КАФЕ ПАУЗА

Tag: стареење

  • Разочарувачко сознание: Кога жените престануваат да изгледаат младо?

    Разочарувачко сознание: Кога жените престануваат да изгледаат младо?

    Индустријата за подмладување е еден од најисплатливите бизниси на денешницата. Се проценува дека во 2021 година, производството на лосиони, серуми и додатоци во исхраната кои ветуваат побавно стареење ќе вреди повеќе од 216 милијарди долари. Но, што ако ви кажеме дека и покрај сиот труд, сепак постои одредена возраст кога жените едноставно престануваат да изгледаат младо?rnrnРазочарувачко сознание: Кога жените престануваат да изгледаат младо?rnrn20-тите години се најбезгрижниот период од животот. Кожата ви е еластична, очите ви блескаат, дигестијата е на ваша страна, а мамурлаците не се толку страшни. За жал, сѐ што е добро, кратко трае. Се чини дека жените почнуваат да изгледаат старо на нивниот 30-ти роденден.rnrnСпоред неодамнешните истражувања, оваа година Британците ја сметаат за „крај на младоста“. Додека многумина ќе одбијат да поверуваат дека во 30-тите, па дури и во 40-тите години важат за „средовечни“ луѓе, средовечноста навистина почнува во средните 30-ти години.rnrnАко сакате да се утешите, можете слободно да го земете предвид податокот дека во речникот на Оксфорд стои дека средни години се оние помеѓу 45 и 65 години од животот.rnrnДоколку не сте подготвени да го прифатите ова сознание, можеби ќе ви се допаднат следниве чудни методи против стареење од минатото.

  • Неверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењето

    Неверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењето

    Анџелина Џоли е една од најпознатите личности во светот. Многу луѓе дури сметаат дека таа е можеби најубавата жена на Земјата. Сигурно многумина би дале неколку години од својот живот за да изгледаат како 42-годишната актерка и активистка кога ќе бидат колку неа.rnrnНеверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењетоrnrnНо, според Анџелина, стареењето не е нешто за коешто треба да бидеме загрижени. Во едно интервју ја прашале што мисли за стареењето и таа понудила навистина инспиративен одговор.rn

    „Гледам во огледалото и забележувам дека изгледам како мојата мајка, а тоа ме топли. Исто така забележувам дека стареам и го сакам тоа, бидејќи тоа значи дека сум жива – живеам и стареам.“

    rnНеверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењетоrnrnСигурно ќе си помислите дека го вели тоа бидејќи изгледа како… па, Анџелина Џоли. Но, таа нагласила дека ги забележува нејзините недостатоци и дека физичкиот изглед не ѝ е толку важен.rn

    „Се разбира, не сакам што имам некои темни дамки од бременоста. Ги гледам своите недостатоци. Но она што го гледам и што го сакам нема врска со структура или изглед. Тоа е повеќе што го гледам моето семејство во моето лице. Ја гледам мојата возраст.“

    rnНеверојатниот одговор на Анџелина Џоли за стареењетоrnrnАнџелина ја дефинира убавината според тоа како некој се разликува себеси од другите. Таа додала:rn

    „Луѓето кои се убави според мене не се оние кои се покоруваат на туѓото мислење за тоа што е убаво или правилно. Секогаш сум сакала луѓе кои се уникатни, различни и едноставно свои. Малку ме растажува кога ќе видам дека некој не може да живее во својата кожа и не се чувствува удобно во неа. Постојат многу работи во човештвото кои прават луѓето да се чувствуваат вака.“

    rnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето.

  • Инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето

    Инспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењето

    Се вели дека со годините си доаѓаат мудроста, добрината, самодовербата и слободата. Доколку имате страв од стареењето, дозволете им на следниве инспиративни цитати да ви ја покажат светлата страна на зрелата доба од животот…rnrnИнспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењетоrn

    „Добрата страна на стареењето е тоа што не ги губите сите оние години што поминале.“ – Медлин Ленгл

    rn

    „Не можете да го спречите стареењето, но не мора да остарете.“ – Џорџ Барнс

    rn

    „Зошто луѓето се плашат од стареењето? Ќе бидете помудри. Ќе се чувствувате позрело. Подобро ќе се познавате себеси. Дали би го замениле тоа за помека кожа? Јас не!“ – Ана Курникова

    rn

    „Ако не стареете, тоа значи дека сте мртви.“ – Том Пети

    rn

    „Добрата страна на стареењето е тоа што добивате шанса да им кажете на луѓето во вашиот живот колку многу ви значат.“ – Мајк Лав

    rn

    „Добрата страна на стареењето е тоа што како што станувате сѐ помалку привлечни, така имате сѐ помала желба да излегувате и да освојувате сѐ што ќе видите.“ – Џулијан Клери

    rn

    „Искрено можам да кажам дека го обожавам стареењето. Но, од друга страна, пак, никогаш не си ги ставам очилата пред да се погледнам во огледало.“ – Шери Лунги

    rn

    „Како што стареам така станувам подобар.“ – Нил Шон

    rn

    „Стареењето е сосема нормално. Не можете да сторите ништо за да го спречите, така што најдобро е да си останете на автобусот.“ – Џон Бирн

    rn

    „Зошто би се грижел во врска со стареењето? Зошто би се жалел поради тоа?“ – Дон Фенч

    rn

    „Мислам дека жените треба да почнат да си ги прифаќаат годините. Која е другата опција? Смртта. Не можам да ја променам датата на раѓање. Но, можам да се грижам за кожата, телото, умот и да се обидам да си го живеам животот и да бидам среќна.“ – Оливија Мун

    rnИнспиративни цитати што ќе ви ја откријат светлата страна на стареењетоrn

    „Како што почнав да стареам, сфатив дека сум многу среќна! Не го очекував ова! Не бев среќна кога бев млада.“ – Џејн Фонда

    rn

    „Покрај стареењето и имањето деца, учите како да не бидете толку сериозни во врска со животот.“ – Лена Хеди

    rn

    „Добрата страна на стареењето е тоа што вашиот живот ви е напишан на лицето.“ – Франсес МекДорман

    rn

    „Посакувам да се чувствувам 100% пријатно во своја кожа. Тоа е процес, но како што стареам, така станувам посамоуверена.“ – Британи Сноу

    rn

    „Го обожавам стареењето! Навистина верувам дека жената не го достигнува врвот додека не влезе во 40-тите години.“ – Еванџелин Лили

    rn

    „Многу сум љубопитен да гледам нови работи, но не и да ги поседувам. Така е многу помирно, а тоа е и едно од убавите нешта кај стареењето.“ – Ли Реџивил

    rn

    „Сакам да стареам. Кога сте во 20-тите години во животот вие само ја поставувате основата на вашата иднина. Работите добиваат форма дури подоцна.“ – Криспин Гловер

    rn

    „Никогаш да не дознаеме што се стари години. Да дознаеме каква среќа може да ни донесе времето, а не да ги броиме годините.“ – Аузониј

    rn

    „Староста е нешто што воопшто не е важно, освен ако не сте сирење.“ – Луис Бунуел

    rn

    „Обидете се да ја одржите душата млада и разиграна дури и на стари години.“ – Џорџ Сенд

    rn

    „Младоста е дар од природата, но староста е уметничко дело.“ – Станислав Ежи Лец

    rnПрочитајте ги и следниве инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.

  • Бети Вајт ги споделува своите тајни за долг живот

    Бети Вајт ги споделува своите тајни за долг живот

    Кога ќе помислите на Бети Вајт, скоро невозможно е да не се нацрта насмевка на вашето лице. Мал број жени во Холивуд уживале во кариера што траела повеќе од 7 декади, додека истовремено ги шармирале сите домови ширум светот. Нејзините улоги се иконски, комичните коментари – безвремени, и најдобро од сè, таа постојано го споделува своето животно искуство, полнејќи нè со многу голема мудрост.rnrn(1) beti-vajt-gi-spodeluva-svoite-tajni-za-dolg-zhivot-www.kafepauza.mkrnrnОвој месец таа ќе го прослави својот 96-ти роденден. Тоа е и причината зошто решивме да ги собереме нејзините најдобри совети и цитати на едно место.rn

    Тајната за долг, здрав живот

    rn

    „Уживајте во животот“, вели таа постојано. „Ставете акцент на позитивното, не на негативното. Можеби звучи банално, но повеќето од луѓето попрво би одбрале нешто за да се пожалат отколку да кажат ‘Еј, тоа беше одлично!’. Не е тешко да ги најдете добрите работи доколку истите ги барате.“

    rnОва е одличен совет што сите ние треба да го запомниме. Што друго вели таа за долгиот живот?rn

