КАФЕ ПАУЗА

Tag: тајни

  • Тајни за убавина од сите делови на светот

    Тајни за убавина од сите делови на светот

    Жените низ светот користат традиционални трикови за убавина со кои го одржуваат својот изглед. Најпознатиот трик за убавина кај нас ги вклучува маслиновото масло и медот, кој се користи во многу ситуации и на различни начини. Сепак, добро е понекогаш да земеме неколку трикови кои ги користат од жените во различни земји. Ви ги претставуваме најинтересните и најпрактичните совети со кои жените низ светот се служат со години.rnrntajni-za-ubavina-od-site-delovi-na-svetot-kafepauza.mkrn

    Бразилски антицелулитен третман

    rnБразилките своите бутини ги тријат со песок, а потоа ги плакнат со морска вода. Освен што е добар антицелулитен третман, ова исто така е и одличен пилинг за телото.rn

    Норвешка нега за лице

    rnЖените од северот се познати по прекрасната кожа. Норвежанките го мијат своето лице со ладна минерална вода.rn

    Италијански рецепт за меки усни

    rnПрекрасните Италијанки на своите усни ставаат маслиново масло, што е одлично против сушење и иритација на усните. Доволни се само неколку капки за вашите усни да бидат меки и потхранети.rn

    Кинески третман против стареење

    rnКинеските жени својата младост ја одржуваат однатре, конзумирајќи големи количини бел чај кој позитивно влијае на стареењето и воедно дава нежен и сјаен изглед на кожата.rn

    Индиска тајна за убава коса

    rnИндијките се познати по прекрасната коса. Нивниот рецепт за одржување на убавата коса е кокосовото млеко, кое се загрева и се става еднаш во неделата. Се нанесува на темето и се остава цела ноќ.rn

    Шпански рецепт против подочници

    rnЖените од Шпанија на подочниците ставаат парчиња домат. Доматот ја осветлува кожата и со тоа ги намалува темните кругови под очите.rn

    Јапонска тајна за убавина

    rnЈапонките својата убава кожа, совршена коса и јаки нокти ги одржуваат со помош на масло од камелија. Тоа дејствува против брчки и изгореници, ја храни косата и ги јакне ноктите.rn

    Австралиски рецепт против првут

    rnСтар рецепт од Австралија вели дека за спречување на првутот, во шампонот кој го користите треба да ставите малку масло од еукалиптус. Доволни се неколку капки за да имате супер резултати.

  • Засрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признаваме

    Засрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признаваме

    Знаеме дека криете нешто, дека имате тајни. Исто, знаеме што криете. Но, не грижете се, не сте сами. Многумина ги прават овие работи иако никогаш не би признале.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Кога немате перена долна облека користите костим за капење за истата намена

    rnАко долната облека не е испрана, а вие мора да излезете веднаш од дома, и немате што да облечете, ќе наврете набрзинка долен костим за капење. Кога мора да се снаоѓаш, мора. А и не е толку страшно. Кој ќе знае што носите на себе?rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Ги „демнете“ пријателите на социјалните мрежи

    rnОк, здодевно ви е, нема што да правите, плус сте љубопитни за нечиј живот. Фаќате и прегледувате сè што му/ѝ се случувало на ФБ. Да, знаеме, звучи лошо. А знаете што е уште полошо? Знаеме дека одвреме-навреме ќе ѕирнете и во профилите на бившите, иако мина долго време и сте го/ја преболеле.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Јадење лоша храна и остатоци од храна

    rnКако вчерашната пица со тврда корка, или ненаситното ждерење на последните неколку колачиња или пудингот со сомнителен рок на траење што се правите дека не го забележувате. Во ред е, сите знаеме да бидеме дрчни понекогаш.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Потфрлате со личната хигиена

    rnНе сте понеле со себе четка за заби на викенд на место кое нема допир со цивилизација и се „четкате“ со прст. Или, немате време да измиете заби и набрзинка лапате мастика. Може и да доцните негде па да не се истуширате туку да потрошите пола дезодоранс. Упс.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Кажување „бели“ лаги

    rnДа, знаеме, но не грижете се, вашата тајна е безбедна со нас. Не, не бевте толку зафатени едноставно заборавивте да ѝ ѕвоните, и не треба да одите таму и таму едноставно не сакате да се видите со личноста. И да, не ве боли стомак туку не ви се работи по дома.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признавамеrn

    Преправање дека имате супер живот на социјалните мрежи

    rnДа се разбереме, ничиј живот не е совршен, а луѓето, кој помалку кој повеќе, ги користат социјалните мрежи за да покажат дека живеат посреќен, поудобен и побогат живот.rnrnЗасрамувачки работи кои сите ги правиме иако не признаваме

  • Каде се изгуби довербата и како да ја повратиме?

    Каде се изгуби довербата и како да ја повратиме?

    Автор: Калин Бабушкуrn
    rn

    „Потребни се 100 добри работи за да стекнеме доверба, но само 1 лоша за да ја изгубиме“ – Зага, мојата класна од основно училиште

    rnДовербата е најважен дел во меѓусебните односи на луѓето. Жално е што иако сме свесни за ова, довербата во односите меѓу луѓето е на толку климави нозе што секоја комуникација започнува со НЕдоверба. Сигурно безброј пати ви се случило да започнете разговор со некого, а соговорникот да ве гледа со недоверба. Повеќе пати ќе испратите некоја понуда за соработка и таа понуда ја гледаат со недоверба. Некогаш ќе се пофалите за некоја добро завршена работа, а луѓето веднаш ве гледаат со недоверба и ве критикуваат. Недовербата е на сите страни.rnrnkade-se-izgubi-doverbata-i-kako-da-ja-povratime-kafepauza.mkrnrnИ сето тоа само се продлабочува и се продлабочува и никој нема намера да се мрдне од таа мртва точка туку баш напротив, сите ја прифаќаат како појдовна точка во секоја комуникација. Започнуваме со НЕДОВEРБА. Започнуваме со негативно.rnrnЗатоа, еве ви неколку совети како да ја повратите довербата кај луѓето и како со доверба да гледате на работите:rnrnПравете го она што го кажувате – Не ги оставајте работите само на зборови. Може да почнете со тоа што ќе кажувате работи коишто навистина можете да ги исполните, па макар тие биле мали и ситни. Од мали работи се гради довербата!rnrnСтојте зад своите ветувања – И немојте да ветувате само поради тоа што така прават другите или за да го завршите разговорот побрзо. Луѓето се ослонуваат на тоа што сте го ветиле и очекуваат дека ќе го исполните. Ако не го исполните, признајте си дека грешката е ваша и немојте да обвинувате други.rnrnКажувајте ја вистината – И немојте да имате скриени агенди. Кажувајте им на луѓето дека ја зборувате вистинатаrnrnНемојте да користите „бели“ лаги – Нема бела или црна лага – има лага! За жал, многу од нас се вадиме на овие обоени лаги, а всушност лажеме.rnrnБидете отворени – Во комуникација, во однос, во давање, во земање… Уште во самиот старт на комуникацијата отворете ги картите и немојте да се плашите од соговорникот. Проблемот е што ние не сме подготвени да бидеме отворени и затоа сите разговори и преговори започнуваат многу затворено и траат ли траат и сè до еден момент додека некој не се „отвори“… И што?? Само поминало многу време, а на крај сите се отвораат.rnrnЧувајте ги тајните за вас – Ако некој ви довери некоја тајна, немојте да ја пренесувате. Таа личност сака да сподели нешто со вас и тоа не ви дава за право да го пренесувате понатаму! Ни на најголемиот непријател немојте да му го правите тоа, а да не зборуваме за дома, на работа, со пријателите, со партнерите.rnrnОзборување – Немојте да озборувате. Немојте да озборувате други луѓе, настани или ситуации пред непознати, па и познати луѓе. Ако тоа го правите пред мене, зашто да не помислам дека тоа го правите и за мене, пред други луѓе?rnrnЛојалност – Со ова го покажувате вашиот капацитет да ги заштитите другите (колеги, другари, партнери…) како и дека сте од иста страна како кога се со вас, но и кога не се во ваше присуство.rnrnНемојте да ги повторувате истите грешки – Aко довербата кај некого ви е нарушена поради некоја работа која сте ја направиле, немојте да ја повторувате кај никого и никаде.rnrnКако што можете да видите, има многу начини како да ја повратиме довербата или како да почнеме со доверба да ги гледаме работите, но најважно е, навистина сите да почнеме со ДОВЕРБА и позитивно да гледаме на работите.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Проверете дали сте родени еден за друг

    Проверете дали сте родени еден за друг

    Во врска сте, задоволни сте и среќни сте заедно. Меѓутоа и понатаму се прашувате дали сте судени еден за друг. Прочитајте ги овие 10 знаци и веднаш дознајте дали сте сродни души.rnrnproverete-dali-ste-rodeni-eden-za-drug-kafepauza.mkrn

    1. Имате слични интереси

    rnЈа делите страста кон спортот, некое хоби или кулинарството. Без разлика дали е во прашање скијање или љубовта кон лутата храна, вие и вашиот партнер со самото тоа имате цврста основа за врска. А тоа е добар знак дека врската ќе трае.rn

    2. Но не ги сакате баш СИТЕ исти работи

    rnНезависно од тоа колку е еден пар компатибилен, секој од нас би требало да ја зачува својата индивидуалност и своите сопствени интереси кои се важни за да одржувате здрав начин на живот.rn

    3. Еден на друг си ги кажувате тајните

    rnДали ви се има доверено дека во трето одделение се измочал во кревет? Дали му го откривте стравот од пајаци? Способноста да му верувате на партнерот и да се чувствувате пријатно додека му откривате некои од најсрамните и најмрачните искуства во вашиот живот, говори многу за силата на вашата врска.rn

    4. Не можете да престанете со допирите и бакнежите

    rnФизичката привлечност не е сè, но дефинитивно е многу важна.rn

    5. Сакате да истражувате заедно

    rnБез разлика дали е тоа пат до Мачу Пикчу или заедничка посета на курс по готвење, посета на некој музеј или заеднички часови по фотографија, работите кои ги учите и откривате заедно значат дека сте способни заедно да се развивате.rn

    6. Фер кавги

    rnНиеден пар не е имун на кавги, но начинот кој го правите тоа е вистински тест за вашата врска. Ако сте во состојба заедно до дојдете до продуктивен заклучок, вие сте буквално родени еден за друг.rn

    7. Го обожавате семејството на другиот

    rnАко ги сакате членовите на неговото/нејзиното семејство колку што го сакате него/неа, тоа е знак дека сте идеален партнери. Не грижете се премногу за неговата чудна мајка или за нејзиниот престрог татко. Во секое семејство има некој што е „чуден“, а заштитничкиот став кон своето чедо исто така си го прави своето.rn

    8. Ги сакате неговите/нејзините пријатели

    rnСемејството е важно, но важни се и пријателите со кои го минувате времето. Добувате бонус поени доколку немате ништо против да поминете заедничко време со неговите другари во друштво, но двојно повеќе поени доколку како машко се сложите да излезете со нејзините другар(к)и.rn

    9. Имате исти вредности

    rnСудбината на вашата врска има подобри изгледи ако обајцата сакате три деца и два златни ретривери. Или ако двајцата знаете дека не сакате деца туку јахта на која ќе живеете до крајот на животот додека други ви служат шампањско и сирење на послужавник.rn

    10. Меѓусебно си ги довршувате речениците

    rnОва е и знак дека сте најдобри другари. Кога двајца луѓе се познаваат толку добро за меѓусебно да си ги читаат мислите, значи дека потполно сте опуштени во врската и можете да бидете сосема свои во неа.

  • 18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

    18 работи кои треба да си ги кажете секое утро

    Секое утро го почнуваме со „Добро утро“, но дали навистина го чувствуваме како добро? Дали навистина ја чувствуваме моќта која ја имаме секое утро, но и можноста за нов ден, нов почеток, нова можност да бидеме поблиску до нашата цел? Ова се 18 мисли со кои треба да го почнувате секој нов ден за денот да ви биде поуспешен и понадежен од самиот почеток. Не заборавајте да бидете благодарни за секое утро и кога нареден пат некому ќе му посакате „Добро утро“ навистина да ја почувствувате суштината на тој поздрав.rnrn18 работи кои треба да си ги кажете секое утроrn

    1. Денес е нов ден

    rnВчерашниот ден можеби беше лош, можеби добар, сеедно, денес е нов ден. Нова можност да дадете сè од себе, да бидете она што сакате да бидете, да соберете храброст и да го направите она што долго го одлагате. Денес е нов ден, минатото не ве дефинира, сè што сакате да направите, сторете го денес.rn

    2. Наредниот ден не се брза

    rnЗемете го потребното време од денешниот ден уште од самиот почеток. Не живејте за утре или за кој било друг ден во иднина. На утре не му се брза. Престанете со вашата навика да преживувате чекајќи го утре, и живејте за денес. Не одлагајте за утре, сторете го тоа денес.rn

    3. Јас сум најдобрата верзија од себеси

    rnСите имаме мани, во нашите очи и во очите на другите. Не трудете се да го достигнете совршенството, тоа е илузија. Никој не е совршен, но вие сте најдобрата верзија од себеси. Пофалете си ги сопствените квалитети секое утро и бидете горди на себе.rn

    4. Минатото не ме дефинира

    rnВчера е минато, она што ми останува се спомените од успесите и неуспесите. Но, тоа не ме дефинира мене. Само јас можам да се дефинирам себеси.rn

    5. Не е сè како што изгледа

    rnНештата не се секогаш такви какви што изгледаат. На моменти вашиот живот ќе ви изгледа како да се движи во погрешен правец, но тоа не значи дека вашиот живот е лош, туку дека едноставно се движи онака како што треба – некогаш предвидлив, некогаш не, со подеми и падови, и тоа е сосема во ред. Нештата не се така како што ни изгледаат во даден момент, можеби целосната слика ќе ја добиеме откако ќе мине малку време и ќе можеме да ги погледнеме објективно.rn

    6. Не знам сè

    rnСо сите тие нешта што се случуваат секој миг и со забрзаното темпо на живот, во ред е да не знаете сè. Способни сте да го научите она што ви треба и оправдано ви е да прашате бидејќи нема некој кој знае сè. Секој ден е ваша нова можност да научите нешто, па сфатете го како добра лекција.rn

    7. Сите имаме тајни

    rnСекој има по некоја тајна, добра или не толку добра и тоа е во ред. Некогаш вашата тајна може да ве измачува многу и да ви врши голем притисок бидејќи ви изгледа како страшна. Во ред е да имате приватност и интима, нешта кои ги споделувате само со себе.rn

    8. Можам да си ги исполнам сите мои соништа

    rnКога станува збор за моменталните цели и соништа, нашите години не играат голема улога. Важна е нашата решителност да тргнеме смело кон своите соништа. Јас имам право на мои соништа и цели, без разлика колку бизарни или недостижни тие им изгледаат на другите. Денес е нова шанса да поработам на остварувањето на моите соништа и денес сум поблиску до нив од вчера.rn

    9. Денес е ново чудо

    rnСамо помислете каква можност ви се дава со секој нов ден. После сонот имате можност да се разбудите, да ги отворите очите, да го видите светот, да ги вдишете сите мириси и да ги почувствувате сите нешта кои ве прават среќни. Бидете благодарни за ова ново чудо, за вашето будење и за шансата која ви е дадена – шанса за нов ден. Секојдневно околу нас се чувствуваат безброј чуда, но поради некои причини не секој од нас може да ги забележи ниту пак е свесен за нив. Вие едноставно бидете благодарни.rnrn

  • 8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

    8 тајни на успехот од Елен Деџенерис

    Елен Деџенерис е прекрасна и инспиративна личност. Нејзината оригиналност и храброст да биде тоа што е, ја прават многу популарна личност на која многумина ѝ се восхитуваат. Нејзините зборови се или инспирирачки или смешни, или пак и двете. Еве на што нè учи Елен за успехот.rnrn8 тајни на успехот од Елен Деџенерисrn

    1. За да бидете успешни прво мора да се прифатите себеси такви какви што сте

    rn

    „Убавината значи да ти биде удобно во сопствената кожа. Треба да знаеш кој си и да се прифатиш како таков.“

    rnУспешните луѓе стигнале до успехот прифаќајќи се себеси, а не обидувајќи се да се променат за да ги задоволат туѓите апетити. Секој паѓа под искушение да се промени поради другите, но никогаш не заборавајте дека има луѓе кои ве сакаат такви какви што сте, и многумина што допрва ќе станат дел од вашите животи бидејќи ја сакаат вашата оригиналност и бестрашност. Не можете да бидете успешни ако сте нечија копија или ако пробувате да влезете во „калапот“ наметнат од општеството. Мора да бидете тоа што сте.rn

    2. За да бидете успешни треба да бидете топли личности и отворени за нови познанства и контакти

    rn

    „Светот е полн со страв, негативност и осудување. Мислам дека луѓето треба да се осврнат кон радоста и среќата. Колку и да звучи старомодно, мора да направиме пресврт.“

    rnУспешните луѓе не ги осудуваат другите и не ги оддалечуваат од себе. Не се ладни како камења и им даваат шанса на луѓето. Да, цврсто ќе се држат до своите убедувања, но ќе направат простор за да ги чујат туѓите мислења и ставови бидејќи свесни се дека секој е различен.rn

    3. Успехот бара подготвеност да правите работи кои за вас не се пријатни ниту пак лесни

    rn

    „Пријдете му на непознат на улица и речете му ‘Ти си тоа!’, и побегнете.“

    rnУспешните личности не потклекнуваат под стравот од непознатото. Секако, можат да бидат преплашени но никогаш нема да се вратат назад. Најчесто нештата кои ве плашат се истите оние кои водат до големи успеси.rn

    4. Успехот бара ентузијазам дури и кога доживувате падови

    rn

    „Знаете, многу е тешко да напишете книга. Не можам да избројам колку пати сум пробала, па ми се крши перото, или пак истурам мастило врз напишаното.“

    rnСекој доживува падови, но оние кои се решени да успеат, ќе се исправат и ќе продолжат понатаму. Неуспехот е само една лекција на патот кон целта. Решителноста и тврдоглавоста, неретко ќе ве одведат подалеку од самиот талент.rnrn8 тајни на успехот од Елен Деџенерисrn

    5. Мора да се грижите за себе, без разлика колку сте зафатени

    rn

    „Мора да останете во форма. Баба ми почна да пешачи по 8 километри на ден кога имаше 60 години. Сега има 97 и немаме поим каде по ѓаволите се наоѓа.“

    rnЗанемарувањето на вашето здравје само ќе ве направи мрзливи и ќе се чувствувате исцрпено постојано. Мора да се грижите за себе без разлика колку сте зафатени. Добриот сон, здравата исхрана и движењето се многу важни. Зафатеноста е само изговор да не се грижите за себе.rn

    6. Успехот бара да имате време за себе, да се опуштите и релаксирате

    rn

    „Одолговлекувањето не е проблем. Тоа е решението. Тоа е знак од универзумот кој ви вели стоп, успори, се движиш пребрзо. Слушајте ја музиката. Едноставно, слушајте ја музиката.“

    rnПатот до успехот е да се работи напорно, онолку колку што е потребно, а не да се работи до исцрпување. Доколку се фокусирате само на работа, ќе ја достигнете таа точка на вриење која ќе ве натера да се изгубите себеси целосно. Сите вие воркохолици, не чувствувајте грижа на совест секогаш кога ќе земете малку време за себе. Тоа ви е потребно, неопходно, ако сакате да успеете во што било.rn

    7. За да бидете успешни треба да знаете како да ги зближите луѓето

    rn

    „Толку многу се фокусираме на разликите меѓу нас, и според мене тоа резултира со хаос, негативност и насилство. Мислам дека сите ние треба да се фокусираме на она што ни е заедничко – сите сакаме да бидеме среќни.“

    rnСите се различни и имаат право да бидат. Сè додека се фокусираме на разликите меѓу нас ќе има кавги, негативност и несогласувања. Отворете ги мислите, гледајте подалеку од сопствениот нос, прифатете ги луѓето, зближете ги, ширете топлина. Токму тоа го прават успешните луѓе.rn

    8. За да бидете успешни треба да бидете сурово искрени кон себеси

    rn

    „Понекогаш не можеш да се видиш себеси јасно сè додека не се погледнеш низ очите на другите.“

    rnСекој ден е нова можност да се унапредиш себеси, да пораснеш, да стекнеш нови знаења и искуства. Ако сте успешни не значи дека треба да станете арогантни и да мислите дека сте совршени. Факт е дека сите правиме грешки и сите можеме да бидеме подобри од тоа што сме. Некогаш за да се видите јасно, мора да се погледнете со критичко око.

  • Тајните на врските: 15 работи кои никој не ви ги кажал

    Тајните на врските: 15 работи кои никој не ви ги кажал

    Врска. Иако е можеби најубавото нешто бидејќи имаме со кого да ја делиме постелата, да споделуваме разни новости или едноставно да бидеме постојано покрај некого, врските често знаат да бидат стресни и напорни. Но, како и сѐ во животот, и тие се исполнети и со убави и со лоши моменти. Ова се неколкуте тајни поврзани со врските, кои можеби досега не сте ги чуле:rnrntajnite-na-vrskite-15-raboti-koi-nikoj-ne-vi-gi-kazhal-kafepauza.mkrnrn1. Некогаш треба да правите работи кои не ги сакате, на пример: дружење со неговите/нејзините нафурани или лигави пријатели. Не сте секогаш расположени да одите на пиво со неговите пријатели или пак да седнете во кафуле и да ги слушате озборувањата во врска со ликовите од нејзината омилена серија. Можеби тоа не е нешто што без двоумење би го направиле, но верувајте, партнерот ќе ви биде благодарен.rnrn2. Постои можност целото време да го поминете со иста личност и да не ви здодее, дури и напротив, да ја засакате уште повеќе отколку кога сте започнале да се забавувате.rnrn3. Но, емоционалната врска може да биде страшна на почетокот. На почетокот, никому не му е лесно да стане близок со некој. Близината се стекнува заедно со довербата. Можеби ви е прва врска која има големи шанси да успее и се чувствувате ранливо затоа што не сте навикнати на личноста со која го делите креветот, особено ако сте поладен тип и врските од минатото не ви биле најуспешни.rnrn4. Вашата сродна душа веројатно нема да биде личноста со која сте замислиле дека ќе го поминете остатокот од животот. Затоа што врската со личноста која мислевте дека е совршената за вас, не испадна толку совршена.rnrn5. Во ред е први да кажете „те сакам“. Навистина е страшно, но барем ќе знаете дали сте на иста бранова должина. Затоа опростете се од идејата дека изговарањето на тие магични зборови значи дека вие сте повеќе заљубени.rnrn6. Конечно ќе разберете и ќе им простите на пријателите кои ве „откачиле“ заради дружење со нивните партнери. Некогаш навистина е поудобно во кревет и гушкање во топлите чаршафи.rnrn7. Пријателите кои сметале дека ќе бидете сами целиот живот може да имаат негативни реакции на вашата врска. На почетокот нема да ве сфатат сериозно, но како што ќе поминува времето, а вашата среќа се зголемува, така тие ќе се чувствуваат сѐ повеќе позагрозено.rnrn8. Исто како што во нова врска се стекнуваат нови (лоши) навики, исто така се забораваат старите. Пример ако пиете многу, а партнерот не пие. Позитивните влијанија се од голема предност за врските. На пример ако сте мрзеливи тогаш работливиот партнер ќе ви го промени животот на подобро.rnrn9. Сепак, вежбањето заедно е непожелно. Освен ако не сакате да ѝ бодете очи на околината. Во тој случај купете исти тренерки и настапете како залепени во теретаната.rnrn10. Нема да се чувствувате поисполнето како личност. Сѐ е исто само што сте во врска.rnrn11. Најголемите караници ќе бидат околу најмалите ситници. На пример во кое кафуле да одите вечерта.rnrn12. Никој не е особено заинтересиран како сте се запознале. Во превод: без долги детални приказни за случајноста на вашето запознавање. Сите ќе умреме некој ден и се надеваме дека ќе биде пократко од приказната.rnrn13. Сите што се околу вас ќе ви даваат совети за врската. 95% од нив ќе бидат ужасни. И 100% ќе ги опишуваат нивните врски. Односно, не верувајте никому. Повеќе верувајте им на вашите инстинкти отколку на зборовите од луѓето – само вие знаете што ѝ е потребно на вашата врска.rnrn14. Сѐ уште треба да си одвојувате време за себе. Само нестабилните луѓе можат да станат зависни од партнерот. Одберете си тивка вечер и посветете ја на активностите кои вие ги сакате.rnrn15. Некогаш ќе ви купи нешто што не би ни го погледнале, но бидејќи е од саканата личност веднаш ви станува убаво. Без разлика за колку лош подарок и да се работи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 23 супер правила за вистинско пријателство

    23 супер правила за вистинско пријателство

    Колку само ги сакате вашите пријателки! Сигурно не можете да си го замислите животот без тие луди, откачени и кога е потребно сериозни личности. Затоа секогаш почитувајте ги овие правила за вистинските другарки.rnrn23 супер правила за вистинско пријателствоrnrn1. Во никој случај не смееш да флертуваш или не дај Боже да излегуваш со бившиот на твојата другарка.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn2. Во посебни пригоди, како роденден на твојата пријателка, не смееш да ја засенуваш бидејќи тоа е нејзин ден.rnrn3. Кога си на шопинг со другарка ти имаш задача да бидеш 100% искрена за секое парче облека што ќе го проба или козметички производ кој сака да го купи.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn4. Кога ќе ја чуеш вашата омилена песна ѝ се јавуваш веднаш.rnrn5. Не смееш да ставиш слики на Фејсбук каде твоите пријателки се лошо испаднати.rnrn6. Кога сте излезени не смееш да ја оставиш другарка ти сама поради момче.rnrn7. Имаш обврска да ѝ помогнеш да го откачи типот кој ѝ додева цела вечер, како и да го згазнеш под нозе оној кој ја повредил.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn8. Кога ќе чуеш како некој/а зборува лошо за твојата другарка, твоја задача е да му/ѝ го пукнеш носот!rnrn9. Во никој случај не смееш да ѝ зборуваш зад грб на другарка ти.rnrn10. Кога ќе направи торта треба да ја дојадеш макар и да не ти се допаѓа.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn11. Никако не смееш да издадеш некоја од тајните кои ти го кажала.rnrn12. Ако поседуваш снимка каде таа се глупира максимално, не смееш да ја покажеш во јавност, ниту да ѝ ја постираш на ѕид.rnrn13. Доколку другарка ти е на пат да направи глупост или животна грешка, мора да ѝ го отвориш очите.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn14. Секогаш сослушај ја твојата другарка.rnrn15. Никогаш не ја оставаш другарка ти да се глупира сама, особено не во јавност.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn16. Понекогаш ќе мора да ги излажеш родителите на твојата другарка.rnrn17. Во случај да го видиш дечко ѝ со друга мора да ѝ кажеш.rnrn18. Ако имаш згоден братучед грев е да не го запознаеш со твојата другарка.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn19. Ако нејзината симпатија е онлајн, во рок од 5 секунди јавувај ѝ се и кажи ѝ.rnrn20. Задолжително ја тешиш кога е тажна.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn21. Ако си вистинска другарка никогаш нема да јадеш вкусни палачинки или чоколадна торта без твоите другарки.rnrn22. Ако прекршиш некое од овие правила задолжително треба да ѝ се извиниш.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn23. Во овој момент креваш слушалка да ѝ кажеш дека штотуку си ја прочитала „Библијата“ на вашето пријателство.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

  • 35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

    35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

    Пријателите ги одбирате, но сестрата ви е дадена од Бога. Ќе стекнете многу пријателства, постојани и кратки, но сестра ви е вашата најдобра другарка која е тука и во добро и во зло. Се разбира, сте се карале како мали и нема да се согласувате за многу работи, но длабоко во себе знаете дека ви мисли само најдобро и дека што и да правите и каде и да одите нема да стекнете подобра другарка од вашата родена сестра.rnrnЕве само дел од причините зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка. Доволно за уште веднаш да ѝ се јавите и да ѝ кажете колку ја сакате.rnrn35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателкаrnrn1. Секогаш можете да ѝ се доверите за вашите семејни проблеми. Во иста „каша“ е и секогаш ќе ве разбере.rnrn2. Таа е тука секогаш за вас. Дури и ако вчера сте кубеле коси, денес е спремна да го згазне под нозе оној кој ве повредил.rnrn3. Затоа што ве знае подолго од која било ваша другарка.rnrn4. Едноставно ве разбира и без да се обидете да ѝ објасните.rnrn5. Затоа што вашата поголема сестра минала низ истиот пат и безрезервно ви дава искрени совети кои нема да ги чуете на друго место.rnrn6. Ви позајмува облека.rnrn7. Вашата постара сестра ве штити до лудило и иако некогаш ви оди по нерви, со нејзината мајчинска грижа па дури и надменост, знаете дека ви мисли добро.rnrn8. Вашата помлада сестра се огледува на вас што ви е доволна поддршка во лошите денови и ве мотивира да носите разумни одлуки бидејќи знаете дека вие сте ѝ пример.rnrn9. Кога ви треба рамо за плачење таа е само на една соба или еден кревет подалеку од вас.rnrn10. Таа е тука да ви ги прочита мислите тогаш кога тврдите дека сè е во ред.rnrn11. Никогаш нема да ве лаже за тоа како изгледате… за разлика од продавачката во бутикот која само се труди да продаде едно парче облека плус.rnrn12. Знае да ве сослуша бидејќи искрено се грижи за вас.rnrn13. Нема да ги издаде вашите тајни бидејќи сте семејно поврзани.rnrn14. Само со неа може да се смеете за некои чудни случки и личности во вашата фамилија.rnrn15. Затоа што ве тера да гледате хорор филмови заедно на што вие не можете да речете „не“.rnrn16. За секој нејзин обид да ве преплаши по завршувањето на хоророт.rnrn17. Затоа што ќе бара да спиете заедно бидејќи и таа се плаши.rnrn18. Само таа ја разбира вашата чудна смисла за хумор и обратно.rnrn19. Може да го претепа оној кој ви го скршил срцето па чувствувате дека немате потреба од постар брат.rnrn20. Ве има видено како играте низ соба и не ви се смее, и таа го прави истото.rnrn21. Може во очите да ви прочита доколку сте вознемирени.rnrn22. Бидејќи неверојатно е во колку работи сте слични а колку понекогаш сте различни.rnrn23. Затоа што се гордеете на нејзините успеси а и таа на вашите.rnrn35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателкаrnrn24. Бидејќи кога се роди вашата помала сестра делумно ја презедовте мајчинската улога.rnrn25. Затоа што е оригинална на свој начин а многумина не знаат за таа нејзина карактеристика.rnrn26. Секогаш може да снимите луди домашни видеа со ваши кореографии и комични ситуации.rnrn27. Како мали најголемите бељи ги правевте со вашата сестра.rnrn28. Не се плаши да ви ја каже вистината во очи и нема да се обидува да ги ублажи зборовите кога треба под итно да се соочите со суровата реалност.rnrn29. За сите тајни кои ги криела за вас, за секој пат кога излегла со вас само за да ве пуштат родителите, за секој час од кој сте избегале а таа не кажала.rnrn30. Ве видела и во најдобри и во најлоши изданија а сепак ве сака.rnrn31. Знаете дека кога ќе имате деца (или ако веќе имате деца), таа ќе биде ваша бебиситерка на располагање.rnrn32. Без разлика колку сте физички оддалечени, ја чувствувате блиску до вас.rnrn33. Нејзиниот совет е токму она што сакавте да го чуете во моментот.rnrn34. Не се обидува да ве промени бидејќи ве сака такви какви што сте.rnrn35. Бидејќи помисливте на неа во истиот момент кога го прочитавте насловот и знаете дека е ваша единствена.

  • Фејсбук знае кога ќе си го смените љубовниот статус

    Фејсбук знае кога ќе си го смените љубовниот статус

    Сите знаеме дека на интернет нема тајни, но како би реагирале доколку некој ви каже дека Фејсбук знае дека ќе започнете нова врска уште пред да се случи тоа? Доколку ова не ви звучи верно, само помислете колку информации секојдневно оставате на Фејсбук.rnrnФејсбук знае кога на вашата врска ѝ се ближи крајотrnrnЕве како Фејсбук го опишува овој феномен:rnrn

    „Истражувавме група луѓе кои го сменија својот статус од „слободен“ во „во врска“, и кои исто така наведоа датум на почеток на врската. Во времетраење од 100 дена пред почетокот на врската бевме сведоци на бавно, но значајно покачување на бројот на постирања и споделувања помеѓу двајцата идни партнери. Штом врската и официјално ќе започне, бројот на споделувања почнува да се намалува.“

    rnФејсбук знае кога на вашата врска ѝ се ближи крајотrnrnТака што не плашете се, Фејсбук нема инсталирано камери во вашата соба, ниту пак праќа луѓе да ве следат. Едноставно гледа сѐ што можат да видат и вашите пријатели. Според тоа колку често споделувате нешто на нечиј профил, може да се процени тајното жарче кое го имате за одредена личност, дури и пред вие да си го смените статусот.rnЗатоа умерено споделувајте. Инаку вашата тајна заинтересираност за некого, лесно може да биде забележана.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn