КАФЕ ПАУЗА

Tag: стареење

  • Доказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајка

    Доказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајка

    Стареењето е природен животен процес низ кој поминува секое живо суштество. За некои луѓе тоа претставува доказ дека успеале максимално да ја искористат младоста, додека за други претставува нешто што би сакале да го спречат по секоја цена. Тимот на популарниот медиум „Daily Mail“ тврди дека кога станува збор за стареењето на жените, за ќерките, многу е веројатно дека кога ќе остарат тие ќе изгледаат како нивните мајки. За да ги докаже своите тврдења, тимот дигитално ги споил лицата на 5 парови мајки и ќерки, а резултатите биле многу интересни. Во продолжение погледнете ги овие фотографии кои докажуваат дека сите ќерки се всушност нивните мајки кога тие биле млади.rn

    1. Сара (62) и нејзината ќерка Клеми (30)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    2. Џоси (48) и нејзината ќерка Џоди (24)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    3. Ронда (45) и нејзината ќерка Дарси (15)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    4. Франсес (83) и нејзината ќерка Тинека (57)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаrn

    5. Естер (73) и нејзината ќерка Венди (43)

    rnДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајкаДоказ дека секоја жена постепено ќе се претвори во нејзината мајка

  • Исклучителниот синдром „Бенџамин Батон“ кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро

    Исклучителниот синдром „Бенџамин Батон“ кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро

    Брат и сестра во Индија страдаат од ретка состојба која прави да изгледаат како да се многу постари одошто навистина се. Исто како ликот на Бред Пит во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“. Кешав Кумар, кој има 18 месеци и неговата сестра, Анџали Кумари, која има 7 години, се едни од ретките со збрчкана кожа, болка во зглобовите и отекување на лицето.rnrn(1) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnОвие брат и сестра секојдневно се малтретирани од нивните соученици и луѓето зјапаат во нив додека се движат по улиците. Токму затоа, како и сите други деца со вакви видови проблеми во изгледот, тие сонуваат да се „нормални“. Но, за оваа болест нема лек. Малата Анџали вели:rn

    „Знам дека сум различна од другите деца на моја возраст. Имам различно лице, различно тело, сè ми е различно. Моето лице е отечено додека останатиот дел од светот изгледа нормално. Луѓето секогаш зјапаат во мене и ми префрлаат лоши коментари.rnrnДецата во училиште ме нарекуваат баба, стара жена, мајмун или хануман (Хинди лорд на мајмуните) и тоа многу ме нервира. Сакам да бидам третирана како нормално дете и да бидам прифатена каква што сум.rnrnБи сакала да изгледа убаво како мојата сестра. Моите родители се надеваат дека еден ден ќе бидам во ред, но ме растажува што моето семејство страда и чувствува срам поради мене. Мојата единствена желба е да се најде лек. Сакам да живеам долг живот без болка.“

    rn(2) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро (3) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро(5) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnЛуѓето во нивната заедница ги нарекуваат „стари“ и тоа им го крши срцето. Тие се обиделе да побараат помош од локалните доктори, но никој од нив не можел да им помогне. Токму затоа и сакаат да побараат помош надвор од нивната земја. Но, како почнало сè ова?rnrnОткако Ринки ја родила својата прва ќерка, Шилпи, таа брзо добила и втора ќерка, Анџали, која на само 6-месечна возраст завршила во болница со пневмонија. Како и секое друго дете, брзо оздравела, но потоа како целата влажност во нејзиното тело да се исушила и нејзината кожа ја изгубила својата еластичност. Тие ја одвеле повторно на доктор, но таму им кажале дека не постои лек за неа и дека нејзиниот живот е во рацете на виша сила. Од тој момент, малата Анџали почнала многу брзо да старее.rnrn(6) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrn5 години подоцна, Шатруган и Ринки решиле да имаат уште едно дете и така Кешав бил роден, но брзо забележале дека и тој страда од истата состојба како и неговата сестра. Тие не го одвеле на доктор бидејќи веќе знаеле за што станува збор. Со оглед на тоа што се сиромашно семејство, не можат да си дозволат многу посети на доктори. Нивната постара сестра, Шилпи, која сега има 11 години, е многу заштитнички настроена кон нив и вели дека мрази кога другите ги напаѓаат. Таа објаснува:rn

