Дали сте знаеле дека денот на еден просечен човек се состои од лежење и седење, проследени со минимално движење? Сигурно веќе многу добро знаете дека овој начин на живеење има изразено негативен ефект врз вашето здравје. Токму затоа и треба да го почнувате секој ваш ден со 5-минутна флуидна јога, која сама по себе не го содржи целото движење кое ви е потребно во животот, но е одличен почеток. Доколку ја практикувате секое утро, по само една недела ќе забележите неверојатни резултати: Намалување на болките во грбот, подобра флексибилност и повеќе енергија.rnrn
rnrnИсполнете го секое утро со здрава доза енергија и активност. Нема да ви биде потребно ни многу време и простор, а нема ни да им сметате на соседите бидејќи станува збор за тивка физичка активност. Запомнете, начинот на кој го одржувате телото во форма за време на јогата е поважен од самата флексибилност, барем во почетокот. Исто така немојте да се напрегате до граница на болка, утринското растегнување треба да биде пријатно и стимулативно. Погледнете го ова видео кое ќе ви покаже како секојдневно да го започнувате утрото на квалитетен и здрав начин:rnrn
Tag: утро
-

Ова е најдобриот начин да се опуштите и да имате повеќе енергија
-

3 причини зошто наутро не чувствувате глад, a би требало
Дека појадокот е најважниот оброк во денот, досега научија и птиците. Сепак, многу луѓе наутро не чувствуваат глад, дури им е мака кога ќе помислат на храна. Причината е прилично едноставна – а во голем дел сте и самите криви за тоа.rnrnСендвичи, житарки со млеко, овошје, млечни производи, здрави јаглехидрати… изборот за здрав појадок е неограничен. А најдоброто од сѐ е тоа што можете да јадете што било во овој период од денот, ако потоа водите сметка за она што го внесувате. Поради тоа за многумина појадокот е омилениот оброк во денот, но за жал гладот на многумина не се буди заедно со будилникот.rnrn
rnrnПостојат 3 можни причини:rn1. Не сте навикнати
rnМетаболизмот е чудна работа, кој најчесто функционира врз основа на навика. Ако со години не појадувате, сосема е логично дека вашето тело не е навикнато на тоа и дека нема да има потреба за храна веднаш штом ги отворите очите. Решението е едноставно – натерајте се себеси да каснувате што било наутро. И две залчиња се доволни за да го покренете метаболизмот кои лесно ќе ве поведат во магичниот свет на појадувањето.rn
2. Премногу сте изеле претходната вечер
rnВо текот на ноќта метаболизмот се сведува на минимум, па така и варењето како воопшто да не функционира. Затоа не треба да ве чуди ако вечерта изедете премногу храна, а наутро кога ќе се разбудите сè уште да се чувствувате сито. Едноставно, телото нема време да ја свари целата храна што сте ја внеле претходната вечер. Решението, повторно е прилично едноставно, но за многумина не е лесно. Обидете се да вечерате порано и да внесувате полесна храна, која побрзо ќе се свари. Вечерата генерално не би требала да биде голем оброк, а ова е и одлична навика за целокупното здравје.rnrn
rn3. Хормони
rnКако и на сите останати процеси во организмот, хормоните влијаат и на гладот. Телото генерално наутро лачи одреден коктел од хормони кој би требало да нè разбуди или пак доколку постои некое хормонално прометување може да предизвика мачнина и гадење од храна. За жал, со хормоните не може да си играте сами на своја рака, па доколку мислите дека имате некој проблем задолжително посетете доктор.rn
ПОЈАДОКОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРЕСКОКНУВА!
rnПравилната и здрава исхрана подразбира добар појадок. Целта на појадокот, покрај онаа основната која е да ве нахрани, е и да го разбуди и забрза метаболизмот. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот и на тој начин „штедат“ калории со цел да ослабат прават голема грешка. Појадокот треба да биде комплетен и да нè држи со часови, но не смее да биде преобилен или премногу јак за да нè заспие. За појадок избирајте здрави јаглехидрати, како што се целите зрна од житарки, кои се разградуваат побавно и подолго го одржуваат чувството на ситост. Исто така тие ве снабдуваат со енергија подолго време.
-

