Кога станува збор за одржување на совршената тежина и тренирањето, повеќето луѓе сметаат дека треба да се одбегнуваат мастите и јаглехидратите. Но, науката вели дека тоа не е баш така. Иако прекумерното внесување на масти и јаглехидрати не е добро за ничиј организам, истражувањата покажале дека не е опасно да се јаде некоја „нездрава“ храна пред или после тренинг.rnrn
rn
Брза храна
rnМногумина се обидуваат да ги избегнат вкусните хамбургери, помфритот и пржената храна. Меѓутоа, истражувањата покажале дека кај оние испитаници кои консумирале протеински плочки и оние кои јаделе брза храна, ефектот врз организмот бил речиси ист.rn
Сладолед
rnВашиот омилен сладолед може да ви помогне така што ќе го забави процесот на разградување на протеините во телото. Најдобро би било да го јадете веднаш по тренингот, но не претерувајте.rn
Чоколадно млеко
rnЧоколадното млеко е совршена комбинација на протеини и јаглехидрати, кои ќе ви помогнат да го обновите мускулното ткиво и да го подготвите вашето тело за следниот тренинг. Едно истражување покажало дека пиењето чоколадно млеко 30 минути по тренингот и два часа подоцна го намалува ризикот од оштетување на мускулите.rn
Печива
rnЈаглехидратите можат да бидат одличен извор на брза енергија пред тренинг, но и одличен избор по тренингот. Тост со мармалад или со путер од кикиритки е синоним за совршена закуска.rn
Путер
rnМногумина ги избегнуваат и мастите. Но, консумирањето путер (секако, во нормални количини) пред тренинг ќе ви даде енергија. Не заборавајте и дека мастите се важна храна за мозокот.rnrnОткако прочитавте кои „нездрави“ намирници можете да ги консумирате пред или после тренинг, можеби ќе сакате да прочитате и како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr


rn
rnrnЕкспертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, после и за време на самиот тренинг. Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода, а без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира.rnrnОсвен тоа, несоодветната количина на вода која се внесува во телото може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидрација, камења во жолчката и дигестивни нарушувања. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на ‘рбетот и ткивата.rnrnЗа време на вежбањето водата помага и во одржување на нормалното ниво на гликоза во крвта. Затоа, спортистите и рекреативците треба да пијат доволно течности за време и по вежбањето, за да се балансира загубата на вода во организмот, истакнуваат експертите.rnrnНајдобар начин да проверите дали пиете доволно вода на дневна основа е да внимавате на бојата на урината. Ако бојата е светло жолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темно жолта или златна, тоа е показател дека треба веднаш да почнете да пиете повеќе вода.rnrnОткако прочитавте зошто е важно да пиете вода додека тренирате, можеби ќе сакате да прочитате и за 


rn
rn

