КАФЕ ПАУЗА

Tag: топлина

  • 15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есен

    15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есен

    Ако сте разочарани или сте под стрес, можеби една прегратка ќе го подобри вашето расположение. Докажано е дека прегратката има многу здравствени придобивки, како што се намалување на крвниот притисок и намалување на стресот. Погледнете ги овие фотографии и дозволете ѝ на целата топлина да ве обвитка.rnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrn15 фотографии од слатки прегратки што ќе ве стоплат оваа есенrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Како да знаете дали да ставите мраз или нешто топло на спортската повреда?

    Како да знаете дали да ставите мраз или нешто топло на спортската повреда?

    Секојдневните предизвици на кои го изложувате вашето тело може да доведат до различни повреди – без разлика дали се работи за спортски повреди или болка поради паѓање. Начинот на кој ја лекувате болката е клучен за процесот на закрепнување. Дали знаете кога треба да користите мраз, а кога да нанесете топли облоги на вашата повреда?rnrnКако да знаете дали да ставите мраз или нешто топло на спортска повреда?rn

    Кога да користите мраз?

    rnЛадната терапија, позната како криотерапија, најчесто се користи за лекување болка предизвикана од оток или воспаление. Ниските температури помагаат да се намали протокот на крв во повредената област, со што се намалува дополнителниот притисок на мускулите и на тетивите. Ова ја ублажува болката во таа област бидејќи се намалува чувствителноста на нервите.rnrnПовеќето свежи повреди бараат ладна терапија за олеснување на отокот, на воспалението и на болката. Тука спаѓаат повеќето спортски повреди, како што се истегнување на зглобовите и напрегнување на мускулите, шинување и други повреди што водат до ненадејна акутна болка. Меѓутоа, кога станува збор за ладнаta терапија, времето е клучен фактор. Предолгото чување на ладните облоги може да нанесе повеќе штета отколку корист. Повредите никогаш не се лекуваат со мраз подолго од 20 минути.rn

    Кога да користите топлина?

    rnТоплинската терапија се користи за болка поврзана со вкочанетост во зглобовите и во мускулите. Повисоките температури го стимулираат протокот на крв во вените, односно испраќаат хранливи материи и кислород до погодената област. На овој начин се подобруваат подвижноста и флексибилноста, а во исто време се забележува значително намалување на болката.rnrnТоплинската терапија најчесто се користи за хронични повреди или за оние што се присутни долго време, но не се санирани навреме. Кога сте дома, можете да спроведете топлинска терапија на два начини: со поставување топла влажна крпа на болното подрачје или со топла бања, како и сува постапка на загревање ткаенина во микробранова печка или во рерна, што исто така може да биде ефикасно. За разлика од ладните облоги, топлите можете да ги чувате на повредената област подолго време.rnrnПрочитајте кои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група.

  • Евтини и практични начини да направите радијаторите во вашиот дом да греат подобро

    Евтини и практични начини да направите радијаторите во вашиот дом да греат подобро

    Ако сакате да ви биде уште потопло во овие студени денови, а за тоа да не платите повеќе, тогаш погледнете ги овие одлични совети, кои ќе ви понудат евтини, практични и ефикасни решенија. Оние кои се обиделе со овие методи тврдат дека топлината се зголемува како да вклучиле уште еден радијатор во просторијата.rnrnЕвтини и практични начини да направите радијаторите во вашиот дом да греат подоброrnrnСовет број 1: На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлектирачки материјал, како што е на пример алуминиумската фолија за домаќинството или пак фолијата за заштита на ветробранското стакло на автомобилот од сонце. Така, радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, топлината нема да излегува надвор низ ѕидовите и ќе се одбива директно во собата.rnrnСовет број 2: Залепете алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да биде однадвор, па ставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Секако, страната со фолијата треба да биде свртена кон радијаторот. На овој начин топлината ќе се одбива од површината на фолијата и ќе се враќа во вашиот дом, наместо да се впива во ѕидовите.rn

