КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблиските

    4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблиските

    Кога би живееле во совршен свет, сите наши врски со луѓето би биле стабилни, цврсти, коректни и никогаш не би биле разочарани. Ужасно е кога ќе се разочарате од некој близок. Меѓутоа, вистината е дека порано или подоцна ќе мора да се соочите со одредени разочарувања. Без разлика дали станува збор за родител, дете, пријател или партнер, големи се шансите дека тие некогаш ќе ве разочараат.rnrn4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблискитеrnrnТоа можеби ќе ве натера да посакате да ѝ ставите крај на врската со човекот кој ве разочарал или да се оддалечите од него, но не треба веднаш да се откажувате. Разочарувањата не се последица од непријателскиот однос или недостатокот на љубов, туку од неисполнетите очекувања. Најголемата штета настанува кога ќе им дозволите на разочарувањата да се зголемуваат и полека да ги трујат вашите односи. Па, како треба да се справите со разочарувањата пред да ги уништат вашите врски со најблиските? Експертите препорачуваат да ги применувате следниве 4 совети…rn

    1. Покажете им на вашите блиски дека ги цените

    rnСпротивно на разочарувањето е ценењето. За да можете да ги надминете разочарувањата, најпрво треба да се цените себеси и другите. Почнете така што ќе го цените она што се случило наместо да се фокусирате на она што не се случило. На пример, замислете си дека сте го замолиле партнерот да расчисти по вечерата и гледате дека тој само ја собрал масата и ги ставил садовите во лавабо. Наместо да се лутите поради тоа што партнерот не ги измил целосно садовите, фокусирајте се на тоа дека ја исчистил масата и ги тргнал остатоците од храната.rnrnАко гледате на позитивната страна на нештата, ќе ги забележите сите работи што вашиот партнер ги направил за да помогне, а тоа порано или подоцна ќе доведе до она што всушност сте го посакувале. Со други зборови, ситуацијата не е толку лоша. Ако управувате со вашите очекувања на ваков начин, ќе почнете повеќе да го цените партнерот и да бидете позадоволни во врската.rn

    2. Намалете ги вашите очекувања

    rnНамалете ги, но не се откажувајте целосно од нив. Понекогаш луѓето немаат никакви очекувања од луѓето кои ги сакаат за да ги одбегнат разочарувањата. Но, тоа е исто толку лошо колку и превисоките и нереалистични очекувања. Најлесно ќе можете да го балансирате ова ако се фокусирате на она „што го имате“, а не на она „што би требало да го имате“. Сконцентрирајте се на реалноста, а не на вашите фантазии и нема да бидете толку разочарани од животот. Немојте да очекувате дека вашите блиски ќе се однесуваат лошо и неодговорно со вас. Ваквиот начин на размислување воопшто нема да ви помогне.rnrn4 промени што треба да ги направите за да не се разочарувате од најблискитеrn

    3. Комуницирајте

    rnЗапрашајте се искрено: Дали отворено сте ги кажале вашите очекувања? Дали сте биле јасни? Дали ве чуле и разбрале? Дали се согласиле да го направат или да ви го дадат она што сте го побарале? Многу често, разочарувањата потекнуваат од недоразбирањата. На пример, ако сте му кажале на вашето дете да си ја среди собата, а тоа само го наместило креветот и ја здиплило облеката, вие ќе го обвините дека е мрзеливо. Во реалноста, вашето дете не можело да знае дека кога сте рекле „среди ја собата“ сте мислеле на тоа да избрише прашина и да ги организира книгите. Ако правилно ги изразите вашите очекувања, вашите блиски ќе можат многу полесно да ги исполнат.rn

    4. Разберете дека не се сите како вас

    rnОва е многу важен чекор. Честопати очекуваме луѓето да постапат онака како што би постапиле ние. Вистината е ако вие знаете како да направите нешто, не значи дека и вашите блиски го можат истото и обратно. Вие можеби сте способни да направите совршен план за излегување со вашиот најдобар пријател со недели однапред, но тој можеби е поспонтан и не прави никакви планови. Сите имаат свои позитивни и негативни страни. Многу е важно да разберете дека не се сите исти. Ако очекувате од луѓето да го направат истото што и вие би го направило, разочарувањата се неизбежни.rnrnНајголемата вистина е дека не можеме целосно да ги одбегнеме разочарувањата, бидејќи тие се неминовен дел од животот. Добрите вести се што можете да управувате со вашите очекувања така што нема да им дозволите на разочарувањата да завладеат со вашиот живот и ќе можете да изградите успешни и стабилни врски со вашите најблиски.rnrnПрочитајте и кои се најголемите разочарувања во животот.

