КАФЕ ПАУЗА

Tag: упорност

  • 3 хороскопски знаци кои се најголеми борци – никогаш не се предаваат

    3 хороскопски знаци кои се најголеми борци – никогаш не се предаваат

    Постојат хороскопски знаци чија упорност е многу поголема од таа на другите. Тие секогаш се борат до крај, без оглед на околностите и сериозноста на ситуацијата. Борбеноста е нивна главна и неверојатна карактеристика.rnrn3 хороскопски знаци кои се најголеми борци – никогаш не се предаваатrnrnНо, понекогаш може да биде и заморно ако некој постојано оди „со глава низ ѕид“. Овие 3 хороскопски знаци се особено борбени.rn

    1. Овен

    rnЛуѓето родени во хороскопскиот знак Овен се управувани од Марс и сакаат да бидат лидери. Овните честопати наредуваат, а луѓето ги следат нивните наредби. Тие сакаат да направат сè веднаш, па поради тоа, тие понекогаш делуваат како „муви без глави“, па дури и малку недораснато. Тие треба да размислат добро за нивните постапки и за можните последици, советуваат астролозите.rn

    2. Скорпија

    rnНа Скорпиите им е тешко да се дистанцираат од луѓето или чувствата, па им допуштаат сè на сите. Благодарение на силниот карактер секогаш успеваат да се извлечат од проблемите. Астролозите советуваат Скорпиите да се фокусираат на нештата што можат добро да ги контролираат, како што е она што го говорат. Ако ја канализираат својата моќ во вистинската насока и не се премногу доминантни, тогаш тие не се само најборбени, туку и најуспешни хороскопски знаци.rn

    3. Јарец

    rnЈарците никогаш, ама никогаш не се предаваат. Тие се едни од најамбициозните личности кои пристапуваат кон секој предизвик со ентузијазам бидејќи рано научиле колку е важна напорна работа. Јарците знаат дека е потребно многу време и напор за да ги остварат своите соништа. Ова ги прави вистински мудреци меѓу борбените знаци.rnrnМожеби сакате да прочитате и како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација?

  • Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

    Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

    Сите луѓе им се восхитуваат на упорните и силни личности кои не се откажуваат пред ниту една пречка и сите копнеат по оваа особина. Како да станете и вие таква личност и како да ги надминете сите тешкотии со леснотија? Дали е тоа возможно? Кои карактеристики треба да ги развиете?rnrnНишто во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полињаrnrnОна на што треба најмногу да се работи е способноста да се надминат нападите на аксиозност и падот на мотивацијата. Не е невообичаено уште првата пречка со која ќе се соочите да ви предизвика паника и желба да се откажете. Поради тоа, неопходно е да научите да ги совладувате чувствата што ве спречуваат.rnrnПомислете само колку повеќе би постигнале во животот, ако вашите стравови не ве спречуваат да стигнете до целта.rnrnСо правилото „40 %“ ништо не е невозможно. Според истражувањата, кога мислите дека сте направиле сè што е во ваша моќ, всушност сте дале само 40% од вашите можности.rnrnВнимателно прочитајте ја уште еднаш последната реченица. Таа нека биде вашата мантра што ќе ја повторувате секојпат кога ќе наидете на пречка и кога ќе мислите дека не можете да продолжите понатаму. Колку повеќе ќе го кажувате тоа гласно, толку повеќе ќе бидете мотивирани.rnrnНишто во животот не е невозможно, само не се трудите доволно. Упорноста е клучот за многу добиени битки.rnrnЖивотот е непредвидлив и може да ве изненади со околностите што ви ги наметнува, но не брзајте да се откажете уште во истиот момент. Застанете и повторете ја мантрата за 40-те %.rnrnАко не успее првиот пат, кажете ја оваа реченица повторно и ако тоа не е доволно, не двоумете се да ја повторите уште неколку пати. На крајот, ќе чувствувате дека можете да успеете.rnrnОвој метод дејствува како „плацебо ефект“, а разликата е во тоа што навистина е ефикасен. Повторувањето ќе создаде механизам што ќе ви помогне да станете посилни и поистрајни.rnrnНајдобриот начин за надминување на сите пречки е следниот: Прво, направете сè што можете, па ако тоа не ви оди од рака, повторете ја оваа мантра за дополнителна мотивација. Повторувањето на мантрата има ефект само ако навистина верувате во тоа што го правите.rnrnЖивотот е премногу краток за да се откажувате и да бегате од соништата. Развијте ментална сила што ќе ве однесе подалеку во животот.rnrnСпособни сте за многу поголеми работи отколку што мислите. Само вклучете ја вашата глава и размислете вака: „Направив сè што можев. Но, тоа не е ниту половина од тоа што можам. Тоа е само 40%. Затоа, продолжувам напред!“rnrnА кога ќе се почувствувате осамено, потсетете се на овој текст.

  • Поучна приказна: „Биди упорен“

    Поучна приказна: „Биди упорен“

    Во животот треба да бидете упорни и трпеливи за да можете да ги остварите вашите зацртани цели. Прочитајте ја оваа поучна приказна што ќе ве мотивира да бидете упорни и да не се откажувате од тоа што сакате да го постигнете.rnrnПоучна приказна: „Биди упорен“rnrnИзбувнала војна меѓу две соседни кралства. Војсководачот на едната војска го предизвикал на двобој восководачот на другата војска. По тешката борба, тој го совладал, го заробил, му ставил синџири и го одвел во затвор. Војската на поразениот војсководач се распаднала, а војниците се разбегале низ пустината плашејќи се дека непријателот ќе ги стигне, ќе ги фати и ќе ги фрли и нив во затвор.rnrnНо, се случило нешто неочекувано. Поразениот војсководач успеал да побегне од затвор, а кога стигнал до еден извор среде пустината, седнал да се одмори. Почнал да размислува за својот срамен пораз и да смислува начини како да излезе од тешката состојба. Во тој момент, вниманието му го привлекла една малечка мравка која влечела огромен инсект, десетпати поголем и потежок од неа. Но, мравката била упорна во својата работа.rnrnОдеднаш, мравката заедно со инсектот паднала во една дупка. Таа се обидувала да се извлече, но инсектот неколкупати бегал од нејзините раце. Сепак, мравката повторно го зграпчувала и се обидувала да излезе од дупката со него – сè додека конечно не успеала. И така, триумфално и гордо, заедно со пленот, го продолжила својот пат. Нејзините упорност и трпеливост го привлекле вниманието на поразениот војсководач. Мравката не изгубила надеж и успешно си ја завршила својата работа.rnrnВојсководачот заплакал поради својата судбина – се покајал што не бил поупорен и похрабар. Почнал да размислува како повторно да го повика својот противник на мегдан. Тој ги собрал сета своја сила и решителност и се вратил пред противникот предизвикувајќи го повторно на двобој. По невидената и макотрпна борба, неговиот противник паднал мртов на земја.rnrnВојсководачот победил и се вратил гордо во своето кралство. И така, една мала мравка, со својата упорност, го натерала војсководачот да извлече корисна поука: „Биди упорен“.rnrnПоучните приказни имаат интересна моќ да нѐ потсетуваат на едноставни работи за животот и да нѐ мотивираат да ги преземеме вистинските чекори. Прочитајте ја и оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно.

  • Инспиративната приказна на програмерка без рака што ќе ви ја врати вербата дека сè е можно!

    Инспиративната приказна на програмерка без рака што ќе ви ја врати вербата дека сè е можно!

    Постојат многу различности насекаде околу нас. Ние луѓето колку што сме слични и наликуваме едни на други во повеќе аспекти исто така и многу се разликуваме по одредени нешта. Се разликуваме и по мотивираноста, како и по трудот што го вложуваме за нешто да постигнеме. Важно е дека штом можете нешто да замислите, многу голема е веројатноста дека можете и да го остварите.rnrnrnrnСледнава приказна на една програмерка ќе ви ја врати вербата дека сè е можно.rnrnАлександра Габоровиќ тврди дека покрај ограничувањата најважно е да се оди со сигурни чекори низ животот и да се обидете да ги остварувате вашите цели без страв.rn

    „Сè е возможно, сè се може. Не треба да ми верувате на зборовите, само обидете се. Потребна е голема желба, силна волја, челични нерви и голтање туѓи глупости, но морам да признам дека потребни се и некои предуслови на чие постоење не можете секогаш да влијаете, но можете да ги промените и прилагодите.rnrnРодена сум без лева рака, но на тоа гледам само како на фактор кој малку ги комплицира работите. Затоа што имав среќа да ѝ се родам баш на мојата мајка, мојата планина која беше професор по физичко воспитување на педагошка академија во Суботица. И откако сум свесна за себеси се сеќавам дека одев на нејзините часови по физичко и само со 4 години им покажував на студентките како да се качат на дрвена шипка висока пет метри. Тренирав пливање, одбојка, кошарка, гимнастика. Знам за една работа која не можам да ја направам – стоење на раце. Меѓутоа, ако доволно ја зајакнам десната рака и ако имам некоја потпора за левата рака и тоа не е невозможно. Останатото е работа на прилагодување.“

    rnВака ја започнала својата приказна Александра Габоровиќ (44 години), која моментално живее во Белград и е мајка на четиригодишен син, Стефан. Вработена е во Адриа медиа групација на работно место како програмер. Таа има вроден инвалидитет, попрецизно родена е без лева дланка која не се развила. Работи нормално и ги користи двете раце речиси подеднакво, затоа што лакотот ја презел улогата на дланката и тоа благодарение на нејзината покојна мајка која успеала да ја оспособи за живот низ макотрпна и константа борба со лекарите, системот и околината.rn

    „Се сеќавам кога бев мала, а мислам дека тоа не се промени многу, колку се изедначени стекнатиот и вродениот инвалидитет. Колку ме форсираа мене и моето семејство да се направи протеза за да ја употребувам постојано. И понатаму мислам дека тоа е потполно погрешен пристап и секој ден сум сè повеќе убедена во тоа. Затоа што кога детето ќе се роди, мозокот и моториката уште треба да се развиваат, а луѓето се неверојатно прилагодливи суштества. Ако детето се роди со телесен недостаток, всушност тие најрани денови се најважни телото само да пронајде начин како нешто да направи, да фати, да стигне некаде. А, протезата во најраните денови на развој (тука мислам на период веќе од првата година) може да биде само еден отежнувачки фактор кој ги збунува мозокот и телото. Протезите за малите деца кои многу брзо растат не се функционални туку повеќе се естетски. rnrnДруга работа е кога зборуваме за стекнат инвалидитет кога моториката е целосно развиена, а мозокот знае дека има две раце и две нозе и знае како да функционира со нив. Тогаш сум целосно согласна за функционална протеза. Секако, да споменам, тука првенствено мислам на телесни инвалидитети на горните екстремитети, немам искуство со останати видови на инвалидитет. Се сеќавам дека мојата мајка ми зборуваше дека мора да носам протеза за грбот да не ми се искриви, за да бидам прифатена во друштвото и којзнае уште што, но на моја голема среќа не настојуваше. Наместо тоа, ме форсираше на физичка активност на сите начини кои тогаш ми делуваа премногу строги, но таа само се обидуваше да ме осамостои.rnrnДобро се сеќавам и на денот кога ме учеше да врзувам врвки. Два часа седев во кујната на столица додека не успеав. Два часа се вечност за дете – но благодарна сум ѝ.“

    rnКако дете вели дека немала комплекси. Можела исто што и другите деца, да трча, да фаќа топка, да се качува на дрво.rn

    „Навистина немаше игра во која не можев да учествувам. Јасно ми е дека децата кои ме гледаа првпат ме гледаа чудно, но зарем тоа не е нормално и природно? Кога ќе беа задоволни од одговорите и ќе престанеше нивната љубопитност, кога ќе сфатеа дека ништо не ме спречува да играм со нив, одма забораваа. Но, да не биде дека сè беше така идеално, секако дека имаше и избегнување, шепотење зад грб и оговарање, но со тоа се соочуваат сите деца. На тоа сега гледам како на нешто што е нормално, а тогаш многу ми пречеше.“

    rnПостоел период кога имала комплекс поради раката, кога ја криела под јакна или марама:rn

    „Кога бев во тинејџерскиот период, како и сите деца, тогаш некако одеднаш беше пренагласено. Знаете, многу можат визуелно да ги сокријат своите мани, но кај мене тоа не беше случај. Имаше денови кога постојано носев јакна со себеси и ја префрлав преку левата рака за да не се гледа дека немам рака, и во лето и во зима. Тек сега гледам колкав притисок било тоа, но тогаш ми делуваше неопходно. rnЗа време на студирањето кога патував од Суботица до Белград со воз, седев покрај една жена која колку што ме држи сеќавањето, имаше една пократка нога. Во текот на нашиот разговор левата рака цело време ми беше под јакната, а таа ми се обрати со следниве зборови: ‘Знаеш, ние инвалидите треба да се држиме заедно.’ Како да ми удри шамар и со чекан да ме удри по глава – сè одеднаш! Тогаш првпат непосредно се соочив со фактот дека другите ме гледаат како личност со инвалидитет. Тоа всушност беше момент кога удираш со глава во ѕид кој секогаш бил тука, а ти не си сакал да го видиш. Тоа беше момент на прифаќање на еден факт. Но, тоа не значи дека јас се чувствував така“, изјавува гордо Александра.

    rnТаа вели дека ситуациите и проблемите со кои се соочуваат личностите со инвалидитет ги сфатила во целост за време на студирањето. Во текот на студиите две години живеела во студентскиот дом Мика Митровиќ, специјален дом за студенти со инвалидитет или пречки во развојот. Тогаш покрај студирањето почнала да работи, но имала прилика да се запознае со различни животни приказни. Тоа што се истакнало било дека приличен број на лицата со инвалидитет студирале на факултет за Дефектологија и тоа насока која била приближна до нивната дијагноза. Од една страна тоа е сосема нормално затоа што со тие области се најмногу запознаени и тоа им е најблиско.rnrn„Искуството е огромно школо и добар предуслов за успех. Но, секогаш има едно ‘но’! Не можев да го исфрлам впечатокот дека околината, па и семејството толкав фокус ставале на тој аспект од нивните животи, што ништо повеќе од тоа не го сметале за вредно за изучување. Лично јас не знам како гласи мојата дијагноза. Стои некаде на хартија кога ќе затреба, на пример, за кога полагав возачки испит, или за регистрација во бирото, но генерално не ме интересира премногу. Работата е каква што е, тоа не е фокус на мојот живот, играме понатака со картите кои ни се доделени“, објаснува Александра.rnrn„Не паметам премногу ситуации во кои сум третирана како лице со инвалидитет и мислам дека затоа и успеав да бидам ова што сум и таква каква што сум денес – остварена и среќа жена. Многу се сакам себеси каква што сум и без лажна скромност, ако би ја имала таа можност, не сум сигурна дека нешто би сменила. Би било интересно да се види како е да имаш две нормални раце, но она што сме го постигнале во голем дел е обликувано од искуствата што сме ги имале – добри или лоши. И ситуацијата да беше поинаква, да бев родена со две раце не верувам дека ќе ги имав овие искуства на кои се сеќавам и кои ми беа најголемо животно школо.rnrn„Свесна сум дека мојот син е дете на родител со инвалидитет и дека мојот сопруг покрај себе има жена која секогаш ќе привлекува љубопитни погледи и затоа од почеток му давав одговори на сите прашања поврзани за раката. Сè се провлекува низ игра, левата рака ја викаме ‘малечка рака’ и си играме со неа. Го учиме дека има различности кои се нормални и потребни, дека некој има црна коса, а некој руса, дека некој има поголем, а некој помал нос, дека некој има две исти раце, а некој баш и не. И не само него, сепак морам да размислувам и за неговото опкружување, неговите другари и нивните родители. На секое љубопитно прашање давам одговор, покажувам, докажувам што треба и за некоја минута веќе друга тема станува актуелна. Навистина се трудиме да воспоставиме правилен начин, и навистина имам голема среќа што покрај себе имам партнер кој е вистинска поддршка во сето тоа.“rnrnТаа вели дека еднаш била принудена и да носи протеза – прилично нефункционална.rn

    „Металната протеза се навлекува на раката до рамената и со каиши се прицврстува за торзото. Ја носев само еднаш во прво одделение. Беше тоа за време на фестивал за ‘Денот на младоста’ и затоа што според кореографијата беше предвидено сите деца да држат по едно знаменце во секоја рака, на мојата мајка ѝ било кажано дека нема да учествувам доколку не носам протеза. Тоа беше прв и последен пат да дозволи така да ја уценуваат за јас да учествувам во нешто. Беше многу непријатно да се носи таа затегната и тешка протеза. Прилично сум сигурна дека мојата мајка ја фрлила после тоа, затоа што никогаш повеќе не ја видов“, на овој начин Александра ја завршува нејзината животна приказна.

    rnПрочитајте ја и невообичаената животна приказна на Ник Вујичиќ.

  • Љубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!

    Љубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!

    Љубовта треба да има сладок, шеќерен, а не горчлив, скапан вкус. Таа треба да ви го направи животот поубав, не полош. Треба да ви овозможи да искусите нешта коишто не сте ги почувствувате претходно. Треба да ви помогне да достигнете височини коишто не сте ни знаеле дека постојат.rnrnЉубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!rnrnЉубовта треба да го извади најдоброто од вас и да ви помогне да растете. Треба да ве мотивира да се отворите и да го погледнете светот низ леќи со облик на срце. Но, љубовта исто така подразбира и вложување многу труд и пожртвуваност за другиот.rnrnДобрите љубовни врски не се случуваат преку ноќ. Кога сакате некого, се борите со сето ваше битие за да го заштитите она што го имате. Успевате да излезете на крај со работи во коишто лично не уживате. Прифаќате да правите компромиси за доброто на врската. Со задоволство ги загрнувате промените, бидејќи знаете дека тоа е единствениот начин да се движите напред. rnrnНе си заминувате од врската преку ноќ, само бидејќи сте искусиле некаква драма со партнерот. Не можете да се преправате дека љубите некој и да избегате со брзина на светлината од таа врска, секојпат кога ќе имате мала кавга. Љубовта не функционира на тој начин.rnrnВие сте или дел од неа и во добро и во лошо, се држите за дланки и бестрашно поминувате низ ураганите или воопшто не се ни врзувајте.rnrnЖал ни е што мораме да ве соочиме со суровата реалност, но љубовта никогаш нема да биде само розови неба, топли прегратки, безгрижни романтични утра и пријатни ноќи. Дел од секоја љубовна врска е и болката, тагата, гневот, солзите, драмата и кавгите, а ако навистина ја сакате личноста којашто е покрај вас, ќе направите сè што можете за да ги надминете тешките времиња.rnrnЗнаете, кога искрено љубите некого, не се откажувате од него/неа на првиот знак на тешкотија и непријатност. Не фрлате сè што имате и сте граделе заедно, поради едно глупаво несогласување. Едноставно не дозволувате врската да ви се распадне поради некој бесмислен аргумент.rnrnКога навистина сакате некого, вие седнувате сериозно да поразговарате сè додека не го разрешите секој проблем. Можеби ќе се скарате, ќе викате, ќе плачете, но нема никогаш да се откажете. Му давате шанса на партнерот да ги објасни своите постапки. Ги споделувате меѓусебно вашите мислења и ставови. Предлагате да направите компромис. Размислувате за сè што секој од вас може да направи, во насока на подобрување на врската. Дискутирате за важните нешта сè додека не изгрее сонцето и одново не падне ноќта. Што и да произлезе од муабетот, нема да се откажете без борба. Нема, ако ви е грижа за таа личност.rnrnКога сакате некоја личност, ама навистина ја сакате од сета длабочина на вашето срце, вие се држите до неа. Не се појавувате само кога вас ви е погоден моментот. Не ја држите раката на партнерот кога тој/таа се чувствува супер, а потоа да го/ја напуштите кога е мизерен/на. Не исчезнувате кога сте ѝ потребни на љубената личност и дефинитивно не се појавувате само кога вие имате потреба од него/неа.rnrnКога вистински љубите некој, не дозволувате да поминува низ животот сам/а. Без разлика дали партнерот во моментот искусува нешто болно или среќно, вие треба да бидете покрај него, да му ја држите раката и да го потсетите дека сè ќе биде во ред. Не дозволувате љубената личност сама да страда. Вие сте во ова заедно! Кога навистина сакате некого, верувате дека што и да се случува во моментот, сè додека се чувате еден со друг, ќе можете успешно да го надминете!rnrnМоже да ве интересира да откриете и како да знаете кога станува збор за вистинска љубов?

  • 5 ситуации во кои дури и најсилните жени едноставно мора да се откажат

    5 ситуации во кои дури и најсилните жени едноставно мора да се откажат

    Упорноста и вложувањето труд без разлика на исходот се вредни квалитети, но понекогаш сите ние мора да научиме како да кажеме „Доста е!“ Можеби се гордеете затоа што сте силна жена што никогаш не се откажува, без разлика на околностите, но во одредени ситуации, како следните 5, мора да го направите тоа за сопствено добро.rnrnrn

    1. Кога ќе сфатите дека нема да биде подобро

    rnБез оглед на тоа дали се работи за непријатна ситуација на работа или во љубовниот однос, порано или подоцна ќе дојде до момент кога ќе се освестиме за фактот дека за нашиот проблем едноставно нема решение. Силните жени во тие моменти често пробуваат да го променат неменливото, но со тоа однесување само себеси си штетат. Мора да престанете да си го трошите времето и енергијата на нешто што едноставно никогаш нема да се случи.rn

    2. Кога вашето здравје пати

    rnДури и кога целосно се предаваме само на позитивните ситуации, ние на крајот од денот можеме да бидеме исцрпени. Истото однесување во негативните ситуации уште повеќе влијае на нашето психичко и физичко здравје. Па, ако се чувствувате уморно поради трудот што го вложувате во одредени нешта и ако гледате дека вашето тело страда, време е да се откажете. Ништо не вреди толку за да го изгубите сопственото здравје.rn

    3. Кога вашиот труд никогаш нема да биде награден

    rnКога станува збор за работата, тешко се одлучуваме на ризик. Ние сакаме да го задржиме работното место по секоја цена, дури и кога чувствуваме дека нашиот труд не се цени. Ако сте забележале нешто вакво, тогаш непреземањето ризик е најголемиот ризик за вас. Ако останете онаму каде што сте, вашето задоволство ќе продолжи да расте и ќе стигне до тој степен што можеби дури и ќе ги замразите своите способности и таленти. Не дозволувајте тоа да се случи.rn

    4. Кога вашите приоритети ќе се променат

    rnМногу нешта се менуваат со времето, па истото се случува и со нашите цели. Ако одредени нешта не ви се приоритет, сосема е во ред да не чувствувате должност да им останете доследни. Едноставно откажете се од нив и посветете се на она што навистина го сакате, бидејќи во спротивно нема да чувствувате никакво долгорочно задоволство во животот.rn

    5. Кога едноставно не сте среќни

    rnКога ви е тешко да се насмеете, време е да ги преиспитате сите аспекти на сопствениот живот. Погледнете во себе и обидете се да сфатите што е причината за губење на вашата среќа. Можеби проблемот се крие во самите вас, а можеби и нешто друго е во прашање, како фактот дека не знаете кое е вистинското време да се откажете од токсичните луѓе или нешта во вашиот живот.rnrnИ силните жени имаат емоции, плачат и понекогаш со денови не им се станува од кревет!

  • 11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

    11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

    Лесно е да си поставите себеси цели, но тешко е да се држите до нив. Не грижете се, не сте сами. Постојат некои едноставни, интересни и корисни трикови кои ќе ви помогнат да останете упорни и со тек на време да ги остварите вашите цели.rnrn11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите целиrn

    1. Одберете реалистични цели

    rnНормално е да ви се случи понекогаш да одберете цели кои претставуваат преголем залак за вас. Можеби ќе си поставите цел да прочитате 20 книги во месецот иако многу добро знаете дека тоа воопшто не е практично. Потоа, ќе успеете да прочитате само една или две до крајот на месецот и ќе се чувствувате фрустрирани и поразени. Проблемот е во тоа што не сте ја поставиле целта на реалистичен начин. Мора да внимавате да не се прецените и да не очекувате премногу од себеси, туку да останете фокусирани и да направите добар план.rn

    2. Одберете цели кои се вклопуваат во вашиот живот

    rnВашите цели мора да се усогласени со вашето животно темпо. На пример, ако вашата цел е да патувате низ светот оваа година, но имате работа со полно работно време и деца, таа може да не се вклопува во вашиот моментален живот. Важно е да знаете точно колку време имате во денот. Ако вашиот распоред едноставно не ви дозволува да посветите време на вашите цели, многу тешко дека ќе ги остварите.rn

    3. Ставете ги целите на хартија

    rnИмате цели? Напишете ги. Тоа ќе ви помогне да си разјасните точно што сакате да постигнете, но и да останете мотивирани. Ако ги запишете вашите цели и ги споделите со некој пријател, автоматски ги зголемувате шансите за нивно остварување.rn

    4. Визуализирајте го остварувањето на вашите цели

    rnОткако ќе ги запишете целите, обидете се да ги замислите во вашата глава и размислете како би можеле да ги остварите. Исто така, обидете се да си замислете колку исполнето би се чувствувале откако ќе успеете да ги остварите.rn

    5. Одвојте барем 15 минути во денот за вашите цели

    rnПрепорачливо е да одвоите барем 15 минути во денот за вашите цели, ако сакате да успеете. Пробувајте различни начини за да ги остварите. На пример, ако вашата цел е да станете попозитивни, еден ден прочитајте некоја инспиративна статија, а другиот поминете го со вашиот најпозитивен пријател.rn

    6. Повторувајте го методот додека не ви стане навика

    rnОбидете се да го задржите овој метод од 15 минути, бидејќи повторувањето ги претвора нештата во навика. Потребни се 15 до 254 дена за нешто да стане навика. Тоа е многу голема разлика и зависи од личноста и од целта, така што продолжете со повторување додека не успеете.rnrn11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите целиrn

    7. Дружете се со луѓе кои успеале

    rnБидете опкружени со луѓе кои се успешни за да успеете да се држите до вашите цели. Најкорисно би било ако овие луѓе се стремат кон истите цели или веќе ги имаат постигнато оние кои вие се стремите да ги постигнете.rn

    8. Побарајте поддршка

    rnМногу полесно ќе успеете да се држите до вашите цели доколку луѓето околу вас постојано ви даваат поддршка. Тоа можат да бидат вашите пријатели, семејство, партнер, експерт па дури и група за поддршка.rn

    9. Медитирајте

    rnМедитацијата ќе ви помогне да надминете одредено однесување, како на пример пушењето цигари, а ќе ви помогне и да разберете зошто ова однесување постои кај вас и што го поттикнува за да можете да го промените.rn

    10. Кажете му ги на светот вашите цели

    rnНормално е дека не треба секоја ситница од вашиот приватен живот да ја споделувате на Фејсбук, но споделувањето на некои ваши успеси и цели на социјалните мрежи може да биде корисно. Ќе добиете многу поголема мотивација кога луѓето кои не сте ги виделе од средно ќе дознаат за она што сакате да го постигнете.rn

    11. Останете фокусирани на причината која стои зад вашите цели

    rnКога сте одлучиле што сакате да постигнете, сигурно сте имале добра причина зошто го посакувате токму тоа. Постојано повторувајте си ја оваа причина во вашата глава бидејќи тоа ви дава сила да продолжите напред.rnrnКако што можете да видите, држењето до вашите цели не мора да биде макотрпен процес. Овие неколку совети ќе ви помогнат во тоа и нема сомнеж дека на крајот ќе успеете да остварите сѐ што сте си замислиле.

  • Кратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лице

    Кратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лице

    Оваа кратка приказна од непознат автор која полека се шири на социјалните мрежи е прекрасна и има моќ да ве охрабри и мотивира да продолжите понатаму во вашиот живот и да останете позитивни низ тешките времиња кои изгледаат како да се бескрајни. Исто така, целта на дечкото што ја споделил е да ве потсети никогаш да не заборавате дека чудата секојдневно се случуваат!rnrnКратка, но моќна вистинска приказна која ќе повика насмевка на вашето лицеrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПред една година мојата девојка беше во сообраќајна несреќа. Докторите ѝ кажаа дека има големи шанси таа никогаш повторно да не може да оди, ниту пак да поврати какво било чувство од половината надолу. Физики и ментално, тоа беше тежок период и за двајцата, а таа секојдневно имаше потреба од сè поголема грижа.rnrnПред околу 2 месеца таа ми кажа дека жали затоа што не може да ме задоволи и дека слободно можам да се гледам со други жени, но наместо тоа јас ја побарав за жена. Таа ми се насмевна и ми кажа дека не сака да стапи во брак во инвалидска количка, па затоа и ќе се омажи со мене денот кога повторно ќе може да оди. Како одговор, јас ѝ реков дека ќе останам со неа до тој ден.rnrnПред 3 дена, додека ѝ подготвував појадок, одеднаш чув како вратата од спалната соба се отвора… Погледнав натаму и ја здогледав неа, љубовта на мојот живот, како стои на нејзините нозе, внимателно правејќи го секој следен чекор.rnrnНашата свадба ќе биде наредниот месец.rnrn[/message_box]

