КАФЕ ПАУЗА

Tag: училиште

  • Непријатно засрамена (Awkward)

    Непријатно засрамена (Awkward)

    TВ серија за една 15-годишна девојка, која случајно се наоѓа во редица засрамувачки ситуации, кои ја водат до неочекувана популарност помеѓу нејзините врсници во училиштетоrnrnНепријатно засрамена (Awkward)Главни улоги: Ешли Рикардс, Бо Мирчоф, Џилијан Роуз Рид, Џесика Лу, Брет Даверн, Ники Делоа, Моли ТарловrnrnЖанр: комедија, тинејџ-драмаrnrnПремиера: 19 јули 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnШто може да се случи со вашиот живот откако ќе доживеете несреќа која сите погрешно ќе ја интерпретираат? Обидот за самоубиство сам по себе е лош потег, но последиците може да ви го променат животот, изненадувачки, но кон подобро.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Џена Хамилтон е млада девојка која често се чувствува невидливо во училиштето. Иако мудра за своите години, таа често делува како да не припаѓа во кругот на своето семејство и помеѓу нејзините врсници, но сè што сака е да се вклопи и да води нормален тинејџерски живот.Непријатно засрамена (Awkward)Дејството станува интересно откако добива едно анонимно злобно писмо кое е составено од неколку пораки кои го напаѓаат начинот на кој таа го живее животот, но истовремено на некој начин и ù помагаат да ги совладува секојдневните предизвици. Нејзиниот обид да одговори на писмото проследен со случаен пад, води до општата слика која изгледа како обид за самоубиство. Џена воопшто не е таков тип човек, но изгледа дека таа е единствената која верува во тоа. Како и да е, оваа лажна несреќа го насочува вниманието на целото училиште кон неа, па набрзо многуте вперени погледи во знак на сожалување стануваат мерка за нејзината голема популарност.Непријатно засрамена (Awkward)Напоредно со нејзината животна драма, таа води тајна врска со Мети Меккибен, кој е ултрапопуларен згоден дечко за кој никој не би поверувал дека има врска со девојка како Џена. Но, на Мети му се допаѓа Џена, само што не е сигурен дека сака јавноста тоа да го знае.rnНепријатно засрамена (Awkward)Мајка ù на Џена немала време да ги проживее своите младешки години онака како што е нормално бидејќи останала бремена како многу млада, па со својата лудост изгледа како да го живее тинејџерскиот живот наместо нејзината ќерка. За среќа, нејзиниот татко е малку поразумен, па постои некој хармоничен баланс во семејството.rnНепријатно засрамена (Awkward)Во животот на Џена има пријатели и непријатели, родители и други возрасни кои се однесуваат како деца… Фокусот е целосно на неа, на тој начин откривајќи ги и карактеристиките на другите ликови во серијата.rnНепријатно засрамена (Awkward)Глумата е одлична, сцените се ведри, а хуморот дозиран, онаков од кој нема да ви доаѓа премногу.Непријатно засрамена (Awkward)Кога и како да ја гледате: ТВ серијата „Непријатно засрамена“ во моментов ги прикажува првите 12 епизоди од првата сезона, но веќе е најавена втората за следната година. Одлична тинејџерска драма, која поттикнува и длабоки психолошки размислувања без оглед на годините. Лесно е да се соживеете со приказната, а можете да ја гледате во кое било време од денот. Серијата е баш кратка и слатка. Па, уживајте!Непријатно засрамена (Awkward)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледале познатите во нивните алманаси?

    Како изгледале познатите во нивните алманаси?