    „Јадете хот-дог и пијте вотка – по тој редослед.“

    rn

    Најголемото каење

    rnВајт беше 18 години во брак со водителот Ален Луден. Иако биле лудо заљубени, таа два пати го одбила неговото запросување. Потоа во 1963, таа конечно кажала „ДА“ и тие се венчале.rn

    „Поминав цела година, потрошив цела година во која јас и Ален можевме да бидеме заедно, со изговори дека не сакам да се омажам за него и да ја напуштам Калифорнија за да живеам во Њујорк. Потрошив цела година која можевме да ја поминеме заедно, но сепак, на крај успеавме.“

    rnЛуден починал во 1981 година од рак на желудник.rnrn(2) beti-vajt-gi-spodeluva-svoite-tajni-za-dolg-zhivot-www.kafepauza.mkrn

    Совет за сите вдовици

    rnСправувањето со смртта на сопругот е нешто што никој не може да го разбере доколку не го искусил на своја кожа. И иако е најтешкото нешто низ што можете да минете, сепак, со време, ќе го преживеете.rn

    „Ден по ден“, вели таа. „Не гледате напред, но исто така се обидувате и да не гледате назад. Најпрво, држете го вашиот ум зафатен. Но не преземајте ги сите обврски, бидејќи брзо ќе се истрошите. Најдете нешто што ќе ве држи зафатени, додека истовремено ќе ви помогне и да се забавувате. Не е тешко да најдете нешто во што сте навистина заинтересирани, па обидете се да се препуштите и целосно да уживате. Токму тоа ќе ве држи исправени.“

    rn

    Справување со староста

    rn

    „Луѓето гледаат негативно на стареењето, не само во шоу-бизнисот, туку во скоро секој бизнис. Тие постојано се во потрага по новите млади луѓе, што јас целосно го разбирам. Но обидете се да бидете од корист што е можно повеќе, па тие ќе најдат место и за тебе! И не се жалете, туку обидете се да го ставите акцентот на позитивното наместо на негативното. Ако се жалите, вие нема да бидете забавни, а забавноста е тоа што сите го бараат во играта.“

    rn(3) beti-vajt-gi-spodeluva-svoite-tajni-za-dolg-zhivot-www.kafepauza.mkrn

    Одржување на умот

    rnВо староста, покрај другите потешкотии, често се случува и мозокот несакано да ви „одлетува“. Па, како можете да го одржите фокусот? Бети Вајт вели:rn

    „Крстозбори!“, вели таа. „Јас сум зависна. Голем зависник сум од крстозбори. Едноставно не можам да ги оставам.“

  • Внимавајте: Ова се три клучни фактори кои го забрзуваат стареењето на кожата

    Внимавајте: Ова се три клучни фактори кои го забрзуваат стареењето на кожата

    Некаде околу 25-тата година, првите знаци на општо стареење на кожата стануваат видливи. Како што старееме, процесите во кожата забавуваат и структурата слабее. Супстанците кои ја прават кожата затегната и мазна започнуваат да исчезнуваат. Причината за тоа е комбинација на внатрешните процеси на стареење и надворешните влијанија. Најочигледен прв знак на стареење се фините линии и брчки, кои се продлабочуваат како што времето одминува. Ви откриваме 3 клучни фактори кои го забрзуваат процесот на стареење и како истите да ги спречите.rnrn2-vnimavajte-ova-se-tri-kluchni-faktori-koi-go-zabrzuvaat-stareenjeto-na-kozhata-www.kafepauza.mk_rn

    1. Изложување на сончеви зраци

    rnАко кожата е незаштитена на сонцето, УВ зраците може да допринесат за појава на брчки. Продолженото, постојано изложување го оштетува колагенот и доведува до помала еластичност, односно слабеење на структурата на кожата. Изложувањето на сончевите зраци го забрзува стареењето на кожата повеќе од сите други надворешни фактори.rn

    2. Пушење

    rnЕден од најголемите причинители за оксидативен стрес е пушењето, кое ги ослободува слободните радикали во телото, притоа оштетувајќи ја структурата на кожата и допринесувајќи за развој на знаци на општо стареење кои вклучуваат и брчки. Дополнително, никотинот и хемикалиите од цигарите го оштетуваат колагенот и еластинот во кожата. Ова влијае на силата и еластичноста и може да предизвика брчки.rn

    3. Сува кожа

    rnЧест знак за стареење е сувоста на кожата која е условена од годините. Како последица од опаѓање на функцијата на кожата, зрелата кожа станува значително посува и погруба, а може да се јави и чешање. Ова се случува заради намалената количина на хијалуронска киселина и може да води до создавање длабоки брчки.rnrnДоколку ги забележавте првите знаци на стареење и опуштање на кожата, тогаш дознајте како природно да ја затегнете вашата кожа на лицето.

