КАФЕ ПАУЗА

Tag: успех

  • 8 лажни верувања од кои треба да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност

    8 лажни верувања од кои треба да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност

    Животот не станува полесен, туку вие станувате посилни. Станувате посилни не затоа што мора да бидете издржливи, туку затоа што учите. Учите како да размислувате, што да правите и како да согледувате одредени искуства на начин што ви овозможува да растете и да се приспособувате на вашите околности, наместо да дозволите да ве поразат.rnrn8 лажни верувања од кои треба да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личностrnrnОва се верувањата од коишто мора да се ослободите ако сакате да станете ментално здрава личност.rn

    1. „Мора да одговорам на сè што ми пречи.“

    rnЗа време на вашиот живот, ќе се соочите со луѓе, со околности и со ситуации што понекогаш може да бидат фрустрирачки, неправедни или вознемирувачки.rnrnЧестопати, вашите заклучоци ќе бидат оправдани. Вашиот гнев ќе биде оправдан. Вашата реакција ќе биде оправдана.rnrnСепак, поради сопственото ментално здравје, не можете да одговорите на секоја ситница што ве мачи. Мора да научите кој и што го заслужува вашето внимание.rnrnОна на што ја трошите вашата енергија е она што ќе го имате во животот.rn

    2. „Јас се дефинирам според моите најлоши грешки и според моите најголеми достигнувања.“

    rnОвој начин на кој се гледате себеси не е ниту здрав, ниту реален.rnrnЛуѓето имаат тенденција да мислат дека само една или две работи ги дефинираат како личности: најлошите или најдобрите работи од нивното минато. Но, тоа не е целосно точно.rnrnВие сте дефинирани според тоа како се однесувате кон другите луѓе, колку сте љубезни и како се чувствуваат другите кога се околу вас.rnrnЛуѓето што навистина се грижат за вас не размислуваат за вашите најголеми неуспеси или успеси кога се околу вас.rnrnМоже да одржувате рамнотежа така што ќе сфатите дека не сте толку лоши, ниту пак, толку совршени колку што си мислите.rn

    3. „Мојот напредок зависи од моите материјални успеси.“

    rnЛесно е да мислите дека вашиот успех се мери според она што другите луѓе може да го согледаат, односно со вашите земски достигнувања.rnrnБез разлика дали се работи за припадност, статус, физичка привлечност или што било друго, лесно е да мислите дека вие сте само збир на она што другите можат физички да го видат.rnrnВистината е дека вашиот внатрешен раст е далеку подлабок и честопати многу посуптилен од тоа.rnrnВашиот раст зависи од вашата подготвеност да размислувате, да направите промена, да се одморите и да го смените начинот на кој размислувате.rn

    4. „Јас сум збир на мислењата на другите луѓе за мене.“

    rnСе разбира дека ќе продолжите да се плашите од мислењата на другите луѓе ако мислите дека тоа ве дефинира вас. Но, не ве дефинира тоа.rnrnМислењата на другите луѓе за вас се привремени, минливи, постојано се менуваат и во голема мера се филтрираат преку нивните чувства, верувања и недоверба.rnrnИако е во ред да се запрашате зошто луѓето имаат формирано токму такво мислење за вас, сепак тоа не треба да го земете здраво за готово.rnrnОна што е многу поважно е како вие се гледате себеси и покрај мислењата на другите луѓе.rn

    5. „Ако не сум најдобар, не сум доволно добар.“

    rnСветот ќе ве убеди дека животот е конкурентски спорт и дека вие сте добри само ако сте подобри од некој друг. Но, тоа не е вистина.rnrnУбавината на некоја друга личност не значи дека вие не сте убави. Успехот на другите не значи дека вие не сте успешни: Среќата на другите не значи дека вие не сте среќни.rnrnСекој поединец живее своја верзија на добар, здрав и среќен живот.rn

    6. „Другите луѓе го заслужуваат моето почитување само ако го заработат.“

    rnСите ја заслужуваат ваша почит. Тоа важи дури и ако сте скарани со некого, ако не се согласувате со неговите постапки или не го сакате како целина.rnrnАко на луѓето им пристапувате со почит и достоинствено, многу полесно ќе ви биде да пронајдете мир во себе, дури и кога сте згрешиле или не сте успеале.rn

    7. „Личноста покрај која се чувствувам најсилно е личноста покрај којашто сакам да останам засекогаш.“

    rnНе е важно колку силно се чувствувате, што ви кажува таа личност, кои ветувања ги остварила, а кои не или колку поврзано се чувствувате, ако таа личност не е подготвена да ѝ се посвети на врската, тогаш таа не е за вас.rnrnВие заслужувате личност која презема акција, а не само што ќе ви дава празни ветувања.rn

    8. „Надворешниот свет ја контролира и ја диктира мојата судбина.“

    rnКога мислите дека надворешниот свет има моќ да ве спречи да го постигнете тоа што сакате, тоа значи дека се плашите од неуспехот.rnrnКога станувате повеќе свесни за себе, дури и ако работите не се одвиваат така како што очекувавте, секогаш можете да ги контролирате нарацијата и крајната дестинација.rnrnБез разлика на неуспехот, секогаш можете да се приспособите, да се усогласите и да научите нешто ново.rnrnПогледнете кои знаци откриваат дека сте ментално здрава личност.

  • Рецепт за успех од познат руски психолог: Ако сакате да стигнете до врвот, подгответе се да паднете многупати

    Рецепт за успех од познат руски психолог: Ако сакате да стигнете до врвот, подгответе се да паднете многупати

    Пред секој успех, човекот се соочува со многу пречки и неуспеси. Поразот е составен дел од животот и тоа е првото правило што мора да го научите на патот кон успехот. Многу луѓе се плашат дека нема да успеат, а тоа ги парализира и не им дозволува да се помрднат од почетната точка. Планирањето на секој чекор е невозможна и целосно погрешна почетна точка.rnrnРецепт за успех од познат руски психолог: Ако сакате да стигнете до врвот, подгответе се да паднете многупатиrnСекој пораз отвора нови врати и носи нови можности за напредок на кои можеби не сте сметале. Кога ќе го разберете тоа, пропуштените можности стануваат вредна работа, а не нешто што треба да се избегнува по секоја цена.rnrnАко одлучите да се откажете по првиот неуспех, тоа значи дека сте изгубиле засекогаш. Победник не е оној кој никогаш не се соочува со пораз, туку оној кој продолжува понатаму и покрај поразот.rnrnПсихологот Јулија Иванова дефинира 3 чекори до успехот. Само со ваков начин на размислување, успехот станува достижен:rn

    1. Зборувајте за вашите планови

    rnИзговорете ги гласно сите ваши идеи. Не кријте ги вашите планови, туку напротив, покажете му на светот кои се вашите можности. На овој начин, ќе можете да слушнете повеќе мислења и ќе разјасните дали вашиот план е добар.rn

    2. Игнорирајте ги неуспесите

    rnНе размислувајте за неуспехот, само продолжете напред, не дозволувајте тоа чувство да ве исплаши. Сите успешни луѓе стануваат успешни дури по неколку обиди.rn

    3. Упорност

    rnНикој од нас не е роден со вештини, способности и одговори на сите прашања. Сето ова доаѓа со текот на времето благодарение на напорната работа и на упорноста.rnrnЗатоа, третирајте ги вашите неуспеси како корисно искуство и можност да научите нешто ново. Бидете трпеливи, а благодарение на новите стекнати вештини, ќе дојде и успехот.rnrnУспехот без неуспех никогаш не се случува. Затоа, прифатете ги сите пречки и искушенија како подароци.rnrnПрочитајте кои карактеристики се поважни од талентот кога станува збор за успехот во животот.

  • Кои се трите основни вештини што го одредуваат успехот на вашето дете?

    Кои се трите основни вештини што го одредуваат успехот на вашето дете?

    Секој родител сонува да израсне успешно дете. Му ги купува најдобрите играчки, троши многу време на разни активности што можат да го стимулираат неговиот развој, а подоцна го охрабрува да биде одличен ученик на училиште. Но, за успех во животот не е потребно само образование. Постојат многу научни истражувања за успехот што докажуваат дека способностите, интелигенцијата и гените не играат голема улога во одредувањето на успехот. Но, одлучноста, упорноста и способноста да соработувате со другите се клучни фактори. Научниците и психолозите тврдат дека постојат три основни вештини што вашето дете мора да ги има за да успее во животот.rnrnКои се трите основни вештини што го одредуваат успехот на вашето дете?rn

    1. Способност за комуникација со другите луѓе

    rnНаучниците од Универзитетот „Пен“ и од Универзитетот „Дјук“ спровеле интересно истражување. Тие го набљудувале животот на 700 американски деца, уште од раното детство до 25-годишна возраст, со цел да најдат врска помеѓу нивните социјални вештини во детството и успехот подоцна во животот.rnrnСпоред резултатите од истражувањето, покомуникативните деца биле поуспешни од своите порезервирани врсници: во повеќето случаи, тие завршиле факултет, имале добро работно место до 25-годишна возраст и немале проблеми со законот.rnrnСпоред научниците, причината за ова е тоа што децата што се повеќе социјално развиени можат лесно да комуницираат со другите, избегнуваат конфликти, сочувствуваат и ги почитуваат чувствата на другите.rnВаквиот успех не се однесува само на работата.rnrnЛуѓето се сметаат себеси за успешни кога стануваат професионалци во тоа што го прават, создаваат функционално семејство и одржуваат врски со пријатели со кои имаат интереси. Овие односи тешко се градат без високоразвиени комуникациски вештини.rn

    2. Упорност

    rnАмериканскиот психолог Ангела Дакворт смета дека најважните работи за успех се страста и упорноста.rnrnДакворт неколку години ги набљудувала кадетите на Американската воена академија, наставниците и директорите на продажба. Целта на истражувањето била да се предвиди кој ќе биде поуспешен во она што го прави и зошто. Сите учесници имале нешто заедничко, а тоа било нивната волја.rnrnСпоред Дакворт, вродените способности и талентот речиси немаат никаков ефект врз вистинските достигнувања во животот на возрасните. Одлучноста и упорноста се тие што ги прават луѓето вистински успешни.rn

    3. Креативно размислување

    rnКреативното размислување помага да најдете начин за излез од навидум невозможните ситуации. Личноста што е способна да размислува креативно, побргу ќе ги реши проблемите во животот. Тоа е речиси половина од она што се дефинира како успех.rnrnПрочитајте што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата.

  • Четири карактеристики што се поважни од талентот кога станува збор за успехот во животот

    Четири карактеристики што се поважни од талентот кога станува збор за успехот во животот

    Сите луѓе имаат некаков талент, но тоа е само почеток. Причината поради која некои луѓе се поуспешни од другите се добрите навики. Едно неодамнешно истражување на повеќе од 1.800 вработени во компанија за обука на менаџери открило дека 46% од анкетираните им ја должат својата кариера на добрите навики. Само 24% од анкетираните го припишуваат својот успех на талентот, а 22,5% на одлуките кои ги донеле во вистински момент.rnrnЧетири карактеристики што се поважни од талентот кога станува збор за успехот во живототrnrnКога станува збор за успехот, ништо не може да ги замени добрите навики. Среќата, талентот, паметот и правилните одлуки не можат да ги надоместат вашите навики и рутината. Кога размислуваат за навиките, повеќето луѓе мислат на физичките навики, но неизмерно влијание имаат менталните навики, односно начинот на размислување, како и секојдневните разговори што ги водите самите со себе. Тоа има огромно влијание врз вашите резултати и постигнувања. Усвојте ги овие четири навики ако сакате да напредувате на работното место.rn

    1. Размислете пред да кажете „не“

    rnБидете отворени за нови можности затоа што тие може да ви овозможат да се развивате и да напредувате, па затоа размислувајте двапати пред да одбиете нешто. Тоа не значи дека мора да кажете „да“, но многупати автоматски ќе кажете „не“ затоа што се плашите да пробате нешто ново и да излезете од удобната зона.rn

    2. Верувајте му на инстинктот

    rnНаучете да го слушате вашиот инстинкт, тој најдобро знае што е добро за вас, односно вие најдобро знаете, само треба да верувате во тоа. Ако почувствувате грчеви во желудникот кога ќе слушнете некоја информација или ќе се сретнете со некоја личност, послушајте го инстинктот. Ако чувствувате наклонетост кон некого или кон нешто, постапете во согласност со тоа чувство.rn