    Познатите личности, пред да станат познати, ги проживеале своите луди тинејџерски години, исто како и сите нас, со многу бурни емоции и варирања на карактерот, додека да ја пронајдат својата улога во светот.rnrnПриложени со слика од нивниот годишен алманах од средно или основно училиште, прочитајте кои од познатите фаци, кои се денес актери или пејачи, удирале на тапани, се откажале од школо, ги бивало за спорт, сакале да имаат мртовечница или отсекогаш биле она што се денес. :)rn

    Анџелина Џоли

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnТаа не била баш во поштенскиот број 90210 (како во популарната ТВ серија Беверли Хилс), туку во 90212, но Енџи сепак завршила во средното училиште во Беверли Хилс. Сликата е фотографирана во 1991, кога Анџелина Вот (Џоли е нејзиното средно име) била втора година средно и сонувала дека кога ќе порасне ќе стане актерка или ќе има свое погребално претпријатие! Молам?!rn

    Бијонсе

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnФотографијава е направена во 1995 година кога Бијонсе била осмо одделение во училиштето „Велш“ во Хјустон и веќе била на вистинскиот пат за постанување музичка ѕвезда. Во оваа година, Бијонсе веќе била член на ар-ен-би бендот, кој подоцна ќе стане „Destiny’s Child“.rn

    Бред Пит

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnПред да биде прогласен за најсекси маж кој некогаш се родил во магазинот „Пипл“, Бред бил прогласен за најдобро облечен ученик во средното училиште „Кикапу“ во Спрингфилд, Мисури и отсекогаш имал многу девојки.rn

    Бритни Спирс

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnТоа е малечката верзија од Бритни, кога таа била осмо одделение во католичкото училиште „Академија Парклејн“, во Мисисипи, а е фотографирана во 1996 година, кога била изгласана за омилена во класот.rn

    Камерон Дијаз

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnКамерон е фотографирана во 1988 година, кога била втора година во средното политехничко училиште „Лонг Бич“, во Лонг Бич, Калифорнија. Заборавете ја оваа чудна фаза од животот на русокосата бомба, бидејќи на 16-годишна возраст таа веќе била успешна манекенка.rn

    Кортни Кокс

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnКортни е фотографирана во 1980 година, кога била втора година, во средното училиште „Маунтин Брук“ во Бирмингем, Алабама, каде ѕвездата на „Градот на пумите“ била пливачка и тенисерка.rn

    Ева Лонгорија

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е преубавата Ева во 1992 година, кога била прва година средно во училиштето „Рој Милер“. Во овој период таа удирала на тапан во марширачки бенд и имала трајна фризура.rn

    Хали Бери

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Хали Бери, фотографирана за нејзиниот годишен алманах од завршната средношколска година во 1984 г., во „Бедфорд“, Охајо. Во средно, Хали била мажоретка, претседател на клас и кралица на матурската прослава.rn

    Хју Хефнер

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е сопственикот на „Плејбој“ фотографиран во 1944 година. Тој матурирал во средното училиште „Стајнмец“ во Чикаго. Контроверзниот Хефнер имал ултраконзервативни родители. Тој бил претседател на училишниот совет во средно. Не само што таму ги развивал неговите лидерски способности уште како тинејџер, туку очигледно отсекогаш имал интерес и за публикување, бидејќи тој го основал школскиот весник.rn

    Џејк Гиленхал

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОоо, тоа е малиот Џејк, фотографиран во 1993 г., кога бил седмоодделенец во училиштето Харвард-Вестлејк во северен Холивуд, Калифорнија. И покрај тоа што тој одел на аудиции за филмски улоги уште додека бил во средно, неговите родители не му дозволувале да прифаќа работа, која може да му го одвлече фокусот од учењето. Тогаш ги мразел поради тоа, но денес им е многу благодарен.rn

    Џенифер Анистон

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnЏенифер е фотографирана во 1987 година во нејзината последна година во средното музичко и уметничко училиште Ла Гвардија во Њујорк. Други познати поранешни ученици во ова школо биле и Ал Пачино, Роберт де Ниро, Сара Мишел Гелар… И покрај тоа што Анистон изгледа како некое мирно девојче на фотографијата, таа има изјавено за таблоидот „Пипл“ дека нејзиниот средношколски имиџ вклучувал фризура во мохакински стил и многу туш за очи.rn

    Џенифер Гарнер

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnПред да стане г-ѓа Афлек или најинтересниот шпион виден на ТВ во серијата „ Alias“, Џенифер, која на фотографијава направена во 1986 г. била осмо одделение, свирела на саксофон во училишниот бенд во школото „Џон Адамс Џуниор“, лоцирано во Чарлстон, Западна Вирџинија.rn

    Кети Пери

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Кетрин Хадсон, денешната Кети Пери, кога била прва година во средното училиште „Дос Пуеблос“ во Голета, Калифорнија, во 2000-та. Наредната година, кога Кети имала 16 г., се откажала од училиште и го напуштила нејзиниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, за да почне да ја негува нејзината музичка кариера во Лос Анџелес.rn

    Канје Вест

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnКанје, на фотографијава направена во 1994 година, бил прва година средно, во училиштето за индивидуална едукација „Поларис“ во селото Ок Лан, во Илионис. Тој бил доста добар ученик, а тоа го изјавил и за MTV: „Добивав само 5-ки и 4-ки и не се правам фаца со тоа“ – вели тој.rn

    Ким Кардашијан

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnЛуѓето ширум светот се обидуваат секојдневно да го следат животот на популарната џетсетерка Ким, уште откако била многу млада. Оваа фотографија е направена во 1997, кога таа била прва година средно во училиштето Меримаунт. Таа има еднаш изјавено за магазинот „Севнтин“ дека била помеѓу најпопуларните во средно школо, но била фино девојче. Нејзините најдобри другарки биле сестра ù и бубалиците.rn

    Лејди Гага

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Лејди Гага, во 2004 година на алманахот во завршната средношколска година во женското училиште „Sacred Heart“ во соседството Апер Ист Сајд во Њујорк, каде таа вели дека се вљубила во музичките претстави. Контроверзната пејачка, очигледно била многу чесна тинејџерка.rn

    Леонардо Дикаприо

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е фотографијата на Лео направена во 1991 г. во неговиот алманах кога бил втора година средно, во лосанџелешкиот центар за талентирани деца. Во средношколските денови тој веќе бил вработен актер, кој ги нервирал и плашел професорите кога го имитирал страшниот убиец Чарлс Менсон.rn

    Натали Портман

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnОва е Натали Портман, тогашна Натали Хершлаг, на алманахот во нејзината завршна година во училиштето „Сајосет“, во Сајосет, Њујорк. Таа била ученичка со сите 5-ки и стигнала до полуфинале во престижен средношколски натпревар по наука и технологија.rn

    Том Круз

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnФотографиран во 1980 година, Том Круз, по сè изгледа, отсекогаш имал насмевка вредна милион долари. Ова е фотографија од неговиот годишен алманах од завршната средношколска година во училиштето „Глен Риџ“ во Њу Џерси, кога се викал Том Мепотер. Том уште додека бил во средно училиште го „фатиле бубачките“ за глума, па дури ја играл и главната улога во школската претстава „Guys and Dolls“ (Момци и кукли).rn

    Метју Меконахи

    rnКако изгледале познатите во нивните годишни алманасиrnrnСо својот откачен ретро изглед и „опасна“ фризура, Метју Меконахи очигледно бил јако фраерче уште од средно, со оглед на фактот дека во втора година, во 1986 г. во училиштето „Лонгвју“ во Тексас, бил прогласен за најзгодниот ученик, во годишниот алманах.

