КАФЕ ПАУЗА

Tag: вкус

  • Подобрете го вкусот на лошото вино со овој едноставен трик

    Подобрете го вкусот на лошото вино со овој едноставен трик

    Колку и да внимавате при купувањето, понекогаш се случува да завршите со лошо вино. Но, благодарение на овој едноставен трик ќе можете да го подобрите вкусот на кое било вино со сосема малку труд.rnrn(1) Подобрете го вкусот на лошото вино со овој едноставен трикrnrnНејтан Мирволд, поранешен главен директор за технологија во Мајкрософт, го открил неговиот трик кој му помага да го подобри вкусот на секое вино што содржи вишок овошје, танин или алкохол. Имено, тајната се состои во додавањето сосема малку сол.rnrnМирволд изјавил дека овој трик прв пат го испробал пред неколку години на некоја вечера кога седел до позната винарка од Калифорнија. Таа се пожалила дека нејзиното Каберне е премногу овошно, па тој додал малку сол и виното веднаш станало посолено.rn

    „Одеднаш сите на масата почнаа да го прават истото“, открива тој.

    rnПокрај додавањето сол, вкусот на виното можете да го подобрите и ако го пиете во комбинација со вкусно сирење. Минатата година, експертите спровеле истражување кое докажало дека сирењето навистина може да го трансформира виното.rnrnДоколку и ова не помогне, секогаш можете да го искористите виното за некој вкусен коктел што ќе го скрие неговиот лош вкус.rnrnАко се сметате за љубители на овој алкохолен пијалак, прочитајте ги следниве 8 грешки што сигурно ги правите во врска со пиењето вино.

  • За љубителите на кофеинот: 2 интересни сознанија за кафето

    За љубителите на кофеинот: 2 интересни сознанија за кафето

    Кафето, поточно зрната кафе, најдобро е да се чуваат во замрзнувач, бидејќи на тој начин максимално ќе го задржат богатството на вкусот. Овој совет ни доаѓа од една студија која била објавена во списанието „Scientific Reports“. Резултатите од спроведеното истражување нè советуваат и дека зрната кафе треба да се чуваат во вакумиран сад, со цел влагата да не им наштети на вкусот. За најдобри резултати, замрзнувајте ги зрната кафе, па смелете ги веднаш пред консумирање.rnrnЗа љубителите на кафето: 2 вистини за омилениот црн пијалакrn

    „Доколку сакате во вашиот дом да имате кафе со најдобар вкус, купувајте го свежо, па мелете го пред консумација“, советуваат истражувачите.

    rnПоголемиот дел од нас се навикнати да го чуваат кафето на суво место и собна температура, па затоа и се наметува прашањето дали целиот живот сме грешеле? Иако станува збор за непрактична навика, што одзема многу време и може да ви го наруши вашиот секојдневен утрински ритуал, сепак вреди да се проба за промена.

  • Испратете го летото со овие одлични рецепти за освежителни коктели

    Испратете го летото со овие одлични рецепти за освежителни коктели

    Сите сакаме храна што е добра за нашето здравје и благосостојба, особено кога можеме да ја комбинираме со дополнителни хранливи материи и тоа да биде вкусно. Токму таква можност ни се нуди преку подготвувањето здрави, лековити коктели со неверојатен вкус. За да го испратиме летото, во прилог ви прикажуваме неколку рецепти коишто ќе ви помогнат да направите одлични коктели во домашна атмосфера.rn

    1. Лубеница, краставица и комбуха

    rnОдлични рецепти за коктели со коишто ќе го испратите летотоrnrnОвој коктел можете да го направите алкохолен или безалкохолен.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 150 грама лубеница, исечкана на коцки
    • rn011

    • 1 мала излупена краставица, исечкана на коцки
    • rn011

    • 470 милилитри комбуха
    • rn011

    • 2 лажици сок од лимон
    • rn011

    • 120 милилитри газирана вода (не е задолжително)
    • rn011

    • 1/2 лажица бела текила (по желба)
    • rn011

    • Листови од нане за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги коцките лубеница и краставица во сад или тегла. Истурете ја комбухата и покријте со фолија. Вака чувајте ги во фрижидер најмалку еден час или пак, во текот на ноќта. Исцедете ја комбухата преку сито. Потоа, ставете ги парчињата лубеница и краставица во блендер. Сега исцедете ја добиената смеса преку истото сито и додајте ја во комбухата. По вкус додајте газирана вода и текила. Поделете го пијалакот во чаши и декорирајте со нане.rn

    2. Коктел со џин и овошен сок

    rnОдлични рецепти за коктели со коишто ќе го испратите летотоrnrnСтанува збор за лесен и едноставен рецепт. Изберете ги вашите омилени вкусови и измешајте ги.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Џин
    • rn011

    • Ладно цеден сок по ваш вкус
    • rn011

    • Лед
    • rn011

    • Декорација по ваша желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnТурете малку џин над ледот. Додадете од овошниот сок што го избравте, малку декорација и уживајте во вкусовите! Сите состојки се адаптираат во ваш вкус.rn

    3. Мохито од капина и босилек

    rnОдлични рецепти за коктели со коишто ќе го испратите летотоrnrnЛетно овошје во комбинација со босилек води кон сосема нова верзија на коктелот Мохито. Антиоксидансите никогаш не изгледале поинтересно.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 12 грама шеќерна трска
    • rn011

    • Половина лимон
    • rn011

    • 3 зрели капини, плус дополнително за декорација
    • rn011

    • 6-7 лисја од босилек
    • rn011

    • 50 милилитри бел рум
    • rn011

    • 140 грама кршен мраз
    • rn011

    • 60 милилитри минерална вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДодајте ги лимонот, капините и шеќерот во чаша за коктел и нежно промешајте 7-8 пати. Додајте босилек и повторно мешајте 4-5 пати. Потоа сипете го и белиот рум и повторно промешајте. На крај додајте го искршениот мраз и минералната вода, промешајте, па декорирајте со босилек по ваша желба.

  • Дознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знак

    Дознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знак

    Хороскопот може да каже многу нешта за вас, па така може и да открие кое вино најмногу би ви одговарало. Доколку сте љубители на виното и на хороскопот, откријте каква е нивната поврзаност и дознајте кое вино е совршено за вашиот вкус:rnrnДознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знакrn

    Овен: Malbec

    rnОва вино е силно и моќно и совршено се надополнува со вашата енергија и самодоверба. Нема сомнеж дека ќе уживате во неговиот богати киселкав вкус со или без храна, но секогаш со добар разговор.rnrnДознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знакrn

    Бик: Pinot Noir

    rnОвој црвен сок е тешко да се направи, но со доволно упорност и страст (двете одлики кои добро ви се познати), може да доведат до вкусно ремек-дело, збогатено со арома на печурки и примеси на шумски плодови.rnrnДознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знакrn

    Близнаци: Pino Grigio

    rnВашата двојна личност е истовремено сериозна и комуникативна и затоа совршено одговара со свежо, но елегантно бело вино. Иако е суво и има киселкав вкус, една чаша од ова вино е исто толку освежувачки пијалак колку и чашата лимонада на топол летен ден.rnrnДознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знакrn

    Рак: Riesling

    rnЛојални и сензитивни, секогаш ги ставате другите пред себеси. Заслужувате мала оддишка од бесконечните обврски што ги носите како товар, а има ли подобар начин за тоа од цветната јаболкова арома на ова бело вино?rnrnДознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знакrn

    Лав: Syrah

    rnСреќата ги служи храбрите, па затоа пробајте го силниот вкус збогатен со танин на ова црвено вино кое одговара со секаков вид храна (особено месо).rnrnДознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знакrn