  • Жените родени во овој знак се едни од најупорните и најсилните личности во хороскопот

    Жените родени во овој знак се едни од најупорните и најсилните личности во хороскопот

    Кружно лице со топол израз, големи очи и добра фигура – тоа се најчестите физички описи на жените родени во овој знак. Нивното мото е: „Тивката вода брани руши“, а под нивниот убав и пристоен оклоп се наоѓа силен темперамент. Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Единствена маана им е тоа што во силната желба за сигурност и во обидите да направат сѐ да биде во ред, можат да пропуштат многу спонтани уживања и шанси.rnrnЖените родени во овој знак се едни од најупорните и најсилните личностиrnrnСтанува збор за жените родени во знакот на Бик. Тие се свесни за својата карактерна јачина и сакаат да ја покажуваат во секој момент. Тие се реалисти и знаат дека животот е непрекинат процес кој постојано се менува. Ја сакаат слободата и уживаат во сите животни задоволства. Жените Бикови се амбициозни личности кои обожаваат да творат и да трагаат по среќата, како и материјалното богатство. Од сите пороци, жените Бикови ја избираат коцката и игрите на среќа.rnrnЕдна од нивните дарби е тоа што знаат да ги слушаат другите и се полни со разбирање и сочувство. Знаат да го дадат вистинскиот совет во вистинското време и способни се да ја дадат својата поддршка на сите оние кои ги сметаат за добри и праведни личности. Жените Бикови се лојални пријатели, грижливи и пожртвувани мајки и партнери кои знаат како да сакаат. Понекогаш дозволуваат лутината да ги засени нивните сетила и се подготвени на кавга, но способни се и да ги увидат своите грешки.

  • 25 совети кои постојано ги игнорираме, а не треба тоа да го правиме

    25 совети кои постојано ги игнорираме, а не треба тоа да го правиме

    Секојдневно слушаме зборови на кои не им обрнуваме внимание бидејќи сметаме дека немаат доволно голема важност за да бидат запаметени или подетално анализирани, или пак ги слушаме толку често што веќе ги класифицираме како клише. Но, неретко ваквите зборови во својата суштина кријат многу поголемо значење отколку што мислиме и можат да бидат едни од најдобрите совети кои ќе нѐ водат на патот кон успехот и исполнувањето на целите и аспирациите.rnrn25 совети кои постојано ги игнорираме, а не треба тоа да го правимеrnrn1. Одвојте време да се запознаете самите себеси.rnrn2. Внимателниот фокус носи големи резултати.rnrn3. Прикажете се во целост.rnrn4. Не правете претпоставки.rnrn5. Бидете трпеливи и упорни.rnrn6. Морате да дадете, за да добиете.rnrn7. Среќата доаѓа со големиот труд.rnrn8. Бидете најдобрата верзија од себеси, во секоја прилика.rnrn9. Не се обидувајте секого да импресионирате.rnrn10. Не плашете се да бидете исплашени.rnrn11. Слушајте, за да научите.rnrn12. Животот не е фер.rnrn13. Ниедна задача не е под вашето ниво.rnrn14. Не можете да имате сѐ што сакате.rnrn15. Не правете одлуки додека сте лути или восхитени.rnrn16. Не грижете се за туѓото мислење.rnrn17. Користете ги неволјите како шанси.rnrn18. Правете го тоа што е правилно, а не тоа што е лесно.rnrn19. Соништата ќе останат само соништа ако не преземете акција.rnrn20. Однесувајте се кон другите онака како што сакате другите да се однесуваат со вас.rnrn21. Губитници се оние кои се откажуваат.rnrn22. Верувајте во своите инстинкти.rnrn23. Секој ден учете по нешто ново.rnrn24. Вредноста нека ви биде пред профитот.rnrn25. Верувајте во себе.