Не е невообичаено децата да се однесуваат поинаку во различни средини. Кога ќе забележите дека децата се однесуваат поинаку дома и на училиште, треба да обрнете внимание на тоа. Родителите понекогаш се збунети и вознемирени од неочекуваното однесување на децата.rnrn
rnrnМожеби сте забележале дека вашите деца се повеќе нервозни дома, а во исто време, тие немаат никакви проблеми на училиште со своите врсници или наставници. Психолозите објаснуваат дека домот на детето е прибежиште, па затоа е можно тоа да ги исфрли целата негативна енергија и сите натрупани фрустрации врз блиските луѓе. Овој модел е евидентен и кај постарите лица, кои целото незадоволство од работата го пренесуваат на луѓе од непосредната околина. Кога ќе се случи тоа, детето треба да остане само некое време, а еден час или два потоа, можете да зборувате за тоа како го помина денот и што го вознемири.rnrnПостојат и обратни случаи кога детето е љубопитно дома, а кога ќе отиде на училиште станува затворено и молчеливо. Психолозите објаснуваат дека на детето му треба време да се приспособи или нешто не му одговара на училиште. И тука треба да се одржи разговор, и со детето и со наставникот, за да се види проблемот од неколку агли.rnrnМодерното школување може да биде доста брзо, но да не заборавиме, тие уште од рана возраст учат дека постои конкуренција и дека треба да се истакнуваат со своето знаење. Детето мора да ги следи упатствата и да биде во тек, дури и кога не е расположено за тоа. Очекувањата продолжуваат дома, особено кога детето ќе порасне, а со тоа добива повеќе одговорности. Во исто време, пубертетот може да биде прилично бурен, така што детето се соочува со тешки и нови предизвици.rnrnНа детето му треба многу разбирање, но и почит. Во еден момент треба да бидете авторитет, а во друг треба да бидете пријателски расположени, така што детето нема да се затвора во себе. Родителите знаат дека ова се предизвикувачки периоди, но со трпеливост и многу разговор, сè може да се среди.rnrnПсихолозите ве советуваат да бидете вклучени во животот на детето, колку што дозволува возрасното дете. Без оглед на возраста, треба да негувате добра врска и да се обидете да имате што повеќе заеднички активности. Еден од советите е да бидете активни во разговорите со професорите, но и со родителите на другите деца. Кога ќе видите дека вашето дете е премногу уморно или има тешки задачи, избегнувајте да му давате дополнителна работа дома. Исто така, важно е детето да разбере дека овие обврски сè уште постојат, но да го почитувате неговото време за одмор и релаксација.rnrnПрочитајте и што може да им се случи на децата ако спијат со отворена уста?
Tag: училиште
-

Зошто децата се однесуваат различно на училиште и дома?
-

Еден научник од Оксфорд тврди дека одењето на работа или на училиште пред 10 часот има ефект сличен на мачење
Научникот од универзитетот Оксфорд, д-р Пол Кели неодамна открил нешто што веројатно влијае на сите нас. Тој ги истражувал методите на мачење во денешното, модерно време и открил дека одењето на училиште или на работа пред 10 часот наутро е најлошиот современ облик на мачење.rnrn
rnrnД-р Кели вели дека секој од нас има свој „телесен часовник“, познат како „циркадијански ритам“. Овој часовник е претходно програмиран и не може да се менува, затоа принудувањето да се разбудиме многу порано значи дека одиме против нашиот внатрешен часовник, а тоа може лошо да се одрази на нашето здравје.rnrnАктивностите пред 10 часот наутро може да предизвикаат емоционален и физички стрес, што може да доведе до некои здравствени ризици.rnrnТој ја тестирал својата теорија во едно училиште во Велика Британија, каде го поместил почетокот на часовите од 8:30 во 10 часот и дошол до заклучок дека по некое време се подобрило нивото на посетеност на часовите и општата продуктивност на учениците. Било забележано подобрување и во успехот на учениците.rnrnИ, зошто сè уште се бориме?rnrnОсумчасовните работни денови биле создадени на почетокот од XX век за да се зголеми продуктивноста на работниците