    „Јас сум многу вознемирена и не постои нешто што би можела да кажам. Што би им кажала на овие злобни деца? Засекогаш ќе бидам тука за моите брат и сестра, но им го посакувам најдоброто образование за да не мора да зависат од никого кога ќе пораснат. Ќе ги научам да бидат силни!“

    rn(10) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnАнџали веќе ги доживува истите проблеми кои најчесто ги чувствуваат пензионерите. Нејзините зглобови ја болат, има потешкотии со дишењето, кожата ѝ се насобира и видот ѝ е слаб. Со оглед на тоа што има и намален имунитет, таа лесно се разболува. Овие деца имаат многу слична состојба како онаа која имавме можност да ја видиме во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, каде што ликот на Бред Пит е роден како стар човек и старее во обратна насока, станувајќи помлад со текот на времето. И покрај тоа што Анџали оди на училиште и е многу свесна за нејзината необична состојба, Кешав е премногу млад за да забележи. Нејзината мајка, Ринки, вели:rn

    „Постојано ѝ ги масирам нозете на Анџали, бидејќи постојано е во болка. Ми се крши срцето кога си ги гледам децата на овој начин. Анџали цело време прашува дали ќе биде како нејзината сестра. Таа е многу свесна за нејзиниот изглед и тоа силно ѝ влијае.“

    rn(8) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро (9) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnНивните родители трошат повеќе од 500 рупи месечно за хомеопатски третмани за нивните деца, но изгледа тие немаат голем ефект. Ова се единствените третмани кои можат да си ги дозволат, па затоа се надеваат и дека со тек на време ќе имаат успех. Нивниот татко, Шатруган, вели:rn

    „Се надевам дека некој ќе ни даде одговор. Се чувствувам беспомошно. Се чувствувам многу тажно кога не знам што да направам за да им помогнам на моите деца. Ги гледам како стареат побрзо од мене и не постои ништо што можам да направам. Ми се крши срцето. Се молам за чудо.“

    rn(7) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постароrnrnД-р Каилаш Прасат, специјалист за деца, објаснува дека нивната состојба многу наликува на генетска болест и дека најверојатно станува збор за прогерија. Другата можност е кутис лакса. Компликациите кај двете се горе долу слични. Станува збор за екстремно ретко нарушување.rnrn(11) Исклучителниот синдром Бенџамин Батон кој ги прави малите деца да изгледаат многу постаро

  • Избришете ги сите знаци на стареење со помош на белка од јајце и стапчиња за уши

    Избришете ги сите знаци на стареење со помош на белка од јајце и стапчиња за уши

    Стареењето носи многу промени во нашиот изглед. Со годините, лицето почнува да добива бори, бидејќи кожата ја губи својата еластичност, како и цврстината и затоа почнува да се опушта. Неминовно, првите знаци на стареење се појавуваат во пределот околу очите. Тоа се случува бидејќи мускулите и ткивата околу очите слабеат со текот на времето како резултат на намаленото производство на колаген.rnrnИзбришете ги сите знаци на стареење со помош на белка од јајце и стапчиња за ушиrnrnСе случува сите мускули и ткива околу очите да ослабат со текот на времето, бидејќи колагенот значително опаѓа со текот на годините. Исто така, мастите и течностите се насобираат под очите, правејќи ја оваа област многу чувствителна. Како резултат, околу очите настануваат отечени и темни кругови поради кои изгледате постари одошто навистина сте.rnrnНо, постојат и други причини кои можат да влијаат на вашиот изглед. На пример, луѓето кои поминуваат низ хормонални промени често се ненаспани и под стрес. Од друга страна пак, животните навики, како алкохолот и пушењето исто така можат да доведат до предвремено стареење. Да не ја заборавиме и генетиката, која има важна улога.rnrnПоради уморниот изглед, жените често се обидуваат со шминка да го подобрат својот изглед. Но, за среќа постои еден сосема едноставен домашен рецепт кој може ефикасно да го спречи овој естетски проблем, без притоа да фрлате илјадници денари на различни продукти за убавина. Потребни ви се само 1 белка од јајце и стапче за уши.rnrnПрвото нешто кое треба да го направите е темелно да ја исчистите вашата кожа од шминката. Потоа земете го јајцето и одвојте ја белката. Потопете го стапчето во неа, затворете ги очите и нежно поминете ги капаците со него. Држете ги очите затворени сè додека белката не се исуши целосно. Можете да користите и вентилатор или фен за да го забрзате процесот.rnrnРезултатите ќе ве остават без зборови.

  • Истражувањата покажаа: Ова е најдобриот комплимент кој може да ѝ го упатите на жена

    Истражувањата покажаа: Ова е најдобриот комплимент кој може да ѝ го упатите на жена

    Тешко дека нема да бидете поласкани кога некој ќе ви каже дека одлично ви стојат новите фармерки, фустан или штикли. Плус, кој не сака да слушне убав збор за себеси? Но, во морето од комплименти, жените сепак преферираат еден комплимент пред сите останати.rnrn0-istrazhuvanja-pokazhaa-ova-e-najdobriot-kompliment-koj-mozhe-da-i-go-upatite-na-zhena-kafepauza.mkrnrnЕдно британско истражување покажа дека дури 60% од испитаните жени сакале да чујат дека изгледаат младо и тој е комплиментот кој најмногу ќе им се допадне и ќе им влее најголема самодоверба. Студијата исто така покажа дека 41% од испитаниците навистина сакат да бидат млади, додека 62% од нив активно работат на забавување на процесот на стареење, користејќи разни природни и козметички препарати.rnrnИсто така, се докажало дека жените со 39,5 години чувствуваат најголем стрес поради стареењето, затоа што се грозат од 40-тиот роденден. Наспроти тоа, најголема самодоверба со својот изглед имаат жените кои наполниле 55 години.

  • 5 добри страни на стареењето

    5 добри страни на стареењето

    Веројатно многумина кога ќе наполнат 50 години веќе се чувствуваат како да стапнале со едната нога во гроб, но не е баш така. Напротив, постојат неколку корисни страни на стареењето.rnrn5-dobri-strani-na-stareenjeto-kafepauza.mkrn

    1. Помалку мигрени

    rnОние кои страдаат од мигрени знаат дека не постои ништо полошо од болката и мачнините кои поради нив често ги чувствуваат. Но, добра вест е што мигрените постануваат поблаги со годините.rnrnШведските научници откриле дека скоро 1/3 од луѓето кои пателе од мигрена, во својата 55-та година веќе немале такви проблеми. Дури 80% од луѓето со мигрена, имаат ублажување на симптомите во староста со двојно намалување на времетраењето на нападите.rn

    2. Помала потрошувачка на шампон

    rnИако би можеле да се пошегуваме дека е логично помалку коса да бара и помалку шампон, всушност овде се работи за нешто друго. Имено, со стареењето се стеснуваат жлездите поради кои косата ни се масти. Накратко, тоа значи поретко миење на косата.rnrnАко мислите дека тоа истовремено значи и дека скалпот набрзо ќе ви стане пресув, имаме една препорака за вас – само ставете некое етерично масло и проблемот е решен. Многу подобро од пречестото миење на косата со шампон.rn

    3. Помалку настинки

    rnМожеби на прв поглед не ви делува логично дека со стареењето се станува поотпорен на настинки, но статистиките покажуваат дека луѓето по 60-тата најмалку подлегнуваат на таков вид болести. Возрасните лица настинуваат 2-4 пати годишно за разлика од децата кои ги фаќа настинка 6-8 пати во годината.rnrnОбјаснувањето е многу едноставно – колку сме постари, толку повеќе вируси имаме прележано, па затоа и сме имуни на нив.rn

    4. Појаки заби

    rnОна што ќе го зачувате од вашите заби до педесеттите веројатно ќе ви остане во добра состојба и понатаму. По вашиот 50-ти роденден, забните нерви стануваат поотпорни на кариес и други проблеми. Секако, и понатаму мора да се грижите за забите, но поретко ќе имате проблеми со нив.rn

    5. Животно задоволство

    rnСтресот на секојдневието е огромен проблем, но анкетите велат дека 85-годишните старци се чувствуваат посреќни одошто кога имале 18 години. Животното незадоволство опаѓа после 50-тата.rnrnПа ете, не чекаат низа добри нешта кога ќе остареме.

  • 7 инспиративни пораки кои ќе ве натераат да почнете да се грижите за своето здравје

    7 инспиративни пораки кои ќе ве натераат да почнете да се грижите за своето здравје

    Сите ние ги мразиме денешните клишеа кои се вртат за женското и машкото тело. Мора да сме слаби, мора да сме витки, мора ова да јадеме, мора тоа да вежбаме… Навистина, убавината не е во физичкиот изглед. Но тргајќи ги настрана сите тие правила кои ни ги наметнува искомплексираното општество во кое живееме, факт е дека грижата за сопственото тело е неопходна. Телото е нашиот храм. Грижејќи се да биде здраво и силно, ние се грижиме за себе, за нашето добро, си овозможуваме подолг и посреќен живот.rnrnИ ако диетата е нешто што не секој може да го издржи, за физичките вежби не постои изговор. Замислете какво е чувството да имате тело кое е во одлична форма? Убаво, нели? А сега помислете колку тоа ќе ви ја подигне самодовербата и ќе направи да се чувствувате убаво. Ќе се чувствувате самоуверени и сигурни во себе, ќе се чувствувате здрави и силни, подготвени за нови предизвици. А сè што некогаш ви е потребно е само малку инспирација…rnrn(1)-7-inspirativni-poraki-koi-kje-ve-nateraat-da-pochnete-da-se-grizhite-za-svoeto-zdravje-kafepauza.mkrn

    „Бидете упорни и секоја цел кон поздраво утре ќе ви стане автоматска и несвесна навика.“

    rn

    „Дали знаете дека два од најзначајните знаци на здраво стареење се силината на стисокот на раката и способноста да станете од земја без да ги употребите рацете? Затоа ве молам, спуштете ги настрана бебешките тегови и започнете посериозно да ги предизвикувате своите мускули.“

    rn

    „Мојот број 1 совет за намалување на стресот е всушност да конзумирате што помалку информации. Не ви се потребни повеќе информации, потребни ви се вистинските информации.“

    rn

    „За да живеете долг и здрав живот:rn

      rn011

    • Најдете нешто што го сакате и целете кон тоа.
    • rn011

    • Јадете повеќе зелени работи и помалку шеќер.
    • rn011

    • Движете се повеќе, спијте повеќе, дишете повеќе.“
    • rn

    rn

    rn(2)-7-inspirativni-poraki-koi-kje-ve-nateraat-da-pochnete-da-se-grizhite-za-svoeto-zdravje-kafepauza.mkrn

    „Ако немате ништо убаво да си кажете себеси, тогаш воопшто не зборувајте ништо. Цврсто верувам дека негативното зборување за самите себе предизвикува побрзо стареење.“

    rn

    „Две навики на кои мора веднаш да им ставите крај: пушењето и пиењето. Тие се двете најштетни активности за вашето здравје. И двете ја зголемуваат штетата од слободните радикали во вашето тело која директно го забрзува процесот на стареење. Пушењето треба да биде забрането, нема никакви искупувачки квалитети. А ако мора да пиете, ве молам придржувајте се до мерката: не повеќе од 3 пијачки неделно. Верувајте ми, вашиот мозок и вашиот црн дроб ќе ви бидат благодарни.“

    rn

    „Како да си го вратите назад вашиот талисман? Видете, ние луѓето сме организми кои постојано одат кон некоја цел. Кога ќе си поставите моќна цел, па дури и мала, вашиот мозок ќе стане опседнат, туркајќи ве кон постигнување на таа цел. Денес, напишете една цел на хартија. Наведете датум и ставете ја некаде каде ќе можете да ја видите во секое време. Вашите зборови ќе ви служат како полнач и потсетник дека работите кон остварување на инспиративна крајна цел.“

  • 5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

    5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

    Не се само несреќните моменти, лошите периоди и погрешните избори оние кои го загорчуваат нашиот живот и прават да се чувствуваме неуспешно, изгубено, уморно и депресивно. Понекогаш тоа се добрите, одлични, фантастични работи за кои имаме погрешни претстави и кои не се во склад со нашата природа и со она што нè исполнува и инспирира. Па затоа се случува да имаме добра работа, стабилна врска, богат општествен живот, пријатели кои нè подржуваат и грижливо семејство, а секое утро да се будиме нерасположени и исцрпени, прашувајќи се што воопшто ни фали, кога веќе имаме сè?rnrn1-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Редоследот на животните успеси

    rnСе знае како треба да живееме. Најпрво школувањето, потоа работата, па брак, деца. Некаде по пат низ школувањето и работата, треба да стекнеме љубовно искуство, но не преголемо, да го пронајдеме човекот на својот живот и да се омажиме. Потоа, логично доаѓаат деца, а животот ни тече како брз јапонски воз. Да, во ова резиме, клучниот збор е „застрашувачко“. Треба да играме на сигурно, бидејќи тоа е мудро и обезбедува добивка, иако таа добивка изнесува само 10%. Но, тоа е подобро отколку да сме вложиле 100% и на крајот да сме изгубиле сè. Подобро за кого?rnrnЗа нашите родители кои се грижат за нас. И за нашиот страв од животот. Но, ако сме неоткриени авантуристи, чија таканаречената сигурност нè заробува, спречува и нè убива, тогаш како некој мал и сигурен процент на среќа, задоволство, напредок, љубов, хармонија… да го сметаме за свој успех?rn

    2. Партнерство

    rnСекој треба да има некого, бидејќи не сакаме да бидеме сами, без љубов. Но, можеби ние сакаме да бидеме сами. И тоа воопшто не значи дека ќе живееме без љубов. Можеби не сакаме конвенционалност на врската и бракот, а можеби не сакаме некој покрај нас само за да не бидеме сами, туку сакаме љубов, страст, посветеност, сродна душа, раст и развој, вистинско партнерство, кое ретко го гледаме околу себе меѓу паровите кои ги познаваме. И не прифаќаме ништо помалку од тоа. Бидејќи сакаме партнерски однос ист како односот кој го имаме самите со себе.rn

    3. Стареење

    rnСовремениот стил на живот не допушта стареење. Границите на младоста се поместија дури до педесеттите. Жените кои треба да бидат баби стануваат млади мајки. Одлично. Делува како стилот на живот да е порелаксиран и како староста да не е повеќе толку застрашувачка. Меѓутоа, тоа сè е императив на младоста. Должен си да бидеш млад и да се противиш на сите начини. А стареењето се случува непрекинато и без можност за запирање. Можете ли во некој момент да сфатите дека тоа е најдобриот аранжман за животот? Можеби ќе сфатите, кога доволно ќе се оддалечите од младоста и кога ќе помислите дека сте застанале, на пример во триесеттите, и ќе се смрзнете од таа мисла. Стареењето е дар!rnrn2-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    4. Работата

    rnАко имаме работа која ни обезбедува егзистенција, треба да бидеме задоволни. Времињата се несигурни, толку многу луѓе ги немаат основните средства и услови за живот. Но, ако ја мразиме својата работа, иако ни овозможува да патуваме – со сопствен автомобил, ако сакаме, или уште подобро со авион, материјалната сатисфакција нема да биде доволна за да бидеме задоволни. Сите ние имаме своја цена, а кога плаќаме со нервите и здравјето, тоа е најголемата цена. Мора да пронајдеме нешто за да работиме и нешто што сакаме – поради рамнотежа, па макар и бесплатно.rn

    5. Толеранција

    rnСе случува да ги измешаме поимите толеранција и трпение. Толеранцијата е одлична работа, ако не го загрозува нашиот интегритет и здравје. Но, некои работи не треба да ги толерираме и треба да научиме како да го правиме тоа. Некои прекини се поздрави и почесни од многу толеранции.

  • Кога пластичната операција ќе тргне наопаку…

    Кога пластичната операција ќе тргне наопаку…

    Природната убавина е секогаш најдобрата опција. Но славните личности не мислат така. За многу од нив, стареењето и брчките не се дел од изборот, па се одлучуваат на пластични операции кои, за жал, не секогаш се покажуваат како успешни. Во продолжение може да ги погледнете 15-те најнеуспешни пластични операции кои ги направиле познатите.rnrnДоли Партонrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 стилови на коса поради кои изгледате постаро

    3 стилови на коса поради кои изгледате постаро

    Можеби имате секакви креми и серуми против стареење, но вашата коса може да биде причина за лажните години. Факт е дека секоја жена како што повеќе старее сака да си ги скрие годините. Затоа откријте кои фризури ви додаваат неколку години плус и пробајте ги нивните помладешки верзии.rnrn0-3-stilovi-na-kosa-poradi-koi-izgledate-postaro-kafepauza.mkrn

    1. Прав боб или виткан боб

    rnДефинитивно виткан, а еве и зошто. Кога стареете ги губите цртите на вашето лице. Затоа не сакате да имате остри линии и рабови во пределот на лицето. Левата фризура е целосно права и без шишки заради што се огрубува ликот, додека десната има странични шишки кои го омекнуваат изгледот и локни кои го прават лицето да изгледа пополно и посвежо.rnrn

    Целосно прав боб (лошо) и виткан боб (добро)
    rn

    2. Волумен во горниот или во долниот дел

    rnОчи со подочници и свисната кожа се најочигледните знаци на стареењето, а волуменот на косата во долниот дел прави целиот ваш лик да изгледа како свиснат. Другата фризура има мали бранови во долниот дел, додека целиот волумен е фокусиран во горниот предел, па изгледа многу полесно. Волуменот е распореден, но има малку повеќе во пределот на темето така што вниманието е насочено во горниот дел од главата, а лицето изгледа помладешко и поздраво.rnrn

    Волумен во долниот дел (лошо) и волумен во горниот дел (добро)
    rn

    3. Целосно права или природни кадрици

    rnВреме е пеглата за коса да се одмори. Правата коса го „отежнува“ изгледот и ја истакнува секоја линија на лицето, особено ако косата е многу долга. Суптилните кадрици создаваат поголемо движење, ведрина и живост на вашиот изглед. Но, ако веќе мора да биде права, тогаш барем обидете се со пократка должина, некаде до рамениците.rnrn

    Права (лошо) и благи кадрици (добро)

  • Како се менува вагината во текот на годините?

    Како се менува вагината во текот на годините?

    Матката се шири до големина на голема лубеница во текот на бременоста, но потоа се враќа во првобитната состојба за период од 6 недели после породувањето. За жал, тоа не е случај со останатите делови од телото. Како старееме, лицето добива брчки, вратот се опушта, градите се спуштаат, а косата белее. Затоа не треба да се чудите и за промените кои се случуваат со вашата вагина. Еве како годините влијаат на неа.rnrnNaked woman holding red rose front of her naked bodyrn

    На 20 години – Сè таму се смалува

    rnКога ќе заврши пубертетот, органите се веќе пораснати до соодветната големина. Ова се однесува на сè друго освен на срамните усни. Тие во овој период почнуваат да се намалуваат. Немојте да се изненадите ако забележите дека надворешните срамни усни ви изгледаат потенки. Тоа е сосема нормално. Поткожното масно ткиво со годините се смалува, па затоа промената во изгледот е сосема нормален резултат од тој процес.rn

    На 30 години – Се појавуваат темни сенки

    rnХормоналните промени кои настануваат во текот на бременоста или само со годините, можат да доведат до потемнување на внатрешните усни. Затоа не треба да се грижите ако забележите дека вашите усни поминуваат низ 50 нијанси на кафено-сиво.rn

    Големото растегнување

    rnСледниот голем чекор во животот на секоја жена (и нејзината вагина) е бременоста. За самата вагина многу е важен чинот на породување. Матката се шири до големина на голема лубеница, па потоа се враќа во првобитната состојба за период од 6 недели после породувањето. Ова е голема промена и често остава последици на вагината. Сепак, со тек на време и со добри вежби, сè се враќа на свое место.rn

    На 40 години – Циклусот се скратува

    rnИако бројот на јајце клетките се намалува, менструацијата сè уште доаѓа, само што со текот на времето станува сè пократка додека во еден момент сосема не престане. Ова е период кога организмот природно се подготвува за менопаузата.rn

    Сè се опушта

    rnВашите репродуктивни органи на своето место ги држат многу тетиви и мускули. Со годините, а посебно со вишок килограми, стареење или интензивно вежбање, овие мускули попуштаат. Затоа во овој период можете да почувствувате чувство на тежина таму долу, како и неконтролирано мокрење. Решението е – Кегелови вежби.rn

    Сè станува сè посиво таму долу

    rnНамаленото ниво на естроген влијае на базно-киселата рамнотежа во вагината, што може да доведе до разни воспаленија. Како резултат на тоа, доаѓа до чувство на сувост. Убавата вест е дека редовниот секс ја спречува оваа појава.