  • Науката ни покажува дека луѓето во отворени врски се посреќни

    Науката ни покажува дека луѓето во отворени врски се посреќни

    Неодамнешна студија открива дека луѓето во отворени врски се посреќни од оние што се во моногамни врски! Научниците од Универзитетот во Мичиген анализирале 2.100 парови над 25 години, од кои околу 1.500 биле во моногамни врски и околу 600 во отворени, односно немоногамни врски. Кога станува збор за тоа колку страсно љубат и колку се задоволни од партнерот, научниците не нашле разлики меѓу моногамните врски и оние во отворените. Но нивото на љубомора било пониско, а на довербата повисоко помеѓу оние што биле во отворени врски. Зошто се случува ова?rnrnНауката ни покажува дека луѓето во отворени врски се посреќниrnrnНајпрво, да почнеме со очигледната причина – тие почесто имаат секс! Сексот автоматски ги прави луѓето посреќни и биохемијата лесно може да го докаже тоа. Другата причина, што е многу поважна и од која може многу да се научи, е фактот што луѓето во отворените врски зборуваат повеќе во однос на оние во моногамните. Кога се гледате и спиете со повеќе луѓе, и притоа сте отворени за тоа, мора постојано да разговарате за вашите емоции и како се чувствувате.rnrnОтворените врски по природа се потешки, и едноставно нема простор за никаков вид несреќа. За тие да бидат успешни, луѓето мора да имаат толку добри комуникациски вештини што ако некогаш нè посетат вонземјани, владата би ги повикала токму нив за да воспостават прв контакт.rnrnКога сте во моногамна врска, многу е лесно да задржите некои работи за себе, како и да ги одложите тешките разговори за подоцна, односно за „вистинскиот момент“. А кога тој момент никогаш нема да дојде, несреќата скоро инстантно се појавува.rnrnСтудијата исто така открила и дека луѓето во отворени врски чувствуваат повеќе љубов и доверба кон нивниот примарен партнер, отколку кон останатите. Но, тука треба да се земе предвид дека не сите отворени врски вклучуваат повеќе партнери. Во оние каде што се случува тоа, луѓето не ја гледаат љубовта како нешто што пресушува, туку како бесконечна. Тоа е и причината поради која не ја мерат, туку различен е само начинот на кој се љуби.rnrnПрочитајте ги и овие 5 основни правила за отворени љубовни врски!

  • Дознајте кои 4 хороскопски знаци не можат да се замислат себеси во брак

    Дознајте кои 4 хороскопски знаци не можат да се замислат себеси во брак

    Сериозните врски не се за секого. Некои хороскопски знаци, како на пример Биковите и Рибите обожаваат долги врски, но не можат да донесат големи одлуки и целосно да му се отворат на партнерот. Некои, пак, без никаков проблем го кажуваат судбоносното „Да“. Но, постојат и хороскопски знаци кои полудуваат од самата помисла на брак. Тие ќе дадат сѐ од себе за да успее врската, но не можат да се борат против нивното чувство на страв од целосна посветеност кон една единствена личност. Во продолжение дознајте кои хороскопски знаци никако не можат да се замислат во брак…rnrnДознајте кои 4 хороскопски знаци не можат да се замислат себеси во бракrn

    Овен

    rnОвните секогаш играат според нивните правила. Ако сакате да започнете сериозна врска со Овен, мора уште на почеток да ги отворите картите. Можеби ќе ви се чини дека припадниците на овој знак не можат да се „врзат“ бидејќи не сакаат да си ја изгубат слободата, но не се работи за тоа. Најчесто, нивните партнери не можат да им го следат темпото и динамиката, па се откажуваат.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците поседуваат неверојатни комуникациски вештини. Меѓутоа, тие исто така се и многу неодлучни, па таа неодлучност ја надминува нивната комуникативност и преовладува во врската. Близнаците се одлични кога станува збор за врски без обврски, бидејќи не мора да донесуваат одлуки. Но, доколку почувствуваат дека сте им се доближиле повеќе одошто треба, можат да ве остават без око да им трепне.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се најсреќни кога се забавуваат со пријателите. Дури и кога се во врска, тие сакаат нештата да бидат едноставни, а не комплицирани. Ако врската тргне во посериозна насока, тие се повлекуваат по малку и во ваков случај најдобро е да не им вршите притисок, бидејќи можат да исчезнат засекогаш. Врската со Стрелец е многу интересна. На почетокот ќе мислите дека им е убаво и дека се навикнале на идејата да бидат во сериозна врска. Но, откако ќе сфатат дека сето тоа навистина се случува, ќе почнат да се враќаат на старите навики, бидејќи ќе се исплашат дека постои можност да ја изгубат слободата.rn

    Водолија

    rnВодолиите се најдобри кога станува збор за врски засновани на длабока поврзаност и блиски пријателства. Ќе ви биде тешко да процените што им се мота во главата на припадниците на овој знак, така што добро размислете пред да започнете нешто сериозно со нив. Дури и најмалите ситници можат да ги оддалечат. Не е важно дали сте биле заедно 6 месеци или 6 години, тие можат да се премислат кога најмалку очекувате и целосно да го сменат нивното однесување. Тоа го прават кога сѐ е како што треба во врската и не знаат како да реагираат. Никогаш нема да дознаете што точно се случило и каде сте погрешиле.rnrnВо продолжение прочитајте кои хороскопски знаци никогаш не би требало да бидат во врска.

