КАФЕ ПАУЗА

Tag: стрес

  • Што ви кажуваат акните?

    Што ви кажуваат акните?

    Сите сме пробале да го објасниме појавувањето на акните како резултат на хормонална промена. Но, местото на кое се појавиле акните значи повеќе отколку што претпоставуваме. Всушност, лицето е како мапа која ни покажува што не е во ред со нашиот организам и како резултат на што се појавиле акните. Поврзаноста е зачудувачка, а овој пристап сè повеќе се шири по дерматолошките клиники ширум целиот свет. Еве што ви навестуваат акните.rnrnrn

    Што ви кажуваат акните?
    Критичните области се означени со бројки и објаснети подолу.
    rnrn1 и 2 – Проблеми со дигестивниот систем – Одбегнувајте брза храна и оброци со многу масти. Пијте повеќе вода и консумирајте освежително овошје и зеленчук, како краставица на пример.rnrn3 –  Црн дроб – Намалете со алкохолот, мрсната храна и млечните производи. Оваа зона е исто така критична за алергии, па анализирајте ја добро храната која ја консумирате. Секој ден правете барем по 30 минути лесни вежби и спијте добро се цел вашиот црн дроб да се одмори.rnrn4 и 5 – Дехидрација – Оваа зона се поврзува со дехидрација. Пијте многу течности.rnrn6 – Срце – Проверете си го крвниот притисок, како и нивото на витамин Б. Намалете ја консумацијата на зачинета и лута храна и почесто излегувајте на чист воздух. Заменете ги „лошите“ масти со „добри“, како омега 3 и 6 масните киселини кои ги има во ореви, авокадо, риба и семе од лен. Бидејќи оваа област е критична за појавата на проширени пори, проверете го датумот на траење на вашата шминка.rnrn7 и 8 – Бубрези – Пијте многу течности! Намалете на газирани пијалоци, кафе и алкохол.rnrn9 и 10 – Дишните патишта – Можеби сте пушачи или алергични на нешто? Доколку и двете работи не важат за вас, консумирајте освежителна храна, намалете со шеќерот и редовно излегувајте на чист воздух. Месото и млечните производи намалете ги во исхраната, избегнувајте алкохол, кофеин и шеќер, а наместо тоа јадете многу зеленчук и консумирајте природни сокови и чаеви. Имајте на ум дека многу често главни виновници за појавувањето на акни во оваа област, се валканите телефони или навлаки од перници.rnrn11 и 12 – Хормони – Главна зона која покажува проблеми со стрес и хормонски промени. Пробајте да го редуцирате нивото на стрес и да ја одржувате вашата кожа чиста. Еве еден интересен факт: акните во овие области се појавуваат за време на овулација, дури покажуваат на која страна овулирате.rnrn13 – Стомак – Пијте билни чаеви и консумирајте храна со растителни влакна.rnrn14 – Болест – Најчесто покажува дека вашето тело се бори со некаква бактерија за да избегне болест. Најдете начини да се опуштите, како вежбање јога и издвојување време за попладневни дремки.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Седум методи за редуцирање на стресот кај жените

    Седум методи за редуцирање на стресот кај жените

    Чувствувате како обврските ви тежат небаре планина надвиснала над вас? Редно е да се опуштите. Можеби немате многу слободно време на располагање, но со пронаоѓањето на вистинските методи сè е полесно. Ова се седум чекори кои ќе ве опуштат и ослободат од стресот.Седум методи за редуцирање на стресот кај женитеrn

    „Нахранете“ се со сонцето

    rnОколу пладне доволно е да се изложите себеси на сонце макар десет минути. Испијте го кафето на отворено и прочитајте го омилениот магазин. Или не правете ништо, само „впијте“ го сонцето. Светлината делува како напивка за среќа. Плус, витаминот Д кој го добивате со изложувањето на сончева светлина, ви ги зајакнува коските и го подобрува имунитетот.rn
    rn

    Дружете се со вашите миленичиња

    rnДомашните миленичиња можат да ви помогнат кога сте под стрес. Галете го вашето маче, грижете се за вашето куче или гледајте ги рибите во аквариумот. Докторите тврдат дека тоа го намалува крвниот притисок и го редуцира нивото на стрес. Ако немате милениче, посетете некој ваш пријател кој има или погалете го слаткото маченце кое го најдовте на патот.Седум методи за редуцирање на стресот кај женитеrn

    Закажете си масажа

    rnВработените жени и домаќинките навистина имаат куп обврски. Па затоа заслужуваат релаксација. Масажата може да ве опушти и опорави како од физичка така и од психичка работа. Станува збор за вашето здравје. Издвојте си малку време за една масажа. Не мора да биде многу ексклузивна, доволно е што макар на половина час ќе се опуштите и ќе ги оттргнете мислите од вашите обврски.rn
    rn

    Зборувајте за себе

    rnНајдете време кога и вие и вашата пријателка сте слободни. Кажете ѝ дека ви е потребен разговор. Зборувањето за себе не е знак на себичност (секако, доколку не се случува постојано). Ќе се изненадите колку работи имате да кажете. Кажувањето на вашите грижи е речиси половина изминат пат до ослободување од нив, додека зборувањето за своите обврски ви дава чувство на контрола. Не би смееле да се жалиме постојано, така би им здодеале на луѓето и би се претвориле во мрчатори кои не знаат да зборуваат за ништо што е убаво. Но, некогаш е добро да си го олесните товарот. За тоа служат пријателите!Седум методи за редуцирање на стресот кај женитеrn

    Хранете се здраво

    rnИсхраната влијае на сè, на вашето здравје, изглед и начин на живот. Избегнувајте грицки и чоколади доцна навечер. Не прескокнувајте оброци. Јадете многу овошје и зеленчук. Контролирајте го стресот со одржувањето на вашата виталност и здравата исхрана. Колку и да имате обврски, не прескокнувајте го ручекот. Одвојте макар десет минути. Но, никој не ви вели дека не смеете да си дозволите чаша алкохол одвреме-навреме.rn
    rn

    Победете го лошиот ден со смеа

    rnВи бил денот лош, па што? Му се случува секому. Победете го чувството на тага и огорченост со смеа. Настрана од мисли за шефот кој ве изнервирал или колегата кој не можете да го поднесете. Најавете дека имате важна работа и дека не би сакале да бидете вознемирувани. Вклучете го компјутерот и пребарувајте смешни сцени од филмови и серии. Вие го заслужувате тоа, не чувствувајте грижа на совест. Станува збор за 10-15 минути, време резервирано за вас.rn
    rn

    Декорирајте

    rnКога го одржувате чист и среден просторот во кој работите, канцеларијата или домот, имате контрола над работите. Бидете организирани и декорирајте го просторот околу вас. Поставете некакво зелено растение и миризливи свеќи со арома терапија. Значително ќе го намалите нивото на стрес.Седум методи за редуцирање на стресот кај жените
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Усните никогаш не лажат

    Усните никогаш не лажат

    Кога станува збор за чувства и емоции, усните можат да бидат од голема важност при откривање на скриени сигнали. Тие можат многу лесно да ви укажат кога некоја личност е под стрес, а понекогаш дури и да ви помогнат да препознаете измама.rnrnУсните никогаш не лажатrnrnУсните „издаваат“ многу информации кои честопати се игнорирани или незабележани. Богати со нерви и високо васкуларни, тие реагираат во вистинско време на светот околу нас. Поради тоа кога некој ќе слушне лоши вести или кога ќе биде сведок на ужасен настан, нивните усни почнуваат да исчезнуваат, станувајќи толку тенки што едвај се забележуваат. Под екстремен стрес тие можат и целосно да исчезнат или цврсто да се потиснат една на друга.rnrnВо врските, двојките веднаш забележуваат кога нивниот партнер има некаков проблем токму поради ова движење на усните. Дури и бакнежите ќе изгледаат поразлично под стрес додека е ограничен протокот на крвта кој влијае на нивната големина, топлина и еластичност. Нашите усни реагираат на реалноста на моментот и комуницираат соодветно со нашите чувства и размислувања.rnrnБидејќи исчезнувањето или стиснувањето на усните се универзални однесувања, контролирани од лимбичкиот систем, можете слободно да се потпрете на нив и да ги сметате за автентични. Вие никогаш не можете да знаете како вашите усни изгледаат или како другите ги чувствуваат, но оние околу вас веднаш ќе ги забележат и најмалите промени.rnrnГризењето на усните е еден од начините преку кој се издаваме себеси дека сме под стрес. На тој начин ја ослободуваме внатрешната тензија која е мала и пролазна. Но, кога нешто поголемо ни пречи, нашиот лимбички систем, согласно со настаните ќе ги натера усните целосно да го сменат својот облик.rnrnИ покрај тоа што ова однесување само по себе може да значи многу работи, познавањето на говорот на телото може многу да ви помогне при сфаќањето за каков проблем точно станува збор. Но, едно е сигурно – ова однесување е секогаш индикатор на стрес и тензија. Поради тоа, следен пат кога сте на состанок, со колега или со вашиот партнер и разговарате за нешто посериозно, обрнете повеќе внимание на усните. Тие можат да ви кажат многу повеќе од зборовите на вашиот соговорник.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Не дозволувајте малите грижи да го преземат вашиот живот

    Не дозволувајте малите грижи да го преземат вашиот живот

    Постои погрешно сфаќање дека стресот настанува само под влијание на големи настани како сериозна болест, развод, смрт на блиска личност, банкрот… И покрај тоа што овие настани навистина знаат да бидат многу стресни, новите истражувања покажуваат дека секојдневните мали грижи можат да имаат многу посилен негативен удар на здравјето.rnrnНе дозволувајте малите грижи да го превземат вашиот животrnrnГолемите настани честопати се ретки и со релативно кратко траење. И бидејќи однапред се препознаваат како извор на стрес, личноста која се соочува со нив прави сè што е во нејзина моќ за да се избори и да продолжи понатаму. За разлика од нив, малите грижи постојано се собираат во вас и со тек на време можат да предизвикаат одредена стресна болест.rnrnНеколку од овие секојдневни грижи се:rn

      rn011

    • Губењето на одредени работи, како клучевите
    • rn011

    • Големи промени во текот на денот
    • rn011

    • Проблеми со тежината
    • rn011

    • Премногу работни обврски, а премалку време за нивно завршување
    • rn011

    • Домашни обврски
    • rn011

    • Недоволен сон
    • rn011

    • Проблеми со соседите
    • rn

    rnШто би можеле да преземете за да се справите со овие извори на стрес?rnrnПозитивно размислување – Наместо да се грижите без прекин, започнете со позитивно размислување („Јас можам да го направам ова,“ „Ќе продолжам чекор, по чекор…“). Когнитивното преиспитување и претворањето на проблемите во предизвици, може многу да ви помогне при намалувањето на стресот.rnrnНаучете да се опуштите – Стресот предизвикува возбудување на телото наречено синдром на „борење или бегање“. Релаксирањето не е компатибилно со возбудувањето и поради тоа може многу да ви помогне доколку направите мала пауза во моментите кога ќе се чувствувате преовладано од дневните грижи.rnrnНаградете се себеси – Откако ќе се соочите со неколку извори на стрес, наградете се себеси со активност која ви причинува задоволство како спортување, танцување или пак, одење во кино.rnrnСправувањето со стресот, без разлика дали е голем животен настан или насобрани дневни грижи може да се реши само со директно соочување. Не дозволувајте постојано да се грижите. Претворете го проблемот во предизвик и најдете начин како најлесно да го надминете.

  • Астрологијата и справувањето со стресот

    Астрологијата и справувањето со стресот

    Напнатоста, нервозата, грижите и стресот се составен дел од современиот начин на живеење и тие на секого имаат помало или поголемо влијание. Погледнете како секој од хороскопските знаци реагира на стресни ситуации и како се справува со нив.rnrnАстрологијата и справувањето со стресотrn

    Овен

    rnСо знакот овен управува Марс, кој ги одликува претставниците на овој знак како луѓе од акција. Поради тоа овните најдобро функционираат под притисок или условно кажано, мирот и тишината можат посериозно да ги излудат отколку стресните ситуации. Бидејќи реагирањето во афект и донесувањето брзи одлуки не е секогаш во нивни интерес, тука се нивните пријатели за да ги насочат. Вообичаено овните прилично добро ги поднесуваат промените и преземањето ризици, главно поради тоа што не сакаат да се заморуваат со тоа дека нешто можат да пропуштат или да реагираат со задоцнување ако премногу се грижат за ситниците.rnrnЦентар на нивниот организам е главата, па поради тоа тие се подложни на главоболки кои честопати се последица на неумерено консумирање кофеин, алкохол, многу зачини, изложеност на јака светлина и гласна музика.rn

    Бик

    rnПотребно е навистина многу да претерате со нешто за да го исфрлите бикот од такт, но кога ќе ја достигнете таа точка, неговиот темперамент ќе експлодира во истиот момент. Кога е соочен со сериозни грижи, како што се љубовни или финансиски проблеми, најдобро е да го оставите насамо да размисли за сè и да пронајде излез од таа ситуација.rnrnБиковите најдобро ќе се релаксираат гледајќи телевизија седнати во својата омилена фотелја, сладејќи се со колачи или со чаша од омилениот пијалак, по можност алкохолен, но со мерка. Во зимските месеци со задоволство ќе уживаат во топлината на домот, додека во топлиот дел од годината ќе ги смирува свежиот воздух, кој допира низ ширум отворениот прозорец.rn

    Близнаци

    rnКога ќе се појави кризна ситуација, првата работа што ќе ја направат личностите родени во знакот близнаци ќе биде да го земат телефонот и да повикаат пријател или пријателка во кој/а имаат доверба. Таквата „совршена реакција“ е добар начин да се добие внимание и утешителни зборови во вистински момент, но и објективен поглед на проблемот. Бидејќи се аналитични, близнаците сакаат да ги имаат на ум сите факти и да ги разгледаат сите можни опции кога размислуваат за некоја проблематична ситуација, но толку многу информации понекогаш можат да ги избезумат. Тие себеси се доведуваат во состојба повеќе да не знаат што е вистина и како всушност се чувствуваат во врска со некој проблем. Доколку советот од пријателот им се допадне, честопати го претвораат во свој став и покрај тоа што нивните чувства се сосема поинакви. Близнаците поседуваат флексибилност со која се прилагодуваат на разни ситуации и околности, а кога на тоа ќе се додаде и ентузијазмот кој го внесуваат во сè што работат, воопшто не е чудно што се личности од доверба во фирмите каде што работат.rnrnНајдобро се релаксираат ако ја сменат средината. Не е важно дали тоа ќе биде мало патување или голема турнеја, важно е да има движење, но со можност умот и понатаму да им биде во полн погон.rn

    Рак

    rnКога ракот ќе се соочи со стресна ситуација, тој се повлекува во себе и е многу тешко да се допре до него со каков било облик на комуникација, а уште потешко е да се наговори да зборува за својот проблем. Семејството и пријателите кои добро го познаваат се навикнати на таквата одбранбена реакција. Водените знаци имаат потреба од мир и самотија, особено кога поминуваат низ тешки моменти, па затоа би било контрапродуктивно да им се нуди помош по секоја цена. Но, на ракот му е потребно многу љубов и внимание, па затоа ќе мора добро да го процените вистинскиот момент, за да не го оставите предолго да биде сам во сето тоа.rnrnОткако ќе процените дека поминало доволно долго време за да се излади и смири, предложете му дружење и некаква детска забава, бидејќи просечниот рак е едно големо дете, на кого игра никогаш не му е премногу.rn

    Лав

    rnКога се потиштени лавовите би морале времето да го поминуваат со своите пријатели наместо во изолација. Овој огнен знак пламти со силен пламен во добро друштво кое го разбира и ја гради својата самодоверба. Бидејќи лавовите се со многу цврст карактер, тие се опкружуваат со луѓе кои ја поддржуваат нивната личност, а самите не се склони кон радикални промени на својот начин на размислување и постапување.rnrnКога лавот ќе „експлодира“ не очекувајте да се извини и отворено да го покаже своето каење. Ако добро го познавате, неговото жалење ќе го забележите преку суптилните знаци кои несвесно ги покажува. Кога ќе сфати дека погрешил и забележите дека е свесен за својата грешка, појдете на прошетка во природа за да се релаксирате и вие и тој.rn

    Девица

    rnВо борбата против стресот, девиците мораат да ги употребат своите најпрефинети квалитети, како што се способност за раководење и задржување концентрација и прибраност тогаш кога другите не се во состојба да го направат тоа. Ориентацијата кон сопствените цели е уште едно силно оружје во рацете на припадниците на овој знак.rnrnСекако сиот овој бескраен процес ги исцрпува, па на девиците одвреме-навреме им е потребно да избегаат и да се оттргнат од напнатите случувања. Потребно им е да се осамат, по можност во затворен простор, а карактеристичен е и дисконтинуитетот во  одморањето кој им е потребен на девиците. Тие всушност со задоволство ќе ја разбијат монотонијата на релаксирање со ревизија на проект, доработка на сопствените идеи, водење или надополнување белешки. Но тоа нема да им наштети на здравјето, бидејќи тоа што другите би можело да ги уништи, девиците ги прави уште поснажни.rn

    Вага

    rnВо тешки и напнати ситуации вагите ќе побрзаат да појдат во пријатно друштво на пријатели и тоа што повеќе тоа подобро, за да побараат поддршка и утеха. Тие генерално немаат проблем со менување на мислењето ниту одлуките, сè додека не се уверат дека ја прават вистинската работа. И покрај тоа што не се имуни на состојбата на афект, вагите, сепак, нема да дозволат емоциите да владеат со нивните постапки и да влијаат на нивното аналитичко размислување. Исклучително се потпираат на поддршката на партнерот и очекуваат тој секогаш да биде спремен да ги сослуша, а во спротивно ги обзема несигурност и паѓаат во лошо расположение. Имајте го сето ова на ум доколку имате работа со една вага.rnrnСо овој знак управува софистицираната Венера, па благодарение на тоа многу внимание посветуваат на животниот амбиент. Моментите на најпријатното релаксирање вагите ќе го поминат удобно сместени во фотелја или лежалка во градината. Сигурност и смирување ќе најдат исто така и во задоволството со својот физички изглед, па затоа покажете трпение доколку морате подолго да чекате да дојдете на ред пред огледалото или во бањата.rn

    Скорпија

    rnЛуѓето родени во знакот скорпија на најинтензивен начин во однос на сите останати знаци ги доживуваат емотивните промени, па се способни подеднакво бурно да ги изразат своите чувства. Менталната снага и цврстина и насоченоста кон животните цели се нивни доблести, но не и флексибилноста. Прецизното интуитивно чувство ги води скорпиите низ разни видови предизвици, па колку и да им е тешко тие нема да се „скршат“ под тој притисок. Припадниците на овој знак секојдневно мораат да одвојат време за себе и тоа повеќе отколку што им е потребно на другите знаци од зодијакот и никој не би смеел да им го попречува уживањето во таа слобода, доколку сака да го задржи добриот однос со нив.rnrnВлијанието на Плутон понекогаш ги прави скорпиите импулсивни во работата. Тоа е вистински знак дека им е потребен одмор и мир, бидејќи во спротивно би можеле да изгорат, а секако не се тип на луѓе што ќе се предадат. Ги смирува близина на вода во секаков облик, па дури и онаа наједноставната како што е топлата бања. Како водени знаци, тие во близина на вода полесно го пронаоѓаат своето значење.rn

    Стрелец

    rnЖивотните случувања не влијаат баш многу често на нервите на стрелецот. Нивниот стил на поднесување на промените се состои во проценката на сопствените постапки и промена на методот дури тогаш кога е неопходно. Единствен вистински проблем на стрелците е нивната најголема доблест – оптимизмот, бидејќи песимизмот е непријател против кој секој од нив повремено мора да се бори. Понекогаш, сепак, работите ги гледаат премногу розово, па брзаат како муви без глави, не сакајќи да се заморуваат со детали. Токму таквиот пристап понекогаш е каменот на кој се сопнуваат стрелците, па поради тоа би било корисно да се опкружат со знаци кои се наклонети кон анализа и посветуваат внимание на ситниците кои се важни во животот, а тоа се воздушните знаци близнаци, водолија и вага.rnrnКога им е неопходно да се релаксираат тие одат во теретана, бидејќи најдобар начин да ја исфрлат негативната енергија за стрелците, е едно добро потење.rn

    Јарец

    rnЈарецот е еден од знаците кој вистински ужива во својата работа, а кога ќе се најде под стрес, инстинктот му вели дека баш тогаш треба да се напрегне повеќе, да работи понатаму и со повеќе концентрација. Под влијание на владетелот Сатурн, тој сите обврски ги зема при срце, без разлика дали работи за себе или за некој друг. Јарците повеќе ги ценат практичните и реалистични решенија кои е можно да се донесат во краток рок и даваат можност веднаш да се преземе нешто. Брзиот ритам ги прави да се чувствуваат подобро, но во тој занес лесно можат да ја изгубат од вид, ширината на сликата и општиот впечаток.rnrnМоментите на релаксирање, јарците ги пронаоѓаат во машки и екстремни спортови. Како земјени знаци повеќе сакаат планинарење од летување, а во текот на својот активен одмор тие не сакаат баш цело време мозокот да им е на „пасење“. Поради тоа со задоволство дел од слободното време ќе го посветат на проучување историски книги, гледање документарни филмови или читање политички анализи во дневниот печат.rn

    Водолија

    rnВодолиите ретко им покажуваат на луѓето околу себе кога се вознемирени, а својата способност за таинственост, ја зголемуваат со потиснување на емоциите. Тие, се разбира, чувствуваат стрес како и сите други, но се вистински мајстори во прикривање на симптомите. Нивниот објективен пристап кон животот резултира со сталоженост и отсуство на еуфорија како реакција на случувањата, понекогаш и со залажување дека некои работи што се случиле и не се така важни. Кога е највознемирена, водолијата се повлекува во себе и тогаш не е баш лесно да му објасни на партнерот дека ништо не е сменето во нивните односи и љубов, но дека му е потребно малку слобода.rnrnЕден од успешните методи за надминување на вознемиреноста и лошото расположение за нив е дружењето со пријателите во некое кафуле или ресторан, на што обично се радуваат со денови однапред.rn

    Риби

    rnКога рибите ќе се најдат во неволја тие тоа го поднесуваат многу тешко, би се рекло катастрофално. Нивниот фатализам дополнително се зголемува бидејќи ги впиваат емоциите на луѓето околу себе како сунѓер. Доколку сакате да им бидете вистински пријател, немојте да ги оптоварувате рибите со нешто што би можело да ги остави бес сон, иако можеби ќе бидете лишени од квалитетно и рационално мислење со потенцирање на добрите и лошите страни на ситуацијата. Припадниците на овој знак се способни да живеат во паралелен, розов свет кога се случува нешто лошо, бидејќи во спротивно можат да го изгубат разумот.rnrnРибите преку своите соништа интензивно комуницираат со својата потсвест, па поради тоа кога се напнати би било добро својата постела да ја направат што поудобна. Музиката пак за нив е седатив и антидепресив, кој може да ги извлече од проблемите и грижите.

  • Што откриваат детските цртежи?

    Што откриваат детските цртежи?

    Дел од психолозите и педагозите советуваат, родителите да обрнат поголемо внимание на цртежите на нивните деца. Иако не треба да се генерализира, бидејќи секое дете е посебно, сепак, следните укажувања можеби ќе ви помогнат да откриете што се случува во моментот со вашето дете…rnrnrn

      rn011

    • Жолтата, портокаловата, зелената и сината боја, децата ја користат за да прикажат среќни моменти, а кафеавата, црвената и црната за тажни.
    • rn011

    • Децата кои користат топли бои се најчесто импулсивни, енергични и пријателски настроени кон другите. Ладните бои пак, се карактеристични за мирните и нежни деца, кои се емотивно воздржани и многу често играат сами.
    • rn011

    • Доколку цртежот е на левата страна од листот, тоа значи дека детето е повеќе приврзано за мајката, а ако е на десната тоа е понаклонето кон таткото. Среќно и задоволно дете е она кое црта на средина на листот.
    • rn011

    • Недостатокот на боја во цртежите може да значи проблем во социјализацијата на детето, а претераната употреба на одредени бои, може да биде индикатор за пречки и нарушувања во неговиот развој.
    • rn011

    • Премногу црвена боја во цртежите води кон заклучок дека детето е раздразливо. Доколку пак, одбива да ја користи, тоа може да биде аларм дека детето е под стрес.  Треба да се открие причината за стресот и да се создаде мирна атмосфера за одмор за детето.
    • rn011

    • Зелената боја покажува емоционална стабилност, но ако е пренагласена може да значи несигурност. Таквите деца треба да се охрабруваат и да им се овозможи поголема слобода.
    • rn

    rnrn

      rn011

    • Премногу кафена боја користат децата во чии семејства се бара висока хигиена.
    • rn011

    • Доминантната црна боја пак, е знак за депресија, страв и несигурност, кои детето не може само да ги надмине, па затоа му е потребна голема поддршка и помош од родителите.
    • rn011

    • Тенки и испрекинати линии цртаат срамежливите и несигурни деца. Тие ги кријат своите цртежи и обично цртаат премногу мали фигури во аглите на хартијата. На овие деца им е потребно големо внимание, љубов и пофалби.
    • rn011

    • Долгите, прави и темни линии се карактеристични за агресивните, каприциозни и самоуверени деца.
    • rn011

    • Емоционално стабилните деца никогаш не повторуваат фигури во своите цртежи, додека пак, децата кои не можат да се прилагодат на новонастанати ситуации, ги копираат своите цртежи. Со тоа сакаат да избегнат соочување со проблеми, кои ги носи новата ситуација. Повторувањето детали и ликови може да значи и недоволна ментална зрелост на детето.
    • rn011

    • Детето кое е емотивно приврзано за своите родители и тие му се премногу важни, нивните фигури ги црта големи и блиску до себе. Во неговите цртежи членовите на семејството се држат за раце. Посебно внимание во цртежите треба да се обрне на нозете од родителите. Доколку ги црта боси, без стапала или без нозе, тоа може да значи дека нема доверба во нив.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каков е работниот карактер на вашите колеги?

    Каков е работниот карактер на вашите колеги?

    Според голем број психолози, постојат многу теории за поделбата на различни видови личности. Но, од сите досегашни модели, најпознатиот е „Тип А и Тип Б личности“ според Ендру Голдсмит. Оваа поделба се базира според нивото на анксиозност и стрес со кои се сретнуваат вработените луѓе.Каков е работниот карактер на вашите колеги?rnrnЛичностите од тип А генерално живеат со повисоко ниво на стрес, бидејќи:rn

      rn011

    • Тие уживаат да ги остваруваат своите цели, уште повеќе ако тие се потешки. Поради тоа постојано работат за да го достигнат она што си го замислиле.
    • rn011

    • Тие имаат потешкотии со прекинување, дури и откако ќе ги завршат своите цели.
    • rn011

    • Тие го чувствуваат притисокот на времето, постојано работејќи „под полн гас.“
    • rn011

    • Тие сакаат да се натпреваруваат, и ако можат дури и самите ќе создадат натпревар.
    • rn011

    • Тие мразат неуспех и подготвени се многу да работат за да го избегнат.
    • rn011

    • Тие најчесто се во добра форма и добро образовани (како последица од нивната анксиозност).
    • rn

    rnЛичностите од тип Б генерално живеат со пониско ниво на стрес и најчесто:rn

      rn011

    • Тие работат полека, уживајќи во нивните постигнувања, но не се под стрес кога нема да ги постигнат своите цели.
    • rn011

    • Кога тие ќе се соочат со натпревар, учествуваат сè додека уживаат во играта и не им пречи ако се откажат или изгубат.
    • rn011

    • Тие често се креативни и уживаат во истражувањето на нови идеи и концепти.
    • rn011

    • Тие често се склони кон многу размислување како за надворешните, така и за внатрешните светови.
    • rn

    rnСфаќањето на работниот карактер на одредена личност може да ви помогне да го најдете најдобриот начин за соработување со него/неа. Кога станува збор за личности од типот Б, секој од нас лесно би можел да воспостави добра комуникација и брзо да ја заврши работата со нив. Но, ако вашиот колега припаѓа на групата од тип А, кои постојано работат со максимална брзина и се инспирирани да постигнуваат огромни цели, тогаш единствениот начин да се справите со нив, е да ги почитувате наредниве неколку правила:rnrnРаботите со нив, не против нив – Секој и сешто е предизвик и натпревар за овие личности и тие ќе направат сè за да ги срушат бариерите кои им го попречуваат нивниот пат. Поради тоа погрижете се да ги убедите дека припаѓате на нивниот тим, не на спротивниот.rnrnЗавршувајте ги задачите или целите како да нема утре – Овие личности имаат нереално чувство за итност и поради тоа не сакаат да губат време. Тие постојано се „тркаат“ за што побрзо да го завршат тоа што го наумиле. Обидете се сите ваши задачи да ги завршувате точно на време или уште подобро, предвреме.rnrnМултитаскинг – Мора да бидете подготвени без грешка да завршувате повеќе неповрзани задачи или цели. Бидејќи тие имаат преголеми планови од сите области, не знаат како да се сконцентрираат само на една работа. Мора да научите да ги следите во секој чекор.rnrnНикогаш не доцнете – Со доцнењето им давате до знаење дека не сте доволно вредни за нивното време и поради тоа може целосно да ве отфрлат од своите планови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Можеби сте привлечни како Мерлин Монро или елегантни како Џорд Клуни, но наспроти женствениот /мажествениот изглед, вашиот мозок можеби не ви е од истиот пол. Изненадени сте?rnrnЕкспертите тврдат дека нашето тело и мозок не мораат да бидат од истиот пол. Така, во мозокот на фетусот иницијално се наоѓаат женски хормони и дури подоцна во него доаѓаат и машките хормони. Некои фетуси се изложени под дејство на поголема количина машки хормони. Тоа е и научната основа на теоријата за различните полови на мозокот и телото.rnrnТест: дали размислувате како маж или како жена?rnrnМашкиот мозок размислува логично и праволиниски, додека женскиот мозок во поголема мера користи интуиција, ги поврзува различните и случајно избрани работи и лесно преминува од една кон друга тема. Машко–женскиот однос во мозокот е одреден од количината на тестостерон на која била изложена вашата мајка во текот на бременоста. Научниците велат дека организмот на жените кога се под стрес, произведува повеќе андроген, од кој подоцна настануваат машките хормони. Поради тоа, возможно е во организмот на жените да се наоѓа необично големо количество естроген (женски хормон), кој ги маскира машките хормони. Воедно, консумирањето поголеми количини од производи од соја, го подигаат нивното на естроген во вашето тело.rnrnКако овој тест може да ви помогне? Откривањето на половата ориентација на вашиот мозок, како и на луѓето кои ве опкружуваат, може да ви го промени животот. Тоа сознание влијае на сите сфери од животот, од спалната соба до канцеларијата. На пример, доколку работите исклучиво само со жени и никако не можете да најдете заеднички јазик со вашите колешки, тоа најверојатно значи дека вашиот мозок е помашки, во однос на нивните мозоци. Така, одредувањето на полот на вашиот орган за размислување и емоции, ќе ви помогне да ги промените клучните работи во вашето однесување, а доколку ги натерате вашиот партнер и пријателките да го решат овој тест, ќе ги откриете и мотивите на нивното однесување.rn

    1. Погледнете ја дланката на раката со којашто пишувате. Вашиот домал прст е:

    rnа) Подолг од показалецот (2 поени)rnrnб) Пократок од показалецот (1 поен)rnrnв) Речиси се иста големина (0 поени)rn

    2. Дали вашата мајка има работено стресна работа (или била изложена на некаков друг вид стрес) во текот на првото тримесечје од бременоста?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Не (0 поени)rn

    3. Дали понекогаш ги мешате левата и десната страна?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    4. Добивте работна задача поради која ќе морате да се натпреварувате со вашите колеги. Вие сте…

    rnа) Исплашени и загрижени (0 поени)rnrnб) Возбудени и особено мотивирани (2 поени)rn

    5. Дали вас ве нервираат луѓето кои многу зборуваат?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    6. Дали ви претставува проблем да чуете што луѓето зборуваат во просторија во која има бука и гужва?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    7. Си пеете караоке, а луѓето кои ве слушаат…

    rnа) прават гримаси (2 поени)rnrnб) ви се смеат (1 поен)rnrnв) импресионирани се од вашите вокални способности (0 поени)rn

    8. Заедно со пријателките учествувате во некој натпревар. Колку ви е вам важно да ги победите, на скала од 1 до 10?

    rnа) 1-3 (0 поени)rnrnб) 4-6 (1 поен)rnrnв) 7-10 (2 поени)rn

    9. Во кои од наведените активности најмногу уживавте додека бевте дете?

    rnа) Качување по дрво (2 поени)rnrnб) Возење велосипед и ролери (2 поени)rnrnв) Собирање предмети и нивно сортирање по категории (2 поени)rnrnг) Расклопување на работи за да дознаете како функционираат (2 поени)rnrnд) Сите физички активности за кои е потребна енергија (2 поени)rn

    10. Најчесто одбирате пријатели…

    rnа) на кои им се восхитувате и од коишто можете да учите (2 поени)rnrnб) кои ви се допаѓаат, ама тоа не мора да значи и дека ги цените (0 поени)rnrnв) кои се комбинација од двете категории (1 поен)rn

    11. Кога одите во шопинг вие…

    rnа) морате сѐ да разгледате пред да ја донесете конечната одлука што да купите (0 поени)rnrnб) имате одредени работи на ум и само нив ги купувате (2 поени)rnrnв) се однесувате и на едниот и на другиот начин, зависно од ситуацијата (1 поен)rn

    12. Доколку некој ве прекине додека работите, дали можете набрзо повторно да се концентрирате?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    13. Вашиот ракопис е…

    rnа) совршено уреден (0 поени)rnrnб) прилично уреден (1 поен)rnrnв) па… речиси нечитлив (2 поени)rn

    14. Љубовта и работата брзо ви досадуваат – точно или неточно?

    rnа) Точно (2 поени)rnrnб) Понекогаш точно (1 поен)rnrnв) Неточно (0 поени)rn

    15. Разгледајте ги книгите на полиците во вашиот дом. Дали на нив се наоѓаат…

    rnа) воглавно историски романи, биографии и слично (2 поени)rnrnб) воглавно фикција (0 поени)rnrnв) по нешто од сите жанрови (1 поен)rn

    16. На одмор сте. Кои од следниве тврдења се однесуваат на вас:

    rnа) Можете да го сфатите локалното население благодарение на вашата моќна интуиција, разбирање на говорот на телото и слично, иако не го разбирате јазикот којшто го зборуваат луѓето. (0 поени)rnrnб) Штом се сместите во вашиот апартман/хотел, веднаш почнувате да се распакувате и да ги складирате стварите по орманите. (2 поени)rnrnв) Доколку не ви се допаѓа сместувањето, одма го напуштате и тргнувате во потрага по подобро. (0 поени)rnrnг) Се чувствувате изгубено ако немате мапа за местото на коешто сте дошле. (2 поени)rn

    Резултати – вашиот мозок е:

    rn

    До 12 поени: изразено женски

    rnРабота: Вашата мајка во текот на бременоста била изложена на мала количина тестостерон. Тоа значи дека нивото на кортизол (стрес-хормонот) во вашиот организам рапидно расте во ситуациите кои бараат натпреварување и брзо решавање на проблемите. Од друга страна, таквите ситуации кај личностите кои имаат машки мозок, предизвикуваат прилив од допамин (хормонот на задоволството). Поради тоа, секогаш кога имате стресен период на работа, надвор од работното време се трудите да правите активности кои ве релаксираат.rnrnСоцијален живот: Дали сте знаеле дека личностите кои имаат женски мозок, слушаат од два до десет пати подобро од мажите? Центарот за јазик се наоѓа во двете половини од вашиот мозок, што ви овозможува да зборувате со повеќе личности истовремено. Поради тоа, вие сте вистински „лепак“ во друштвото.rnrnЉубов: Доколку вашиот партнер е типичен маж (изгледа и се однесува мажествено) тогаш имајте на ум дека нему повеќе му се потребни мир и тишина отколку зборување, за да може да се опушти после стресниот ден. Поради тоа, тој не може секогаш да го следи вашиот неповрзан процес на размислување и вие треба да се потрудите со него да бидете поконцизни и да не скокате од една кон друга тема на разговор.rn

    13-21 поени: машко-женски

    rnРабота: На работното место, жените најчесто ги извршуваат своите задачи и се социјализираат врз основа на своите убедувања и интуиција, додека мажите честопати се агресивни и натпреварувачки расположени. Како „комбинирана“ личност, вие успевате да воспоставите рамнотежа помеѓу тие особини, што претставува ваша предност. Поради тоа вие имате потенцијал да бидете одличен организатор.rnrnСоцијален живот: Доколку вашите пријатели ги одбирате врз основа на тоа какви квалитети и вештини поседуваат, а не врз основа на тоа дали вам лично ви се допаѓаат, кај вас доминира машкиот дел од мозокот. Од друга страна, доколку вашите пријатели се во главно луѓе кои многу зборуваат, а не покажуваат некои особени вештини, тоа значи дека вашиот мозок во однос на друштвените односи е повеќе женски.rnrnЉубов: Погледнете на кои од прашањата од тестот одговоривте со два бода или со ниту еден бод, за да идентификувате кои делови од вашиот мозок се помашки, а кои поженски. Потоа, споредете ги со резултатите на вашиот партнер и откријте каде не се согласувате. Женскиот мозок е добар во одгатнувањето на говорот на телото и донесувањето одлуки засновани на интуиција, додека машкиот мозок функционира на обратен, попрактичен начин.rn

    22 и повеќе поени: многу машки

    rnРабота: Не паничете и не грижете се. Сосема е возможно да бидете најженствената дама во светот, но да имате „мачо“ мозок. Вашата најголема моќ е желбата за преземање ризици и во најголемиот број од случаите, жените кои имаат машки мозок успеваат да се искачат до врвот на кариерата. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи концентрацијата ви е слаба страна. Личностите со машки мозок не можат да бидат посветени на една задача подолго од 5 минути.rnrnСоцијален живот: Големи се шансите во друштво да не се однесувате како типично женско. Додека вашите другарки се подготвени долго и детално да зборуваат на некоја тема, вам повеќе ве интересираат фактите. Женскиот мозок е програмиран да дистрибуира детали, а машкиот мозок е способен да ги решава проблемите.rnrnЉубов: Центарот за секс во машкиот мозок е два до три пати поголем од женскиот. Затоа, доколку вашиот партнер има поженски мозок од вашиот, потрудете се да бидете потактични со него и да имате поголемо разбирање за неговите емоции.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

    Прашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врската

    После многу кавги и неслога помислувате дека прекинувањето на врската е единствено решение? Не брзајте со донесување на вакви одлуки. Ова се прашањата кои треба да си ги поставите доколку размислувате за крај.rnrnПрашања кои треба да си ги поставите пред да ја прекинете врскатаrn

    Дали партнерот е причина за мојата состојба?

    rnСтресот и нервозата може да нè натераат да избрзаме со нашите постапки. Доколку се чувствувате лошо не барајте ја веднаш вината во вашиот партнер. Некогаш поради проблеми од секојдневието, со факултетот или работата, се чувствуваме лошо и мислиме дека сè тргнало по ѓаволите, па често знаеме бесот да го истуриме на партнерот. Доколку се чувствувате лошо размислете дали партнерот ви стои на патот кон среќата и задоволството или други проблеми ве натерале да размислувате дека на вашата врска ù нема спас.rn

    Колкава е празнината помеѓу нас?

    rnПонекогаш претеруваме со нашите очекувања и забораваме дека никој не е совршен, па не сме ни ние. Често ни се наметнуваат прашања како: „Дали уште постои страст меѓу нас?“ или „Дали сè уште физички ме привлекува?“ и можат да влијаат многу врз начинот на кој размислуваме и донесуваме одлуки. Најчесто овие прашања и дилеми се појавуваат поради сексуално незадоволство или недостиг на комуникација. Пробајте да ги подобрите овие аспекти, потрудете се, не кревајте веднаш раце од сè.rn

    Дали неговите/нејзините лоши навики би можел/а да ги поднесам?

    rnСекој си има иритирачки навики, но некогаш е добро да направите компромис. Размислете дали станува збор за нешто за што вреди да направите компромис, навика која ве нервира, но би можеле да ја прифатите со цел вашата врска да опстане. Едно е да бидете на сосема различна бранова должина во интересите и сфаќањата, а сосема друго е да донесете одлука базирана на моментална нервоза. Некогаш е жално да прекинете врска во која сте вложувале и сте се труделе само поради моментална фрустрација.rn

    Дали имам резервирано време за самиот/самата себе?

    rnМожеби сè што ви треба е да бидете сами со себе. Одвојувате еден час од денот кога ќе бидете сами, одете на прошетки и пешачење, разбистрете си ги мислите. Вашиот партнер можеби ви одговара, но се чувствувате задушени. Издвојувајте си време за себе. Можете дури и самите да заминете на викенд на некое тивко место и добро да размислите пред да ја донесете одлуката.rn

    Дали сум подготвен/а да бидам без него/неа?

    rnФакт е дека не знаеме што имаме сè додека не го изгубиме. Кога ќе сфатиме дека нештото или личноста би можеле да ја изгубиме засекогаш, можеби ќе знаеме да ја цениме повеќе. Замислете си каков би бил вашиот живот без вашиот партнер? Се гледате себеси како посреќни и поуспешни?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

    Три едноставни домашни третмани кои мора да ги пробате

    Секојдневно сме изложени на стрес и нервози, па затоа во слободните часови сакаме да се релаксираме. На нашата кожа исто така ѝ е потребен третман за релаксација и нега по стресниот ден. Не мора да се изложувате на скапи третмани, овие три домашни третмани се лесни и едноставни, а воедно многу корисни.rnrnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrn

    1. Третман на коса со маслиново масло

    rn

    Маслиновото масло не служи само за готвење, одлично е и за разубавување! Докажано е дека маслиновото масло ѝ дава сјај на косата и ги заштитува нејзините врвови.

    rnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrnrnСо цел да го користите како балсам за коса, вмасирајте околу две лажици маслиново масло во косата и скалпот. Колку маслиново масло ќе искористите зависи од должината и волуменот на вашата коса. Не заборавајте да масирате добро, од маслиновото масло имате многу придобивки. Завиткајте ја вашата коса со топла, влажна крпа и почекајте од 30 до 45 минути. Ова овозможува подобар ефект на третманот. Потоа измијте ја косата со шампон, можеби ќе ви бидат потребни две измивања за целосно да го отстраните маслото. Оставете ја косата да се суши по природен пат и самите ќе ги забележите резултатите уште по првиот третман.rn

    2. Чудотворната маска

    rn

    Оваа маска можете лесно да ја направите сами, а сè што ви треба е: морско оревче, мед и цимет. Не само што одлично делува за релаксација на кожата, дополнителна предност е што мириса навистина добро.

    rnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrnrnМорското оревче и медот имаат одлично дејство на смирување на кожата, намалуваат отоци и црвенила, а исто така спречуваат појави на лузни од акни. Додека пак, морското оревче во комбинација со мед е одличен ексфолијант. Најпрво направете мал тест и проверете дали вашата кожа дава какви било лоши реакции на некоја од состојките. За да ја направите маската измешајте две лажици мед со лажичка цимет и лажичка рендано морско оревче. Мешавината треба да добие изглед на густа паста. Откако ќе ја нанесете маската, оставете ја на лицето 30 минути. Измијте ја со топла вода и кружни движења за да добиете дополнителен ефект на пилинг.rn

    3. Пилинг за тело од кафеав шеќер

    rn

    Пилингот е секогаш најдобар начин да ја освежите кожата и да ги отстраните мртвите клетки, особено ако е направен по природен пат.

    rnТри едноставни домашни третмани кои мора да ги пробатеrnrnСе подготвува многу едноставно. Само измешајте половина чаша крупен кафеав шеќер, лажица мед, малку маслиново масло, и на крај исцедете малку лимон. Вмасирајте по кожата на вашето тело, па добро исплакнете. Мириса добро, а на вашата кожа ѝ дава мекост и нежност. Едноставно, мора да го пробате.