КАФЕ ПАУЗА

Tag: тренинг

  • Како да отпатувате до вселената?

    Како да отпатувате до вселената?

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnОние кои се горди со тоа дека отпатувале дури до крајот на светот, не можат веќе да се фалат со тоа што биле на Аљаска, на Фиџи или на Антарктикот. Откако Денис Тито во 2001 година стана првиот турист во вселената, само ѕвездите се лимитот за далечните патувања. Ако имате желба да отидете до космосот и оттаму да ја ѕирнете Земјата, еве низ каква процедура треба да поминете.Како да отпатувате до вселената?rn

    Што е потребно за да заминете?

    rnКако и за секое друго патување, потребни ви се само волја и пари, само што овој пат ви требаат во многу поголеми количини. Еден лет во вселената чини помеѓу 20 и 30 милиони долари, цена која што не е фиксна, туку се договара со секој патник посебно. Оние поекстремните можат да доплатат уште 15 милиони за да излезат од бродот и да прошетаат во вселената накратко, но тоа е предизвик кој сѐ уште никој не го прифатил. Можна е уште една опција, а тоа е потенцијалниот патник да го помине тренингот пред заминување, а потоа да го гледа вселенскиот брод како заминува без него, можност која чини 3 милиони долари.Како да отпатувате до вселената?rn

    Пред заминувањето

    rnСо цел да се исклучат можните опасности по здравјето на вселенскиот турист и уживањето да се доведе до максимум, пред заминувањето во вселената неопходно е да се помине одреден тренинг кој ќе го подготви патникот за она што го очекува таму. Прво се прави лекарски преглед со кој би се откриле некои здравствени ризици што некои туристи и покрај големата желба и многуте пари, сепак би ги спречиле да полетаат. Потоа следуваат неколку курсеви на коишто патниците учат како патот да им биде попријатен, како да постапуваат во итни случаи, им објаснуваат за чувството на мачнина, психички ги подготвуваат итн. На крај следуваат пробувањето на скафандерот и првото соочување со бестежинска состојба.Како да отпатувате до вселената?rn

    Полетување

    rnУште пред да зазори, патникот заедно со останатиот дел од екипата заминува кон космодромот, затоа што летот секогаш е закажан за рано наутро. Групата од шест луѓе и двајца пилоти тргнува со 30-минутен лет нагоре, за кое време се прават последните вежби за редуцирање на паниката. Кога ќе се стигне на околу 15 километри висина, капсулата се одвојува од бродот и продолжува кон вселената. За тоа време небесната околина ја менува бојата од сина до пурпурна, а кога капсулата ќе ја напушти атмосферата, конечно сѐ станува црно.Како да отпатувате до вселената?rn

    Во вселената

    rnМоторите се исклучуваат и патниците во капсулата сега веќе можат да ги одврзат ремените и да уживаат во бестежинската состојба и можноста низ прозорците да се воодушевуваат на бесконечноста на вселената. Внатре нема клозет, не се внесува храна, а има само малку вода која туристите ја користат за да си играат со гравитацијата. Сето ова трае четири минути, по кои следува враќањето кон Земјата.Како да отпатувате до вселената?rn

    Враќање назад

    rnВраќањето назад е брзо, а кога гравитацијата ќе почне повторно да се чувствува туристите повторно седнуваат на седиштата и ги ставаат ремените. Капсулата се движи со огромна брзина при што опашката се врти како пердув, а тоа трае до 20 километри од тлото на Земјата, пред повторно да почне да лебди и безбедно да се спушти.Како да отпатувате до вселената?rn

    Очекувањата за во иднина

    rnСѐ повеќе компании се заинтересирани да влезат на пазарот за вселенски патувања и овој засега екстремен авантуризам да го претворат во индустрија и секојдневие. Компанијата Вирџин Галактик планира да воведе евтини летови за само 200.000 долари, за кои веќе имаат десетици резервации. Се претпоставува дека за неколку години овој лет ќе биде достапен за само неколку десетици илјади долари, со што едно вакво патување ќе чини колку на пример, еден поскап автомобил. Ако им се верува на ветувањата, оние кои ќе отпатуваат во вселената би можеле да отседнат во хотел, да спортуваат во арени во бестежинска состојба и многу други подобности за кои денес може само да се фантазира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии од модели под вода кои одземаат здив

    Фотографии од модели под вода кои одземаат здив

    Успешното фотографирање под вода најчесто се изведува со специјализирана опрема и посебни техники. Крајниот резултат се возбудливи и уникатни фотографии. При правењето фотосесија на модели под вода, се појавуваат разни компликации, кои не се карактеристични за фотографирањето на подводните животни.rnrnФотографии од модели под вода кои одземаат здивrnrnПред сѐ, потребно е моделот да знае добро да нурка. Исто така треба да знае и да ја употребува основната опрема за нуркање, бидејќи некогаш фотографирањето се изведува и на длабочина од четири метри, кога нема можност за излегување на површината за да се земе воздух. rnrnФотографии од модели под вода кои одземаат здивrnrnЗа да остане на длабочина од четири метри, моделот мора да има на себе мал тег (со тежина од 1 до 2 кг) кој овозможува константност на нејзината/неговата позиција. Во ваква ситуација моделите честопати се нервозни поради длабочината и тегот кој го имаат на себе и тоа се изразува директно на фотографиите.rnrnФотографии од модели под вода кои одземаат здивrnrnНајголемиот проблем се појавува за време на самото позирање. Моделите мораат да бидат целосно опуштени, најчесто со отворени очи и со насмевка на лицето. Исто така не смеат да испуштаат многу воздух одеднаш поради тоа што ќе се создадат балончиња. Што се однесува до околината, водата мора да биде провидна и чиста, бидејќи само на тој начин може да се создаде острина на фотографијата.rnrnФотографии од модели под вода кои одземаат здивrnrnПостојат модели кои поголемиот дел од својата кариера го посветуваат токму на вакви фотографирања. Со малку тренинг, тие ги усовршуваат своите движења под вода и успеваат да создадат вистински уметнички дела.rnrnФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здив
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Манипулирањето на соништата како во филмот „Почеток“ наскоро ќе стане реалност

    Манипулирањето на соништата како во филмот „Почеток“ наскоро ќе стане реалност

    Автор: Весна Јовановскаrn

    Научници од престижниот американски универзитет „Јеил“ веруваат дека сонот може да стане алатка за учење нови вештини. Тие велат дека додека спиете можат да ви внесат идеја во сонот, да манипулираат со него и да ве водат од еден во друг.Манипулирањето на соништата како во филмот „Почеток“ наскоро ќе стане реалностНивните научни истражувања покажале дека тоа наскоро може да стане реалност, но само преку луцидните соништа кои свесно ги сонуваме. Тоа е состојба кога ние го контролираме сонот и можеме да го менуваме неговиот тек. Дали можеби ова ве потсетува на филмот „Почеток“ од Кристофер Нолан? 🙂Манипулирањето на соништата како во филмот „Почеток“ наскоро ќе стане реалностЗамислете како би било во сонот да се натерате да свирите на некој музички инструмент или да решавате комплицирани математички задачи, кои по вашето будење навистина ќе ви одат од рака. Научниците од „Јеил“ сè уште експериментираат на оваа вечна тема. Д-р Питер Морган, од тимот кој работи на овој проект вели дека луцидниот сон може да се користи како техника за развивање и тренинг на нашите мозоци.rn.

    rnrn

    „Знаеме дека преку ангажирање на мозочните кола, може да се промени нивната архитектура“, вели д-р Морган.

    rnСлични истражувања веќе покажале дека вежбањето во сон може да ги подобри вештините во реалниот живот. Во една швајцарска студија, луцидни сонувачи во сонот фрлале парички во чаша, а откако се разбудиле тоа добро го правеле и во реалниот живот.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.