  • Курс на кој девојките учат како да си најдат богат маж

    Курс на кој девојките учат како да си најдат богат маж

    Во многу делови од светот, на жените не им е лесно да „фатат“ богат маж, ама во Пекинг изгледа дека тоа претставува уметност која може да се научи на курс. Тука, девојките плаќаат 3.000 долари за 30-часовен курс во Центар за морална едукација на жените, во кој учат „техники“ како да бидат поатрактивни, разубавувајќи се со соодветен стил на шминкање или како да препознаат лажго преку набљудување на неговите фацијални експресии. Девојките се едуцираат како да го „прочитаат“ карактерот на мажите кои ги запознаваат, како да ги подобрат нивните конверзациски способности и како културно да сипуваат чај.Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат мажБогати, квалификувани ергени му плаќаат околу 4.500 долари на ова училиште, за да запознаат девојки кои го завршиле курсот за „ловење“ богаташ.rnrnОсновачот на училиштето Шао Тон, вели дека овој курс ги охрабрува жените да станат најдобри што можат, поради тоа што им е поставена цел.rn.rn

    „Ние ги негуваме внатрешните човечки квалитети и развиваме потенцијал“ – вели Шао Тон. „Но, ако го рекламирав школото, велејќи дека тоа ќе ве подучи како да изградите убаво семејство и да се подобрите себеси како личност, многу девојки не би се запишале бидејќи се чувствуваат доволно квалификувани за да го реализираат тоа. Па затоа си помислив, зошто да не бидам поотворена и да речам: Дали сакаш да се омажиш за богат маж?“

    rn

    Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат маж
    Девојките кои го посетуваат курсот, се на бикини-настан за спарување со богати мажи.
    rnrn.rn

    „Кога првпат ќе го сретнеш, треба да обрнеш внимание на левата страна од неговото лице, бидејќи таа страна го отсликува неговиот вистински карактер“ – вели Шао. „Десната страна на лицето, е она што ние го нарекуваме социјално лице. Дознавајќи каква личност е тој уште на првиот состанок, веќе сте на патот кон победата.“

    rn

    Курс за девојки, кој ги учи како да се омажат за богат маж
    Млади жени, кои се надеваат дека богато ќе се омажат, се оценувани од страна на група милионери во Вухан, Кина.
    rnrnУчилиштето се фали дека до сега имало 30 парови, кои завршиле со брак. Основано во август 2010, а до сега за неполна година, на курс се запишале 2.800 жени од средната социјална класа. Кина има 189 милијардери и речиси еден милион милионери – соопштува Ројтерс.rn.rn

    „Целејќи кон тие богати момчиња, овие жени мораат да ја познаваат разликата помеѓу сопруга и девојка. Богатите мажи се навикнати на идејата да имаат љубовница, а нивните сопруги треба да бидат толерантни на ова поле. Како и да е, постои таен машки код кој вели: Не излегуваш на исти места со љубовницата, каде што излегуваш со жена ти“ – вели Шао.

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Младиот врколак (Тeen Wolf)

    Младиот врколак (Тeen Wolf)

    ТВ серија за животот на еден средношколец кој се менува преку ноќrnrnМладиот врколак (Тeen Wolf)Главни улоги: Тајлер Пози, Кристал Рид, Дилан Обрајан, Холанд РоденrnrnЖанр: драма, хорор, комедија, акција, романсаrnrnПремиера: 5 јуни 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 41 минутаrnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn—————————————————————————————————————————————————rnСе сеќавате на „Дали се плашите од теминината?“ Тоа е хит-тинејџерската серија која го воведете хоророт како жанр за младата популација, серија која може да се гледа и преку ден. Од тогаш до денес, овој жанр многу еволуираше, но сепак, задржа нешто што ги прави ваквите ТВ серии интересни за гледање – млада, привлечна актерска екипа, лесни приказни, благо застрашување и многу сцени крај училишните шкафчиња. Младиот врколак е нова серија, направена како адаптација на истиоимениот филм од ’85, која внесува нова свежина во телевизиските продукти од овој тип. Ако ги изгледавте сите епизоди од „Вампирски дневници“, „Декстер“, „Убави, мали лажливки“… и ви треба нова возбуда за пополнување на слободното време ова лето, „Младиот врколак“ би бил одличен избор.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Скот и Стајлс се средношколци кои сакаат да влезат во друштвото на популарните, но сосема спротивно, тие се тотални аутсајдери. Возбуда во нивните животи внесуваат сведочењата на местата на злосторот каде изгледа дека сакаат да ù завршат работа на полицијата. Младиот врколак (Тeen Wolf)Но, сè се менува една ноќ, кога Стајлс исчезнува во шумата, а Скот ќе биде нападнат од врколак. Иако на почеток тој е збунет и целосно обземен од она што му се случило, сепак истовремено тој мора да научи да ги контролира своите нагони, но сосема лесно му оди и искористувањето на благодетите од она што значи да се биде врколак. Младиот врколак (Тeen Wolf)Младиот врколак (Тeen Wolf)Секако, во приказната доаѓа новата ученичка Алисон, која „паѓа“ на самодовербата и шармот кој го карактериизраат тазе-созададениот волк-човек. Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Но, сè и не е така едноставно. Од една страна се трагите кои Скот ги остава зад себе и многуте прашања на кои не знае каде да им го побара одговорот. Од друга страна пак, како дел од спортскиот тим кој игра лакрос за училиштето, се соочува со неговиот опонент Џексон, кој едноставно чувствува дека има нешто чудно во врска со него.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Иако се работи за веќе видена приказна, тоа не ја прави серијата помалку интересна за гледање, барем со оглед на очекувањата.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Глума: И покрај тоа што се работи за деца на околу 16 годишна возраст, актерите одлично се снаоѓаат во своите улоги, па како што вели дел од критиката, во оваа серија глумците не само што добро изгледаат, туку и одлично глумат. Момците се згодни, девојките прекрасни, а дејството сосема солидно пренесено од оние чијашто работа е тоа. Мислењето на критичарите е генерално поделено и иако нема некои екстремно пофални зборови, нема ниту јаки негативни критики, што е добро.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Кинематографија: Сцените се токму онакви како што очекувате, светли и ведри преку ден, мрачни и по малку страшни навечер. Токму затоа, оваа серија е омилена за младата популација.Младиот врколак (Тeen Wolf)

    rn

    Кога и како да ја гледате: Секако дека дури и кога се работи за серија со меки хорор елементи, подобро и повозбудливо е да се гледа навечер, или сами или во друштво на други љубители на хорор филмови. Но, ако баш ви се гледа серија и сакате да се релаксирате без многу да го ангажирате мозокот, можете да ја пуштите и во сабота сабајле, после бурната ноќ во дискотеката.

    rn

    ——————————————————————————————————————————————————————— rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
  • Натпревар помеѓу кучиња-сурфери на бранови

    Натпревар помеѓу кучиња-сурфери на бранови

    На натпреварот во сурфање на бранови, во кој учесници се кучиња-сурфери, а се одржува по шести пат во заливот на одморалиштето Луис Коронадо, присуствувале стотици локални граѓани од САД. Повеќе од педесет кучиња со различни големини и раси, се собрале по должината на брегот на калифорниската плажа Империјал на 5 јуни 2011 за да бидат дел од едно натпреварувачко јавање на бранови. Натпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиКучињата се натпреварувале во 10-минутни периоди, во кои се обидувале да „уловат“ барем два бранови. Периодите биле поделени во три категории: мали кучиња, големи кучиња и кучиња кои сурфаат во тандем. Судиите барале самодоверба во четвороножните сурфери, сурфање на долги бранови и оформено чувство за стил во овој спорт.Натпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиПобедниците на овој натпревар добиваат специјален туристички пакет во одморалиштето Луис Коронадо. Целиот профит од овој натпревар е дониран на DonorsChoose.org, онлајн-форум, кој им овозможува на професорите кои работат во државните училишта во Сан Диего, да побаруваат и да примаат финансиска поддршка од приватни спонзори за училиштен прибор.Натпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на брановиНатпревар помеѓу кучиња – сурфери на бранови———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

    Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

    Филм за тинејџерскиот притисок и за „сечењето вени“ поради лошите оценки, девојките, пријателите… и за моментот кога ќе запреш и ќе се завртиш околу себе. Некој тука можеби се бори за „малку од малку“ нормален живот.rnrnТоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Режија: Ана Боден, Рајан ФлекrnrnУлоги: Кеир Гилкрист, Зак Галифианакис и Ема РобертсrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn————————————————————————————————————————————————rnСредношколец си и твоите родители не ти купуваат патики какви што сакаш па мислиш дека секој пат кога се шеташ со старите чевли целото училиште ти се смее. Ти се допаѓа девојка или момче, но си добил „корпа“ и ти се чини како да си ја загубил љубовта на твојот живот додека повторно сите наоколу ти се смеат и те покажуваат со прст поради неуспехот. Кога си тинејџер во натпреварувачка атмосфера секој добиен „кец“ те вади од памет и те прави да мислиш дека нема да се запишеш на факултетот што го сакаш. Ако после пет-десет години се „свртиш“ на ситуациите од ваков тип, едноставно не можеш, а да не се изнасмееш. Сепак, во моментот кога ги преживуваш тие тинејџерски болки, никој не смее да ти каже дека си нерационален, дека претеруваш, дека мора да научиш да се избориш со притисокот. Вистината е дека тоа треба да го сфатиш сам. До сознанието дека не вреди да се кинат нерви за такви работи, најчесто доаѓаш заедно со годините. Но, понекогаш патот може да биде, благо кажано, необичен како оној во „Тоа е еден вид смешна приказна“.rn————————————————————————————————————————————————rn

    rn

    Приказна: Крег (Кеир Гилкрист) е тинејџер кој има сосема нормално семејство – во ред можеби една нерегуларност е што татко му е „воркохолик“, но во животот и не може сé да е совршено. Тој учи во елитно училиште, треба да аплицира на престижно летно училиште и е вљубен во девојката на својот најдобар пријател. Сиот тој притисок и страв од иднината почнува да го подбутнува Крег кон работ, па тој почнува да се соочува со суицидни мисли. Затоа решава да се пријави самиот себеси во ментална болница. Уште истиот момент кога влегува гледа дека тоа не е местото за него, но сега е доцна. Тука треба да биде минимум пет дена пред  да се направи првичната проценка дали може да си оди. Така започнува патешествието.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Крег се сретнува со средовечниот Боби (Зак Галифианакис) кој е хоспитализиран затоа што неколкупати се обидел да се самоубие. Тука е и младата девојка Ноел (Ема Робертс) која пак се сече по телото. Сепак, тие не се некои опасни откачени ликови од кои треба да се плашиш. Секој има приказна зад себе и зошто му се случило тоа што му се случило. А кога ќе ги погледнеш и дослушаш, тие се „исцртани“ повеќе како симпатични ликови отколку како сериозно лудачки. Најдобар пријател на Крег му станува Боби кој пак, исто така треба да си замине од „лудницата“ за пет дена, но во меѓувреме се бори да најде живеалиште надвор и да почне да ја гледа својата ќеркичка. Со тек на времето, гледајќи ги проблемите на останатите, Крег почнува да се бори и со своите демони. Што е уште поважно, тука не гледаме експресно излекување, туку пред сè, реалистичен приказ на момче кое почнува да станува свесно за себе и за своите мани и е подготвено да работи на нив.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Младите актери Кеир и Ема одлично ги портретираат ликовите на тинејџери загубени во секојдневието. Но, сепак, највпечатлив е Зак („Мамурлак“, Due Date). Не очекувајте дека овој филм е комедија и дека ќе ве заболат стомачните од смеење. Зак не игра комично ниту пак се труди да не засмее, но сепак ненамерно го прави тоа (ако не смеење, барем малце ќе ви се поткренат краевите на усните). Иако тешко излегува од сенката на претходните феноменални комични улоги, сепак во овој филм тоа му оди во прилог.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кинематографија: Речиси целиот „Тоа е еден вид смешна приказна“ се одвива во „лудницата“ освен повремените флешови со кои Крег ни ја објаснува својата приказна и своите стресови. Во филмот се вметнуваат и повремени анимации кои воопшто не доминираат ниту пак ја преоптоваруваат приказната туку напротив само го надополнуваат она што камерата не може. Ниту е претерано, ниту е преусилено. Напротив речиси и како да не ги забележуваш, а сепак си ја имаат својата функција.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кога и како да го гледате: За тинејџерите, „Тоа е еден вид смешна приказна“ треба да има катарзично односно терапевтско дејство, а посебно тоа што приказната ја раскажува нивни врсник. Сепак, тоа не значи дека останатите возрасни групи нема да уживаат. Може да го гледаат луѓе на секоја возраст. Ми се чини дека е подобар во друштво, така што откако ќе заврши ќе можете да поразговарате, за сопствените стресови и бубачки во главата.
  • Еколошкото училиште во Бали

    Еколошкото училиште во Бали

    Џон и Синтија Харди се основачите на ова уникатно еколошки одржливо училиште, кое им нуди на учениците квалитетно образование во една малку поинаква средина и атмосфера. Училишниот кампус се наоѓа во Бали, Индонезија и целосно е направен од бамбус и од традиционалните балиски ѕидови од кал.Еколошкото училиште во БалиВо него има училници, спортска сала, фудбалски терени, деловни простории, библиотека, кафулиња и интернат. Напојувањето на училиштето се врши преку природни извори на енергија, односно преку соларни панели и хидро-генератор.rnЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиВо склоп на наставата учениците се вклучени во многу активности, како на пример: одгледување сопствени полиња со ориз, кои се во склоп на кампусот, правење чоколадо, пошумување на околината со бамбус и слично. Преку садењето бамбус, учениците вложуваат во продолжување на животот на училиштето и негово понатамошно ширење.Еколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во Бали
    rn

    „За една година успеавме да засадиме 15.000 семиња за бамбусни дрва. Според нашите проценки, за рок од околу 7 години, би пораснале 1.500.000 бамбуси што е сосема доволно за 150 нови згради“ – Џон Харди

    rnЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиГлавната зграда на училиштето во која се наоѓаат неколку училници и лаборатории, библиотеката и канцелариите е направена од 2.630 бабусни дрва и чинела 225.000 долари.rnЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во БалиЕколошкото училиште во Бали
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кој не би сакал да учи во вакво училиште?

    Кој не би сакал да учи во вакво училиште?

    Државното средно училиште Фитзрој во Мелбурн, Австралија има долга историја. Тоа било затворено во 1992-ра, но било повторно отворено и комплетно реконструирано во 2004-та година, после 11-годишна борба од страна на родителите и жителите. Честа да бидат првите ученици кои ќе завршат во оваа фасцинантна градба, ја имале матурантите во 2009-та година.Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Ова модерно училиште, со прекрасна атмосфера, свежи бои и уникатни луксузни простории, е ремек дело на архитектот Мекбрајд Чарлс Рајан.Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Филозофијата на училиштето за иновација во образованието е преточена во оваа импозантна градба, која е доказ за тоа дека архитектот има навистина фасцинантен вкус за дизајн. Фасадата има брановит облик, а е бојадисана во риги со секундарни бои, што истовремено ја истакнува нејзината специфичност, но и ја вклопува во околината.Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Просториите во училиштето се мошне флексибилни, што значи дека истите можат да бидат лесно преуредувани од страна на персоналот. Идејата за дизајнот навидум изгледа многу едноставна: свежи интензивни бои, во комбинација со бледникави бои, кои формираат совршен контраст и го дефинираат просторот.rnКој не би сакал да учи во вакво училиште?Кој не би сакал да учи во вакво училиште?Ова училиште му ја донесе на Мекбрајд, гранд-при за 2010 на Dulux наградите за бои, а неговиот ентериер победил на истата манифестација и во категоријата „комерцијални ентериери“.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn