnНе знаеш колку долго треба да чекаш за да иницираш секс со новиот потенцијален партнер за да бидеш сфатен/а сериозно. Не знаеш дали тоа треба да се случи на вториот состанок, дали треба да се чека барем 3-4 состаноци или повеќе. Тоа зависи од оние кои се состануваат, но не постои стандард за човек да знае како да постапи, а да не згреши.rn

    3. Не се знае разликата меѓу сериозна и несериозна врска

    rnДодека еден смета дека двајцата се гледаат само заради секс и дружба без обврски, другиот прави планови за подалечната иднина. Врската им е таква што едниот ја гледа како сериозна, а другиот само како забава. И повторно, нема стандард за тоа како треба да гледаат на тоа, сè е прашање на личните уверувања.rn

    4. Ако немало чувства, смеете ли да се гледате со неговиот/нејзината другар/ка?

    rnАко со некого сте имале нешто кое траело кратко и во кое не биле вклучени никакви чувства, дали тогаш е во ред вашата идна цел да биде неговиот/нејзината другар/ка? Најчесто тоа се смета за неприфатливо, но што ако во вториот случај има некакви чувства? А ако и двајцата се од мало место, па секој му е другар на секого?rn

    5. Едниот има чувства, а другиот не

    rnЕдниот очигледно е вљубен, а другиот не е. Вљубениот/ата дава можност за врска на другиот, но тој/таа го/ја користи само за забава. Прашањето што се поставува е дали треба уште од старт секој да ги соопшти своите намери или работите да се остават природно да си течат.rn

    6. „Јас се гледам со многу девојки, но машко сум. Ама таа е женско и не треба така.“

    rnЗбунувачки двоен стандард кој нема никаква разумна основа, но си останува да постои. Добредојдовте во 21-виот век!rn

    7. Никој не сака да става етикети на односите, но на крајот сите сакаат нивната врска да биде дефинирана

    rnНесатавњето етикета на врските значи избегнување одговорност и посветеност. Луѓето не сакаат да се чувствуваат заглавени, да имаат обврска кон некого. Па сите сакаме да бидеме слободни, зарем не?rnrnНо, на крајот, на сите ни е потребна таа цврста основа за да знаеме на што сме со некој. Оди па сфати.rn

    8. Никој не сака прв да каже „те сакам“

    rnНебаре во врска се влегува за да не се сака партнерот, па никој не сака да биде првиот што ќе изјави љубов. Кога ќе се најде некој/а трет/а што ќе го каже тоа, веќе е доцна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот

    24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот

    Постојат некои работи кои се случуваат во филмовите и ТВ сериите, но кои би рекле дека има некакви шанси да се случат и во реалноста. Но, постојат и некои кои колку и да сакаме, едноставно нема никакви шанси да ги доживееме. Погледнете ги наредниве 24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот и кои сигурно ви се и повеќе од познати…rn

    1. Излегување на само една пијачка

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    2. Врски „без обврски“ кои навистина немаат обврски

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    3. Јадење сендвичи/пица/шпагети без притоа да не се најдат насекаде низ вашето лице

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    4. „Рандом“ луѓе кои магично се спојуваат и непланирано изведуваат совршено координирана танцова рутина

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    5. Девојки кои носат бели пантолони за време на нивниот месечен циклус

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    6. На предавање до вас да седне најзгодниот тип

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    7. Искористување на целиот џем од теглата

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    8. Сексуален однос кој одвреме-навреме не е чуден и неуреден

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    9. Диетата која си ветивте дека од утре ќе ја започнете

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    10. Искажување на вашите чувства слаткоречиво како што сте ги замислиле, наместо да зборувате глупости

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    11. Вашиот „спам“ фолдер на мејлот да биде секогаш празен

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    12. Пробување различни облеки со вашите пријателки само за забава

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    13. Премногу кафе

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    14. Да изгледате „жешко“ додека плачете

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    15. Купување шише вино и пиење само по една чаша на ден

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    16. Да имате полно работно време и сè уште постојано да сте во друштво на вашите пријатели

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    17. Да останете блиски со луѓето кои живеат далеку, далеку, далеку од вас.

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    18. Да ги прифатите луѓето онакви какви што навистина се, без притоа постојано да се жалите

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    19. Да го послушате советот на вашите родители

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    20. Запознавање нова секси и интелигентна личност за време на празниците, да се заљубите во него/неа и заедно да имате деца

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    21. Вашата фризура да преживее силен дожд или ветер

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    22. Да имате еден пар обувки кои одат со целата ваша гардероба

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    23. Веднаш по вклучувањето на телевизорот да најдете нешто добро за гледање

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    24. Држење до вашите планови и цели за годината

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот

  • 5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-ти

    5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-ти

    Животот може да биде збунувачки за 20-годишниците. Но, еве што сè треба да знаете во овој период од животот а никој не ви кажува.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    1. Некогаш новите врски и пријателства ќе ве чинат губење на старите

    rnЛуѓето доаѓаат и си одат од нашите животи. Но, мал број луѓе се тука постојано и треба да ги чуваме. Што се однесува на другите, едноставно прифатете го тоа како факт и како нешто што му се случува секому. Имено, едно истражување од Оксфорд покажало дека во просек, секој човек со влегување во нова романтична врска губи по двајца пријатели. Никој не ни кажува дека кругот на пријатели се менува, но тоа е вистината и воопшто не е толку страшно како што звучи. Луѓето растат, ги менуваат приоритетите, се оддалечуваат… Не сте виновни вие.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    2. Вашите колеги и надредени не мора да ви бидат и пријатели

    rnИако вашите нови колеги се баш пријателски настроени, не мора да значи дека треба да ги прифатите како ваши пријатели и во приватниот живот и да чувствувате обврска да се дружите за време на викенд. По некоја пијачка после работа е во ред, но не очекувајте дека задолжително ќе ви станат и најдобри пријатели. Дури и ако не сте блиски ни за време на работа, во ред е, повеќето и не се. Вие сте таму за да си ја вршите својата работа и тие нивната, без притисоци. Ако пак патем станете најдобри пријатели, тоа е секогаш добредојдено.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    3. Во ред е да не знаете што ќе правите во животот

    rnНе мора да ги имате одговорите на сите прашања во овој период од животот. Родителите, пријателите, роднините, сите ќе ве прашаат што понатаму. Во ред е ако не знаете. Имате куп можности пред вас и не се ограничувајте. Никој од вас не бара да знаете сè. Некогаш најнеочекуваните нешта се најслатки и најдобредојдени. Некогаш нема да имате никаков план што ќе правите со себе и за некое време ќе се наместат коцките на најдобар начин, онака како што не сте ни очекувале.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    4. Раскинувањата се секогаш лоши, но и секогаш носат нешто добро

    rnПрекинување на врска или пријателство никогаш не е убава ситуација. Но, по секое раскинување животот ви подарува нова, свежа перспектива на нештата. Без разлика колку е болно, тоа е процес низ кој мора да поминете достоинствено.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrn

    5. Многу сте посилни отколку што мислите

    rnНикој не си ги знае скриените моќи сè додека не дојде време да ги употреби. Многу нешта ве плашат во животот и иднината на нас 20-годишниците ни изгледа како голема нејасна топка во која искрено, се плашиме како би се снашле. Но, верувајте, многу сте посилни отколку што мислите. Ќе бидете во ред, и сè ќе биде во ред бидејќи со што и да се соочите ќе излезете поумни, поискусни и како вистински херои. Затоа, без грижа.rnrn5 работи кои никој не ви ги кажува во вашите 20-тиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги поедноставите врските во вашиот живот

    Како да ги поедноставите врските во вашиот живот

    Сѐ што ни се случува е резултат на нашето однесување и нештата кои ги правиме и чувствуваме. Навистина, не може да се влијае на сѐ бидејќи некои работи не се во наши раце, но за сите оние кои се, ние сме тие кои одлучуваме како да се справиме со нив и колку тие ќе влијаат на нас. Ова важи и за врските кои ги градиме. Тие ќе бидат комплицирани колку што сме и ние што повлекува дека навистина ќе почнеме да уживаме во нив дури кога ќе решиме што навистина ни е важно. Понатаму сѐ ќе оди многу полесно. Еве неколку совети како да ги поедноставите работите:rnrnholding handsrn

    Не ја барајте и не ја очекувајте љубовта и поддршката од други кога вие сте тие кои можете да си ја дадете себеси

    rnСамодоверба, самопочит и самољубов пред сѐ.rn

    Прифатете ги своите маани така што ќе се соочите со нив

    rnНиту една врска не може да функционира сѐ додека партнерите не станат свесни за своите доблести и недостатоци.rn