  • Видови сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот живот

    Видови сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот живот

    Многумина мислат дека поимот „сродна душа“ се користи за да се опише личноста со која совршено си одговарате од романтичен аспект. Меѓутоа, вистината е дека сродната душа може да се појави во најразлични форми и видови. И покрај тоа што не се сите сродни души љубовни, секоја од нив ќе остави длабок печат во вашиот живот на еден или друг начин.rnrnВидови сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот животrnrnНекои од нив ќе бидат присутни во вашиот живот само за момент, а други, пак, ќе останат со вас цела вечност. Во секој случај, несомнено е дека ќе се сеќавате на сите нив, бидејќи сите тие се појавуваат со причина. Ова се видовите сродни души што ќе ги запознаете во текот на вашиот живот…rn

    Пријателска сродна душа

    rnОва е личноста која ќе ви биде најдобар пријател засекогаш. Веднаш штом сте се запознале сте знаеле дека ќе бидете пријатели, бидејќи веќе сте се чувствувале како да се познавате целиот ваш живот. Ова е личноста со која можете да зборувате со часови и која секогаш ќе биде тука за вас. Таа ве разбира подобро од вас самите. Грижете се за ова пријателство и никогаш немојте да го земате здраво за готово.rn

    Разурнувачка сродна душа

    rnОвој вид сродна душа ќе се појави во вашиот живот со една единствена причина: Да ви предизвика немир. Ваквите луѓе доаѓаат кога ви треба промена на погледот кон работите. Тие ќе ве поттикнат одново да размислите за вашиот живот и идните планови. Веднаш ќе знаете дека оваа сродна душа влегла во вашиот свет, бидејќи таа се појавува како ураган на љубов и страст. Без размислување ќе се препуштите на моментот, поради тоа што никогаш претходно не сте почувствувале таков занес.rnrnНо, исто како што бурата завршува не оставајќи зад себе ништо друго освен хаос, така и оваа сродна душа ќе замине од вашиот живот. Единствената разлика е тоа што ќе се развиете во поинаква личност и ќе ги искористите остатоците од врската како основа за нешто поцврсто и подолготрајно.rnrnВидови сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот животrn

    Страсна љубовна сродна душа

    rnОвие сродни души доаѓаат во нашите животи за да нѐ научат на нешто што ќе ни биде корисно подоцна во животот. Тие може да се појават во форма на нашата прва љубов, тајна афера или пријател со придобивки. Ваквите врски се развиваат полека и постепено прераснуваат во нешто значајно. Со оглед на тоа што и двајцата сте научиле многу работи еден од друг, вашата врска нема така лесно да се раскине. Овие сродни души честопати остануваат пријатели подолго време.rn

    Непозната сродна душа

    rnСтанува збор за личност која ќе ја сретнете сосема случајно додека патувате со авион, автобус, на забава или додека одите по улица. Веднаш ќе почувствувате дека го познавате човекот, иако не можете да се сетите од каде. Ако верувате во претходни животи, постои можност дека оваа личност сте ја сретнале во минатото. Можеби ќе размените само неколку збора, но тие ќе бидат од големо значење. Оваа сродна душа ќе ви го каже токму она што сакате да го чуете во тој одреден момент. Без разлика дали ќе се работи за потврда или совет, врската што ќе се создаде меѓу вас ќе биде краткотрајна, но многу лична.rn

    Божествената љубовна сродна душа

    rnОва е сродната душа на која повеќето луѓе мислат кога ќе го употребат поимот „сродна душа“. Станува збор за личноста која сите сакаме да ја пронајдеме во животот. Ако имаме среќа да ја најдеме, тоа значи дека ни било пишано да го поминеме целиот живот заедно. Ова се најмоќните сродни души од сите останати. Нема да имате никаков сомнеж дали е таа вистинската кога ќе ја сретнете, бидејќи веднаш ќе се препознаете, ќе имате чувство дека отсекогаш сте се познавале, меѓу вас ќе се развие прекрасно пријателство и ќе се роди длабока, страсна и чудесна љубов каква што не сте доживеале никогаш дотогаш.rnrnДоколку сметате дека можеби сте ја пропуштиле вашата сродна душа, прочитајте за овие 11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души.

  • 6 големи грешки коишто ги уништуваат семејните врски

    6 големи грешки коишто ги уништуваат семејните врски

    Семејството треба да биде основниот извор на љубов, прифаќање и поддршка на една личност. За жал, многу од семејствата го немаат ова и не прават работи коишто би го смениле тоа. Разбирањето на проблемот е првиот чекор кон пронаоѓање на решението, а овие се 6-те најчести работи коишто го уништуваат поширокото семејство.rnrnrn

    1. Навреди и критикувања

    rnЗборовите имаат одредена тежина, а во некои случаи може да бидат претешки за некоја личност. Кога се однесувате нељубезно кон членовите од вашето семејство, вие ги повредувате нив, па наместо охрабрување и поддршка, со негативните зборови ги уништувате семејните односи. Некои може да мислат дека зборовите се кажани во брзина и без размислување, но вистината е дека навредливите зборови болат, кога било да се изговорени. Навредите и критиките создаваат јаз во семејните врски, а за да ја поправите таа штета потребно е време и позитивни интеракции. Но, не сите навреди може да се поправат, затоа, бидете внимателни со вашите зборови и потсетете се дека семејството е вашата најголема поддршка во животот. Потсетете се на старата поговорка која вели: „Ако немате нешто убаво да кажете, подобро не кажувајте ништо.“rn

    2. Озборување

    rnОзборувањето е многу штетно. Најчестите озборувања се случуваат кога некој е вознемирен од нешто во врска со лицето за коешто се озборува. Тоа може да направи привремено да се чувствувате подобро, но на крајот тоа нема да го реши проблемот. Ако имате проблеми или нејасности со некој во семејството, тогаш обратете им се директно на нив, без притоа во сето тоа да го инволвирате целото семејство. Некои луѓе имаат навика да го прават ова, надевајќи се дека некои членови од семејството ќе застанат на нивна страна во одредена ситуација. Но, тоа претставува дополнителен проблем затоа што не помага, туку создава уште еден јаз во семејните врски. Дискутирајте за проблемите, но не зборувајте лошо за членовите на семејството зад нивниот грб.rn

    3. Недоволна вклученост во семејството

    rnВклучувањето на членовите во семејните работи е од исклучително значење. Дискутирајте за проблемите, заеднички правете планови и споделувајте ги моментите од животот. Честопати неуспехот доаѓа токму поради тоа што одредени членови се чувствуваат дека не се значајни и дека не припаѓаат во семејниот круг. Ако вашата цел е да постигнете семејно единство и љубов, тогаш обидувајте се да ги вклучите сите членови на семејството во семејните собири и одлуки. Не наоѓајте оправдување да не го направите тоа!rnrnrn

    4. Измами и лаги

    rnИзмамите се деструктивни за семејството, затоа што вистината секогаш преовладува. Понекогаш лагите може да траат со години и да бидат пренесувани од генерации на генерации, но еден ден сето тоа ќе излезе на виделина. Ако не можете да бидете искрени со семејството, тогаш со кого би можеле? Лагите и измамите ја уништуваат довербата која треба да постои во едно семејство и колку е поголема лагата, толку е поголем и јазот во семејните врски. Запаметете дека вашите акции оставаат длабоки траги не само во сегашноста, туку и за генерациите коишто доаѓаат. Колку и да е тешка лагата, најчесто е подобро да бидете отворени и да ја признаете вистината.rn

    5. Не ги прифаќате разликите

    rnДецата коишто растат во ист дом, со исти родители, иста дисциплина и исти насоки во животот, нема да бидат исти со своите браќа и сестри кога ќе пораснат. Сите ние сме различни, затоа, дозволете им и на другите да бидат различни. Само затоа што сте од исто семејство не мора да значи дека треба да ги делите истите ставови. Луѓето кога ќе пораснат имаат различни избори и различен животен стил, но тоа не е причина да ги осудувате. Ако едно семејство не е подготвено да ги прифаќа разликите, тогаш во основа тоа не е вистинско семејство. Прифатете ги луѓето онакви какви што сте, затоа што тоа е вистинската форма на љубов.rn

    6. Не простувате и не се извинувате

    rnИзвинувањето и простувањето се едни од најмоќните работи коишто го држат семејството обединето. Никој не е совршен, па затоа во одреден момент вие може да му згрешите на некој член од семејството. Тогаш е потребно да ја отфрлите гордоста и да се извините. Со ова вие ќе дадете до знаење дека вам ви е важна таа личност и дека не сакате да има недоразбирања помеѓу вас. Доколку пак не се извините, вие оставате впечаток дека таа личност не ви е битна и дека не ви се важни нејзините чувства. Не е неуспех доколку се извините, туку тоа е одраз на силниот карактер. Бидете голем човек и извинете се кога ќе погрешите. Доколку пак вам некој ви згреши и ви се извини, бидете човечни и простете. Покажете ја вашата прошка со постапки ако не можете со зборови, затоа што честопати постапките зборуваат погласно од зборовите!

  • Зошто луѓето се откажуваат од љубовта кога работите ќе станат малку потешки?

    Зошто луѓето се откажуваат од љубовта кога работите ќе станат малку потешки?

    „Никогаш не губите љубејќи. Губите поради тоа што се држите настрана.“ – Барбара де Анџелис

    rnНа сите ни се познати чувствата на љубов, страст, желба и флерт. Сите знаеме како се чувствуваме кога сакаме некој. Но, дали знаеме доволно што значи да се биде во врска? Да се биде заедно, да се учи и расте еден покрај друг? Секоја врска е уникатна и убава на свој начин, но дали ние на нашата врска гледаме со вистинска љубов?rnrnrnrnЖивотниот тренер, Гарисон Коен, зборува за теоријата на односите на тој начин што користи овошје како метафора. Тој вели дека како луѓе, ние секогаш сме возбудени од слаткото, сочно овошје, односно од надворешниот слој. Тоа е вкусно и ние со задоволство го јадеме. Сепак, кога ќе стигнеме до неговата внатрешност, до семките, ние го фрламе сметајќи дека тоа не е корисно. Она што не го цениме е дека всушност тие семки можеме да ги посадиме и повторно да се роди нов живот. Тоа е извор на нов живот, а ние го третираме како да е сосема бескорисно, бидејќи не ни дава моментално задоволство. Ние не чекаме да видиме каков живот би се родил.rnrnЗамислете ја вашата врска како ова овошје. Влегувате во фазата на меден месец и уживате во слатките меѓусебни моменти. Но, потоа можеби работите нема да се одвиваат толку добро. Можеби при вашите дискусии ќе стигнете до точка каде што нема да се согласувате еден со друг. Тогаш ќе се појават нови проблеми, така што и двајцата би се исплашиле од она што се случува, а некој можеби ќе сака да побегне од тие проблеми, плашејќи се да се соочи со нив. Секако дека постојат и големи причини поради коишто луѓето се одлучуваат да заминат, но неретко и ние самите сме виновници што прерано ги напуштаме работите. Кога ги проголтуваме зрелите плодови и се соочуваме со внатрешноста, односно со семето, ние се откажуваме и одлучуваме да не продолжиме понатаму. Не си оставаме доволно време да видиме што ќе се случи и што ќе се роди кога ќе ја вкусиме внатрешноста, онаа којашто не е толку сочна и слатка.rnrnrnrnВнатрешноста на овошјето ги претставува недостатоците на човекот коишто се неизбежен дел. Семките се исто така дел од овошјето и нивната улога е многу важна. И доколку си дадеме време да ги прифатиме недостатоците онакви какви што се, си даваме себеси потенцијал да растеме. На овој начин можеме да погледнеме во своите потемни делови, во себичните делови од нашата личност. Знаеме дека никој не е совршен и дека сите го правиме најдоброто со она што го имаме. Секогаш треба да дадеме шанса за да ги подобриме односите, да разбереме дека треба да ги негуваме и да се грижиме за нив. Секогаш можеме да најдеме нешто убаво во мааните. Ова не значи дека треба по секоја цена да бидеме со некој што не ни одговара, но, треба да се потрудиме мудро да им се спротивставиме на недостатоците. Многу е важно да умееме да ги цениме тешките времиња и да ги сфатиме како неопходен дел од сечиј живот, коишто заедно со убавите моменти ја сочинуваат рамнотежата во животот. Не би можеле да го видиме летото доколку најпрво не ја искусиме зимата. Исто така не можеме да имаме овошје без семе.rnrnВо врските имаме потенцијал да искусиме извонредна авантура со друга личност. Доколку не би избегале веднаш штом малку ќе се влошат работите, тогаш си дозволуваме себеси да учиме, да сакаме и да станеме позрели личности. Така, ние би уживале во побогат живот за разлика од оние коишто се само на површината, јадејќи ги само добрите делови.rnПа, наредниот пат кога ќе земете овошје, погледнете го подетално и потрудете се да го видите животот којшто живее внатре. Потоа, оставете го некаде каде што ќе знаете дека ќе прерасне во вистинска убавина.

  • Интересен психолошки тест кој ќе ви открие какви односи остварувате со луѓето

    Интересен психолошки тест кој ќе ви открие какви односи остварувате со луѓето

    Секој човек го интересира каков впечаток остава кај другите луѓе и што навистина мислат тие за него. Ако се сметате себеси за комуникативни и друштвени, можеби овој психолошки тест ќе го докаже токму спротивното бидејќи сигурни сме дека постојат некои скриени страни од вашата личност за кои ни самите не сте свесни. Какви се вашите односи со љубовниот партнер? А со вашиот круг на пријатели? Погледнете го видеото и направете го овој интересен тест кој ќе ви открие сѐ што треба да знаете за психологијата која стои зад вашите односи и врски во животот.rnrnrnrnОбидете се да одговорите на следниве прашања…rnrn1. Замислете си го вашето омилено животно. Размислете за тоа како ова животно прави да се чувствувате. Кои придавки би ги употребиле за да го опишете?rnrn2. Замислете друго животно. Што го прави ова животно посебно?rnrn3. Замислете си ја вашата омилена боја. Што ве привлекува кај оваа боја? Кои придавки би ги употребиле за да ја опишете?rnrn4. Замислете си некоја водена површина. Дали е голема или мала? Мирна или брза?rnrn5. Замислете си дека сте во некоја бела соба. Во собата нема ниту прозорци, ниту мебел, но е добро осветлена. Како се чувствувате во оваа соба?rnrnГи запаметивте одговорите? Проверете што откриваат тие за вашата личност…rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение” active=”false”]rnrn1. Првото животно го претставува она што го цените кај партнерот.rnrn2. Второто животно кажува како се гледате себеси.rnrn3. Бојата што ја одбравте кажува како другите ве гледаат.rnrn4. Водената површина ја претставува енергијата на вашата сексуалност.rnrn5. Белата соба покажува како се чувствувате во врска со смртта.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • 22 реченици што треба да ги чуете кога ви е најтешко

    22 реченици што треба да ги чуете кога ви е најтешко

    Сите сме имале тешки денови. Или недели. Некои дури и години. Но, најважно е покрај нас да имаме добри пријатели што ќе нè потсетуваат дека и ова ќе помине. А ова се дефинитивно работите кои треба да ни ги кажат кога ни е најтешко.rnrn(1) 22-raboti-shto-treba-da-gi-chuesh-koga-ti-e-najteshko-kafepauzamkrnrn1. Секоја личност околу вас некогаш се има чувствувано вака.rnrn2. Не сте сами во овие мисли, во овие стравови.rnrn3. Од друга страна пак, баш овие стравови и грижи што ги имате, ве прават човек и ве поврзуваат со луѓето околу вас кои поминале низ истото.rnrn4. Која било личност на која ќе помислите сега, поминала низ денови на несигурност и страв од светот. Дури и Стив Џобс имал денови кога се чувствувал ситен и немоќен.rnrn5. Размислете за сите оние мали работи од минатото што тогаш многу ве погодиле и растажиле, а денес се само дел од спомените.rnrn6. Сетете се дека за една година од сега, овие ваши грижи и проблеми ќе бидат само делче меморија.rnrn7. Ако се чувствувате изгубено и без правец, не значи дека сте слаби или неуспешни.rnrn8. Она што го правите секојдневно, и покрај напливот на овие непријатни чувства, е она што навистина сте.rnrn9. Секој мора да почне некаде.rnrn10. Само одберете каде.rnrn11. Никогаш не треба да правите нешто само затоа што другите сметаат дека така е правилно.rnrn12. Дружете се со луѓе кои имаат слични интереси како вас. Не се дружете со негативни луѓе.rnrn13. Имајте 5-минутно правило. Одвојте си пет минути во денот да се чувствувате лути, само да лежите, или да бидете исплашени. Дозволете си целосно да се соочите со вашите чувства.rnrn14. Кога ќе си дозволите пет минути да се чувствувате тажно или исплашено, ќе видите дека скоро сите околу вас се чувствуваат така во врска со некоја работа.rnrn(2) 22-raboti-shto-treba-da-gi-chuesh-koga-ti-e-najteshko-kafepauzamkrnrn15. Се соочувате со чувствата не за да пропаднете во нив, туку да им дозволите помирување, да изроните од нив со цврста желба да се борите.rnrn16. Мора да си признаете што навистина ве мачи за да можете да го решите тоа. Ниеден проблем не може да се реши без прво да се дефинира.rnrn17. Вие сте многу повеќе од грешките што сте ги сториле.rnrn18. И ова, како и сè претходно, ќе помине.rnrn19. Многумина мислат дека треба да се има детален план за да се издржат овие тешки денови. Вистината е дека воопшто не мора ни да се има план. Само треба да се продолжи. Да не се запира.rnrn20. Несигурноста и двоумењето неретко можат да нè спуштат на земја и да служат како врска со сите околу нас.rnrn21. Вие сте една ѕвездичка во универзумот, а таа ѕвездичка може да засвети во животите на многу луѓе.rnrn22. Некои од најинспиративните приказни кои сте ги чуле започнале со неуспех и несигурност. Направете ја и вашата таква.

  • Неколку причини поради кои треба да им бидеме благодарни на нашите бивши

    Неколку причини поради кои треба да им бидеме благодарни на нашите бивши

    Врските коишто се распаднале поради одредени причини, не се целосно бескорисни. Повеќето од нас ги мразат своите бивши, но сепак, мораме да признаеме дека тие нè научија на многу животни лекции. Доколку погледнеме наназад, од некој аспект можеме да кажеме дека залудно сме го трошеле времето, но не смееме да заборавиме дека учиме од минатото и со тоа се подготвуваме за иднината. Секогаш постојат работи на коишто нашите бивши нè научиле. Погледнете дел од нив.rnrnrn

    1. Ни покажаа што ни е потребно

    rnКога излегуваме од една врска, секогаш одиме напред со јасна визија за тоа што ни е потребно во наредната. Тоа го дознаваме од нашите бивши, па следниот пат јасно знаеме што сакаме.rn

    2. Ни покажаа што не ни е потребно

    rnДодека излегувањето од добра врска може да ни покаже што ни е потребно, лошите врски можат да ни покажат од што треба да се држиме настрана. Сигурно идната врска нема да биде идеална, затоа што не постои ништо совршено, но од нашите бивши можеме да научиме што ни пречи. Иако несвесно, нашите бивши нè учат на многу љубовни лекции.rn

    3. Нè научија да ги чуваме работите

    rnИ покрај познатиот ритуал за исфрлање на сите работи по завршувањето на врската, сепак, потајно задржуваме некои. По разделувањето, убавата кошула или прекрасниот накит ни изгледаат многу вредни, не затоа што сме емоционално поврзани со нив, туку затоа што тие се премногу удобни или скапи за да ги фрламе. Ова е уште една причина да им кажеме „Благодарам“ на нашите бивши!rn

    4. Нè направија слободни

    rnНе дека односите се премногу строго определени, туку одредените ограничувања доаѓаат природно. Врските се полни со компромиси, но по раскинувањето, секогаш постои чувство на слобода.rn

    5. Ни дадоа јасна визија

    rnДа не заборавиме да им се заблагодариме на нашите бивши што ни дадоа јасна визија пред да се разделиме. Често пати се лажеме самите себеси додека сме во врска дека сме потполно среќни и дека ништо не може да биде подобро од тоа, но реалноста е дека сè уште има работи коишто сме ги пропуштале. Статусот сингл ни овозможува да се вратиме назад во реалноста и да сфатиме дека на некој начин сме имале магла пред нашите очи. Во некои работи подобро е да уживаме сами.rn

    6. Конечно ни дозволија да бидеме себични

    rnДодека сме во врска правиме работи коишто се корисни и за двајцата, наместо да размислуваме само за себеси. Тоа е сосема нормално, но ограничувањето од некои работи не е секогаш добро. Бришењето на зборот „Јас“ од речникот, не е секогаш здраво. Па, едно искрено благодарам што тие конечно ни овозможија да бидеме себични и да размислуваме малку повеќе за себеси!rn

    7. Ни го дадоа сето тоа време

    rnЗаедно со нашите емоции, ние сме потрошиле и време на таа врска. Поминале месеци и години, за сето тоа да заврши празно. Откако нема повеќе да жалиме, ќе имаме многу време кое инаку би било залудно потрошено.rn

    8. Ни дадоа спомени

    rnКолку и да бидат болни спомените во првиот период по раскинувањето, неколку години подоцна, на нив ќе се присетиме со насмевка. Кога ќе помислиме на забавните моменти коишто сме ги поминале заедно, ќе бидеме благодарни на нашите бивши што ни ги дале сите тие спомени.

  • 5 различни гледишта на љубовните врски во зависност од возраста

    5 различни гледишта на љубовните врски во зависност од возраста

    Ако се наоѓате во вашите дваесетти години, веројатно сте забележале како со секоја измината година станувате сè помудри и помудри. Секако, секој би се согласил дека на врските гледаме многу различно во зависност од тоа дали имаме 20 или 25 години. Сигурно веќе можете да го забележите прогресот низ овие години, движејќи се напред сè до моментот кога ќе кажете „Сега сум возрасна личност.“ Па, како сте гледале на љубовта во вашите тинејџерски години, а како гледате на неа сега, како возрасни?rnrn5 различни гледишта на љубовните врски во зависност од возрастаrn

    15 – 18 години: Што правам, по ѓаволите?

    rnАх, средно училиште. Ова е периодот кога сѐ ви изгледа ново, а имањето момче ви значи многу, бидејќи имате шанса за нешто повеќе од насмевката што ќе си ја дадете еден на друг низ училишните ходници. Еден од вас вози автомобил или барем имате некој кој ќе ве однесе на кино. Првиот бакнеж веројатно бил ужасен и сте биле убедени дека нешто не е во ред со вас. Но, брзо сте сфатиле дека не бил во вас проблемот, туку во момчето кое не знаело како да ја контролира својата плунка.rnrnЛичноста со која излегувате во средно е некој кој мислите дека е сладок. Најверојатно вашата пријателка зборувала со негов пријател и така наместиле да се сретнете. Но, кога се држите за раце низ училишните ходници се чувствувате како најсреќните луѓе на светот, дури и ако вашето момче е чудакот кој со себе насекаде ја носи акустичната гитара.rnrnГолема е веројатноста дека ќе раскинете затоа што неговите пријатели му кажале дека не му сте потребни или затоа што почнал да ви се допаѓа неговиот сладок пријател.rn

    19 – 20 години: Константна потреба од возбуда

    rnОва се навистина критични години. Веројатно штотуку сте се запишале на факултет и сте во преодна фаза од животот. Оттаму подготвени сте за излегување со мажи, но реално знаете како да се справите само со момчиња.rnrnПрвите два семестари се за стекнување нови искуства и ќе се обидете да запознаете колку што може повеќе луѓе. Во главата секогаш ви се врти романтичната приказна на вашите родители од студентските денови, па си мислите дека секој дечко може да биде вистинскиот за вас. Па, кои сте вие да застанете на патот на судбината? Kога ќе се отрезните сфаќате дека новиот дечко воопшто не е ваша сродна душа. Но, кога сте пијани (а најчесто сте) се обидувате да го натерате да се обврзи на верност.rnrnЕвентуално ќе раскинете поради пијана караница, при која двајцата ќе признаете дека сте спиеле со друга личност.rn

    20 – 23 години: Дали е ова љубов?

    rnВеќе сте возрасни. Знаете толку „многу“ работи и после години измачување со некого само поради сексот, верувате дека имате доволно знаење и мудрост за конечно да ја пуштите љубовта да влезе во вашите животи. Ова е возраста кога излегувате со тип кој го мразат сите ваши пријателки, но никому не му е важно што велат тие осамени девојки.rnrnСте го запознале на некоја забава, како надвор сам пуши цигари. Тој не зборува многу, но ќе ви помогне да ја запалите вашата цигара како вистински џентлмен. А вие сте убедени дека започнала најголемата љубовна романса. Неколку месеци подоцна, сѐ уште се гледате, но од некоја непозната причина тој уште не ви е момче. И вие се измачувате исто како него, па разбирате дека е потребно време да се прифати љубовта. Понекогаш тој се однесува навистина лошо кон вас, но го прифаќате тоа бидејќи тој едноставно е бунтовник.rnrnМислите дека навистина ве сака, но не знае да го покаже тоа. Ви се чини дека сите се против вас, дека животот е тежок, а вие само сакате да уживате во вистинската љубов. Убедени сте дека сѐ ќе биде во ред. После шест месеци ќе го откачите кога ќе сфатите дека не може да најде време за вас. А кога нема да направи ништо за да сте повторно заедно, сфаќате дека вашата врска била незрела.rn

    23 – 25 години: Знаете што сакате

    rnОва се годините кога конечно доаѓате до откритието дека не сте знаеле апсолутно ништо за врските пред овој момент. Ќе знаете дека официјално сте пораснале кога за прв пат ќе бидете доволно силни да раскинете со дечкото кој се однесувал грубо кон вас. Истото важи и за машките.rnrnКога девојката навистина го сака дечкото, никогаш нема грубо да се однесува со него, без разлика што го мрази фактот дека тој уште живее со своите родители. Клучот за здрава врска е кога можете да се разберете меѓусебно иако имате различни погледи на светот. Она што е важно е дека секогаш може да го споделите вашето мислење со него без да започне голема кавга. Ако ова не важи, тогаш треба да продолжите понатаму и целосно да го заборавите.rn

    25 – 30 години: Вистинско созревање

    rnНа оваа возраст се случува љубовта за која луѓето пишуваат поеми. Вие едноставно секогаш сте тука еден за друг. Ви се допаѓа тоа што почнувате да зборувате за иднината. Ако сте блиску до триесеттата година од животот барате сериозен маж и не ви е повеќе важно дали тој свири во рок група. Не ви е важно ниту мислењето на пријателите, туку каква иднина гледате со него. Мажите кои имаат свој стан автоматски ги заземаат првите места на листата.rnrnКога сте имале 25 години, имањето деца изгледало како научна фантастика, но сега сте во врска една година, па веќе мора да ја водите таа дискусија сериозно.rnrnНа крај, без разлика на возраста треба да знаете која ситуација не е добра за вас. Сè додека созревате со текот на годините, сѐ ќе биде во ред на крајот. И обидете се да не размислувате премногу.