    Девица: Moscato

    rnНајслаткото од сите. Вашата нежна и внимателна природа е исто толку пријатна како ова пенливо бело вино, кое убаво оди со сè, од морска храна до колачиња од шумско овошје.rnrnДознајте кое вино треба да го пиете според вашиот хороскопски знакrnrnПродолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…rn

  • 7 секојдневни навики кои го уништуваат сетилото за вкус

    7 секојдневни навики кои го уништуваат сетилото за вкус

    Сетилото за вкус, како и останатите сетила, со текот на годините слабее, но некои фактори на кои секојдневно сме изложени можат да предизвикаат прерано исчезнување на рецепторите за вкус на јазикот, резултирајќи со негово слабеење. Дознајте кои 7 навики се заслужни за тоа.rnrn7 навики кои го уништуваат сетилото за вкусrn

    1. Прејадување

    rnЕдно истражување покажало дека луѓето кои често се прејадуваат, послабо ги распознаваат вкусовите (благо, кисело, солено и горко).rn

    2. Консумирање премногу сол и преработена храна

    rnАко постојано додавате сол во јадењето или често јадете преработена храна во која има премногу сол, рецепторите за вкус со текот на времето ќе се навикнат на неа и ќе мора да додавате сè повеќе и повеќе за да ја почувствувате. Затоа наместо сол, во храната додавајте некаква нејзина замена, како што се растителните зачини.rn

    3. Изложеност на пестициди

    rnТоксините од околината, како што се арсенот, бензолот и пестицидите можат да ги нарушат сетилата за вкус и мирис. Храната загадена со пестициди исто така може да ги ослаби нашите рецептори за вкус на јазикот.rn

    4. Пушење

    rnПокрај тоа што пушењето е штетно за белите дробови и воопшто за здравјето, оваа зависност не само што го уништува сетилото за вкус, туку и предизвикува намалување на бројот на рецептори за вкус. Пушењето е една од најчестите причини за намалување на осетливоста на вкусовите.rn

    5. Премногу шеќер

    rnСамо два пијалаци во денот, кои дополнително ќе ги засладите со шеќер, можат во рок од 4 недели да го ослабат сетилото за вкус и да го намалат уживањето во благите работи, а истовремено да ја зголемат и желбата за благо. Тоа е затоа што нашите сетила копнеат за благ вкус, а не можат во целосност да го почувствуваат. Со други зборови, колку повеќе шеќер јадете и пиете, толку потешко ќе го чувствувате и повеќе ќе го посакувате.rn

    6. Лекови

    rnСетилата за вкус и мирис исклучително се преплетуваат: 65 до 75 проценти од сетилото за вкус, всушност го сочинува сетилото за мирис. Со оглед на тоа дека некои лекови дејствуваат на сетилото за мирис, со тоа дејствуваат и на сетилото за вкус. Умерената употреба на лекарства нема да ги наруши овие сетила, но секојдневната може многу негативно да влијае.rn

    7. Лоша орална хигиена и недостаток на витамини

    rnАко не ги миете забите редовно и доволно долго (двапати во денот по 2-3 минути) или ако имате расипан заб, може да се случи вкусот на храната да го чувствувате многу послабо од претходно. Исто така, недостатокот на некои витамини во организмот, како на пример железото и витаминот Б, може да резултира со слабеење на сетилото за вкус.

  • 9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    За многумина, кафето е еликсир на животот и го претставува сечиј почеток на денот. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, тогаш прочитајте ги овие интересни факти за вашиот омилен пијалак без кој сме сигурни дека не можете да си го замислите вашиот живот.rnrn9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знаеrn

    1. Ниеден енергетски пијалак нема толку кофеин како шолјата кафе

    rnНекои од најјаките енергетски пијалаци содржат околу 150 милиграми кофеин, што е скоро дупло помалку од големите шолји јако кафе.rn

    2. Лесно е да се стане зависен од кофеин

    rnАко секојдневно внесувате 150 милиграми кофеин во организмот, многу е возможно да станете зависни од него. Кога често уживате во кафето, а потоа одеднаш престанете да го консумирате, можете да искусите симптоми како недостаток на енергија, раздразливост и главоболки.rn

    3. Кафето може многу брзо да ве разбуди

    rnДоволни се само 10 минути за кофеинот да почне да делува во вашиот организам.rn

    4. Зрната кафе воопшто не се зрна

    rnОд технички аспект, зрната кафе се всушност плодови.rn

    5. Првата веб камера е направена благодарение на кафето

    rnМожеби ви звучи чудно, но во 1991 година на Универзитетот Кембриџ во Англија на луѓето им здодеало да шетаат лево-десно со цел да видат дали бокалот за кафе е полн или празен. Така, им дошла идеја и направиле веб камера која го снимала бокалот. Можеби треба да сме му благодарни на кафето за Скајп.rn

    6. САД трошат најмногу кафе годишно

    rnАмериканците консумираат премногу кафе. Истражувањата покажуваат дека тие пијат и до 400 милиони шолји кафе дневно. На годишно ниво тоа е 146 милијарди шолји кафе.rn

    7. Кафето најдобро разбудува од 90:00 до 11:30 часот

    rnТоа е така затоа што хормонот кортизол, кој го претставува часовникот на нашиот организам, стапува во хемиска реакција со кофеинот. Ако го пиете кафето рано наутро кога нивото на кортизол е високо, може да дојде до спротивен ефект и од тоа ќе ви се пие уште повеќе кафе.rn

    8. Јохан Себастијан Бах напишал цела кантата за девојката која била зависна од кафе

    rnrn

    9. Зошто кафето има подобар мирис отколку вкус?

    rnНаучниците тврдат дека тоа е така поради тоа што имаме две сетила за мирис: мирисот кој го чувствуваме од околината и мирисот кој го чувствуваме кога кафето е во нашата усна празнина. Кафето има подобар мирис кога го мирисаме додека го пиеме, бидејќи кога ни е во устата нашите рецептори за вкус го уништуваат тој мирис.

  • Стилот и минатото: Фотографии кои докажуваат дека сме ја заборавиле смислата за стил

    Стилот и минатото: Фотографии кои докажуваат дека сме ја заборавиле смислата за стил

    Денес е многу тешко да се најде човек кој навистина има стил и вкус. Сите следиме некоја мода, сопствена или актуелна, но факт е дека ретко кој навистина може да ги искомбинира парчињата облека со почит кон основните правила на облекување. Но минатото, како и секогаш, има што да нè научи, а во овој случај лекцијата е за стилот и за тоа колку сме заборавиле што значи тој збор.rnrn

    Couple Kissing In Times Square On Vj Day (1945) (50/73)
    Пар се бакнува на Тајмс Сквер (1945)
    rnrn

  • Дали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?

    Дали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?

    Имате уште само неколку часа до крајот на работното време, но полека почнувате да чувствувате умор. Во еден момент посегнувате по шолјата кафе која стои на вашата маса од утрото и се прашувате дали ќе биде во ред доколку го допиете. Еве го одговорот на тоа прашање!rnrnДали смееме да пиеме кафе кое било подготвено пред подолго време?rn

    1. Кафе со млеко

    rnДоколку е добро затворено и ставено во фрижидер, млекото може да остане свежо и недела дена по отворањето. Но, ако тоа стои во кафе повеќе од неколку саати, многу е подобро да си сварите ново.rn

    2. Црно кафе

    rnЦрното кафе е сигурно за пиење и откако малку ќе отстои, иако големи се шансите дека нема да има исто толку добар вкус како што имало кога било свежо подготвено. Многу подобра идеја е да направите ново кафе, но ако сте решени да го испиете старото, барем загрејте го прво.rn

    3. Промена на вкусот

    rnСвареното кафе може да го промени својот вкус и по 30 минути, а потоа имате отприлика 4 часа пред маслата во него да се расипат, што резултира со лош вкус на овој пијалак. Токму затоа, за најдобар вкус и најголема сигурност, најдобро е да го испиете до половина час од подготовката.

  • 5 нешта кои треба да ги знаете за девојките во знакот Бик

    5 нешта кои треба да ги знаете за девојките во знакот Бик

    Премногу и непоправливо тврдоглави, лојални и со морален компас, тие се темел на нивната фамилија и лепило кое ги држи заедно нивните пријатели. Сакаат да ги тешат луѓето кога се тажни и се родени помеѓу 21 април и 21 мај. Ова се главни карактеристики на оние кои се родени во знакот Бик. Тие се најубавиот, најсупериорниот и најсложениот хороскопски знак во зодијакот, а овие нешта ги дефинираат.rnrn0-5-neshta-koi-treba-da-gi-znaete-za-devojkite-vo-znak-bik-kafepauza.mkrn

    1. Уживаат во заведувањето и се возбудуваат од околината

    rnЖените во знакот Бик се хиперсензуални. Тие се природно заводливи, но не очекувајте веднаш да ве врзат. Заведуваат полека и внимателно и многу тешко се предаваат. Ќе ве мачат додека не изгорите од желба.rnrnИ не очекувајте дека сексот ќе биде добар ако ги однесете во вашата „ергенска“ соба со еден душек и облека расфрлана наоколу. Тие сакаат добра атмосфера. Бидејќи се толку длабоко поврзани со нивните сетила, ако сакате да ги возбудите, создадете секси околина – музика, свеќи, мириси. Уживаат во сето тоа. За нив сексот не е само секс – тоа е стимулација на многу нешта.rn

    2. Сакаат конвенционална романса и класична убавина

    rnЈа ценат физичката убавина и имаат ретка моќ да ги видат ситните детали кои се токму она што го дава шармот на нештата и кои голем дел од луѓето не ги гледаат. Тие се тип на жени кои живеат за романтични гестови – големи букети цвеќе, вечера со свеќи и значајни разговори. Трудот навистина и искрено им значи.rn

    3. Изгледаат силно однадвор, но внатре се многу емоционални

    rnЖената во знакот Бик е неверојатно чувствителна. Можеби не изгледа така поради нејзината срамежлива и заштитничка природа, но кога подобро ќе ја запознаете таа е навистина емоционална. Но не, таа не е од оние ирационални девојки кои имаат недостаток на самодоверба и самоконтрола – туку само го гледа светот онаков каков што е. Не бара скриени агенди и ви верува на збор – затоа внимавајте кога зборувате со жена Бик, затоа што може да ја повредите, а да не знаете.rn

    4. Тие се тврдоглави затоа што се паметни

    rnПознати по својата тврдоглавост, припадничките на овој знак имаат негативна репутација, но тоа само го поддржува фактот дека тие се навистина паметни. Тие се зависници од информации кои знаат како да ја користат моќта на нивниот мозок, умеат да анализираат податоци и имаат силно изразено критичко мислење.rnrnБиковите никогаш нема да ви попуштат во дебата доколку не се сложуваат со вас. Иако имаат малку бес кој длабоко го кријат во себеси, понекогаш тој испливува на површината. Исто така ако ги налутите до степен да не можат да ве толерираат повеќе, тогаш ќе почувствувате кога тие ќе го истурат целиот нивни бес врз вас.rn

    5. Имаат скап вкус бидејќи го ценат квалитетот

    rnОвие дами се магнетно привлечени и зависни од дизајнерска облека, парфеми и сите останати скапи, но елегантни работи. Некои велат дека е маана, но за некои тоа е најдобрата карактеристика. За нив важи правилото квантитет<квалитет, па затоа не се плашат да инвестираат во некое парче. Кога инвестирате во нешто (особено во парче облека) сигурно дека тоа долго ќе ви трае, а тоа на Биковите им е најдобро познато.rn

  • Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денес

    Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денес

    Принцот по кој сте копнееле кога сте имале само 5 години кажува многу за типот на мажи кои ве привлекуваат денес. Без разлика дали станува збор за богатство, сила, добар изглед или темперамент, вам сигурно ве привлекуваат истите мажи кои сте ги сакале и во далечната 1999 година…rn

    Принцот на бел коњ

    rn(1) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВас ве привлекуваат мажи кои би направиле сè за вас. Вие сакате да бидете освоени. Вашиот идеален тип на маж е доброто момче кое растело во добра фамилија и кое отсекогаш имало солидна финансиска положба. Тој нема комплекси, но секогаш бира згодни девојки. Исто така на овој вид маж не му пречи доколку одвреме-навреме драматизирате. Тој сака да се грижи за вас и сака да ги поправи сите ваши проблеми.rn

    Аладин

    rn(2) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие сакате лошо момче од улиците, кој е оригинален хипстер и живее под кирија во апартман со одличен поглед кон светот. Тој многу лесно може да биде задоволен и може да го вози „магичниот килим“ со часови. Овој вид мажи сакаат често да го откриваат своето одлично граедено тело и се доволно самоуверени. Тие имаат добри морали, па дури и кога се двоумат, секогаш ја прават добрата работа. Многу често ги следи огромна среќа.rn

    Принцот Филип

    rn(3) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие не сте го сфатиле тоа тогаш, но отсекогаш сте сакале маж со мека страна, некој со кој ќе можете да живеете во хармонија и да одите на пикник во парк. Тој е мажествен, но истовремено не се плаши да ја покаже и својата поженствена страна. Тој исто така не се грижи за вашиот финансиски статус, туку едноставно сака да ви овозможи добар живот.rn

    Принцот Ерик

    rn(4) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие го сакате оној вид мажи кои се совршено средени, од глава до пети. Исто така ви се допаѓа и ако тој има брод (уште подобро и сопствен екипаж), бидејќи имате вкус за луксуз. Вие сакате маж со музичка страна и најчесто го барате додека шетате по брегот покрај море.rn

    Ѕверот

    rn(5) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие ги сакате нападните мажи со подолга коса. Едноставно уживате во тоа да ги разбесните, дури и ако одвреме-навреме ве плашат со нивното однесување. Оваа сила и темперамент се всушност оние работи кои ве „палат“. Тој е агресивен, наметлив и има силна група пријатели кои исто така малку се плашат од него. Но, истовремено тој има и поблага страна, која се појавува кога неговиот темперамент не е вжештен.rn

    Џон Смит

    rn(6) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие сакате момци кои никогаш нема да се смират. Тоа се оние кои треба засекогаш да ги бркате. Оние кои ќе ве остават без предупредување за да патуваат низ Азија. Оние кои едноставно никогаш не можат да бидат скротени и кои ќе мора постојано да ги следите. Овој вид мажи се и оние кои ќе го скршат вашето срце и кои без разлика на она што ќе го направите, нема да можете долго да ги задржите покрај себе.rn

    Ли Шенг

    rn(7) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие сакате етнички типови кои се оригинални. Овој вид мажи се тивки, бескрајно лојални и секогаш подготвени да ја бранат вашата чест. Тој има одлична репутација и неверојатно шармантни родители. Многу е тешко да го скршите неговиот надворешен оклоп, но откако ќе го направите тоа ќе сфатите дека внатре е мекичок. Тој сака моќни жени и ги поддржува феминистките.rn

    Принцот Фердинанд

    rn(8) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие сакате кралица, а не принц. Станува збор за маж на кој не му пречи идејата да живеете и спиете покрај други седум мажи. Има големи шанси тој да игра за другиот тим…rn

    Херкул

    rn(9) Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денесrnrnВие сакате силни мажи со жешко тело, одличен изглед и кои воопшто не се грижат за она што се случува горе. Тој сигурно има добро наследство и добро име, па токму затоа не можете да сметате на него дека долго време ќе остане да работи на едно место. Тој сака да биде главен, исто како што вие сакате да глумите дама во неволја.