во фабриките. Работодавците не го земале предвид биолошкиот часовник на телото, кој се разбира, треба да се усогласи со сончевата светлина, а не со распоредот на обврските на луѓето.rnrnЗа жал, ние сè уште сме заглавени во стариот систем и не размислуваме за тоа што нашето тело природно сака. Ако сите ги слушаат своите тела и се будат природно, нивната работа ќе биде многу попродуктивна и фокусирана, а луѓето ќе бидат посреќни.rnrnУтопија или не: времето наутро треба да го искористите за себе и за вашиот личен развој, медитација, вежбање, длабоко дишење, планирање на денот, читање. Треба да имате и здрав појадок, а не избезумени да се подготвувате и да трчате на училиште или на работа. Работата и учењето треба да започне во 10 часот и да трае до 14 часот, според овој научник.rnrnМожеби сакате да прочитате и за истражувањата кои покажале дека чувањето деца дома може да биде потешко од одењето на работа. -

Училиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијат
Училиште во Шпанија се справува со родовата нееднаквост на свој начин – со учење на момчињата традиционално „женски“ домашни задачи, како шиење и пеглање.rnrn
rnrnУчилиштето Монтекастело стои зад слоганот „Еднаквоста се учи преку дела“. Во 2018-та година, тие решиле да му додадат ново значење на својот слоган, преку програма што ги учи момчињата вештини како готвење, шиење и пеглање.rnrnКоординаторот на училиштето Габриел Браво за ова вели:rn„Сметаме дека е многу корисно за нашите ученици да научат да ги извршуваат овие задачи, за кога ќе оформат фамилија, да бидат вклучени уште од почетокот, знаејќи дека домот е работа на двајца. Чистењето, миењето садови и пеглањето не се само обврска на жената.“
rnПрограмата е водена од наставници-волонтери, претставници на училишниот кампус, па дури и од татковци на некои од учениците. Таа исто така вклучува часови за традиционално машки вештини, како што се столарството и водоинсталатерството.rnrn
rnrnВработените во училишната администрација дошле до идеја од ваков тип обидувајќи се да смислат начин како да ги научат своите ученици за родовата еднаквост.rnrnМомчињата од Монтекастело прво негодувале за правењето „женски“ работи. Но, за многу кратко ги прифатиле овие активности.rnrnГабриел вели:rn„На некои им беше прв пат да фатат пегла во рака. Истовремено беше забавно и поучно. Доста сме изненадени, а и родителите се многу среќни.“
rnОвие момчиња дефинитивно ќе станат прекрасни сопрузи еден ден!rnrnПогледнете уште една интересна приказна: Девојче објаснува зошто кажала на училиште дека нејзините одгледуваат марихуана, и нејзиниот одговор е урнебесен!
-

10 совети што вредат злато кои треба да им ги кажете на децата пред да тргнат во училиште
Тргнувањето на училиште може да биде стресен, но истовремено и возбудлив настан. Посебно за првачињата кои ќе треба за првпат да се сретнат со училишните клупи и официјално да го започнат нивниот образовен процес. Задача на секој родител е да го подготви своето дете за тргнување во училиште. Ние ви нудиме неколку совети што ќе ви помогнат подготовката да ја направите лесно, а вашите ученици со нетрпение ќе чекаат да почне новата учебна година.rnrn
rnrn1. Разговарајте со детето за идниот распоред што ќе го има – колку часови ќе има, од кога до кога, кога ќе ја пишува домашната задача, кога ќе има слободно време.rnrn2. Прашајте го како се чувствува и разговарајте за тоа што го загрижува и зошто е возбудено поради почеток на новата учебна година.rnrn3. Посетете го училиштето со вашето дете. Убаво би било ако може да ја види својата училница и да ја запознае учителката пред првиот ден.rnrn4. Зборувајте за позитивните аспекти од тргнување во училиште. Дека ќе биде забавно и дека ќе стекне нови пријатели.rnrn5. Кажете му на детето дека е сосема нормално да биде исплашено и возбудено и дека така се чувствуваат сите деца.rnrn6. Оставете му порака во неговиот ранец за да знае дека мислите на него дури и кога не сте покрај него.rnrn7. Уверете го вашето дете дека ако некогаш дојде до некаков проблем во училиште, вие