Пред вас е уште еден прекрасен ден, на повидок ви е успешен период, но не затоа што така пишува во вашиот хороскоп, туку бидејќи вие сте одлучиле дека го сакате тоа. За сè што посакувате вреди да се борите, а истото може да го имате.rnrn
rnrnВдишете длабоко и на глас кажете ги вашите брилијантни квалитети, зашто не е срамота да се цените, туку е крајно глупаво да се потценувате!rn
Прв чекор – самодоверба
rnЈас сум девојка која ужива во својата несовршеност и е посакувана поради нејзината несовршеност, јас сум девојка која го сака својот одраз во огледало и која не мисли дека е грев да се сакаш самиот себе.rn
Втор чекор – борбеност
rnМене не ме гушат животните проблеми, јас сум борец и ги победувам, мене ме гушат глупавите непишани правила во општеството и затоа грубо газам по нив и ги прекршувам. Не, никој нема да ми застане на патот кога имам цел и причина!rn
Трет чекор – потхранување на егото
rnЈас одлучувам каде одам, што ќе правам и како ќе правам, зашто самата сум своја господарка, самата владеам со својата душа и со своето срце. Јас сум девојка која преболува скршено срце со чаша добро вино, а не со лигави филмови, јас сум девојка која животот може да ти го претвори во рајска градина, но и во вистински пекол.rn
Четврт чекор – самостојност
rnЈас сум жена, која не мора да шета на работа по кусо здолниште за да биде ценета и забележана, јас не сум материјал за потхранување на нечие его и нечија машкост. Јас сум девојка која одлично функционира кога е сама без да биде зависна од маж, бидејќи и самата чекорам доста стабилно, па не ми треба некој за да ми одржува баланс во животот.rn
Петти чекор – стоп за лажните идоли
rnЈас не се восхитувам на глупави и плитки личности, јас се борам да оставам значаен белег за другите да ми се восхитуваат мене, но не поради моето богатство и работите кои ги поседувам, туку поради способноста да бидам единствена, успешна и неповторлива. Во меѓувреме мојата инспирација ќе бидат длабоките луѓе, паметните, борбените, иновативните, различните…rn
Шести чекор – мојот животен избор
rnОдбирам да бидам среќна, жедна за знаење, инспиративна и оригинална. Прекрасна сум и го знам тоа, а мојот животен избор е да оставам трага со своето постоење!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrnПогледнете го ова слатко видео во кое мало фраерче пробува да ја прегрне својата симпатија. И покрај тоа што таа многу јасно и гласно вели дека не сака да биде прегрната, упорноста и решителноста на малиот во ниеден момент не се намалува. Баш напротив, тој смислува нови начини како да го привлече нејзиното внимание и да покаже дека токму тој е совршениот за неа…rnrn
Од моментот кога ќе се родиме, до денот кога треба да го напуштиме овој свет, се сретнуваме и се запознаваме со стотици, илјадници луѓе, карактери, желби. Нашите животи се испреплетуваат, се судираат, се разидуваат. Оставаме трага едни на други, оставаме печати, се менуваме, ги менуваме другите.rnrnПостои причина за сѐ. Понекогаш разумот не може да најде одговор, понекогаш одговорот сам ни кажува сѐ, но чувствата секогаш ја знаат вистината за крајот.rnrnНекој ќе остане дел од вас, некој засекогаш ќе ве напушти, некој нема да сака да биде дел од вашиот живот. Секој го следи она што сопственото срце и разум му го говорат. И вие не можете ништо да направите во врска со тоа. Во вакви моменти, ви останува само да се повлечете.rnrnПонекогаш изборот на негативното е единствениот избор кој може да ви помогне да се вратите на позитивниот пат на вашиот живот.rnrnАко нешто научив за сите овие години, тоа е дека ништо не е вечно. Сѐ е менливо. Ништо не е совршено. Сѐ си има свој почеток и свој крај.rnrnОтвораме една врата, но мораме да затвориме друга.rnrnМојот совет до вас:rn
rnrnПогледнете ги овие воодушевувачки песочни зданија и уживајте.









rnrnСепак, во сите моменти од животот не можеме да очекуваме поддршка од луѓето кои најмногу ни значат, па така треба да најдеме начини како самите да се мотивираме и да си го подигнеме моралот. Еве неколку совети, кои можете да ги примените:rnrn
Иако ви се чини дека сте сами на светот обидувајќи се да постигнете нешто, сепак има милиони луѓе кои со сигурност целат кон истото. Па така, доколку целта ви е да ја намалите телесната тежина, најубаво би било да се приклучите кон некој фитнес клуб. Тренерите и луѓето кои ќе ве опкружуваат во таквата средина, ќе ви овозможат да се чувствувате сигурно, а нивото на вашата самодоверба и верба во успехот, сигурно ќе се зголемат.rnrn
rnrnКолку и да не се чувствувате како некоја организирана личност, со оваа метода ќе можете многу брзо да се адаптирате на работите кои треба да ги сторите. Кога целите кон исполнување на вашите приоритети, многу лесно може да се случи да се дезорганизирате, па така подобро би ви било да се посветувате на добро организирање на вашето време.rn
rnrnКога целите кон нешто, не се оптоварувајте со конечниот резултат. Секогаш пред себе поставувајте ги работите чекор по чекор, и погрижете се да ги исполнувате. Ќе ве мотивира напредокот, гледајќи се себеси како си ги остварувате замислите.rnrn
rnrnСекој чекор напред е голем успех, затоа вреди да се прослави. Па така, пофалете се на пријателите, купете си нешто за себе како награда или пак излезете на некоја полуксузна вечера. Не е важен начинот на прославата, важно е да си покажете дека напредувате и да се чувствувате добро поради тоа.