Многумина ја дефинираат сродната душа како совршен романтичен партнер кој ќе го исполни секој аспект на вашето битие. Сродните души се поврзани со нас, тие нè поддржуваат, привлекуваат, интелигентни се и духовити, како и дел од нашата приказна за среќен крај. Но, за жал животот не е толку едноставен. Па, која е вистинската дефиниција за сродна душа?rnrn
rnrnСродна душа е член на вашето семејство души. Тоа се души кои доаѓаат во нашиот живот поради некоја причина и потоа можат да станат дел од нашето семејство, пријатели, колеги, соседи, љубовници, па дури и непријатели. Кога ќе ги сретнете овие души, вашите взаемни енергетски сили можат да создадат различни интересни и неверојатни ефекти. Но, секоја од овие личности имаат своја сопствена улога во вашиот живот. Погледнете ги следниве 4 видови сродни души кои имаат најголемо влијание врз вашето постоење…rn
1. Пријателска душа
rnОва е најчестиот вид односи. Тоа се сите оние луѓе во вашиот живот кои сте ги избрале бидејќи вашите емоции, его и интелигенција се во склад со нивните. Во основа, вие делите исти искуства, интереси, уверувања, смисла за хумор и вредности. Понекогаш пријателските души можат да се претворат и во учителски души, но најчесто вие ги одбирате нив поради сличниот начин на размислување.rn
2. Учителска душа
rnУчителските души се најчесто оние личности во вашиот живот кои дошле да ве научат на важни лекции. Тие можеби не го направиле тоа намерно, но често создаваат ситуации кои се предизвик во вашиот живот и кои мора да ги совладате со цел да научите нешто од нив. Учителските души најчесто доаѓаат во облик на членови од семејство, пријатели, познаници, стари љубовници, па дури и непријатели. Вие ги привлекувате кон себе со цел да научите нешто.rn
3. Сопатничка душа
rnОвие души се најчесто слични на сродните, но без романтична привлечност. Тие можат да бидат од двата пола, пријатели или членови на семејство. Додека пријателските души се усогласени преку идентитетот, сопатничките души се поврзуваат со душевното согласување помеѓу две индивидуи. Токму затоа и врската со овие личности е многу посилна одошто онаа која ја имате со пријателските души. Кога ќе го развиете овој однос, вие ќе се чувствувате како да сте ги познавале со векови. Сопатничките души имаат особини и на пријателски и на учителски – тие делат согласување со егото, но и ви помагаат да учите и да се развивате.rn
4. Близначка душа
rnСтарите Грци верувале дека нашите души некогаш биле цели, а потоа Боговите ги поделиле на две половини за повторно да можат да се најдат и спојат на Земјата, со цел да станат комплетни. Тоа е суштината на близначките души. Кога ќе ја сретнете оваа душа, вие се чувствувате како да сте пронашле дел од себе кој отсекогаш ви недостасувал. Многумина го објаснуваат ова чувство како исполнетост во присуство на друга личност. Тие делат комплементарни и компатибилни животни цели и нивниот духовен нарав често е поврзан. Тие исто така се чувствуваат многу пријатно едни покрај други, повеќе одошто во кој било друг однос. Меѓу нив владее безусловна љубов.



rnrnНе продолжувајте да работите од 9 до 5 на место кое не можете да го поднесете.rn
rnrnВам не ви е потребен никој за да ви кажува колку сте добри. Тоа треба самите да си го знаете.rn
rnrnИ „ДА“ на храната која му е потребна на вашето тело.rn
rnrnИ едноставно соочете се со тешките ситуации и потоа продолжете понатаму.rn
rnrnСоочете со стравовите – тие ќе ве направат посилни!rn
rnrnЗемете го вашиот пасош и одлетајте од тука!rn
rnrnИ прифатете ги сите предизвици кои ќе се појават на вашиот пат.




rn
rn
rn
rnrn