ќе бидете тука да му помогнете да го реши.rnrn8. Настојувајте да ги запознае другарите и другарките од одделението пред првиот ден на училиште. На тој начин веќе ќе има пријатели кога ќе почне учебната година.rnrn9. Би било убаво (ако ја имате можноста во вашиот град) вашето дете да прошета до училиште со некои од школските другарчиња.rnrn10. Најдете активности за после училиште во кои вашето дете ќе сака да се вклучи. Тоа може да биде некој спорт, танц, природни или општествени секции. На тој начин ќе се чувствува како дел од група, како таму да припаѓа.rnrnИмате некој дополнителен совет што треба да му се каже на детето кое тргнува во училиште? Споделете го со нас во коментарите подолу.rnrnПрочитајте ги овие дополнителни нешта што би требало да му ги кажете на вашето дете пред да тргне на училиште. -

13 нешта што би требало да му ги кажете на вашето дете пред да тргне на училиште
За децата училиштето е причина за забава, но и за загриженост. Поради ова родителите треба да им помогнат на децата да се подготват за училиште преку игра, споделување нивни приказни од училиштето и објаснување што ги чека. Ова се нешта што можат да бидат објаснети само од родителите.rnrn
rnrnЗа првоодделенците и нивните родители, сè изгледа необично, неудобно, па дури и страшно. Училиштето, другите деца и наставниците се толку многу различни. Децата искусуваат нешта како домашна работа и оценки за прв пат во нивните животи. И покрај тоа што родителите веќе го поминале овој „испит“, сепак се чувствуваат нервозно. За децата пак е уште покомплицирано, особено ако никогаш не оделе во градинка. За да им помогнете на вашите деца да чувствуваат дека припаѓаат на училиштето, научете ги на следниве 13 правила.rnrn1. Твоето физичко и ментално здравје се поважни од лекциите. Ако се чувствуваш лошо, кажи на некого за тоа.rnrn2. Не се споредувај со другите. Одиш на училиште за да стекнеш знаење, а не за да бркаш добри оценки.rnrn3. Мора да ја разбереш темата, оценките не се толку важни. Ако добиеш лоша оценка, нема да те казниме, но добрата оценка ќе нè направи задоволни.rnrn4. Ако нешто не можеш да сфатиш, побарај помош од наставникот.rnrn
rnrn5. Во ред е да се чувствуваш нервозно пред тестови. Но, не заборавај дека училиштето не е целиот твој живот, туку само мал дел. Па не му дозволувај да те разочарува.rnrn6. И наставникот е човечко суштество и може да се разболи, да се измори и да направи грешка. Запомни го ова и почитувај го наставникот и она што го прави за тебе.rnrn7. Немој да малтретираш никого. Малтретирањето е кога луѓето ги повредуваат оние кои се послаби од нив. Ако забележиш дека некој малтретира дете, кажи ми и ќе видам како можам да помогнам.rnrn8. Ако не ги кршиш правилата, никој не би требало да те казнува. Можеш да играш игра на телефонот на одморите, кога не ти го одвлекува вниманието од учењето. Можеш да побараш да излезеш од час доколку ти се оди во тоалет. Можеш да одбиеш да јадеш доколку не сакаш. Ако сметаш дека наставникот греши или е неучтив, кажи ми.rnrn
rnrn9. Ако ги прекршиш правилата, наставникот може да те казни. Но никој не смее да те повреди, да те потценува или да те исмева. Доколку се случи тоа, кажи ми.rnrn10. Научи да комуницираш со луѓе. Но доколку некој соученик те повреди, обиди се сам/а да го решиш проблемот. Доколку не можеш, побарај помош од наставникот или од мене.rnrn11. Дај го најдоброто од себе. Овие предмети се навистина корисни. Исто така, научи да размислуваш.rnrn12. Биди дисциплиниран/а. Правилата се создадени за да ни ги олеснат животите. Пишувај ја домашната, слушај го наставникот и сам/а подготвувај се за на училиште од претходната вечер.rnrn13. Можеш да стекнеш знаење и на други места покрај училиштето. Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за нешто, кажи ни и ќе ти помогнеме да ги најдеш одговорите.rnrnДоколку вашето дете е премногу чувствително, погледнете како да му помогнете да биде успешно на училиште. -

7 начини да му помогнете на премногу чувствителното дете да биде успешно на училиште
