Овие совети можат да ви помогнат да ги надминете пречките или да се приближите еден чекор поблиску до остварување на вашите соништа.rnrn
rnrn1. Не треба да се трудите да бидете добри во сè – пронајдете ги вашите силни страни и страсти и фокусирајте се на таа енергија.rnrn2. Вашиот утрински ритуал го дава тонот за сè што доаѓа, затоа погрижете се да биде позитивен, здрав и продуктивен.rnrn3. Ако не можете да донесувате големи одлуки во животот, тоа е веројатно затоа што сè уште не сте ја идентификувале вашата крајна дестинација.rnrn4. Не кажувајте „еден ден“ – поставувањето конкретен датум или временска рамка е единствениот начин да бидете сигурни дека ќе постигнете успех.rnrn5. Секогаш кога се чини дека нешто тргнало наопаку, запрашајте се „што можам да научам од оваа ситуација?“ и запишувајте ги одговорите.rnrn6. Една недела запишувајте сè за што другите ви се заблагодаруваат. Кога ќе ја погледнете листата, ќе ги видите вашите силни страни и таленти кои често ги земате здраво за готово. На тој начин ќе имате дополнителен увид во вашата вистинска цел.rnrn7. Секој пат кога ќе почувствувате потреба да промените нешто, запрашајте се дали нешто навистина може да се промени. Ако не, обидете се да се ослободите од притисокот и фокусирајте се на она на кое можете да влијаете.rnrn8. Ако немате доволно инспирација, обидете се да го преуредите мебелот во вашата канцеларија или дом за моментална промена на перспективата.rnrn9. Зоната на удобност нема да доведе до ништо друго освен просечност. Обидете се да најдете начин да излегувате од таа зона секој ден.rnrn10. Престанете да кажувате „Ми треба“ и почнете да кажувате „Сакам“. На тој начин вашиот фокус ќе биде насочен кон енергијата, охрабрувањето и оптимизмот, а во исто време нема да чувствувате обврска, притисок и вина.rnrn11. Вежбајте да бидете сами и научете како вистински да уживате во сопственото друштво.rnrn12. Наместо да ги одложувате работите што ве загрижуваат, направете ги сега. Ова ќе ве ослободи од напнатоста и ќе ви донесе чувство на олеснување во текот на целиот ден.rnrn13. Ако сакате нешто, знајте дека треба да направите нешто за да го добиете тоа. Во секој случај, прифатете ја поддршката од семејството, пријателите, колегите, но сфатете дека тие не можат да ви го „поправат“ животот наместо вас.rnrnОткако ги прочитавте овие тајни за постигнување успех, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 навики ве спречуваат да постигнете успех во животот.rnrnИзвор: atma.hr
Tag: тајни
-

Неколку тајни за постигнување успех во животот!
-

Какви тајни крие симболот за бесконечност?
Симболот на бесконечноста е еден од најпознатите и најраспространетите симболи во науката и окултната уметност. Која е неговата тајна? Зошто е толку посебен? Тој е навидум обичен, но сепак, мистериозно убав. Во продолжение прочитајте за неговото значење.rnrn
rn1. Ја симболизира божествената моќ
rnОна што малкумина го знаат е дека симболиката на знакот на бесконечноста потекнува од Уреј, симбол на божицата Ваџет во Стар Египет. Урејот бил симбол на авторитет и божество, и фараонот бил признат како владетел само доколку го носел урајот кој е често претставен како кобра. Крунисувањето на фараоните со уреј било симболичен чин според кој се верувало дека човек никогаш нема да биде моќен додека не стане свесен за божествената моќ во себе.rn
2. Се работи за Уроборос
rnСимболот на бесконечноста претставува и уроборос, антички симбол кој прикажува змија како си ја гризе сопствената опашка. Го претставува циклусот на животот (раѓање – смрт – повторно раѓање) и произлегува од тајното учење дека ние сме обврзани да ги повторуваме нашите реинкарнации сè додека цврсто се држиме за ова Царство. Оние кои се просветлени сфаќаат дека животот нуди безброј искуства кои треба да послужат како лекции за будењето и просветлувањето. Откако ќе се разбудиме ќе го прекинеме кругот на бесконечни инкарнации, токму како што учат древните религии како хиндуизмот и будизмот.rn
3. Го носи божествениот благослов на Нил
rnКако што на сите ни е познато, Нил не била обична река во древниот Египет, туку симбол на сите божествени благослови. Ваџет, пак, се сметала за божица на Нил. Покрај тоа, Нил бил и „огледалото“ на Млечниот Пат, што ги ширел благословите и надвор од ова Царство. Затоа реката се поврзувала со вселената но и со задгробниот живот.rn
4. Потекнува од последната буква во грчката азбука, омега
rnНесомнено, симболот на бесконечноста е изведен од буквата омега која е последната буква од грчката азбука. Од друга страна, во христијанската иконографија, Исус Христос е прикажан како алфа и омега, односно како симбол за почеток и крај на времето. Сепак, бидејќи Бог и времето се бесконечни, буквата омега станала симбол за бесконечноста кој го означува континуитетот надвор од Крајот.rnrnОткако прочитавте за тајните на симболот на бесконечност, можеби ќе сакате да прочитате и за лапис лазули – мистичниот камен на мудроста и небесата.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Мали тајни за убава кожа
За да имате убава, мека, младешка кожа, разгалете ја. На убавината честопати се гледа како на огромна низа скриени тајни врз кои се потпира прекрасниот изглед на една индивидуа.rnrnДобрата и соодветна нега на кожата може да помогне во забавување на природниот процес на стареење и да спречи голем број проблеми. Треба да ја потенцирате не само вашата внатрешна убавина, туку и прекрасната надворешност. Еве пет едноставни совети кои ќе ви помогнат да ја заштитите кожата и да ја одржувате здрава и сјајна.rnrn
rnВнимавајте што јадете и пиете и откажете се од пушењето
rnВашето тело е ваш храм што мора да го снабдувате секојдневно со здрави оброци и пијалаци кои ја стимулираат работата на телото и на самата кожа. Затоа, уживајте во исхрана полна со свежо овошје и зеленчук, пијте два литри вода на ден, намалете го внесот на алкохол и пијалаци со кофеин и кажете му „не“ на пушењето. Освен што е штетно за организмот, пушењето го забрзува стареењето на кожата и предизвикува брчки.rn
Со спиење до здравје и свежина
rnНа нашата кожа ѝ треба одмор, затоа обидете се да имате здрав, мирен сон за да функционирате подобро и полесно во текот на целиот ден. Ноќта е времето кога кожата се обновува, затоа спијте најмалку 6 часа.rn
Редовно вежбање
rnВежбајте редовно и тоа ќе ви се исплати повеќекратно: ќе бидете посвежи на работа, ќе се чувствувате поудобно и задоволно и ќе бидете посреќни во контакт со други луѓе. Кога се потиме, нашите пори дишат, па обидете се да вежбате без шминка за полесно да дишат.rn
Заштитете се од сонцето
rnБидете сигурни дека вашата крема за сончање штити од УВА и УВБ-зраци затоа што се подеднакво опасни. Во првите сончеви денови се препорачува да се примени поголем фактор за заштита од сонце затоа што на кожата тогаш ѝ е потребна силна заштита.rn
Запознајте го вашиот вид кожа и спроведете дневна програма за нега
rnНегата на кожата е важна за лицето: гелови за чистење, тоници, млеко за лице, но треба да бидете сигурни дека тие се приспособени на вашиот вид кожа. Обрнете внимание и на сезоните што се менуваат. Исто како што носиме различна облека во зима, мора да користиме и различни препарати.rnrnНе заборавајте да ја отстраните шминката вечерта, особено од областа околу очите. Бидејќи само кога кожата е правилно исчистена, навлажнувачкиот крем за кожа ја извршува својата задача да ја обновува, да ја хидрира и да ја заштитува кожата.rnrnКолку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати?
-

Ефективни и необични трикови што даваат одлични резултати: Како ја одржуваат својата убавина жените ширум планетата?
Секој дел од светот има своја култура, свои обичаи, но и тајни на убавината што се пренесуваат од колено на колено. Сигурно постојат некои трикови или состојки во вашето семејство во коишто жените се колнат дека им го подобруваат изгледот, а ова се примери на разни тајни за убавина низ светот.rnrn
rnОризот се користи за измазнување на брчките во Јапонија
rnОризот е богат со антиоксиданти, па Јапонките го користат за да ги намалат брчките и да го хидрираат лицето. Ако сакате да имате свиленкаста кожа, измешајте две лажици ориз (или оризово брашно) со една лажица шлаг. Нанесете ја маската на лицето и исплакнете ја по 20 минути. Ако имате сува кожа, ставете малку масло од јојоба на кожата пред да ја нанесете маската.rn
Ајдучката трева ги лечи изгорениците од сонцето
rnАјдучката трева е честа состојка во кремовите за лузни, стрии, акни и проблематична кожа, а коренот на ајдучката трева има и антиинфламаторно дејство. Не заборавајте да понесете ваков крем со смирувачки ефект кога одите на одмор за да го користите против изгореници.rn
Сол и масло за мазни петици
rnГркинките се препознатливи по својот карактеристичен нос, но и по мазната кожа, што ѝ ја должат на медитеранската исхрана. Целото тело може да „скокне“ во мешавина од маслиново масло и шеќер, а за пилинг на петиците измешајте масло и јадра морска сол.rn
Јогуртот ги намалува порите
rnЛаси е традиционално индиско освежувачко јадење на база на разреден јогурт. По ручекот, жените ги чуваат остатоците и ги користат за да ги неутрализираат зголемените пори на лицето. По будењето, тие го прскаат лицето со јогурт и потоа темелно го плакнат со ладна вода.rn
Грозје и брашно по забавата
rnЧилеанците се познати како љубители на виното, а црното грозје е добро и за кожата. Винова лоза и две лажици брашно е сè што ви треба за да ја спасите уморната кожа, особено по забавата или по непроспиената ноќ.rn
Лук и лак за цврсти нокти
rnЛукот е многу добар за ноктите, а оваа тајна ја откриле жените од Доминиканската Република. За да имате цврсти нокти, исечкајте го лукот колку што е можно поситно и со помош на чепкалка за заби ставете го во шишенце со лак за нокти и оставете го да стои 7-10 дена.rnrnПрочитајте како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето.
-

Тест: Водната површина што најмногу ве привлекува открива тајна за вас
Дали се чувствувате опуштено и дали ги заборавате сите проблеми кога се капете во вода? Водата е медиум за ослободување и опуштање, тесно поврзана со вашиот психички и емоционален склоп и со сферата на несвесното. Изберете ја сликата што најмногу ве привлекува и откријте нешто за себе.rnrn
rn1. Мало езерце
rn
rnrnАко ве привлекуваат мали езерца, тоа значи дека сте интровертна личност која сака мир и спокојство. Наоѓате радост во малите нешта во животот, во она што некои можеби го сметаат за безначајно: бубамара, шарена роза, убаво изгрејсонце – за вас сè е извонредно и убаво.rnrnНе сакате брзање и неубаво однесување и затоа се држите подалеку од драматични сцени и хаос. Ги цените тишината, удобноста и мирот.rnrnИмате нежен дух што привлекува луѓе и зрачите со искреност која вашите пријатели многу ја ценат. Можеби не сте најгласни, но сте страсни, силни и полни со емоции.rnrnИзбор на малото езеро, кое е симбол на домот, на спокојството и на традицијата, означува дека вашето семејство или вашиот дом наскоро ќе се прошират. Ова може да дојде во форма на принова, посвојување или зголемување на имотот. Без оглед на формата, вашиот живот ќе биде збогатен со нешто ново и возбудливо.rn2. Ледена вода (глечери)
rn
rnrnИзборот на ледена вода открива дека сте смела, моќна и понекогаш мистериозна личност. Вие сте силни и шармантни и тоа ве прави лидер. Без разлика што се случува, секогаш ги забележувате малите детали што другите не ги гледаат. Имате силни инстинкти и одлично го проценувате карактерот на другите, така што луѓето ги ценат вашето мислење и вашата интуиција и секогаш ви веруваат.rnrnБидејќи уживате да учите нови работи и сакате да стекнете нови искуства, секогаш сте во центарот на вниманието на забавите, на патувањата и на дружењето. Ги цените верноста, чесноста и интегритетот, а ако нешто ветите, секогаш го исполнувате.rnrnИзборот на ледена вода, која е симбол на стабилност, длабочина и авантура, открива дека наскоро ќе се соочите со предизвик што со себе носи награда. Можеби ќе се двоумите дали да се вклучите во таа потрага, но верувате во своите способности. Ќе научите нешто неверојатно за себе.rn3. Мирно езеро
rn
rnrnПривлечноста кон мирно езеро открива дека имате мирна, приземјена и отворена душа. И покрај тоа што не сте друштвена личност, сакате да запознавате нови луѓе и да ги проширите своите хоризонти. Чувствувате мир кога сте опкружени со природата и ги почитувате сите форми на живот. Вие сте личност која сака да ги усреќува своите најблиски.rnrnВие сте првата личност на која другите ѝ се обраќаат кога им е потребна помош, без разлика дали духовна или материјална. Вие сте скромни и вредни и сте најдобрите меѓу луѓето со добро срце.rnrnМирното езеро е симбол на сила, чест и зависност, а вашиот избор открива дека наскоро ќе ви биде доверена голема одговорност што ќе резултира со многу одлични работи. Можеби првично ќе се чувствувате дека вие не сте соодветни за таа задача, но знаете дека никој не може да ја заврши работата подобро од вас. Сè што ќе направите ќе ви се исплати.rn4. Буен водопад
rn
rnrnВашиот избор открива дека имате силен, страстен и искрен дух. Имате магнетски привлечна енергија и каде и да одите оставате видлива трага. Вие сте огнени, авантуристи и имате детска природа. Сакате да се изгубите, во вашите мисли или во нова земја и имате имагинација што ве прави многу креативни.rnrnИ покрај тоа што сте водени од срцето и сте во склад со вашите емоции, секогаш размислувате со ладна глава. Полни сте со страст и сакате да се смеете, па иако сте склони кон драми, имате малку трпеливост за драмите во вашите врски. Вие сте романтични, веродостојни и уживате во убавината и во редот.rnrnБидејќи одбравте бујни водопади, кои се симбол на радост, прослава и енергија, наскоро ќе добиете многу среќни вести за нешто што долго се надевавте. Можеби не доаѓа во форма како што очекувавте, но тоа ќе го означи почетокот на едно многу радосно поглавје во вашиот живот.rn5. Брза река
rn
rnrnВашиот избор открива дека сте мисловна, остроумна и љубопитна душа гладна за одговори. Вие наоѓате големо задоволство во учењето нови работи и нови искуства. И покрај фактот дека сакате да запознавате нови луѓе, вие сте најсреќни кога сте сами со своите мисли. Сакате да го истражувате светот околу вас и да се чувствувате многу поврзани со природата и со Земјата.rnrnМногу ги сакате животните и тие ве сакаат вас. Имате топла енергија, па пријателите секогаш се чувствуваат удобно да ви се обратат кога им треба рамо за плачење.rnrnГи цените вашите врски со луѓето и многу сте чувствителни. Внимавате на работите што ги поседувате во вашата куќа и правите сè со сето свое срце.rnrnБрзата река е симбол на мислата, на напредокот и на движењето, па наскоро ќе имате можност да ги проширите своите хоризонти на начин на кој не сметавте дека тоа е можно. Тоа може да дојде во форма на патување, ново пријателство или неочекувана можност, но каква и да е формата, тоа ќе биде животна промена на многу добар начин.rn6. Мирен океан
rn
rnrnВие сте нежна и дарежлива душа со чувствителна природа. Многу сте сочувствителни и топли и сакате да ширите радост меѓу луѓето што се околу вас. Работите напорно и ја цените одговорноста, но најмногу сакате да ја пуштите косата и да се забавувате. Вие сте многу емпатични и сочувствителни и чувствувате сè со сето свое срце.rnrnМалку сте мистериозни за повеќето луѓе. Едната половина од вас е харизматична и жива, додека другата половина е интровертна и тивка. Понекогаш сте авантуристи и подготвени сте да истражувате, додека во друг момент сте среќни што сте дома и уживате во тишината. Сепак, едно е сигурно за вас: никогаш нема да дадете ветување што не можете да го исполните.rnrnИзборот на мирен океан, кој е симбол на растојание, промена и цикличност, значи дека наскоро ќе тргнете на посебно патување. Без разлика дали тоа е физичко или духовно патување, ќе ви биде дадена можност да ги проширите своите хоризонти и да истражувате непознати области на вашата личност. Ако ја прифатите оваа можност, вашиот живот ќе се трансформира на неочекуван и вреден начин.rnrnНаправете го и овој тест и откријте ја вашата внатрешна волшебна моќ.rnИзвор: Atma.hr
-

7 работи што не треба да ги кажувате никому ако сакате да живеете среќен живот
Колку помалку луѓе знаат за вашиот личен живот, толку подобро тој ќе се развива. Среќата ја сака тишината, па ако се пофалите, ќе останете без неа. За да не се случи тоа, овие работи не треба да им ги кажувате на другите луѓе:rnrn
rn1. Никогаш не зборувајте за лошите работи што сте ги виделе
rnСоседите се расправале цела ноќ, човек фрлил камен на напуштено куче, некој не сакал да ѝ отстапи место на бремената жена во автобусот – овие работи ја валкаат вашата душа. Ако го раскажувате лошото однесување на другите луѓе, вие го прифаќате тоа.rn
2. Не наметнувајте им го вашиот животен стил на другите луѓе
rnАко сте верник, не принудувајте ги другите да се молат. Ако сте вегетаријанец, не кажувајте им на другите дека не треба да јадат месо. Ако сте исцелител, не наметнувајте им го вашиот начин на живот на другите. Секој има право да го живее својот живот како што сака.rn
3. Никогаш не зборувајте за вашите добри дела
rn„Не дозволувајте левата рака да знае што дала десната рака“ – секогаш потсетувајте се на оваа изрека кога сакате да кажете некому колку сте „добра“ личност. Добротворноста е знак на милост, но само ако молчите за тоа.rn
4. Не кажувајте никому за вашите планови во животот
rnСонувајќи одредени соништа и планирајќи ги вашите цели, создавате облик на размислување, поткрепувајќи го со енергија. Ако на сите им кажете за вашите соништа и планови, ја раздвојувате таа енергија. Мислата ја губи силата, се распаѓа. Плановите се реализираат и целите се постигнуваат само ако останат тајни.rn
5. Не фалете се колку заработувате
rnАко се фалите за нешто, ќе останете без тоа!rn
6. Ако сте сториле херојско дело, нека биде ваша тајна
rnСпасивте напуштено куче? Му помогнавте финансиски на соседот кој нема приходи? Носете го тоа во вашата душа како медал. Ако кажете некому, златото се претвора во железо.rn
7. Тоа што се случува во куќата, останува во куќата
rnАко зборувате за негативното однесување на вашиот сопруг или за непослушните деца, вие само ги кажувате семејните проблеми, а несреќата ќе се удвои. Ако зборувате за тоа колку ве сака вашиот сопруг, колку се послушни вашите деца – сето тоа ќе исчезне затоа што среќата сака тишина.rnrnПрочитајте кои други тајни не треба да ги кажувате никому.
-

7 тајни што не треба да ги кажувате никому
Кога сте среќни, сакате да му кажете на целиот свет за вашата радост. Но, не треба секој да ги знае деталите за вашиот живот. Не се сите луѓе добри и не секој може да ја разбере и да ја прифати вашата среќа, а нивните злобни мисли и зборови може да ве повредат. Во продолжение прочитајте кои 7 работи не треба да ги споделувате со сите.rnrn
rnrn1. Не им кажувајте на другите за вашите планови. Прво реализирајте ги, а потоа кажете им.rnrn2. Не кажувајте за добрите дела што сте ги направиле. Никогаш не дозволувајте левата рака да знае што дала десната рака.rnrn3. Аскетизам – физичката апстиненција треба да биде хармонично комбинирана со емоционалната апстиненција.rnrn4. Ваши приватни мисли мора секогаш да останат приватни. Не дозволувајте никому да погледне во нив.rnrn5. Духовно знаење – вашите внатрешни промени ќе влијаат на вашиот надворешен живот. Но, да учите некого на нешто е многу неблагодарно.rnrn6. Семејните проблеми никогаш не треба да излезат од куќата.rnrn7. Никогаш не зборувајте за нечии лоши дела – не валкајте ја вашата душа.rnrnПрочитајте ги тајните на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро. -

Малите тајни на убавината на Клеопатра
Египетската владетелка Клеопатра се смета за една од најубавите жени на сите времиња. Без разлика дали ќе одлучите да одите во салон за убавина или да ги слушате советите стари над две илјади години, факт е дека во времето на Клеопатра немало неограничен избор на козметички производи, така што нејзината убавина е сведена само на производи засновани на природни состојки од растително или од животинско потекло. За својата нега, таа користела едноставни состојки што ви се достапни и вам, а во продолжение откријте ги нејзините мали тајни за убавина.rnrn
rn1. Магарешко млеко и мед
rnКлеопатра имала мазна и негувана кожа благодарение на хранливите купки направени од магарешко млеко и мед. Египќаните ја користеле оваа комбинација на состојки и за маски за лице. Денес, производите од магарешко млеко и самото млеко ви се достапни и вам, но и обичното млеко во купка со 5 големи лажици мед може да ви помогне.rn
2. Сол од Мртво Море
rnМртвото Море се смета за најголемиот природен спа-центар во светот, а заради неговата исклучително голема количина на лековита сол, капењето во него им се препорачува на лицата со кожни заболувања. Клеопатра била свесна за овие лековити и хранливи својства и користела морска сол од Мртвото Море во својата рутина за убавина. Солта од Мртвото Море е достапна на пазарот, а ако не сте сигурни како да ја користите, обратете се во некој од многуте козметички салони што ја имаат во својата понуда. Еден начин е да се капете во сол од Мртвото Море, што ќе ја направи вашата кожа исклучително мека, свежа и мазна и ќе го опушти вашето тело.rn
3. Маска за лице од грозје и мед
rnГрозјето е познато како одличен антиоксидант, а денес има многу козметички производи што содржат масло од семки од грозје. Клеопатра совршено добро знаела дека грозјето е добро за лицето, па затоа често користела маска од грозје. Оваа маска може да ја направите сами: измешајте згмечено грозје со една лажица мед, нанесете ја смесата на лицето и оставете ја околу 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Ако Клеопатра можела да ги користи овие трикови, можете и вие.rn
4. Египетска депилација
rnВо повеќето салони за убавина, можете да закажете египетска депилација, која е помалку болна од останатите и го има истиот ефект при отстранувањето на влакната. Главната состојка на овој метод е шеќерната паста, која целосно ги отстранува влакната. Предноста на оваа депилација е во тоа што одговара на сите видови кожа, а природните состојки ја штитат кожата. Очигледно е дека Клеопатра знаела што прави затоа што нејзините рецепти опстојуваат илјадници години.rnrnПрочитајте ги 3-те модни заповеди на Кејт Мидлтон чијшто стил е инспирација за жените ширум светот.
-

16 тајни на слаткарите за коишто не зборуваат ни меѓусебно
Тортата направена од стиропор и од цвеќиња може се јаде. Ова може да биде шокантно за обичните луѓе, но за слаткарите е сосема нормално затоа што тие ги користат овие видови трикови секој ден. Откако ќе ги прочитате тајните на слаткарите, можеби повеќе ќе внимавате на различни работи при изборот на торта.rn
Виножито тортите не се толку безбедни
rn
rnrn1. Боите за храна што се користат во виножито тортите може да бидат и вештачки произведени и природно произведени. И во двата случаи, има предности и недостатоци. Природната боја е безопасна и не може да предизвика алергиска реакција, но тие немаат светла боја, колачињата брзо се расипуваат, а цената е многу повисока. Синтетичкото боење создава многу светли и разновидни бои и овие торти се многу поевтини, а може да траат до 5 дена. Но, недостатокот е очигледен: тие се лоши за вашето здравје.rnrn2. Сите синтетички бои за храна се означени со „Е“, но не се сите многу опасни. За да ги намалите штетните последици врз здравјето, изберете светложолта, светлозелена, бела и светлокафеава торта. Овие бои се најбезбедни за консумирање.rnrn3. И природните бои се означени со „E“, но тие се безопасни, а некои се дури и добри за здравјето на луѓето како што се куркумин (Е100), алканин (Е103) или хлорофил (Е140).rnrn4. Ако навистина сакате светла торта, изберете торта со обоен фил, а не со обоена надворешност. Тортата ќе изгледа привлечно и не е опасна за здравјето. Потребни се само 3-4 капки боја за кремот, но неколку лажици за обвивката.rnrn
rnrn5. Исто така, тортите од велур содржат помалку боја за храна затоа што тие се бојат со пиштол за бојадисување, а слојот е помал од 1 милиметар. Но, се разбира, подобро е да го отстраните овој слој со лажица пред да ја јадете тортата.rnЗамрзнувањето е добро
rn6. Не плашете се од одмрзнатите торти. Многу слаткари ги замрзнуваат тортите додека ги прават и тоа воопшто не влијае на вкусот.rnrn7. Всушност, има само 2 природни конзерванси кои се користат за слатки – шеќер и студ. Но, ако треба да зачувате нешто многу долго време, потребна ви е голема количина шеќер, поради што студот е единствената опција.rn
Вистински цветови како декорација
rn
rnrn8. Неодамна, украсувањето на тортите со вистински цвеќиња стана многу популарен тренд. Без разлика колку елегантно изгледаат розите на тортата, тие може да биде многу опасни. Денес, сите вистински цвеќиња се прскаат со хемикалии – не само стеблата, туку и цветовите. Па, дури и ако цвеќињата се завиткани во пластична фолија за да не се допираат со кремот, тоа сè уште не е многу добра и безбедна идеја.rnrn9. Ако слаткарот сè уште сугерира да ја украсите вашата торта на овој начин, можете да побарате сертификат од специјализирана фарма која расте цвеќиња само за слатки бидејќи постојат и такви места. Но, постои и многу поедноставен начин да го направите тоа. Современите техники овозможуваат создавање украсни елементи направени од шеќер, чоколадо и други производи.rnrn10. Ако слаткарот користи вистински цвеќиња од најблиската цвеќарница, тоа може да биде показател дека не ги следи важните правила за безбедност.rnПроцесот на изработка
rn
rnrn11. Во многу видеа и фотографии ќе видите дека слаткарот работи со ракавици. Но, тоа не е дозволено. Како прво, слаткарот нема да ги мие рацете толку често колку што е вообичаено. Второ, рацете се потат во ракавиците и стануваат полни со микроби. Исто така, тешко е да се готви на овој начин затоа што треба да се почувствува структурата на тестото.rnrn12. Ракавиците треба да се користат само при украсувањето или сервирањето на тортата за да се избегне оставање отпечатоци од прсти на шлагот. Ако видите видео или фотографија на кои слаткарот работи во ракавици, треба да знаете дека тоа не е ништо друго освен психолошки трик за да ве натераат да верувате дека сè е чисто и безбедно.rnТрикови на слаткарите
rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrn13. Ако клиентот сака нешто убаво, но евтино, понекогаш слаткарите користат трик познат како лажни нивоа. Ова е кога првите 1-2 слоја се направени од стиропор и се покриени со мастика украсена на ист начин како и другите слоеви. Сите слоеви што не се јадат може да послужат како основа за поддршка на целата конструкција на тортата.rnrn14. Во слаткарниците можете да видите торти исечени на парчиња и спакувани во посебни кутии. Ова може да биде трик за продажба на стар производ.rnrn
rnrn15. Ако може да го изберете пакувањето на производот, подобро е да купите колачи во кутии направени од картон, а не од пластика. Картонските кутии се користат за природни производи. Исто така, хартиените кутии имаат подобра вентилација, така што има помалку влажност и бактерии.rnrn16. Остатоците можат да се чуваат дома во фолија. Но, не треба да има воздух помеѓу фолијата и тортата за таа да трае подолго.rnrnПогледнете ги овие 24 реалистични торти што нема да сакате да ги изедете. -

Какви очекувања од љубовта имаат припадничките на секој хороскопски знак?
Жената Бик сака долги врски, Вагите имаат големи очекувања, а во продолжение прочитајте кои се тајните желби на припадничките на секој хороскопски знак.rnrn
rnОвен
rnЖените родени во овој хороскопски знак се наивни до тој степен што може да имаат премногу доверба. Но, тие добиваат сè што ќе посакаат затоа што се млади во срцето и уживаат во авантурите на секој чекор, така што секоја заедница со овие личности е многу стимулативна. Само силните мажи можат да сакаат жена Овен и тоа само оние кои знаат да одговорат на агресивната природа на овој хороскопски знак. Овие жени се независни и конкурентни.rn
Бик
rnЖените Бикови ги кријат своите чувства сè додека не одлучат да покажат кои се, така што кога сакате жена родена во овој хороскопски знак, важно е да запомните дека ним им е потребно време. Тие живеат за стабилност, така што за нив мора да бидете тука на долги патеки.rn
Близнаци
rnДевојките Близнаци се секогаш во движење и сакаат да ги придвижувате цело време. Да сакате жена родена во хороскопскиот знак Близнаци значи дека мора да бидете во состојба да држите чекор со неа и да ја следите по стапките, инаку многу брзо ќе ѝ стане здодевно.rn
Рак
rnЖената Рак е противречност во движење – срдечна и студена. Таа се одликува со силно држење, но однатре е мека како свила. Значи, ако сакате личност родена во овој хороскопски знак, важно е да знаете да ги „излупите“ тие слоеви. Кога таа конечно ќе ве пушти во својот свет, ќе сфатите дека, иако нејзините чувства се менливи, таа, пред сè, ги потенцира љубовта и романтиката.rn
Лав
rnПрипадничките на овој хороскопски знак се харизматични и минуваат низ животот со завидна смисла за хумор. Овие личности прават сè за својата врска. Кога ќе се вљубите во девојка родена во овој хороскопски знак, таа ќе ви биде најверната девојка што сте ја имале некогаш. Ако ја изневерите нејзината доверба, кога таа ќе ве напушти, никогаш нема да ви се врати.rn
Девица
rnОвие девојки се грижливи и емпатични, но можат да бидат малку незгодни. Никогаш нема да станат цинични, без разлика колку пати ќе им го скршите срцето. Тие секогаш ги започнуваат врските од почеток и не дозволуваат искуствата од минатото да им ги поматат мислите.rn
Вага
rnВагите често насочуваат многу од својата енергија на пронаоѓањето љубов. Тие имаат отворен став кон надворешниот свет, а честопати кријат како навистина се чувствуваат по животните разочарувања. Кога ја сакате Вагата, важно е да запомните дека таа има големи очекувања, а доколку не ги исполните, таа може да стане повлечена личност.rn
Скорпија
rnСкорпијата е еден од најмоќните хороскопски знаци. Овие личности се многу страсни, така што секоја заедница со нив е интензивна и драматична. Кога сакате Скорпија, мора да ѝ дозволите таа да ги контролира работите. Припадничките на овој хороскопски знак имаат тенденција да ги кријат своите вистински чувства.rn
Стрелец
rnСтрелците се најоптимистични од сите хороскопски знаци. Тие живеат за авантура и имаат слободен дух. Тешко е да ги врзете овие жени затоа што тие имаат постојана потреба да истражуваат Ако успеете да ги балансирате желбите, можете да станете рамноправен партнер во движењето на вашиот живот.rn
Јарец
rnЖените Јарци се трпеливи и амбициозни. Тие имаат тенденција да работат над сè друго во животот и треба да научат како да ги балансираат работата и љубовта. Овие жени не сакаат минливи врски и ќе вложат многу за да бидат сигурни дека нивната врска ќе трае долго.rn
Водолија
rnВодолиите се брзи мислители кои ги користат своите ексцентрични тактики во текот на животот. Тие минуваат многу време размислувајќи и честопати се повлекуваат од врската ако не се разбрани. Кога станува збор за љубовта кон Водолијата, важно е партнерот да ѝ овозможи независност.rn
Риби
rnРибите се мистериозни и чувствителни личности. Тие го поминуваат поголемиот дел од животот избирајќи претежно помеѓу две патеки. Припадничките на овој хороскопски знак имаат тенденција да живеат во фантазија и да ги гледаат работите онака како што сакаат да ги видат, а не какви што се навистина. Кога станува збор за љубовта со девојка родена во хороскопскиот знак Риби, важно е да ја поддржувате во сите нејзини напори, без разлика колку се тие бескорисни. Вие треба да бидете чувствителни и романтични, а овие девојки ќе ве научат што е љубовта како ниеден друг хороскопски знак, сè додека ѝ ја возвраќате љубовта.rnrnПрочитајте го пролетниот хороскоп за сите хороскопски знаци.