КАФЕ ПАУЗА

Tag: вкус

  • Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

    Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

    Добро е познато дека лимонот носи бројни бенефити за организмот. Богат е со витамини кои ни се многу потребни, помага во процесот на губење на килограмите, помага во борбата со настинките итн. Добрата работа во врска со тоа е тоа што може да се употребува цел.rnrnЗошто треба да ги замрзнувате лимоните?rnrnИнтересно е тоа што во неговата лушпа има дури и до десет пати повеќе витамини отколку во неговиот сок. Лимоновата лушпа силно се бори против разни бактериски инфекции, се бори со паразитите, го регулира крвниот притисок, а има и антидепресивни и анти-стрес состојки.rnrnЗа да можете да ја употребите, замрзнете еден цел лимон, а кога ќе биде добро замрзнат изрендајте го. Потоа можете да го употребувате како додаток во супи, салати, десерти, сладоледи, житарки и секаде каде што ќе посакате. Освен што ќе додаде одличен вкус, на тој начин ќе можете да ги соберете и сите бенефити кои тој има да ги понуди.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Старци со сомнителен вкус за облекување

    Старци со сомнителен вкус за облекување

    Можеби носат што ќе најдат, можеби прибираат од внуците или пак навистина се дрски како што изгледаат на сликите.rnrn

    Старци со сомнителен вкус за облекување
    Тој е повторно тука и е „поголем“ од кога било
    rnrn
    Старци со сомнителен вкус за облекување
    Не гледам добро
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Какво чоколадо обожавате? Тоа кажува нешто за вас

    Какво чоколадо обожавате? Тоа кажува нешто за вас

    Скоро не постои некој што не сака чоколадо, но освен преференциите за вкусот и за разните додатоци, изборот на чоколадите кои најмногу ги сакаме открива и по нешто за нашиот карактер.rnrnkakvo-chokolado-obozhavate-toa-kazhuva-neshto-za-vas-kafepauza.mkrn

    Млечно чоколадо

    rnОва е омилено на повеќето луѓе. Ако ви е омилено и вам, веројатно сакате фудбал, поп музика и комедии. На секого му се пикате под кожа и му прираснувате при срце. Да можат, луѓето околу вас би скандирале извикувајќи го вашето име, но знаат дека тоа може да биде иритирачки за другите луѓе, па се задоволуваат со кратки „О, Боже“ воздишки секој пат кога ќе влезете во просторијата.rn

    Чоколадо со лешник

    rnВие сте префинета личност. Сакате луксуз, класична музика и романтични филмови. Исто така сте вљубеници во порцеланот, автомобилските олдтајмери и виолината. Впрочем, читајќи го ова веќе се ежите и возбудувате.rn

    Чоколадо со карамела

    rnЧувствителни гулапчиња. Љубители сте на животните, поп музиката и романтичните филмови. На луѓето им е потребно малку повеќе време за да ве запознаат, но штом еднаш го откријат вашиот карактер, сфаќаат дека всушност сте голема душа. Сакате да приредувате убави изненадувања за вашите блиски луѓе. Секогаш се водите според срцето и неретко плачете кога гледате емотивни филмови.rn

    Крцкаво чоколадо со бисквити

    rnОва е избор на енергичните личности. Сакате шопинг, танцување и акциони филмови. Полни сте со енергија, секогаш имате нешто што треба да направите, да завршите или со некого да пиете кафе. Секогаш наоѓате начин да се опуштите и да избегнете стрес. Неретко ве опоменуваат во кино салите дека сте бучни.rn

    Чоколадо со лешник и со овошје

    rnВие сте таинствена личност. Сакате книги, музика и трилери. На прв поглед делувате како многу отворена и директна личност, но под површината криете многу сочни тајни. Без разлика колку другите ве провоцираат да им откриете некоја тајна, вие не се давате, сè додека вашиот соговорник прв не ја открие својата.rn

    Чоколадо со ментол

    rnЖиви личности со немирен дух. Сакате фестивали, рокенрол, драми. Одличен советник сте и луѓето секогаш прво се сетуваат на вас кога им е потребен разговор и помош. Вас не ве држи место. За вас важи изреката „Не се работи за тоа што ќе кажеш, туку како ќе го кажеш“.rn

    Чоколадо со печени бадеми

    rnВие сте мудра личност. Учени сте, сакате технологија, класична музика и документарци. Луѓето ви љубоморат. Постојано се прашуваат како сте станале толку паметни, но секогаш доаѓаат до истиот заклучок дека едноставно сте такви. Растурате во сите друштвени игри.rn

    Темно чоколадо

    rnВие сте свесни за важноста на здравјето. Вашата цел е да бидете фит и да го искористите максимумот од секој ден. Од вас луѓето бараат совет кога е во прашање исхраната, но и потенцијалниот партнер. Вашето мото е „Изгледај убаво за да се чувствуваш убаво“.

  • Трикови за вашиот омилен напиток: Како да спасите лошо направено кафе?

    Трикови за вашиот омилен напиток: Како да спасите лошо направено кафе?

    За многумина љубители на кафето важи правилото дека ако денот започне со лошо направено кафе, цел ден ќе биде за никаде. Ако и вие се чувствувате така кога ќе си го утнете утринското кафе, овие совети можат да ви помогнат и покрај тоа да имате убав ден.rnrntrikovi-za-vashiot-omilen-napitok-kako-da-spasite-losho-napraveno-kafe-kafepauza.mkrn

    Горко кафе

    rnПостојат неколку причини зошто кафето од машина за кафе може да биде горко: водата била врела, апаратот не бил добро исчистен или откако било направено, кафето предолго стоело на топла рингла. Во ваков случај не можете да направите ништо освен да додадете малку сол. Ова можеби ќе ви изгледа чудно, но како што видовме и порано, ова е одличен трик. Ако овој проблем се јавува и откако убаво ќе го исчистите апаратот за кафе и ќе го промените видот на кафето, малку сол можете да додавате во водата при вриењето.rn

    Преслабо кафе

    rnМногумина попрво би пиеле горко кафе (иако го сакаат благо) одошто преслабо, како што би рекле, вода од костен. За почеток важно е при подготовката на кафето да внимавате на температурата на водата која треба да биде 90-95 степени Целзиусови. Ако подготвувате кафе во апарат за кафе, слабо ќе излезе доколку не ставите доволно количина. Ако востановите дека кафето е слабо откако ќе го направите, можете малку да го засилите со лажичка инстант кафе. Иако ова ќе помогне за чувствувањето на интензитетот на подготвеното кафе, следниот пат запаметете колку кафе треба да ставите при подготовката. Трикот помага, но не е сосема исто.rn

    Пресилно кафе

    rnЗа овој проблем решението е многу едноставно – во веќе подготвеното кафе додадете врела вода за да го разблажите јакиот вкус.rn

    Устоено кафе

    rnГлавната причина за оној одвратен вкус што некогаш го има подготвеното кафе е што стоело предолго во садот или не било сварено на соодветна температура на водата. За да го избегнете вкусот на „старо“ кафе, најпаметно е да го мелете пред самото варење. Кога смеленото кафе стои предолго го губи вкусот.rn

    Бонус совети:

    rn

      rn011

    1. За правење кафе пожелно е да користите флаширана или прочистена, филтрирана вода.
    2. rn011

    3. Исто така треба да го знаете вистинскиот размер на кафето и водата – на 200 мл вода таман се 2 лажички кафе.
    4. rn011

    5. Апаратот за кафе треба да се чисти со жешка вода после секоја употреба.
    6. rn011

    7. И најважно, во кафето треба да уживате веднаш, бидејќи колку повеќе седи толку повеќе губи од интензитетот и вкусот.
    8. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што зборува за вас музиката која ја слушате?

    Што зборува за вас музиката која ја слушате?

    Постојат многу мал број студии кои истражуваат зошто го имаме токму оној музички вкус кој го имаме. Психологот Тод Кашдан зборува за една таква студија која ја испитува поврзаноста меѓу музичките преференции и пет основни карактеристики на личноста: отвореност за искуства, совесност, екстровертност, љубезност и невротицизам. Овие откриле пет основни музички вкусови.rn

      rn011

    • Софистициран – главно инструментална музика, која е комплексна, интелигентно компонирана и инспиративна. Пример за ова е класичната музика.
    • rn011

    • Непретенциозна – релаксирачка, романтична и на моменти тажна музика, како лесните кантри рок звуци.
    • rn011

    • Интензивна – отсечни вокали, гласна, агресивна и брза музика, како на пример хеви-метал или панк рок.
    • rn011

    • Мека – нежни и романтични звуци, понекогаш тажни, како во џезот, РнБ и соул музиката.
    • rn011

    • Современа – синтетички звуци присутни во голем распон на жанрови, од електронска до рап музика.
    • rn

    rnШто зборува за вас музиката што ја слушате?rnrnСпоредувањето на петте основни лични карактеристики во однос на петте основни музички вкусови покажало дека постои одредена поврзаност меѓу нив која говори за тоа дека музичките преференции можат да укажат на одредени црти на карактерот.rnrnСклоноста кон софистицирана и интензивна музика значи поголема отвореност кон нови искуства, либерални ставови, љубопитност и креативност, со таа разлика што оние со софистициран музички вкус се склони кон послушност и поучување во меѓучовечките односи, а оние кои ја сакаат интензивната музика се поставуваат доминантно и ѝ подлегнуваат на својата импулсивност. Љубителите на интензивната музика исто така се најмалку самодисциплинирани. Ним постојано им фали организираност, но се спонтани.rnrnПреферирањето на непретенциозна музика укажува на љубезност, но истовремено и на затвореност за искуства, недостаток на љубопитност и конзервативни ставови. Овие личности не се многу заинтересирани за истражување на своите чувства, вредности и соништа.rnrnМузичкиот вкус во кој примарно место зазема современата музика укажува на екстровертност, љубезност и либерални ставови, но овие личности може и да се трудат да останат незабележливи во разни ситуации од социјалниот живот.rnrnМеката музика зборува за високо ниво на отвореност кон нови искуства.

  • Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер?

    Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер?

    Преку карактерот индиректно го определуваме и изборот на ентериерот. Едноставно знаеме кои се боите, нијансите, формите, шарите што нас најмногу ќе ни прилегаат и ќе направат да се чувствуваме најпријатно во сопствениот дом. Еве како следниве стилови на ентериер, ги откриваат вашите карактерни особини.rn

    1. Минималистички дизајн

    rnШто открива уредувањето на домот за вашиот карактер?rnrnМинимализмот е стил што одговара на беспрекорно организирани и практични индивидуи. Внимаваат на секој чекор при изборот на ентериер и сакаат сѐ да се одвива според планираното. Укажува на смел, а сепак површен став спрема уредувањето на домот. За овие луѓе најважен е естетскиот аспект, квалитетот на материјалите и практичноста. Петте зборови што најсоодветно ги опишуваат се: перфекционисти, методични, ефикасни, одлучни и интроверти.rn

    2. Скандинавски дизајн

    rnШто открива уредувањето на домот за вашиот карактер?rnrnЗа разлика од љубителите на минимализмот, за овие луѓе најважна е топлината и удобноста на домот. Ваквиот дизајн ја задржува строгоста и едноставноста на минималистичките линии, но присутна е и голема доза на разиграност и внимание на детали. За нив важни се пријателите и убаво поминатото слободно време. Петте карактеристики кои најубаво ги опишуваат се: дружељубиви, шик, елегантни, отворени личности, кои се љубители и на културата.rn

    3. Поп-арт дизајн

    rnШто открива уредувањето на домот за вашиот карактер?rnrnОвој дизајн е несомнено многу кул, смел, елегантен и со огромна доза на стил. Присутноста на јаки бои и неконвенционални уметнички парчиња мебел овде се задолжителни. За разлика од претходните два типа, припадниците на овој стил се многу подинамични и помистериозни. Секој елемент има своја приказна. Укажува и на луѓе со огромен интерес за уметноста, историјата и необичните бои. Всушност, уникатни личности, кои имаат многу поразлични сфаќања од оние на мнозинството. Петте карактеристики за нив се: мистериозни, уникатни, свежи, елегантни и длабоки.rn

    4. Шик дизајн

    rnШто открива уредувањето на домот за вашиот карактер?rnrnОвој стил е воден од елеганцијата. Луѓето кои претпочитаат ваков дизајн се среќни, позитивни, дружељубиви и оптимистични. Станува збор за нежен, лесен и светол дизајн. Нема многу парчиња мебел, но сепак просторот зрачи со креативност. Станува збор за уметнички души, кои ја ценат естетската вредност и квалитетот на елементите во домот. Петте придавки што најдобро ги опишуваат се: харизматични, отворени, свежи, уметнички души, кои се заљубени во природата.rn

    5. Старински дизајн

    rnШто открива уредувањето на домот за вашиот карактер?rnrnОвој дизајн е комплексен и уникатен, сосема поразличен од другите. Покрај главните елементи како каучот, фотелјата и работното биро, секое уредување од ваков вид бара и различно организирање на деталите. Парчињата мебел обично одразуваат одреден историски период. Постојат одредени дизајнерски мотиви кои се типични за овој стил, како кожниот материјал, присуството на историски мапи итн. Просторот зрачи со посебност и уникатност. Петте карактеристики на љубителите на овој стил се: комплексни, одлучни, мотивирани, начитани личности и перфекционисти.rn

    6. Јапонски дизајн

    rnШто открива уредувањето на домот за вашиот карактер?rnrnЗа разлика од другите уредувања, овде се работи за многу построг стил. Луѓето кои се одлучуваат за ваков дизајн ја ценат суштината на нештата, природната светлина, едноставноста и организираноста. Исто така, стилот е многу рестриктивен, бидејќи бара стриктно почитување на јапонската култура без компромиси. Петте зборови кои важат за овие луѓе се: едноставни, позитивни, организирани, енергични и умни.rn

    7. Класичен дизајн

    rnШто открива уредувањето на домот за вашиот карактер?rnrnНема потреба од многу објаснувања. Љубителите на класичниот дизајн ја почитуваат безвременската убавина. Тие се благородни и елегантни. Се интересираат за културата, историјата и политиката. Важна им е удобноста, а самото уредување на просторот оддава впечаток на строги, многу комплексни личности. Класиката за нив е начин на живот. Таа не е првиот избор само при уредувањето на домот, туку и при изборот на автомобил, облека итн. Во пет збора би ги опишале вака: благородни, шармантни, строги, класични и искрени луѓе.

  • 50 пролетни фустани за сечиј вкус

    50 пролетни фустани за сечиј вкус

    Деновите се подолги, стануваат сè потопли и попријатни, а шарените бои се добредојдени во плакарите. Секој ужива во пролетта на свој начин, но за оние кои најмногу уживаат во пролетната гардероба, ова се 50-те најпопуларни фустани за оваа пролет.rnrn50 пролетни фустани за сечиј вкусrnrnВо оваа галерија има по нешто за сечиј вкус и за секоја градба на тело. Уживајте во палетата креации и шаренила.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Омилената храна го открива вашиот карактер

    Омилената храна го открива вашиот карактер

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПоврзаноста на карактерот со исхраната е тема со која често се занимаваат бројни експерти, со цел да докажат како преокупираноста со калориската табела често ни штети во уживањето во храната.rnrnЖелбата за храна во себе содржи психички компоненти, па така потребата за слатко, солено, луто или кисело открива какви карактеристики криеме во себе и за каква личност станува збор.rnrn(4) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrnrnАлан Хирш, невролог и психијатар од Чикаго пред неколку години спроведе истражување врз 18.000 испитаници, преку кое дојде до резултати кои јасно го покажуваат односот помеѓу желбата за одредена храна и карактерот.rnrnЗа тоа каква личност сте можете да заклучите од сопствените потреби за петте основни вкуса, кои не треба да ги потиснувате, како што вели Хирш, туку да ги задоволувате умерено и контролирано.rnrnПо што посегнувате најчесто, кој вид храна е вашиот приоритет?rn

    Солената храна се поврзува со успешни личности кои се водат од разумот, а не од срцето

    rnЛичностите кои чувствуваат потреба за солена храна ретко го изразуваат своето мислење, но се неизмерно енергични и храбри во критични ситуации, темелејќи ги своите одлуки на разумот, а не на срцето.rnrnСо обѕир на тоа што често им дозволуваат на другите да им го кројат приватниот и деловниот живот, посегнуваат по кесичка чипс или порција солен помфрит, поради ниското ниво на минерали во организмот. Истражувањата покажуваат дека исхраната сиромашна со калциум предизвикува желба за солена храна.rnrn(2) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    Слатката храна е одраз на сензуални хедонисти

    rnЛичностите кои чувствуваат голема потреба за темно чоколадо сакаат да бидат во центарот на вниманието, ги привлекува хедонистичкиот начин на живот, додека во деловниот свет целат кон водечки позиции. Оние личности кои претпочитаат млечна чоколада често се тивки и повлечени, но знаат да уживаат во животот. Хирш нагласува дека општо, љубителите на слатки се личности кои сакаат да се дружат и да се забавуваат.rnrnЧоколадото стимулира лачење на хормонот серотонин, и е совршен десерт кој расположува и помага кога на телото му е потребна дополнителна енергија.rnrnОмилената храна го открива вашиот карактерrn

    По слатко-солена храна посегнуваат креативни и осамени луѓе

    rnДоколку ја обожавате онаа комбинација на слатко и солено тогаш припаѓате во категоријата на луѓе кои најмногу сакаат да бидат сами, да управуваат со своето време и простор, кои не поднесуваат надмоќ и најмногу од сè ја ценат приватноста.rnrnЧестата желба за ваквото комбинирање е знак за намалено ниво на гликоза и натриум во организмот. Ваквата состојба резултира со исцрпеност, поради која многумина посегнуваат по солени грицки и слатки чоколади за да си ја вратат енергијата.rnrnОмилената храна го открива вашиот карактерrn

    Лутата и зачинета храна укажува на темпераментни личности

    rnТемпераментните личности кои не сакаат да губат време на небитни работи во животот се обожаватели на лута и зачинета храна. Тие сакаат ред и дисциплина и со неверојатна брзина ги извршуваат своите обврски, па така храната со засилен вкус им делува смирувачки.rnrnВаквата храна ја забрзува работата на срцето и дишењето и го покачува крвниот притисок, но мора да се биде претпазлив со нејзиното конзумирање, бидејќи истражувањата покажуваат дека луѓето се способни да развијат зависност од зачинета храна.rnrn(5) omilenata-hrana-go-otkriva-vashiot-karakter-kafepauza.mkrn

    Горчливиот вкус им годи на внимателните личности

    rnЛичностите кои тешко му се препуштаат на срцето, често се критикувани како недоволно страсни карактери. Таквите се обожаватели на горчливиот вкус, кој е најмалку застапен во категоријата на омилени вкусови.rnrnГорчливата храна ја урамнотежува нивната ладнокрвност која е само површна, бидејќи длабоко во себе тие се мирни и емотивни личности. Ваквиот вкус го исполнува она мало незадоволство кое ги тера да гледаат на работите онака како што се, без розови очила.rnrnОмилената храна го открива вашиот карактер
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го изградите музичкиот вкус?

    Како да го изградите музичкиот вкус?

    Музиката е насекаде околу нас. Слушаме музика додека пешачиме, работиме, одмораме. Но, ако одговорот на прашањето каква музика слушате е „од сè по малку“, тогаш време е да почнете внимателно да го градите музичкиот вкус.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?rn

    Слушајте различни радио станици

    rnАко постојано го слушате истото радио, можеби е време нешто да смените. Повеќето радија се држат до сопствените музички листи и ретко се отворени за нови музички артисти и стилови. Можете да слушате некои од многуте светските онлајн радија и постојано да истражувате.rn

    Откривајте нови жанрови на музика

    rnАко слушате комерцијални радио станици, тогаш сте запознаени со само мал дел од музичкиот спектар. Наместо тоа, одете на Википедија и информирајте се за некој жанр. Читајте за неговите главни карактеристики и претставници. На пример, почнете со блуз. Со текот на времето, ќе го најдете жанрот што вам најмногу ви се допаѓа и полека ќе градите вкус и став за таквиот вид музика.rn

    Слушајте цели албуми

    rnЗа многу артисти албумот е уметничко дело. Ако знаете само една песна од некој бенд, навистина не е доволно за да кажете дека го слушате тој бенд. Почнете со преслушување на омилените песни од одреден артист, а потоа преслушајте ги и албумите.rn

    Слушајте ги албумите според хронолошки редослед

    rnДоколку имате слободно време, одете малку подлабоко во разбирање на музиката и слушајте ги албумите на омилениот артист според хронолошки редослед. Кај некои бендови последната песна од претходниот албум е поврзана со првата од наредниот. Познавањето на таквите моменти навистина ќе ви го продлабочи и развие разбирањето на нивната музика.rn

    Читајте рецензии

    rnКога слушате музички албум за првпат, слушајте го многу внимателно. Обрнете внимание на стилот, влијанието земено од други музичари, емоциите и слично. Откога ќе го преслушате, прочитајте рецензии и видете дали се согласувате со размислувањата. Доколку не, можете да искоментирате и аргументирано да си го кажете своето мислење.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?rn

    Забележете како реагирате на омилената музика

    rnАко веќе сте откриле кои бендови и музички стилови најмногу ви се допаѓаат, обидете се прецизно да си објасните зошто е тоа така. Вашиот музички вкус е гласот на потсвеста, и ако обрнете внимание на вашите емотивни и физички реакции кон омилената музика, можете да научите повеќе за себе.rn

    Знајте ги музичките инструменти

    rnМногу важен елемент во подлабокото разбирање на музиката е слушањето на различните инструменти кои заедно го произведуваат неверојатниот звук. На интернет, можете накратко да се запознаете со сите инструменти вклучени во еден оркестар и да стекнете основно знаење.rn

    Слушајте или гледајте музички документарци

    rnСлушањето или гледањето музички документарци ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста меѓу вашата омилена музика и социјално-економските услови за време на нејзиното создавање, што ќе ви даде поширока слика и сфаќање.rn

    Споредувајте различни верзии

    rnКога слушате песна од омилениот бенд, слушајте ја во сите варијанти во кои се појавува. Ова ќе ви го развие слухот за темпо, ритам, боја, емоција и сите ситни детали на едно музичко дело.rn

    Одете на концерти

    rnОдете на концерти, свирки и музички фестивали кои одговараат на вашиот музички вкус. Тоа е најголемата награда за еден артист и знак дека навистина ги цените нивната музика, настап и енергија.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистини и невистини поврзани со сексот

    Вистини и невистини поврзани со сексот

    За сексот ретко се зборува отворено, но луѓето често „знаат“ многу работи кои се поврзани со него. Некои факти се проверени и докажани, но други работи се само нечии претпоставки кои некако успеале да стигнат до премногу луѓе. Проверете колку вие знаете за сексот.rnrnВистини и невистини поврзани со сексотrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”1. Пенисот е најдобар „алат“ за постигнување оргазам кај женитеrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnЗа дури 81% од оргазмите кои ги постигнуваат жените заслужен е оралниот секс. Дури, во некои сексуални пози, за жените е невозможно да постигнат оргазам, без разлика на големината и техниката на машкиот „алат“.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”2. Врвот на сексуалноста кај жените настапува на 28, а кај мажите на 18 годиниrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnИако постојат исклучоци, сепак нивото на естроген кај жените е највисоко во доцните 20-ти години од животот, додека кај мажите, машкиот полов хормон – тестостерон, е на највисоко ниво во тинејџерските години.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”3. Во просек мажите можат да издржат 10 минути пред да постигнат оргазамrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnМажите во просек не можат да издржат ни толку, туку 5,4 минути. Сè што е повеќе од ова се смета за натпросечна издржливост.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”4. Испиеното кафе може да го промени вкусот на сперматаrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnКафето навистина може да го промени вкусот на спермата, но на подобро!rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”5. Жените не сакаат порноrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnНа жените им се потребни само неколку минути да гледаат порно филм за да се возбудат. Но, за разлика од мажите, тие повеќе уживаат во сексуалната предигра на екранот, отколку во самиот сексуален чин.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”6. Сонцето може да го засили сексуалниот нагон кај мажитеrn” active=”false”]rn

    Вистина

    rnСамо еден час на сонце го засилува сексуалниот нагон кај мажите за дури 70%, но ова има и силна реакција кај жените.rnrn[/toggle_item]rn[toggle_item title=”7. Сексот во бракот е полош одошто сексот кој го имаат слободните луѓеrn” active=”false”]rn

    Невистина

    rnЛуѓето кои се во брак се многу позадоволни од оние луѓе кои не се во врска. Брачните партнери точно знаат што сакаат во сексот, се чувствуваат послободно еден пред друг и практикуваат почесто да водат љубов.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.