  • Природното менување на сексуалната ориентација со стареењето

    Природното менување на сексуалната ориентација со стареењето

    Како што старееме, така почнуваат да се појавуваат работи кои се менуваат без разлика на нашите досегашни потреби или желби. Во текот на созревањето може да сфатите дека она што претходно сте го барале кај партнерот повеќе не ви е потребно. Ова дури може да значи и дека сакате партнер од спротивниот пол кој претходно ве привлекувал.rnrnkako-se-menuva-seksualnata-orientacija-so-tekot-na-vremeto-i-zoshto-e-toa-normalno-kafepauza.mkrnrnНо не грижете се, нема потреба од паника. Иако може да се изненадите ако почувствувате промена во вашата сексуална ориентација, всушност ова се случува многу почесто одошто мислите. Не е ретко луѓето да сфатат дека се привлечени од друг пол со текот на годините. Сосема нормално е да еволуира вашиот сексуален идентитет, заедно со вас. Вие созревате како личност и се менувате, а со тоа се менуваат вашите сексуални желби и потреби.rnrnСпоред психологот доктор Џенел, сексуалниот идентитет е многу повеќе од тоа да бидете 100% хомосексуалци или 100% хетеросексуалци. Наместо тоа, сексуалниот идентитет е димензионален и постојано се менува, а вие, во одреден период од вашиот живот, можете да се најдете на различни места од неговиот спектар. Се разбира, вашата позиција во овој спектар може драстично да се промени со текот на времето.rnrnСексуалноста не е изрежена во камен. Дури и ако кога сте биле помлади ве привлекувал еден пол, вашите сексуални потреби ќе се менуваат и ќе бидат флуидни во текот на целиот живот. А во некои случаи може целосно да се променат.rnrnВо нејзината книга „Сексуална флуидност“ (Sexual Fluidity), професорката по психологија Лиса М. Дајмонд истражувала 80 нехетеросексуални жени во текот на 10 години. Таа открила дека многу од овие жени се вљубиле во припадник на спротивниот пол, и покрај тоа што претходно биле привлечени од женскиот пол.rnrnИако оваа промена нема да им се случи на сите, може да биде навистина збунувачко за оние кои го искусуваат тоа. Особено ако се декларирале како само хетеросексуалци или само хомосексуалци. Но, доктор Џенел вели дека ова е сосема нормално и дека не треба да се фокусирате на ознаките.rnrnАко личноста која ве привлекува сега, не била на вашата стара листа, тоа не е причина да не направите ништо. Фокусирајте се на оној кој го барате и она што ви е потребно во врската. Дајте си време да одредите што ви е потребно од партнерот наместо да се грижите за неговиот пол или вашата сексуална ориентација.rnrnВашиот сексуален идентитет нема врска со правилата за тоа кој пол го сакате. Тоа едноставно е поврзано со вљубувањето во некого. Без разлика дали се идентификувате како геј или стрејт, кога ќе почувствувате нешто за некого има причина за тоа. А тоа нема врска со полот или вашата сексуална ориентација. Изгледа луѓето се навистина слепи кога станува збор за љубовта. Па, дозволете му на вашето срце да ви го покаже патот и да ве води.

  • Колку брчки е сосема нормално да имате на 20, 30 и 40 години?

    Колку брчки е сосема нормално да имате на 20, 30 и 40 години?

    Отприлика до 25-тата година трае растот и развојот на жените, па потоа почнува стареењето поради кое и можеме да ги забележиме првите брчки на лицето. Првите знаци на стареење можат да се влошат со одредени лоши навики, како што е на пример, пушењето, пиењето малку течности, изложувањето на стрес, недостатокот на кислород и слично. Подеднакво деструктивно влијаат и изложувањето на претопол, па на престуден воздух, што е чест случај во зимските месеци кога прво се грееме во затворен простор, а потоа излагаме надвор на ладно. Но што е всушност сосема нормално, а што е забрзано стареење кога станува збор за брчките на кожата во клучните 3 декади?rn

    1. Кожата во 20-тите години

    rn(1) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mkrn

    Што е вообичаено?

    rnКожата треба да биде скоро без брчки. Ако на лицето се појавуваат изразени линии пред 30-тата година, тоа е дефинитивно знак за претерано изложување на сонце.rn

    Како да го зачувате здравјето на кожата?

    rnПијте многу вода и одвојувајте доволно време за спиење. Исто така користете заштитен фактор 30 секој ден. Ако имате навика да пушите, исфрлете ги цигарите од вашиот живот за да го спречите прераното стареење на кожата.rn

    2. Кожата во 30-тите години

    rn(2) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mkrn

    Што е вообичаено?

    rnПо 30-тата година од животот, полека се појавуваат ситни брчки околу очите, како и на челото што е сосема нормално. Исто така можете да забележите и неколку издолжени линии меѓу веѓите.rn

    Како да го зачувате здравјето на кожата?

    rnЗаштитувајте ја кожата со заштитен фактор 30 во текот на целата година и не заборавајте да се мачкате со хидратантна крема во утринските и вечерните часови.rn

    3. Кожата во 40-тите години

    rn(3) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mkrn

    Што е вообичаено?

    rnНа челото почнуваат да се обликуваат хоризонтални линии. Покрај нив, оние брчки што се појавиле претходната декада меѓу устата и образите дополнително се задлабочуваат, а подочниците стануваат поизразени.rn

    Како да го зачувате здравјето на кожата?

    rnКремата со ефект на ексфолијација и микродермоабразија може да ја подобри состојбата на кожата, како нејзиниот изглед (да ги заблажи трагите на стареење и влијанието на надрворешните фактори). Секако, употребата на заштитен фактор 30 е неопходен за секој ден!rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице.

  • Пронајдено е „копче за ресетирање“ на клетките кои стареат

    Пронајдено е „копче за ресетирање“ на клетките кои стареат

    Стареењето и сè што доаѓа со него е нешто кое секој од нас се обидува да го избегне, заборави, одбие или што било друго освен да се соочи со него. Па не е ни чудно дека стареењето и спречувањето на состојбите поврзани со него се главна тема на многу истражувања.rnrnpronajdeno-e-kopche-za-resetiranje-za-kletkite-koi-stareat-kafepauza.mkrnrnНаучниците му пристапуваат на овој проблем од секој можен агол, а истражувањата за матичните клетки ветуваат најмногу. Едно ново истражување вклучува подмладување на крвни матични клетки, односно оние кои ги генерираат црвените крвни зрна.rnrnТимот истражувачи работел со стари глувци и го набљудувал функционирањето на овие клетки. Но, тогаш тие додале клетки кои можат да произведат какви било клетки, не само крвни, и резултатите биле неверојатни.rnrnОвие клетки делувале како копче за ресетирање, ги репрограмирале крвните клетки и на некој начин ги подмладиле. Крвните клетки почнале да се создаваат со иста брзина како и кај помладите глувци. Значи, стареењето може да се забави со помош на овие клетки.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=bLhgMTkZH9krnrnСепак, оваа техника е нова и е пробана само на глувци и постои веројатност да не функционира кај луѓето. Но ова откритие дава надеж за лек кој ќе помогне во некои сериозни нарушувања со крвта.rnrnИстражувањето исто така покажало дека промените во производството на клетките не се резултат на мутација, туку се предизвикани од промени во гените. Оваа информација ги тера научниците да мислат дека можеби конечно ќе откријат ефективен третман за сериозните болести како што е леукемијата.rnrnПогледнете ги и овие тибетски вежби за подмладување.

  • Чудни методи против стареење и начини на постигнување бесмртност од минатото

    Чудни методи против стареење и начини на постигнување бесмртност од минатото

    Доброто стареењето може да се манифестира на различни начини. Без разлика дали станува збор за недостаток на брчки, или брз метаболизам кој ви дозволува да ја одржите линијата, секој од нас си има по некој ген кој прави да се чувствуваме како да сме го победиле времето.rnrn(12)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnПоради ова, индустријата за производи против стареење е толку успешна. Низ вековите желбата за вечната младост била постојана помеѓу луѓето. Немајќи го денешниот луксуз како што сте производите за подмладување, луѓето преземале многу драстични мерки за да го постигнат посакуваниот изглед, а понекогаш дури и бесмртноста. Погледнете некои од најчудните методи за подмладување што се користеле низ историјата.rn

