Кога бевме деца, сонувавме да станеме возрасни. Но, кога конечно пораснавме, стресот во животот постојано нè тера да посакуваме да бидеме повторно деца. И покрај тоа што детството е нешто што никогаш нема да можете да го вратите, сепак доколку допрете длабоко во себе, ќе можете да најдете одредени детски карактеристики кои со текот на годините сте успеале да ги заборавите. Овие карактеристики не само што ќе ве направат поуспешни на сите полиња од вашиот живот, туку и ќе ви помогнат да бидете многу посреќни и поисполнети од кога било претходно.rnrn
rn
1. Љубопитност
rnДецата се неверојатно љубопитни. Тие можат да постават 1.000 прашања и откако ќе чујат 1.000 одговори, ќе постават уште 1.000 нови прашања. Љубопитноста е карактеристика која недостасува кај голем број возрасни, па токму затоа и често се случува тие да „тапкаат“ во место во својот живот. Љубопитноста отвора многу врати, создава креативност и ја поттикнува фантазијата. Доколку ја вратите оваа карактеристика во себе, вие ќе почнете да го гледате светот од сосема нова перспектива.rn
2. Возбуда
rnДецата се возбудуваат за сè! Секоја активност е нова авантура, нова можност да истражуваат, нов забавен и интересен предизвик. Замислете како би било доколку секоја возрасна индивидуа ја доведе оваа детска енергија во својата работа, или пак, во потрагата по личните цели. Ние дефинитивно би сведочеле на голем скок во продуктивноста и иновацијата. Многумина од возрасните ја изгубиле возбудата за животот и тие едноставно само ги оставаат деновите да ги одминуваат. Тоа не е начин на кој треба да го живеете вашиот живот. Користете ја перспективата на децата со цел да ја разгорите онаа страст за животот која некогаш сте ја поседувале во себе.rn
3. Верба
rnДоколку прашате некое дете што тоа сака да биде кога ќе порасне, не само што ќе добиете детален одговор, туку тоа дете ќе ги каже своите цели со висока самодоверба, како да знае дека навистина ќе ги оствари. Родителите постојано им кажуваат на своите деца дека можат да постигнат сè што ќе намислат, но изгледа тие го игнорираат овој совет кога станува збор за нив. Некако по патот на растењето, оваа самодоверба исчезнала и на нејзиното место настанала сомнеж. Вратете ја вербата во себе и употребете ја како прв чекор при остварувањето на вашите соништа.rn
4. Доверба
rnДецата им веруваат целосно на своите родители. Тие го прават тоа бидејќи не постојат други луѓе на кои би можеле да се потпрат за својата добросостојба. Како што растете, така оваа доверба во луѓето се заменува со циничност и параноја. Ние не велиме да им верувате на сите личности кои ќе ги сретнете во вашиот живот, туку едноставно да го отворите срцето кон оние кои ви мислат само добро. Како човечки суштества, ние имаме потреба од другите со цел нашите животи да бидат исполнети, па токму затоа можеби е време да го спуштите малку вашиот штит.rn
5. Вчудовиденост
rnДецата се вчудовидени од нешто на секои 5 минути. Без разлика каде се или што прават, тие можат да бидат воодушевени дури и од наједноставните објекти и околини. Како возрасни, ние го губиме погледот кон неверојатните нешта кои постојат на оваа планета бидејќи едноставно сме навикнале на нивното присуство. Секојдневните монотони рутини нè одвлекуваат од фактот дека живееме на планета која е само една минијатурна точка во галаксијата, која пак е дел од илјадниците милијарди галаксии во универзумот. Подигнете го малку вашиот поглед од смартфонот и одвојте време да се воодушевувате на природната убавина околу вас.rn
6. Краткотрајна меморија
rnДецата можат да се трансформираат од лице прелиено со солзи до насмевка од уво до уво за само неколку секунди. Тие не ги анализираат минатите искуства во детали, па токму затоа и секојдневните проблеми не ги држат будни до ниедно време. Тие едноставно легнуваат да спијат и следното утро го почнуваат денот одново, како да им е првиот ден на оваа планета. Животот е премногу краток за да трпите болка, предавство и разочарувања на дневна база!rn
7. Упорност
rnДецата не се откажуваат лесно. Доколку добијат „не“ за одговор, големи се шансите дека ќе ви се качат на глава сè додека не им го дадете она кое го побарале од вас. Тие едноставно имаат природна дарба за справување со одбивањето и не прифаќаат ништо помалку од она кое сметаат дека го заслужиле. Вратете ја вашата детска упорност и амбиција и не откажувајте се од оние нешта кои ги сакате.

rnrnОва е поза која ги топи мастите од спојлерите и служи за истегнување на мускулите на бутовите.rnrnЗастанете странично со нозете широко поставени, исправете го нанапред стапалото на десната нога. Свиткајте го десното колено и испружете ја левата нога. Спуштете се што е можно подолу со колковите и потпрете го десниот лакт на десното колено. Кренете ја високо левата рака и следете ја со погледот.rnrnЛевата рака, која ви е испружена нагоре тегнете ја колку што можете повеќе, истото правете го и со левата нога која ви е испружена. Обидувајте се колковите да ви останат оптегнати. Многу е важно десното колено и глуждот да ви се во иста линија.rnrnАко сте флексибилни можете да ја спуштите десната рака од надворешната страна на десната нога. Тогаш поставете ја пазувата на коленото и задржете ја оваа поза во времетраење од 3 серии со правилно дишење, а потоа истово повторете го од левата страна.rn
rnrnЈа балансира тироидната жлезда, ја подобрува работата на дигестивните течности во организмот и треба да се изработи колку што е можно побрзо.rnrnОваа вежба е напредна, па затоа мора да внимавате да не го повредите вратот, така што не ја вртете главата додека сте во оваа поза.rnrnЛегнете на грб и исправете ги нозете нагоре. Притиснете ги дланките на земја веднаш до колковите и почнете полека да ги поткревате колковите. Со рацете придржувајте ги колковите и буткајте ги нагоре. Ова е првата фаза која ќе ви успее тек по неколку обиди.rnrnЌе постигнете успех кога ќе ги поставите колковите над рамената. Држете ги ‘рбетот и нозете стегнати. Во ваквата положба нозете сè уште ви се поткренати над рамената. Последното ниво ќе го постигнете кога со брадата ќе го допрете градниот кош и ќе го држите грбот стегнат.rnrnВо третата и последна фаза додека ви е цврсто оптегнат ‘рбетот, поставете ги прстите на нозете над главата и допрете ги до земја. Ова исто така ќе ги оптегне и вашите нозе.rnrnПравете ја вежбата секој ден по двапати и пробајте да издржите неколку минути во позата.rn
rnrnОва ќе е од корист за вашите стомачни и грб. Седнете со нозете свиткани. Стегнете го задниот дел на колената и подигајте ги градите, а ‘рбетот држете го исправен. Потоа навалете се наназад, а ‘рбетот сè уште држете го затегнат. Ќе ги почувствувате стомачните како се активираат додека се навалувате. Дишете правилно и ќе си дадете дополнителна сила во текот на вежбава.rnrnПотоа олабавете ги нозете и обидете се да ги испружите. Оваа поза задржувајте ја во 5 серии со дишење и исто толку пати повторувајте ја.rn
rnrnОваа поза е за согорување на мастите во рацете и формира одлична дефиниција на мускулите.rnrnТајната на оваа поза е во тоа што ги активира сите делови да работат взаемно додека дишете. Дланките, рацете, нозете, срцето – сè работи како едно.rnrnЛегнете на стомак и поставете ги рацете во линија со рамената. Прстите држете ги раширени колку што можете. На почетокот ќе ве болат зглобовите, но со тек на време ќе ви се зајакнат мускулите и нема да ви претставува проблем. Поентата е да се држите навистина исправено, позата да личи на штица, не на планина, не на искривена лежалка. Рамената мора да бидат поставени во права линија со колковите и петите.rnrnПлешките нека не ви излегуваат на надвор, пополнете го празниот простор помеѓу плешките. Повторувајте ја оваа вежба 5 пати по 5 серии со дишење.rnrnПостојат и други видови од оваа поза коишто се поголем предизвик. На пример, поткренете ги спротивната рака и нога и балансирајте само со една рака и нога.rnrnМожете да ја направите истава поза така што лактите и колената ќе ви бидат спуштени на земја.rn
rnrnОваа поза е добра затоа што ви ги протега бедрата, го истегнува грбот и рамената и доколку ја правите правилно ќе почувствувате како ви е активирано целото тело. Првата реакција кога ќе застанете на една нога ќе ви биде да престанете да дишете, не правете го тоа – продолжете да дишете.rnrnЗапочнете така што ќе ги поставите стапалата еднододруго. Свиткајте го десното колено и поткренете ја десната дланка. Фатете го стапалото од внатрешната страна (тоа ќе ви овозможи да ги истегнете наназад рамената), повторно доведете ги колената еднододруго и испружете ја левата рака со која ќе балансирате.rnrnПолека израмнувајте ги десниот и левиот колк така што ќе дојдат во иста линија. Држете го исправено градниот кош и туркајте кон раката која ви е одзади.rnrnНа почетокот ќе имате проблеми со балансот, па можете да се придржувате на ѕид, но внимавајте да не станете зависни од него. Повторувајте ја позата на двете страни по 5 серии со дишење.rn
rnrnОваа поза ја регулира вознемиреноста и помага во работата на дигестивниот систем.rnrnЗастанете со двете нозе широко раздвоени и по малку одвојте ги и прстите на нозете. Наведнете се надолу и држете ги нозете стегнати. Ќе почувствувате истегнување во грбот и нозете. Фиксирајте ги колковите над глуждовите и одмарајте го вратот со главата крената нагоре. И одеднаш, ќе се изненадите кога главата ќе ви се протне помеѓу нозете.rnrnПрактикувајте ги овие вежби и јадете свежо овошје и зеленчук. Намалете со алкохолот и со преработените шеќери и со тек на време ќе ги намалите килограмите.rnrnБидете упорни!rnrn rnrn
rn
rn

rnrnНо еве што прават успешните луѓе за да си ја вратат мотивацијата во тешките моменти:rn
rn
rn
rnrn


Прво и основно – сè е психа. Доколку знаеш да управуваш со неа – супер, си имаш целосна контрола над себеси. Работите се онакви какви што ги гледаме, сè зависи од тоа како ги доживуваме нештата, и доколку самите се мотивираме и насочиме кон целта, ќе ја достигнеме. Само штета што човековата упорност не е секогаш толку силна. Лесно знаеме да се откажеме, обесхрабриме или едноставно да мрчиме, зашто секогаш е полесно да кренеш раце и да обвиниш некој друг. Нема сила која може да ме разубеди дека доколку нешто вистински посакуваш ќе го добиеш. Ако желбата е силна, тогаш целосно се насочуваме кон остварување на целите и го освојуваме посакуваното. И нема изговори од типот: 
rnrn
