КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

    10 работи кои не треба да му ги кажете на партнерот преку порака

    Разговарањето на телефон веќе е заменето со пораките и многу луѓе денес го одбираат овој начин на комуникација. И додека некои работи е подобро да не се кажуваат, некои пораки е подобро да ги кажете лично. Ова најмногу важи за врските. Погледнете ги 10-те работи кои не треба да ги кажувате преку пораки.rn

    1. Што сме ние?

    rn(1)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnРазговорот за дефинирање на вашата врска е многу важен. Ако веќе сте стигнале до таа фаза каде што треба да се зборува на оваа тема, направете го тоа лично бидејќи разговорот за статусот на вашата врска преку пораки не е најдобрата идеја.rn

    2. Те сакам

    rn(2)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnКога сакате прв пат да ги кажете овие зборови, пораката е лош избор. Ова е нешто кое треба да го кажете лично и на никој друг начин. И како би одговорил вашиот партнер на пораката ако тој не се чувствува исто?rn

    3. Сакаш да ги запознаеш моите родители?

    rn(3)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnЖелбата да го запознаете партнерот со вашите родители е голем чекор во секоја врска, и предлогот за тоа спаѓа во разговорите кои треба да се одвиваат лично. Доколку вашиот партнер не е подготвен за овој чекор, предлогот преку порака може само да доведе до караница.rn

    4. Ми доцни

    rn(4)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnОва, без сомнение е една од најлошите пораки кои можете да ги пратите. Дури и ако вие и вашиот партнер се обидувате да започнете семејство, ова не е начин да ја соопштите веста. Доколку не сте во можност да се видите, а вие едвај чекате да ги кажете новостите, подобро побарајте го на Скајп, на видео, наместо со порака.rn

    5. Имам сексуално пренослива болест

    rn(5)10-raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-partnerot-preku-poraka-kafepauza.mkrnrnДоколку имате ваков проблем, најдобро е да го споделите лично. Праќањето порака не само што ќе го исплаши, туку многу е веројатно и да го налути вашиот партнер. Ова се работи кои треба да ги споделите со партнерот, а праќањето порака е многу суров начин.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Начинот на кој врската со вашата мајка се менува со текот на годините

    Начинот на кој врската со вашата мајка се менува со текот на годините

    И покрај љубовта кон вашата мајка која засекогаш ќе биде во вашето срце, сигурно сте свесни дека врската со неа ќе се менува. И вие и вашата мајка знаете дека вашата врска не била, и нема да биде совршена. Но љубовта која ја имате една кон друга ја одржува силна и стабилна. Погледнете како се менува врската со вашата мајка со годините.rnrnkako-se-menuva-vrskata-so-vashata-majka-kafepauza.mkrn

    Кога сте мали, вашата мајка е целиот ваш свет

    rnКако дете очигледно е дека немате многу избор кога станува збор за врската со вашата мајка. Таа ви е потребна буквално за сè. Кога сте дете, вашата мајка е совршена – нема јадење кое ќе го замени нејзиното и нејзиниот парфем е најдобар на целиот свет. Во овој период од животот, вашата мајка е вашиот супер-херој.rn

    Кога сте тинејџер ја „мразите“ мајка ви

    rnТаа не сфаќа зошто сакате да ја фарбате косата или зошто ви е потребен телефонот на масата за јадење. Вие имате потреба од неа, но сте убедени дека тоа не е така. Но кога не ја „мразите“, вие сте очајни за неа. Вашата мајка е секогаш овде за вас, а понекогаш тоа ви е јасно.rn

    Кога сте возрасни сфаќате дека вашата мајка е всушност… човек

    rnКога ќе го напуштите домот за да одите на студии или за да живеете сами, вие почнувате да ја гледате вашата мајка во сосема поинакво светло. Конечно сфаќате дека и таа е само човек, исто како вас, со свои предности и недостатоци. Може ќе ве нервира што постојано ќе се грижи за вас, но истовремено ќе бидете возбудени да ѝ раскажувате сѐ што се случува во вашиот живот.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот.

  • 5-те фази на љубовта: Само најдобрите парови ја поминуваат 3-тата

    5-те фази на љубовта: Само најдобрите парови ја поминуваат 3-тата

    Обично луѓето не сакаат да се вмешуваат во нешто комплицирано но, кога станува збор за љубов, кој може да одолее? Љубовта е прекрасно чувство кое доаѓа во фази. Постојат 5 фази во љубовта, а повеќето парови заглавуваат на третата. Погледнете зошто е тоа така.rn

    Прва фаза: Заљубување

    rn(1)5-te-fazi-na-ljubovta-samo-najdobrite-parovi-ja-pominuvaat-tretata-kafepauza.mkrnrnОва е првата фаза на така наречената „љубов“. Ова е кога речиси и не ја познавате другата личност. Во овој случај вие сте понесени од привлечноста и ги идентификувате само квалитетите кај партнерот.rnrnВо оваа фаза сметате дека љубовта е вечна, но бидете внимателни. Не дозволувајте уште веднаш да се вљубите „до уши“.rn

    Втора фаза: Пар

    rn(2)5-te-fazi-na-ljubovta-samo-najdobrite-parovi-ja-pominuvaat-tretata-kafepauza.mkrnrnЉубовта се продлабочува, се чувствувате посигурно и ги наоѓате сите причини за оваа врска да преживее. Можеби немате див секс, но е навистина задоволувачки. Постои мислење дека ова е највисокото ниво на љубов, но имајте ја на ум третата фаза.rn

    Трета фаза: Почеток на крајот

    rn(3)5-te-fazi-na-ljubovta-samo-najdobrite-parovi-ja-pominuvaat-tretata-kafepauza.mkrnrnОва е фазата кога сè тргнува наопаку. Малите нешта почнуваат да ве нервираат и се чувствувате како да сте опкружени само со проблеми. Дури се прашувате и дали била добра одлуката да се впуштите во оваа врска. Само кога ќе се придвижите во насока на решавање на вашите проблеми ќе можете да продолжите кон другата фаза.rn

    Четврта фаза: Вистинска љубов

    rn(4)5-te-fazi-na-ljubovta-samo-najdobrite-parovi-ja-pominuvaat-tretata-kafepauza.mkrnrnОва е периодот кога закрепнувате од вашите проблеми и го наоѓате нивниот корен. Во оваа фаза партнерот ве сака и ве прифаќа онакви какви што сте. Вашиот партнер почнува да разбира дека вашето однесување е само резултат на повредите од претходните врски.rn

    Петта фаза: Моќта на двајцата

    rnin love African American couple in their eighties and seventies,rnrnСакате да ја искористите моќта на двајцата за да го промените светот. Заедно можете да целите кон нешта кои ќе го направат светот подобро место за другите. Оние кои стигнале до оваа фаза се навистина среќни. Вие конечно се чувствувате удобно кога сте заедно и не сакате да промените ништо.rnrnПогледнете ги и грешките кои ги прават жените во љубовните врски.

  • 5-те хороскопски знаци кои најмногу се вљубуваат

    5-те хороскопски знаци кои најмногу се вљубуваат

    Додека вљубувањето е одлично за вашето его, тоа сепак има свои недостатоци. Вљубувањето може да биде навистина застрашувачко искуство бидејќи може да останете повредени. Сакањето може да биде одлична работа, но исто така може да биде и лоша. Не треба да брзате кога станува збор за отворање пред некој друг. Вљубувањето може да значи да ставите сè на ризик. Некои хороскопски знаци навистина би ризикувале сè за љубовта. Погледнете за кои знаци станува збор.rnrn6-te-horoskopski-znaci-koi-najmnogu-se-vljubuvaat-kafepauza.mkrn

    1. Јарец

    rnЈарците додаваат вистинска страст во врските. Тие скокаат и се надеваат дека ќе има некој кој ќе ги фати. Јарецот може да биде одличен љубовник кој ќе дава многу за врската.rn

    2. Близнаци

    rnБлизнаците нудат утеха во врската. Чувството на нова врска со Близнаци е навистина убаво. Тие сакаат да го задоволуваат нивниот партнер на секој можен начин и не се егоисти, но зависат од нивниот инстинкт.rn

    3. Вага

    rnОвој знак е многу верен и ги избегнува конфликтите по секоја цена. Тие сакаат нивниот партнер да им го смирува егото и да ги обожава. Вагите се навистина несебични штом ќе ја добиете нивната доверба.rn

    4. Стрелец

    rnОвој знак е навистина чуден кога станува збор за љубов. Стрелците многу често се ранливи и отворени и секогаш се искрени кон нивните партнери.rn

    5. Риби

    rnРибите имаат одлични способности во љубовта. Овој знак е секогаш искрен кон неговите емоции и ако ја следите оваа игра, може да бидете значителен дел од неговиот живот. Рибите не се плашат да го покажат нивното вистинско лице.rnrnПогледнете и кој е вашиот идеален партнер според хороскопскиот знак.

  • 4 ситуации кога е во ред да лажете во вашата врска

    4 ситуации кога е во ред да лажете во вашата врска

    Искреноста е една од најважните работи во секоја љубовна врска, но не е лесно да најдете партнер кој не ја „искривува“ вистината понекогаш. Но сепак, во некои ситуации во ред е да се каже по некоја лага. Погледнете за кои станува збор.rnrn4-situacii-koga-e-vo-red-da-lazhete-vo-vashata-vrska-kafepauza.mkrn

    1. Не се чувствувате безбедно

    rnНекогаш врските можат да станат заканувачки и непредвидливи. За жал, емоционалното, вербалното и физичкото насилство може да ја направат вистината опасна одлука. Ако не се чувствувате безбедно да му ги кажете вашите искуства или мисли на партнерот, подобро почекајте. Штом ќе најдете утеха и сигурност кај пријателите, семејството или професионалец, кажете им ја вистината и побарајте помош.rn

    2. Вашето семејство има сомнежи за врската

    rnПовеќето луѓе сакаат да знаат што мислат пријателите и семејството за нивниот партнер. Но кога овие мислења не се баш најдобри, подобро е да не му кажувате на партнерот. Ако му откриете дека вашите пријатели баш и не го сакаат нема да ѝ помогнете на врската. Логично е, доколку можете да го заштитите партнерот од лоши мислења.rn

    3. Не ви се допаѓа неговата облека

    rnКога вашиот партнер ќе ве праша како изгледа, одговорот може да биде опасна територија. Ако не ви се допаѓа облеката што ја носи подобро дајте му го комплиментот што сака да го слушне. Исто така, за да го отстраните овој „проблем“, можете да му предложите да облече нешто друго суптилно потсетувајќи го на облеката која му стои навистина добро.rn

    4. Ако партнерот малку се „опуштил“

    rnМожеби сте забележале дека вашиот партнер качил некој килограм или дека не е во форма. Луѓето настојуваат да се опуштат кога се во врска, па од овде доаѓа и изразот „љубовни рачки“. Ако забележите дека вашиот партнер се „заоблил“ или ако ве праша за неговото здебелување, само насмевнете се и прегрнете го. Ако ова навистина ве мачи или ако сте загрижени за неговото здравје, предложете заедно да го смените начинот на живот и да почнете со поздрави навики. Како пар почнете да се храните поздраво, да вежбате повеќе, а да се опуштате помалку.rnrnПотајниот пристап до вистината понекогаш е подобар, но не дозволувајте лажењето да ви премине во навика. Без разлика во каква ситуација сте, не заборавајте дека со голема искреност доаѓа и голема одговорност. Имајте ги на ум потребите на другите кога треба да одлучите дали да ја кажете или да ја прикриете вистината.rnrnПогледнете ги и овие суптилни знаци кои покажуваат дека некој ве лаже.

  • Моќта на извинувањето: Зошто е толку тешко да се каже и како искрено да се извините?

    Моќта на извинувањето: Зошто е толку тешко да се каже и како искрено да се извините?

    Извинувањето е од голема важност бидејќи помага во смирувањето на кој било конфликт и ја враќа поврзаноста помеѓу партнерите. Ако ја усовршите уметноста на извинувањето, ќе го намалите стресот во врската и ќе научите како да ги заборавате конфликтите и напнатоста.rnrnmokjta-na-izvinuvanjeto-zoshto-ljubovta-znachi-izvini-kafepauza.mkrn

    Постојат многу предности кај извинувањето

    rn1. Кога се извинувате вие ѝ го враќате достоинството на повредената личност и правите да се чувствува подобро. Личноста која го примила извинувањето создава сочувство кон „напаѓачот“ па нивните чувства се претвораат во прошка.rnrn2. Извинувањето може да ги врати довербата и разбирањето во врската. Тоа се случува бидејќи го буди чувството на сигурност, удобност и почит.rnrn3. Кога искрено ќе се извините и кога довербата и разбирањето се враќаат, личноста ќе почне да ве гледа во поинакво светло. Тие ќе имаат поголема тенденција да ви прогледаат „низ прсти“ и ќе ги истакнат вашите добри особини.rnrn4. Ефективното извинување не само што ја лечи раната на повредената личност, туку и ја растопува вашата вина. Евентуално вие ќе развиете чувство за самопочит.rn

    Зошто е толку тешко да се каже „Извини“?

    rnНекогаш е многу тешко да се изговори овој збор. Постојат неколку причини за тоа, а еве ги најчестите:rnrn1. Кога се извинувате признавате дека можеби сте биле грешка, што е закана за вашето его и гордост. Треба да научите како да станете пообјективни и да ги признаете вашите грешки. Не дозволувајте вашата егоцентричност да ве заслепува.rnrn2. Понекогаш луѓето го гледаат извинувањето како потврда за вина или одговорност за конфликтот. Тие мислат дека ако се извинат другата личност нема да го сфати нивното грешно однесување. Ова не е точно, извинувањето ја подобрува комуникацијата и стимулира емпатија и кај двете страни.rnrn3. Извинувањето може да се гледа како начин да се привлече внимание кон грешката. Ова води кон импликации дека најдобро е да се игнорира навредата со надеж дека никој нема да забележи. Но не е важно за колку мала грешка станува збор, ако некој е повреден подобро е да се извините.rnrn4. Личноста мисли дека тој/таа заслужува извинување па го чека партнерот да го направи тоа. Но ова е навистина отровно за која било врска. Не чекајте, направете го првиот чекот. Извинувањето само ќе ја зголеми вашата самопочит.rnrn5. Извинувањето понекогаш се гледа како враќање кон минатото. Но ако продолжувате напред без да ги анализирате и разберете вашите постапки и повредите кои тие ги предизвикале, тогаш само ја зголемувате веројатноста за повторување на вашите грешки.rnrn6. Некои луѓе мислат дека извинувањето е знак на слабост, но всушност важи спротивното. Извинувањето е чин на великодушност и изразување надеж за иднината на врската. Извинувањето е храбар потег бидејќи со него постои ризикот од посрамотување.rnrn7. Личноста која треба да се извини може да мисли дека не заслужува прошка. Но овие мисли можат да бидат навистина деструктивни за една врска.rn

    Совети за искрено извинувањето

    rnАко сакате да навистина да се извините и да направите повредената личност да се чувствува подобро, пробајте да се држите до овие совети.rnrn1. Кога се извинувате, навистина мислете го тоа. Но пред да се извините, сознајте ја вашата грешка и направете го извинувањето директно.rnrn2. Одберете го вистинскиот момент. На некои личности им треба време да закрепнат, па не дозволувајте бесот да се вкорени во нив. Кажете ако ви е жал за нешто што сте направиле и кажете дека сте подготвени да разговарате за тоа кога тие ќе сакаат.rnrn3. Преземете одговорност за вашите постапки. Не барајте објаснувања и не бидете одбранбени. Заборавете на „но…“ во вашиот говор.rnrn4. Манирите се важни. Обидете се вашиот говор на телото да го кажува она што го чувствувате. Секогаш извинувајте се во лице, гледајте ја личноста во очи и не ги прекрстувајте рацете. Исто така, во овој момент заборавете на вашиот телефон и целото внимание насочете го кон личноста.rnrnПогледнете ги и знаците на искреното извинување.

  • Водич за „жалење“ за парови

    Водич за „жалење“ за парови

    Паровите секогаш имаат поплаки еден за друг. За жал, наместо да ги споделат, тие се свртуваат кон критикување. Доктор Џон Готман открил техника за ефективно жалење и ја поделил на 3 дела. Со малку вежбање и трпение, оваа техника ќе им помогне на паровите да разговараат за нивните проблеми и поплаки без да се повредуваат.rnrnvodich-za-zhalenje-za-parovi-kafepauza.mkrn

    1. Кажете како се чувствувате

    rnЕфективното жалење најдобро се започнува со искажување на вашите чувства. Во овие чувства можат да спаѓаат бес, страв или пак, замор и болка. Грубото започнување на овие разговори секогаш води до критикување и користење на фрази како „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“rn

    2. Зборувајте само за една ситуација

    rnОткако ќе кажете како се чувствувате, наведете ја причината за тоа. Многу поплаки кои паровите ги имаат еден за друг никогаш нема да заминат. Но сè додека не вклучите критикување во вашите поплаки, вашата врска или брак не се во опасност.rn

    3. Предложете решение

    rnНа крај, замолете го вашиот партнер да преземе нешто за да се реши проблемот. Користењето на оваа техника не гарантира дека поплаките ќе исчезнат, туку им дава алат на паровите кој можат да го искористат да се пожалат без партнерот да се чувствува критикуван и да има потреба да се одбрани.rn

    Тајната состојка

    rnМногу парови изградиле стабилни врски и покрај нерешените конфликти. Многу од овие парови научиле да се справуваат со овие конфликти користејќи жалење наместо критикување. Но тие исто така имаат и тајна состојка – секогаш се обидуваат да ги поправат своите грешки и со тоа не дозволуваат нивната врска да се натрупа со проблеми.rnrnПаровите кои се задоволни со својата врска немаат недостаток на поплаки. Тие едноставно научиле како да ги споделуваат на мирен начин, па понекогаш користат и хумор за да ја тргнат напнатоста меѓу нив. Ако вашата врска не е ваква, пробајте ја техника за жалење, додајте малку хумор и видете што ќе се случи.rnrnПогледнете и во која категорија на парови спаѓате.

  • 11 мали, но важни лекции за врските што секој маж треба да ги знае

    11 мали, но важни лекции за врските што секој маж треба да ги знае

    Вљубувањето е прекрасно чувство и секој од нас се заљубил барем еднаш во текот на својот живот. Не е многу тешко да се вљубите, она што е тешко е да ја одржите врската. Ако игнорирате проблеми и не им давате значење на многу работи, таа без сомнеж ќе води кон крај. Ова особено се случува од страна на мажите, бидејќи ни најмалку не се заинтересирани за ситниците, додека жените се многу чувствителни во врска со нив. Еве некои важни лекции кои мажите треба да ги научат за да избегнат лоши искуства.rnrn11-mali-no-vazni-lekcii-za-vrskite-koi-sekoe-momche-treba-da-gi-znae-kafepauza.mkrn

    1. Блискоста се зголемува со текот на времето

    rnНа почетокот на секоја врска има двоумење кога се во прашање споделувањето на чувствата и емоциите, од страв дека ќе бидете разбрани погрешно. Но како што поминува времето, вашата поврзаност созрева и ќе ви стане многу поудобно да споделувате сè со вашиот партнер. Разменувањето мисли, чувства и емоции не треба да го натера мажот да бара простор. Мора да прифатите дека работите ја менуваат формата со текот на времето.rn

    2. Блискоста го менува однесувањето

    rnКога сте во фазата на удобност со партнерот, се менува и вашето однесување кон личноста што ја сакате. Вашиот партнер може да почне да ви кажува работи кои не ги сака, но не ги споделил со вас бидејќи не сте биле толку отворени еден кон друг. Треба секогаш да бидете отворени кон приспособување со промените во однесувањето кои можат да се случат.rn

    3. Очекувањата се зголемуваат со љубовта

    rnСе случува, па затоа бидете внимателни!rn

    4. Тенка е линијата помеѓу очекувањата и барањата

    rnДодека некои се мачат со фактот дека нивниот партнер има очекувања кои треба да ги исполнат, некои се заглавени во разликата помеѓу очекувањата и барањата. Важно е да знаете дека е тенка линијата помеѓу овие две работи. Барањата можат да бидат неразумни и можете да бидете присилени да ги исполните. Но очекувањата, од друга страна, се нешто што доаѓа со вашиот придонес во врската. Тоа доаѓа како резултат на вашето однесување во врската.rn

    5. Барањето внимание не значи да го вложите целото ваше време

    rnСекој пар е различен и има потреба од различни нешта. Ако вие сте покомуникативни, постои голема шанса вашиот партнер да не биде или ако вие сте чувствителни, вашиот партнер да не е… Па ако партнерот бара внимание од вас, тоа не значи дека сака целиот ден да го поминете заедно.rn

    6. Не е секогаш жената таа што страда од преголемо его

    rnМногу често мажите мислат дека жените имаат проблеми со егото, бидејќи не се обидуваат да ги средат работите веднаш по секоја караница, па мажот треба да биде оној кој го презема водството. Ова се случува поради недоразбирање, бидејќи и мажите треба да бидат малку пофлексибилни и да работат на прифаќањето дека тоа што го чувствуваат можеби е погрешно.rn

    7. Не е осамена ако секогаш е достапна за вас

    rnВо природата на жените е кога се вклучени во нешто да се посветат на тоа со целото срце. Ако таа може да одвои време за вас, не значи дека нема што друго да прави и дека нема никого со кој би можела да разговара.rn

    8. Одлучете се да преземате одговорност

    rnАко планирате да започнете врска, или веќе сте во врска, треба да знаете дека ќе се појават одговорности кои ќе треба да ги преземате. Вашиот партнер ќе очекува некои работи од вас, и доколку не сте спремни за тоа може да настанат проблеми во вашата врска.rn

    9. Нејзината посветеност не треба да влијае на нејзината самопочит

    rnНе е лесно да се најде девојка која ве разбира најдобро, ве сака безусловно и ве почитува најмногу. Доколку сте ја нашле, ваша одговорност е да не дозволите да ја изгуби својата самопочит.rn

    10. Попуштањето не треба да биде тешко

    rnРасправиите и несогласувањата се дел од секоја врска, но она што ве држи заедно е вашата љубов. Кога љубовта е присутна, потрудете се да не дозволите вашето его да биде посилно од неа. После расправање не треба и двајцата да чекате некој да се извини прв. Не треба и секогаш жената да биде онаа што ќе се извини. Бидејќи и двајцата имате иста цел да ја одржите врската, понекогаш попуштете и истапете напред.rn

    11. Љубовта не е само за да ја чувствувате

    rnЧувствата треба да се искажуваат. Мажите многу поретко го прават ова, па од тука можат да произлезат многу проблеми. Бидејќи жените без проблем ги искажуваат нивните чувства кон вас, тие го очекуваат истото за возврат. Љубовта секако е чувство, но искажувањето е нејзиниот јазик.rnrnПогледнете ги и љубовните совети кои ги даваат овие мали момчиња.

  • 10 знаци дека не треба да ја прекинете љубовната врска

    10 знаци дека не треба да ја прекинете љубовната врска

    Во животот е многу полесно да ги оставите работите отколку да ги поправате повеќе пати. Многу од нас ѝ даваат предност на негативноста притоа тргајќи ги настрана позитивните емоции. Кога нешто лошо ќе се случи ние сакаме да ставиме крај на тоа во истиот момент! Но, никогаш не треба да брзате да ставите крај на љубовна врска или пријателство без да дадете сè од себе за да ги „поправите“. Еве 10 знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали вашата врска вреди да се спаси.rnrn10-znaci-deka-ne-treba-da-ja-prekinete-ljubovnata-vrska-kafepauza.mkrn

    1. Присуство на сексуална хемија

    rnЗа повеќето парови, досадниот сексуален живот не е нешто што го посакуваат и може да претставува проблем и за двајцата. Но оние од вас кои се караат, а имаат одличен сексуален живот треба добро да размислат! Вие можеби сте многу среќни што имате партнер кој создава прекрасна хемија помеѓу вас двајцата. Би требало да сте во можност да ги одржите работите интересни помеѓу вас.rn

    2. Заедно сте подобри, посилни и поисполнети

    rnДали сте подобра личност која е инспирирана и среќна кога вашиот партнер е со вас? Дали вашата половина ве предизвикува и ве инспирира? Ако го давате најдоброто од себе кога сте со вашиот партнер, не треба да ја прекинете врската.rn

    3. Вашиот партнер ги подржува вашите соништа

    rnКога ја напуштивте вашата обична работа за да станете пекар, а партнерот целосно ве поддржал, тоа е знак дека можете да изградите одлична заедничка иднина. Никогаш не напуштајте го партнерот кој ви дава поддршка.rn

    4. Заедно сте изградиле нешто

    rnКога вие и вашиот партнер имате заедничка цел, како купување куќа или пак основање семејство, намерата би требало да ви биде да ги исполните тие цели. Не би требало да ја прекинете врската.rn

    5. Ја сакате личноста која сте станале поради врската

    rnАко сте станале подобра личност поради врската и многу повеќе созревате, би требало да бидете среќни а не да ја жртвувате вашата врска поради безначајни караници и недоразбирања.rn

    6. Вашите проблеми во врската се инцидентни и лесно се решаваат

    rnМногу често несогласувањата лесно се решаваат и вие повеќе се справувате со потешкотии кои се надвор од врската, како финансиските проблеми или оние поврзани со семејството. Би требало некои од овие работи да ги тргнете настрана и да останете прибрани.rn

    7. Сè уште сте подготвени на компромис и на заедничка работа

    rnЕдна од најважните работи во врската е компромисот и способноста да ги препознаете вашите потреби. Може да жртвувате некои задоволства за доброто на врската.rn

    8. Секогаш има подеми и падови, но подемите се побројни

    rnМоже да поминувате низ тежок период, но добрите времиња доаѓаат и добрите сеќавања секогаш ги надминуваат лошите.rn

    9. За време на падовите во вашиот живот, сепак се сакате

    rnИ покрај тешкотиите во животот, ако темелите на љубовта се силни не би требало да им се препуштите на притисоците кои ви ги создава животот.rn

    10. Не сте подготвени да ставите крај

    rnОва е едноставен аспект за кој треба да се размисли. Можеби не можете да се замислите сами бидејќи љубовта е премногу силна. Ова е најсилната причина за да не ја прекинете врската.rnrnПрочитајте и кои прашања треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската.

  • 10 грешки кои полека, но сигурно ви ја уништуваат врската

    10 грешки кои полека, но сигурно ви ја уништуваат врската

    Според статистиката, процентот на разводи и раскинувања е поголем од процентот на успешни и среќни врски. Денес бракот ја има изгубено својата важност и помладите генерации пробуваат да ги избегнат комплицираните процедури поради можните несогласувања во мислењата и начинот на живот. Поради ова, погледнете ги десетте најчести грешки кои можат да уништат една врска.rnrn10-greshki-koi-poleka-vi-ja-unishtuvaat-vrskata-kafepauza.mkrn

    1. Очекувате вашиот партнер да се промени поради вас

    rnЕдно е сигурно – никој не е совршен, па кога очекувате промена кај вашиот партнер тоа може да резултира со проблеми. Дури и ако партнерот реши да се промени поради љубовта, ова не значи дека тоа ќе биде како што вие сте замислиле. Постои голема можност да се појават други проблеми кои негативно ќе влијаат на вашата врска. Затоа, секогаш прифатете го вашиот партнер онаков како што е, освен ако не станува збор за некоја навистина лоша навика.rn

    2. Имате потреба секогаш да победувате во расправија

    rnЛуѓето многу се расправаат со цел да ги докажат нивните мислења. Ова не е ништо освен вашето его кое пробува да доминира. Сепак, подобро е да го кажете вашето мислење и да дојдете до решение за некој проблем. Ако не го правите ова само ја влошувате ситуацијата бидејќи проблемот останува нерешен.rn

    3. Дозволувате друга личност да се вмеша

    rnЕдна од најчестите грешки кои ги прават паровите е тоа што дозволуваат други личности да се мешаат во нивната врска, без разлика дали станува збор за пријател или некој од семејството. Никогаш не можете да бидете сигурни дека таа личност е доволно зрела да го реши вашиот проблем. Понекогаш може само да ја влоши ситуацијата. Само вие и вашиот партнер треба да се справувате со вашите проблеми.rn

    4. Ги запоставувате емоционалните и физичките потреби на вашиот партнерот

    rnТреба да ви биде јасно дека кога ќе почнете да ги запоставувате потребите на вашиот партнер, тогаш и тој/таа ќе го прави истото, и сигурно ќе побара некој друг да го стори тоа наместо вас. Ова многу лесно може да ја уништи вашата врска.rn

    5. Не заборавате дека згрешил/а

    rnЗадржувањето на грешките и фокусирањето на тривијални работи може да ја влоши вашата врска. Кога ќе почнете да се карате, дозволете тоа да помине брзо бидејќи доколку постојано се навраќате на тоа нема ништо да направите.rn

    6. Не ги почитувате разликите

    rnНема целосно исти личности и разликите се дел од човековата природа. Па, важно е да ги почитувате разликите помеѓу вас и вашиот партнер за вашата врска да остане стабилна.rn

    7. Не ја признавате вината

    rnМногу парови му дозовлуваат на нивното его да ги надвладее и не ја прифаќаат вината. Сепак нема ништо грешно во извинувањето. Научете да прифатете кога сте грешка и извинете се искрено, дури и кога вината не е целосно ваша. Никогаш не дозволувајте егото да ја надвладее вашата љубов. Ако вашиот партнер навистина ве сака, и тој/таа ќе научи да ја прифаќа вината.rn

    8. Недостаток на комуникација

    rnКомуникацијата е клучна за успешна врска. Па, кога не зборувате еден со друг и давате предност на тишината, вашата врска е таа што ќе страда.rn

    9. Различни мислења

    rnСе случува едниот партнер да сака да создаде семејство што е можно побрзо, додека на другиот му е потребно време да се подготви за ваквата одговорност. Никогаш не избрзувајте и секогаш заедно донесувајте одлуки. Ова ќе влијае на животот и на двајцата и треба да избегнувате ненадејни одлуки за кои може да зажалите подоцна.rn

    10. Не си посветувате доволно време

    rnВашата врска треба да ви е приоритет. Едноставно мора да имате на ум дека треба да си посветите време еден на друг. Ако сакате да растете, треба секојдневно да се посветувате на вашата врска.rnrnДевојки, мислите дека е време за раскинување? 11 знаци кои покажуваат дека тој не ве цени доволно!