    Престанете постојано да се споредувате со други луѓе

    rnСите сме различни, па логично е сите различно да функционираме и тоа не значи дека нешто не е во ред со вас.rn

    Оставете ги другите да бидат тоа што се

    rnДобрата врска бара две работи, а тие се ценење на сличностите, но и почитување на разликите меѓу партнерите.rn

    Бидете почувствителни

    rnЛаднокрвноста не води никаде, а дури и кога не се чувствувате убаво обидете се да бидете фини со останатите.rn

    Изразувајте љубов почесто

    rnДелата зборуваат многу повеќе од зборовите, а некогаш ни е потребно токму тоа, да почувствуваме нечија љубов и разбирање.rn

    Престанете да ги осудувате другите

    rnЗошто мислите дека сте подобри од другите? Заборавете на момент на осудата која сте ја подготвиле и обидете се навистина да погледнете во некого.rnrnFour Women Friends at the Beachrn

    Почнете да верувате дека правите разлика

    rnВие сте некој и нешто за луѓето на кои им значите, па и тоа што го правите, дури и кога не ви изгледа така, навистина влијае на нив.rn

    Една изгубена битка не значи изгубена војна

    rnАко нешто не ви излегло како што било предвидено и замислено, не дозволувајте да ви го расипе целиот ден. Многу работи не го заслужуваат тоа.rn

    Почнете да го правите тоа што е исправно за вас

    rnВие сте си сами себе на прво место. Потоа останатите. Бидејќи како поинаку можете да му помогнете на некој друг?rn

    Не мора секогаш да сте во право

    rnПрифатете дека не секогаш вашето решение е она вистинското и помирете се со тоа.rn

    Запрашајте се дали тоа што го правите повредува некого

    rnСѐ што правите е во ред сè додека тоа не повредува никого.rn

    Надворешната убавина не е толку важна

    rnФокусирајте се за промена на тоа каква личност сте и дали ако вие бевте на спротивната страна ќе сакавте да бидете со некој како вас?rn

    Посветувајте поголемо внимание на малите нешта

    rnТие се работите кои на крајот на денот нè радуваат така? Кога ќе почнете почесто да ги забележувате и применувате, сѐ некако ќе биде поубаво.rnrn(3)-Kako-da-gi-poednostavite-vrskite-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    Не ги присилувајте другите на нешта кои не им се допаѓаат, а ни вие не ги толерирајте оние кои ви го прават тоа на вас

    rnПрисилувањето и убедувањето на сила само ја зголемуваат јамата меѓу луѓето.rn

    Поддржувајте ги другите повеќе

    rnНекогаш самата поддршка може да смени многу, а е неизмерно потребна секому. Дадете им до знаење на оние кои ви значат дека забележувате и дека сте тука за нив.rn

    Престанете да земате сѐ при срце

    rnОбидете се за промена да ги согледате работите од друг агол. Можеби тоа што ви е кажано или направено нема никаква врска со вас.rn

    Искрените грешки заслужуваат преодна карта

    rnНе мора за секоја можна и најмала грешка да се лутите. Уште ако е и ненамерно направена, тогаш вреди да се занемари.rn

    Не драматизирајте толку

    rnНе е можно сѐ да го заслужува истото внимание ниту, пак, вие мора сѐ да анализирате како да е крај на светот.rn

    Простете си за болката која сте ја нанеле во минатото

    rnЧувството на вина и жал навистина тежи дури и премногу, а ќе се ослободите од него само кога ќе си простите себеси.rn

    Не очекувајте премногу

    rnОчекувањата носат разочарувања, а тие не се никогаш добри. Ценете го тоа што го имате и работете на останатото со надеж, но немојте да очекувате ништо од никого.rnrn(4)-Kako-da-gi-poednostavite-vrskite-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    Бидете искрени за вашите чувства

    rnКога навистина ќе можете да бидете искрени за тоа како вие се чувствувате, тогаш ќе можете да поставите основа за цврста врска.rn

    Тргнете се од луѓе кои ве омаловажуваат

    rnЗа жал, секогаш ќе постојат такви луѓе. Но изборот е ваш дали ќе им дозволите да ве омаловажуваат или ќе заборавите на нив и ќе почнете навистина да верувате во себе.rn

    Дајте си го целото одобрување кое ви е потребно

    rnЗа некои работи ни се потребни неверојатно многу сила, одлучност и секако, нечие одобрување. Вие ги поседувате сите овие работи.rn

    Не кажувајте да ако мислите не

    rnКажувајте го својот став јасно и гласно и изборете се за тоа што го сакате и можете.rn

    Комуницирајте појасно

    rnНикој не е видовит и не чита мисли, па мора да ги изразувате мислите и чувствата и да кажувате што ви лежи на душа. Чувањето во себе може да ги влоши работите.rn

    Не сте секогаш вие центарот на случувањата

    rnДозволете им и на другите да дојдат до збор и за промена ислушајте ги вие нив.rn

    Започнете да живеете со 100 проценти интегритет

    rnБидете искрени и верни на својот збор и кон другите. Направете ја исправната работа. Интегритетот е патот кон успехот и многу поедноставниот живот.rnrn(5)-Kako-da-gi-poednostavite-vrskite-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnДобрите врски не паѓаат од небо. Тие се градат од темел и потребни се волја, трпение и разбирање и од двете страни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 моќни тајни кои ќе ви помогнат да градите подобри односи

    20 моќни тајни кои ќе ви помогнат да градите подобри односи

    Автор: Маја МиноскаrnrnОдносите со луѓето се комплексна работа, треба да се стремиме да бидеме подобри за другите, додека истовремено не смееме да се запоставиме себеси и на себе да си наштетиме. Овие 20 мудри тајни од книгата „Мистичниот пат до космичка моќ“ од Вернон Хаурад ќе ви помогнат во градењето подобри и поквалитетни односи со луѓето.rnrn1-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mkrnrn1. Кога ќе се сретнат двајца луѓе, во поголема предност е секогаш оној кој подобро се познава и разбира себеси. Тој/таа ќе биде посмирен, посамоуверен и порелаксиран со другите.rnrn2. Никогаш не дозволувајте туѓото однесување да влијае на вашите чувства.rnrn3. Обрнете помалку внимание на тоа што луѓето го кажуваат и прават. Наместо тоа, обидете се да ги согледате нивните најдлабоки мотиви за тоа што го зборуваат и прават.rnrn4. Пријателството во кое треба да ги потчините вашата личност и достоинство на другата личност не е како што треба.rnrn4-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mkrnrn5. На некој мистичен начин, не постои разлика помеѓу вас и која било друга личност. Затоа, не можеме да повредиме некого без да се повредиме самите себе, ниту да помогнеме на некој без да си помогнеме себеси.rnrn6. Штом се ослободите од сите непотребни барања насочени кон другите луѓе, веќе не можете да бидете повредени или измамени.rnrn7. Кога ќе престанете гневно да се браните себеси од неправедните озборувања, вие сте еден чекор поблиску до психолошката зрелост. Едно е сигурно, отпорот го нарушува умствениот мир.rnrn2-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mkrnrn8. Вие ги разбирате другите точно до оној степен колку што се разбирате самите себеси. Работете повеќе на себезапознавањето.rnrn9. Не стравувајте во целост да го искусите сето она што ви се случува во односите, особено болката и разочарувањата. Правете вака за да ви стане сè појасно.rnrn10. Личноста која навистина знае што значи да сакаш, не се вознемирува кога нејзината љубов е незабележана или одбиена.rnrn11. Ако на болен начин изгубите важен пријател, не тргнувајте веднаш во потрага по нов со цел да го замените претходниот. Ваквата акција ве спречува да си ја анализирате болката, но и да се ослободите од неа.rnrn5-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mkrnrn12. Не плашете се да бидете „никој и ништо“ во социјалниот живот. Ова е побогата и подлабока вистина од она што може да се види на површината.rnrn13. Секое непријатно искуство со друга личност е можност да ги видиме луѓето такви какви што се, а не на начинот на којшто погрешно сме ги идеализирале. Колку понепријатна е другата личност, толку повеќе ќе ве научи на нешто.rnrn14. Возможно е да се ослободите од чувството на повреда и неправда, потоа дури ќе ви биде чудно кога ќе чуете како другите се жалат за вакви работи.rnrn15. Не можеме да препознаеме добра особина кај некого доколку и самите не ја поседуваме. Потребни се трпение и вистинска љубов да ги препознаеме доблестите кај друга личност.rnrn16. Не мешајте ги копнежот и љубовта. Копнежот трескавично нè носи во потрага по нови и нови задоволства, додека љубовта е таму каде што сте вие самите.rnrn3-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mkrnrn17. Има луѓе кои го сакаат прекрасниот живот, и други кои не го сакаат. Секогаш стремете се да се бидете на страната на позитивните и да ги поддржите и охрабрите останатите.rnrn18. Мора да престанете да живеете со стравот што другите ќе мислат за вас и што вие ќе мислите за себе.rnrn19. Не се стремете да бидете сакани; работете на себе да бидете оригинални. Оригиналните луѓе се сакани.rnrn20. Најголемата љубов што може да ја понудите на друг е вашиот внатрешен живот, оној кој ги привлекува другите, да го претворите во искрен пример за добрина.rnrn6-20-mokjni-tajni-koi-kje-vi-pomognat-da-gradite-podobri-odnosi-kafepauza.mk

  • 15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

    15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

    Среќата не е дестинација каде треба да се стигне, среќата едноставно е пат низ животот, начин на размислување и гледање на нештата. Кога ќе ги погледнете среќните луѓе сфаќате дека тие шират топлина, љубезност и разбирање, дека се чувствуваат удобно во својата кожа и се прифатиле себеси такви какви што се. Најважно од сè тие не се преокупирани со наоѓање среќа бидејќи знаат дека таа е пред нив, спакувана во сите мали животни задоволства. Еве за што не се грижат навистина среќните луѓе и за што не треба да се грижи никој од нас.rnrn15 нешта за кои не се грижат среќните луѓеrn

    1. Материјалните работи

    rnСекако, материјалните работи се важни, и како што некој рекол подобро ќе плачам во Ферари отколку во Југо. Но, дали материјалните работи треба да ни бидат главниот фокус во животот? Дали се мерило за нашата среќа? Не. Одберете да си ја вршите работата со страст и љубов, да дадете најмногу од себе за да разубавите нечии животи, а кога одвреме-навреме ќе се слеат пари, бидете задоволни, но не зависете од нив. Луѓето кои се зависни од материјалните нешта ја наоѓаат својата лажна среќа во нив и никогаш не им е доста, никогаш нема да бидат исполнети ниту пак вистински среќни.rn

    2. За она што ќе го добијат за возврат

    rnНе е добро дело доколку очекувате награда, и никогаш нема јасно да ги видите „сметките“ колку сте дале и колку ви должат. Наместо да се преокупирате со тоа, живејте слободно, правете добри дела не очекувајќи „исплата“ за истите.rn

    3. За очекувањата и нормите на општеството

    rnПостојаните обиди да ги задоволите другите и да се вклопите негде може да бидат стресни и да влијаат многу лошо на вашата среќа. Наместо тоа, живејте го животот на ваш начин. Да, многу полесно е да се каже отколку да се направи, но претпоставувам за тоа е потребно вежбање. Почнете да се ослободувате себеси и да се чувствувате удобно во својата кожа. Бидете свои и со тек на време тоа ќе ви стане навика. Наместо да следите некои здодевни веќе поставени шеми, вие создавајте свои правила. Никој не гради среќно постоење со обидите да се вклопи некаде или да биде нечија копија, нели?rn

    4. За предрасудите на луѓето

    rnЛуѓето имаат многу предрасуди, најчесто со цел да се чувствуваат подобро самите за себе бидејќи им недостига самодоверба. Среќните луѓе не се грижат за предрасудите на општеството бидејќи знаат дека тие се поставени од личности кои се борат со своите комплекси. Во живеењето на својот сон нема да ги попречи нивниот пол, возраст, висина, потекло, боја на кожа и сл.rn

    5. За нечија дозвола

    rnНели е заморно да се живее со постојана потреба да се задоволат сечии барања? Што правиме доколку за сè чекаме зелено светло од некој друг? Можеби токму на тој начин го одлагаме нашиот исполнет живот. Никогаш нема сите да се согласуваат 100% со вас и секогаш ќе има некој кој ќе ве гледа со сомнеж. Вие сепак продолжете и сторете го она што сте го наумиле. Не дозволувајте ничие мислење да ве обесхрабри.rn

    6. За потребата постојано да се во право

    rnНема некој кој знае сè и кој има одговори на секое прашање. Бидете отворени за нови лекции и не поставувајте се како супериорни личности кои знаат сè што треба да знаат за животот. Не секогаш ќе бидете во право и тоа е во ред. Слушнете што другите имаат да ви кажат. Некогаш најголемите лекции доаѓаат кога најмалку ги очекувате.rn

