Тајната на успехот во сите животни полиња не се крие во стремежот да го достигнеме недостижното, туку во начинот на кој ќе се обидеме да го сториме тоа. Во оние моменти кога ќе научиме како да се прифатиме себеси, со сите наши слабости, недостатоци, маани, несигурности, дарби и таленти, тогаш нема да мораме да го бараме успехот, бидејќи тој ќе нè пронајде нам.rnrn
rnrn1. Каде што има волја има и начин. Исто како што сите уметниците се навраќаат на истите теми и се обидуваат одново да ги прикажат на еден сосема нов начин, така и ние треба да научиме дека конзистентноста и повторното разгледување на работите можат да ни бидат многу корисни во секојдневниот живот. Во оној момент кога ќе заклучиме дека никогаш не треба да се откажуваме и дека упорноста може да биде извор на оптимизмот и среќата, тогаш успехот ни е гарантиран.rnrn2. Не смееме да дозволиме да ги повторуваме истите грешки. Мораме да бидеме свесни дека треба да слушаме, да учиме и да ги прифаќаме сите совети за да можеме успешно да се трансформираме, да растеме и да се развиваме, како и да имаме еден поразличен пристап кон работите во иднината. Ние не постоиме во вакуум и мораме да се обидеме да најдеме компромис со надворешниот свет и сѐ она што тој го бара од нас.rnrn3. Луѓето на кои се огледуваме и кои ни служат како пример за правилното однесување можат многу да ни помогнат. Тие ќе нè научат што било претходно направено од оние кои веќе ги проживеале моментите со кои се соочуваме и го отвориле патот низ густата шума низ која сакаме да поминеме. Доколку сакаме да успееме и да напредуваме, треба да ги признаеме грешките и да бидеме способни да ги разгледаме и туѓите перспективи.rnrn4. Очигледно не можеме да го повториме тоа што другите веќе го направиле. Мораме да се обидеме сами да го пронајдеме патот и да си дозволиме сами да ја создадеме и примениме нашата слобода. Креативноста во љубовта и работата бара време и ништо не може да се постигне со брзината која ја посакуваме. Понекогаш, разочарувањата и лошите искуства можат да бидат една корисна лекција за иднината.rnrn5. Откако ќе се одморите и ќе ги организирате мислите, вратете ѝ се на задачата која сте ја работеле. Сега, ќе можете поинаку да ѝ пристапите. Задоволството и чувството на исполнетост лежи во потрагата кон успехот, а не во исполнувањето на целта. Кратки се моментите на возбуда и еуфорија кога нашиот труд ќе биде награден, но затоа начинот на кој сме ја оствариле целта ќе остане како едно поучно патување од нашето минато.rnrn6. Запомнете дека луѓето најчесто учат како најдобро да живеат од нивните страдања. Дозволете вашите патења и вашите несигурности да ве информираат и да ви дадат едно разбирање за другите и за животот, општо. Кога ќе научиме да ги прифатиме разочарувањата и недостатоците, тогаш ќе ја пронајдеме и радоста која ја бараме.