Премногу чувствителните деца често можат да се соочат со проблеми на училиште. Тие посилно ги чувствуваат емоциите за разлика од другите деца, а понекогаш ова претставува проблем, особено доколку не се разбрани. Училиштето е нова и непозната средина, а овие деца често се плашат од непознатото. Со цел вашето дете да не изостане зад другите поради неговата чувствителност, важно е да му помогнете. Овие 7 совети ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn1. Постапувајте правилно уште од почетокот
rnГолемата чувствителност ретко е разбрана во училиштата и покрај тоа што 20% од децата можат да се стават во оваа категорија. Ако вашето дете само што започнало да оди на училиште, имате совршена можност да постапите правилно уште на почетокот. Најдобро е да разговарате со наставниците за оваа одлика на вашето дете за да знаат како да се справат со него.rn
2. Образувајте ги наставниците
rnНаставникот треба да ја разбере чувствителноста на вашето дете и да му помогне. На многу чувствителни деца им е потребна личност на којашто можат да ѝ веруваат за да постигнат некаков напредок. Овие деца се свесни кога наставникот не ги третира фер. Често ќе бидат исплашени од наставникот кој премногу вика за време на часот и можно е дури и да престанат да разговараат со него.rnrnДоколку не можете да се справите со однесувањето на наставникот и ако не покажува разбирање, секогаш можете да го преместите вашето дете. Доколку луѓето кои поминуваат најмногу време со вашето дете не се грижат за неговите потреби, училиштето може да стане проблем за него.rn
3. Испланирајте добар почеток
rn
- rn 011
- Проценете што му е потребно на вашето дете пред да го запишете во ново училиште или одделение.
- Непознатата околина често е застрашувачка за чувствителните деца, па добро ќе биде да го запознаете со наставникот и училницата пред почетокот на часовите. Ова ќе направи голема разлика.
- Направете албум со фотографии од училиштето за вашето дете да се навикне на таа околина пред да почне да оди на училиште.
- Замолете го наставникот да ви каже како поминал првиот ден.
- Разговарајте дали можете да останете со вашето дете додека да се навикне и да почне да чувствува поголема самодоверба.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnАко првите денови од училиштето се полни со позитивни искуства, ова ќе биде од голема помош.rn
4. Залагајте се за вашето дете
rnЌе треба одново и одново да истапувате за вашето дете. Ако детето се врати расплакано или нервозно, разговарајте со наставникот за тој ден. Ако детето ја поминува вечерта плачејќи, повторно консултирајте се со наставникот. Потребно е да се залагате за вашето чувствително дете, дури и кога се чувствувате неудобно.rn
5. Одржете ја комуникацијата со наставникот
rnПостојано бидете во контакт со наставникот на вашето дете. Доколку неговиот ден на училиште бил ужасен, обидете се да најдете решение на тој проблем. Исто така важно е да разговарате и со вашето дете за и тоа да ви каже како му поминал денот. Прашајте го кој дел му бил најубав, кој најлош и дали некој настан му предизвикал какви било емоции.rn
6. Верувајте му на вашиот инстинкт
rnКако родители, вие го познавате вашето дете најдобро. Ако сметате дека нешто не е во ред, голема е веројатноста да сте во право. Не се потпирајте само на наставникот бидејќи тој е одговорен за цела училница и не може постојано да следи што се случува со сите ученици. Верувајте му на вашиот инстинкт и делувајте според него.rn
7. Препознајте кога е време да ставите крај
rnНемојте да се чувствувате поразено доколку вашето чувствително дете не покажува никаков успех во неговото училиште. Секогаш постојат други опции и иако чувствителните деца не сакаат промени, ќе се изненадите колку добро ќе се чувствува доколку го преместите во попријатна околна. Чувствителните деца многу посилно ги чувствуваат емоциите за разлика од другите и знаат што е погрешно, а што не. Најмногу успеваат на места каде што се чувствуваат како дома.rnrnДали знаете што се случува кога му викате на вашето дете?
