КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • Листа на летни романтични филмови

    Листа на летни романтични филмови

    Летото е период кога обично имаме повеќе време одошто ни е потребно, но и сакаме да го искористиме најопуштено, без многу размислување и со што е можно повеќе излежување пред телевизорот во жешките часови од денот. Овие 10 филма со сигурност ќе ù се допаднат на женската популација помеѓу 13 и 35 години, но ако случајно станат избор и на момците, ние никому нема да кажеме.Листа на летни романтични филмовиrn

    1. Повторно ти (You Again)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Марни е тинејџерка која со својот изглед не им го привлекува вниманието на момчињата, а девојките од училиштето ù се најголем кошмар. Неколку години подоцна станува успешна убава девојка која одамна не живее во своето родно место. Но, еден ден мора да се врати за свадбата на нејзиниот брат, кој се жени со најзлобната „другарка“ од минатото, која пак згора на сè, наводно не се сеќава на неа.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Одет Анабел, Сигурни Вивер
    • rn011

    • Премиера: 24 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    2. Од таа ноќ во Рим (When in Rome)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Младата амбициозна њујорчанка Бет ги поседува сите квалитети за да има убав сопруг крај себе, но некако нема среќа во љубовта. Кога доаѓа во Рим за свадбата на нејзината сестра, таа ќе украде неколку парички од фонтаната на љубовта, после што е опсипана со љубов од повеќе додворувачи со кои едвај успева да се справи.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кристен Бел, Џош Духамел, Анџелика Хјустон
    • rn011

    • Премиера: 29 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 91 минута
    • rn011

    • Наша оценка: 5
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    3. Што се случува во Вегас (What Happens in Vegas)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Една случајно настаната млада брачна двојка, во текот на една луда ноќ во Вегас, станува добитник на џек пот, поради што е принудена на заеднички живот. Судијката сака да им одржи лекција и да ги натера да сфатат дека треба да се стремат нивниот брак да успее, но тие едвај успеваат да се поднесат еден со друг, додека истовремено постојано коваат планови како да го „лизнат“ својот партнер за да ги земат сите пари за себе.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Камерон Дијаз, Ештон Кучер, Роб Кордри
    • rn011

    • Премиера: 9 мај 2008
    • rn011

    • Времетраење: 99 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    4. Само пријатели (Just Friends)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Враќајќи се во својот роден град за божиќните празници, Крис ја среќава Џејми, девојката која отсекогаш била негов сон и поради која од смешен дебелко кој сите го задеваат, станува згоден фраер и срцекршач. Ова е малку постара романтична комедија, чие дејство се одвива во зимно време, но одлично доаѓа како предизвикувач на вашите стомачни мускули, кои треба да се што постегнати за време на летото.rn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Рајан Рејнолдс, Ејми Смарт, Ана Фарис
    • rn011

    • Премиера: 23 ноември 2005
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    5. Престапна година (Leap Year)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Ана заминува во Даблин за да го изненади своето момче, кое таму е на службено патување, а со цел да му предложи брак на 29 февруари. Според ирската традиција, мажот на кој девојката ќе му предложи брак на овој ден, мора да ја прифати понудата. Но, нејзиното патешествие е неверојатно, од жалосно до смешно. Сепак, таа има друштво по пат, сè додека да стигне до нејзиниот иден сопруг.rnrn.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Ејми Адамс, Метју Гуд, Адам Скот
    • rn011

    • Премиера: 8 јануари 2010
    • rn011

    • Времетраење: 100 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    6. Животот, онаков каков што го знаеме (Life as we know it)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Холи и Ерик се наместени на состанок на слепо од страна на нивните најдобри пријатели, брачната двојка Питер и Алисон. Состанокот завршува уште пред да започне бидејќи тие не можат да се поднесат. Среќната брачна двојка несреќно погинува во сообраќајна несреќа, а грижата за нивното бебенце Софи им е доделена на нивните најдобри пријатели. Тие сега мораат да научат да живеат еден со друг заради бебето.rn.rnrn rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Џош Духамел, Џош Лукас
    • rn011

    • Премиера: 8 октомври 2010
    • rn011

    • Времетраење: 114 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    7. Мали деца (Little Children)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Приказна во стилот на „Мадам Бовари“, но на американски начин. Дејството се одвива околу две брачни двојки и нивните деца. Сара е во брак во кој нема љубов и постојано размислува за нешто повеќе во животот додека нејзината ќерка си игра во паркот. Овде го среќава Бред кој е во брак со прекрасна жена, која додека снима документарци, тој мора да се грижи за домот и за нивниот син. Сара и Бред силно се поврзуваат, што на патот полн со гревови, ги води онаму каде што припаѓаат.rn.rn rn

      rn011

    • Улоги: Кејт Винслет, Џенифер Конели, Патрик Вилсон
    • rn011

    • Премиера: 3 ноември 2006
    • rn011

    • Времетраење: 137 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 8
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    8. Врска на далечина (Going the Distance)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Герем само што излезе од долга врска, а на Ерин ù преостануваат уште 6 недели како стажист во Њујорк Сентинел пред да се врати во Сан Франциско. Случајно се среќаваат една вечер во бар и започнуваат лабава врска, која прераснува во нешто поголемо, па тие мораат да се мачат да ја одржат на далечина.rn.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Дру Баримур, Џастин Лонг, Рон Ливингстон
    • rn011

    • Премиера: 3 септември 2010
    • rn011

    • Времетраење: 102 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    9. Гола вистина (The Ugly Truth)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Фокусирана на кариерата како продуцент на утринска емисија, Аби мечтае дека принцот на бел коњ постои и дека еден ден ќе го најде. Мајк пак, е водител на интерактивно шоу во кое зборува за мажите и жените, кои изгледа перфектно добро ги разбира. Рејтингот на емисијата на Аби оди надолу, па затоа е повикан Мајк да ù даде малку шмек и нов дух. Иако на почетокот таа не го поднесува, потоа ги прифаќа неговите совети со цел да го освои нејзиниот сосед, кој изгледа како да е она што таа целиот живот го чекала.rn.rn

      rn011

    • Улоги: Кетрин Хајгл, Жерард Батлер, Бри Тарнер
    • rn011

    • Премиера: 24 јули 2009
    • rn011

    • Времетраење: 96 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 7
    • rn

    rn

    rn.

    rn

    10. Писма за Џулиета (Letters to Juliet)

    rnЛиста на летни романтични филмовиКратка содржина: Млада американка оди на патување во Италија со нејзиниот свршеник, каде наидува на ѕидот исполепен со писма упатени до Џулиета. Случајно отвора едно, кое се труди да го упати до Џулиета, но наместо неа ги наоѓа нејзините секретарки кои одговараат на љубовните писма во нејзино име. Одговорот на ова писмо го менува животот на некогаш заљубената двојка, но и нејзиниот.rn.rnrn.rn

      rn011

    • Улоги: Аманда Сајфред, Гел Гарсија Бернал, Ванеса Редгрејв
    • rn011

    • Премиера: 14 мај 2010
    • rn011

    • Времетраење: 105 минути
    • rn011

    • Наша оценка: 6
    • rn

    rn

    rnПредлози за понови филмови од различни жанрови ќе најдете во нашата категорија Филм.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn rnrn

  • Кул пешкири за на плажа

    Кул пешкири за на плажа

    Пешкирите се неопходност во нашето секојдневие, кои со својата едноставна правоаголна форма, еднобојни или шарени, сепак си ја вршат својата основа функција – ги впиваат капките од нашата навлажнета кожа и ни пружаат удобност и комоција после капење. Но, како што има креативност во сè друго, така постојат и креативни пешкири со кои би било кул да се појавите на плажа. Кој од овие би бил вашиот избор?rnrnПешкир со Axe-ефект – Ќе ве забележат и ќе изгледате кул. Ако ништо друго, барем секогаш ќе имате раце или нозе замотани околу вашето тело.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир со горен и долен дел – Реупотребата на пешкирите е оправдана, но само доколку се практикува на начин кој ја осигурува беспрекорната хигиена. Горниот дел е за лицето, а долниот за интимните делови. Нема потреба од забуна.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПешкир за мерење на обемот на телото – Мерете си го намалувањето на обемот секогаш кога ќе излезете од вода. Ќе се зачудите колку се слабее со пливање. :)rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој ги открива влакнестите делови – Зад оваа креативна идеја стои Gillette, чија цел е да го привлече вниманието на оние делови од телото на жените, но и на мажите, кои најмногу се бричат за време на летниот период. И статистиката е на нивна страна: само 12% од жените сакаат мажи со влакна, додека 71,6% од мажите преферираат бричена бикини зона.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој ја подигнува свеста за опасностите од изложеноста на сонце – 50 вакви пешкири биле поставени на една плажа во Тел Авив, Израел, за да им го привлечат вниманието на присутните и да им ја подигнат свеста за опасните оштетувања на кожата и можноста за добивање рак на кожата како резултат на прекумерна и незаштитена изложеност на сонце.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир за комплетно уживање – Овој пешкир од Hi-Sun претставува четири во едно: ранец, перница на дување, пешкир и звучници. На овој пешкир можете комплетно да се опуштите и да уживате слушајќи ја музиката од вашиот ајфон, ајпод или кој било друг мп3 плеер, кој ќе го поврзете со стандардниот 3,5-милиметарски приклучок. Звучниците се јаки, а благодарение на литиум-јонската батерија на полнење преку УСБ, можете да бидете сигурни дека ќе уживате цел ден додека сте на плажа.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој се конвертира – Овој пешкир од Мејсон Мартин Маргиела се преобразува во торба и обратно.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПлејбој пешкир – Ова е веројатно најлесниот начин да се најдете на насловната страница на Плејбој.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПесочен пешкир – Овој пешкир има две лица, бела и песочна. Додека лежите на него можете да ја користите белата страна, но кога ќе сакате да појдете на пливање, свртете го наопаку врз вашите ствари што сте ги понеле на плажа. Песочните принтови ќе ја камуфлираат околната со што вашите вредни работи ќе бидат на сигурно.rnrnКул пешкири за на плажаКул пешкири за на плажаrnrnПешкир кој можете да го носите – Овој пешкир има 3 отвори, може да се носи како туника или како тога и нема потреба од закопчување.rnrnКул пешкири за на плажаrnrnПешкирот задник-лице ќе ви помогне да не ги мешате страните и секогаш да ги бришете деловите од телото со соодветната страна.rnКул пешкири за на плажа

  • Неколку работи кои секој треба да ги применува

    Неколку работи кои секој треба да ги применува

    Животот не ни е доделен со упатство за негово правилно користење. Секој го бира својот пат и живее како што се чувствува најкомотно. Сепак, сите имаме еден живот и треба да го користиме максимално и да уживаме во него. Секогаш треба да бидеме свои, но во животот никогаш не сме сами. Некои работи едноставно треба да се почитуваат од човечки аспект и да се применуваат несвесно.rnrnНеколку работи кои секој треба да ги применуваrn

      rn011

    • Да се забележува без да се критикува
    • rn011

    • Да се цени без да се жали
    • rn011

    • Да се слуша без да се прекинува
    • rn011

    • Да се прашува без да се приговара
    • rn011

    • Да се предизвикува без да се потсмева
    • rn011

    • Да се зема предвид без да се сомнева
    • rn011

    • Да се дискутира без да се наметнува
    • rn011

    • Да се смее без да се двоуми
    • rn011

    • Да се дава без да се очекува
    • rn011

    • Да се теши без да се лаже
    • rn011

    • Да се води без да се скршнува
    • rn011

    • Да се опростува без да се чувствува гнев
    • rn011

    • Да се ужива без да се осудува
    • rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #42

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #42

    Кафе на плажа, покрај базен или во дворче… Тазе сварено, миризбата се шири наоколу… Згодни девојки, стегнати момци… Убава глетка и неодолив мирис и вкус. Доживувањето во лето е бесценето. Вкусете го додека трае.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #42
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #40

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #40

    Бојата на кафето има некаков смирувачки ефект. Успокојува, одмора и релаксира. Оваа позадина ќе изгледа одлично на вашиот десктоп. Таа е совршен потсетник за уживање во кафе паузите.rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #40
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2560×1600) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Листа на книги за на плажа

    Листа на книги за на плажа

    Гостински пост: Ивана Николовскаrn(Сакам книги)rnrnВо брзото време во кое живееме, понекогаш едноставно не можеме да најдеме слободно време за да ги правиме нештата во кои искрено уживаме, како на пример, читањето книги. Да, вистина е дека големите љубители на книги читаат постојано, без разлика на денот или на годишното време, но постојат голем број луѓе чие слободно време е толку лимитирано што едвај ги чекаат моментите кога ќе успеат да украдат неколку слободни часа за да уживаат во добра книга. Токму затоа летните одмори се особени убави. Слободното време во тие денови го имаме на претек така што можеме себеси да си го пружиме задоволството од убава книга, без да имаме грижа на совест дека сме ги запоставиле обврските. Сепак, десет или петнаесет дена не се вечност, па затоа треба добро да го искористиме времето и да не погрешиме во нашиот избор на книги за на плажа.Листа на книги за на плажаСо цел да ви помогнеме подобро да го направите вашиот избор на книги за летово, ние подготвивме листа на 10 најдобри книги за на плажа од кои вие можете да одберете и да се препуштите на уживање. Првиот дел од листата е соодветен за љубителите на трилерите и малку потешките книги, вториот дел се однесува на оние кои сакаат добра драма, додека крајот на листата им е наменет на девојките и жените кои преферираат романтични комедии и чик литература. Значи, за сечиј вкус по нешто! Сите книги на листата се нови, издадени во последните неколку месеци што значи дека секоја од нив може да се најде во продажба сега.rnrn1. Игрите на гладните од Сузан Колинс Доколку сте љубител на добрите трилери, но веќе сте заситени од препознатливите приказни кои се нудат во последно време – ви ја препорачуваме оваа книга која дефинитивно ќе ги помести вашите критериуми за добар трилер. Оваа книга треба да биде првото нешто што ќе го ставите во вашата патна торба.rnrn2. Девојката што го урна осилото од Стил ЛарсонСите оние кои се заразија со фантастичната трилогија „Милениум“, не смеат ни да помислат да заминат на одмор без маестралниот завршеток на истата. Вистинско напнато уживање!rnrn3. Ако го дочекам утрото од Сидни ШелдонСамото име на авторот е синоним за класиката кај трилерите. Доколку сакате да се навратите на она што беа трилерите пред неколку години, тогаш ви ја препорачуваме оваа книга. Трејси Витни е најинтригантниот лик на Сидни Шелдон досега…rnrn4. Рингишпил од Јелена Бачиќ АлимпиќПриказна за љубовта која успева да ги надрасне животот и судбината. Доколку сакате вашиот одмор да го поминете во романтично расположение, побарајте ја оваа книга!rnrn5. Полиња со диви нарциси од Винка СаздоваНеобична приказна за љубовта и неверството. Лесни страници полни со емоции кои дополнително ќе го разубават вашиот одмор.rnrn6. Последната песна од Николас СпарксЕдно од најомилените авторски имиња во светот ви ја пружа шансата ова лето да уживате на плажа со една од неговите понови книги. Зграпчете ја! Ако имате среќа да дува силен ветер на плажа тогаш можеби никој нема да ги забележи солзите во вашите очи кои оваа книга ќе ги предизвика.rnrn7. Го сакам Париз од Линдзи КелкТретиот дел од урнебесната „Го сакам…“ трилогија е нешто што треба да дојде како стандардна опрема во вашата торба за на плажа. Позитивно, модерно, интересно, заразно… Цреша на шлагот на синото море, звукот на бранови и ладниот пијалак во вашата друга рака.rnrn8. Купохоличарката и бебето од Софи КинселаЗарем мислите дека би ви препорачала нешто што и самата не би го понела на одмор? Последното продолжение од серијата „Купохоличарка“ е вистински летен погодок.rnrn9. Ѓаволот носи прада од Лорин ВајсбергерНешто постаро, но не помалку интересно. Иако се сомневаме дека остана некој кој не ја прочита, еве ја како предлог бидејќи е типична книга за на плажа.rnrn10. Венчален кум од Мет ДанЧик литература слатка дури и за посилниот пол. Доколку ги сакате романтичните комедии, ова е книга која ќе ја проголтате во еден лет ден. Да, таа може да се најде и во машкиот багаж за одење на одмор.rnrnПа, одберете го она кое мислите дека најмногу ќе ви се допадне и уживајте! Или уште подобро, спакувајте ги сите 10 книги со вас и обезбедете забава за цел одмор.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

    Кафето е убаво во секое годишно време и во секој дел од денот. Некои го пијат само наутро, други во текот на целиот ден. Сепак, ќе се сложите дека утринското кафе е некако највкусно, а особено на лето. Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #39
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе… уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво. Љубителите на кафето ќе ја сакаат оваа позадина на нивниот десктоп.rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно е никогаш да не заборавате да уживате во него. Ги имате состојките, направете си кафе по мерак.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работете со љубов

    Работете со љубов

    „Работата е љубов на видлив начин.“ – Калил Џибран

    rnЉубовта и работата се теми за кои вообичаено не се зборува истовремено. Но, ако си дозволите, работата може да биде прекрасен начин да се изразите себеси и да му покажете љубов на светот околу вас. Без разлика дали послужувате гости во кафеана или сте кардиохирург, во секоја работа им служите на другите и се обидувате да им го направите животот подобар, во некој аспект. Сите сме искусиле ситуација во која некој наш колега не воздига до степен што ни го прави денот поубав, но за жал исто толку лесно некој од нашата работна околина може да не спушти и да ни го направи денот ужасен.Работете со љубовСекогаш имаме избор какви ќе бидеме на работа, без разлика на типот на работата. Запознаваме прекрасни луѓе кои се задолжени за чистење на подовите низ долгите ходници, но и не толку воодушевувачки луѓе кои се на прекрасни работни позиции.rnrnКако вие ја носите љубовта на работа?rn

    Имате избор

    rnСекое утро влегувајте со десна нога во вашата канцеларија. Дури и да не ја сакате својата работа, можете да уживате помагајќи им на другите околу вас. Редовно потсетувајте се на ова. Во стресни ситуации, дајте сè од себе за да ги совладате проблемите и да продолжите понатаму со работниот ден. Плачејќи и жалејќи им се на колегите нема да ја подобрите ситуацијата ако не преземете нешто околу тоа.rn

    Бидете подготвени

    rnБидете подготвени за работниот ден. Потрошете малку плус време за себе за да се чувствувате добро пред да излезете за на работа. Ако отидете со главоболка или во брзање, нема да се чувствувате најдобро. Би било идеално да издвојувате малку време за вежбање наутро, после што треба убаво да појадувате. На овој начин ќе си ја одржите концентрацијата и ќе бидете подготвени за денот што е пред вас.Работете со љубовrn

    Бидете благодарни

    rn

    Бидете благодарни за вашата работа. Дури и во случаи кога платата е едниствената работа за која сте благодарни, сепак има за што да се „држите“. Да се биде благодарен не значи дека треба да се искажува задоволство за работа која не го причинува, но развивајќи позитивен став кон одредени аспекти од нејзе, ќе си помогнете да се чувствувате подобро додека сте таму. Можеби не ја сакате работата, но ја обожавате дружбата со колегите. И ова може да биде нешто за што би можеле да бидете благодарни.Работете со љубов

    rnrn

    Уживајте секој ден

    rnДонесете одлука дека ќе уживате во работата секој ден. Навистина е толку едноставно. Вашето размислување прави голема разлика во начинот на кој ги доживувате работите. Ако работите работа која воопшто не ја сакате, почнете да наоѓате причини да уживате во неа и од ден за ден ќе можете да ја почувствувате разликата. Гледајте да користите максимум од ситуацијата во која се наоѓате и ширете го задоволството на оние околу вас.rn

    Бидете присутни

    rnАко научите да бидете присутни и да се соочувате со секоја ситуација, ќе имате многу повеќе енергија и љубов за давање. Вежбајте секогаш да бидете присутни во моментот и да ја завршувате задачата која е моментално пред вас. Многу често нашето незадоволство на работа доаѓа од мислењето дека ситуацијата треба да биде поинаква. Престанете да се опирате и почнете да се ангажирате повеќе во вашата работа.Работете со љубовrn

    Давајте насмевки

    rnНасмевката има двоен ефект. Од една страна ќе направи самите вие да се чувствувате подобро, додека истовремено позитивно ќе влијаете врз другите. Па, смејте се често!Работете со љубовrn

    Заклучок

    rnОчигледно е дека колку повеќе искрено уживате во работата, толку е подобро. Борете се да ја најдете работата што ја сакате. Потребно е многу помалку труд за да се најде задоволство и да се искажува љубов во работа која се работи со уживање. Во таква ситуација, работата навистина станува љубов прикажана на видлив начин.rnrnУспевате ли вие да носите љубов на работното место?