КАФЕ ПАУЗА

Tag: топлина

  • Ресторан на врв на вулкан

    Ресторан на врв на вулкан

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnОние кои за задоволување на своите гурмански потреби се спремни да одат до таму каде што никој не бил, несомнено ќе бидат воодушевени од ресторанот Ел Дијабло. Се наоѓа во националниот парк Тиманфаја на канарскиот остров Ланзароте, но не е сместен во некое живописно катче, туку на врвот на вулканот Ислоте де Хиларио.Ресторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканВулканот веќе 250 години не исфрла лава, така што гостите се безбедни. На тлото сè уште се чувстува топлина која на неколку метри под земјата достигнува преку 400 степени. Тоа се користи како извор на топлина за ресторанот, а на еден од отворите од каде што порано еруптирала лавата е поставена скара на која се приготвува традиционална канарска храна.Ресторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканХраната не е единствената атракција на Ел Диабло. Многу од туристите тука доаѓаат заради спектакуларната панорамска глетка на целиот национален парк овозможена од стаклените ѕидови на ресторанот. Особено е привлечна глетката на зајдисонцето.Ресторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулканРесторан на врв на вулкан
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериер

    Едноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериер

    Оваа прекрасна, планинска викенд-куќа со модерен шмек, Сан Лоренцо, се наоѓа на 1.200 метри надморска височина во шумите на Пустертал во Италија. Како нејзината локација, така и самата куќа прави да се чувствувате како да сте на милион километри оддалечени од сè, сместени во прегратките на луксузот и раскошноста. Топлата и гостопримлива атмосфера, прави да посакате да влезете и да ѕирнете внатре, а штом го направите тоа ќе има и што да видите.rnrnЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерrnrnПрецизниот засводен плафон, дрвениот под, нецелосно обработените ѕидови, земјените текстури како и локалните материјали придонесуваат за природноста на овој простор. Каминот, без сомнение е централната точка на овој дом. А рустикалните спални соби? – Тие се вистински сон, со дрвени греди и многу локални мотиви, како и антички материјали монтирани над креветот.rnrnЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерrnrnНиз целата куќа има инсталирано подно греење кое придонесува за топлата атмосфера. Турската бања која нуди услови за хроматерапија или уште позната како релаксирачка терапија со бои, финскиот стил на сауната и волшебната винарска визба, го прават овој простор, едноставно неодолив. Совршен крај за совршениот ден.rnrnЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерЕдноставен дизајн на планинска куќа со прекрасен ентериерrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    На нашата коса никогаш не ѝ е доволно нега. Шампон кој ѝ одговара, регенератор, хранлива маска, силиконски капки и многу други продукти сигурно се дел од вашата рутина. Сепак, често несвесно сите правиме грешки кои имаат штетно дејство врз нејзе и го намалуваат ефектот на домашните и професионалните третмани за кои издвојуваме пари. Ова се 6 најчести примери за несвесни грешки со кои го нарушуваме здравјето на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата rn

    Ја миете косата секој ден

    rnСекој посакува косата постојано да му изгледа свежо и да му мириса убаво. Но секојдневното миење не е препорачливо, затоа што на тој начин го миеме природното масло кое ги штити темето и влакното. Сосема доволно е на секои два-три дена да ја миете косата и да извршите некој домашен третман.rn

    Ја сушите косата на најјака топлина со фен

    rnДоколку сакате вашата коса да биде сјајна и педантна, не изложувајте ја на висока температура, бидејќи така лесно се суши влакното. Користете ги пониските нивоа за регулација на топлината на фенот, при што можеби сушењето ќе трае подолго, но затоа ќе се намали бројот на расцветани врвови.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Обликување на фризурата додека косата е сè уште мокра

    rnНе само што е многу потешко и непотребно губите енергија и нерви, туку при ваквиот процес вие придонесувате влакната побрзо да напукнат. Обликувајте ја косата само во моменти кога таа е малку влажна на допир.rn

    Комбинација од лак за коса и загреана преса

    rnДоколку редовно користите пегла за коса, треба да внимавате какви средства нанесувате на косата пред самото пеглање. Избегнувајте го лакот и другите средства кои содржат алкохол во својот состав, бидејќи тие го сушат влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Претерување со производи за хидратација на косата

    rnСредствата за хидратација на косата, без сомнение имаат позитивен ефект врз структурата на влакното. Но доколку претерате со нивното користење, косата ќе почне да ви изгледа безживотно. Затоа нанесувајте ги таквите средства само на врвовите, односно на долната половина по должината на косата.rn

    Непотребно бојадисување на целата коса

    rnДоколку сакате да го освежите изгледот на вашата бојадисана коса, нема потреба да ја повторувате целата постапка одново. Бојадисајте го само пораснатиот дел, односно коренот и спречете го непотребното сушење на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за одгледување собни растенија – Oлеандер