Направете ги овие активности навечер, па разбудете се свежи наутро
Верувале или не, од нашите вечерни активности зависи како ќе се чувствуваме наутро. Затоа придржувајте се до овие мали вечерни ритуали кои ќе ви овозможат свежи и здрави утра.rnrn
rnrn1. Пијте зелен чај за да го забрзате вашиот метаболизам.rnrn2. Водете љубов за да го победите стресот и да го зајакнете имунолошкиот систем.rnrn3. Прескокнете ја вечерата, па со таа храна направете појадок. Ќе зачувате пари, но и ќе намалите на калории.rnrn4. Испијте чаша вода, бидејќи таа ќе ви помогне да ја исчистите вашата кожа.rnrn5. Направете неколку јога вежби за да се ослободите од стресот.rnrn
rnrn6. Вечерајте лосос или пак некој друг вид риба, бидејќи тоа е лесна храна, но и многу здрава.rnrn7. Избегнувајте ги премногу засладените слатки.rnrn8. Спремете ги вашите омилени житарици, како би имале лесен и здрав оброк наутро.rnrn
rnrn9. Испијте чаша вино, бидејќи е одлично за вашите крвни садови, а воедно и за јакнење на вашите коски.rnrn10. Завршете порано со вежбањето за да имате време да се одморите за наредниот ден.rnrn11. Јадете црно чоколадо, бидејќи го регулира нивото на крвниот притисок.rnrn
rnrn12. Спремете ја торбата за во теретана, доколку практикувате утринско вежбање.rnrn13. Вечерајте бавно, смирено и уживајте во храната.rnrn14. Одете порано на спиење, тоа ќе ви овозможи да бидете свежи наредниот ден.rnrn
rnrn15. Пронајдете време за да медитирате, бидејќи така ќе бидете фокусирани и релаксирани.rnrn16. Размислувајте позитивно и ширете љубов, бидејќи ако така расположени заминете во кревет, наредниот ден ќе бидете уште посреќни. -

Патување во фантазијата: Слатки цртежи покрај утринското кафе
Чинција Болоњези е артистка која од неодамна развила многу интересно хоби. Таа едно утро појадувала врз црно платно кое обично го користела за работа и додека ги гледала трошките од колачите врз него почнала несвесно да црта приказни. Таа толку многу се внела во нејзината фантазија, што од тогаш ѝ се родила нова и прекрасна утринска навика покрај првата шолја кафе. Погледнете дел од нејзините утрински приказни кои ќе ве одведат на патување во светот на имагинацијата…rnrn
rnrn -

Зошто испиеното кафе ве прави поуспешна личност?
Никој од нас не може да си го замисли почетокот на денот без кафе. Кафето ни делува како гориво. Повеќето од нас избираат кафе со кофеин, бидејќи она без кофеин како да не е кафе. Тоа е исто како да купувате хамбургер, но плескавицата да биде без месо. Нема поента. Сепак, вкусовите и желбите се различни, па за нив не се расправа. Во секој случај, студиите докажаа дека пиењето кафе ги прави луѓето поуспешни и попродуктивни.rnrn
rn1. Влијае на физичката и психичката активност
rnБез разлика дали пиеме лате, мока, еспресо, турско, нес или друг вид кафе, кога кофеинот ќе допре до нашиот организам тој ни дава сила, исто како што горивото делува на автомобилот. Кофеинот го подига и нивото на адреналин што значајно влијае на нашата продуктивност и размислување. Знаете и сами, кога сте уморни шолја кафе ве враќа во живот, па затоа не е чудно што многу стручни лица препорачуваат шолја кафе еден час пред одењето на вежбање.rn
2. Го намалува ризикот од болести
rnЌе се израдувате кога ќе дознаете дека вашиот омилен напиток го намалува ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни болести. Исто така, кафето позитивно делува против мозочните болести како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Иако не постојат лекови за наведените болести, оние кои пијат кафе имаат помал ризик да заболат од нив.rn
3. Ги подобрува мозочните функции
rnКолку пати ви се случило да почувствувате дека мозокот „не ви работи“ и дека не можете да функционирате сè додека не се напите голтка кафе? Можеби звучи неверојатно, но кафето ги подобрува мозочните функции и влијае на брзото размислување. Затоа нека не ве чуди ако одеднаш ви светне идеја баш додека го консумирате омилениот, утрешен напиток.rnrn
rn4. Успехот доаѓа со ритуалот на пиење кафе
rnЗабележано е дека поголемите достигнувања во кариерата се врзуваат за ритуалот на пиење кафе. Наместо излежување во креветот, кафето ќе ве натера да скокнете на нозе и спремно да ги започнете обврските и останатите зададени цели.rn
5. Луѓето кои пијат кафе се интересни
rnКафето влијае на вашето расположение, а со самото тоа и на луѓето околу вас. Ако пиете кафе ќе забележите дека и вашите колеги кои го прават истото се поинтересни, занимливи и порасположени личности од оние кои го избегнуваат овој напиток.
-

7 причини зошто не сте вистински човек пред првото утринско кафе
Сите имаат утринска рутина. Некои луѓе стануваат порано со цел да направат малку кардио вежби, додека пак други појадуваат читајќи ги новините. Од друга страна, вашата утринска рутина се врти околу едно специфично, на моменти дури и магично нешто – кафето. Пред да го испиете вашето прво утринско кафе, вие воопшто не постоите. Вашите очи се едвај отворен, мислите ви се измешани и немате сила да се движите. Но, по првите неколку голтки почнувате да се враќате во живот и добивате сила да го почнете вашиот ден. Но, зошто не сте вистинските вие пред да ја испиете првата шолја кафе?rnrn
rn1. Бидејќи вашиот мозок е како во магла пред првите голтки кафе
rnПред вашата прва шолја кафе, вие постоите само делумно свесно. Сè до моментот кога ќе го вкусите кафето во вашата уста, вие сте зомби со отечени очи и лош темперамент. Имајќи го тоа на ум, откако вашиот организам ќе добие од својата дневна доза магија, подобро позната и како кофеин, вие одеднаш почнувате да се враќате во нормала. Вашите очи почнуваат да се шират, телото ви се опушта и сеќавањата од претходниот ден ви се навраќаат. Без кафето, вашиот ден нема да може воопшто да започне.rn
2. Бидејќи со сигурност повторно ќе заспиете доколку веднаш не се напиете и второ кафе
rnЗа време на вашето студирање, вие научивте дека ви се потребни 2 шолји кафе наутро со цел да имате надеж дека ќе функционирате до крајот на предавањата. Првото го пиете како шот вотка, во еден здив, додека пак, во второто уживате во текот на целото утро додека сè повеќе се будите со секоја голтка. Оваа навика продолжува да ве следи во текот на целиот ваш живот…rn
3. Бидејќи знаете дека тоа е добро за вас
rnПостои голема дебата помеѓу истражувачите за дали кафето овозможува вистински здравствени придобивки или не. Токму затоа и секој месец имаме можност да видиме различна студија за него, која некогаш е позитивна, а некогаш негативна во однос на придобивките кои ги искусуваме. Но, без разлика на случајот, вие знаете дека тоа е добро за вас. Во вашиот ум, кофеинот е оној кој секојдневно ви овозможува да започнете со денот, па токму затоа и не ви требаат други докази дека кафето е добро за вас и дека треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана.rn
4. Бидејќи кафето е најдобриот лек за мамурлак
rnПостојат многу вуду магии, бабини деветини и други видови необјасниви методи за лечење мамурлак, но ниту еден од нив не успева да го направи тоа толку добро како една шолја црно и горко кафе. По долгите ноќи поминати во пиење алкохол и танцување, наредното утро може да ве врати во живот само голема шолја кафе.rn
5. Бидејќи нема да можете да станете од вашиот кревет без него
rnБез разлика дали треба да одите до кујната или пак, да пешачите до вашето омилено кафуле, целиот процес на добивање кафе вклучува вие да станете од кревет. Освен, секако, ако добивате појадок во кревет, во тој случај кафето ќе ја направи својата магија додека сè уште лежите. Но, бидејќи повеќето од нас мора самите да си го направат своето кафе, тоа ни е единствениот мотив да се извлечеме некако од креветот и на тој начин да го започнеме нашиот ден.rn
6. Бидејќи ви помага да ги избегнете сите оние луѓе во раните утрински часови
rnВо совршениот свет, вие не би требало да се сретнувате со какви било луѓе до околу 11 часот, минимум. Но, во зависност од вашиот метод на транспорт, па сè до степенот на нервоза која ја искусуваат вашите колеги од работа, вие сигурно ќе се сретнете со многу луѓе во текот на утрото кои ќе сакаат со вас да разговараат уште пред да почнете со вашите работни часови. Но, кога се движите со кафето во едната рака и со вашата работа во другата, борејќи се што побрзо да стигнете до вашата работна просторија, создавате многу тешка состојба за луѓето да ви пристапат. Додадете и пар слушалки на оваа комбинација и веднаш ќе станете недопирливи.rn
7. Бидејќи вие не сте вистинските вие без доза утрински грижи
rnДа бидеме реални, не може да постои живот без стрес. Но, кафето ви овозможува многу полесно да се справите со него, како и да ви биде попријатно со вашата анксиозност. Без утринските грижи, вие нема да можете да завршите каква било работа до крајот на денот. Токму овие грижи ви помагаат да се потсетите на сите нешта кои треба да ги направите, додека притоа ве одржуваат будни. Доколку немате никакви грижи во текот на вашите работни часови, тогаш сигурно би заспале врз тастатурата. За среќа, кафето е тука за да ви ги олесни.
-

4 утрински навики кои ќе ви помогнат да изгледате убаво и да се чувствувате добро
Дури и ако сте од оние девојки кои тврдат дека едноставно немаат време за третмани за убавина, овие корисни навики лесно можете да ги вметнете во утринската рутина.rnrn
rn1. Напијте се топла вода со лимон
rnМногу жени во Јапонија го започнуваат денот со чаша топла вода со лимон, а тоа сега го прават и жените и мажите во останатиот дел од светот. Тоа ја хидратизира вашата кожа, го стимулира организмот и ви дава „зрно“ витамин Ц кој ве прави посилни, а вашата кожа поубава. Можеби ќе ве интересира и дека некои истражувања имаат покажано дека луѓето кои наутро пијат вода со лимон, во текот на денот внесуваат помалку калории во организмот.rn
2. Пуштете ја омилената музика и танцувајте, скокајте или вежбајте
rnСигурно наутро можете да одвоите 3-4 минути за добро да се расположите. Пуштете ја својата омилена музика и танцувајте, скокајте или правете склекови и вежби за стомачни мускули – што ви одговара повеќе. Оваа убава навика ќе ве развесели и ќе ви даде енергија, но и самодоверба бидејќи ќе се чувствувате подобро во вашето тело.rn
3. Кафето заменете го со зелен чај
rnАко обожавате кафе, сигурно ќе испиете барем една шолја во текот на денот. Затоа наутро напијте се здрав зелен чај кој е полн со антиоксиданси.rn
4. Нанесете крема за сончање на вашето лице
rnМногу жени го одбегнуваат овој совет, но за убав и младешки изглед на кожата и нејзиното здравје, кремата за сончање е неопходна. Да, дури и кога излегувате во град не заборавајте да ја нанесете секој ден под вашата шминка.
-

Трик за време на утринското туширање кој го намалува стресот
За време на утринското туширање, поточно пред да излезете од туш кабината, пробајте да го направите овој брз трик кој ќе ви ја обнови енергијата и ќе ви го намали стресот.rnrn
rnrnАко денот го започнувате со вакво туширање, тогаш стресот значително ќе ви се намали и нема да го чувствувате толку многу во текот на целиот ден.rnrn1. Пуштете ладна вода (колку што можете да поднесете) и така туширајте се 30 секунди. На почеток водата ќе ви биде многу ладна, но набрзо телото ќе се навикне.rnrn2. Потоа пуштете жешка вода и туширајте се 30 секунди. Жешката вода ги проширува капиларите, ја забрзува циркулацијата и го стимулира целото тело.rnrn3. На крај, повторно пуштете ладна вода и туширајте се уште 30 секунди.rnrnОвој краток трик потполно ќе ве разбуди и ќе ве подготви за предизвиците преку целиот ден. Ваквиот метод ви помага да го намалите стресот, ви го зајакнува имунитетот, ја зголемува способноста на вашиот организам да согорува масти и го подобрува вашето расположение. -

Дали правилно го пиете вашето кафе?
За многу луѓе кои го обожаваат кафето, тоа е и незаменлив дел од утрото. Но, научниците објаснуваат дека утринското пиење кафе не е најефикасен начин на негово консумирање, бидејќи телото веднаш по будењето природно создава повеќе кортизол со цел побрзо да ве разбуди.rnrn
rnrnКако објаснување за овој совет, експертите од каналот на Јутјуб „ASAP Science“, ни велат дека клучот се наоѓа во тоа кога кафето ќе има ефект како природно лачење кортизол. Овој хормон е познат и како хормон за стрес бидејќи најмногу се лачи во ситуации кога постои опасност, па со негова помош телото станува посвесно и повеќе подготвено за брза реакција.rnrnКај повеќето луѓе кои се будат за на работа околу 7 или 8 часот наутро, научниците велат дека нивното ниво на кортизол е многу повисоко од 8 до 9 часот, бидејќи во тој период телото природно се буди и подготвува за остатокот од денот. Преку низа истражувања се открило дека пиењето кафе во овие моменти скоро и да нема ефект, бидејќи кортизолот драстично го намалува влијанието на кофеинот, додека истовремено развива и поголема толеранција за ефектите од кафето на подолг временски рок. Тоа значи дека пиењето кафе по завршувањето на овој период во кој нивото на кортизолот е повисок е најдобар и најефикасен начин дополнително да се расоните, доколку вашето тело сè уште не се разбудило само.rnrnНаучниците исто така откриле и дека во текот на денот постојат уште два периода во кои е зголемено производството на овој хормон. Првиот период е околу 13 часот, а вториот помеѓу 17:30 и 18:30, па токму затоа најдобро е да избегнувате да пиете кафе во овие периоди. Исто така не заборавајте да го земете во предвид и спиењето, па дури и дремките, бидејќи по будењето, без разлика на времето, нивото на кортизол во крвта се зголемува за околу 50%, но краткотрајно. Токму затоа тие препорачуваат секогаш да пиете кафе барем еден час по будењето. Погледнете го и видеото за подетални информации…rnrn -

90-секунден утрински трик со туш кој ќе ве наполни со енергија
Не можете да го издржите денот без три или повеќе шолји кафе? Тогаш време е да најдете нов извор на енергија. Токму затоа ви го предложуваме овој 90-секунден трик кој со сигурност ќе ви помогне да го победите вашиот умор и кој без сомнение ќе ви помогне да можете да го издржите целиот ден без притоа да пиете голема количина кафе.rnrn
rnrnСè што треба да направите е да влезете утрото под туш и да ги следите следниве инструкции:rnrn1. Наместете го тушот на што е можно поладна вода (колку што можете да поднесете) и полевајте се со неа 30 секунди. На почетокот можно е водата да ви биде неподносливо студена, но брзо ќе се навикнете.rnrn2. По првите 30 секунди, наместете го тушот на врела вода и полевајте се со неа во следните 30 секунди. Врелата вода ќе ги прошири вашите капилари и ќе ја подобри циркулацијата ширум целото тело.rnrn3. За крај, повторно вратете ја студената вода и издржете под неа уште 30 секунди. Откако ќе завршите вие не само што ќе бидете целосно расонети, туку ќе бидете подготвени и за сите предизвици кои ви ги носи новиот ден. Овој метод ќе ви помогне да бидете помалку под стрес, ќе го подобри вашиот имунитет и ќе ја зголеми способноста на вашиот организам да ги согорува маснотиите. Исто така вие ќе имате и многу подобро расположение.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.