-

Угледен норвешки педагог: Училиштето не ги подготвува децата за живот, туку им го убива духот
Годи Келер е норвешки педагог кој некогаш работел со деца, а денес почесто со возрасни. За него кажуваат дека не учи, туку инспирира. Тој ги советува наставниците и родителите како да го извлечат најдоброто од нивните деца и како да им помогнат да го развијат нивниот потенцијал, бидејќи секој го има, но кога не го знае, живее живот обележан со неуспех.rnrn
rn„Во Европа речиси 25% од средношколците го напуштаат училиштето. Некои од нив завршуваат и со криминал, дрога… Тоа се најчесто луѓе кои биле натерани да ја изгубат самодовербата, вербата во нивните способности.“
rn
Потребна е мотивација
rn
„Денешните училишта често не знаат да ги мотивираат децата, туку ги заплашуваат и им кажуваат дека не се доволно добри.“
rnСпоред него, родителите од сите држави со кои соработувал биле исти.rn
„Поголема е разликата помеѓу тие луѓе и нивните остарени родители отколку помеѓу денешните родители во Ерменија или Норвешка. Во оваа доба на глобализација насекаде гледам ист вид индивидуализам.“rnrn„Образовниот систем често е неинформиран и кратковид – ги подготвува децата за следниот испит, но не и за животот. Понекогаш така се однесуваат и родителите. Им создаваат притисок на децата да имаат добри оценки, да бидат успешни сега и овде. Но да го подготвите детето за животот не значи да барате од него да биде добро по сите предмети.“
rn
Убивање на духот
rnКелер смета дека педагогијата е уметност на мотивирањето. Тој ги учи возрасните како да ги мотивираат своите деца и да препознаат во што се добри.rn
„Ако детето не покажува добар успех на тестовите, секој нов тест на училиште за него е стрес, а пораката што ја добива е дека не е доволно паметно и добро. Детето кое често е тестирано и не покажува добри резултати, ја губи самодовербата. Тоа е многу поголем проблем од лошите оценки. Покрај тоа, ако ученикот е немирен и недоволно концентриран често може да добие и некаква дијагноза. Во училиштето нема индивидуален пристап и поединците кои не се вкопуваат се гледаат како отпад.“rnrn„На некои деца тестовите и испитите имаат одлично влијание, но на многу не. Ги имам прашано професорите на колку деца лошата оценка им буди поттик. Лошите оценки се демотивирачки.“rnrn„Ако лошата оцена може да го мотивира детето, тогаш има смисла. Но ако забележите дека му ја уништува самодовербата, мора да најдете друг начин. Најдете му ги силните страни и размислете како можете да го поттикнете да се развива во некоја област.“
rn
Поддршка од родителите
rn
„Најлошо е кога детето ќе добие лоша оценка и порака дека не е добро, а таква атмосфера го чека и дома. Децата кои биле лоши ученици но станале успешни луѓе, доаѓаат од родители што ги поддржувале и ги учеле да веруваат во себе. Родителите имаат големо влијание на стекнувањето на самодовербата и тоа е нивна задача.“
rnПогледнете на кои начини училиштето ги прави децата глупави и депресивни.
-

Училиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатни
Замислете си дека предавате во училиште и имате ученик кој постојано се однесува лошо. Кое е вашето решение?rnrn
rnrnПовеќето училишта ќе го казнат ученикот или ќе го суспендираат на неколку денови. Никој не ни помислува дека можеби ученикот кој се справува со фрустрација, стрес и гнев би требало да медитира. Самата идеја не звучи толку добро.rnrnНо и казните не звучат добро. Иако можеби целта на казните е да ги натераат учениците да размислат што направиле, ова не секогаш функционира. Многу од казнетите ученици само стануваат побунтовни и погневни откако ќе ги казнат.rnrnНо едно основно училиште во Балтимор, Мериленд ги заменило казните со медитација, а резултатите биле подобри од очекуваното. Уште откога ги терале учениците да медитираат, ниту еден ученик не бил суспендиран. Покрај тоа, ова уникатно правило можеби им помага на децата да бидат поуспешни.rnrnУчениците повеќе не ги испраќаат кај директорот или психологот на разговор, туку ги праќаат во „соба за смиреност“. Оваа соба е дизајнирана да нуди мирна и удобна атмосфера. Насекаде има светилки, смирувачки дезени по ѕидовите и перничиња на кои седат учениците. Секој што се однесува лошо го праќаат во собата каде што вежба техники за дишење и медитација со кои се смирува. Учениците се приземјуваат со овие техники, а некои дури се охрабруваат да дискутираат за нивното искуство во собата, како и постапките што ги донеле таму.rnrnИнтересно е што медитацијата и другите техники за смирување се користат во другите култури со милениуми. Неодамна дури и научната заедница почна да се восхитува на концептот и многумина почнаа да ги истражуваат придобивките од медитацијата. Овие истражувања покажале навистина интересни резултати.rnrnЕдно истражување работело со војници кои ги учеле на медитација. Се открило дека кога медитирале редовно, тие биле посмирени и подобро се справувале со нивните емоции. Дури им се подобриле и сеќавањата. Друго истражување докажало дека медитацијата го зголемувала времето на концентрација и генерално го подобрувала фокусот.rnrnДодека истражувањата на луѓето треба да се гледаат со малку скептицизам, најчесто од медитацијата има многу придобивки, дури и во полето на психотерапијата.rnrnНавистина е неверојатно и неочекувано толку мало дете да медитира. Дури и на годишната божиќна забава, децата од училиштето требало да медитираат пред да ги добијат подароците и никој од нив не се пожалил. Веројатно на децата им било тешко да влезат во медитативна фаза додека се возбудени за подароците, но го направиле тоа успешно.rnrnДецата не се ограничуваат само на медитирање во училиштето. Многу родители изјавиле дека медитацијата и техниките што ги научиле од нивните деца им помогнале да се смират кога биле под стрес цел ден.rnrnПокрај медитацијата, децата имаат часови за зачувување на планетата. Им организираат разни активности како градинарство и екскурзии до фарми. Учениците можат да држат или да земаат часови по јога.rnrnМожеби не треба да бидеме сигурни дека промените настануваат поради медитацијата, но очигледно е дека таа има големо, позитивно влијание.rnrnПогледнете ги и овие одлични алтернативни форми на медитација. -

13 едноставни прашања од училиште што им предизвикуваат проблем на повеќето возрасни
Училишните денови се вистински предизвик не само за децата, туку и за нивните родители. Па за почетокот на новата учебна година обидете се да ги одговорите прашањата од основно и средно училиште.rn
1. Колку океани има на Земјата – 4, 5 или 6?
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnИма 5 океани. Беа 4 – Тихи, Атлантски, Индиски и Северно Леден Океан. Во 2000-та година Интернационалната хидрографска организација обединила делови од Атлантскиот, Индискиот и Тихиот Океан за да го создаде новиот Јужен Океан.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn2. Мерката за јачината на електрична струја е ампер, волт или ват?
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnМерката за јачина на електрична енергија е ампер. Именувана е по францускиот физичар Андре-Мари Ампер.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn3. Колку е оддалечена планетата Сатурн од сонцето?
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnСатурн е 6-тата планета во Сончевиот систем. Како Јупитер, Уран и Нептун, Сатурн е гасен џин и нема цврста површина.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn4. Како е наречена црвената линија – апциса, симетрала или котангенс?
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnЛинијата е наречена симетрала, односно линија што го дели аголот на два еднакви дела.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn5. Хемискиот симбол Аg е за злато, сребро или аргон?
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrnAg e кратенка од латинскиот збор Argentum, односно сребро.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn6. Колку дециметри има во 0,2 километри – 20.000, 2.000 или 200?
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]rnrn0,2 километри се 200 метри. Секој метар има 10 дециметри. Па, ако помножите 200 и 10 ќе добиете 2.000 дециметри.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Како да му помогнете на вашето дете ако е жртва на малтретирање?