    Совети за одгледување собни растенија – Oлеандер

    Олеандерот е зелена балконска или собна билка, која со своите цветови секогаш нè потсеќа на топлите летни Медитерански денови. Ако не сте виделе Олеандер досега, на првото патување на југ ќе го забележите покрај патот. Тој може да порасне од 2 до 6 метри и има бујна крошна. Листовите се во пар или во тројки и се дебели, кожести со темнозелена боја.Совети за одгледување собни растенија - ОлеандерОлеандерот е размножуван во многу облици, бел, црвен, розов, виолетов, со полуполни или полни цветови. Всушност, цветот на Олеандерот го прави толку популарен бидејќи има прекрасен мирис и изглед. Тој највеќе успева во суптропските подрачја и е една од најчесто користените декоративни билки во парковите или покрај сообраќајниците. Добро поднесува суша, па дури и краткотраен мраз.Совети за одгледување собни растенија - ОлеандерВо Калифорнија и во другите држави во САД каде зимите се благи, Олеандерот се посадува покрај автопатите како заштита од бука бидејќи елените не го јадат поради отровноста, а исто така, расте и на лошо тло. Во посеверните делови може да успее, но ако се одгледува во затворени простории или во стаклени градини.Совети за одгледување собни растенија - Олеандерrn

      rn011

    • За буен раст, Олеандерот сака многу Сонце, па можете да го поставите директно изложено на него. Во лето му одговара балконот или јужниот ѕид. Оптимална температура му е 20-35 степени Целзиусови.
    • rn011

    • Типот на греење не е важен. Иако е зимзелено растение, сепак, можете да го поставите на веранда.
    • rn011

    • Во зиме, треба да го поставите на место каде ќе биде заштитен од замрзнување. Во екстремни случаи може да поднесе температури до -3. По завршување на зимата, листовите треба убаво да се измијат.
    • rn011

    • Најпогодна почва за Олеандерот е мешавина од хумус, песок и тресет во однос 2:1:1.
    • rn011

    • Што се однесува до наводнувањето, правете го тоа почесто на тој начин што ќе ставате вода во подлогата на саксијата. Така Олеандерот си зима колку што му е потребно. Карактеристична појава за него е „плачењето“. Тој транспирира на секои 14 дена.
    • rn011

    • Размножувањето може да го правите со дел од растението, бидејќи тој пушта коренчиња во која било годишна доба. Само внимавајте, во зиме, ставајте го на топло место.
    • rn

    rnСовети за одгледување собни растенија - Олеандерrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога најмногу се ужива во кафето?

    Кога најмногу се ужива во кафето?

    Луѓето кои често имаат навика да пијат кафе, понекогаш забораваат кое задоволство може да претставува добро подготвената шолја кафе. Повеќето луѓе пијат кафе набрзина, веднаш штом ќе станат од спиење, бидејќи чувствуваат дека тогаш им е најпотребно, заборавајќи дека тоа може да биде фантастичен момент на уживање. Ова се неколку периоди во кои е најпријатно да се консумира кафето според неколку истражувања.Кога најмногу се ужива во кафето?rn

    Навечер

    rnНаутро сметаме дека кофеинот ќе нè разбуди и размрда и тоа не е далеку од вистината, но навечер е вистинско уживање да се пие кафе. Овде не се мисли на периодот пред спиење, туку неколку часа порано, во периодот по вечерањето. Одлично доаѓа и во комбинација со некој добар десерт. Овој период совршено одговара, бидејќи сте завршиле со сите обврски, опуштени сте и можете целосно да му се препуштите на уживањето.rn.rn

    За време на надворешни активности на поладно време

    rnДоколку нешто работите во дворот или пак сте излезени на прошетка во паркот, направете топло кафе, ставете го во термос и понесете го со вас. Направете кратка пауза од која било активност, седнете и стоплете си ја душата со вашиот омилен напиток.rn.rn

    На седенки со пријатели или со партнерот

    rnКафето ги поврзува луѓето. Овој пат, за разлика од другите периоди, не обрнувате внимание на кафето, а сепак уживате во него. Наместо тоа, вниманието го упатувате кон личноста со која сте седнати, муабетите, се чувствувате пријатно и ви е забавно. Преку тоа создавате спомени кои секогаш ќе ги поврзувате со тоа кафе, иако тоа не играло некоја голема улога. Тоа значи дека вкусот на кафето секогаш ќе ве навраќа наназад на убавите нешта и пријатните дружби.rn.rn

    Кога сакате

    rnМногу важно е да сфатите дека кафето треба да се пие со страст, а не како една вообичаена навика. Таквиот случај само може да предизвика несакана зависност. Наместо тоа, консумирајте го чајот и водата често, а во кафето уживајте максимално додека го пиете.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни фитнес совети за избегнување на жештините

    Летни фитнес совети за избегнување на жештините

    Дали сте знаеле дека вежбањето во жештина може да му нанесе стрес на срцето и на вашите гради? Вежбањето во комбинација со висока температура на воздухот, ја зголемува температурата на телото и го забрзува чукањето на срцето. Нормално, вашето тело моментално ќе се прилагоди на состојбата, но доколку премногу долго се изложите на вакви услови, можете да се доведете во ситуација на тотална исцрпност, да добиете топлотен удар и грчеви. Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат да си ја одржите температурата на телото на нормално ниво и да уживате во вежбањето.rnrnЛетни фитнес совети за избегнување на жештинитеrn

    1. Појдете на вежбање рано наутро или покасно попладне

    rnИзбегнувајте да вежбате во средината на денот кога сонцето е најсилно, односно во периодот од 11 до 17 часот. Доколку сепак се решите да вежбате во овој период, тогаш засолнете се под сенка, избегнувајте директна изложеност на сонце или пак правете вежби во базен.rn

    2. Намачкајте се со фактор за заштита од сонце

    rnФакторите за заштита од сонце нема да ви држат ладно, но ќе ве заштитат од горење, што ќе му овозможи на телото полесно да се излади самото. Исто така, со тоа ги намалувате шансите за рак на кожата. Без разлика каков тен имате, купете некој препарат со повисок заштитен фактор.rn

    3. Пијте течности

    rnПијте многу течности. Најпрепорачливо е да пиете вода и тоа дури и да не чувствувате жед, потпивнувајте по малку на секои 15 минути во топлите денови. Ако се потите многу, тогаш можете да вклучите и некој пијалак за спортисти, кој содржи електролити и минерали.rn

    4. Облечете се соодветно

    rnДури и да се чувствувате дека црната облека ќе ве направи да изгледате секси, подобро оставете ја и облечете бела или некоја посветла комотна маичка. Црната и другите темни бои ја апсорбираат топлината. Препорачливо е маичката да е од лесен материјал, кој ја неутрализира топлината, како што се ленот и свилата.rn

    5. Имајте резервен план

    rnИспланирајте во топлите денови да вежбате во затворен простор, а не на отворено. Најдете климатизирана сала или теретана и повторно појдете порано, бидејќи сигурно нема да сте единствените на кои им текнала оваа идеја. Исто така, доколку имате базен во близина можете да појдете таму.rn

    6. Не претерувајте

    rnКога е толку топло што и асфалтот почнува да се топи, престанете и избегајте од жештината, особено ако имате симптоми на слабост, главоболка, вртоглавица, грчеви во мускулите, забрзан пулс или гадење и повраќање. Во тие моменти застанете, појдете под сенка, пијте вода и намокрете ја кожата за да ви се олади. Доколку не ви стане подобро после 60 минути, појдете на лекар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оладете си го штотуку свареното кафе

    Оладете си го штотуку свареното кафе

    Никој не ужива да го пие своето кафе врело, штотуку тргнато од рингла. Очигледно на Дејв и Дејв многу им пречело да чекаат да се олади нивното кафе, па решиле да преземат нешто околу тоа. По неколку месеци интензивна работа, овие двајца момци ги создадоа разладувачите за кафе Coffee Joulies. Овие разладувачи имаат облик на зрна кафе и се направени од нетоксичен материјал и од нерѓосувачки челик.Оладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеНивната задача е да го оладат кафето и потоа полека и рамномерно да ја испуштаат топлината која ја заробиле во нив. Овие разладувачи овозможуваат веднаш да почнете да го пиете топлото кафе, а по некое време кога во нормални услови треба да биде ладно, разладувачите ќе ја испуштат топлината во кафето и ќе овозможат тоа да биде идеално за пиење.Оладете си го штотуку свареното кафеОвие волшебни кафе-џули доаѓаат во неколку различни пакувања, а основното, 5 џули во едно торбиче, чини 50 американски долари. Но, добрата работа е што ги купувате еднаш, а траат доживотно.Оладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафеОладете си го штотуку свареното кафе

  • Телефон кој се полни со телесна топлина

    Телефон кој се полни со телесна топлина

    Што ако вашиот мобилен телефон може да се полни додека се наоѓа сместен во вашиот џеб неколку часа? На тоа се заснова Nokia E-Cu концептот, развиен од страна на Британскиот дизајнер Патрик Хајленд. Името на концептот доаѓа од зборовите  environment (околина) и copper (бакар).Телефон кој се полни со телесна топлинаТелефонот се карактеризира со бакарно куќиште и термогенератор во внатрешноста кој топлинската енергија ја претвора во електрична.Телефон кој се полни со телесна топлинаТелефон кој се полни со телесна топлинаНадворешниот дизајн на телефонот се одликува со гравирани топлотни процепи кои симболизираат ефект на пресушена земја како резултат на загревањето на животната средина.Телефон кој се полни со телесна топлинаТелефон кој се полни со телесна топлинаГодишно, непотребните полначи за телефони создаваат 51 000 тони отпад, покрај создадената количина на карбон диоксид од произведувањето на електрична струја која била потребна за да се наполнат.Телефон кој се полни со телесна топлинаТелефон кој се полни со телесна топлинаТелефонот може да се полни во џеб или пак од кој било извор на топлина, на пример поставувајќи го на радијатор.Телефон кој се полни со телесна топлина