КАФЕ ПАУЗА

Tag: тајни

  • 25 знаци дека сте пријателки цела вечност

    25 знаци дека сте пријателки цела вечност

    Се дружите уште од мали нозе и кога некој ќе ве праша колку долго сте другарки, треба да застанете за момент и да почнете да ги броите годините. Искреното и верно пријателство е најпрекрасната работа на светот. Да, некогаш вашата другарка може да ви оди на нерви, но знаете дека би направиле сешто за неа, како и таа за вас.rnrnОва се 25 знаци кои јасно ви даваат до знаење дека вие две сте најдобри пријателки веќе многу долго време.rnrn25 знаци дека сте пријателки цела вечностrnrn1. Твоите родители знаат сè за неа. Не само името и презимето. Знаат каде живее, каде работат нејзините родители, а вашата мајка го има нејзиниот телефонски број меморирано во контакти.rnrn2. Кога одите на кафе или во ресторан, во 90% од случаите, точно знаете што ќе нарача.rnrn3. Напамет го знаете целиот нејзин плакар, и информирани сте за секое ново парче облека. Буквално можете по телефон да ѝ дадете совет како да се облече за одреден настан.rnrn4. Сте биле заедно на одмор/викенд.rnrn5. Секогаш први се јавувате една кај друга во итен случај.rnrn6. Твоето милениче исто како да е нејзино, и обратно.rnrn7. Знаете премногу за нејзините врски како и најинтимни детали за нејзиниот сексуален живот.rnrn8. Доколку една од вас се пресели во друг град/држава, и се видите по неколку месеци, чувствувате како меѓу вас ништо да не се изменило.rnrn9. Во случај таа да не е дома може слободно да се напиете кафе и да помуабетите со нејзината мајка (секако, не откривајќи ниедна од нејзините тајни).rnrn10. Се разбирате со поглед.rnrn25 знаци дека сте пријателки цела вечностrnrn11. Веќе имате најмалку една тетратка со ваши анегдоти и „бисери“.rnrn12. Во вашиот плакар имате парче облека кое ѝ припаѓа нејзе.rnrn13. Вашите непријатели се и нејзини непријатели, и обратно.rnrn14. Никогаш не би дозволиле да купи нешто што не ѝ стои добро, ниту пак да направи нешто за што мислите дека е многу глупава одлука.rnrn15. Имате куп скриени шеги кои само вие ги разбирате.rnrn16. Целосно го прифаќате нејзиното лудило. Си зборува со нејзината мачка или има навика да пее во фенот замислувајќи дека е микрофон. Што ви е гајле, радо би ѝ се придружиле.rnrn17. Сте си доделиле една на друга улоги од разни серии. Ти си Кери, јас сум Саманта и сл.rnrn25 знаци дека сте пријателки цела вечностrnrn18. Знаете дека на вашата свадба таа ќе држи здравица, ќе игра на стол и најверојатно на крајот на веселбата ќе биде најпијаната меѓу сите гости.rnrn19. Кога ќе забележите стари жени како одат по улица или пијат кафе, се замислувате себеси по 50 години.rnrn20. Често ви се случува да дадете одговор во нејзино име, и обратно.rnrn21. Нема теоретска шанса да ви го утне подарокот за роденден (барем не ненамерно).rnrn22. Сте поминале заедно некој голем празник. Била на бадниковата трпеза кај вас дома, а вие сте биле кај неа на ручек за Велигден.rnrn23. Се има појавено на твојата врата со кутија колачи откако по гласот познала дека не се чувствуваш добро.rnrn24. Некогаш дури и најневеројатни работи ве асоцираат на неа. На пример разгледувате низ некој бутик и здогледувате парче облека кое навистина ѝ е по вкус.rnrn25. Во моментов ѝ се јавувате на телефон да ѝ кажете што сте прочитале и колку е неверојатно тоа што поголем дел од горенаведеното важи за вас две.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 модни тајни за почеток на нова романса

    7 модни тајни за почеток на нова романса

    Вечерва е вашиот состанок со момчето кое долго време ви се допаѓа и вие веќе неколку часа стоите пред шкафот и се прашувате што да облечете. Часовникот отчукува, а вашиот ум е среде бура од идеи: „Што ако ги носам темните фармерки со кремастиот џемпер?“; „Што ако ја облечам кошулата со слатките набори?“; „Или можеби би требало да го облечам црниот фустан?“rnrn7 модни тајни за почеток на нова романсаrnrnКога сте заробени во модна дилема, можете да побарате помош од психолошките истражувања кои ќе ви ги објаснат изборите кои ги правите, процесите на одлучување кои се вклучени во изборот, како и импресиите кои ги создавате на љубовниот состанок во очите на партнерот со вашата облека.rn

    1. Барате љубов? Обидете се со црвено

    rnСе сеќавате ли на песната „Lady in Red“? Неодамнешните откритија покажуваат дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои носат црвено, бидејќи ги сметаат за поатрактивни и повеќе сексуално пожелни отколку оние кои носат други бои. Овој ефект на заведување бил документиран насекаде ширум светот, како глобален и културно универзален феномен. Бидејќи црвената боја има волшебна моќ која влијае надвор од свесноста, таа може да ви помогне да го привлечете вниманието на вашиот потенцијален партнер.rnrn7 модни тајни за почеток на нова романсаrnrn

    2. Не ја сакате црвената боја? Обидете се со црна

    rnДали црната е новата црвена? Можеби. Истражувањата покажуваат дека и мажите и жените ги гледаат припадниците на спротивниот пол како поатрактивни кога тие носат црно или црвено. Ефектите од црната боја не се само во очите на оној кој ја носи, туку и во очите на оној кој ја набљудува. Резултатите покажуваат дека фотографиите од мажите кои носат црна кошула биле одбирани како попривлечни од оние кои ги носат другите бои, дури и во ситуациите кога станувало збор за истиот маж во различна боја на кошула. Но, не заборавајте дека исто така е многу важно и вие како се чувствувате во вашата облека. Понекогаш тоа е половина од приказната кога станува збор за тоа како другите ве перципираат.rnrn7 модни тајни за почеток на нова романсаrnrn

    3. Дозволете ѝ на вашата облека да зборува за вас

    rnОдите на прв состанок? Наместо да се запрашувате што би требало да носите, можеби подобро би било да се запрашате каков впечаток би сакале да оставите. Суптилните разлики во облеката можат да влијаат врз импресиите за самодовербата, успехот и флексибилноста. Посвечениот и артистичкиот стил на облекување можат да создадат впечаток дека сте поинтелигентни споредено со стилот кој е покежуал. Но, од друга страна исто така може да создаде впечаток и дека не ви е удобно во социјални ситуации или дека имате тенденција да зависите од другите. Поконзервативните стилови можат да покажуваат самоконтрола, сигурност и разбирање, додека пак посмелите стилови можат да бидат поатрактивни и со тоа да сугерираат дека сте уникатна и забавна личност.rnrn7 модни тајни за почеток на нова романсаrnrn

    4. Не заборавајте на вашите чевли

    rnНовите докази покажуваат дека луѓето многу често го формираат своето мислење за карактерот на другите според чевлите кои тие ги носат. Кога од испитаниците на едно истражување било побарано да погодат каков е карактерот на одредени личности само според нивните чевли, нивните одговори биле скоро идентични. Тие имале тенденција да мислат дека сјајните чевли сугерираат на анксиозност, штиклите со „шпиц“ сугерирале на помала љубезност и повисоките потпетици сигнализирале пониска емоционална стабилност. Но, дали овие впечатоци се точни? Во некои случаи, да. Набљудувачите имаат тенденција точно да ја идентификуваат анксиозноста и љубезноста кај непознатите само врз основа на нивните чевли.rnrn7 модни тајни за почеток на нова романсаrnrn

    5. Покажете малку кожа… или можеби сепак не?

    rnНекои фактори кои се надвор од нашата свесност можат да влијаат врз изборот на нашата облека. На пример, секојдневните модни интереси на жените изгледа како да ја отсликуваат нивната репродуктивна достапност. За разлика од останатите видови, редовната овулација кај жените е скриена од набљудувачите. Но, неодамнешна студија покажала дека облеката која жените одбираат да ја носат на социјалните настани е поврзана со нивната овулација. Жените преферираат поотворена облека за време на периодот на плодноста, особено ако се слободни, сексуално искусни или среќни во својата љубовна врска.rnrn7 модни тајни за почеток на нова романсаrnrn

    6. Набори, чипка и сладок ѓердан

    rnИсто како што жените се природно насочени кон облека која разоткрива за време на плодните денови, тие исто така се облекуваат помодерно како резултат на нивниот циклус. Во една неодамнешна студија се разгледувале фотографии од жени во различни периоди на нивниот циклус. Задачата на судиите била да ги одбираат оние фотографии каде што личноста изгледала како најмногу да се трудела добро да изгледа. Изненадувачки, судиите ги одбрале оние фотографии кои биле снимени во периодот кога жените биле најплодни. За време на овој период од циклусот, жените несвесно се обидуваат да бидат поатрактивни и токму поради тоа одбираат помодерна облека.rnrn7 модни тајни за почеток на нова романсаrnrn

    7. Грижете се за својот изглед

    rnМногу е поважно како ја носите облеката, отколку самата облека. Грижата за вашиот изглед е поврзана со перципирањето на привлечноста. Луѓето често реагираат попозитивно на оние кои се добро „средени“ и се претставуваат како уредни и чисти во јавноста. Тие чувствуваат поголемо задоволство во присуство на оние кои се грижат за својот изглед поради тоа што тие личности им делуваат повнимателно. Накратко, добрата грижа за себе му дава на светот позитивна порака, без разлика на облеката која ќе одберете да ја носите.rnrn7 модни тајни за почеток на нова романса
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон

    Книга: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон

    Мистерии, интриги, драма, мрачни семејни тајни, корупција и криминал… Сплет кој ќе ве заинтригира како ништо досега…

    rnКнига: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг ЛарсонТрилогија чии наслови почнуваат со „Девојката…“ може да ви звучи по малку клише, сè додека не го чуете фактот дека станува збор за над 26 милиони продадени примероци низ целиот свет. Авторот на оваа крими-трилогија, за жал немал можност да му се израдува на својот мегауспех. Набрзо по завршувањето на книгите, Ларсон умира од инфаркт на 50-годишна возраст по искачувањето на скалите до неговата канцеларија бидејќи лифтот не работел. Зад себе го остава почетокот на четвртиот роман. Негови познаници навеле дека многуте цигари, брзата храна и премореноста се „заслужни“ за неговото прерано заминување од овој свет.rnrnНеговата смрт ќе остане загадочна мистерија. Имено, со својата новинарска и истражувачка работа, непобитен е фактот дека стекнал многу непријатели. Ларсон бил борец против криминалот, корупцијата и нацизмот, а иронијата е во тоа што 9-ти ноември, датумот на неговата смрт, во историјата е познат како „Кристална ноќ“ – кога практично започнал холокаустот.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnОригиналниот наслов на првиот дел од трилогијата „Милениум“ е „Мажи кои мразат жени“, но англиската верзија е преведена како „Девојката со тетоважа на змеј“. Не е важно кој наслов звучи попривлечно или пак е поскладен со приказната, она што е важно е самата содржина, и нема да штедам зборови – пазете се, ќе ве хипнотизира.rnrnКако и секоја година, така и оваа, на 1-ви ноември на Хенрик Вангер по пошта му стигнува подарок – суров потсетник на големата трагедија која се случила пред 36 години. Вангер се одлучува да го направи последниот обид да ја разреши мистеријата и со таа цел го ангажира искусниот новинар Микаел Блумквист давајќи му понуда која не може да ја одбие. Блумквист е скептичен, се сомнева дека би можел да разреши мистерија која не успеале да ја декодираат и најискусни детективи. Но неговиот скептицизам полека исчезнува кога почнува да наоѓа траги кои му ветуваат разрешување на многу мрачни тајни.rnrnОваа понуда на Блумквист му стигнува во прилично незгоден период од неговиот живот. Имено тој е осуден на тримесечна затворска казна поради ширење дезинформации и неправедно напаѓање на гигантот Венештрем. Иако знае дека Венештрем е расипан криминалец, Блумквист одлучува да не се брани на суд, практично да ја признае вината и мирно да се повлече пред да собере доволно докази за да нападне повторно.rnrnНа помош на Блумквист му доаѓа Лизбет Саландер – најдобриот истражувач во престижна фирма за обезбедување. Нивните патишта се вкрстуваат и Блумквист за брзо забележува дека не смее да ја проценува Саландер по нејзиниот изглед. И покрај тоа што изгледа како анорексична 15-годишна рокерка со пирсови и тетоважи, Саландер е неверојатно способна жена со фотографска меморија и еден од најдобрите хакери во земјата.rnrnОвој необичен пар бара начин да ја реши мистеријата за исчезнувањето на внуката на Хенрик Вангер, тогаш 16-годишната Хариет Вангер која се чини како да пропаднала во земја. Хенрик е убеден дека неговата внука е убиена од страна на некој член од неговото семејство, и разрешувањето на нејзиното убиство, дури и по 36 години, за него останува опсесија која го измачува.rnrnКнига: „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг ЛарсонrnrnНема да помине долго време пред Блумквист да почне успешно да копа по семејните тајни на Вангерови. Еден скриен подрум со многу мрачни тајни ќе биде доволен тој да сфати дека под маската на богатата идила се кријат многу гнили тајни…rnrnСо ова негово дело Ларсон ги мава своите сограѓани по чело соочувајќи ги со суровата реалност. Шведска навидум е вистинска утопија – земја со удобен живот, здравствено осигурување, заштитени права на жените, но она што Ларсон ни го преставува е слика на нацизам, корупција, криминал, перверзија, социјални работници кои сексуално ги злоупотребуваат своите „штитеници“ и морничави семејни тајни.rnrnСе разбира, делото има и филмска верзија, ни помалку ни повеќе – со Даниел Крег во главната улога – но како што и обично практикувам, ако воопшто се одлучам да го гледам филмот прво ја читам книгата. Таквото задоволство просто не смеам да си го скратам.rnrnДа, оваа книга ќе ве заведе и вас во мрачниот и комплексен лавиринт на интриги, мистерии и драма, и ако со оваа рецензија успеав макар малку да ве заинтригирам, само почекајте дури да ја фатите книгата во раце.rn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 29 јануари 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rn

  • За што жените најмногу ги лажат мажите?

    За што жените најмногу ги лажат мажите?

    Постојат тајни кои жените сакаат да ги чуваат само за себе и никогаш да не ги споделат со својот партнер. До најинтимните женски тајни дошле американските научници кои анонимно испитувале 700 жени и дошле до занимливи податоци. За ова најчесто лажат жените.rnrnЗа што жените најмногу ги лажат мажите?rn

    За бројот на мажи со кои спиеле

    rnОние жени кои имале поголем број партнери со кои имале сексуални односи никогаш нема да му ја признаат точната бројка на својот партнер.rn

    За изневерување

    rnМинатото треба да остане во минатото. Така мислат дури 32% од жените кои признале дека во текот на некоја претходна или сегашна врска го изневериле партнерот. Најчести причини се некакво незадоволство, досада, минлива заљубеност, чувство на посакуваност или едноставно силна привлечност.rn

    За оргазмите

    rnДури 48% од жените признале дека за време на сексот барем еднаш одглумеле и тоа од проста причина да не го разочараат или повредат партнерот.rn

    За контакт со бивш партнер

    rnСкоро 75% од испитаните жени барем еднаш имаат премолчено разговор (на мобилен или електронски) или излегување на пијалак со поранешниот партнер.rn

    За мечтаење и фантазирање за друг маж

    rnИако е нормална појава, ретко која жена на својот партнер ќе му признае дека за време на сексот го замислува како друг партнер.rn

    За мастурбација

    rnСекоја четврта жена во врска, мастурбира неколку пати неделно, додека секоја трета признава дека понекогаш гледа филмови за возрасни кога е сама дома.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    Клучот за квалитетна врска и успешен брак е искреноста. Сепак, постојат одредени работи за кои дури е пожелно да премолчите за да си направите услуга и себеси и на партнерот.rnrn7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнерrn

    Што мислите за мајка му

    rnОва е една типична тајна која е подобро да биде премолчена. Која корист од тоа ако му кажете дека не можете да ја поднесете неговата мајка? Тој можеби ќе ве разбере, но тешко дека ќе може да преземе нешто околу тоа. Во најлош случај, може да се сврти против вас. Сепак, тоа е жената која му дала живот.rn

    Тајните на вашите другарки

    rnАко некоја другарка ви се довери за нешто што не треба да го кажете никому, тоа треба да се почитува.rn

    Безопасен флерт

    rnВо долгите врски дури е и пожелно повремено партнерите да флертуваат со други. Нормално, ова е безопасно да се премолчи и сосема ОК да се прави одвреме-навреме, сè додека не планирате да одите докрај со некој со кој сте си размениле неколку погледи и срамежливи насмевки.rn

    Скап шопинг

    rnГи здогледавте чевлите на излогот и моравте да ги купите. Не ви се неопходни, а за волја на вистината, скапи се, но едноставно не можете да се одлепите од излогот додека не посегнете по паричникот и да завршите со тоа. Тоа вашиот партнер не мора да го знае. Но внимавајте, доколку сте ги купиле од вашата заедничка сметка, подобро е да го признаете вашиот грев.rn

    Комуницирање со бивши

    rnАко размените неколку збора со некој бивш на Фејсбук или случајно се сретнете некаде и помуабетите некоја минута, тоа не е причина да се возбудувате и веднаш сè да му репортирате на сегашниот партнер. Искреноста само ќе донесе сомнежи. Колку и да сте само пријатели со бившиот, на актуелниот дечко тоа ќе му смета. Но, ако планирате да седнете заедно на кафе, препорачливо е да бидете искрени. Многу полошо е тој да дознае од други кои случајно ве виделе заедно.rn

    Душкање во неговата приватност

    rnАко веќе сте го пикнале носот каде што знаете дека не требало, барем задржете го тоа за себе. Сте му ѕирнале во телефонот додека бил да се тушира, сте ја провериле историјата на посетени сајтови во неговиот прелистувач на компјутерот? Доволно е ова да остане меѓу вас и уредот.

  • Книга: „Ледената принцеза“ – Камила Лекберг

    Книга: „Ледената принцеза“ – Камила Лекберг

    Книга: „Ледената принцеза“ – Камила ЛекбергСкандинавската литература изобилува со феноменални трилери и крими-романи, а делата на Камила Лекберг се вистински бисери меѓу нив, високо рангирани на листите и светски познати бестселери. „Ледената принцеза“ – нејзиниот прв роман издаден во 2002 година, одлично примен од публиката и со феноменални критики – претставува успешен почеток на нејзината кариера како писателка која продолжува да се движи само по нагорна линија. Оценета како дело од кое запира срцето, но истовремено и ја грее душата, оваа книга е вистинско уживање за сите оние кои сакаат добри трилери.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnПриказната е сместена во Фјелбака, приморско скандинавско гратче со сиот свој шарм на мало место во кое секој знае сè за секого, каде што Ерика, нашата главна хероина, се враќа назад после смртта на нејзините родители. Додека се бори со тагата и осаменоста во големата куќа во којашто растела како малечка, Ерика мора да се соочи со уште еден шок, смртта на Александра, нејзината најдобра другарка од детството. За да биде трагедијата уште поголема, токму Ерика е таа што меѓу првите го пронаоѓа мртвото тело на Алекс во нејзиниот дом, замрзнато во када со пресечени вени.rnrnБорејќи се со првичниот шок, Ерика се труди да разбере како нејзиниот живот можел да заврши толку погрешно особено откако доказите укажуваат на тоа дека всушност се работи за убиство, и дека животот на убавата Алекс бил далеку од онаа совршена слика за којашто сите знаеле. Нејзината перфектна надворешност, но и потребата да ги држи на дистанца сите луѓе околу неа воопшто не ги олеснува околностите, па Ерика добива впечаток дека целиот живот на Алекс е една голема мистерија која започнува со денот кога нејзиното семејство се отселува од малиот град кога тие две имаат само 12 години.rn
    rn

    „Убава, сталожена, перфекционист во душата. Оние што не ја познаваа веројатно може да ја доживеат како надмена, со оглед на тоа дека не ги пушташе лесно луѓето во својот живот. Алекс беше личност за која човек требаше да се бори.“

    rnПриродната љубопитност за еден писател како Ерика во комбинација со заедничкото минато и спомените од нивното детство ја присилуваат да почне да истражува, но наскоро сфаќа дека можеби и не е подготвена да ја дознае вистината. Заедно со полицаецот Патрик, воедно и нејзина младешка симпатија, Ерика навлегува во животот на Алекс и нејзиното семејство, за наскоро да дознае дека тајната која ја уништила вклучува многу повеќе луѓе. Сфаќа дека нејзината резервираност не била избор туку единствен начин да се заштити од ужасите низ кои поминувала.rnrnКнигата не е само типичен, брз и напнат трилер, туку богата приказна која длабоко навлегува во човечката психа, копа по најмрачните мисли, но и ни го плеска в лице еден од најголемите стравови – стравот од осудување и изложеност на мислењето на другите. Понекогаш, опсесијата да ги скриеме скелетите што подлабоко во плакарот ги прави уште поголеми и потешки за сокривање, но најболно е кога потребата да се заштитиме од срамот ја надминува потребата од тоа да ги заштитиме најблиските. Всушност, кога би ги занемариле убиствата и сплетките кои го подигаат адреналинот како и во секој добар трилер, „Ледената принцеза“ во својата суштина го крие мизерниот живот на луѓето во осудувачка, мала средина.rn
    rn

    „Омраза, завист, алчност и одмазда – сето тоа скриено под еден голем капак, што е направен од општиот став – што ќе речат луѓето. На целото зло, на ситничарењето и на злобата им е дозволено да бујат во мир под површината што секогаш мора да биде добро светната.“

    rnrnСе препознавте малку, нели?rnrn

    Книга: „Ледената принцеза“ – Камила Лекберг
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    Морам да признаам дека уживав во динамиката на книгата, особено во живите описи на некои навидум банални ситуации, но баш тие моменти ја прават книгата вистинско ремек-дело. Секој лик го запознавате суштински и секој еден од нив ви останува врежан во глава заедно со неговата животна приказна. Камила Лекберг успева да повлече толку споредни, но и важни прашања без премногу да го оптовари главното дејство и на тој начин создава еден навистина богат трилер.rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар со вашето име и презиме, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест. Имате време до вторник, 17 септември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Книга: „Готварскиот клуб“ – Линда Шепард и Ив Еверсон

    Книга: „Готварскиот клуб“ – Линда Шепард и Ив Еверсон

    Рецептите за катастрофа кога шест пријателки ќе се сретнат…rnrnКнига: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив ЕверсонНаслов на оригиналот: The Potluck Club – Linda Evans Shepherd and Eva Marie EversonrnrnСтанува збор за првата книга од серијалот „Готварскиот клуб“, на Линда Еванс Шепард и Ив Мари Еверсон. Книгата е проследена со кулинарски рецепти и добро раскажување. rnrnШесте дами се вистински предизвик за новинарот Клеј, кој се обидува да дознае интригантни детали за нивните животи, но тие се секогаш еден чекор пред него. Нивните молитви за жителите на Самит Вју, повеќе наликуваат на љубопитност за туѓите животи, отколку на желба за помош.rn

    Синопсис

    rn

    Шест пријателки на различна возраст, се собираат секој месец за да споделат вкусна храна, добри рецепти, желба за пријателство и по некоја молитва. Нивното пријателство навистина го зачинува животот во Самит Вју, Колорадо. Работите стануваат интересни кога нивните тајни полека, но сигурно почнуваат да се откриваат…Книга: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив Еверсон

    Да Ви ги претставам дамите од готварскиот клуб:rnrnЕвангелин Бенсон стои на чело на овој женски клуб и состаноците се случуваат во нејзината куќа. Таа го основала клубот пред многу години, кога заедно со нејзината покојна пријателка Рут Ан, почнале да прават мали средби придружени со вкусни јадења и молитви. Еви живее во Самит Вју цел свој живот, и не е баш со раширени раце за добредојде на новите жители во нејзиното родно место. Таа не е склона кон промени, и никогаш не се омажила, ниту ја преболела тинејџерската љубов. Една вечер пред да се одржи септемврискиот состанок на клубот, нејзината внука од сестра пристигнува со скршено срце и големо изненадување за тетка си…rnrnЛиса Лин е нов жител на Самит Вју, жена која е навикната да ги има работите во своја контрола, а истото ќе сака да го направи со клубот, што ја прави број 1 непријател на Еви. Нејзината опсесивна потреба да контролира сè, е резултат на тоа што не добива доволно љубов и внимание од својот сопруг.rnrnГолди цел свој живот е мажена домаќинка, која не заработува сама за себе и ги трпи неверствата на сопругот. Но, сега е подготвена целосно да го промени својот живот и конечно да излезе од бракот што ја уништува.rnrnДона е храбра млада жена која работи како полициски службеник во Самит Вју и е ќерка на шерифот на градот кој воедно е непреболената љубов на Еви. Дона членува во клубот не бидејќи е голем љубител на готвењето, туку затоа што знае дека нејзиното присуство ќе ѝ биде како трн во око на Еви. Но, Дона е на пат да открие нешто многу важно, нешто што целосно може да ѝ го промени животот на една од жените во клубот и да му помогне да човекот кој ненадејно се појавува во Самит Вју, да си ја најде својата биолошка мајка.rnrnЛизи работи како локална библиотекарка, таа е мирна и повлечена, но одеднаш презема силна иницијатива за да ѝ помогне на својата пријателка, жената на свештеникот, која боледува од рак.rnrnВони е мажена, но нема деца. Таа крие голема тајна од своите пријателки, но додека се обидува да го потисне минатото, тоа еден ден излегува на виделина.rn

    Кој би помислил дека животот на 6 навидум обични домаќинки, може да биде толку возбудлив?Книга: „Готварскиот клуб“ - Линда Шепард и Ив Еверсон

    rnrn

    Лична критика

    rnКнигата е поделена на глави, а во секоја глава раскажува некоја од дамите на готварскиот клуб. Пред секое раскажување, даден е по еден рецепт кој таа го споделува со вас, а на крајот на книгата се дадени сите рецепти кои сте ги сретнале во текот на читањето, така што би можеле да кажеме дека станува збор за одлична новела, а воедно и книга-готвач. rnrnНе мора да сте љубител на готвењето, искрено воопшто не ни пробав да зготвам ниеден рецепт од книгата, бидејќи повеќе се сконцентрирав на самата содржина. Животите на 6 религиозни домаќинки, излегоа навистина интересни, можеби и повеќе од очекуваното. Книгата е така лесна за читање и е проследена со добар хумор. Во неа ни се претставени 6 различни карактери на жени и нивните различни гледишта на светот, некогаш наивни, некогаш храбри и решителни, но секогаш интересни.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Со што може да ве освои секој хороскопски знак?

    Со што може да ве освои секој хороскопски знак?

    Дали некогаш сте се запрашале кој хороскопски знак со што може да ве освои? Секој од нив си има своја тактика и стратегија кога станува збор за заведување. Секој човек е поинаков и различно им пристапува на симпатиите од спротивниот пол, но ова се општо прифатените карактеристики и постапки со кои освојува секој хороскопски знак.rnrnСо што може да ве освои секој хороскопски знакrnrnОвенот освојува со својот сексапил.rnrnБикот освојува со својата амбициозност и успешност.rnrnБлизнакот освојува со поглед.rnrnРакот освојува со бакнеж.rnrnЛавот освојува со својот неприкосновен шарм.rnrnДевицата освојува со рамнодушност.rnrnВагата освојува со мудроста која ја поседува.rnrnСкорпијата освојува преку сексот.rnrnСтрелецот освојува со добриот изглед.rnrnЈарецот освојува со својата прекрасна насмевка.rnrnВодолијата освојува со својата добродушност.rnrnРибата освојува со нежност.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

    Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

    Дали понекогаш се прашувате како некои личности успеваат да бидат исклучително уредни? Еве ги нивните трикови.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Имајте визија за себе

    rnАко имате јасна претстава за себе, ќе ви биде многу полесно да одредите што сакате да внесете во вашиот живот. Ова се однесува на секој сегмент, почнувајќи од декорирањето на вашиот дом, преку уредувањето на плакарот, па сè до организацијата на времето.rn

    Одредете ја намената на секоја соба

    rnОткако ќе ја одредите целта на секоја соба, нејзиното уредување ќе биде многу полесно. Понекогаш функцијата на некоја соба е очигледна (кујна, бања), но денес многу соби имаат повеќе намени. Организирајте ги повеќенаменските соби така што јасно ќе ги определите посебните катчиња.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Етикетирајте

    rnДокажано е дека читањето од етикети е побрз процес од процесот на набљудување на предметите на една полица. Без разлика дали се работи за тегли за зачини или големи кутии за складирање, ставете натпис на секој елемент. На тој начин ќе си помогнете самите себе и побрзо и полесно ќе ги враќате предметите таму каде што припаѓаат.rn

    Одржувајте ги површините

    rnНа поголемите површини во домот има место само за она што секојдневно го користите. Работите кои ги користите поретко, подобро е да ги складирате. Размислете колку често користите некој апарат и колкава површина зафаќа тој. На пример, на работната површина во кујната секогаш има место за тостерот, но затоа пак, миксерот би можел да се тргне настрана.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Одберете повеќефункционален мебел

    rnОдлучете се за парчиња мебел кој има неколку функции. Тоа би можело да биде кревет во кој ќе ја чувате постелнината или клуб маса под која ќе бидат сместени весниците и списанијата.rn

    Секојдневните предмети нека ви се секогаш на дофат

    rnПредметите кои ги користите секој ден нека бидат сместени на предниот дел од полиците така што секогаш ќе ви бидат на дофат, додека работите што ги користите поретко сместете ги во задниот дел на полиците или на највисоките полици.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Подредувајте според сличностите

    rnВо кујната или оставата, на иста полица наредете ја конзервираната храна, а житариците ставете ги на друга полица. Во бањата, одделете ги четките за коса од шминките.rn

    Погледнете назад

    rnЗадниот дел од вратата е одлично место за организирање на предметите. Подлогата со џебови која се закачува на врата е наменета за организирање на чевлите, но во неа можете да сместите и марами, накит, разни додатоци за коса, па дури и средства за чистење.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и просторrn

    Купувајте помалку производи

    rnАко не сте минималисти, не купувајте секакви производи само затоа што се на попуст или има распродажба. Често постојат скриени трошоци кои вклучуваат одржување на купениот производ (на пример чистење).rn

    Ставете часовник во бањата

    rnПовеќето луѓе наутро губат најмногу време додека се подготвуваат во бањата. Часовникот во бањата ќе ви помогне полесно да си го организирате времето. Ако немате доволно простор во бањата, поставете ѕиден часовник.rnrnТајни за совршено организирање на вашето време и простор

  • Тајниот свет на Дизниленд

    Тајниот свет на Дизниленд

    Во Дизниленд сè изгледа совршено. Тоа е добро дизајниран свет од фантазијата, но за сè да оди како подмачкано, овој забавен парк користи некои тајни техники.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

    Мачешко обезбедување

    rnИако Дизниленд не потврдува, гласно се шпекулира дека за отстранување на несакани гости од животинскиот свет паркот користи некогаш питоми мачки кои денес се однесуваат како да се диви. Денот тие го поминуваат во специјални кафези, а ноќе шараат низ целиот парк во потрага по натрапници. Наводно, овој метод се употребува од 1957 година, кога одговорните од паркот не успеале да избркаат сто мачиња-скитници, па се решиле да ги искористат „услугите“ на подивените мачки.rn

    Скриениот Мики Маус

    rnЛикот на Мики Маус може да се забележи насекаде низ тематските паркови на Дизни, но него го има дури и онаму каде што никој не може да го види на прв поглед. За Дизни работат специјално обучени инженери-дизајнери кои вешто успеваат да го скријат познатиот лик на места каде што не се забележува. Така, дизниевиот јунак го има на цветните тапети во амбулантата, на бродот на Карипските пирати, па дури и на ролеркоустерот Вселенска Планина (Space Mountain). Само тие знаат колку точно Мики Мауси има во Дизниленд.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

    Алкохол далеку од дофатот на децата

    rnНикаде во Дизниленд не се продава алкохол, освен во добро скриениот Клуб 33. Тој бил изграден во времето додека Волт Дизни бил жив како место каде што требало да се забавуваат потенцијалните инвеститори. Денес таму можат да влезат само 487 гости кои се на список, а ред се чека и по 14 години. Порано од тоа можат да влезат само луѓе од политиката, славни ѕвезди и други луѓе со силни врски.rn

    Оптички илузии

    rnВо Дизниленд ништо не е баш онака како што изгледа благодарение на дизајнерите кои многу умешно креираат оптички илузии. Така на пример, планината Матерхорн всушност е еден не многу голем рид, иако изгледа огромен. Трикот е во тоа што дрвјата во подножјето се повисоки и изгледаат поблиску, а оние на врвот се пониски, создавајќи илузија дека се таму далеку во облаците.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

    Работниците имаат актерски задолженија

    rnВо Дизниленд секој работник има актерски задолженија. Секој од нив мора да следи прецизен код на однесување со кој нема да се задира во магијата на паркот. Сите мораат да се однесуваат како да се во светот на карактерот кој го претставуваат со цел да не ја нарушат сликата на посетителите за него, а носење брада, долги нокти или бојадисана коса не доаѓа предвид.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.