    Еве уште неколку дополнителни совети кои ќе ви помогнат да ја сочувате топлината во вашиот дом

    rn1. Затворете ги вратите. Затворените врати не само што ќе го спречат воздухот да се движи во останатите соби, туку тоа ќе ви помогне и да ја одржувате топлината што сте ја создале во одредена просторија (без разлика дали од оган, радијатор или од некое друго грејно тело).rnrn2. Постелете нешто на вашиот под. Теписите не се само начин за додавање боја и стил во вашиот дом, туку тие играат значајна улога и во одржувањето на топлината на подот. Изберете тепих или черга кои ви одговараат, па прстите на нозете дефинитивно ќе ви бидат благодарни.rnrn3. Исклучете ги издувните вентилатори во вашиот дом. Тие го повлекуваат топлиот воздух кој се издига на таванот. Ако морате да ги користите, тогаш правете го тоа умерено и не заборавајте да ги исклучувате веднаш откако ќе завршите со активностите.rnrn4. Преместете го вашиот мебел. Настојувајте вашиот мебел да не се наоѓа пред некој голем прозорец со што би се спречувало влегувањето на сончева светлина во текот на денот. Исто така, внимавајте да не поставувате големи парчиња мебел во предниот дел на радијаторите, како што се креветот или софата, кои би ја апсорбирале топлината.

  • Часовник на иднината: Се полни од топлината на вашето тело, па не мора никогаш да го тргнете од рака

    Часовник на иднината: Се полни од топлината на вашето тело, па не мора никогаш да го тргнете од рака

    До сега, сигурно сите сте навикнати на полнење на вашиот телефон. Покрај апликациите кои постојано ја трошат батеријата, вие секојдневно сте зависни од вашиот полнач. Од друга страна пак, паметните часовници се малку поразлични.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnЗа разлика од мобилните телефони, паметниот часовник е погоден за носење, не бара многу напор, но сепак некои луѓе може да заборават да го наполнат целосно. Решението за овој проблем го нуди индустријата Матрикс која го создала „PowerWatch“, уред кој добива енергија од топлината на телото. Тие објаснуваат:rn

    „За разлика од денешните паметни часовници кои треба да ги полните на секој ден или два, ‘PowerWatch’ не треба никогаш да го отстраните од вашиот зглоб за да го полните.“

    rnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnТој служи за голем број цели, како што е следењето на согорените калории, нивото на активност, како и спиењето. Може да биде безжично синхронизиран со вашиот телефон преку апликации. Тој е водоотпорен и исклучително издржлив.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnТимот го создал овој часовник како начин за да ја тестира технологијата за термоелектричен извор на енергија. Со неколку зборови, термоелектричниот генератор е уред кој ја претвора топлината во енергија.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnСо цел да го стори тоа, генераторот мора да одржува две температури: Висока топлина и ниска топлина. Поради оваа причина, овој часовник е одличен: Страната којашто е во допир со вашата кожа останува топла, додека неговата површина останува поладна.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnОваа навидум едноставна разлика во температурата е онаа што му дава сила на часовникот. Кога не е на вашиот зглоб и со тоа не создава енергија, часовникот е привремено исклучен. Поради внатрешната батерија, датумот и времето нема да бидат погодени и сѐ ќе биде онака како што сте го оставиле.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnНесомнено е дека ова е часовникот на иднината, а компанијата очекува тој да биде достапен за испорачување во јули наредната година.

  • 12 животни лекции кои ги научивме од нашите баби

    12 животни лекции кои ги научивме од нашите баби

    Бабите се многу значајни личности во животот на секој човек. Оние луѓе кои ја имале таа среќа и привилегија да растат покрај баба, знаат каква топлина зрачела од неа, со колку љубов и грижа ги гледала своите внучиња. Јадењата на баба секогаш биле највкусни, а нејзиниот дом бил полн со мириси кои се длабоко врежани во сеќавањата. Бабите се олицетворение на мудрост. Животот ги научил на многу нешта, а тие несебично им делат најискрени совети на своите најмили. Кога ви е тешко и мислите дека не можете да се справите со некоја ситуација, само сетете се на приказните од вашата баба и најтешките моменти кои таа ги преживеала. Од минатото на нашите баби можеме да ја црпеме енергијата која ни е потребна за нашата иднина. Прочитајте ги овие 12 совети од нашите мудри бабички.rnrn(1) 12 животни лекции од нашите бабиrn

    1. Вдишете ја иднината, издишете го минатото

    rnБез оглед во каква ситуација се наоѓате, верувајте дека секогаш постои светло на крајот од тунелот. Никогаш не очекувајте, не претпоставувајте и не барајте. Само давајте сè од себе, контролирајте ги работите кои можат да се контролираат, а останатото оставете го на времето. Вложувајте секогаш многу, со искрено срце и енергија. Тоа кон што тежнеете ќе дојде или пак самиот пат ќе ви покаже на каде да одите.rn

    2. Животот повторно може да биде едноставен

    rnДоволно е да се сконцентрирате на една работа, а не на повеќе нешта истовремено. Не морате да завршите сè и тоа одеднаш. Дишете длабоко, бидете присутни во сегашниот момент и дајте сè од себе да ја завршите најдобро што можете работата пред вас. Во сè што ќе се вложите, животот повеќекратно ќе ви врати, иако тоа можеби во овој момент не ви изгледа така.rn

    3. Нека ве прифатат такви какви што сте или воопшто нека не ве прифаќаат

    rnСекогаш зборувајте ја вистината, па дури и тогаш кога чувствувате страв и непријатност. Бидете она што сте, затоа што на тој начин на светот му го давате она за што сте се родиле. Самоуверено одете по својот пат и не очекувајте од другите да го разберат вашиот пат. Доволно е вие да ја знаете вашата цел и крајна дестинација.rn

    4. Не сте личноста од порано и тоа е сосема во ред

    rnЛуѓето се менуваат низ животот. Повредите, загубите, искачувањата и падовите оставаат трага и ја обликуваат вашата личност. Низ животот, преку убавите и лошите искуства, сте ја смениле перспективата, а вашиот дух растел и созревал. Некогаш можеби ќе добиете негативна забелешка дека не сте повеќе истата личност, дека сте се промениле, а вие одговорете им на овој начин „Секако дека сум сменет/а. Така е тоа во животот. Но, јас сум истата личност, само малку посилна од претходно“.rn

    5. Сè што се случува ви помага да растете, дури и најтешките моменти

    rnОколностите ќе ви дадат правец, ќе ве исправат и со текот на времето ќе ве усовршат. Без оглед на ситуацијата во која се наоѓате во моментот, никогаш не губете надеж. Верувајте дека плимата и осеката еден ден ќе ве доведат до прекрасно мирно крајбрежје.rn

    6. Не учете за да бидете богати, туку среќни

    rnИзберете го она што ве прави среќни. На крајот од животот ќе заклучите дека најубави денови ви биле оние во кои не се случило ништо посебно, а вие сте имале насмевка на вашето лице. Не барајте многу, најдете среќа во малите работи кои ви причинуваат задоволство.rn

    7. Бидете позитивни

    rnРаботите кои ви се случуваат сами ги привлекувате со вашето размислување и со вашиот став кон животот. Затоа, насмејте им се на оние кои сакаат да ве повредат, покажете им што им недостига во животот, а што не можат да ви одземат.rn

    8. Посветете им се на луѓето кои ги сакате

    rnНе ги занемарувајте блиските луѓе. Секогаш најдете време за нив и погледнете ги во очи. Очите ќе ви кажат сè. Ако забележите тага прегрнете ги, ако забележите среќа радувајте се со нив. Не лутете им се на оние кои ве бараат само кога нешто им треба. Напротив, чувствувајте се привилегирани што во најтешките мигови им текнува на вас. Ослободете љубов и љубов ќе ви се врати.rn

    9. Понекогаш морате да ја пуштите личноста која ја сакате

    rnНемојте со сила да ги држите луѓето до вас. Ако некој нашол сопствен пат да продолжи без вас, пуштете го/ја. Партнерот, пријателите, роднините… Сите имаат право на среќа и личен раст.rn

    10. Заминете од луѓето кои го попречуваат вашиот пат

    rnСо тоа ќе направите простор за оние кои ве поддржуваат и ви помагаат да бидете најдобрата верзија од себе. Со созревањето, јасно ќе видите кој ви посакува добро, а кој ви го затвора патот до успехот. Со некои луѓе, кои можеби ги познавате и целиот живот, едноставно повеќе не делите ист или сличен поглед на светот. Сочувајте ги убавите сеќавања од заедничките моменти и продолжете напред, без тие луѓе.rn

    11. „Не можам да верувам дека го постигнав тоа“ наместо „Би сакал да го постигнев“

    rnШто и да направите, секогаш ќе се најде некој кој нема да биде задоволен од вашиот успех. Затоа, немојте да го живеете животот во обид да ја импресионирате околината. Наместо тоа, секојдневно импресионирајте се себеси. Сакајте се доволно и никогаш не ги симнувајте своите стандарди за да ги задоволите барањата на луѓето околу вас.rn

    12. Ако не можете да најдете среќен крај, побарајте нов почеток

    rnПрифатете ги своите повремени неуспеси. На тој начин учите. Најсилни луѓе се оние кои се смеат кога им е најтешко – тие луѓе минале низ најтешките битки и знаат да го почитуваат секој момент. Тие луѓе одлучиле дека нема да дозволат ништо да ги порази и секогаш избираат нов почеток, ако видат дека го нема среќниот крај.

  • Живејте здраво: Ајурведска препорака за летна исхрана

    Живејте здраво: Ајурведска препорака за летна исхрана

    Која храна е најдобра за летото? Можеме ли да направиме нешто во текот на летните денови да се чувствуваме подобро и полесно да ги поднесуваме жештините? Индиското учење Ајурведа дава совети за летна исхрана и објаснува што се случува со нашето тело во текот на овој период од годината. Секое годишно време има одредено влијание врз чувствителната рамнотежа во нашиот организам. Тоа влијание можеме да го ублажиме со промена на некои наши животни навики и промени во исхраната. Летно време, сонцето ја покажува својата сила, предизвикува испарување на насобраната влага во земјата и создава жештини и суви периоди. Во текот на летото доминира дошата пита. Зборот „пита“ доаѓа од санскритскиот збор „тап“, што значи создавање топлина. „Пита“ карактеризира топлина, енергија, светло и промена.rnrn(1) Ајурведска препорака за летна исхранаrn

    1. Која храна е најдобра за топлите летни денови?

    rnЛетно време избирајте слатка, студена и течна храна, како што се млечните пијалаци, ориз, овошје и тофу. Сокот од алое вера е одличен тоник од билки за летниот период кој помага во работата на црниот дроб и го разладува организмот. Бидете умерени со алкохолот, затоа што може значително да ја зајакне дошата пита. На истиот начин, како алкохолот, можат да влијаат и премногу зачинетите, киселите, масните и солените јадења. Макробиотиката нè учи дека во лето треба да јадеме колку што е можно полесна храна, како што се сезонското овошје и зеленчук, кои растат локално и да пиеме многу вода и супа од зеленчук.rn

    2. На кои продукти да им даваме предност?

    rn

      rn011

    • Слатко овошје – јаболка, кајсии, смокви, цреши, грозје, лубеници, дињи, сливи
    • rn011

    • Зеленчук – тиквички, шпаргли, пиперки, свежа пченка, краставици, карфиол
    • rn011

    • Никулци
    • rn011

    • Житарки – јачмен, бел басмати ориз, производи од интегрална пченица
    • rn011

    • Мешунки – леќа, наут
    • rn011

    • Производи од соја – тофу, млеко од соја
    • rn011

    • Семки од тиква и сончоглед
    • rn011

    • Домашни млечни производи – свежо сирење, кравјо млеко, козјо млеко
    • rn011

    • Зачини – свеж босилек, коријандер, ким, копар, нане, шафран, куркума
    • rn011

    • Масло (умерено) – маслиново, сончогледово…
    • rn011

    • Пијалаци – вода, свежо цедени овошни сокови, сокови од зеленчук
    • rn011

    • Разладени млечни пијалаци и процедени супи од зеленчук
    • rn011

    • Ладни чаеви – камилица, хибискус, коприва, нане
    • rn

    rn

    3. Кои продукти е најдобро да се избегнуваат поради топлата енергија?

    rn

      rn011

    • Кисело овошје – кисели јаболка, недозреано овошје, рибизли, вишни, зелено грозје, лимон
    • rn011

    • Зеленчук – цвекло, морков, модар патлиџан, лук, маслинки, сиров кромид, лути пиперки
    • rn011

    • Житарки – пченка, хељда, ‘рж, просо, овес
    • rn011

    • Јаткасти плодови – бадеми, бразилски оревчиња, индиски оревчиња, ореви, кикирики
    • rn011

    • Сусам
    • rn011

    • Лавор, каранфилчиња, оригано, црвен пипер, рузмарин
    • rn011

    • Тврди сирења, фета сирења, кисела павлака, јогурт (може разреден со вода 1:1)
    • rn011

    • Алкохолни пијалаци, газирани пијалаци, кафе, чај, кисели овошни сокови
    • rn011

    • Чаеви од ѓумбир и цимет
    • rn

    rn

    4. Како би требало да изгледа дневното мени?

    rnПочеток на денот со житарки во соино или домашно кравјо млеко, за појадок овошна салата, за ручек – крекери од пченица, намаз од зеленчук и мешана салата од различен зеленчук. Потоа за ужина може да имате студен чај, вечера од варен наут, варен ориз и динстуван зеленчук. За десерт може да се послужите со пудинг од ванила или гриз со овошје. За пиење користете природен овошен сок разреден со еднаква количина на вода. Ваквиот начин на исхрана треба да се практикува до крајот на летото. Потоа со почетокот на есента, со зачестените дождови и влага, ќе се внесат одредени промени кои соодветствуваат на тој период од годината.

  • Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета на домови за пензионери

    Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета на домови за пензионери

    Едно прифатилиште за мачки во Охајо покренало прекрасна иницијатива, во која миленичињата кои се постари од седум години се носат во посета на луѓе сместени во домови за пензионери. Спојувањето на мачките и луѓето има за цел да создаде чувство на топлина и меѓусебна утеха. Оваа идеја наишла на отворени врати и голема радост, затоа што луѓето кои се сместени во колективните домови, обично немаат можност да чуваат миленичиња. Посетата на мачките, кои се на приближна возраст со нив им дава одредена сигурност и припадност.rnrn(0) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионериrn

    „Изминатата година, преку оваа програма, со нашите мачки посетивме неколку заедници на пензионери. Таму носиме мачки кои се постари од 7 години. Многу од станарите на тие домови немаат можност да чуваат миленичиња, поради што прекрасно ја прифаќаат идејата дека можат да поминат пријатни мигови со своите посетители“, изјави Џордан Амерли, графички дизајнер и посветен волонтер во оваа програма на засолништето за мачки во Охајо.

    rn(1) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионериrnrnТој посочува дека луѓето сакаат да раскажуваат приказни за своите поранешни миленичиња и бараат да бидат фотографирани со мачките, за да можат фотографиите да им ги испратат на своите деца и внуци.rnrn(2) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионериrnrnНо, во посетите, еднакво уживаат и мачките. Амерли вели дека повеќето од старите мачки во своите поодминати години времето го минуваат само во јадење и спиење.rnrn(3) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионериrnrnПреку ваквите организирани посети, и ним им се овозможува да излезат надвор од прифатилиштето и да бидат покорисни за заедницата, затоа што ги развеселуваат пензионерите и им внесуваат свежина во нивното секојдневие.rnrn(5) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионери

  • Мачки кои ја сакаат топлината повеќе од што било друго

    Мачки кои ја сакаат топлината повеќе од што било друго

    Најпознатиот факт за мачките е дека тие го преспиваат најголемиот дел од својот живот. Од друга страна, кога не спијат, тие подготвуваат план за освојување на светот. Но, има уште едно нешто кое го прават, во ситуациите додека спијат и не коваат планови за освојување на светот… Тогаш бараат место на кое можат да се стоплат.rnrnrnrnДоказот за ова ќе го најдете во галеријата која следува. Како што може да видите, понекогаш мачката е подготвена да направи сѐ за да ја исполни третата задача во својот живот. Нема сонце? Радијаторот ќе заврши работа. Не може да најде човек врз кој ќе заспие? Тука е неговиот лаптоп. Нема радијатор, ниту лаптоп? Тука е рерната. Мачките се бескрајно инвентивни кога станува збор за барање место за спиење или топло место за починка. Да се надеваме дека не се така инвентивни кога се работи за плановите за освојување на светот.rnrn

  • Трикови со кои ќе ја задржите топлината во вашиот дом

    Трикови со кои ќе ја задржите топлината во вашиот дом

    Бидејќи овие денови времето надвор е сè поладно и поладно, имаме потреба што повеќе да останеме во убаво затоплениот дом. Сите ние немаме можности да го засилиме греењето (а оние кои имаат, му штетат на домашниот буџет), па затоа ви носиме листа на чекори кои ќе ви помогнат да го одржувате вашиот дом подолго време потопол.rnrn1-trikovi-so-koi-kje-ja-zadrzhite-toplinata-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnПод прозорците и вратите поставете ќебиња, па на овој начин ќе излегува помалку топлина од вашиот дом.rnrnНа радијаторите можете да вградите автоматски термостат, кој температурата во воздухот постојано ќе ја одржува на исто ниво.rnrnНад радијаторот кој се наоѓа под прозорот поставете алуминиумска фолија. Па така, топлината ќе биде насочена кон просторот, а не кон ѕидот под прозорот.rnrnАко поставите штица над радијаторот, тоа ќе преставува препрека топлиот воздух да излегува низ прозорот. Исто така, радијаторите не смеете да ги засолнувате со завеси и мебел.rnrnИзбегнувајте прозорците или вратата од терасата да ги оставате подотворени, бидејќи на тој начин топлината од просторијата излегува, а воздухот е се понеквалитетен. Наместо тоа, проветрувајте ја собата неколку пати во денот.rnrnСпуштањето на ролетните, исто така, може да овозможи топлината подолго време да остане во просторијата.rnrnДоколку надвор е ладно, но сепак сончево, тргнете ги завесите за природната топлина да навлезе во вашиот дом.rnrnМногу енергија се троши со загревање на ладни простории. Подобро обидете се температурата во собата да ја одржувате еднаква во текот на целиот ден – преку ден околу 20, а навечер околу 15 степени.rnrnНа паркетот или ламинатот ставете тепих – ќе ви послужи како изолација која ќе го спречи губењето на топлината во подот.rnrnПосле печењето нешто во рерна, оставете ја вратичката отворена, за додатно да ја загрее ладната просторија.

  • Дали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?

    Дали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?

    Свежо подготвеното кафе има околу 100 степени и откако ќе го сипете во шолја неговата температура за само неколку минути се симнува на 50 степени. Откако ќе ја достигне оваа температура, потоа почнува побавно да опаѓа. Но, дали бојата на шолјата има некакво влијание врз тоа колку брзо целосно ќе се олади вашето кафе?rnrnДали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?rnrnСте забележале ли како за време на топлите летни денови, доколку носите црна блуза ви е многу потопло отколку кога носите бела? Причината е едноставна, темните предмети повеќе апсорбираат топлина. Истото се случува и со кафето. Доколку сакате вашето кафе побрзо да се олади, тогаш би требало да го сипете во црна шолја бидејќи таа побрзо ќе ја апсорбира неговата топлина.rnrnОваа приказна има две страни. Бидејќи темната боја емитува повеќе топлина од светлата, доколку сакате да воспоставите баланс осветлете го кафето на некој начин. Доколку сакате тоа побрзо да ви се олади, не пијте црно кафе и додајте му млеко или шлаг. Интересно како науката се наоѓа во секој дел од нашиот живот, се согласувате?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn