КАФЕ ПАУЗА

Tag: стрес

  • Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Секој од нас има карактерни особини кои го кочат, му создаваат стрес и не му дозволуваат да зачекори кон својата идна среќа. Проблеми му се случуваат секому во животот, но дозволувањето стресот да нѐ надвладее, е само наша одлука. Без разлика дали сте нетрпеливи, гневни, тажни или егоистични, имајте на ум дека таквите особини ве држат во мртва точка и не ви дозволуваат да бидете среќни.rnrnКога последен пат сте имале ужасен ден? Со постојаното менување на времето од сончево во облачно, обврските и нервозите, тој ден најверојатно не бил многу одамна. Тоа е знак дека треба да имате план како да се справите со ваквите денови, а астрологијата и познавањето на особеностите на вашиот знак, многу ќе ви помогнат околу сето тоа.rnrnАстрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштитеrn

    Овен – нетрпеливост

    rnЗаборавете на вашата потреба сѐ да се случи буквално во моментот кога вие ќе посакате. Доколку секогаш некаде брзате, можете да ги пропуштите неверојатните работи во животот на кои природно им е потребен подолг период за да се случат. Научете да ја тренирате вашата трпеливост, а наградата од таквото однесување ќе ја чувствувате на долг рок.rnrnПосле напорен ден ослободете се од целата насобрана напнатост, уживајќи во вашите омилени физички активности. Со гаранција ќе се почувствувате исклучително подобро, после неколку истрчани километри или после една рунда кикбокс.rn

    Бик – огорченост

    rnМногу е важно да заборавите на вашиот потиснат гнев и лутина, до кој толку цврсто се држите. Опростувањето за вас претставува еден начин на исцелување од таквите чувства и враќање на благосостојбата во вашиот живот која ќе ви помогне да продолжите напред. Заборавањето на работите коишто ве лутеле во минатото, ќе ви отворат прекрасни можности за иднината.rnrnПосле напорен ден, свиткајте се во вашето најудобно ќебенце и почестете се со омилениот десерт и ќе забележите како вашите грижи полека исчезнуваат од вашата глава.rn

    Близнаци – премногу размислување

    rnВие буквално живеете во вашата глава, но многу важно за вас е одвреме-навреме да си го „стишите“ мозокот. Доколку секогаш се заглавувате во вашите мисли, ризикувате да го пропуштите она што се случува сега. Дадете си малку време да се релаксирате, да го забавите темпото и да уживате во сегашноста, без да размислувате премногу на неа.rnrnПосле напорен ден одморете го вашиот вечно активен ум, задлабочувајќи се во некоја добра книга. Фокусирањето на вашата ментална енергија кон нешто забавно, занимливо и позитивно, ќе направи да се почувствувате подобро.rn

    Рак – излегување од комфорната зона

    rnЈа знаете онаа мисла „Животот започнува на работ од вашата комфорна зона?“ Во неа има многу вистина! Овој момент е совршен за да се поттурнете себеси нанапред, со цел да пробате нови работи и да искусите нови искуства. Ќе бидете изненадени од она што ќе го најдете по патот, како и од она што ќе го откриете во врска со себеси.rnrnРелаксирачка вечер во вашиот дом, е токму она што ви е потребно после напорен ден. Свиткајте се на каучот во ќебе и пуштете си го вашиот омилен филм или ТВ серија. Ќе видите дека ќе се почувствувате утешено и смирено уште пред да се појават имињата на учесниците на крајот од филмот.rn

    Лав – големо его

    rnМожеби вас ќе ви звучи ова грубо, но сѐ што се случува во светот не се однесува исклучиво само на вас. Можеби на целиот департман во кој работите му е намалена платата, можеби за проектот на којшто работевте напорно добивте негативни критики, но вакви работи секому му се случуваат. Тоа не значи дека светот има лошо мислење за вас. Доколку успеете да го сфатите ова, истото ќе ви помогне да останете во вашиот посакуван центар на вниманието, а воедно и нема толку инстантно да се „инфицирате“ и вознемирувате од постапките и мислењата на другите луѓе.rnrnПосле напорен ден, пронајдете начин да се изразите себеси. Без разлика дали ќе фатите да работите на некој креативен проект или ќе му се јавите на некој пријател кој знаете дека ќе ве сфати, ќе забележите дека кога ќе ги извадите тие чувства од вас, ќе се почувствувате инстантно подобро.rn

    Девица – перфекционизам

    rnРедно време е да се откажете од очекувањата за совршеност, во однос на вас и во однос на луѓето во вашето окружување. Сите имаме мани и навистина совршенството е непостоечка категорија. Ако научите да ги прифаќате ситуациите и луѓето (вклучително и себеси) онакви какви што се, значително ќе си го подобрите квалитетот на животот и ќе се чувствувате порелаксирано и позадоволно.rnrnИскажете ги сите ваши грижи на некој пријател, во комбинација со пијачки или вечера после напорен ден. Дадете си себеси доволно време да ги средите вашите мисли, анализирајќи сѐ што се случило, со цел да почнете да ги напуштате грижите и да се изрелаксирате.rn

    Вага – угодување на другите

    rnВие сакате да ги задоволувате потребите на другите луѓе на едно многу високо ниво, па можеби е конечно време да престанете со тоа. Морате да сфатите дека е невозможно да ги направите сите среќни, а со тоа ризикувате да се изгубите себеси во процесот на грижење за другите. Фокусирајте се на вашите приоритети и ценете ги вашите потреби, бидејќи и вие заслужувате да бидете среќни.rnrnПосле напорен ден, направете си домашен спа-третман кој ќе ви помогне да ги „измиете“ вашите грижи. Поминете ја вечерта разгалувајќи се со лосиони, маски за лице, пилинг на тело, свеж маникир и слични работи. Вие навистина го заслужувате тоа.rn

    Скорпија – премногу очекувања

    rnВие работите напорно за да го добиете она што го сакате, но понекогаш животот не излегува онака како што го имате испланирано. Наместо да жалите по она што го немате, фокусирајте ја вашата енергија заблагодарувајќи им се на прекрасните нешта кои се веќе присутни во вашиот живот. Ова ќе ви даде можност појасно да видите што е важно и што навистина сакате.rnrnВие морате некако да се ослободите од вашата силна енергија, за да можете да почнете да се опуштате. Излезете на куса прошетка, а потоа подгответе си топла бања и уживајте во чаша црвено вино.rn

    Стрелец – конкурентски дух

    rnОставете ја вашата потреба константно да се натпреварувате со себеси и оние околу вас. Вие знаете дека секогаш можете подобро и самото тоа е сосема доволно. Доколку се ослободите од овие неверојатно високи стандарди, ќе си ја подобрите самодовербата и вашите врски со другите луѓе.rnrnКомбинацијата од физичка активност, време поминато со пријателите и вентилирање на насобраните проблеми е она што вам ви е потребно. Јавете се кај некој пријател и појдете на џогирање, притоа разговарајќи за работите кои ве мачат.rn

    Јарец – потреба за контрола

    rnДозволете си да се опуштите и оставете го животот да тече. Можеби ќе ви биде шок, но контролирањето на сите работи во животот е една обична илузија, па придржувајќи се кон неа само си правите контрауслуга на себеси. Доколку се откажете од контролирањето на сѐ околу вас, светот нема да се распадне, а вие ќе чувствувате неверојатна слобода и радост.rnrnПо напорниот ден, почестете се со нешто само за вас. Појдете на масажа, купете си ја кошулата или чевлите кои одамна ги посакувате или купете си кутија со чоколадни бонбони и уживајте во добро филмче.rn

    Водолија – осудување на другите

    rnВие се гордеете со својата објективност, но ваквиот начин на размислување може многу лесно да се претвори во навика да ги осудувате луѓето околу вас. Доколку верувате дека секогаш знаете што е исправно, не им оставате простор на останатите да го искажат својот став. Ослободувањето од потребата да осудувате, ќе ви овозможи да се соживувате со ставовите на другите луѓе, да научите да слушате и подобро да ги разбирате.rnrnСоберете се со вашето друштво и појдете некаде на пијачка. Забавувањето ќе ви помогне да го заборавите лошиот ден и да се чувствувате освежено и позитивно.rn

    Риби – апсорбирање тага

    rnБидејќи сте многу чувствителна личност, вие апсорбирате многу енергија од вашата околина, но тоа не значи дека знаете како да се ослободите од неа. Ослободете се од насобраните тешки емоции и ќе почнете да се чувствувате многу полесно и поенергично. Доколку ја ослободите тагата која ја држите во себе, ќе си овозможите да бидете целосно присутни и да го доживеете животот каков што навистина е.rnrnСоздадете си сопствена оаза, со тоа што ќе си запалите неколку ароматични свеќи, ќе го изгаснете вашиот мобилен телефон и целосно ќе се препуштите на уживањето. Без разлика дали сакате да пишувате, медитирате, да испиете шолја чај, вам ви треба мирна атмосфера за да закрепнете од стресниот ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги победите лошите навики во 3 чекори?

    Како да ги победите лошите навики во 3 чекори?

    Дали имате некоја навика која се обидувате веќе долго време да ја победите, но всушност таа ве победува вас? Без разлика колку се трудите, едноставно продолжувате да го правите истото? rnrnКако да ги победите лошите навики во 3 чекориrnrnНавиките многу лесно се учат. Некогаш доволно е нешто да направите само еднаш и ако се почувствувате убаво ќе продолжите истото да го повторувате, па нема ни да забележите кога веќе го правите тоа без размислување. Но, истата таа навика која била толку лесна за учење, може да биде скоро невозможна за прекинување. Пробувате да престанете, но не ви успева и затоа се откажувате. Потоа пробувате со нешто друго, но и тоа не ви успева и пак се откажувате. На тој начин влегувате во бескраен круг сè додека не се убедите себеси дека навиката е едноставно посилна од вас. rnrnНо, ова не мора да биде вашата приказна. Вие сте посилни од вашата навика. И доколку ги следите наредниве 3 едноставни чекори, за многу кратко време ќе го докажете тоа…rnrn

    Чекор 1 – Откријте за каква цел ви служи

    rnПред да можете успешно да ја победите вашата лоша навика, мора да сфатите што всушност добивате вие од неа. На пример, ако сте пушач, зошто пушите? Дали тоа ве смирува? Дали на тој начин се ослободувате од стресот и ја намалувате вашата анксиозност? Дали ви помага побрзо да ви помине времето? Која е вашата корист од неа? rnrnКако да ги победите лошите навики во 3 чекориrnrnИсто така, за да можете да разберете зошто вашата навика толку ве привлекува, мора да откриете што ја предизвикува. Дали се појавува при одредени емоции или ситуации? На пример, кога се случува да ги грицкате вашите нокти? Дали кога се чувствувате непријатно или кога ви е здодевно? Ова е важно бидејќи морате прво да дознаете зошто нешто правите, а потоа да направите план за да го промените.rnrn

    Чекор 2 – Смислете алтернативни, позитивни однесувања

    rnНекои луѓе можат многу лесно да сопрат негативно однесување, доколку тие самите така одлучат. Но, за други пак тоа е екстремно тешко, скоро невозможно. Па, откако ќе сфатите зошто вашите однесувања се толку неодоливи, мора да најдете алтернативни, позитивни однесувања кои ќе ја имаат истата улога. rnrnКако да ги победите лошите навики во 3 чекориrnrnНа пример, да замислиме дека вашата лоша навика е јадење пуканки секоја вечер додека гледате телевизија. И можеби го правите тоа зашто едноставно не можете само мирно да седите додека ги гледате вашите омилени ТВ серии и по долги години пракса, веќе не можете да прекинете без да се чувствувате нервозно. Пробајте да го замените ова однесување со нешто слично, но сепак поинакво. Најдете друг начин да ги „забавувате“ вашите раце, како на пример, да ги лакирате ноктите. Или пак, легнете на подот и правете склекови или стомачни. Така на позитивен начин ќе ја задоволите вашата потреба да правите нешто додека гледате телевизија.rnrn

    Чекор 3 – Забележувајте го вашиот напредок

    rnКога се обидувате да смените однесување кое траело со години, многу лесно може да се почувствувате како да удирате со глава во ѕид. Вие сте свесни за вашата лоша навика и ви изгледа како сега да сте повклучени во неа отколку кога не се обидувавте да ја промените. Поради тоа е многу важно да го бележите вашиот напредок. Како? Запишувајте секојпат кога успешно ќе ја надминете потребата да се вратите назад на лошата навика.rnrnКако да ги победите лошите навики во 3 чекориrnrnНе можете да смените нешто за коешто не сте свесни, нели? Со забележувањето на активностите, вие привлекувате внимание кон нив. Исто така ако следите сè што се случува, можеби ќе наидете на емоции кои не сте ни биле свесни дека го повикуваат вашето негативно однесување. И како најважно, кога се обидувате да победите некоја лоша навика можете да се навратите кон неа со размислувањето дека немате напредок. Но, ако имате запис за вашата борба, ќе сфатите дека секој ден сè повеќе и повеќе преовладувате над неа.rnrnПонекогаш потребно е да обрнете повеќе внимание на патот по кој моментално патувате, отколку на оној кој допрва ве чека…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За кои работи во животот не вреди да се нервирате?

    За кои работи во животот не вреди да се нервирате?

    Не е никаква тајна дека преголемиот стрес во животот носи само лоши работи, како по здравјето, така и по квалитетот на живеењето. Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес придонесува за многу болести, но и за прерана смрт. Поголемиот дел од луѓето се свесни за ова, но сепак не можат, а да не се нервираат за некои работи. Ова се само еден мал дел од работите, за кои многумина мудри луѓе низ светот се сложни дека не се вредни за нервирање.rnrnЗа кои работи во животот не вреди да се нервирате?rnrn1. Што другите мислат за вас, навистина не е важно.rnrn2. Нереални и пренатрупани распореди не се потребни. Извршувајте си ги обврските чекор по чекор.rnrn3. Понеделник доаѓа секоја недела. Зошто тогаш да се нервирате околу тоа?rnrn4. Изгледот не е најважна работа и се менува со текот на годините.rnrn5. Раскинувањето на врска не е крај на светот.rnrn6. Болестите ги има на секој чекор, но тоа не значи дека треба да размислувате и да се опседнувате со нив.rnrn7. Животот на другите не е ваша работа.rnrn8. Трачевите им штетат само на оние кои ги кажуваат.rnrn9. Гужвата во сообраќајот е нешто кое не можете сами да го решите.rnrn10. Староста е нешто неминовно.rnrn11. Неспособниот шеф не е вреден колку вашето здравје.rnrn12. Негативните личности во вашиот живот, погрижете се повеќе да не бидат дел од него.rnrn13. Парите како доаѓаат, така и си одат, па токму затоа тие не треба да се основата на вашиот живот.rnrn14. Чистењето на куќата е целоживотен процес.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 причини зошто да почнете да учите стомачен танц

    5 причини зошто да почнете да учите стомачен танц

    Ако досега не сте пробале стомачен танц, тогаш дефинитивно мора да го направите тоа! Стомачниот танц е совршен начин за тонирање на вашите мускули и одржување на вашето тело во добра форма. Исто така со негова помош, ќе научите и како да се чувствувате поудобно во своето тело.rnrn5 причини зошто да почнете да учите стомачен танцrn

    Стомачниот танц вклучува изолирани движења на сите поголеми мускулни групи

    rnСтомачниот танц е одличен начин да го подобрите вашето физичко здравје, како и нежно да ги тонирате и зацврстите поголемите мускулни групи, посебно абдоменот, рацете, горниот дел од грбот, задникот и горниот дел од нозете. Најдоброто нешто во врска со овој прекрасен танц е фактот што ве учи како да го балансирате вашето тело и како да изолирате одредени мускулни групи за да постигнете подобри кружни движења. Целта е да успеете да движите одредени делови од телото, додека истовремено останатите ги одржувате целосно неподвижни и мирни.rn

    Стомачниот танц ги зацврстува стомачните мускули

    rnПреку брановидните, кружни и вибрациски движења на стомакот и колковите, овој танц го тонира и зацврстува најдлабокиот слој на абдоминалните мускули. Доколку ви е здодеано да правите стомачни вежби, а сакате да продолжите да го одржувате вашиот стомак рамен, тогаш ова е дефинитивно позабавен начин за остварување на вашата цел.rnrn5 причини зошто да почнете да учите стомачен танцrn

    Стомачниот танц зацврстува и други поважни мускулни групи

    rnОвој танц ги зацврстува квадрицепсите, тетивите под коленото, рацете и грбните мускули. Со зацврстување на грбните мускули, вие го подобрувате држењето на телото и ги намалувате шансите за повреди на грбот. За време на стомачниот танц, тежината на телото постојано се пренесува од една на друга нога. На овој начин ударот на колената, зглобовите и глуждовите е минимален и поради тоа тие се зацврстуваат на безбеден начин.rn

    Стомачниот танц помага при намалување на тежината

    rnПокрај тонирањето на вашите мускули, стомачниот танц е понежна форма на аеробик вежби кои можат да ви помогнат да изгубите и до 300 калории за еден час.rnrn5 причини зошто да почнете да учите стомачен танцrn

    Стомачниот танц го намалува нивото на стрес и ви помага при зголемување на самодовербата

    rnИнспирирано од средно-источните мелодии, овој танц се состои од лулање, кружење и други видови лесни и повторливи движења кои можат да предизвикаат состојба на целосна ментална релаксација и на тој начин го намалуваат насобраниот стрес од текот на денот. Што се однесува до самодовербата, стомачниот танц ќе ви помогне повеќе да го цените и сакате вашето тело, како и да се чувствувате поудобно во него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на пенкалото: 5 научни причини да пишувате повеќе

    Моќта на пенкалото: 5 научни причини да пишувате повеќе

    Секој кој има желба да пишува би требало максимално да го искористи својот талент. Но, доколку не сте по креативното пишување, постојат ментални и физички придобивки дури и од пишувањето за вашиот живот, како на пример водење дневник или блог. На тој начин можете да си ги подобрите и здравјето и психолошката благосостојба.rnrnМоќта на пенкалото: 5 научни причини да пишувате повеќеrnrnРазлични форми на пишување покажале подобрување во учењето, намалување на анксиозноста, полесно справување со траума, подобрување на физичкото здравје, како и различни видови подобрувања на социјалното и бихејвиоралното поле.rn

    Пишувањето го подобрува процесот на учење

    rnПишувањето е одличен начин да го задлабочите вашиот мозок во материјалот кој се обидувате да го научите. Oваа техника помага да се зацврсти сфаќањето на поголема содржина откако ќе ги затворите своите забелешки и кога ќе се обидувате да се потсетувате на информациите кои сте ги научиле со ваши зборови, а не само на факти кои се повторуваат. Исто така доколку студентите се поактивни во изработката на трудовите, тоа ќе им помогне да бидат подобри и попрактични во разбирањето на она што треба да го научат.rn

    Пишувањето ве ослободува од анксиозност

    rnИстражувачите веруваат дека зголемената анксиозност и стрес може да влијае многу на вашата работна меморија и да ги намали менталните ресурси кога ви се најпотребни. Со писменото опишување на вашата анксиозност ќе се ослободите од некои грижи и ќе ја подобрите вашата работна меморија за да можете полесно да се фокусирате на одредени задачи. Беилок, кој го водел истражувањето на оваа студија вели:rn
    rn

    „Всушност, ние мислиме дека овој вид пишување ќе им помогне на луѓето да ги остварат своите најдобри перформанси во различни ситуации преполни со притисок – без разлика дали станува збор за голема презентација пред еден клиент или говор пред поголема публика.“

    rnrn

    Пишувањето може да ви помогне во надминување на трауматски искуства

    rnИстражувачите имаат теорија дека експресивното пишување може да биде од голема корист по некои потешки искуства. Како прво, пишувањето за вашите трауматски настани може да ви помогне да се соочите со претходно потиснати емоции, кои можат да бидат голем товар за телото и умот доколку продолжите да ги игнорирате. Како второ, експресивното пишување може да доведе до некои поврзани случувања од минатото кои ќе ви помогнат да ги реорганизирате и структурирате трауматските сеќавања, резултирајќи со поадаптивна интерна шема.rnrnЕкспресивното пишување најчесто се објаснува на следниов начин:rn
    rn

    „Во следните 4 дена, пишувајте за вашите најдлабоки мисли и чувства поврзани со најтрауматичното искуство во целиот ваш живот или пак, за екстремно важен емоционален проблем кој постојано влијае на вас и вашиот живот. Во пишувањето слободно целосно опуштете се и истражувајте ги вашите најдлабоки емоции и размислувања. Можете дури и да ги поврзете темите на пишување со вашите врски со луѓето околу вас, вклучувајќи ги родителите, партнерите, пријателите или роднините; со вашето минато, сегашност или иднина; или пак, со тоа какви сте биле, какви сакате да бидете или какви сте во овој момент. Можете да пишувате за истите генерални проблеми и искуства во текот на сите денови или за различни теми секој ден. Целото ваше пишување ќе биде комплетно доверливо. rnrnИсто така не грижете се за печатните, граматичките или грешките во структурата на речениците. Единственото правило е: штом почнете да пишувате, продолжете сè додека не ви истече времето.“

    rnСпоред истражувањата, овој вид изразување има значајни емоционални придобивки. Експресивното пишување покажува долготрајни ефекти во:rn

      rn011

    • Подобрување на расположението
    • rn011

    • Подобрување на психолошката благосостојба
    • rn011

    • Намалување на симптомите на депресија
    • rn011

    • Намалени пост-трауматски доживувања и симптоми на избегнување на проблемот
    • rn011

    • Намалување на пост-трауматското стресно пореметување
    • rn

    rnrn

    Пишувањето го подобрува и вашето физичко здравје

    rnСе разбира дека доколку имате сериозна медицинска ситуација, не смеете да прекинете да се консултирате со доктор или да се откажете од веќе препишаниот третман. Но, сепак добро е да знаете дека пишувањето игра позитивна улога во зголемување на вашето физичко здравје. Експресивното пишување може да ви помогне и на оваа тема, бидејќи на тој начин ќе го намалите нивото на стрес во вашето тело и ќе го подобрите целосниот имунитет.rn

    Пишувањето може да помогне при снаоѓањето во одредени социјални и бихејвиорални ситуации

    rnПишувањето покажува зголемени академски достигнувања, како и зголемени перформанси во спортот, на работа и во други социјални и бихејвиорални интеракции. Експресивното пишување може да ви помогне дури и при собирање храброст во пристапувањето на онаа личност која ви се допаѓа веќе подолго време. Преку пишувањето, ние ги ослободуваме мислите и чувствата и поради тоа можеме полесно да реагираме во одредени ситуации бидејќи не сме „заглавени“ во нив.rn

    Вежба: Пишувајте по 15 минути секој ден, една недела

    rnДоколку веќе немате навика редовно да пишувате, започнете со барем 15-тина минути секојдневно пишување во текот на една недела. Пишувајте за вашата анксиозност, грижи и немири кои во тој момент ги чувствувате. Пишувајте за какви било проблеми низ кои поминувате и како би можеле да ги решите.rnrnПробајте да пишувате цели 15 минути, без пауза и потоа на крајот од неделата прочитајте го сè она што сте го напишале. Последниот ден од неделата направете кратка содржина на вашето пишувачко искуство и напишете дали почувствувавте некакви придобивки. Доколку откриете дека оваа вежба ви е од корист – продолжете да ја практикувате и понатаму.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како функционира стресот?

    Како функционира стресот?

    Одговорот лежи во следното кусо стрипче. :)rnrn

    Како функционира стресот?
    1. Ах! Премногу сум под стрес. Треба да се обидам да се релаксирам, така што ќе работам помалку.
    2. О Боже. Па јас не правам ништо со мојот живот. Мора да правам повеќе.

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Релаксирајте се во детоксицирачка бања

    Релаксирајте се во детоксицирачка бања

    Стресниот начин на живот навистина бара од нас одвреме-навреме да се разгалиме себеси пружајќи си некакво задоволство. Бањата за детоксикација е совршен избор, покрај тоа што ве релаксира, го ослободува телото од токсини. Следете го овој рецепт и опуштете се во детоксицирачка бања.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    1. Планирајте ја бањата за ден кога имате минимум 40 минути слободни

    rnПрвите дваесет минути ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од токсините, додека во другите дваесет минути телото ги апсорбира минералите од водата.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    2. Наполнете ја кадата со топла вода

    rnДоколку сте во можност користете филтер за хлор.rnrn

    3. Додадете морска сол или магнезиум сулфат

    rnМагнезиумот лесно ќе се раствори во водата, а носи многу благодети за вашето здравје. Ќе ве ослободи од замор, напнатост и стрес. Борец е против болката во зглобовите и плус ова е одличен начин да го надокнадите нивото на магнезиум во телото. Голема предност е што е многу евтин и лесно ќе го најдете во аптеки или маркети. За деца со тежина до 27 килограми додадете половина филџан во стандардна количина вода во кадата. За деца од 27 до 45 килограми додадете еден филџан, а за возрасни два филџани.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    4. Додадете 1-2 филџани сода бикарбона

    rnСодата е позната по моќта на прочистување како и по анти-габичните својства. Покрај тоа, ја остава кожата мека.rnrn

    5. Додадете мелен ѓумбир или свеж чај од ѓумбир

    rnОвој чекор не е задолжителен, иако ѓумбирот би помогнал да се покачи топлината на вашето тело за полесно да се исфрлаат токсините. Не додавајте премногу бидејќи може да предизвика црвенило на вашата кожа, но тоа е поради топлината, а не е опасно. Во зависност од тоа колку сте чувствителни, а и од тоа колку вода сте додале во кадата, може да додадете количина од 1 лажица или третина чаша. Ѓумбирот е многу корисен доколку сакате да се ослободите од грип или настинка, бидејќи откако по излезот од кадата ќе се завиткате во пешкир, вашето тело поради моќта на ѓумбирот ќе продолжи да се детоксицира уште неколку часа.rnrnРелаксирајте се во детоксицирачка бањаrn

    6. Додадете масла за ароматерапија

    rnИ овој чекор не е задолжителен, но со сигурност ќе ви пружи дополнително уживање. Одберете го вашиот омилен мирис за да искусите релакисрачко и пријатно искуство. Околу дваесетина капки би биле доволни за стандардна бања. Доколку преферирате, можете да користите и свежи билки како нане, лаванда, камилица и др. Секако, секогаш е добредојдено да си ја разубавите атмосферата со свеќи.rnrn

    7. Промешајте ги добро сите состојки и започнете со уживање

    rnПрепорачливо е да останете околу четириесет минути, но доколку обврските не ви го дозволуваат тоа, останете макар дваесет. Внимателно излезете од кадата, солта може да ја направи вашата када лизгава.rnrn

    8. Пијте многу вода

    rnСекогаш кога вашето тело се детоксицира, со бања, масажа, или каква било терапија, помогнете да ги исфрли токсините. Доколку не пиете многу вода, голема е веројатноста подоцна да се чувствувате лошо и омалаксано. За крај, истријте го телото со четка со растителни влакна. Ова ќе помогне да се стимулира лимфниот систем и да го олесни ослободувањето од токсините. Направете долги и нежни потези насочени кон срцето.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку совети за подобар сон

    Неколку совети за подобар сон

    Не ми зборувај додека не го испијам кафето!Дали ова е вашата утринска мантра? Дали се чувствувате уморно дури и по подолго спиење? Сонот е голем и најчесто невидлив фактор за тоа како се чувствувате во текот на денот и како се поврзувате со луѓето околу вас. Дали забележувате дека сте онлајн, на мобилен, покрај книга или пред ТВ цела вечер, сè до раните утрински часови? Ова може да биде знак дека имате потреба да се чувствувате порелаксирано по дневните обврски.rnrnНеколку совети за подобар сонrnrnСите ние сакаме да сме постојано енергични, но се заглавуваме во секојдневните обврски на работа, во домот… На тој начин зафатеноста станува „непријател“ на добриот сон. Експертите препорачуваат дека еден просечен возрасен треба да спие помеѓу 7 и 8 часа. Оние кои не спијат доволно, можеби ќе имаат потреба да спијат и повеќе за да надокнадат за изгубениот сон. Погледнете ги наредниве неколку совети кои можат многу да ви помогнат во вакви ситуации:rnrnДизајнирајте вечерна рутина која ќе ве опушти – Гледањето насилни криминални серии не треба да биде дел од вашиот смирувачки ритуал. За да успеете да се смирите пробајте со пишување (водење дневник), одредени јога позиции, медитација, читање лесна книга, масажа со миризливи лосиони или рекласирање во топла бања. Создадете ритуал кој ќе го практикувате секоја вечер за да може вашето тело за време на тој процес да научи да се опушти.rnrnМестото за спиење би требало да биде мирно – Избегнувајте да имате цел куп работи кои треба да ги завршите, како вашите проекти за работа, на вашата маса покрај креветот. Тие задачи можат да го натераат вашиот мозок активно да работи, постојано размислувајќи за нив. Поради тоа ќе биде скоро невозможно да се опуштите. Отстранете сè што е поврзано со вашите дневни обврски од вашата соба за спиење. Основната намена на спалната соба и креветот е за спиење и за секс.rnrnИзбегнувајте го дневното преспивање – Ако страдате од несоница пробувајте да останете будни во текот на целиот ден. Дури и кога ќе се почуствувате преморено и кога кратката дремка ќе ви изгледа како одлична идеја, тоа може да го наруши вашиот природен ритам на спиење. Целта е да бидете што попоспани вечерта пред да си легнете. Некои специјалисти препорачуваат целосно да ги елиминарате днвените преспивања.rnrnИспланирајте време за грижење – Ако имате нервозни мисли пред да заспиете, ставете тетратка и пенкало на масата покрај вашиот кревет каде што ќе можете да направите листа на вашите грижи. Многу ретко се случува да се појави брилијатна идеја која ги решава сите проблеми во моментите пред спиење. Откако ќе ги напишете, ако повторно ви се навраќаат во мислите, слободно потсетете се дека тие се на листата и дека ќе можете да се грижите за нив утредента.rnrnНе можете да се помирите со стресот од работа или со конфликтот во домот – Во овие моменти од голема помош може да биде разговор со лиценциран терапевт кој ќе ви помогне да ги најдете корените на вашите проблеми. Побарајте помош за да можете да сфатите што можете, а што не можете да промените.rnrnЈадете нешто лесно – Пред спиење, експериментирајте со малку јаглехидрати или протеини, како јаболко и сирење или малку житарици со млеко.rnrnГолем број од луѓето тврдат дека пиењето кафе по вечерата „никако не им влијае“ – Дури и ако немате проблем со заспивањето, многу супстанци како алкохолот, шеќерот, цигарите и кофеинот влијаат на вашето тело и мозок како и на поминувањето низ 5-те фази на спиењето. На сите нас ни се потребни тие фази за да можеме да се почувствуваме одморено и физички и психички.rnrnВежбајте редовно, но не пред спиење – За голем број луѓе вечерното вежбање е „саботажа“ на природната желба на телото за спиење. Набљудувајте се себеси додека вежбате за да научите колку и каков вид вежби најдобро влијаат на вашиот сон.rnrnАко ништо не помага, обратете се кај вашиот доктор – Понекогаш краток третман со апчиња за спиење може да ви помогне со несоницата која е предизвикана од грижи. Исто така можете да се обидете и со кинеска алтернативна медицина или акупунктура.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку…

    50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку…

    Наоѓањето начини да се ослободите од стрес е многу значајно во денешниот хаотичен свет. Понекогаш потребни ни се дневни потсетувања дека ние сме живи, размислуваме и чувствуваме и дека не сме само воркохоличари и машини за работа. Ако не се грижиме за нашиот стрес, тој може за кратко време да се качи на многу нездраво ниво кое понекогаш знае да доведе до сериозни состојби како депресија, анксиозно нарушување, проблеми со срцето, дијабетес, гастритис, проблеми со јадењето, несоница, злоупотреба на супстанци, како и до главоболки, болки во мускулите и омалаксаност.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrnБидејќи сите помалку или повеќе сме склони на стресот кој е неизбежен дел од нашите животи, потребно е да најдеме одредени методи кои ќе ни помогнат да се справиме со него. Сè зависи од вашата личност, навики, како и од работата од која сакате да се одморите. Погледнете ја оваа листа од 50 начини на кој можете да се ослободите од стресот и размислите кои од нив најмногу би ви одговарале. Или пак, доколку веќе имате некој метод кој многу ви помага, а не сме го споменале, споделете го со нас во коментарите подолу.rnrn1. Земете длабоко воздух 10-тина пати.rnrn2. Правете склекови, стомачни или клекнувања.rnrn3. Играјте со домашното милениче.rnrn4. Излезете на кратка прошетка.rnrn5. Прочитајте текст на Кафе пауза.rnrn6. Јавете се кај пријател.rnrn7. Ислушајте една песна.rnrn8. Гледајте видео на Јутјуб.rnrn9. Свирете на музички инструмент.rnrn10. Медитирајте.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn11. Изедете здрава ужина.rnrn12. Започнете краток разговор на едноставна тема.rnrn13. Направете си кафе.rnrn14. Седнете на клупа во парк и набљудувајте ги луѓето околу вас.rnrn15. Нацртајте нешто.rnrn16. Испејте ја омилената песна.rnrn17. Замислете дека вашата работна маса е тапан и започнете со свирење.rnrn18. Потсетете се на добрите работи во вашиот живот.rnrn19. Направете планови за вечера.rnrn20. Излезете надвор на сонце и свеж воздух.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn21. Излезете надвор и хранете ги птиците.rnrn22. Направете му некому мала услуга.rnrn23. Напишете порака до саканиот/саканата.rnrn24. Наводнете ги цвеќињата.rnrn25. Разгледајте постар албум со фотографии.rnrn26. Напијте се чашка алкохол.rnrn27. Направете пребарување на Гугл за „смешни вицови“.rnrn28. Набљудувајте ги ѕвездите.rnrn29. Уживајте во убав пејзаж.rnrn30. Пуштете музика и разиграјте се како никогаш досега.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn31. Набрзина истуширајте се.rnrn32. Напишете песна.rnrn33. Проверете го вашиот имејл или фејсбук-профил.rnrn34. Направете листа од стари работи во вашиот дом за донирање.rnrn35. Средете го вашето биро.rnrn36. Обидете се да решите некоја загатка или судоку.rnrn37. Поминете малку време со вашите деца или внуци.rnrn38. Истегнете се или вежбајте јога.rnrn39. Викајте колку што ве држи гласот (ако не сакате да вознемирите некој, можете да го направите тоа и во перница).rnrn40. Одете на масажа на грбот.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn41. Изиграјте една парија билјард или пинг-понг.rnrn42. Проверете ја временската прогноза.rnrn43. Прочитајте го вашиот хороскоп.rnrn44. Испланирајте го викендот.rnrn45. Кажете си молитва.rnrn46. Ослободете ги мислите, фантазирајте.rnrn47. Измијте го вашето лице со студена вода.rnrn48. Легнете накратко да спиете (не заборавајте да навиете аларм).rnrn49. Потсетете се на вашите цели.rnrn50. Возете полека низ градот.

  • Како да живеете долг и среќен живот?

    Како да живеете долг и среќен живот?

    Животот не доаѓа со упатства и инструкции и нема точно проверени методи кои загарантирано ќе ви го продолжат животниот век. Но, постојат одредени совети кои се резултати од многу истражувања, и кои би ни помогнале да си го подобриме животот во некои аспекти.rnrnКако да живеете долг и среќен живот?rn

    Храна и пијалаци

    rnАлкохол – Не откажувајте се од алкохолот, напијте се по некоја чашка. Оние кои пијат умерено имаат помал ризик од заболување отколку оние кои не пијат воопшто. Алкохолот има и благодетни дејства. Не заборавајте дека сè е добро во умерени количини, многу подобро отколку целосна апстиненција.rnrnРизикот за смртност кај оние кои умерено пијат алкохол изнесува 45%, додека пак кај оние кои не пијат воопшто е 51%.rnrnКафе – Редовно пијте кафе. Многу истражувања покажале дека кафето може да ги заштити жените од многу болести.rnrnКако да живеете долг и среќен живот?rnrnКај жените кои пијат 2-3 шолји кафе на ден, ризикот за заболување од срцева болест е намален за 25%.rnrnЧоколадо – Мислевте дека клучот до подобро здравје е откажувањето од слатките задоволства?rnrnОние кои умерено јадат чоколадо, живеат подолго од оние кои го јадат премногу често, но и од оние кои не јадат воопшто или консумираат премногу ретко.rnrnЛук – Не откажувајте се од лукот, има многу здравствени придобивки.rnrnГо намалува крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем, помага да се регулира нивото на шеќер во крвта… тоа се супермоќите на лукот.rn

    Важните и големи нешта во животот

    rnСакајте ја вашата мајка – Оние кои се блиски со своите мајки, имаат значително помал ризик од болести.rnrnКако да живеете долг и среќен живот?rnrnИстражувањата покажале дека дури 91% од луѓето кои не биле блиски со своите мајки, заболеле од некоја сериозна болест во текот на средовечните години од својот живот, додека тоа се случило кај 45% од оние кои имале близок однос со својата мајка.rnrnПочнете да учите подоцна – Колку и да ви звучи неодговорно, школото може да почека. Децата кои се форсирани да започнат со формално образование на многу рана возраст имаат поголем ризик за појава на болест подоцна во животот.rnrnЗапочнувањето со формално образование пред шестата година е ризичен фактор за болести.rnrnОдберете го/ја вистинскиот/ата – Многу е важно да имате некого покрај себе, но уште поважно е внимателно да ја изберете таа личност. Со сопругот/ата, ќе донесувате важни одлуки во животот и ќе бидете заедно во среќни, но и во тешки моменти. Одбирањето на вистинската личност за вас е клучно за вашата среќа и благодет во животот.rnrnКако да живеете долг и среќен живот?rnrnДолгиот живот е всушност наследен. Со одбирањето сопруг чии баба и дедо се сè уште живи, или живееле долго, голема е можноста и вашите деца да живеат подолго.rnrnРакувајте се цврсто – Колку цврсто можете да стегнете тупаница? Луѓето со поголеми физички способности живеат подолго.rnrnВо една група каде се спровело истражувањето, оние кои се ракувале со помала јачина имале поголем ризик од смртност.rnrnЖивејте во село или во помало населено место – напуштете ја градската џунгла. Според едно истражување, луѓето кои живеат во рурални средини во просек живеат подолго отколку луѓето кои живеат во големите градови.rnrnПросечниот животен век на жителите на Манчестер е 76 години, додека на жителите на Сомерсет е 84 години.rnrnЧувајте домашно милениче – Грижата за домашното милениче го намалува чувството на осаменост и депресија. Исто така, ја поттикнува смеата и ве тера почесто да се движите. Истражувањата покажале дека имањето домашно милениче влијае многу на здравјето на срцето.rnrnКако да живеете долг и среќен живот?rnrnПреживувањето срцев удар е за 12% поверојатно кај луѓето кои имаат домашно милениче, отколку кај оние кои немаат.rn

    Секојдневен живот

    rnБидете позитивни – Луѓето кои гледаат позитивно на нештата имаат помало ниво на стрес и полесно се справуваат со предизвиците.rnrnОптимистите во просек живеат 12 години подолго отколку песимистите.rnrnСлушајте го вашиот стоматолог – Нехигиената на вашите заби е поврзана со сериозни болести кои би се појавиле подоцна во животот, вклучувајќи ги и срцевите заболувања.rnrnБактерија која живее во усната шуплина, може да предизвика отекување на артериите и води до поголем ризик од срцеви заболувања.rnrnМедитирајте – Ослободете ги вашите мисли. Медитацијата има голема исцелителна моќ и значително го намалува стресот кој е причина за многу болести.rnrn15-минутно медитирање, повеќе ги ослободува мислите отколку еден час цврсто спиење.rnrnВнесете зеленило во вашиот дом – Декорирајте го домот и канцеларијата со растенија. Освен што дава подобар изглед на просторијата, носи и здравствени придобивки.rnrnКако да живеете долг и среќен живот?rnrnЗагаденоста во внатрешните простории предизвикува повеќе од 1,6 милиони смртни случаи годишно.rnrnНе седете долго – Да, седењето може да ве убие. Луѓето во просек би требало да прават околу 10.000 чекори секој ден. Оние кои се движат помалку, сериозно си го нарушуваат здравјето.rnrnЛуѓето кои седат 4 часа дневно, во текот на своето слободно време, имаат за 50% поголем ризик од смрт отколку оние кои седат помалку од два часа.rnrnОпуштете се – Ослободувањето од стресот е важен чекор во живеењето долг и среќен живот. Лутината е поврзана со висок крвен притисок и може да го зголеми ризикот за одредени заболувања.rnrnОние со високо ниво на стрес имаат трипати поголем ризик да развијат срцева болест и за шест пати поголема веројатност да доживеат срцев удар до 55-та година од животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.