КАФЕ ПАУЗА

Tag: топлина

  • Топол минималистички стан во студената Москва

    Топол минималистички стан во студената Москва

    Минималистичкиот дизајн најчесто значи жртвување на топлината на станот за добивање на поголема функционалност, но од секое правило има отстапувања. Така е и во овој случај. Топол минималистички стан во студената МоскваОвој прекрасен стан од 100 метри квадратни се наоѓа во Москва, Русија и плени со својата топлина и комфор. Дело е на дизајнерскиот тим од компанијата „ZE|Workroom studio“, а сопствениците побарале да добијат светол и просторен дом со многу место за складирање на работи. Сепак, дизајнерите своеволно „додале малку магија“ при дизајнирањето и резултатите се фантастични. Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената МоскваВо домот владее хармонија, а боите фантастично се дополнуваат и му даваат живост на овој прекрасен дом. Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва  Топол минималистички стан во студената Москва
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топли мисли за животот и љубовта од принцезата Дијана

    Топли мисли за животот и љубовта од принцезата Дијана

    Дијана, принцезата од Велс, беше првата жена на Чарлс, принцот од Велс. Нивните синови принцовите Вилијам и Хари се втори и трети по ред за наследување на тронот на Велика Британија. Уште со самото објавување на нејзината веридба со Чарлс, Дијана стана една од најголемите јавни личности во светот. Таа беше во центарот на медиумите, од почетокот до самиот крај кога трагично загина во сообраќајна несреќа во август, 1997 година.rnrnТопли мисли за животот и љубовта од принцезата ДијанаrnДијана извршувајќи ги своите кралски обврски, успеа да се вовлече во срцата на голем број луѓе ширум светот. За нејзината добрина и топлина сведочат и наредниве неколку цитати…rn

    „Фамилијата е најважното нешто на светот.“

    rn

    „Правете добри дела без да очекувате награда, но знаејќи дека еден ден некој може да го направи истото за вас.“

    rn

    „Правете го само она што ви го кажува срцето.“

    rn

    „Ако најдете некој кој го сакате во животот, цврсто чувајте ја таа љубов.“

    rn

    „Не сакам скапи подароци; не сакам да бидам купена. Имам сè што сакам. Едноставно сакам некој да биде тука за мене, да направи да се чувствувам безбедна и сигурна.“

    rnТопли мисли за животот и љубовта од принцезата Дијанаrn

    „Не се водам според правилата. Се водам според срцето, не според главата.“

    rn

    „Животот е само едно патување.“

    rn

    „Најголемиот проблем денес во светот е нетолерантноста. Сите се толку нетолерантни еден кон друг.“

    rn

    „Прегратките можат да направат многу добро, особено за децата.“

    rn

    „Секој од нас има потреба да покаже колку се грижи за другите, и додека го правиме тоа, всушност се грижиме и за себе.“

  • Шолја за кафе која спие додека спиете и вие

    Шолја за кафе која спие додека спиете и вие

    Утринската шолја за кафе (Morning Cup) е сензитивна на топлина, па така, во зависност од тоа во која состојба се наоѓа: празна или полна со топла течност, таа го менува своето расположение.rnrnШолја за кафе која спие додека спиете и виеrnrnДодека спиете, нејзините очи ќе бидат затворени, штом се разбудите и си го сипете свареното утринско кафе, ќе се разбуди и вашата шолја која ќе ве поздрави со широко отворени очи. Истовремено се менува и бојата на шолјата од црна во бела. Дизајнот е на Damion O´Sullivan, а можете да ја нарачате од Амазон за 9.55 долари.rnrnШолја за кафе која спие додека спиете и вие Шолја за кафе која спие додека спиете и вие Шолја за кафе која спие додека спиете и вие Шолја за кафе која спие додека спиете и виеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина

    Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина

    Овој интересен стан се наоѓа на малиот остров Лила Есинџен во Стокхолм, Шведска. Трисобниот стан се наоѓа на врвот на една зграда и е распослан на површина од 77 квадратни метри, а има и огромен балкон. Во кој било дел од денот, осветлен е со дневна светлина благодарение на големите прозори.Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлинаИако станот е уреден минималистички, сепак зрачи со топлина. Во кујната и дневната соба се употребени добро одбрани уреди и апарати, а во спалните – големи кревети. Сепак најимпресивен е балконот со големина од 30 квадратни метри од кој можете да уживате во прекрасниот поглед.Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина Минималистички стан во Шведска кој зрачи со топлина
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пролетна енергија во вашиот дом

    Пролетна енергија во вашиот дом

    Доколку вашата соба или дом не зрачи со топлина и енергија, не вознемирувајте се. Со овие неколку трикови брзо и лесно можете да го трансформирате во вистински пролетен рај.Пролетна енергија во вашиот домrn

    1. Пресонализирајте го просторот

    rnПовикувањето на луѓе во вашиот дом значи и отворање на вратата на вашата интима. Затоа наредете неколку ваши драги предмети на видно место, како на пример омилените книги, колекција плочи и слично. Сепак треба да внимавате, бидејќи тенка е границата помеѓу оставање личен печат и натрупување на просторот. Доколку сакате да се пофалите со одредени интересни предмети, погрижете се тие да бидат убаво распоредени низ повеќе делови од просторот. Тоа е многу подобро, отколку да направите хаос во едно ќоше од домот.rn
    rn

    2. Дозволете сонцето да продре во просторот

    rnРаширете ги завесите и дозволете сонцето да ви го наполни домот со позитивна енергија. Исто така, дозволете да влегува и свеж воздух во просторот, па редовно проветрувајте.rn
    rn

    3. Одлучете се за една боја

    rnЗа да направите релаксирачки будоар, експертите советуваат бојата на ѕидовите, подот и плафонот да бидат во иста нијанса. Ако се држите до еднобојна шема, ќе ги одбегнете незгодните граници помеѓу различните бои, а просторот ќе изгледа визуелно поблизок, како и поотворен и слободен, велат експертите. Белата, сината и сивата боја делуваат смирувачки, па се препорачливи особено за спална соба.Пролетна енергија во вашиот домrn

    4. Внимателно одбирајте ламби

    rnЗаборавате на ламбите кои се целосно изработени од метал или кои даваат придушено светло. Тие изгледаат многу ладно и стерилно. Наместо тоа одберете нежни варијанти и природни материјали. Стаклените лустери ќе му дадат посебен шмек на вашиот простор.rn
    rn

    5. Набавете големи, меки перници

    rnНеколку перници од мазни и пријатни материјали како што е памукот ќе додадат топлина во вашиот дом, а ќе ви бидат корисни во текот на целата година. Направете ги поголеми, но не целосно полни за да можете да пропаднете во нив.rn
    rn

    6. Бушави черги

    rnМногу важно за секој дом е како другите луѓе се чувствуваат кога ќе влезат во него. Идеално решение за да му дадете топлина на вашиот ладен под се бушавите черги, кои одлично прилегаат во секој дом.Пролетна енергија во вашиот домrn

    7. Одберете прекрасен букет

    rnСекој додаток од природата, особено цвеќињата, визуелно ќе го направи вашиот дом позитивен.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовта е збир од моменти, не бескрајна страст

    Љубовта е збир од моменти, не бескрајна страст

    Романтичните комедии, бајките и романтичната фикција многумина ги оставаат со размислувањето дека откако ќе ги најдат нивните принц или принцеза, љубовта ќе трае засекогаш. Брачните советници, истражувачите и долгогодишните парови во брак сè повеќе се борат против оваа идеја, тврдејќи дека придонесува за неразумни очекувања и обесхрабрувачки надежи. rnrnЉубовта е збир од моменти, не бескрајна страстrnrnНо, идејата дека љубовта е едноставно пронаоѓање на вистинската личност и потоа работење на проблемите како што доаѓаат, почнува полека да се напушта. Психологот Барбара Фредриксон во својата книга „Love 2.0: How Our Supreme Emotion Affects Everything We Feel, Think, Do, and Become“ ја напаѓа оваа идеја за која смета дека придонесува за хронична несреќа во романтичните врски.rnrn

    Љубовта како моменти

    rnМногу луѓе се запознаени со истражувањата кои укажуваат на тоа дека романтичната страст има тенденција да „умре“ по неколку години, но Фредриксон го однела ова истражување еден чекор понапред, тврдејќи дека љубовта се појавува во моменти, а не како единствен избор кој трае во текот на годините. Таа овие моменти ги нарекува „микромоменти на позитивна резонанса“.rnrnЉубовта е збир од моменти, не бескрајна страстrnrnИ покрај тоа што овој термин не изгледа многу романтично, истражувањето на Фредриксон дава корисни насоки за одржување на траењето на љубовта. За Фредрискон, овие микромоменти се карактеризираат со нагло надоаѓање на позитивни чувства за време на позитивна интеракција со одредена личност. Долгогодишните врски, гледани на овој начин, би можеле да бидат нешто малку повеќе од огромна колекција на среќни моменти кои се собираат во период од неколку години.rnrn

    Љубовта и мозокот

    rnИстражувачите постојано го зголемуваат својот интерес за ефектите кои љубовта ги има врз мозокот. Тие откриле дека, на пример, добрите слушатели имаат тенденција да ја пресликаат активноста на мозокот на соговорниците, што значи дека со слушањето на вашиот партнер, вие можете да завршите со истите или слични чувства кој тој/таа ги чувствувале во тој момент.rnrnЉубовта е збир од моменти, не бескрајна страстrnrnКога паровите комуницираат помеѓу себе, стимулацијата од вагусните нерви им овозможува да ги пресликуваат нивните фацијални експресии и да одржуваат контакт со очите. Фредриксон ги карактеризирала овие пресликувања како микромоменти на љубов кои се резултат на интензивната поврзаност помеѓу нивните мозоци.rnrn

    Одржување на долготрајната љубов

    rnИстражувањето на Фредриксон би можело негативно да влијае на идејата за избор направен еднаш кој потоа трае цел живот, но сепак ни нуди неколку совети кои би можеле да ни помогнат во одржување на љубовта. Таа вели дека, на пример, луѓето кои се вклучуваат во Будистичката медитација позната како љубовна-добрина (практика која помага при одржување на позитивните чувства и емпатијата), се повеќе способни за емпатија и можат подобро да ги разберат потребите на нивниот партнер. Ако љубовта навистина е микромомент, секојдневните постапки и избори вредат многу повеќе, па дури и наједноставниот акт на добрина може да биде клучен за одржување на уште еден ден исполнет со љубов.rnrnЉубовта е збир од моменти, не бескрајна страстrnrnПаровите кои сакаат да го употребат Фредриксовото истражување за да станат поблиски можат да ги пробаат овие неколку совети:rn

      rn011

    • Поминувајте секојдневно време фокусирано на вас двајца. Во просек паровите кои живеат заедно поминуваат само околу 150 будни минути еден со друг секој ден, од кои помалку од 30 минути се квалитетно време. Оваа статистика не ви остава многу можности за микромоменти на љубов.
    • rn011

    • Одржувајте ги позитивните чувства за вашиот партнер така што ќе размислувате „топло“ за него/неа, ќе медитирате или ќе се фокусирате на неговите/нејзините силни страни.
    • rn011

    • Одржувајте контакт со очите, тоа е клучот за подобра поврзаност. Пресликувањето на чувствата на вашиот партнер преку говорот на телото и активното слушање можат да придонесат за зголемена позитивност, топлина и чувства на љубов.
    • rn011

    • Секојдневно правете мали услуги за вашиот партнер, како изненадување со неговото/нејзиното омилено јадење. Овие постапки ги зголемуваат позитивните чувства и го намалуваат стресот.
    • rn011

    • Создавајте моменти на позитивност и со други луѓе надвор од вашата врска. Фредриксон вели дека луѓето кои имаат многу микромоменти на позитивност во текот на денот, чувствуваат многу повеќе љубов. Ако се чувствувате посреќно во вашиот живот ќе бидете многу потолерантни и ќе го намалите нивото на стрес кое може негативно да влијае на вашата врска.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

    Шалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

    Покрај неопходната топлина во студените зимски денови, шалот може да претставува и одличен моден додаток, доколку се комбинира на правиот начин. Еве десет машки модни комбинации со шал, кои сигурно ќе го подобрат вашиот стил.rn

    Еднаш врзан околу врат

    rnОва е наједноставниот начин да се врзе шалот. Оди и со спортска комбинација, но најдобро изгледа со сако или капут.rnrnШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеrn

    Париско врзување

    rnВаквиот начин на врзување на шалот најдобро изгледа во комбинација со кожна јакна или некоја друга кратка јакна. Кога е премногу студено можете да го ставите шалот во јакната, да го закопчате патентот до горе и да ги затворите сите влезови на студот.rnrnШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеrn

    Два пати замотан околу врат

    rnКога немате јака да ви помогне во заштитата од студот, двојното врзување на шалот околу вратот е вистинскиот избор. За ова ви е потребен подолг шал, кој можете да го носите врз јакната или да го пикнете во неа и да се закопчате. Можете да го комбинирате со секаква облека, битно е само да немате голема јака, затоа што му е потребен поголем простор.rnrnШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеrn

    Еднаш замотан околу врат

    rnКога сакате да оставите моден впечаток со шалот, ова е најдобриот избор. Комбинирајте го со зимска спортска јакна за авантуристички изглед или со мантил за разуздан стил.rnrnШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеrnrnПогледнете и други шик начини за врзување на вашиот шал, со кои ќе ви биде топло и истовремено ќе изгледате модерно:rnrnШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзувањеШалот како моден додаток за мажи во 10 различни стилови на врзување

  • Најубавите топли извори во светот

    Најубавите топли извори во светот

    Дел од овие топли извори се извонредно место за уживање и опуштање со лековити карактеристики, а други пак се опасни и до нив не треба да се приближуваме поради екстремно топлите температури. Како и да е, сите се благодет за сетилата, па дури и ако се набљудуваат од далечина. Ви ги претставуваме 8-те најубави топли извори.rn

    1. Памуккале, Турција

    rnНајубавите топли извори во светотrnrnОвој природен топол извор не можел да добие посоодветно име. На турски Памуккале значи „замок од памук“. Овие каскадни тераси исполнети со тиркизна вода кои пловат во бесконечните  бели петна, се заштитени од УНЕСКО како природни светски чуда. Овие базени се формирани од варовнички термални извори каде наслојките од калциум прераснале во дупки кои ја собираат водата и во нив може да се бањате. Водата е многу лековита и се употребува за лечење на астма, ревматитис и други болести.rn

    2. Џигокудани, Јапонија

    rnНајубавите топли извори во светотrnrnНепријателските шуми, стрмните карпи и меурчињата коишто излегуваат од вриењето на водата придонеле овој предел да се нарече „Долина на пеколот“. Џигокудани не е многу привлечен поради изворите, туку поради дивите Јапонските макаки кои се спуштаат во топлата долина во текот на зимските месеци. Тие знаат да се гушнат и заедно да уживаат во водите од топлиот извор. Прекрасна глетка. Оваа долина исто така има да понуди разни автентични храмови кои ќе може да ги посетите, да уживате во некоја локална масажа, да ја пробате Јапонската кујна и безброј други работи.rn

    3. Хуанглонг, Кина

    rnНајубавите топли извори во светотrnrnИлјадници години геолошка еволуција го обликувале ова осамено место кое претставува чудо на природата. Не е изненадувачки што Хуанглонг претставува Светско наследство на УНЕСКО. Како што ќе навлезете во пределот, ќе ве пречекаат кристално бели врвови, густа шума и кластери со езерца со широк спектар на бои, од портокалово-жолта до зелена и светло сина боја. Прекрасни цветови, пеперутки, мали водопади како и голем број ендемични животни придонесуваат за убавината на оваа „Земја од бајките“.rn

    4. Шампањски басен, Нов Зеланд

    rnНајубавите топли извори во светотrnrnОвој шампањски басен е геотермален рај на пределот Wai-O-Tapu кој се наоѓа во близина на Роторуа. Карактеристично за овој предел е тоа што изобилува со мали езерца кои имаат боја на шампањ, па оттаму им потекнува и името. Бојата се должи на меурчињата од јаглерод диоксид кои даваат интересни нијанси. Овие басени може да ги прошетате преку дрвени мостови и секако да уживате во прекрасната природа.rn

    5. Травертин, Америка

    rnНајубавите топли извори во светотrnrnОва е топол извор кој се наоѓа во близина на Бриџпорт по должина на источниот фронт на Сиера. За оние кои знаат за неговото постоење, Травертин е пријатна станица на пат накај дома од Јосемитите. За неговата локација нема никакви знаци и маркери заради што има и помалку посетители. Така е задржана природата дива и недопрена. Водата е умерено топла, па може да се избањате. Исто така опуштените вечери со полна месечина и топла вода која жуборка е неповторливо искуство.rn

    6. Гранд Призматик, Јелоустоун

    rnНајубавите топли извори во светотrnrnНишто не може да ја опише оваа атракција на Националниот парк Јелоустоун, како нејзиното име. Овој басен е 112 метри во дијаметар и 37 метри длабок. Изобилува со огромен спектар на бои што наликува на виножито. Секоја боја претставува варијација во температурата на водата. Басенот наликува на око, а го нарекуваат и прстен на огнот, вратата на пеколот и киклопско око. Ако планирате да го посетите овој топол извор се препорачува возење со хеликоптер за да може целосно да го видите и да го доживеете комплетно.rn

    7. Сина лагуна, Исланд

    rnНајубавите топли извори во светотrnrn„Енергијата на животот преку силите на природата“- така е мотото на веб-сајтот за најпознатиот геотермален извор во Исланд кој се наоѓа на 50 километри од Рејкјавик. Овој извор располага со шест милиони литри млечно бела морска вода која искомбинирана со вулканските полиња не само што го одзема здивот, туку и го прави искуството надреално. Може да уживате во различни масажи или едноставно да одморате во прекрасната вода која има и лековити својства.rn

    8. Мамут, Америка

    rnНајубавите топли извори во светотrnrnДобредојдовте во најголемата природна хемиска лабораторија во светот каде што топлината и водата се моделираат во еден комплексен систем на испакнати тераси кои постојано го менуваат обликот и бојата. Се наоѓа во северниот дел на Јелоустоун и претставува совршено место за излет. И горната и долната тераса даваат спектакуларен склоп на различни, бои па кога сте најгоре погледот е незаменлив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шармот на малите европски градови

    Шармот на малите европски градови

    Метрополите се познати и привлечни токму заради својата големина и раскош. За разлика од нив, малите гратчиња поседуваат топлина и мир карактеристични само за нив. Со еден збор, тие имаат душа.rnrnВи ги претставуваме најубавите мали градови во Европа, кои нема да ве остават рамнодушни.rn

    Салцбург, Австрија (Salzburg)

    rnВпечатливата архитектура во стилот на барокот е тоа што го прави ова место уникатно и интересно. Градот во кој има 3 универзитети, секоја година привлекува студенти од цела Европа. Салцбург е родното место на познатиот композитор Моцарт, што е причина плус да се посети ова гратче.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Мостар, Босна и Херцеговина (Mostar)

    rnМостар е најзначајниот град во Босна и Херцеговина. Изграден покрај реката Неретва, плени со старите градби кои потекнуваат од времето на Отоманската Империја. Најзначаен симбол на градот е Стариот Мост, по што е и именуван.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Хвар, Хрватска (Hvar)

    rnХвар е пристаниште во Хрватска. Опкружен со ѕидини во италијански стил изградени во 13 век, Хвар е познато туристичко место за летување.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Пореч, Хрватска (Poreč)

    rnНајзначаен белег на градот е Базиликата Еуфразиан од 6 век, која е заштитена од УНЕСКО од 1997 година. Ова гратче, кое е старо скоро 2.000 години, шармира со својата смиреност и уникатност.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Чешки Крумлов, Р. Чешка (Český Krumlov)

    rnОва интересно гратче кое се наоѓа во јужниот дел на Р. Чешка, е значајно по својата единствена архитектура и грандиозниот замок, кој по големина е втор веднаш после замокот Хратчани во Прага, главниот град на Р. Чешка.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Карлови Вари, Р. Чешка (Karlovy Vary)

    rnГрадот на „кралските бањи“, е познат по многубројните минерални жешки извори, кои често се посетувани од славните личности. Овде се одржува и еден од најстарите, а воедно и најреномираните филмски фестивали во Европа.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Јорк, Англија (York)

    rnЈорк спаѓа во т.н. заѕидани градови, околу кој се изградени ѕидини кои го заштитувале градот во минатото. Ова место има богато културно наследство и претставува центар на значајни политички настани кои се одвивале во минатото.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Колмар, Франција (Colmar)

    rnОва француско гратче со градби кои наликуваат како да се од бајките, е основано во 9 век. Многубројните музеи се карактеристичен белег на градот, од кои најпознат е музејот Унтерлинден.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Мајсен, Германија (Meissen)

    rnГрадот Мајсен се наоѓа во источна Германија и е познат како „центар на Саксонија“. Ова место вреди да се посети за да се види прекрасната катедрала Мајсен изградена во готски стил, порцеланот кој се произведува овде, како и замокот Albrechtsburg.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Кордоба, Шпанија

    rnКордоба се наоѓа во јужна Шпанија, Андалузија. За време на средниот век, овој град бил престолнина на исламскиот калифат и еден од најголемите градови во светот. Веднаш ќе ве маѓепса со импресивните архитектонски зданија, за кои вреди да се посети.rnrnШармот на малите европски градови
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 езера со несекојдневна убавина

    10 езера со несекојдневна убавина

    Автор: Маја ВладимироваrnrnПортокалови, розови, зелени… повеќето од овие езера изгледаат како некој сликар да си поиграл со четката. Всушност природата е таа која си поиграла со боите и ги создала овие неверојатни езера кои ќе ве остават без здив.rnrn

    Езеро на шампањското, Нов Зеланд

    rnЕзерото на шампањското (Champagne Pool) e кратерско езеро кое се наоѓа на Северниот остров во Нов Зеланд. На местото каде што денес се наоѓа езерото имало неверојатно убави бели и розови карпести тераси, но откако еруптирал вулканот Мауна Тарауера, на местото на терасите се појавило блескаво смарагдно-зелено езеро. Топлиот извор од кој денес се затоплува езерото се формирал пред околу 900 години. На дното, водата достигнува температура и до 260° C, додека на површината на езерото се движи меѓу 73  и 75 Целзиусови степени.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Диего де ла Хаја, Костарика

    rnДиего де ла Хаја е вулканско езеро сместено во еден од 5-те кратери на вулканот Иразу. Ова езеро често знае да ја смени својата боја од вообичаената зелена во сива, црвена или розова во зависност од типот на гасот кој се ослободува како резултат на вулканската активност во подолните слоеви.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Таал, Филипини

    rnВедрина, смиреност, чиста убавина и поглед кој го одзема здивот, се само дел од зборовите кои го опишуваат езерото Таал. Неговата вода е чиста и свежа, но исто така полна со сулфурна киселина и различни форми на сол како што се содиум, алуминиум и магнезиум како последица на неговото вулканско потекло. Меѓутоа она што го прави посебно ова езеро е тоа што во него има остров во кој се наоѓа друго езеро. Ова внатрешно езеро е всушност најголемото езеро на остров кој се наоѓа во друго езеро во светот.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото што врие, Доминика

    rnЕзерото што врие (Boiling Lake) е сместено во националниот парк Морн Труа Питон, Доминика. Исполнето е со сиво-синa вода која врие и е опколено со облак од пареа. Периодично му се менува нивото на водата, па така во 2006 година било речиси целосно испразнето и воопшто не вриело. Ова езеро е второ по големина во светот од ваков тип со температури од 82 до 91,5 Целзиусови степени.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Асалско Езеро, Џибути

    rnАсалското Езеро е кратерско езеро во централен Џибути. Лежи на 155 метри под морското ниво и на тој начин претставува најниската точка во Африка. Асалското езеро се карактеризира со високо ниво на соленост (до 34,8 %), повеќе дури и од Мртвото Море со што го добива епитетот најсолено езеро.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Обоената Лагуна, Боливија

    rnОва езеро е препознатливо по својата црвена боја, која е резултат на минералите и алгите кои ги содржи. Па така, според концентрацијата на алгите, езерото добива различни нијанси на црвената боја во различни периоди.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Урмијанското езеро, Иран

    rnУрмијанското езеро е солено езеро кое се наоѓа во северозападен Иран во близина на границата со Турција. Тоа е најголемо езеро во внатрешноста на Иран и трето солено езеро во светот. Температурата на ова езеро се менува драматично, од -20 Целзиусови степени во зима до 40 Целзиусови степени во лето. Денес на ова езеро му се заканува опасност од пресушување, доколку не се стори ништо за да се заштити.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Тешекпук, САД

    rnОваа сина езерска површина со необична форма најпрво била исполнета со слатка езерска вода, меѓутоа денес како последица на топењето на Арктичкиот мраз и ронењето на земјата е измешана со морска вода. Претставува дом на разновиден Арктички екосистем кој поради глобалното затоплување денес е во опасност.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Лилук, Канада

    rnЕзерото Лилук, познато и како Точкесто езеро се наоѓа во близина на Ванкувер, Канада. На прв поглед изгледа како да има алги насекаде во него, но причината за ваквиот изглед е сосема поинаква. Во лето, кога водата испарува, поради неговиот уникатен состав со минерали се прават прекрасни живописни кругови низ целото езеро.10 езера со несекојдневна убавинаrn

    Езерото Хилиер, Австралија

    rnСпецифично за ова езеро е неговата светло розова боја. Како езерото ја добило оваа боја е сè уште мистерија. Се претпоставува дека ја добило од бактерии и алги, иако тоа сè уште не е научно утврдено. Сместено е во шумски предел богат со еукалиптус и претставува природно чудо во Австралија.10 езера со несекојдневна убавина
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.