КАФЕ ПАУЗА

Tag: вкус

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #42

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #42

    Кафе на плажа, покрај базен или во дворче… Тазе сварено, миризбата се шири наоколу… Згодни девојки, стегнати момци… Убава глетка и неодолив мирис и вкус. Доживувањето во лето е бесценето. Вкусете го додека трае.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #42
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #17

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #17

    Традиционална десктоп позадина која не потсетува на мирисот и вкусот кои ги има кафето доколку се приготви веднаш откако е сомелено. Нема поинтензивен мирис на кафето од овој. Ако сте љубители на тазе кафе, чиј јак вкус го сакате разблажен со неколку капки млеко, овој избор би требало да му прилега на вашиот десктоп оваа недела.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #17
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

  • Основни информации за зрната кафе

    Основни информации за зрната кафе

    Во продавниците и маркетите има голем избор на најразлични кафиња и нивни брендови: турско кафе, ќесички филтер кафе, нес кафе, гранули еспресо, капучино и многу други. Постојано во потрага по најсилниот и најароматичниот вкус, неретко сакаме да пробуваме различни кафиња, но понекогаш се разочаруваме по првата голтка. Едно е јасно – наутро ни треба силно, ароматично, јако црно кафе кое ќе нè расони и подготви за предизвиците кој ги носи денот.Основни информации за зрната кафеЗа да бидете сигурни во вкусот на кафето кое го пиете, најдобро е да си купите печени зрна кафе, кои патем, се продаваат во  маалски продавнички, а потоа вие бидете бариста кој ќе го сомеле, свари и на крај ќе го испие топлиот напиток.rnrnПогледнете кои се основните работи кои треба да ги знаете за зрната кафе:rn.rn

    1. Купете кафе кое ќе го пиете цела недела

    rnНе правете залихи на кафе, туку купете онолку колку што мислите дека ќе испиете за една недела (секако, вклучувајќи ги и количествата за кога ќе ви дојдат пријатели на гости). Така, кафето ќе ви биде свежо во текот на неделата и ќе ги задржи интензивниот вкус и арома.rn.rn

    2. Чувајте го кафето во ладна и темна просторија

    rnШпајзот е одлично место за складирање на кафе. Таму, кафето нема да биде изложено на светлина, а тегличката во која ќе ги чувате зрната, ќе ја земате секогаш кога ќе посакате да си сомелете и сварите една шоља.rn.rn

    3. Никогаш не замрзнувајте го кафето

    rnОва се случува кога купувате зрна кафе повеќе одошто ви е потребно. Ова е правило од кое нема исклучок. Ако се замрзнат зрната кафе, тие губат многу од своите својства и после некое време, кога ќе се одмрзнат, кафето ја нема својата препознатлива силна арома и свежина.rn.rn

    4. Мелете кафе онолку колку што ќе пиете

    rnНи помалку ни повеќе. На тој начин, секој пат кога ќе сомелете од зрната, ќе пиете свежо, интензивно кафе и така секоја наредна шоља ќе биде полна со јаки вкусови и ароми.Основни информации за зрната кафе

  • Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажите

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажите

    Веќе ја објавивме листата на „Најдобрите машки парфеми за 2010 година“, но тоа не значи дека ги заборавивме девојките. Неодоливиот мирис на секоја девојка секогаш се поврзува со убавина, вкус и шарм, а тоа е повеќе од доволно на патот до успехот. Предизвикот и изборот за женска козметика е навистина огромен, па доколку заклучивме дека е тешко да се одбере машки парфем, овој пат задачата е можеби за 3 пати потешка. Сепак, жените секогаш знаат да го добијат и најдат тоа што го сакаат, но за секој случај еве ја листата на најдобрите парфеми за 2010 година.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Palazzo од Fendi

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеНаправен за оние кои сакаат да изгледаат деликатно и женствено, а истовремено моќно. Силвија Фенди сакала да создаде уникатен мирис кој ќе привлекува внимание, така што доколку некој го носи на себе, каде и да поминува, секој да се врти и да не може да му одолее. Неговата богата цветна миризба со сигурност ќе ве освои.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Gucci од Gucci

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеКреиран со идејата да биде најдобар на сите времиња кој тие некогаш го создале, овој прекрасен парфем дефинитивно го заслужува вашето внимание. Неговата цветно-овошна комбинација ќе ве натера да подзинете, ако не вие самите, машкиот пол со сигурност. Направен е од хаитска тијара, пачули и мед и е спакуван во елегантна стаклена амбалажа.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      J’adore The Absolute Perfume од Dior

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеИсполнет со емоции, прекрасен и мистериозен. Вплотување на апсолутна женственост во еден цветен букет со миризба на рози и јасмин. Свеж парфем погоден за потопли денови, кој ќе успее да ве направи своја и единствена.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Prada од Prada

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеОриентален мирис врз база на килибар, 4 вида на етерични масла (Индиска сандаловина, Индонезиски пачули, цитрус смола и бензоин) и ванила. Топол, сладок мирис кој би бил погоден за вечерни рандевуа и луксузни вечери.rn.

    rnrn

      rn011

    • rn

      Obsession Night Woman од Calvin Klein

      rn

    • rn

    rn

    Најдобрите женски парфеми за 2010 година кои ги полудуваат мажитеСоздаден во 2005 година, асоцијација за незаборавни и луди летни ноќи. Сплотеноста од рози, портокали, мандарини, лилјани, ванила, јасмин, сандаловина и многу други добро искомбинирани состојки, дава заводнички мирис кој нема да го остави рамнодушен машкиот пол.

  • Капучино на италијански начин

    Капучино на италијански начин

    Вистински италијански вкус за автентично доживување

    rn

    Капучино на италијански начин

    rnrn

    Потребно време за подготовка: 7 минутиrn

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка кафе
    • rn011

    • 60 милилитри минерална вода
    • rn011

    • шлаг
    • rn011

    • 1 лажичка какао
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо шолјата за кафе се става една лажица кафе. Се меша добро со минерална вода, потоа се засладува со шлаг и на крајот се посипува со какао во прав. Од горе повторно се става шлаг. Италијанското кафе се служи ладно. Затоа, пред да се употреби, минералната вода треба да стои долго време во фрижидер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Погледнете го овој ултрамодерен и уникатен базен, кој одлично се вклопил во просторот на едно аргентинско семејство, очигледно, со добар вкус.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnАрхитектите од „Andres Remy Architects“, за овој проект внимателно го анализирале движењето на сонцето и падот на светлината, за да можат идеално да го постават базенот во дворот.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnБазенот е издигнат над земјата и има стаклен ѕид, што овозможува глетка од двете страни. Опколен е со бродска палуба и делува како релаксирачко и забавно место. Одлична модерна комбинација за луѓе со урбан стил. Зар не би посакале и вие нешто вакво во вашиот двор?rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ирско кафе (Irish coffee)

    Ирско кафе (Irish coffee)

    Богат и неодолив вкус кој секому би му се допаднал

    rnИрско кафеrn

    Потребно време за подготовка: 5 минути

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 40 мл ликер од ирски крем
    • rn011

    • 20 мл ирско виски
    • rn011

    • 200 мл топло варено црно кафе
    • rn011

    • Шлаг пена
    • rn011

    • Морско оревче (по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо висока стаклена чаша за кафе, искомбинирајте ги  ликерот и вискито, а потоа додадете го топлото кафе. На врвот нанесете ја шлаг пената и морското оревче. Уживајте…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.