КАФЕ ПАУЗА

Tag: вкус

  • Како да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купувате

    Како да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купувате

    Како вие избирате кафе? Како одлучувате кое од нив е вистинскиот избор и кое ќе се најде во вашата кошничка? Кога во продавница ѝ приоѓате на полицата со кафе, што помислувате? Што согледувате прво? Бојата? Цената? Големината на пакувањето? Дали кафето е со акциска цена? Дали со него има некаков подарок? 1 + 1 гратис? Нов вкус? Шолја за подарок? Лажичка? Со наградна игра?rnrnКако да го изберете најдоброто кафе: Воопшто не е сеедно кое го купуватеrn

    Од сето споменато, што би било најповолно за вас?

    rnДодека некои се придржуваат кон правилото за купување исклучиво на кафето што им е вкусно, се случува за моментот да се занемари најважната работа – квалитетот, но и вашиот сопствен вкус. Како понекогаш да заборавате дека не пиете кафе затоа што морате, туку за да уживате целосно во него, додека бесконечно долго го пиете наутро во кревет или попладне, по напорниот работен ден, со добра книга, со омилената серија или во друштво на саканите луѓе.rnrnПонекогаш и покрај тоа што се чувствувате навистина уморно кога станувате наутро, шолја од вашиот омилен црн напиток со совршена полнота и мирис што ги буди сите сетила е сè што ви треба. Замислете кафето да не одговори на очекувањата заради недостаток на пена, густина, или минимална количина талог што не е дури ни „залепен“ на дното од шолјата како што треба? Ќе се разочарате, но…rn

    Понекогаш се навикнувате на одредено кафе

    rnНавиките не треба да се менуваат само ако се добри. Во спротивно, тие треба да се променат што е можно поскоро. Утрото, попладнето или дружењето со пријателите и семејството треба да се зачини со шолја добро свежо мелено кафе, кое по својата арома, изглед и вкус, ќе ве натера да се чувствувате подобро и разговорот едноставно да тече.rn

    Какво е доброто кафе?

    rnКога ќе подготвите свежо мелено кафе, веднаш ќе го препознаете по длабоката темна боја и богатата пена што се формира на врвот, совршениот вкус и богатата арома, но и финиот слој талог што ќе остане на дното кога ќе ја испиете последната голтка.rnrnДоброто кафе значи и добар ден! Уживајте!rnrnМожеби сакате да откриете и 27-те неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.

  • Како правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкус?

    Како правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкус?

    Луѓето денес се чини дека прават сè механички. Скокаме по првиот аларм на телефонот, се упатуваме кон тоалетот, полниме малку вода за кафе, а патем ставаме залак во устата, се облекуваме, пиеме брзо кафе и започнува новиот ден.rnrnКолку правиме сè механички и премногу брзо, може да се покаже со фактот дека нашето кафе е секогаш различно. Можеби тоа се должи на брзината и рутината, но има неколку феноменални трикови што ги заборавивме, а можеби некој и не ги знае.rnrnСледете ги неверојатните трикови при подготвување домашно, свежо мелено кафе што ќе му дадат совршено полн вкус на вашиот омилен топол напиток!rnrnКако правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкусrn

    Изборот на кафе е најзначаен

    rnЗа да добиете супериорен вкус, арома и густина, треба да изберете квалитетно свежо мелено кафе. Не секое кафе е исто. Тие не се ни слични! Доброто свежо кафе ќе го препознаете по густата пена, што е знак дека кафето е со одличен квалитет и тоа е еден вид гаранција дека кафето во вашата шолја е апсолутно совршено. Дали знаевте дека токму пената ја зачувува аромата и вкусот на кафето и го одржува кафето подолго време топло?rn

    Правилен процес на подготвување

    rnОваа информација веројатно ќе ве изненади – дали знаевте дека водата за подготовка на кафе не треба да зоврие? Треба да се загрее, но треба и да се отстрани од ринглата пред вриење. Потоа додајте го кафето во водата.rnrnКако правилно да подготвите вистинско домашно кафе со полн вкусrn

    Колкава количина на кафе е доволна за една шолја напиток?

    rnЗа секоја шолја оптимално е да се стави една богата лажичка свежо мелено кафе. Бидејќи денес пиеме кафе претежно од големи шолји, треба да се стават барем две. Се разбира, можете да ја прилагодите количината на кафе по ваш вкус, во зависност од тоа дали преферирате послаб или посилен вкус на кафе.rn

    Варење на кафето

    rnКога ќе додадете кафе, промешајте добро и вратете го на ринглата за да го доварите и тоа да достигне до врвот на ѓезвето. Тргнете го ѓезвето на страна и почекајте да се спушти пената, тогаш кафето е подготвено за сервирање. Кафето секогаш треба да се сервира во просторијата каде што се пие, а откако ќе го ставите во шолјата, оставете го малку да се „смири“ – тоа е за да се процесира извлекувањето на аромата од ситно мелените зрна во шолјата.rn

    Најголема грешка

    rnПовеќето луѓе претеруваат при варењето на кафето, а токму тоа е она што најмногу го уништува вкусот и пената на кафето. Исто така, грешка е да го засладите кафето откако е веќе сварено, бидејќи тогаш треба повторно да се промеша и талогот повторно се раздвижува. Ако сакате слатко кафе, додајте го шеќерот во ѓезвето на почетокот, кога водата е сè уште ладна.rnrnСега кога ги знаете најдобрите трикови, побрзајте да подготвите шолја свежо мелено кафе и уживајте во совршената полнота од арома и вкус на најубавиот напиток за расонување!rnrnЗатоа што сте љубител на црното кафе ви предлагаме да откриете кои се 4-те причини зошто би требало да продолжите да го пиете.

  • Тајната на совршеното домашно подготвено кафе

    Тајната на совршеното домашно подготвено кафе

    Консумирањето кафе и уживањето во овој пијалак е добро познат ритуал во Македонија. И за разлика од другите држави каде што се служи во мали шолји и се пие во една голтка, нашето кафе е многу повеќе од утринско или попладневно заблажување. Мирисот и вкусот што се кријат во омилените шолји во кујната нè следи во сите нови успеси, запознавања, пријателства и заеднички моменти на радост.rnrnrnrnСите ние сме пораснале учејќи како да направиме добро кафе. Уште од мали нозе секојдневно сме слушале изјави како „Уф, колку добро кафе испив денес“ или „Колку слабо кафе ми направија, исто како да не сум се напил/а денес“. Со текот на времето ние сме пробувале различни вкусови и комбинации, велејќи: „Направи ми без шеќер“, „Стави кафе сега, за да се олади додека дојдам“ или „Не дозволувај да зоврие до крај.“rnrnБез разлика на нашата работа, ние секојдневно подготвуваме свежо смелено кафе, притоа давајќи дел од нашето срце во него. Важно ни е пијалакот да биде совршен и ние да бидеме познати како кафе-мајстори. Па, доколку сакате да ги унапредите вашите вештини во подготовката на кафето и уживањето во неговиот вкус, тогаш погледнете ги следниве мали тајни за кои можеби не сте знаеле, а кои имаат моќ да ви го направат омилениот вкус уште подобар.rnrnИмено, пената во домашно подготвеното мелено кафе ја прави разликата помеѓу „доброто“ кафе и она што е „невешто“ сварено. Сепак, има и луѓе што сакаат да пијат кафе без пена – па секогаш прашувајте пред варењето. Покрај тоа што изгледа попримамливо, густата и обилна пена ја задржува топлината на кафето, го прави вкусот поинтензивен и подолго се задржува во устата.rnrnОд друга страна пак, покрај пената, важна е и температурата на кафето. За најдобар вкус, треба да почекате малку да се олади и да почнете да го пиете кога тоа ќе ја достигне температурата на телото. Исто така, пред првата голтка, затворете ги очите и длабоко вдишете го мирисот. Ова ќе ви ги отвори сите сетила и кога ќе почнете да го пиете кафето ќе чувствувате многу побогат вкус.rnrnКако кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението!

  • Правилно пиење вино, според советите на врвни сомелиери

    Правилно пиење вино, според советите на врвни сомелиери

    Љубителите на вино секогаш сакаат да дознаат нешто повеќе околу производството, бербата и комбинацијата на вкусови, како да го комбинираат со оброк и во каква чаша да го послужат. Сомелиер (или сомелие) е експерт за вино кој често е ангажиран во ексклузивни ресторани за да ги советува гостите за изборот, но и професионално да го изведе послужувањето на виното.rnrnКако правилно да се пие вино, според советите на врвни сомелиериrnrnПиењето вино може да биде вистинска уметност и врвно доживување доколку правилно се однесуваме кон оваа течност, а секој чекор од консумирањето си има свои ред и правила:rn

    1. Правилен метод на дегустација

    rnПостојат пет важни чекори при дегустација на виното и тоа:rn

      rn 011

    • Гледање: Се набљудува бојата со држење на чашата под агол од 45 степени.
    • rn 011

    • Промешување: Со кружни движења придонесуваме да се ослободат аромите во воздухот.
    • rn 011

    • Мирисање: Доколку сериозно сакате да дегустирате вино, треба најпрво да го почувствувате мирисот, со кој ќе можете да предвидите каков вкус ќе почувствувате подоцна.
    • rn 011

    • Голтка: Испијте мала голтка и почувствувајте кои од аромите ги има и во вкусот. Некогаш може да се изненадите кога ниту еден од мирисите не е присутен во вкусот.
    • rn 011

    • Плукнете или голтнете: Плукањето во посебен сад го има кај снобовите и во филмовите. Во пракса, никој не плука добро вино.
    • rn

    rnКако правилно да се пие вино, според советите на врвни сомелиериrn

    2. Истите правила важат и за пенливите вина

    rnПетте чекори за дегустација се применливи и кај пенливите вина како што се шампањ и просеко.rn

    3. Првата голтка треба да ја жабуркате во устата

    rnКога пробувате ново вино, најдобро е првата голтка да ја извртите низ целата уста, како течност за одржување орална хигиена. На овој начин ја подготвувате усната шуплина за целиот спектар на вкусови кои доаѓаат веднаш по пиењето на втората голтка.rnrnКако правилно да се пие вино, според советите на врвни сомелиериrn

    4. Вистина е, вкусот зависи и од потеклото

    rnВсушност, вкусот на едно вино не зависи само од видот грозје од кое е произведено, туку и од географското поднебје каде грозјето е одгледано. На пример, старите произведувачи (Франција, Италија, Шпанија…) имаат полесни и помалку овошни вина, додека кај новите произведувачи (САД, Австралија, Аргентина…) виното има поовошен вкус и поголема концентрација на алкохол.rn

    5. Едно вино може да биде регистрирано под различни имиња

    rnВо принцип, старите произведувачи произведуваат според регион, додека новите според видот на грозје. Така, доколку пробате ново вино со назнака пино ноар, кај старите произведувачи ќе го најдете како бургунди. Доколку сте љубител на вино, истражете ја оваа гранка и пронајдете го вкусот кој ви е омилен, за да знаете што да нарачате следниот пат кога ќе бидете во ресторан.rnrnИсто така, би можело да ве интересира и кои се здравствените придобивки од белото вино.

  • Ако сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкус

    Ако сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкус

    Не постои човек во светот кој не е љубител на добра храна и кој не сака да ужива во гурмански задоволства, иако е свесен дека може да биде штетно за него. Најчесто, храната која има највисока енергетска вредност, особено слатката, солената и масната, има и најдобар вкус. Ова било особено практично за нашите далечни предци, кога им било важно храната што ја јадат да им дава доволно енергија за сите активности.rnrnАко сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкусrnrnРазликата меѓу нас и нашите далечни предци е во тоа што тие живееле многу поактивен живот од нашиот. Ние денеска поминуваме многу време во работа, особено нефизичка, а потоа немаме доволно време за физичка активност. Сепак, љубовта кон вкусната храна останала да се негува. Затоа, науката се обидува да даде одговор на прашањето дали е можно да го промениме личниот вкус, за да можеме да преминеме на поздрав начин на исхрана?rnrnПостојат шест основни описи на вкусот: слатко, солено (потекнува од солта), кисело, солено-зачински (потекнува од комбинација на солени состојки и зачини), масно и горчливо. Според некои студии, постои и вкус на скроб, односно оној на бели печива и скробни овошја и зеленчуци. Перцепцијата за вкусовите е индивидуална и нешто што им е вкусно на едни, може да биде одбивно за други. Додека за едни, на пример, кафето со една лажичка шеќер е преблаго, за други тоа може да биде премногу горчливо. Во ова лежат разликите на чувствителноста на вкусовите, но и во разбирање на она што ја сочинува диетата.rnrnПоради личната перцепција на вкусовите, се случува нешто да ни се допаѓа, а нешто да не можеме ниту да го помирисаме. Омилениот вкус диктира и каква ќе ни биде исхраната и на што таа ќе се заснова. Па така, оние кои ги сакаат благиот и солениот, а во некои случаи и скробниот вкус, ќе избираат такви продукти за исхрана. Понекогаш, задоволството што го овозможува омилената храна, може да придонесе да се прејадеме пред воопшто да забележиме дека тоа се случило веќе пред неколку залаци.rnrnАко сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкусrn

    Манипулирање со чувствителноста на вкусовите

    rnНашата линија може многу да претрпи токму поради омилените вкусови на храната. Слатката храна е преполна со јаглехидрати и лесно е да се внесе количина поголема од потребната, што резултира со перничиња околу стомакот и колковите.rnrnДобра вест е што може да се манипулира со омилените вкусови, но тоа не смее да се случува нагло. Кога започнуваме некој режим на исхрана, се придржуваме до одредени правила благодарение на кои ќе постигнеме некаков сакан резултат. Ако луѓето се доволно строги кон себе и се придржуваат на зададените правила, со тек на времето се менува перцепцијата на вкусовите. Како пример може да се земе и честото тврдење на љубителите на кафе, дека откако ќе се навикнат на квалитетно црно кафе без шеќер, веќе никогаш не можат да се вратат на она со најразлични додатоци како млеко, шлаг или прелив.rnrnАко сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкусrnrnКога одредениот начин на исхрана се применува подолг период, на пример неколку недели, личноста може да очекува дека индивидуалната чувствителност на вкусовите веќе е сменета и дека полесно ќе се воспостават поздравите навики. Ако од исхраната се исклучат слатките, по одреден период ќе биде доволна само мала количина за да се почувствува задоволство од тој вкус, наместо претходните навики да се изедат и по неколку чоколатца, па и тоа да не е доволно.rnrnЗатоа, може да се заклучи дека со помош на самоконтрола, лесно може да се смени перцепцијата за вкусовите и да се насочи во своја корист. Со тек на време ќе станува сè полесно да се живее без омилениот вкус од минатото, а тоа ќе резултира со поздрави навики и секако, полесно одржување на линијата.rnrnПробајте го и ова пенливо кафе со соја за љубители на здравата исхрана.

  • Вашите рецептори за вкус се менуваат кога сте во сериозна врска

    Вашите рецептори за вкус се менуваат кога сте во сериозна врска

    Никогаш не сте јаделе маслинки додека сте биле сингл, но по неколкумесечна сериозна врска, не можете да си го замислите животот без нив?rnrnВашите рецептори за вкус се менуваат кога сте во сериозна врскаrnrnСпоред една неодамнешна студија објавена во Appetite journal, вашите преференции за вкус и мирис (со други зборови, тоа што сакате и не сакате да го јадете), можат целосно да се променат со цел да бидете посинхронизирани со вашиот партнер. Звучи лудо, се согласувате?rnrnИстражувачите проучувале 100 парови кои биле во врска од 3 месеци до 45 години и ги мереле нивните одговори на различни миризби и вкусови. Тие откриле дека колку подолго сте во врска, толку вашите рецептори за вкус работат на посличен начин.rnrnНо, зошто се случува? Со оглед на тоа што партнерите делат ист дом (вклучувајќи кујна и фрижидер) и најчесто заедно јадат, големи се шансите да делат исти оброци. И кога ќе почнете да јадете одредени состојки редовно, вашите преференции за вкус полека се менуваат и адаптираат.rnrnИзгледа само прашање на време е кога ќе почнете да сфаќате дека брокулите се многу повкусни од макароните, бидејќи според вашиот партнер, тие се неизбежен дел од здравата исхрана…rnrnПрочитајте ги и овие 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска!

  • 10 необични факти за сетилото за вкус

    10 необични факти за сетилото за вкус

    Сетилото за вкус е сè освен едноставно. Научниците сè уште не можат да ја објаснат неговата комплексност, а неговата биологија е толку моќна што производителите многу успешно ги манипулираат потрошувачите со него. Па погледнете неколку необични и интересни факти за ова сетило.rn

    1. Скапото вино има подобар вкус

    rn10 необични факти за сетилото за вкусrnОдредени информации може да ја променат способноста на човекот за вкус. Особено кога станува збор за дегустација на вино. Во 2015-та година, неколку волонтери биле замолени да дегустираат 5 различни вина. Цените на виното се движеле од околу 4 до 60 евра по шише. Бидејќи не знаеле дека пијат евтино вино, волонтерите изјавиле, но и реагирале како „поскапото“ вино да било навистина вкусно. Верувањето дека во чашата има квалитетен пијалак ја променил нивната перцепција. Мозокот го оформил вкусот според очекувањето на корисникот. Истражувачите исто откриле дека виното во потешко шише имало подобар вкус, најверојатно бидејќи мозокот ја поврзува тежината со квалитет.rn

    2. Мистеријата за коктелот Крвавата Мери

    rn10 необични факти за сетилото за вкусrnrnВо 2013-та година, една германска авиокомпанија забележала нешто невидено. Кога биле во воздух, патниците имале потреба од сок од домати. Годишно се служеле околу 1,8 милиони литри, а ова го направило коктелот Кравата Мери популарен колку и пивото. Овој феномен се појавувал и кај луѓе кои обично не пиеле сок од домати. Повторно било направено истражување, овој пат во авион кој не летал. На патниците им бил понуден овој коктел, но не им се допаднал. Но, за време на симулација на лет, популарноста на коктелот пораснала. Среќните патници го опишувале како „задоволително овошен“.rnrnЗад ова најверојатно се наоѓа нашето 5-то сетило за вкус – умами. Останатите 4 сетила за благо, солено, кисело и горчливо се намалуваат поради вревата во авионот, намалената влажност и притисокот во кабината. Но ова не се случува со умами, сетило кое најчесто е за солени работи. Сокот од домати е навистина солен, па поради ова им се допаѓал на патниците кои летале.rn

    3. Вкусот може да го подобри третирањето на депресијата

    rn10 необични факти за сетилото за вкусrnrnСетилото за вкус е поврзано со емоциите. Анксиозноста и депресијата може да го намалат сетилото за вкус, а дури има докази дека лошото расположение не ни дозволува да препознаеме колку масти има во некоја храна. Сепак, сетилото за вкус може да им помогне на луѓето кои страдаат од депресија во нивниот третман. Кога на здрави волонтери им биле дадени антидепресиви, нивната способност да чувствуваат горчливо, благо и кисело се зголемила. Ова укажало на хемиска нерамнотежа кај луѓето што имаат намалено чувство на вкус поради нивните тешки емоции. Благодарение на ова, едноставен тест за сетилото на вкус може да покаже дали некој зема непотребни лекови, или пак дали некој треба да зема лекови. Исто така, истражувачите откриле дека антидепресивите имале влијание на сетилото за вкус пред да стигнат до мозокот.rn

    4. Битката за 6-тиот вкус

    rn10 необични факти за сетилото за вкусrnrnНекогаш се сметало дека човекот може да открие само 4 вкуса. Кога се открило сетилото умами, ова се променило. Некои научници веруваат дека постои дури и 6-то сетило за вкус. Всушност, постојат 7 вкусови кои сè чекаат признание. Глувците имаат 2 рецептори за калциум. Еден од нив се верува дека постои и на човечкиот јазик, но сè уште не е докажан. Јапонските истражувачи веруваат дека рецепторот за калциум е одговорен за уште едно сетило за вкус наречено кокуми. Потоа овде спаѓаат и рецепторите за топло и ладно. Некои сметаат дека овие се повеќе физички рецептори отколку рецептори за вкус. Постојат уште 2 предлога според кои има сетило за масти и за метали. Најнеобичниот кандидат за 6-то сетило за вкус е сетилото за јаглероден диоксид. Овој гас се користи кај газираните пијалаци.rn

    5. Необични дегустатори

    rn10 необични факти за сетилото за вкусrnrnРечиси нема двајца луѓе со исто сетило за вкус. Сепак поголемиот дел од популацијата спаѓа во група која ги искусува основните вкусови со ист интензитет. Но за мал процент работите стануваат необични. Постојат „термални дегустатори“ кои ги регистрираат судените работи како кисели, а топлите како слатки. Постојат и луѓе чии јазици речиси и да немаат чувство за вкус, но и луѓе чии јазици имаат многу развиено чувство. Првите имаат помалку рецептори, а вторите имаат двојно повеќе. Околу 25% од луѓето имаат многу развиено сетило за вкус, но речиси сите тие се согласуваат дека ова може да претставува проблем. Тие не можат да уживаат во вкусот на алкохолот, богатите десерти или здравите зелени зеленчуци.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 4 состојки што не ги додавате на вашето кафе (а би требало!)

    4 состојки што не ги додавате на вашето кафе (а би требало!)

    Сигурно вашата рутина изгледа вака – се будите, правите кафе, излегувате во реалниот свет и се преправате дека сте целосно будни. Но оваа утринска традиција може да ви стане многу повкусна доколку експериментирате со овие состојки кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом. Никогаш не се задоволувајте со здодевната шолја кафе и зачинете го омилениот кофеински пијалак!rnrn4-sostojki-shto-ne-gi-dodavate-na-vasheto-kafe-a-bi-trebalo-www.kafepauza.mkrn

    1. Какао во прав

    rnКомбинацијата од кафе и чоколадо е богат вкус во кој секој љубител на кофеинот треба да ужива. Многу лесно можете да го направите вашето кафе чоколадо, сè што е потребно е да ставите 1 или 1,5 супена лажица незасладено како во прав во мелено кафе, добро да измешате и потоа да го подготвите самото кафе на вообичаениот начин.rn

    2. Зачини

    rnДодавањето прстофат зачини во вашето кафе ќе создаде вкус што нема да можете да го заборавите. Одберете еден од зачините како цимет, морско оревче, лаванда, кардамом и слично и подобрете го вкусот на утрата. Можете да бидете креативни со секоја нова шолја и да мешате повеќе вкусови во секое кафе. Но внимавајте да не го зачините премногу, па погрижете се да не надминувате 1/4 кафена лажичка од одбраниот зачин кој ќе го ставите во меленото кафе и потоа ќе го подготвите на вообичаениот начин.rn

    3. Екстракти

    rnЕкстрактите не служат само за печење, тие можат да направат голема разлика и во вкусот на вашето кафе. Доволно е да додадете малку екстракт од ванила или кокос за малку да ја нарушите монотонијата, или пак, ако сте доволно храбри експериментирајте со вкусови како ментол или рум. За најдобра комбинација, ставете 1 кафена лажичка од овие вкусови во меленото кафе пред да го подготвите.rn

    4. Сол

    rnИсто како што прстофат сол може да ги подобри десертите, истата количина од оваа состојка може да го надгради и вашето утринско кафе. Солта може да „неутрализира“ дел од горчината и да создаде повкусен пијалак. Внимавајте само да не претерате со количината, нека биде навистина прстофат или 1/8 кафена лажичка директно додадена во меленото кафе, пред подготовката.rnrnПрочитајте и за 8-те неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе.

  • Швајцарски научници измислиле нов вкус на чоколадо – рубин!

    Швајцарски научници измислиле нов вкус на чоколадо – рубин!

    Една швајцарска фирма за чоколадо тврди дека измислила четврт вид чоколадо, после млечното, темното и белото – за прв пат после 80 години! Научниците од шајцарскиот чоколаден гигант Barry Callebaut велат дека за својот нов рецепт користеле рубинови какао семки за да создадат чоколадо со вкус на шумско овошје.rnrnshvajcarski-nauchnici-izmislile-nov-vkus-na-chokolado-rubin-www.kafepauza.mkrnrnНовиот десерт, наречен рубин по својата карактеристична црвена нијанса, е досега четврт вид чоколадо – последниот изум на ова поле била белата чоколада, измислена во 30-тите години. Компанијата се надева дека ќе успее да го привлече вниманието на сите зависници од чоколади како и на милениумците.rnrnОвошниот вкус доаѓа од самиот вид какао зрна, што значи дека и тој и бојата е целосно природна. Ангус Кенеди, индустриски експерт, вели:rn

    „Станува збор за нешто многу различно и паметно. Тоа е освежувачко и има лесна, кремаста текстура. Вкусот е многу лесен и овошен и ако не знаете дека станува збор за чоколадо, нема ни да можете да го претпоставите тоа, што значи дека потрошувачите ќе можат да го јадат во поголеми количини од обичните чоколади.“

    rnПа, што мислите вие за овој производ? Би му дале шанса или пак, не би се откажале од класичниот вкус на чоколадото?rnrnИмаме лоши вести за љубителите на белото чоколадо: Дознајте ја вистината за овој сладок десерт!

  • Компанијата „Орео“ ќе ви плати половина милион долари ако смислите нов вкус за познатите колачиња!

    Компанијата „Орео“ ќе ви плати половина милион долари ако смислите нов вкус за познатите колачиња!

    Компанијата „Орео“ ги пушти во продажба најновите колачиња со вкус на „огномет“ (Firework-flavoured) во вторникот, но тоа не е единствената причина за славење. Имено, познатата фирма за Орео колачиња ги повика потрошувачите да го смислат најновиот вкус за овој познат десерт.rnrnКомпанијата „Орео“ ќе ви плати половина милион долари ако смислите нов вкус за познатите колачиња!rnrnПобедничката идеја ќе добие дури 500.000 долари! Но, и првите неколку места ќе заработат пари. За да се пријавите, објавете ја вашата идеја на Инстаграм или Твитер со тоа што ќе ги употребите хаштаговите #myoreocreation и #contest.rnrnОрео ќе одбере три финалисти кои ќе добијат по 25.000 долари и ќе ги видат нивните идеи реализирани во продавниците ширум светот наредна година. Потоа, луѓето ќе можат да гласаат за да го одберат победникот кој ќе добие ни помалку ни повеќе, туку 500.000 долари!rnrnКреативните љубители на колачиња имаат можност да смислат предлози до 14-ти јули. Наша препорака е уште веднаш да отидете до продавница и да си купите Орео колачиња за да добиете инспирација.rnrnПогледнете некои од идеите во следново видео…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=fOsPDYHQFbArnrnДоколку немате никаква идеја, погледнете ги овие 3 слатки десерти со Орео колачиња, па можеби ќе се сетите на нешто интересно.