    3. Бидете љубопитни

    rnУспехот секогаш е поврзан со нешто што сте научиле, можеби уште од порано. Во тој момент, не сте ја сфатиле важноста на одредени информации, но подоцна тие придонеле за развој на вашата кариера. Љубопитноста е одлична работа. Таа ги проширува вашите перспективи и отвора можности, а се манифестира на различни начини. Некои луѓе читаат, додека други сакаат да разговараат, а трети одат на различни работилници или патуваат. Немојте да се ограничувате.rn

    4. Најтешките работи завршете ги први

    rnПовеќето луѓе кои сметаат дека се успешни се согласуваат за една работа – најтешките задачи треба да се завршат први. Кога правите план за денот, тешките задачи или поголемиот дел од работата завршете ги во текот на утрото и оставете ги полесните за остатокот од денот. Наутро имате најмногу енергија, а чувството дека сте отстраниле нешто големо од списокот ќе ви даде дополнителен поттик и ќе ви го подобри расположението.rnrnПрочитајте кои промени кај жените ќе им ги отворат вратите кон успехот.

  • Самокритиката влијае врз нашиот ум и тело: Докажано е дека негативните искуства се поважни од успехот!

    Самокритиката влијае врз нашиот ум и тело: Докажано е дека негативните искуства се поважни од успехот!

    Резултатите од едно големо психолошко истражување покажале дека луѓето ги сметаат негативните искуства за поважни отколку што тие навистина се, па затоа се позасегнати од нивните недостатоци отколку од успесите.rnrnСамокритиката влијае врз нашиот ум и тело: Докажано е дека негативните искуства се поважни од успехот!rnrnТие го истражувале природно негативниот став на луѓето кон себе и дошле до заклучок дека еволуцијата дошла до тој стадиум во кој нашите негативни искуства и грешки ги сметаме за поважни од успесите.rnrnСпоред д-р Ричард Дејвидсон, основач и директор на Центарот за психолошко здравје на Универзитетот во Висконсин самокритиката влијае на нашиот ум и тело.rnrnСо текот на еволуцијата, луѓето ги сметаат неуспесите, грешките и пропустите за поважни од успесите, објаснува тој. Тој додава дека таквиот начин на размислување може да влијае на нашата продуктивност и нашите тела, предизвикувајќи разни воспаленија, хронични заболувања и забрзување на процесот на стареење.rnrnСепак, ова не е крај на приказната, бидејќи самокритиката може да се претвори во можност да се направи нешто што може да придонесе за личен напредок. На прашањето зошто сме толку строги со самите себеси, научниците објаснуваат дека кога грешиме активиравме механизам што ја придружува работата и однесувањето на нашиот ум. Токму тоа ни помага да ги забележиме нашите грешки и неуспеси. Во некои случаи, кога нашиот интегритет е компромитиран, од суштинско значење е нашиот ум кој расудува што е важно, а што не е и што е добро, а што лошо, бидејќи тој може да направи разлика.rnrnМожеби сакате да прочитате и за едно интересно истражување: Што открива за вас вашата насмевка?rn

  • Ако не се одвива според планот, се одвива според судбината: Најдобрите работи во животот се случуваат кога најмалку се надеваме!

    Ако не се одвива според планот, се одвива според судбината: Најдобрите работи во животот се случуваат кога најмалку се надеваме!

    Никогаш не трчајте по среќата, таа сама ќе го најде патот до вас. На крајот на краиштата, сите го добиваме само тоа што го заслужуваме.rnrnАко не се одвива според планот, се одвива според судбината: Најдобрите работи во животот се случуваат кога најмалку се надеваме!rnrnНајдобрите работи ќе ви пристигнат во животот кога најмалку се надевате. Понекогаш клучот за среќа не лежи во потрагата, туку во тоа да ја пуштите и да чекате таа да ве најде вас. Трпението и срцето полно надеж ќе ве одведат на вистинското место.rnrnРазмислете дали во вашиот живот се случуваат необјасниви, неверојатни пресврти? Понекогаш премногу се потпирате на иднината, па дури и ја фалсификувате во сопствената глава, но реално, треба да се потпрете само на плановите што судбината ги има за вас.rnrnБидете трпеливи и научете да чекате, бидејќи сè ќе добие смисла кога најмалку се надевате. Само верувајте ѝ и запомнете дека вие сте главниот лик во вашиот живот и дека го заслужувате само најдоброто.rnrnОва можеби звучи тешко за остварување, но понекогаш трпението е најдобрата опција што ја имате. Јасно е дека мора да се трудите, но понекогаш и сиот вложен напор на овој свет не може да ви помогне да добиете сè што сте замислиле веднаш.rnrnБидете трпеливи и имајте позитивни мисли. Какви ви се мислите, такви ви се и случувањата. Оставете го вашиот „прозорец“ подотворен за да може магијата да го најде патот до вас.rnrnАко верувате дека заслужувате среќа, тогаш и ќе ја пронајдете. Позитивниот став игра голема улога во животот и постигнувањето на целите. Опуштете се и сфатете го животот како една голема игра, бидејќи најдоброто во него често се случува сосема случајно.rn

    Најдоброто допрва треба да се случи

    rnКога се водени од оваа мисла, полесно ќе се движите напред и ќе се насочите кон успехот. Се разбира, никој не може да биде добро расположен секојдневно и постојано да размислува позитивно, но ако се трудите да бидете такви во поголемиот дел од времето, животот автоматски ќе ви се промени од корен. Ако започнете да живеете со овој принцип денес, следната година ова време кога ќе погледнете зад себе, ќе забележите дека ситуацијата драматично се променила на подобро.rnrnУживајте во сегашниот момент со верба дека утре ќе биде уште подобро, тоа е рецептот за неизмерна среќа.rn

    Ако нешто не се случува според планот, тогаш се случува според судбината

    rnЛуѓето прават планови, но тие честопати не успеваат. Можеби не сте таму каде што сакате да бидете во моментов, вашата работа можеби не е идеална или сакате поголем стан, но со позитивен став, верба во себе и трпеливост сè е можно.rnrnМожеби сакате да прочитате и што знаат јапонските мудреци: Ова е причината зошто повеќето луѓе не постигнуваат ништо во животот!rn

  • 7 знаци дека сигурно ќе успеете во животот

    7 знаци дека сигурно ќе успеете во животот

    Постојат некои карактерни особини на личноста кои укажуваат колку е таа насочена да постигне успех во животот. Со овие компоненти се занимаваат и експертите кои наведуваат кои се очигледните знаци кои укажуваат на тоа дека ќе бидете успешни луѓе.rnrn7 знаци дека сигурно ќе успеете во живототrnrn1. Подготвени сте да направите многу за да ги исполните вашите цели. Работната недела за вас трае онолку колку што треба и свесни сте дека само трудољубивоста и упорноста може да ве одведат до успехот што го посакувате.rnrn2. Постојано сте во потрага по нови искуства. Монотонијата не е опција за вас. Ве очекуваат нови искуства, нови луѓе и нови достигнувања.rnrn3. Вие сте емпатична личност. Совршено ги сфаќате грижите и проблемите на луѓето околу вас, сочувствувате со нив и подготвени сте да им помогнете кога е потребно.rnrn4. Се однесувате одговорно со парите. Вие не гледате на парите како на награда и свесни сте дека може денес да ги имате, а утре да ги изгубите. Уживате во плодовите од вашиот труд и напор, но одговорно и со мерка.rnrn5. Не се трудите да им се докажете на другите, бидејќи работите заради сопствена сатисфакција. Вие не потпаѓате под туѓите притисоци затоа што знаете колку вредите и каков работник сте. Наоѓате начини да ја зголемите својата вредност, а тоа ве мотивира и ве турка напред.rnrn6. Вие искрено се радувате на успесите на другите затоа што ја разбирате важноста на здравата конкуренција. Нема простор за љубомора кога некој друг ќе постигне заслужен успех.rnrn7. Знаете дека успехот е минлив, а интегритетот и почитта остануваат. Никогаш нема да газите по другите луѓе за да ги реализирате вашите планови. За вас е важно да ја постигнете поставената цел, но не по секоја цена, а токму тоа е квалитетот што ќе ве одведе во вистинската насока кон успехот.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека материјалниот успех не е мерило на вашата вредност.

  • Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

    Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

    Сите луѓе им се восхитуваат на упорните и силни личности кои не се откажуваат пред ниту една пречка и сите копнеат по оваа особина. Како да станете и вие таква личност и како да ги надминете сите тешкотии со леснотија? Дали е тоа возможно? Кои карактеристики треба да ги развиете?rnrnНишто во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полињаrnrnОна на што треба најмногу да се работи е способноста да се надминат нападите на аксиозност и падот на мотивацијата. Не е невообичаено уште првата пречка со која ќе се соочите да ви предизвика паника и желба да се откажете. Поради тоа, неопходно е да научите да ги совладувате чувствата што ве спречуваат.rnrnПомислете само колку повеќе би постигнале во животот, ако вашите стравови не ве спречуваат да стигнете до целта.rnrnСо правилото „40 %“ ништо не е невозможно. Според истражувањата, кога мислите дека сте направиле сè што е во ваша моќ, всушност сте дале само 40% од вашите можности.rnrnВнимателно прочитајте ја уште еднаш последната реченица. Таа нека биде вашата мантра што ќе ја повторувате секојпат кога ќе наидете на пречка и кога ќе мислите дека не можете да продолжите понатаму. Колку повеќе ќе го кажувате тоа гласно, толку повеќе ќе бидете мотивирани.rnrnНишто во животот не е невозможно, само не се трудите доволно. Упорноста е клучот за многу добиени битки.rnrnЖивотот е непредвидлив и може да ве изненади со околностите што ви ги наметнува, но не брзајте да се откажете уште во истиот момент. Застанете и повторете ја мантрата за 40-те %.rnrnАко не успее првиот пат, кажете ја оваа реченица повторно и ако тоа не е доволно, не двоумете се да ја повторите уште неколку пати. На крајот, ќе чувствувате дека можете да успеете.rnrnОвој метод дејствува како „плацебо ефект“, а разликата е во тоа што навистина е ефикасен. Повторувањето ќе создаде механизам што ќе ви помогне да станете посилни и поистрајни.rnrnНајдобриот начин за надминување на сите пречки е следниот: Прво, направете сè што можете, па ако тоа не ви оди од рака, повторете ја оваа мантра за дополнителна мотивација. Повторувањето на мантрата има ефект само ако навистина верувате во тоа што го правите.rnrnЖивотот е премногу краток за да се откажувате и да бегате од соништата. Развијте ментална сила што ќе ве однесе подалеку во животот.rnrnСпособни сте за многу поголеми работи отколку што мислите. Само вклучете ја вашата глава и размислете вака: „Направив сè што можев. Но, тоа не е ниту половина од тоа што можам. Тоа е само 40%. Затоа, продолжувам напред!“rnrnА кога ќе се почувствувате осамено, потсетете се на овој текст.

  • Како вистински да се промените во следната година?

    Како вистински да се промените во следната година?

    Во пресрет на новата година, нормално е да размислите за изминатата година и за тоа што сакате да направите поразлично во следната година. Многу луѓе ветуваат дека ќе вежбаат, ќе се хранат поздраво, ќе бидат пољубезни, ќе поминуваат повеќе време со семејството, ќе го сменат работното место итн. За жал, повеќето од нив ги забораваат дадените ветувања уште пред почетокот на вториот месец во годината. За навистина да ги направите промените што ги посакувате, треба да го промените начинот на кој размислувате за промените. Во продолжение прочитајте што треба да направите за вистински да се промените.rnrnКако вистински да се промените во следната година?rn

    1. Дефинирајте го посакуваниот исход

    rnПовеќето луѓе знаат што не сакаат, но ретко одвојуваат време за да размислат што навистина сакаат. Најчесто ќе слушнете „сакам да ослабам“, но оваа изјава е премногу општа и лошо дефинирана. Добрата изјава за исходот вклучува и квантитативни и квалитативни мерки. Колку килограми сакате да изгубите? До кога? Која големина на облека сакате да носите? Што ќе направите за да ги намалите килограмите? Дали ќе вежбате? Колку повеќе детали содржи вашата изјава, толку повеќе вашиот ум ќе биде насочен кон она што сакате да го постигнете.rn

    2. Што ве спречува да успеете?

    rnИдентификувајте ги пречките што ве спречуваат да успеете. Не можете да изгубите тежина затоа што немате време за вежбање? Имате премногу обврски? Примате терапија што ја зголемува тежината? Веројатно постојат неколку фактори што ве спречуваат, во спротивно, би ја постигнале целта уште многу одамна. Постојат три категории пречки: пречки што можете да ги контролирате, пречки на коишто можете да влијаете и пречки што се надвор од ваша контрола. Идентификувајте ги работите што можете да ги контролирате и работите врз коишто можете да влијаете и направете го вашиот план за слабеење во согласност со нив. Игнорирајте ги работите што не можете да ги контролирате и вашите следни чекори планирајте ги според работите што се во ваши раце.rn

    3. Размислете за вашите предности и можности

    rnВажно е да препознаете каде вие самите сте пречка, но исто така и каде можат да ви помогнат вашите специфични вештини и атрибути. Погледнете што можете да направите и како да го искористите својот потенцијал за да успеете. Исто така, не заборавајте ги луѓето што се грижат за вас и што секогаш ве поддржуваат. Дали во вашиот живот постојат луѓе на коишто можете да се потпрете, луѓе што ве бодрат или луѓе што се извор на информации? Внимателно размислете за човечкиот капитал и на кој начин можете да го искористите.rn

    4. Размислете за вашите алтернативи

    rnПонекогаш, кога се стремат кон својата цел, луѓето размислуваат еднонасочно, како да постои само еден начин да се стигне до целта. Постојат повеќе начини, а вие треба да откриете кој е најдобриот за вас. Откријте кои се вашите лични критериуми за успех и изберете го тоа што мислите дека е најдобрата опција.rn

    5. Последниот чекор треба да биде креирање јасен план за следните чекори

    rnМожеби судбината ќе интервенира во вашите планови, но ако сакате да дојдете до посакуваниот исход, да ги надминете пречките, да ги искористите човечките фактори и да ја изберете вистинската алтернатива за вас, треба да имате јасен план за следните акции што сакате ги преземете. Утврдете ги вашите што, кој, кога, како и колку, а потоа преземете чекори за да продолжите напред кон вашата цел.rnrnПрочитајте како да го промените својот живот и да ја преземете контролата во свои раце.

  • На кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехот

    На кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехот

    Рибите ги иритира харизматичниот Лав затоа што е самосвесен, па му завидуваат за неговиот успех и гламурот кој го придружува каде и да оди. Ракот тајно им завидува на многумина, иако малкумина се оние кои се ситуирале подобро од него или избрале поуспешен партнер.rnrnНа кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехотrnrnОткријте и вие заради што би можеле да им завидувате на другите, според вашиот хороскопски знак.rn

    Овен

    rnЗатоа што сте посесивни, љубоморни и нетрпеливи, вие најмногу ѝ завидувате на Девицата заради нејзината трпеливост и вроденото совршенство.rnrnНо, во центарот на вашата отворена завист може да се најде и Јарецот, кој е подготвен да работи и вон границите на неговата издржливост, за да постигне професионален успех и социјално признавање, а и љубоморите и моќната Скорпија заради нејзината сигурност и доминација.rn

    Бик

    rnУспешни сте кога ја работите работата што ја сакате, „но тревата е позелена од другата страна на оградата“, па ѝ завидувате на Вагата заради популарноста, социјалните познанства и можностите што ѝ се укажуваат во врска со запознавањето странски контакти и патувањата.rnrnКон Стрелецот покажувате нетрпеливост затоа што успева да заработи пари на полесен начин и затоа што често патува.rn

    Близнаци

    rnИако сте прилагодливи и снаодливи, ѝ завидувате на интуитивната Скорпија заради нејзината мистериозност и мудрост, така што, таа може да ве „чита како отворен буквар“. Додека вие едвај чекате да научите нешто од неа, таа ве држи во неизвесност.rnrnНа авторитетниот Јарец вие му завидувате на успехот и парите што може да ги заработи, затоа што е упорен и конзистентен, а тоа се особини што вие генерално не ги поседувате.rn

    Рак

    rnИако генерално сте добро ситуирани, многумина од вас се тајно завидливи, иако малкумина поминале подобро од вас или избрале поуспешен партнер, особено ако сте жена.rnrnВие сте му љубоморни на авантуристичкиот Стрелец за дружељубивоста и способноста спонтано и отворено да ги искаже чувствата, а на комуникативната Водолија ѝ завидувате за социјалните контакти и леснотија со која ги воспоставува.rn

    Лав

    rnВие ги почитувате оние кои ви се надредени во професијата, но љубомората, посесивноста и материјалистичкиот став управуваат со вас, па чувствувате завист кон вредниот Јарец, заради неговата амбициозност и упорност да успеете во сè што прави.rnrnВие сте иритирани од способноста на меланхоличните Риби да ги искажат своите емоции на романтичен начин, бидејќи вам тоа не ви успева.rn

    Девица

    rnИако сте елоквентни и интелигентни, тешко ви оди ширењето познанства, а најчесто ѝ завидувате на шармантната Водолија заради популарноста и статусот во општеството, поради што таа е претежно посакуван и сегде поканет гостин.rnrnМоже, исто така, да почувствувате завист и кон Овенот, заради неговата вродена дрскост и леснотија со која воспоставува контакти, но и заради неговата упорност и конкурентскиот дух, особено во спортските активности.rn

    Вага

    rnВие сте омилени сегде и познавате многу влијателни луѓе, но му се восхитувате и му завидувате заради упорноста на тврдоглавиот Бик кој секогаш успева да дојде до материјална корист од која било работа.rnrnНа флексибилните Риби можете да им завидувате заради нивната способност лесно, без срам и скандалозност, да се справат со секоја непријатна ситуација на работа.rn

    Скорпија

    rnВие сте моќни и креативни, па малкумина може да ве надминат кога сте фокусирани на целта. Но, веројатно чувствувате завист кон Овенот заради неговата виталност и динамика.rnrnМоже да му завидувате и на непостојаните Близнаци заради површноста, затоа што најмногу ве преокупира сопствената систематска посветеност на сè што правите и длабочината на вашите чувства.rn

    Стрелец

    rnИако се сметате за еден од најсреќните знаци, можеби му завидувате на Бикот заради неговата убавина и физички изглед, како и заради неговиот деловен и материјален статус.rnrnМоже да му завидувате и на Ракот затоа што има мирен, добро организиран семеен живот и семејно опкружување што вам ви изгледа толку неостварливо поради вашиот деловен хаос.rn

    Јарец

    rnЈа сакате правдата и сте строги, затоа им завидувате на оние кои „не мрдаат со прст“, а имаат многу повеќе отколку што заслужуваат. Вие сте преосетливи и им завидувате на непостојаните Близнаци, заради нивната површност и начинот на кој тие лесно ги забораваат или ги надминуваат лошите нешта што им се случуваат во животот.rnrnМу завидете и на огнениот Лав заради начинот на кој ја покажува својата страст, бидејќи вие не умеете да се прикажете во такво светло.rn

    Водолија

    rnНе сте толку завидливи кога некој е поуспешен или побогат од вас, колку што станувате свесни за вашата непостојаност, со која не можете да се справите. Затоа, му завидувате на семејниот живот на Ракот во кој тој навистина ужива.rnrnИ покрај тоа што чувствувате, никогаш нема отворено да ја искажете зависта кон Девицата заради нејзината смелост да донесе смели одлуки и да истрае во сè.rn

    Риби

    rnИако сте прилагодливи и можете да излезете од „калта“ во која сте влегле, вие сте малку несигурни во себе и може да ѝ завидувате на шармантната Вага поради нејзината популарност и привлечниот изглед.rnrnХаризматичниот Лав ве нервира затоа што е самосвесен, а му завидувате и заради успехот и гламурот што го придружува каде и да оди.rnrnМожеби сакате да откриете и за што секој хороскопски знак не треба да размислува за време на празниците?