Tag: тајни
-

6-те тајни за успехот во љубовта и работата
-

7 нешта кои мажите би сакале жените да ги знаат за нив
Има многу повеќе мистерии поврзани со спротивниот, отколку што има тајни во космосот. За разбирање на тајните на космосот веќе има современи технолошки помагала, но дали постојат некакви алатки кои ќе ни помогнат да го разбереме спротивниот пол? Можеби е време некој храбар маж да го направи првиот чекор и да им дозволи на жените да научат неколку работи кои мажите би сакале да ги знаат за нив.rnrn
rn1. Мажите мислат дека жените се убави и без шминка
rnМажите не се привлечени од шминката на жените. Тие се привлечени од женскиот мозок, нивната смисла за хумор, начинот на кој се смеат, начинот на кој киваат, женската самодоверба и прекрасната насмевка. Шминката може да се користи како начин за изразување на себеси и жените повеќе треба да ја носат за себе. Но, тие исто така и не треба да мислат дека не се убави без шминка.rn
2. Интелигенцијата е секси
rnЖените не се толку беспомошни колку што мислите. Тие денес се професионалци и лидери во сите области од човечкото живеење. Мажите тоа го сакаат, бидејќи сакаат повеќе да научат од жената отколку што сакаат да бидат учители. Тие сакаат да ги одведат жените на пијачка и да бидат маѓепсани од размислувањата и верувањата на жената. Женската интелигенција не само што е привлечна, туку е и секси.rn
3. Самодовербата е многу важна
rnНекои мажи сакаат несигурни жени бидејќи знаат дека можат да манипулираат со нив и да ги контролираат. Но, жените со самодоверба нема да дозволат да бидат манипулирани, а покрај тоа ќе заштедат и многу пари на козметички средства за убавина кои воопшто не им се потребни, бидејќи самодовербата е најдоброто нешто за да изгледаат убаво и привлечно за мажите.rn
4. И мажите имаат чувства
rnМажите можеби не сакаат да зборуваат често за своите чувства, но исто така знаат колку е важно да се зборува за нив. Понекогаш тие едноставно сакаат тивко и како стоици да ги издржат приговорите на непријатниот шеф. Но, понекогаш сакаат да зборуваат за своите проблеми и чувства кои им тежат во душата.rn
5. Мажите сакаат добра смисла за хумор
rnСмислата за хумор, па дури и зајадливите досетки знаат да бидат секси и мажите не можат да им одолеат. Тие сакаат да најдат жена која секогаш ќе ги смее и со неа ќе можат вистински и искрено да се поврзат. Кога ќе најдат некој кој ќе ги насмее со својата природност, мажите си дозволуваат да се поврзат на повисоко ниво.rn
6. Мажите не се глупави
rnМажите се покомплексни отколку што се претставени во рекламите и американските серии. Тие знаат дека некогаш жените знаат да бидат злобни и знаат дека треба да дадат ѝ комплимент на жената. Тие ги разбираат потребите и комплексноста во врските. И понекогаш знаат да бидат одлични и грижливи партнери без многу да се трудат, доколку ја имаат вистинската личност крај себе.rn
7. Мажите уживаат во прегратките
rnИнтимноста повеќе не е табу тема. Мажите го сакаат допирот на женската кожа, како и чукањето на нивното срце покрај своето. Не многу одамна мажите кои сакаа таков вид нежности се сметаа за слабаци. Токму затоа и кога се впуштаа во такво однесување, се оправдуваа дека тоа го прават за својата сакана. Но, денес нештата се сменети и многу мажи ја откриваат вистината за своите потреби. Дури и да ви кажат дека не сакаат гушкање, на крајот од вечерта како мали бебиња ќе заспијат во вашите раце.
-

Девојки, правете ги овие 9 нешта за да го задржите мажот од вашите соништа
Сте запознале прекрасен маж кој навистина ви се допаѓа и не сакате да го изгубите? Најпрво треба да бидете сигурни дека си одговарате. Ако сте сигурни во тоа и сакате вашата врска да успее, тогаш дефинитивно треба да знаете и како да го задржите неговиот интерес. За да го постигнете тоа, следете ги следниве 9 совети.rnrn
rn1. Не обидувајте се да докажете дека сте подобри од него
rn
rnrnАко сте директор или основач на успешна компанија, тој нема да се заљуби во вас затоа што имате многу пари или затоа што сте поуспешни од него. Ако сте многу паметни, не треба секој ден да го покажувате капацитетот на вашиот мозок. Можете да го победите во која било игра со размислување, но мажите не се вљубуваат во вашиот голем мозок, туку во вашето срце.rn2. Чувајте ги за себе малите, валкани тајни
rn
rnrnНе мора да го кажувате секој детаљ од лудата забава што сте ја имале кога последен пат сте биле на одмор. Од друга страна, можете да му кажете дека сте возбудени за некое патување во иднина. Суштината на врската не е во воспитувањето, туку во поврзаноста со мажот на различно ниво. Ако го користите само мозокот, без да го вклучите срцето и тој ќе го прави истото. А сигурно не би сакале тој да се фокусира само на вашиот мозок и бескрајните озборувања.rn3. Никогаш не престанувајте да се однесувате како деца
rn
rnrnРазведрете се и насмејте се. Кога почнувате да излегувате со нов маж, не заборавајте да се забавувате додека се запознавате. Дознајте повторно како е да запознаете некого низ детските очи. Се сеќавате како ги облекувавте фустаните на вашите мајки и стоевте со часови пред огледалото додека бевте малечки? Направете го истото и сега, додека се подготвувате за состанок со него. Наполнете ја кадата, пуштете музика и уживајте со себе пред состанокот со вашата симпатија. Така ќе се чувствувате убаво, женствено и полни со енергија.rn4. Останете блиски со пријателите
rn
rnrnНе ги заборавајте вашите пријатели. Кога сте вљубени често заборавате на тие кои секогаш биле тука за вас. Не одбивајте ги вашите пријатели кога ве канат на нивната забава, или кога треба да излезете заедно. Не мора секој ден да го поминувате со вашето ново момче. Со него излезете во петок, а со пријателките направете забава во сабота. Мажите секогаш сакаат кога жените не се постојано околу нив. Покрај тоа, тој сигурно сака да помине и машка вечер со пријателите, која вклучува фудбал и пиво.rn5. Насекаде чувајте колачи
rn
rnrnВие и вашиот стан секогаш треба да мирисате убаво. Мажите не сакаат кога нивните девојки мирисаат како мажи и ги обожуваат миризбите на ванила и цитруси. Ако после вечерата завршите во вашиот стан, запалете миризливи свеќи. Кога ќе ја запалите свеќата со мирис на чоколадни колачи, тој веднаш ќе огладни и тоа не само за колачи.rn6. Не заборавајте да дадете комплимент за друга жена
rn
rnrnАко сте излезени на состанок и се случува тој да се загледа во убавиот задник од жената која поминува покрај вашата маса, можете слободно да кажете: „Убава е, нели?“. Ќе се почувствувате убаво поради ова, бидејќи тој е на состанок со вас, а не со нејзиниот задник. Ова ќе му покаже дека сте самоуверени и нема да се извадите од памет ако тој смета дека некоја друга жена е привлечна. Не убивајте ги неговите природни инстинкти. Во природата на мажите е да го завртат погледот кога ќе помине убава жена и во тоа нема ништо погрешно.rn7. Не откажувајте се од себеси
rn
rnrnАко почувствувате дека се обидувате да бидете нешто кое не сте, тогаш веднаш престанете. Ако не се сакате себеси, тогаш тешко дека ќе дозволите некој друг да ве сака. Секој ден погледнете се во огледало и најпрво покажете си љубов кон себе. Правете го само она што ве прави да се чувствувате убаво.rn8. Ослободете се од вашето минато
rn
rnrnКога започнувате нова врска, оставете го минатото таму каде што му е местото. Не дозволувајте духовите на љубовниците од минатото да го исполнат вашиот мозок со глупости и несигурност. Ако во новото момче сакате да ги најдете карактеристиките на вашиот бивш, тоа нема да биде добро ниту за вас, ниту за врската со него. Ослободете се од багажот од претходните врски и погрижете се никогаш повеќе да не ви пречи во животот.rn9. Верувајте во епска љубов
rn
rnrnЛесно е да го задржите неговото внимание ако верувате во себе и верувате во моќта на љубовта. Ако не верувате во себе, немате ништо. Затоа верувајте си и верувајте дека со него ве чека вистинска љубов како од бајките. -

10 места кои не можете да ги видите на Google Maps
Сакате одблиску да ја видите Ајфеловата кула, но во скоро време нема да бидете во можност да отидете во Париз? Во тој случај Google Maps е одлично место за виртуелно патување ширум светот. Но, не сите интересни знаменитости се јасно видливи преку оваа платформа. Некои слики се заматени и искривени поради безбедносни причини.rnrn
rnrnТоа значи дека доколку сакате да прошетате низ градовите во Северна Кореја преку Google Maps, нема да можете. Исто така заматена е и кралската палата во Холандија, па дури и електричната централа во рамките на Универзитетот Корнел во Итака, Њујорк.rnrnКога Google Maps најпрво беше лансиран, сликите од Белата куќа и седиштето на американскиот конгрес во Вашингтон беа заматени, но денес веќе може јасно да се видат. Погледнете кои локации и знаменитости сѐ уште се заматени и не можеме да ги набљудуваме при виртуелната прошетка низ светот.rn1. Кралската палата во Холандија
rn
rnrnКралската палата во Амстердам, Холандија која се нарекува „Koninklijk Paleis Amsterdam“, е една од оние места поврзани со холандското кралско семејство кои имаат заматени слики на Google Maps. Покрај палатата, не можете да ги видите ниту кралските штали и уште еден дворец кој се нарекува „Huis ten Bosch“.rn2. Меѓународниот аеродром Бафало Нијагара
rn
rnrnМеѓународниот аеродром Бафало Нијагара е избелен во најголем дел и дури и кога ја зголемуваме сликата не можат да се видат детали.rn3. Националниот парк Тантауко во Чиле
rn
rnrnНационалниот парк Тантауко на Google Maps може да се види само како маркер кој покажува на неговата местоположба. Приватниот природен резерват е дом на многу загрозени видови животни.rn4. Браната Киови во Јужна Каролина
rn
rnrnРезерват на езерото Киови во Јужна Каролина кои бил изграден од луѓето исто така не може чисто да се види на Google Maps. Браната во форма на новогодишна елка е дел од една компанија за производство на електрична енергија.rn5. Мистериозно место во Русија
rn
rnrnНикој не е сигурен зошто е заматена оваа локација која се наоѓа во сибирската тундра. Најблискиот град до ова место е Егвекинот во Русија, кој од Алјаска го дели само Беринговиот проток.rnrn -

10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат
Некои луѓе повеќе се плашат од тоа што го знаат, отколку од тоа што не го знаат. Но сепак, кога човек е свесен за одредени работи, стравот понекогаш исчезнува. Многумина уживаат во летањето и се препуштаат целосно на машинеријата која ќе ги вивне кон небото и на луѓето кои управуваат со неа. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш погледнете ги следниве 10 тајни кои стјуардесите и пилотите нема да ви ги откријат кога се подготвувате за полетување.rnrn
rnrn1. Дали сте знаеле дека од моментот кога маските се појавуваат над вашите глави, имате кислород за само 15 минути? Тоа време е доволно за пилотот да го спушти авионот на висина каде ќе можете нормално да дишете, па оттука нема причина за паника.rnrn2. Дали знаете која е вистинската причина зошто се гаснат светлата во текот на ноќното слетување? Тоа е за да ви се прилагодат очите на мракот во случај нешто да тргне наопаку.rnrn3. Сте чуле ли некогаш дека во текот на летот во авионот удираат грмотевици, без вие да го забележите тоа?rnrn4. Интересен е фактот дека тоалетите во авион можат да се отклучат и од надвор. Ако мислите дека сте заклучени, реалноста е дека во секој момент може некој да влезе.rnrn5. Дали знаете дека пилотите секогаш носат дополнителна храна, во случај храната во авионот да е затруена?rnrn
rnrn6. Ако се случи некаква несреќа, повеќето од комерцијалните авиони можат да летаат само со еден мотор.rnrn7. Сѐ уште нема точно објаснување зошто мобилните телефони и компјутерите секогаш мора да ни бидат исклучени.rnrn8. Авионот може да лета уште кратко време и откако ќе откажат двата мотори. Затоа полетувањето и слетувањето се најкритичните делови од летот.rnrn9. Водата во авионите нема посебен квалитет. Некои од авионите се прилично стари, дури и по 50 години, а тоа значи дека толку се стари и резервоарите за вода кои скоро и да не се чистат.rnrn10. Иако во авионите пушењето е забрането, сепак во тоалетите може да се најдат пепелници. Објаснувањето е дека ако некој го прекрши правилото и падне во искушение да запали цигара во тоалетот, тогаш мора да има сигурно место каде што ќе ја изгасне цигарата. -

12-те најлуди нешта некогаш пронајдени на Земјата!
Планетата Земја е преполна со тајни и мистерии, а некои од нив можеби никогаш нема да бидат разрешени.rn
1. Саксајваман
rn
rnrnОвие составени камења и карпи се наоѓаат во близина на Перу и совршено добро се вклопуваат без малтер, што е невозможно нешто да се стави помеѓу нив.rn2. Пештерите Лонгјоу
rn
rnrnОвие пештери направени од човечка рака се пронајдени во близина на Кина и сѐ уште претставуваат вистинска мистерија. Се претпоставува дека датираат од пред династијата Квин (212 година п.н.е.), но нема податоци за нив. Зошто некој сакал да го скрие нивното постоење?rn3. Војничeвиот ракопис
rn
rnrnМистерија која останува нерешена до ден-денес, со многу теории во врска со тоа на кој јазик е напишана. Во 2014-та, две различни групи изнесле две тврдења дека ја решиле мистеријата. Единствениот проблем било што двете решенија целосно се разликувале едно од друго. Едните верувале дека тоа е мексикански дијалект, додека другите мислеле дека тоа е кодиран азиски јазик.rn4. Портата на сонцето
rn
rnrnИсто како Стоунхенџ, и Портата на сонцето е камена структура која останала нерешена тајна до денешен ден. Се наоѓа во околината на Боливија, каде се верува дека живееле првите луѓе на планетата. Се претпоставува дека написите кои се врежани во плочите се всушност од голема астролошка и астрономска важност.rn5. Гобекли тепе
rn
rnrnОва место, кое е пронајдено на врвот на планинскиот гребен во Турција, многу придонело за човековото разбирање за развојот на древните обичаи. Храмот е изграден пред да биде изграден градот околу него, а тоа покажува колку е ценета религијата на оние кои тука се населувале.rn6. Споменикот од Јонагуни
rn
rnrnСѐ уште трае дебатата за тоа дали оваа огромна подводна структура е направена од човекот или е природно формирана. Споменикот се наоѓа на крајбрежјето на островот Јонагуни во Јапонија и содржи рамни рабови како и агли од 90 степени.rn7. Ливадите Лонсо
rn
rnrnОва наоѓалиште старо 1.000 години, кое се наоѓа на Њуфаундленд во Канада, докажува дека Викинзите стигнале до Северна Америка многу порано од Кристофер Колумбо.rn8. Тунелите од камено време
rn
rnrnОваа огромна мрежа на подземни тунели која се простира ширум Европа, од Шкотска до Турција, е направена целосно од човекот и датира од каменото време. Остануваат прашањата за тоа како било возможно да се изгради толку обемен систем во тоа време.rn9. Птицата моа од планинскиот венец Овен
rn
rnrnМоа е птица чија врста изумрела пред околу 500 години, па било голем шок кога истражувачите пронашле зачувана канџа од една ваква птица во пештерата на планината Овен во Нов Зеланд, која датира од пред 3.000 години.rn10. Мохенџо Даро
rn
rnrnМохенџо Даро се наоѓа во Пакистан и преставува најраната градска населба со знаци на градско планирање, социјални организации и системи за сушење. Се проценува дека на ова подрачје живеле 40.000 луѓе.rn11. Недовршениот обелиск
rn
rnrnОвој обелиск е изрезбан директно на камен, но кога се појавиле пукнатини во гранитот, изградбата на обелискот е напуштена. Се наоѓа во Египет и можете да видите колку е голем во споредба со малите човечки фигури.rn12. Топките во Костарика
rn
rnrnПостојат стотина гранодиоритни топки низ цела Костарика кои се различни по големина и варираат од многу мали (3-4 см) до прилично големи (3 м). Археолозите до ден-денес немаат никаква идеја што претставуваат овие топки. -

Просечната жена ги крие овие 5 нешта од својот сопруг
Кога стапува жената во брак, таа дава ветување дека како сопруга ќе му кажува сѐ на својот маж, дека нема да крие нешта од него и дека со него ќе ги споделува и убавите, но и неубавите моменти од својот живот. Сепак, ова во пракса не се случува баш секогаш. Мажената жена многу често ги крие овие 5 тајни од својот партнер, што неретко може да ја чини и самиот брак.rnrn
rn1. Здравствени проблеми
rnКога жената ќе забележи младеж со неправилен облик или некоја грутка во градата, таа најверојатно тоа ќе го скрие од својот маж. Првата личноста на која ќе ѝ каже за промената е нејзината мајка или нејзината сестра.rn
„За да не би ги преплашиле своите сопрузи, жените најчесто молчат во врска со своите здравствени тегоби“, наведуваат експертите.
rnНајчесто молчат бидејќи сакаат да ја негираат целата ситуација, но тоа не значи дека така проблемот ќе исчезне. Доколку го споделат овој проблем со своите сопрузи, веројатно ќе добијат поддршка и ќе се чувствуваат далеку полесно отколку ако одлучат да ги чуваат во тајност својот сомнеж и својата загриженост. Всушност, една од добрите страни на бракот е тоа што партнерите можат да се потпрат еден на друг во секој момент и за сѐ што ќе се појави на нивниот пат.rnrn
rn2. Проблеми во врската
rnЖивотот на мажените жени е постојана борба, препукување и несложување во врска со родителските и домашните обврски, како и за многу други работи. Жените најчесто за недоразбирањата и проблемите со своите сопрузи, молчат и трпат и на тој начин ништо не решаваат по тоа прашање.rnrnЧесто одат сами на терапии или на советување и тоа само заради едно прашање кое себеси си го поставуваат: Вреди ли да се борам за него и за бракот?rnrnДури кога се 100% сигурни дека нивниот сопруг е вреден за борбата, ќе почнат отворено да зборуваат со него за проблемите во нивната врска, кои во тој момент и почнуваат да ги решаваат.rnrnТоа не е фер за мажите, бидејќи така жените не им ја даваат можноста на нив да се борат за истиот брак во кои и самите се наоѓаат. Жените треба да им дадат право на глас, па дури потоа прво секој посебно, а потоа и заедно да одлучат дали бракот е вреден за понатамошна борба или не.rn
3. Сексуални фантазии
rnЖените за секс многу ретко зборуваат, а кога сакаат да разговараат за незгодни интимни теми, најчесто им се обраќаат на блиските пријателки. Често се жалат дека сопругот не ги задоволува, но вистината е дека нивната пријателка, освен сожалување, не може да им понуди решение на проблемот. Кога би ги споделувале своите фантазии со сопругот или пак би им кажувале што ги возбудува и на кој начин тој може да го направи тоа, и сексуалниот живот драстично би им се подобрил.rnrn
rn4. Личен успех
rnЖените се во состојба на работа да ринтаат, да се кршат од работа и да успеат да ја остварат најголемата цел, а кога ќе дојдат дома, тоа да не му го соопштат на својот сопруг. Тие се плашат дека на тој начин може да го повредат својот партнер, дека тој може да се чувствува помалку како маж и така одлучуваат тоа да помине незабележано. Но, да бидеме реални, ако мажот не е задоволен што покрај себе има успешна и силна жена, тогаш тој не ни вреди да го дели животот со вас.rn
5. Пари настрана
rnКриењето пари од мажот за некои жени е златно правило научено од нивните мајки. Тоа е за нив единствениот начин тие да имаат некои резерви настрана, во случај бракот да не успее. Некои жени имаат расипнички мажи, а некои од нив понекогаш трошат повеќе одошто би смееле, па одлучуваат да ја кријат таа информација дури и од самите себе.rnrnМеѓутоа, криењето на вистинската состојба на банкарската сметка од сопругот не е идеално решение, бидејќи како прво, во бракот ништо не би требало да се крие, а како второ, ако сакате да се осигурите за во случај бракот да не ви успее, тогаш бракот веројатно и нема да ви успее штом воопшто размислувате за тоа.
-

Ужасни тајни на хотелите: Колку често ги чистат собите?
Во првите моменти кога ќе изнајмите соба во хотел, сигурно не помислувате колку луѓе пред вас биле во неа, нити пак какви навики имале тие. Исто така, нивото на хигиена и количината на бактерии воопшто не зависи од бројот на ѕвездички.rnrn
rn1. Не употребувајте дрвени плакари
rnДрвото е материјал кој бактериите најмногу го сакаат, а воедно е и најтешко да ги отстраните од него. Поголемиот број бактерии доаѓаат заедно со нечистотијата, па затоа по влегување во собата, се препорачува да ја проверите чистотата на подните плочки во тоалетот. Ако тие ви се чинат во ред, најпаметно е куферот да го оставите таму затоа што бањите најтемелно се чистат.rn
2. Не се чисти доволно често
rnТемелна дезинфекција на хотелите просечно се прави еднаш во 3 или 4 месеци, а тоа вклучува: проветрување на душекот, перење на мебелот, завесите и тепихот. Со други зборови, голем број луѓе поминуваат низ една соба пред таа да биде вистински исчистена.rn
3. Проверете ја бравата
rnОва веројатно не е првото нешто што гостите го гледаат по влегувањето во собата, но е многу важно поради личната сигурност. Ако изгледа како да е оштетена или провалувана, пожелно е да побарате друга соба. Секако се советува да ставите парче хартија во клучалката за да спречите шпионажа.rn
4. Мртвите ги одвезуваат директно од хотелот
rnСмрт на гостин не е толку редок случај. Секако, не е нешто со што еден хотел јавно би се пофалил, па поради тоа телото на починатите се отстранува многу дискретно – најчесто преку лифт за вработени и заден излез. Потоа, собата во која починал гостинот се чисти и дезинфицира за што побрзо да е чисто за следниот гостин, а тоа може да трае и пократко од тоа што мислиме.rn
5. Персоналот знае да биде суров
rnНе е необично персоналот да се осветува на „тешките“ гости. Најпознати методи за одмазда се гнасење на четките за заби, замена на клучот од нивната соба и сл. Забележани се и случаи во кои персоналот украл лични нешта. Слугинките најчесто брзаат со чистењето по одјавувањето на гостите и тоа на крај испаѓа многу површно, а после нив никој не ги проверува собите.rn
6. „Копаат“ по приватни нешта
rnОваа навика во поголем број од случаите произлегува од досада. Додека гостите се надвор од собата, вработените со резервни клучеви влегуваат во која било соба и превртуваат по куферите, фиоките и плакарите, а притоа пронаоѓаат сѐ – од љубовни писма до секс играчки.
-

Внимавајте со вашите тајни: Кои хороскопски знаци се најголемите брбливци и озборувачи?
Секој хороскопски знак има свои доблести и маани. И покрај тоа што некои од знаците би ги чувале вашите тајни до крајот на својот живот, постојат и некои кои би ги пренеле понатаму во истиот момент кога ќе им го завртите грбот. Откријте за кои хороскопски знаци станува збор и зошто пред нив треба да ги скриете вашите тајни…rnrn
rnОвен
rnАко сте довериле тајна на Овен, тогаш внимавајте да не го изнервирате бидејќи тој во истиот момент импулсивно ќе ви каже сè што не треба, без разлика кој се наоѓа во вашето присуство. Тие не го прават ова со лоша намера, туку поради импулсивноста која не им дозволува да размислат пред да проговорат.rn
Бик
rnБиковите се стабилни и упорни, но внимавајте кога им доверувате тајни. Доколку тие не се сложуваат со она што имате да го кажете, можеби е подобро да го задржите за себе бидејќи тие имаат тенденција да ве убедуваат за оние нешта кои сметаат дека се паметни, како и за оние кои сметаат дека не се. На овој начин само дополнително ќе ви го комплицираат животот.rn
Близнаци
rnТие се познати по својата брбливост, па затоа не им доверувајте тајна дури ни во сон. Близнаците и да не немаат потреба да ја кажат оваа вест на сите кои ќе ги сретнат, тие сепак има големи шанси да ја кажат сосема случајно додека пијат кафе со личност која сигурно ќе ја пренесе оваа приказна понатаму.rn
Рак
rnРаковите се доверливи и лојални и ако оваа тајна има моќ да ги расплаче или да ги направи сентиментални, воопшто не се двоумете. Тие можат да ви понудат рамо за плачење, утеха, прегратка, чај и сè друго што сметаат дека би можело да ви помогне. Вие можете да сметате во секое време на нив, бидејќи ако сте им важни, никогаш нема да го издадат она кое сте им го довериле.rn
Лав
rnТајните кои можат да ги доведат Лавовите во искушение да се пофалат или да се докажат, треба да ги држите што подалеку од нив. Но, ако станува збор за нивна конкуренција или пак, личност која не им се допаѓа, со споделување на тајната вие ќе започнете силен сојуз кој долго време ќе ја одржува вашата врска.rn
Девица
rnДискретните Девици ќе ги чуваат вашите тајни сè до моментот кога ќе се оддалечите од нив. Откако ќе се случи тоа тие ќе ги пренесат сите тајни кои некогаш сте им ги довериле. Токму затоа ако сте долго време во добри односи со Девица, слободно кажетеѝ сè што ви тежи на душата, но ако не се познавате доволно долго, можеби би било подобро да премолчите.rn
Вага
rnТие се одлични пријатели, но може да се случи одредени околности да доведат до премислување на причините за или против оддавањето на тајните. Токму затоа зад нивниот шарм ретко се крие доверливост која ќе трае до самиот крај. Тие сакаат да ги шират приказните на своите пријатели, но тоа го прават со најдобра намера.rn
Скорпија
rnМистериозните Скорпии немаат никакви потешкотии при чувањето тајни. Всушност, тие најдобро ги сфаќаат бидејќи и самите ги имаат во изобилие. Скорпиите сакаат мистериозност и сметаат дека кога нешто се искаже јавно или пак, се дознае од повеќе луѓе, тогаш ја губи својата моќ. Доколку имате блиска Скорпија, слободно кажете ѝ ги сите тајни, бидејќи таа никогаш нема да ги пренесе понатаму.rn
Стрелец
rnДа не постоеше вродената зборливост на Стрелците, тие би биле одлични пријатели. Особено ако пијат алкохол, тие без размислување ќе ја пренесат секоја тајна која некогаш им била доверена. Може да се случи дури и да ви ги прераскажуваат сите оние нешта кои вие сте им ги кажале, мислејќи дека за нив зборувале со некоја сосема друга личност.rn
Јарец
rnТие се владетели од сенките кои со будно око ги откриваат дури и оние тајни кои не сакате да им ги кажете. Јарците знаат како да добијат лична корист од чувањето тајни, бидејќи во замена за нивната дискреција тие без срам можат да ви побараат голем број услуги.rn
Водолија
rnДоколку сакате Водолија да ги чува вашите тајни, мора да станува збор за нешто многу ексцентрично. Во сите други ситуации тие ќе ѝ се смеат на вашата потреба оваа сосема обична работа да остане тајна и токму затоа веднаш ќе ја пренесат на другите ваши пријатели, во комбинација со голем број духовити досетки.rn
Риби
rnСо Рибите нема голем ризик. Тие често се случува дури и да ги заборават доверените тајни, но оние кои ги помнат ќе ги чуваат засекогаш бидејќи тие и самите се таинствени. Но, сепак не им доверувајте тајни кои се спротивни од нивните морални вредности бидејќи во тој случај, поради сочувство, би можеле да ја искажат вашата приказна.
-

5 нешта кои сите жени ги кријат од нивните партнери
Жените вешто кријат одредени нешта од своите партнери, но не затоа што се плашат да им ги откријат, туку затоа што ги сметаат како дел од својата слобода. Во едно неодамнешно истражување спроведено на социјалните мрежи, жените тешко ги откривале оние нешта кои ги кријат, но по одредено време сепак нивните маски почнале да паѓаат и тие откриле голем дел од сè она што го кријат од своите партнери. Погледнете кои биле најчестите 5 одговори…rnrn
rn1. Подобри сексуални искуства
rnАко партнерката имала подобар љубовник, тоа сигурно нема да го открие. Поголемиот дел од жените се плашат да бидат осудувани поради своите сексуални желби, желби за експериментирања или нешто слично, додека пак некои жени едноставно не сакаат да го откријат овој факт само поради тоа да не добиваат постојано непријатни прашања како: „Можам ли да бидам подобар од твојот бивши?“rn
2. Женски приказни
rnБез разлика колку сте отворени во комуникацијата со својот партнер, жената сепак ќе има нешта кои може да ги подели само со својата пријателка. Некои жени признале дека никогаш не би ги откриле оние тајни на своите партнер за кои лесно зборуваат со своите пријателки.rn
3. Третмани за убавина
rnМожеби е прилично чудно, но многу жени нема да им откријат на своите партнери кои сè бјути третмани ги користат со цел да изгледаат толку добро. Тие сакаат да ги скријат сите ситни бори на нивното лице, како и било кои други недостатоци, притоа чувајќи ги овие тајни за себе.rn
4. Чувства кон бившиот
rnДоколку новиот партнер ја праша својата партнерка дали навистина завршила со својот бивши дечко, таа без размислување ќе рече „да“. Дури и ако сè уште чувствува емоции кон него, таа никогаш не би му ги открила на сегашниот партнер со цел да не го повреди. За време на истражувањето, некои жени откриле и дека намерно му кажувале на сегашниот партнер дека нивниот бивши бил „добра шанса“ со цел тие да се потрудат малку повеќе.rn
5. Стравови за неговата сестра, мајка, татко…
rnМногу жени откриле дека со овие теми се многу внимателни, без разлика на ставот кој го имаат кон неговите членови на семејството. Причината е поради тоа што не сакаат да го доведат до ситуација да мора тој да бира помеѓу нив и неа. Тие едноставно не сакаат да бидат причината за нарушување на нивниот однос, па токму затоа често ги премолчуваат овие нешта.