Смртта на 9-годишниот Џамел Мајлс кој се убил поради хомофобично малтретирање го потресе светот. Леја Рошел Пирс од Денвер, Колорадо, изјавила дека нејзиниот син бил горд што им кажал на неговите соученици дека е геј.rnrn
rnrnПрво ѝ кажал на мајка му во текот на летото, но кога се вратил на училиште не спомнал ништо за малтретирањето. Четири дена од почетокот на наставата, мајка му го пронашла мртов. Најстарата ќерка на Пирс, по неговата смрт ѝ кажала дека Џамел бил малтретиран.rn„Син ми си дошол дома и ѝ кажал дека децата од училиштето му викале да се убие. Не ми кажа ништо и тоа ме боли бидејќи ќе го разберев и ќе го одбранев. Се чувствувам одговорно бидејќи не ја видов болката во очите на моето малечко. Моја е вината, не знаев.“
rnМалтретирањето е сериозен проблем во училиштата, а благодарение на онлајн комуникацијата, дел од малтретирањето се случува и на социјалните мрежи. Едно истражување покажало дека 40% од младите се малтретирани за нивните академски способности, а над 39% изјавиле дека ова имало влијание на нивните оценки.rnrnРечиси половина од учениците кои припаѓаат на ЛГБТ заедницата се малтретирани поради личностите коишто сте. 46% од младите се анксиозни кога станува збор враќањето во училиште поради малтретирањето, а 70% од родителите сметаат дека наставниците не прават доволно за да го спречат ова.rnrnДоколку и вашето дете е жртва на малтретирање, постојат неколку начини на коишто можете да му помогнете.rn
1. Кажете му дека не е слабо бидејќи е малтретирано
rnДоктор Мајкл Дјук, психијатар кој има над 30 години искуство во работа со деца изјавил:rn
„Малтретирањето цути во тајност и малтретирачите постојат кога малтретираната личност се чувствува немоќно. Луѓето кои се малтретирани не се жртви, тие се луѓе кои неправилно станале нечија мета. Потребна е вистинска храброст да се побара помош.“
rn
2. Охрабрете го да зборува
rnДоктор Мајкл додал дека малтретирачите контролираат благодарение на таинственоста. Охрабрете го вашето дете да разговара за сите проблеми што ги има на училиште и нагласете дека ова ја намалува моќта на малтретирачот.rn
„Моето професионално и лично искуство ми покажа дека штом некој ќе побара помош, патот кон поддршката и безбедноста станува јасен. Секој има право да се чувствува безбедно.“
rnТој ги охрабрува возрасните и децата да побараат помош кога се малтретирани. Молчењето само ќе му даде сила на малтретирачот.rn
3. Побарајте поддршка од детските организации
rnОрганизациите што ги подржуваат членовите на ЛГБТ заедницата ги охрабруваат родителите да соработуваат со нив со цел да им помогнат на нивните деца.rn
„Секоја година имаме ден за семејство и пријатели каде што луѓето можат да споделуваат и да созреваат заедно. Ако родителите сметаат дека на децата им е потребна поддршка, контактирајте ги организациите.“
rn
4. Предизвикајте ги училиштата што не интервенираат кога има малтретирање
rnПрофесор Иан Риверс, директор на Училиштето за образование на Универзитетот во Глазгов изјавил дека училиштата треба да бидат одговорни за нивните ученици.rn
„Важно е училиштата да ги заштитат млади луѓе кои се идентификуваат како лезбејки, геј, бисексуалци или трансродови личности. Факт е дека луѓето се прашуваат за нивната сексуална ориентација во основно и средно училиште. Ова ја демонстрира изолацијата и немоќта што ја чувствуваат кога се малтретирани. И родителите треба да бидат силни и да ги предизвикаат училиштата што не дејствуваат. Потребно е да се најде интервенција што функционира со сите видови малтретирање, но интервенциите кои промовираат тренирање на социјални и емоционални вештини се покажуваат како успешни.“
rnТој исто така додал дека ниту едно 9-годишно дете не треба да помисли дека самоубиството е единствениот излез од малтретирањето.rn
„Додека има навистина многу посветени наставници, училишта и власти кои се обидуваат да го спречат малтретирањето на ЛГБТ заедницата, она што се случи со Џамел е болен потсетник дека има уште многу работа. Училиштата треба да бидат место каде што секоја млада личност се чувствува безбедно.“
rnДознајте и кои се 5-те важни разговори што треба да ги имате со вашето дете пред да наполни 10 години.