    1. Клеопатра

    rn(1)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnЕкспертите сметаат дека со цел да го одржи нејзиното младо лице, Клеопатра се бањала во кисело млеко од магаре. Во тоа време луѓето верувале дека млекото делува како хемиски пилинг. Исто така има гласини дека таа користела измет од крокодил како пудра.rn

    2. Граѓаните на Рим

    rn(2)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnМногу одамна Римјаните ја пиеле крвта на загинатите гладијатори веднаш по нивната смрт. Тие верувале дека ова е лек за епилепсија. Покрај тоа, крвта се продавала и на улиците.rn

    3. Таоисти

    rn(3)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnТаоситите во древното минато мислеле дека она што го ставате во вашето тело е рефлексија на она што ќе излезе од него. Поради ова тие многу често консумирале зеленчук, зачини и јајца од желки. Тие верувале дека јајцата ќе им овозможат долг и здрав живот како оној кој го имаат желките.rn

    4. Џи Хонг

    rn(4)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mkrnrnДодека пишувал книги за бесмртноста, Џи Хонг направил и лек од мозок од магаре, кој верувал дека може да го продолжи човечкиот живот до 500 години. Тој исто така сметал дека правилната комбинација од вежби со дишење, физички вежби, исхрана, секс и лекови може секому да му ја овозможи бесмртноста.rn

    5. Роџер Бејкон

    rnRoger Bacon conducts experimentrnrnРоџер живеел во 13-тиот век и сметал дека пијалак направен од вино, корали, злато, круши и коска од елен може да го задржи младешкиот сјај кај луѓето.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Што се случува со вашето тело кога ќе наполните 30?

    Што се случува со вашето тело кога ќе наполните 30?

    Годините се само број и никој не треба да дозволува годината во која се родени да ги дефинира како личност. Сепак, како што старееме нашето тело се менува – тоа е нешто што едноставно се случува. Еве неколку промени кои се случуваат во телото кога ќе стигнеме до 30…rnrn(1)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-kje-napolnite-30-kafepauza.mkrn

    Забавен метаболизам

    rnДали некогаш сте се запрашале зошто како тинејџер сте можеле да изедете три порции тестенини и да не се здебелите? Одговорот е затоа што вашиот метаболизам се забавува за околу 2% со секоја измината деценија од вашиот живот. Бидејќи вашето тело произведува сè помалку од хормонот за растење, кога ќе наполните 30 вашите мускули се намалуваат и здебелувањето е многу полесно.rnrn(2)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-kje-napolnite-30-kafepauza.mkrnrnЗдебелувањето во 30-тите години исто така е предизвикано и од работното место кое бара многу седење. На овој начин се намалува бројот на согорените калории, а бројот на согорени калории секоја деценија се намалува за околу 150.rnrnДруги животни фактори кои предизвикуваат стрес, можат да бидат причина за ослободување на хормони кои го зголемуваат складирањето на мастите.rn

    Намалено либидо кај мажите, а зголемено кај жените

    rn(3)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-kje-napolnite-30-kafepauza.mkrnrnТриесеттите години може да доведат до намалување на нагонот за секс кај мажите поради пониското ниво на тестостерон. Ова повеќе зависи од нивото на стрес отколку од стареењето. Либидото на мажите се намалува за околу 1% секоја година. Од друга страна, нагонот за секс се зголемува кај жените. Според едно истражување, жените помеѓу 27 и 45 имаат многу поголемо либидо за разлика од девојките во 20-тите.rn

    Намалување на плодноста

    rnПлодноста кај жените почнува да се намалува околу 30-тата година. Истото се случува и кај мажите, подвижноста на сперматозоидите се намалува, па на двојките им станува потешко да зачнат.rn

    Не е сè толку лошо, всушност можно е да сте посреќни!

    rn(4)shto-se-sluchuva-so-vasheto-telo-koga-kje-napolnite-30-kafepauza.mkrnrnОколу 30-тата година карактерот на луѓето е целосно изграден и тие се чувствуваат поудобно во својата кожа. Мозокот сè уште е во развој во текот на 20-тите, па поради ова луѓето се многу посреќни откако ќе наполнат 30.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашите 30-ти ќе бидат одлични!