    7. Не се зависни од погодно опкружување

    rnЗошто да се преокупирате со вашето опкружување и да дозволите тоа да ви биде пречка во животот? Променете го она што не ви одговара, прифатете го она што не може да го промените, дајте сè од себе. Никогаш околностите нема да бидат совршени, сепак одберете да дејствувате.rn

    8. За споредување со другите

    rnПостојаното споредување со другите е нездрава навика која ве спречува да живеете слободно. Никогаш нема да знаете како им е на другите и никогаш нема да ја согледате објективната слика. Наместо тоа, одберете да се споредувате самите со себе. Гледајте секој ден да станувате подобра верзија од себеси.rnrn15 нешта за кои не се грижат среќните луѓеrn

    9. Не се мешаат во туѓите животи

    rnМешањето и зборувањето за туѓите животи е само показател дека твојот живот не е доволно возбудлив и исполнет. Среќните луѓе одбираат да си ги средат сопствените дворови наместо да зборуваат за туѓите.rn

    10. Не се грижат за озборување

    rnОзборувањето е плитка карактеристика на луѓето кои немаат попаметна работа, и среќните луѓе се свесни за тоа. Озборувањата се шират како вирус и со секое прекажување добиваат нова форма. Одберете да не го пополнувате слободното време со ваква активност и да ја запознаете личноста сами наместо да ја оцените според тоа што другите зборуваат.rn

    11. Не трошат време на отровни врски

    rnБез разлика дали станува збор за љубовна или пријателска врска, секој од нас искусил токсична врска која ви ја зема позитивната енергија и не ви дозволува да живеете слободно. Да, можеби на почетокот ќе ви биде тешко отсечно да пресечете и ставите крај, но за брзо ќе си бидете благодарни самите себе. Опкружете се со позитивни личности кои ве надградуваат и ве мотивираат да го истакнете најдоброто од себе, само така може да бидете среќни.rn

    12. Не чуваат омраза и лоши мисли

    rnОдберете да им простите на луѓето од вашето минато, не заради нив туку заради самите себе. Чувањето омраза во себе и памтењето на лошите работи само се пласти слој по слој уништувајќи ве и оневозможувајќи ви да живеете слободно.rn

    13. Не обрнуваат внимание на лагите

    rnСекој лаже понекогаш, само што некој лаже навистина често. Среќните луѓе не се грижат за оние кои шират лаги и невистини за нив или за нивните пријатели и блиски. Таквите личности едноставно ги игнорираат.rn

    14. Не трошат време на самосожалување

    rnПонекогаш животот не е фер, и не само кон поединци туку кон сите. Наместо да заглавите во шема на самосожалување, вперете го прстот најпрво кон себеси. Што вие може да направите за да ја подобрите ситуацијата? Ако животот ви зададе удар а вие одберете да останете на земја сожалувајќи се, никогаш нема да се исправите на нозе и да се обидете повторно.rn

    15. Не размислуваат за одмазда

    rnКроењето планови за одмазда ви троши скапоцено време и ја цица позитивната енергија. Секој може да му згреши некому, некогаш и несвесно. Ослободете се од тој товар и дозволете вашиот слободен, среќен и успешен живот да зборува наместо вас.

  • 5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјето

    5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјето

    Од подобар имунитет до подобар сон, еве како пријателството и социјалните врски го подобруваат вашето здравје. Причина повеќе да бидете подружељубиви уште од денес!rnrn5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјетоrn

    1. Поголем имунитет

    rnСпоред едно интересно истражување спроведено од страна на Списанието на американското медицинско здружение, луѓето кои редовно ги одржувале врските со пријателите и колегите од работа, се поимуни на настинки и вируси. Имено, истражувањето било спроведено така што на здрави луѓе им биле дадени капки за нос кои носеле вирус. Оние кои одржувале 6 или повеќе видови социјални врски (на пример, колеги од работа, познајници, соседи, блиски пријатели и слично), имале дури 4 пати помала веројатност да се разболат од оние кои одржувале помалку пријателства.rn

    2. Помалку стрес

    rnИстражувачите од Универзитетот во Лондон го измериле нивото на кортизол (еден од показателите на хроничен стрес), 30 минути по будењето на испитаниците. Откриле дека нивото кај осамените личности е за 21% повисоко отколку кај социјално активните.rn

    3. Подобри когнитивни способности

    rnДружењето и комуникацијата се вежби за вашиот мозок. Оние кои почесто се во некаква интеракција со другите имаат подобри когнитивни способности. Едно истражување на американското списание за јавно здравство спроведено меѓу постарите жени, открило дека ризикот за појава на деменција (оштетување на мозокот и нарушување на менталните процеси), е за 43% помал кај оние кои секојдневно се среќавале и комуницирале со пријателите.rnrn5 неверојатни начини како пријателството ви го подобрува здравјетоrn

    4. Понизок крвен притисок

    rnИстражувањата покажале дека луѓето со хипертензија (висок крвен притисок), кои се во добра комуникација со своите пријатели имаат за третина помала веројатност состојбата неконтролирано да им се влошува. Во друго истражување каде состојбата на испитаниците се следела 4 години, се докажало дека оние кои не се осамени имаат понизок крвен притисок од оние кои се социјално изолирани.rn

    5. Подобар сон

    rnВо едно истражување спроведено од страна на Списанието за психолошка наука, истражувачите ја следеле состојбата на студентите и донеле заклучок дека оние кои се поповрзани со своите колеги во просек заспиваат за 14 минути побрзо и минуваат помалку време будни во текот на ноќта, за разлика од оние кои биле помалку друштвени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

    Митови за мажите кои не се ни блиску до вистината

    Мажите се мистериозни, но од друга страна и жените знаат да бидат. За двата пола кружат голем број митови, кои често се обични измислици. Ова се неколку од најпознатите митови за мажите кои не држат вода.Митови за мажите кои не се ни блиску до вистинатаrn

    Мислат на секс по цел ден

    rnОвој мит со сигурност сте го чуле. Според митот, мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди, што автоматски значи дека по цел ден мислат само на секс. Едно истражување што го направил институтот „Kinsey“ покажува дека 54% од мажите мислат на секс секој ден, додека 43% мислат на секс неколку пати неделно. Постојат и мажи кои уште поретко помислуваат на секс.rn
    rn

    Не сакаат многу да зборуваат

    rnПостојат истражувања кои покажуваат дека жените изговараат повеќе зборови од мажите во текот на еден ден. Сепак тоа не е вистина, бидејќи и мажите и жените зборуваат отприлика исто, а во некои случаи мажите се и позборлести. Очигледно проблемот лежи во тоа што жените поретко знаат да поставуваат вистински прашања.rn
    rn

    Не сакаат врски

    rnОвој изговор сѐ уште им дава сила на жените да прејдат преку фактот дека налетале на незгоден тип. Истражувањата покажуваат дека само 20% од мажите не сакаат туку-така да влезат во врска, додека остатокот од нив многу лесно се впуштаат во врска.rn
    rn

    Не сакаат жената да го направи првиот чекор

    rnОва најверојатно го измислиле посрамежливите жени, бидејќи повеќето мажи се изјаснуваат дека сакаат кога жените ја преземаат иницијативата. Доколку одбијат жена, тоа не значи дека ја одбиле затоа што таа го направила првиот чекор, туку бидејќи едноставно не им се допаѓа.rn
    rn

    Се плашат од успешни жени

    rnНекои од нив да, но поголемиот дел од мажите немаат проблем со тоа нивната понежна половина да биде успешна и да знае што сака. Оние кои се плашат од успешни жени, пополека стануваат вид во исчезнување.rn
    rn

    Големината на стапалата и дланките не значи ништо

    rnМитовите дека по големината на стапалата и дланките можеме да дознаеме колкав му е пенисот на еден маж се тотални бесмислици. Истражувањето на Универзитетот во Лондон, покажува дека едното со другото си нема никаква врска, што е добра вест за оние со мали дланки и стапала.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Што ни прават мобилните?

    Што ни прават мобилните?

    Вообичаено е во денешно време да сме во постојана комуникација со нашите мобилни телефони. Но, нели тоа прави да ја изгубиме комуникацијата едни со други? Краткиот филм „I Forgot My Phone“ иронично ја прикажува болната вистина за нашата врска со технологијата, заради која често пропуштаме да ги доживееме врските со другите луѓе и едноставно да учествуваме во убавите моменти од кои сме дел.rnrnШто ни прават мобилните?rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn