КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • Господари на хартијата

    Господари на хартијата

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnНикогаш не сте виделе подетално изработени фигури од хартија. Ова е вистинско хартиено уживање за очи. Овие креации изгледаат како да се дело на компанијата „Lego“, но всушност нив ги изработува креативната двојка Алексеј Лапунов и Лена Ехрлич од Русија.Господари на хартијатаОваа колекција на 3Д инсталации од хартија, претставува збирка на сцени од секојдневен живот на обични луѓе, а е дел од проектот кој се вика „Исто така, луѓе”. Чудесниве картонски дела ја пренесуваат огромната трпеливост, смислата за хумор, но и неверојатната техничка способност на нивните автори. Нивото на изработка на ситните елементи и вниманието посветено на деталите е фантастично.Господари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијатаГосподари на хартијата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Удобно катче покрај прозорецот

    Удобно катче покрај прозорецот

    Ако имате голем и убав прозорец со прекрасен поглед и длабока полица покрај него, тогаш најубаво нешто што можете да направите е да создадете пријатна атмосфера покрај него. Длабоките полици се одлични затоа што можат целосно да ја сменат динамиката на просторот. Во тој случај, тие ја губат главната функција и обезбедуваат удобно засолниште, со што просторот станува разновиден. Седиштето е покриено со јастук изработен по мерка, декориран со неколку перничиња, а понекогаш и со ќебе, за поголема удобност. Тука можете да го пиете вашето кафе, можете да ја читате омилената книга, да уживате во погледот или да сонувате со отворени очи.rnrnУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотУдобно катче покрај прозорецотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    643832
  • Секс-пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечер

    Секс-пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечер

    Сите едвај чекаме да дојде Нова година. 31 декември е ден кога цел свет празнува, се дотерува и се забавува. Откако забавата ќе пројде, останува уште едно човечко задоволство – сексот. За да допре новогодишниот дух во вашиот сексуален живот, зачинете го испробувајќи ги овие несекојдневни секс-пози со вашиот партнер.rnrn

    1. Снежен ангел

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Жената има поглед кон задникот на нејзиниот партнер.rnrnОва е доста предизвикувачка поза, но и доста несекојдневна што ја прави идеална за новогодишната вечер. Таа лежи на грб, а тој свртен на стомак и со главата насочен на спротивна страна од неа, се потпира на нејзината карлица за да може да пенетрира. Голема е улогата и на жената во оваа поза, бидејќи таа треба да го држи партнерот за задникот за да му помогне полесно да се движи напред-назад. За задоволството да биде уште поголемо, таа може паралелно и да му го масира задникот.rnrn

    2. Лулање на топка за пилатес

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Машкото ќе ужива да биде во улога на стол на неговата дама, а топката за пилатес ќе му овозможи флексибилно пенетрирање и обострано задоволство.rnrnДоколку после новогодишната прослава партнерите завршат кај девојката и имаат топка за пилатес „на лагер“, сè што треба да направат е следново: машкото да седне на топката, потпирајќи ги стапалата на подот, а девојката да седне свртена со грб врз неговиот пенис и со расчекорени нозе. Така наместени, треба да почнат да прават кружни движења, а девојката да потскокнува.rnrn

    3. Придружба во тоалет

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Оваа поза ќе ви овозможи брз секс, одличен за време на новогодишната забава.rnrnОва е секс-поза за оние кои имаат авантуристички дух. Двајцата треба да се прикрадете во тоалетот (кога никој не ве гледа) и свртени кон огледалото да се соблечете голи. Девојката е потпрена со рацете на лавабото и поднавалена, а машкото пенетрира во нејзината вагина одзади. Оваа поза овозможува контакт со очи помеѓу партнерите, како и стимулација на Г-точката кај жената.rnrn

    4. Сурфер на кауч

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Оваа поза е погодна за секс на екс и го зачинува сексуалниот живот на партнерите.rnrnДевојката треба да се навали на потпирачот од каучот на стомак, а тој да пенетрира во неа одзади, исправен и со расчекорени нозе. Девојката може да помогне во фиксирање на телата, држејќи се за цврстото сунѓересто перниче од каучот. За додатно уживање, девојката треба да ги прекрсти стапалата, при што ќе се стегнат нејзините вагинални мускули, околу неговиот пенис.rnrn

    5. Водопад

    rnСекс пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечерrnrnПридобивки: Поради положбата на телото на машкото, неговиот пенис длабински влегува во вагината.rnrnМашкото треба да легне на грб на работ од креветот, потпирајќи се со главата и рамениците на подот, а таа го контролира движењето, седната одозгора и потпрена со врвот од стапалата на бочната страна од креветот. Крвта динамично ќе циркулира низ неговиот пенис, што ќе му предизвика неверојатно задоволство додека доживува оргазам.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Среќата доаѓа во мали пакувања

    Среќата доаѓа во мали пакувања

    Насмевнете му се на денот нов што се раѓа, на Сонцето кое повторно изгрева на вашиот прозорец, израдувајте се на можноста да дочекате ново утро, можноста за нов почеток и тоа што сте чекор поблиску до остварување на вашите цели! Отворете ги очите, размислувајте правилно и соништата претворете ги во јаве, зашто имате моќ да ги промените работите кон подобро, само ако го сакате тоа.rnrnСреќата доаѓа во мали пакувањаrnrnНасмевнете му се на она што го гледате кога ќе погледнете во огледало, а ако не ви се допаѓа, би се изненадиле колкава е вашата способност да го промените одразот.rnrnБакнете ги најблиските, топло поздравете ги соседите, насмевнете им се на малите дечиња и учете од нив, тие се радуваат на сè без некоја посебна причина! Помогнете им на оние кои се во неволја, отстапете им седиште во автобусот на постарите, израдувајте се на благодарноста која блеска во нивните очи и помолете се да дочекате старост, староста не е лоша, напротив, тоа е смирен период во кој си правите ретроспектива на вашиот живот, му се радувате на секој убав спомен, на сè што сте направиле, а излегло добро, можеби и подобро од очекуваното!rnrnНаправете добро дело и бидете задоволни со себеси. Одете гордо и исправено, чувствувајте се удобно во својата кожа, зашто сте убави и блескате, а постојат најмалку десет личности кои во истиот момент би го потврдиле тоа!rnrnУживајте во слатките мали задоволства, тие му даваат смисла на животот и го прават убав. Убавите мигови „фатете ги“ на фотографија и не дозволувајте ни еден пријатен момент да ви се лизне од сеќавањата. Насмевнете некое натажено лице, прегрнете осамена личност, избришете ги солзите од нечиј плачлив лик, дарувајте среќа и ширете позитивност! Зашто ВИЕ можете сè, ВИЕ сте моќни и ВИЕ, како и сè друго што постои на светот сте ТУКА со ПРИЧИНА!rn

      rn011

    • Она што не ви одговара – сменете го.
    • rn011

    • Личноста која ви пренесува негативна енергија – оддалечете ја од себе.
    • rn011

    • На оние кои ве сакаат – возвратете им ја љубовта.
    • rn011

    • На оние кои ги сакате – кажете им го тоа.
    • rn011

    • Тоа што прави да се чувствувате добро – зачувајте го.
    • rn011

    • Предметот кој ќе ве направи среќни – купете го!
    • rn

    rnКој ќе ве запре? Кој може да ве запре? ВИЕ сте господари на вашиот живот и ВИЕ управувате со него, кој ќе ви забрани нешто? Кој ќе проба да ја тргне насмевката од вашето лице? Кој би се осмелил на тоа?rnrnДавајте им важност на малите задоволства, на мирисот на вашето утринско кафе, шлапкањето во вирчињата по улиците, јадењето на вашата омилена калорична тортичка, гордиот поглед во очите на вашите родители, новиот цвет кој расцветал во вашиот двор, ненајавената реприза на вашата омилена серија која сте ја пропуштиле минатиот ден, мирисот на вашата постела, прегратката од некој ваш близок, украсувањето на новогодишната елка, игрите во снегот, собирот со вашите најблиски пријатели…rnrnИ запомнете, доколку го поминете вашето време во планирање и чекање на нешто големо, ќе ги пропуштите сите оние мали нешта кои ви носат насмевка на лицето!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #60

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #60

    „Кафето не е само пијалак. Тоа е момент за уживање.“

    rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #60
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1440) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатен роботски танц на дабстеп музика

    Неверојатен роботски танц на дабстеп музика

    Иднината пристигна, и тоа побрзо одошто очекувавме. Роботите го презедоа светот. Слушаат дабстеп и се неверојатно талентирани танчери.Неверојатен роботски танц на дабстеп музикаrnrnНеверојатни суптилни движења, одлична музика, 5 и пол минути вистинско уживање…rn

    rn

    Погледнете повеќе од танчерското искуство на овој талент на неговиот канал на Јутјуб.

    rn

    Бонус за оние кои се заљубија во траката: Foster The People – Pumped Up Kicks (Butch Clancy Dubstep Remix)

    rn

    ——————————————————————————————————————————————————————–

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога најмногу се ужива во кафето?

    Кога најмногу се ужива во кафето?

    Луѓето кои често имаат навика да пијат кафе, понекогаш забораваат кое задоволство може да претставува добро подготвената шолја кафе. Повеќето луѓе пијат кафе набрзина, веднаш штом ќе станат од спиење, бидејќи чувствуваат дека тогаш им е најпотребно, заборавајќи дека тоа може да биде фантастичен момент на уживање. Ова се неколку периоди во кои е најпријатно да се консумира кафето според неколку истражувања.Кога најмногу се ужива во кафето?rn

    Навечер

    rnНаутро сметаме дека кофеинот ќе нè разбуди и размрда и тоа не е далеку од вистината, но навечер е вистинско уживање да се пие кафе. Овде не се мисли на периодот пред спиење, туку неколку часа порано, во периодот по вечерањето. Одлично доаѓа и во комбинација со некој добар десерт. Овој период совршено одговара, бидејќи сте завршиле со сите обврски, опуштени сте и можете целосно да му се препуштите на уживањето.rn.rn

    За време на надворешни активности на поладно време

    rnДоколку нешто работите во дворот или пак сте излезени на прошетка во паркот, направете топло кафе, ставете го во термос и понесете го со вас. Направете кратка пауза од која било активност, седнете и стоплете си ја душата со вашиот омилен напиток.rn.rn

    На седенки со пријатели или со партнерот

    rnКафето ги поврзува луѓето. Овој пат, за разлика од другите периоди, не обрнувате внимание на кафето, а сепак уживате во него. Наместо тоа, вниманието го упатувате кон личноста со која сте седнати, муабетите, се чувствувате пријатно и ви е забавно. Преку тоа создавате спомени кои секогаш ќе ги поврзувате со тоа кафе, иако тоа не играло некоја голема улога. Тоа значи дека вкусот на кафето секогаш ќе ве навраќа наназад на убавите нешта и пријатните дружби.rn.rn

    Кога сакате

    rnМногу важно е да сфатите дека кафето треба да се пие со страст, а не како една вообичаена навика. Таквиот случај само може да предизвика несакана зависност. Наместо тоа, консумирајте го чајот и водата често, а во кафето уживајте максимално додека го пиете.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #47

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #47

    Убавината е во едноставните нешта. Да се ужива во малку, во обичното, во секојдневното, а сепак убавото чувство да не губи од својот интензитет… многу работи во животот може да го имаат овој ефект. Кафето е една од нив. Уживајте во вашата шолја секој ден!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #47
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музичка плејлиста за кулирање

    Музичка плејлиста за кулирање

    Гостински пост: Дарко Кузмановскиrn (House Music Beat) rnrnВи треба релаксација? Сакате да заборавите за момент на грижите и да одлетате со умот? Нема да „дробам“ околу песниве, ве оставам да уживате…Музичка плејлиста за кулирањеrn

    Solu Music feat Kimblee – Fade (Eric Kupper remix)

    rnОваа трака трае девет минути, меѓутоа нема ни да ги забележите со сигурност. Лежерниот вокал, заедно со добрата бас-линија и пијано-акордите, деветте минути ќе ги направат уживање.rnrnrn.rn

    DJ Chus & David Penn – Will I (Original Stereo Cool Mix)

    rnКога станува збор за тек хаус, трајбл хаус, едни од најдобрите продуценти се луѓето од „Iberican Sound“, радио шоу основано од DJ Chus. Во него учествуваат главно шпански диџеи и едноставно растураат. Еве ги сега и во чил хаус верзија и оваа трака верувам дека ќе си ја потпевнувате цел ден.rnrnrn.rn

    Rancido feat. I-Fan – Fly Away (Leroy Styles Remix)

    rnRancido aka Goodsoul е еден од најжешките нови таленти на хаус-музичката сцена и е познат по неговите дип хаус, соул траки. Ремиксот на Leroy Styles го задржува соул-призвукот, но на ритамот му дава чил-моменти.rnrnrn.rn

    Baggi Begovic feat. Haze – Blame (Classic Mix)

    rnBaggi Begovic доаѓа од Холандија и досега има направено извонредни прогресив хаус траки. Ова е првпат да го слушам во чил хаус верзија и морам да кажам дека одлично звучи.rnrnrn.rn

    Pierce Fulton – Lucid Dream (Original Mix)

    rnPierce Fulton има само 18 години, доаѓа од САД и веќе растура со неговите чил и хепи битови. Името на траката комплетно одговара со музиката, ви дава некое луцидно чувство :)rnrnrn.rn

    Kaskade & Tiesto feat. Haley – Only You (Ken Loi Throwback Mix)

    rnОчекувавте да слушате трака од Тиесто во чил-верзија? Ако не сте, Ken Loi направи еден извонреден микс на извонредна трака во чил-верзија, па повелете!rnrnrn.rn

    Astrud Gilberto – Who Needs Forever?

    rnЗа оваа трака едноставно можам да кажам само: класика. Astrud Gilberto – Who Needs Forever? е дел од компилацијата Verve Vol.1 и искрено да можев целата ќе ја ставев во оваа плејлиста :)rnrnrn.rn

    Jorge Montia & Muzikfabrik – Out Of Control (Robbie Taylor Classic Mix)

    rnИзвонреден чил-ремикс на младиот Robbie Taylor. Тој потекнува од Холандија, меѓутоа негов ментор е DJ Chus, па затоа наместо прогресив или електро дач звуци, слушаме чил измешано со трајбл, што е својствено за DJ Chus.rnrnrn.rn

    Fish Go Deep & Tracey K – The Cure & The Cause (Balearic Soul Remix)

    rnНешто побрза трака од претходните, со убав текст и лесни гитарски рифови, веднаш ќе ве размрда и… Cure me, please cure me…..rn .rnrn

    Dinka - Mute Your Life And Float (Original Mix)

    rnrnDinka е уметничкото име на Tamara Hunkeler од Швајцарија. Тракава е дел од Chillout & Longe компилацијата „Croatia - The Opening 2011“ и сигурно ќе ве потсети на групата „Enigma“.rn.rn

    Dennis Ferrer - Hey Hey (Tuccillo Remix)

    rnMожам слободнo да кажам дека Dennis Ferrer сите го препознаваат по траката „Hey hey“. Ви ја претставувам чил-верзијата, која се најде на компилацијата на Ministry Of Sound - „Chillout Sessions“.rnrnrnrnПогледнете ја и летната музичка плејлиста која пред некое време ја направи уредникот на музичкиот онлајн магазин „House Music Beat, Дарко Кузмановски, за Кафе пауза. ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 нешта кои треба да престанете да им ги правите на другите

    20 нешта кои треба да престанете да им ги правите на другите

    Вашето поставување игра многу голема улога во градењето на односите со луѓето. Доколку сакате да воспоставите силна и трајна врска со некого, секогаш треба да внимавате во почитувањето на неговите граници и толерирање на ситните и занемарливи работи кои вам лично ви сметаат. Сепак, секој однос зависи од взаемното почитување. Ова се 20 совети кои секој треба да ги почитува, за да има добра комуникација и здрав однос со луѓето околу себе.rnrnrn20 нешта кои треба да престанете да им ги правите на другитеrnrn1. Престанете да им завидувате на луѓето. Залудно трошите време, кое можете попаметно да го искористите.rnrn2. Престанете да се жалите. Наместо тоа поминете време барајќи решение за вашиот проблем.rnrn3. Престанете да го мислите она што не го кажувате. Луѓето не можат да читаат мисли. Затоа секогаш споделувајте го она што навистина го мислите.rnrn4. Престанете да се ставате во центарот на вниманието. Светот се врти околу Сонцето, а не околу вас.rnrn5. Престанете да лажете. По некое време вистината секогаш излегува на виделина.rnrn6. Престанете да обвинувате. Кога обвинувате некој друг, не постигнувате ништо. Имајте контрола врз вашите проблеми или тие ќе ја преземат контролата врз вас. Кога обвинувате некој друг за нешто низ кое вие поминувате, вие ја негирате одговорноста и се откажувате од контролата врз вашиот живот.rnrn7. Престанете да се сомневате. Доколку мисите дека не можете да постигнете нешто, тогаш најверојатно сте ве право. Но, не дозволувајте вашето сомневање во сопствените можности, да им попречи на соништата на останатите. Запомнете, оној кој вели дека не може да направи нешто, не треба да му пречи на оној кој веќе го прави тоа.rnrn8. Престанете да ги прекинувате другите. Да поправите некого кога прави нешто погрешно е една работа, но постојано да го изнесувате вашето мислење потценувајќи го другиот е едноставно погрешно.rnrn9. Престанете да бидете себични. Она што го вложувате во еден однос, тоа го добивате назад.rnrn10. Престанете да осудувате. Секој ја води својата битка. Никој не знае низ што точно поминува другиот.rnrn11. Престанете да озборувате. Не само што ги повредувате другите, по некое време тоа ќе биде многу лошо за вашата репутација помеѓу луѓето.rnrn12. Престанете да давате ветувања кои не можете да ги исполните. Довербата кај луѓето е многу важна работа. Доколку ја изгубите многу тешко можете да ја вратите назад.rnrn13. Престанете со постојаното бранење. Само затоа што некој друг има различно мислење од вашето, не значи дека некој од вас двајца греши. Оставете простор за дискусија и давајте цврсти аргументи зошто го имате тоа мислење.rnrn14. Престанете да ги споредувате луѓето. Не постојат двајца луѓе во светот кои се исти. Секоја личност има свои добри и лоши страни. Единствената личност со која треба да се натпреварувате во животот, сте самите вие.rnrn15. Престанете да очекувате од луѓето да бидат совршени. Барајќи совршени, можете да ги изгубите добрите другари. Плус, тотална совршеност не постои. Затоа, не барајте ја.rnrn16. Престанете да се трудите да им бидете сè на сите. Невозможно е некому да му бидете и мајка и брат и другарка и психијатар… Убаво е да сакате да им помогнете на луѓето кои ви значат во животот, но вие не сте семоќни. Ако сакате навистина да помогнете, обидете се да измамите насмевка на нивното лице. Тоа нема да им ги реши проблемите, но е дефинитивно одличен почеток во таа насока.rnrn17. Престанете да се однесувате некоректно со другите луѓе, само зошто вие си имате проблем со кој не можете да излезете на крај. Тоа што вие имате тежок ден или месец, не значи дека треба да ги нервирате сите луѓе околу вас. Размислувајте пошироко. Правете го само она, што вашето срце ви вели дека е исправно.rnrn18. Престанете да правите „од мува – слон“. Луѓето прават грешки. Глупости се случуваат. Но, нема причина да се потресувате себеси и сите околу вас поради тоа. Единствен начин за да проверите дали некоја ситуација е вредна за вашето размислување и грижење, гласи: „Ќе ми биде ли ова важно за една година отсега?“ Ако одговорот е не, тогаш не вреди да се нервирате за тоа.rnrn19. Престанете да бидете драматични. Држете се настрана од драмата на другите луѓе и немојте непотребно да создавате своја.rnrn20. Престанете да давате совети. Само слушајте. На луѓето не им се потребни премногу совети, туку им се потребни луѓе кои ќе сакаат да ги ислушаат и да ги мотивираат со позитивна енергија. Одговорот кој тие го бараат, веќе се крие некаде во нив. Ним им е потребно само време за да размислат, да вдишат длабоко и да го откријат вистинскиот пат кон непознатото животно патување.