КАФЕ ПАУЗА

Tag: тајни

  • 10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот дом

    10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот дом

    Без разлика дали живееме на одредено место само 2 месеци или 20 години, сите од време на време имаме потреба од мала промена. Нашите животи постојано се менуваат и таа промена треба да се забележува и во домот каде што живееме. Промените можат да бидат многу едноставни, кои можат да се постигнат и само со купување мали декорации како на пример, фотографија. Но, понекогаш тоа што навистина ни е потребно е голема промена како нова боја на ѕидовите, нов мебел или пак преуредување на тоа што веќе го имаме.rnrnСледуваат неколку едноставни тајни од најпознатите внатрешни дизајнери кои можат да ви помогнат да направите трансформација којашто најдобро ќе одговара на вашиот моментален стил и карактер.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Првото правило за декорирање е дека можете да ги прекршите скоро сите други правила,“ Били Блодвин

    rnНешто што секој декоратор би ви го кажал е дека правилата постојат за да се прекршат. Многу е поважно декорациите во вашиот дом да го рефлектираат вашиот начин на живот и вашата личност отколку да се водат според конвенционални правила. Но, сепак, многу е важно да најдете одреден баланс за вашиот дом да не изгледа ниту премногу досадно ниту пак премногу натрупано.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Никогаш не туркајте го мебелот до ѕидовите. Дури и ако ја поместите гарнитурата за седење само неколку сантиметри нанапред, можете инстантно да го стоплите просторот и да создадете тек,“ Бетси Брнхам

    rnИ покрај тоа што секој дизајнер има свои сопствени трикови за трансформација на одредена просторија, сите тие се согласуваат дека во домот треба да владее добро чувство за живеење, да ги претставува интересите и страстите на сопствениците и да не е многу сериозен.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Секогаш имајте го таванот на ум. Тој е најзапоставениот простор од собата,“ Алберт Хедлеј

    rnКога ќе започнете со декорирање на домот, прво што ви паѓа на памет се ѕидовите, потоа мебелот и подот, но ретко кога размислувате и за тоа што се наоѓа над вас. Овој златен таван успева да направи неколку работи во оваа соба. Тој го рефлектира природното осветлување кое доаѓа од огромните прозорци, додава длабочина и топлина во собата и дефинитивно додава елемент на нешто необично.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Комбинацијата од повеќе бои го одржува младешиот и забавен карактер на собата,“ Кристина Марфи

    rnМногу луѓе се плашат да ги бојадисаат ѕидовите со светла боја. Бојата исто така може да се додаде и преку декорации. Убави ќебиња, вазни, фотографии, перници и ќилими се одличен начин да додадете малку повеќе боја во вашиот дом. Започнете со мали промени, додадете разнобојна ламба, па потоа вазна и ќебе… Ако се чувствувате подготвено преминете и на поголемите нешта. Бојата навистина влијае на расположението и може да го направи вашиот дом посреќен и поенергичен.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Употребете ѕидни тапети на необични места: на таванот, во соби обложени со ламперија, во плакарот, ходниците или во малото фоаје. Добра текстура во мал простор може да направи чудесен пресврт,“ Линдзи Корал Харпер

    rnСекогаш е забавно да влезете во нечиј дом и да најдете нешто неочекувано. Класично уредена дневна соба со таван во светла боја, бел ходник и неочекувано колоритни скали… Едноставната бела спална соба може да понуди интересно изненадување ако има забавни текстури на плакарот. Во собата на сликата погоре, веднаш ќе ве привлече забавниот и истовремено елегантен таван.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Јас ја ценам историјата, но мора да донесете свое искуство во вашите простории,“ Истван Франсер

    rnТоа што го прави домот уникатно ваш се оние работи кои ги имате во него. Покажете ги личните работи за да ги откриете вашите личност, авантури и постигнувања. Комбинирајте ги украсите така што ќе употребите и постари и понови. Сите ние имаме минато, сегашност и иднина и сите тие играат голема улога во нашата лична историја.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Мислам дека луѓето не се забавуваат доволно додека декорираат. Не мора секогаш да биде толку сериозно. Дизајнот не е како бракот, не мора да му бидете посветени до крајот на вашиот живот,“ Рос Кесиди

    rnНе плашете се да направите нешто ново. Секогаш можете да го смените ако не ви се допаѓа. Мебелот може да биде наместен на различен начин, ѕидовите можат да бидат повторно бојадисани… Не знаете дали нешто ќе ви се допадне сè додека не го пробате. Ако не сте сигурни, започнете прво со нешто мало, а потоа преминете на нешто поголемо. Собата погоре ќе биде многу досадна ако не е тука интересниот и разнобојниот мебел. Тој ѝ овозможува одреден карактер и покажува дека сопственикот е забавен, полн со љубов и најверојатно не се сфаќа себеси премногу сериозно. Од друга страна пак, ако ѕидовите и ламбите не беа бели, собата ќе беше премногу натрупана и ќе ви го одвлекуваше вниманието.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Вистинската удобност, визуелно и физички е најважен дел од секоја соба,“ Марк Хемптон

    rnДруга област за која сите дизајнери се согласуваат е важноста на удобноста во домот. Без разлика дали вашиот стил е елегантен и софистициран, опуштен или ексцентричен… Без разлика дали сте минималисти, пребирливи или класични, најважното нешто е да го направите вашиот дом добар за живеење. Добро дизјаниран дом е оној кој истовремено е и удобен и функционален.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Што е најважното нешто? Совршено осветлување во секое време,“ Оскар де ла Рента

    rnПриродното осветлување е најдобро, но кога станува збор за природна светлина изворите се ограничени. Поради тоа размислете за вашата околина. Дали живеете во голем град, во близина на шума или покрај езеро? Некои домови ќе имаат многу повеќе природна светлина од други и осветлувањето во домот може да варира во текот на денот. Седете во сите соби од вашиот дом за време на еден ден и забележете каде недостасува светлина. Додавањето на дополнително осветлување ќе ви овозможи сјај и топлина околу вас.rnrn10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот домrnrn rn

    „Додатоците се таму каде што сакам да оставам впечаток. Тие се душата на секоја соба,“ Остин Ворнер

    rnДодатоците се одличен начин да го поврзете сиот декор во целина. Тие можат да ги доближат сите нешта едни до други и да направат вашиот простор да добие комплетен изглед. Тоа исто така е и еден начин да додадете личен допир на вашиот простор. Тие често раскажуваат приказни за тоа каде сте биле и кои се вашите интереси. Ако не сте сигурни дека сакате да направите некоја голема промена во однос на боите во вашиот дом, можете да внесете малку повеќе разнобојност преку додатоците кои ќе ги изберете.rnrnДали сте инспирирани да направите неколку промени во вашиот дом? Од каде би почнале и што би промениле?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Штикли

    Штикли

    Автор: ButterflyrnrnrnШтиклиrnrn8-ца, 10-ка, 18-ка, 20-ка…rnЦрни, црвени, кафени, сиви, бели, виолетови…rnОтворени, затворени, зимски и летни.rnШтикли.rnЗа некого само обувки, за некого неподносливи.rnЗа мене незаменливи.rnОбожувани, сонувани, посакувани. Едни од малите нешта кои ме прават среќна.rnКога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција, отменост, малку арогантност, а пред сè женственост. Моќ работите да ги гледаме од малку повисоко.rnМе потсеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.rnСпособни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.rnМе носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.rnПокрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.rnНивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц…rnМоите штикли се спремни да одекнат низ улиците…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 тајни за подолг живот

    5 тајни за подолг живот

    Здравиот и долг живот е нешто кон кое сите целиме, но сепак ретко кој успева да се држи кон определени правила. Понекогаш и најобчино и неважно нешто може да се покаже како одличен стимулатор на човечкото здравје. Ова се неколку интересни работи кои се добиени од разни истражувања направени од врни експерти низ светот.rnrn5 тајни за подолг животrn

    Важно е да бидете активни на кој било начин

    rnПокрај придобивките за здравјето кои се добиваат од редовното вежбање, една обична прошетка со вашиот партнер или пријател може да биде одличен начин да си направите муабет, да си ги раскажете проблемите или да споделите некое искуство. Истражувањата покажуваат дека доколку не можете да испешачите барем пола километар во 5 минути, тогаш имате сериозни проблеми со вашето здравје.rn

    Намалете со месото

    rnЕдно 10-годишно истражување направено на пола милион американски жители открило дека оние лица кои јаделе по барем 150 грама свинско или телешко месо дневно, имаат за околу 30% поголеми шанси побрзо да го завршат животот за разлика од оние кои внесуваат многу помала количина месо на дневно ниво.rn

    Секогаш очекувај го најдоброто

    rnЕдно истражување спроведено од „Women’s Health Initiative“ направено на повеќе од 100.000 жени покажало дека оние кои биле пооптимистични имале за 14% поголеми шанси за подолг живот од оние кои гледале песимистично на нештата и приликите во животот.rn

    Грижете се за вашите љубени

    rnУниверзитетот во Мичиген направил истражување кое покажало дека кога сопружниците се грижат еден за друг, и покрај сите нервози, ги зголемуваат шансите за подолг живот за околу 36%.rn

    Внимавајте на витаминот Д

    rnНиското ниво на витамин Д во организмот се поврзува со остеопороза, дијабетес, хипертензија и со рак. Според најновите истражувања, возрасните кои не добиваат доволно од сончевиот витамин ги зголемуваат шансите за 26% порано да го завршат животот. Се препорачува да се излегува на Сонце барем 10-15 минути во периодот од 11 до 15 часот, неколку пати неделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

    Неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат

    Без разлика дали станува збор за шепотење дури се пие кафе или разговор на телефон доцна во ноќта, озборувањето го подигнува духот кај жените кои во тој момент се чувствуваат дека се под стрес или доколку едноставно имаат лош ден од која било причина. Иако сите ја сметаат за многу негативна особина, сепак озборувањето се практикува од сите жени, насекаде низ светот. Ова се неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат.rnrnНеколку причини зошто жените сакаат да озборуваатrn

    Преку озборувањето жената се чувствува како да се вклопува со другите

    rnИсто како споделувањето тајна со некого, озборувањето прави да се чувствувате сигурни во другарството и во таа личност. Тоа значи дека преку озборувањето се поврзувате со другите.rn

    Понекогаш ви помага да најдете нови пријатели

    rnПреку озборувањето и споделувањето „црни“ тајни, започнувате разговор со повеќе лица, меѓу кои и со некои кои не ви се толку блиски. Тука повторно довербата која другите ја чувствуваат поради споделената информација, создава атмосфера за ново пријателство.rn

    Озборувањето ослободува од стрес

    rnПоради некоја чудна причина, кога ќе чуете лоши вести за некој друг, по автоматизам се чувствувате подобро за себе. Едноставно, чувството дека нашиот живот е подобар од оној на другите, нè прави инстантно среќни.rn

    Озборувањето помага да се испроцесира личното искуството

    rnЖените имаат потреба да ги споделат нивните искуства со некој друг, од проста причина што така им е полесно да сфатат што точно им се случило.rn

    Преку озборувањето се добива потврда за личните чувства

    rnПреку озборувањето обично жените очекуваат потврда на она што го мислат. Кога се чувствувате вознемирени, одговорот на прашањето „Како таа можела да ми го направи тоа…?“, секогаш ќе наиде на поддршка и разбирање од другата страна.rn

    Озборувањето помага во справувањето со секојдневните работи

    rnТоа е многу примитивна техника, која помага да пребродите било што. Без разлика дали некој ве вознемирил или сте љубоморни за нешто, преку озборувањето ќе ви помине, макар и моментално.rn

    Озборувањето е одличен начин за истакнување на работа

    rnДоколку го употребите паметно, можете да го искористите озборувањето за себепромоција помеѓу колегите и да го подобрите вашиот статус во фирмата.rn

    Озборувањето помага за анализирање на проблемите со другите луѓе

    rnПовеќето жени сакаат да ги анализираат дури и најмалите проблеми во животот, па токму затоа озборувањето е одличен метод за добивање целосна слика за случувањата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.