КАФЕ ПАУЗА

Tag: топлина

  • 6 начини на кои можете да ги стоплите вашите ладни стапала

    6 начини на кои можете да ги стоплите вашите ладни стапала

    За некои луѓе, доволно е само да го спомнете зборот „ладно“ и веднаш чувствуваат морници низ целото тело. Токму овие луѓе цела зима ја поминуваат со студени стапала. Најчесто причината за оваа појава е лошата циркулација врз која многу тешко може да се влијае со помош на дебели чорапи и зимски обувки. Но, и покрај сè постојат неколку начини на кои можете да се справите со неа…rnrn6 начини на кои можете да ги стоплите вашите ладни стапалаrnrnЛадните стапала не се единствениот знак за лоша циркулација. На неа укажуваат и други промени на телото како грчеви во листовите и прстите по одење, болки во колената и зглобовите, виолетови области на кожата… Оваа состојба настанува поради нарушувањето на работата на потните жлезди, најчесто од некаков вид инфекција или повреда на кожата. Погледнете како можете да ја подобрите вашата циркулација, а со тоа и да се збогувате со вашите студени стапала.rnrn1. Вашите обувки не треба да пропуштаат вода и треба постојано да бидат суви, но најважно од сè е тие да се удобни за да ви овозможат нормална циркулација. Важно е и да ги избегнувате чорапите од синтетички материјал кои поттикнуваат потење на стапалата и потоа нивно ладење поради влажната околина.rnrn2. За вашата крв да може нормално да циркулира, неопходно е да ја пиете препорачаната количина вода. Доколку го држите вашето тело жедно, со тоа и му ја отежнувате циркулацијата. Нормалната циркулација бара околу литар и половина вода дневно, односно 30 милилитри на секој килограм од вашата тежина. Се препорачува да пиете топли напивки, но избегнувајте ги оние со кофеин бидејќи влијаат врз крвните садови.rnrn3. Лукот, маслиновото масло, црното вино и овошјето богато со витамин Ц го подобруваат дотокот на крвта во капиларите. Јаткастите плодови, циметот, ѓумбирот и семките од тиква кои содржат витамин Е, Б3 и ниацин помагаат при „туркањето“ на крвта низ крвните садови.rnrn4. Наполнете два поголеми сада со вода, едниот со топла, а другиот со ладна и наизменично потопувајте ги вашите стапала во нив. Овој метод благотворно делува на циркулацијата и помага при непречено движење на крвта низ крвните садови.rnrn5. Заменете ја вашата купка за бањање со природна и домашно подготвена купка од коприва. Во 5 литри вода потопете еден корен од коприва и неколку листови од коприва и оставете ги да стојат така цела ноќ. Потоа сварете ја течноста, исцедете ја и користете ја како купка чии ефекти се забележуваат уште во периодот од половина час колку што е потребно да ги потопувате вашите стапала.rnrn6.Напивката која ќе го надомести недостатокот на течности во вашето тело и ќе ја подобри циркулацијата на вашето тело е познатиот чај од див костен. Потребни ви се 10 грама исечкан див костен, потопен во 1 литар вода. Загревајте на тивок оган и откако ќе почне да врие почекајте 5 минути и потоа тргнете го. Исцедете го и пијте 3 пати на ден по една шолја чај.rnrn7. Масажата на стапала е одлично решение за подобрување на циркулацијата, но кога немате време за неа можете да побарате побрзо решение. Наполнете едно пластично шише со врела вода, но не до самиот врв и затворете го отворот. Поставете ги вашите стапала со чорапи врз шишето и туркајте го напред-назад со нив.

  • Руската фотографка повторно воодушевува со нови волшебни фотографии од нејзините деца и цела армија животни

    Руската фотографка повторно воодушевува со нови волшебни фотографии од нејзините деца и цела армија животни

    Елена Шумилова е талентирана руска фотографка која создава магично убави слики од нејзините деца и животните уживајќи во идилата на селото.rnrn0-Majkata – fotograf-koja-prodolzhuva-da-sozdava-volshebni-sliki-od-nejzinite-deca-i-cela-armija-zhivotni-kafepauza.mkrnrnНејзините фотографии изобилуваат со радост поттикната од животот во селото, бесконечната природа и нејзините две деца со цела армија животни кои ќе ви го загреат срцето.rn
    rn

    „Децата и животните – тоа е мојот живот. Јас сум мајка на два сина и ние поминуваме многу време на фармата.“

    rnКвалитетот на сликите се должи на природната светлина која ја користи, на добрата опрема за фотографирање и секако на љубовта кон децата, животните и фотографирањето.rnrnМинатата серија од овие волшебни фотографии од Елена Шумилова, исто така ги објавивме на Кафе пауза.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Mал апартман во Менхетн полн со топлина и женственост

    Mал апартман во Менхетн полн со топлина и женственост

    Дизајнерите Линдзи Босвел и Али Левин од LABLstudio при уредувањето на овој апартман, сместен во Менхетн, прават одличен спој меѓу земјените тонови и ненадејните изблици на јаки бои, произведувајќи дом кој е релаксирачки, топол и неверојатно женствен.rnrn(0) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mkrnrnrn

    Тие велат: „При уредувањето на апартманите особено важно е да создадете одделни делови за дневен простор, спиење, забава итн., дури и ако сите се дел од една соба. Секогаш кога имаме можност, се трудиме да го направиме тоа.“

    rn(1) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mkrnrnОсобено важно е тоа што парчињата мебел во овој животен простор може да се користат за повеќе намени, благодарејќи на идеите на дизајнерите. На пример, масичката поставена меѓу двата прозорци може да служи како место за вечерање, работно биро или за шминкање и средување, со оглед на поставеноста на огледалото. Полицата над креветот пак е уште еден паметен начин на максимално искористување на и онака малиот простор. Доколку трагате по идеи, погледнете ги сликите и инспирирајте се!rnrn(2) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (3) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (4) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (5) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (6) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (7) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (8) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk (9) mal-apartman-vo-menhetn-poln-so-toplina-i-zhenstvenost-kafepauza.mk

  • Уникатни радијатори кои ќе му дадат сосема несекојдневен изглед на вашиот простор

    Уникатни радијатори кои ќе му дадат сосема несекојдневен изглед на вашиот простор

    Радијаторите служат за да ни даваат топлина, но тоа не значи дека мора да се состојат од одреден број здодевни ребра какви што вообичаено имаме по домовите и канцелариите.rnrnУникатни радијатори кои ќе му дадат сосема несекојдневен изглед на вашиот просторrnrnОвие дизајни ги надминуваат границите на вообичаеното и секојдневното, и прават радијаторот да има и декоративна улога, а понекогаш и дополнителна функција, покрај топлотната. Во форма на декоративен предмет кој воопшто не можете да препознаете дека е радијатор, со дополнителна функционалност да дели две простории, со прегради за сушење на крпите или со свитливост и мобилност благодарение на кои можете да си ја донесете топлината до секоја точка во домот – овие радијатори се прекрасни креации кои можат да го претворат просторот во вистинско артистичко доживување.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните

    Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните

    Фотографиите на фотографката Елена Шумилова нè носат во една прекрасна бајковита средина каде две дечиња уживаат во играта со нивните пријатели од животинскиот свет: куче, мачка, патки и зајаче. Руската артистка ги користи временските услови и восхитувачката околина, што во комбинација со нејзините преслатки дечиња и нивните миленичиња од фармата резултира со прекрасни фотографии кои зрачат со топлина и удобност.rnrnТопли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животнитеrnrnНајголем поттик за создавањето на нејзините фотографии претставуваат руралната средина, природните феномени и промената на годишните времиња.rn
    rn

    „Јас многу ѝ верувам на мојата интуиција и на инспирацијата кога ги компонирам фотографиите. Се инспирирам главно од мојата желба да изразам нешто што го чувствувам иако најчесто не можам да кажам што точно е тоа“, вели Шумилова.

    rnНејзината страст за фотографија почнала да се развива во 2012 година кога го купила првиот фотоапарат, а сега фотографира секојдневно, поминувајќи го денот со нејзините деца и со животните на нивната фарма, додека навечер ги обработува направените фотографии.rn
    rn

    „Кога фотографирам, го преферирам природното светло, и внатре и надвор. Ги сакам сите светлосни услови – улични светла, светло од свеќи, магла, чад, дожд и снег – сè што дава визуелна и емоционална длабочина на сликата“, вели фотографката.

    rnТопли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните Топли фотографии со дечиња и нивната дружба со животните rnrn

  • Божиќно видео што ќе ви го стопли срцето

    Божиќно видео што ќе ви го стопли срцето

    Ова анимирано видео ја раскажува слатката приказна за зајчето, што на мечката ѝ подарува специјален подарок за да ја почувствува магијата на Божиќ, наместо да падне во зимски сон.rnrnУбедени сме дека видеото ќе ви се допадне и дека ќе ви го разбуди празничното расположение.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шолја за кафе која се буди заедно со вас

    Шолја за кафе која се буди заедно со вас

    Доколку се мислите некому што да му купите за новогодишните празници, тогаш ова е идеално решение за вас. Ова е шолјата за кафе „Wake Up!“ која е сензитивна на топлина, па доколку е празна или со ладна течност, целата е поспана и уморна, но доколку ѝ ставите топло кафе, се расонува и е спремна за нормално функционирање.rnrnШолја за кафе која се буди заедно со васrnrnИзработена е од порцелан, а доколку ви се допаѓа можете да си ја нарачате онлајн за десетина американски долари. Слична на оваа е и шолјата „Morning Cup“, која легнува да спие, кога и вие го правите тоа. Погледнете ги двете и направете го вашиот избор.rnrnШолја за кафе која се буди заедно со вас Шолја за кафе која се буди заедно со вас Шолја за кафе која се буди заедно со вас
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимска диета: засилете го греењето ако сакате да ослабете

    Зимска диета: засилете го греењето ако сакате да ослабете

    Повеќегодишно истражување кое е спроведувано во Шкотска, покажало дека луѓето чии домови се потопли во текот на зимата, губат повеќе килограми, за разлика од оние кои имаат послабо греење.rnrnЗимска диета: Засилете го греењето ако сакате да ослабетеrnrnШкотското истражување е правено во периодот 1995 – 2007 година, во соработка со повеќе од 100.000 луѓе, кои во своите домови имаат централно греење. Тоа покажало дека колку што е домот потопол, толку луѓето имаат повитка фигура.rnrnТемпературата над 23 степени во домот е поврзана со понизок индекс на телесна маса кај луѓето. Истовремено, топлината придонесува за зголемена потрошувачка на енергија, но и помал апетит, поради што луѓето ги губат килограмите.rnrnЗимска диета: Засилете го греењето ако сакате да ослабетеrnrnНаучниците овој феномен го објаснуваат на следниов начин: телото мора да ја одржува својата постојана температура, поради која во премногу топлите простории има потреба да ја ослободува. Со оглед на тоа што за тој процес е потребна енергија, која со самото тоа се согорува – се намалува и тежината.rnrnСепак, научниците споменуваат дека престојувањето во топли простории во текот на зимата не е само по себе доволно за да можете да ги намалите килограмите, особено не во празничниот период, кога повеќето луѓе се изложени на богати трпези. Тие советуваат дека со јадењето барем 5 мали оброци во текот на денот, меѓу кои ќе вклучите доста овошје и зеленчук кои ќе ве држат сити, ќе го намалите и внесувањето на масти и шеќери во организмот. Вашата вага, наскоро ќе ви биде благодарна.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се стоплите кога надвор е „ѕивра“ ладно?

    Како да се стоплите кога надвор е „ѕивра“ ладно?

    Кога многу ни студи, сите посегнуваме по вообичаените начини на загревање – го засилуваме парното, пиеме топол чај и слично. Некои од овие работи се погрешни, но други ќе ви помогнат подолго да ја задржите топлината на телото. Еве неколку совети.rnrnКако да се стоплите кога надвор е „ѕивра“ ладно?rn

    Не зголемувајте ја температурата на вашето грејно тело во домот

    rnКога ќе излеземе надвор на ладно, разликата во температурите може да предизвика промени во малите крвни садови што пак доведува до послаб проток на крвта до одредени делови од телото. Затоа, температурата во домот не треба да ви биде повеќе од 20 степени Целзиусови.rn

    Не пијте топло кафе или чај кога сакате да се загреете

    rnМногупати за да се загрееме на ладно време, сакаме да се напиеме шолја топол чај или кафе, но ова е една голема, а сепак вообичаена грешка. Кофеинот ги блокира рецепторите во крвите садови и со тоа спречува тие да се собираат на ладно. Бидејќи тие остануваат проширени, вие ја губите топлината многу побргу. Ако веќе сакате да се напиете нешто, изберете чај од ѓумбир кој има природни својства на загревање.rn

    Не држете ги рацете во џебовите

    rnИако првата работа што ни доаѓа да ја направиме кога ќе излеземе на студ, е да ги пикнеме рацете во џеб за да се загрееме, сепак, ова не е најдобро решение. Многу подобро е рацете да ви останат надвор, бидејќи мавтањето со нив додека се движите претставува своевидна вежба за телото, која го подобрува дотокот на крв и со тоа ви овозможува да бидете позагреани.rn

    Загрејте ја облеката на парно

    rnВо текот на зимата, една од најтешките работи кога станува збор за загревањето на телото, е одржување на тополината во стапалата. А нашите стапала се како термос, ако денот го започнете со ладни стапала, голема е веројатноста дека ќе останете смрзнати цел ден. Затоа, додека се подготвувате да излезете од дома, ставете ги чорапите и останатата облека на парно неколку минути и облечете ги топли.

  • Кујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?

    Кујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?

    Доколку сакате да го пиете вашето кафе додека е жешко, но понекогаш попатните активности не ви го дозволуваат тоа, еве едно едноставно решение.rnrnКујнски трик: како кафето подолго време да остане жешко?rnrnПред да го направите кафето, шолјата наполнете ја со врела вода. Потоа, истурете ја водата и сипете го кафето. Благодарение на овој трик, нема да ја загубите топлината на кафето, загревајќи ја студената шолја, поради што тоа подолго време ќе остане топло.rnrnТокму поради оваа причина, во кафулињата шолјите за кафе стојат на машината за еспресо – за постојано да се греат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.