КАФЕ ПАУЗА

Tag: стареење

  • Дерматолозите открија: Режим на исхрана што го забавува стареењето

    Дерматолозите открија: Режим на исхрана што го забавува стареењето

    Доколку сакате вашата кожа да изгледа поубаво и поздраво, тогаш започнете со диетата кој ја осмислил Николас Периконе, дерматолог при Универзитетот во Мичиген. Овој начин на исхрана ги намалува оштетените површински слоеви на кожата кои се создаваат поради делување на слободните радикали.rnrn1-dermatolozite-otkrija-ova-meni-na-ishrana-go-zabavuva-stareenjeto-www.kafepauza.mk_rnrnОва мени не е првенствено насочено кон губење голем број килограми, но затоа е добро за јакнење на имунитетот, како и за забавување на процесот на стареење на кожата. Периконевиот начин на исхрана подразбира вклучување храна што е богата со антиоксиданси, протеини и есенцијални масла. Би требало да јадете житарки од цело зрно, овес, мешунки, како и голема количина овошје и зеленчук. Се предлага да се консумира авокадо, бобинки, диња, пиперка, како и што повеќе зелен зеленчук, како на пример, марула, спанаќ, аспарагус, брокула и грашок. Од протеини треба да се консумира јајца, пилешко и мисиркино месо без кожичка.rnrn2-dermatolozite-otkrija-ova-meni-na-ishrana-go-zabavuva-stareenjeto-www.kafepauza.mk_rnrnКако добар антиоксиданс се препорачува лососот, меѓутоа доколку вашиот буџет е ограничен, добра замена се и другите видови риба што се богати со омега-3 киселини. Млекото би требало да го избегнувате, а од млечните производи можете да јадете сирење и јогурт со ниски количини на масти. Билното масло заменете го со маслиново, и избегнувајте го внесувањето на заситени масти. Немојте да консумирате леб, алкохол, компир, ориз, како и секаков вид брза храна, бидејќи тие лошо влијаат на кожата, како и на тежината. За вашата кожа да биде здрава и сјајна во текот на денот би требало да испиете осум до десет чаши вода. Дозволено е и една шолја зелен или црн чај. Исфрлете ги од исхраната и газираните сокови, како и слатките, бидејќи содржат голем број адитиви и јаглехидрати.rnrn3-dermatolozite-otkrija-ova-meni-na-ishrana-go-zabavuva-stareenjeto-www.kafepauza.mk_rn

    Пример за мени:

    rnПојадок: Чаша вода, омлет од две јајца, 125 грама варен овес, 75 грама бобинки или 3 парчиња диња.rnrnРучек: 150 грама риба подготвена на скара, 200 грама марула прелиена со маслиново масло, едно парче диња, чаша вода.rnrnУжина: Јаболко или круша, 180 милилитри јогурт, 50 грама семки од тиква, чаша вода.rnrnВечера: 150 грама риба подготвена на скара или 150 грама мисиркино месо, 200 грама марула, 125 грама зелен зеленчук приготвен на пареа (брокула, аспарагус, спанаќ), едно парче диња, чаша вода.

  • Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?

    Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?

    Во средината на вашите 20-ти година од животот почнувате да забележувате одредени промени на телото. Не можете веќе толку добро да го издржите темпото на вечерни излегувања и пиење алкохол, не можете да седите до затворање на кафулињата или дискотеките, стомачето кое ви се појавило не се намалува со едноставна диета, туку веќе ви е потребно напорно вежбање. Но, не грижете се, тоа е сосема нормален процес и дел од животот на секој човек. Стареењето полека го зафаќа вашето тело, а тоа го забележувате преку некои знаци како што е мала брчка на челото, неколку седи влакна, испакната вена на ногата или долг мамурен ден по ноќта мината со пријателите. Иако на почетокот ќе ви биде малку тешко да го прифатите тоа, со текот на времето ќе се соочите со овој природен процес.rnrn(1) Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?rnrnНо, мажите и жените не стареат на ист начин. На пример, кожата кај мажите потешко подлегнува на притисокот на годините бидејќи е подебела, додека пак жените имаат поздраво срце. Мажите кога ќе наполнат 22 или 23 години, кај нив мускулната маса почнува да се намалува за 2 до 5 проценти на секои десет години. Плодноста кај жените се намалува по нивната 30-та година. Во просек, една жена во 30-тите години, месечно има само 15 до 20 проценти можност да забремени. Кај мажите кои наполниле 30 години им се намалува можноста на телото да презема кислородот од крвта, се зголемува холестеролот, се покачува крвниот притисок, а на ѕидовите од нивните крвни садови почнуваат да се создаваат масни наслаги.rnrnЖените на почетокот од своите 40-ти години, стареењето најмногу ќе го забележат на своето лице кое почнува да ја губи еластичноста, кожата изгледа нерамно, носот се спушта надолу, а усните губат од својот волумен. Исто така, жените, вообичаено околу 50-тата година влегуваат во менопауза. Овој процес, трае околу 12 месеци или повеќе, во зависност од индивидуата, и го претставува крајот на плодноста. Повеќето мажи во истиот период почнуваат сами од себе да губат тежина, а тоа значи кај нив се намалува и мускулната маса.rnrn(3) Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?rnrnСекако има и некои неверојатни сличности. По 60-тата година и двата пола забележуваат значителна загуба на видот, поради што мора да користат очни помагала. Исто така, мажите почнуваат да губат голем дел од својата коса, а тоа не е редок случај и кај жените. Но, дали сте знаеле дека, спротивно на популарното мислење, и мажите имаат свои биолошки час и тој почнува да отчукува по 40-тата година од животот? rnrnПо четвртата деценија, спермата значително губи од својот квалитет, а бројот на сперматозоиди се намалува, што секако влијае врз плодноста, а поголеми се шансите децата да имаат одредени психолошки проблеми. Но, и кај мажите и кај жените се појавува голем наплив на креативност по нивната 60-та година. Иако, ние луѓето не можеме да го сопреме процесот на стареење, сепак со некои одлуки во нашиот живот, можеме стареењето да го забавиме и да го направиме поквалитетно. Начинот на којшто живееме во текот на 20-тите и 30-тите години, во голема мера влијае на тоа какво здравје ќе имаме во позрелиот период.rnrn(2) Кои се разликите и сличностите во стареењето кај мажите и жените?rnrnНо, сепак треба да бидеме благодарни што нашиот животен век, денес, во просек е околу 79 години. Не заборавајте дека луѓето пред 19-тиот век живееле до 30 години. Денес, ние имаме речиси 80 години можност да патуваме, да се заљубуваме, да гледаме како растат нашите деца и нашите внуци, да си избереме ново хоби, целосно да го смениме животот и да правиме едноставно сè што сакаме. Затоа изберете здрав живот, здрава храна, прошетки, дружења и едноставно уживајте во вашите години, затоа што тие се само ваши! Погледнете го видеото и дознајте некои факти за стареењето на мажите и жените, кои можеби не сте ги знаеле до сега.rnrn

  • Колку години би имале денес принцезите од Дизни и како би изгледале?

    Колку години би имале денес принцезите од Дизни и како би изгледале?

    Младиот бразилски артист по име Исак Ареас одлучил во неговиот најнов уметнички проект да ни покаже колку години би имале и како би изгледале принцезите од Дизни денес, доколку природно би старееле од денот кога нивните анимирани филмови биле премиерно прикажани.rnrn

    Колку години би имале денес принцезите од Дизни и како би изгледале?
    Снежана – 1937 (14 години) и 2016 (93 години)
    rnrnТој вели дека целта му била да им покаже на жените дека, иако стареат тие сепак можат да бидат принцези и однатре и однадвор. Во продолжение погледнете како принцезите се менувале низ годините.rnrn
    Пепелашка – 1950 (19 години) и 2016 (85 години)
    Пепелашка – 1950 (19 години) и 2016 (85 години)
    rnrn

  • Славни личности кои изгледа како да не стареат

    Славни личности кои изгледа како да не стареат

    Не знаеме дали станува збор за добри гени, здрава исхрана или пак, нешто сосема трето, но овие славни ѕвезди изгледаат како да се заглавени во времето. Без разлика на годините, тие едноставно не стареат, туку изгледаат исто како и кога биле многу помлади. Според Крис Рок, парите се најдобриот лосион во светот, па можеби токму тоа е и тајната зад младоликоста на овие ѕвезди. Но, за жал, никогаш нема да дознаеме за сигурно. Погледнете за кои славни личности станува збор.rnrn

    Фарел (2004; 2016) – Како е можно неговите јаболкници сега да изгледаат подобро отколку пред 12 години?
    Фарел (2004; 2016) – Како е можно неговите јаболкници сега да изгледаат подобро отколку пред 12 години?
    rnrn

  • Лекции за убавината кои треба да ги научите пред да наполните 30 години

    Лекции за убавината кои треба да ги научите пред да наполните 30 години

    Триесеттите години во животот на секоја жена означуваат еден вид пресвртница за неа. Тогаш го достигнуваат највисокото ниво на самодоверба, посигурни се во себе и знаат што сакаат. Секако, одредени несигурности се сè уште присутни, а со лекциите кои денес ви ги претставуваме после триесеттата година ќе се чувствувате подобро од кога било претходно.rnrn1-lekcii-za-ubavina-koi-treba-da-gi-nauchite-pred-da-napolnete-trieset-godini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Негата на лицето вклучува повеќе одошто сте мислеле

    rnКога нанесувате крема за лице, не смеете да ги занемарите вратот и деколтето. Без адекватна нега, овие делови од телото може предвремено да покажат знаци на стареење – кожата на нив ќе стане опуштена и безживотна.rn

    2. Ова е најважен препарат за коса!

    rnИако честопати го занемарувате, спрејот за заштита на косата од топлина е исклучително важен за здравјето и изгледот на вашата кожа. Со оглед на тоа дека ефектот од неговото користење не го забележувате веднаш, сигурно сметате дека воопшто не е важен, но верувајте дека грешите.rn

    3. Сонот е клучен за убавина

    rnСекако, веќе на сите ви е познато дека не треба да одите на спиење со шминка на лицето, но ова подразбира и адекватна нега на лицето. Всушност, ноќната крема и кремата за подрачјето околу очите се задолжителни и без нив не би требало да одите на спиење.rnrn2-lekcii-za-ubavina-koi-treba-da-gi-nauchite-pred-da-napolnete-trieset-godini-www.kafepauza.mk_rn

    4. Веѓите се „рамка“ на вашето лице

    rnПотполнетите и нагласени веѓи не само што ќе го насочат вниманието кон вашите очи, туку и докажано прават да изгледате помладо. Користете молив за веѓи, гел, маскара или специјална сенка за веѓи и задолжително нагласете ги!rn

    5. Заштитата од сонцето е најдобар производ против стареење

    rnПоследиците и ефектите од сончевото зрачење на вашата кожа започнуваат да се манифестираат околу триесеттата година. Дамки, брчки и фини линии најпрво укажуваат на стареење на кожата, а нивната прерана појава можете да ја спречите со секојдневно користење препарати наменети за заштита од сонцето.rn

    6. Не паничете поради седите влакна

    rnВремето кога жените паничеа после појавувањето на првите седи влакна е далеку зад нас. Денес на располагање имаме голем број трајни и помалку трајни фарби за коса, кои совршено ги покриваат првите знаци на стареење на вашата коса.rn

    7. Слободно мешајте ги мејкап производите

    rnИако на пазарот ни се достапни многубројни производи за шминкање, можно е онаа една совршена нијанса, најдобра само за вас, едноставно да не постои. Сепак, ако помешате две пудри, најверојатно е дека ќе добиете задоволувачки резултат.rnrn3-lekcii-za-ubavina-koi-treba-da-gi-nauchite-pred-da-napolnete-trieset-godini-www.kafepauza.mk_rn

    8. Совладајте го нанесувањето на ајлајнерот

    rnЗа вас имаме еден трик кој е наменет за секого. Всушност, наместо повлекување на прецизни линии, веднаш над горната линија на трепките нацртајте точки кои потоа ќе ги поврзете и на тој начин ќе добиете совршена линија.rn

    9. Трик за одредување на патецот

    rnИсто како веѓите, и патецот може да има големо влијание на тоа како изгледате. За како да одредите каде треба да го позиционирате патецот, покријте ја едната половина на лицето со А4 лист и добро погледнете се во огледалото. Направете го тоа и со другата половина и потоа одлучете што најмногу би сакале да нагласите.rn

    10. Секој може да носи црвен кармин

    rnКако што ќе ви поминуваат годините, сè повеќе ќе увидувате дека црвениот кармин е задолжителен во секоја козметичка торба. Тој е најбрз начин да изгледате гламурозно во секоја прилика.rnrn4-lekcii-za-ubavina-koi-treba-da-gi-nauchite-pred-da-napolnete-trieset-godini-www.kafepauza.mk_

  • Најефикасен природен лек: Гоџи бобинки за еластична, здрава и младолика кожа

    Најефикасен природен лек: Гоџи бобинки за еластична, здрава и младолика кожа

    Познатата гоџи бобинка која потекнува од Азија содржи дел од најхранливите и најздравите состојки кои со години се користат за различни медицински цели. Светските здравствени експерти ја нарекуваат „суперхрана“, бидејќи содржи материи кои ретко кој друг производ ги содржи. Но, главната карактеристика на гоџи бобинките е начинот на кој тие влијаат против стареењето. Во продолжение прочитајте дел од причините зошто ова овошје е важно за одржување здрава и еластична кожа.rnrnНајефикасен природен лек: Гоџи бобинки за еластична и здрава кожаrnrn1. Минерали. Гоџи бобинките содржат 11 од сите 22 есенцијални природи минерали, вклучувајќи калциум, калиум, железо, цинк и селен. Иако секој од нив врши различни функции во кожата, сите тие помагаат во одбраната од штетните ефекти на слободните радикали, а многу од нив го поттикнуваат производството на колаген и еластин, овозможувајќи кожата да остане затегната и флексибилна. Освен тоа, повеќето од минералите кои ги содржат гоџи бобинките се од суштинско значење за способноста на кожата да се регенерира и исцели.rnrn2. Аминокиселини. Тие се, во својата суштина, пептиди кои помагаат во пополнувањето на ситните брчки, помагаат кожата да биде мазна и нежна и го изедначуваат тенот и бојата. Освен тоа, тие помагаат и во хидратацијата на кожата и не предизвикуваат иритации.rnrn3. Витамин Ц. Гоџи бобинките содржат високо ниво на витамин Ц кој, помеѓу другото, е познат и по тоа што го подобрува производството на колаген, го забрзува зараснувањето на раните и ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од делувањето на токсините. Витаминот Ц помага и во избелувањето на старечките пеги и дамките настанати како последица од штетното делување на сонцето.rnrn4. Каротеноиди. Тоа се флавоноиди како што е бетакаротенот, зеоксантинот, лутеинот, ликопенот, критоксантинот и ксантофилот. Тие ја штитат кожата од штетните УВ зраци, а познати се и по тоа што помагаат таа да го одржи својот природен, здрав сјај.rnrn5. Полисахариди. Овие компоненти имаат антиоксидансни својства и помагаат кожата да ја задржи и зголеми хидратацијата. Познати се и под називот „состојки за регенерација на кожата“, помагаат во намалувањето на воспаленијата и ја штитат еластичноста на кожата.rnrnНајефикасен природен лек: Гоџи бобинки за еластична и здрава кожаrnrnКога сите наведени својства ќе се спојат, се добива еден силен состав кој делува на повеќе различни нивоа против стареењето. Повеќето синтетички и хемиски состојки помагаат најчесто само кај една работа, максимум две. Од друга страна, гоџи бобинките се природни и даваат неколку корисни ефекти одеднаш, а со оглед на тоа што се наоѓаат во својот природен облик, имаат тенденција подобро и поефикасно да реагираат со кожата, давајќи побрзи и потрајни резултати. Гоџи бобинките можете да ги пронајдете во повеќето продавници за здрава храна или да нарачате органска козметичка крема направена од ова овошје. Во двата случаи ќе бидете повеќе од задоволни од резултатите.

  • Трикoви и совети за убавина: Забавете го стареењето на кожата

    Трикoви и совети за убавина: Забавете го стареењето на кожата

    Процесот на стареење е неизбежен и независно дали станува збор за оние личности кои сакаат да ги сокријат годините или оние кои сакаат да ја сопрат појавата на првите брчки, секој се обидува да води правилна нега и грижа за кожата и да го забави предвременото стареење и брчкање. Но, дали тоа навистина е возможно? Советите и триковите за нега и убавина на кожата можат да ѝ послужат на секоја жена, млада или стара, па во продолжение прочитајте неколку од нив и направете ѝ услуга на својата кожа и својот организам, воопшто.rnrnТрикoви и совети за убавина: Забавете го стареењето на кожатаrnrnНа сите ни е добро познат фактот дека кожата старее. Таа е сепак најголемиот орган во телото кој човекот го поседува. Но, честопати се случува да обрнеме повеќе внимание на внатрешните органи, отколку на тоа што е видливо. Не е тешко да се обидете да направите нешто за себе, посебно кога влегувате во доцните 20-ти и се соочувате со секакви телесни промени како работниот стрес или бременоста или, пак, во доцните 40-ти кога се соочувате со првите симптоми и знаци на менопаузата.rnrnПознатите дерматолози од Лос Анџелес, кои соработуваат со многу познати личности од забавната индустрија, имаат неколку практични совети за негување на кожата и одржување на нејзината еластичност. Тие предложуваат да одвоиме неколку минути за себе, секое утро и да се грижиме за кожата. Стареењето е неминовен процес, но дерматолозите велат дека ако секојдневно си повторуваме во себе дека старееме тогаш тоа и ќе го добиеме. Во тој контекст, следете ги нивните едноставни чекори за да го забавите стареењето на кожата.rnrnТрикoви и совети за убавина: Забавете го стареењето на кожатаrnrn1. Секогаш чистете ја кожата наутро. Таа се чисти преку порите и преку ден собира многу нечистотии кои потоа ги исфрла надвор. Вака се исфрлаат дури и неколку токсини и тоа најчесто се случува додека спиеме. Затоа, утринското чистење на кожата е задолжително. Притоа, користете производи кои не ја сушат ниту пак ја иритираат кожата.rnrn2. Обидете се наутро најчесто да користите креми со СПФ фактор, независно дали се работи за лесна или тешка формула. УВ зраците ја уништуваат нашата кожа, без оглед на тоа дали е лето или зима. Секогаш нанесувајте заштитен фактор пред да започнете да се шминкате. Шминката не е заштита.rnrn3. Кога го чистите лицето, следете го овој редослед: Лосион за чистење, серум, крема со заштитен фактор, хидратантна крема. Доколку имате мрсна кожа и сте склони на акни, тогаш избегнувајте производи со дополнително масло.rnrnТрикoви и совети за убавина: Забавете го стареењето на кожатаrnrn4. Хидратантните креми се најважни за кожата, без оглед на тоа дали таа е мрсна или сува. Користете ги оние креми кои имаат поголем процент вода во себе, бидејќи тие се исклучиво наменети за хидратацијата на кожата.rnrn5. Секогаш бришете ја шминката пред спиење. Марамчињата за вадење шминка се вашиот најдобар пријател. Најголемата грешка е да спиете со шминка. Неа ја носиме преку целиот ден и собираме најразлични бактерии и нечистотии, па затоа не е препорачливо да спиеме нашминкани.rnrn6. Користете кокосово масло. Природното кокосово масло не содржи токсини и кожата многу брзо го впива. Наменето е за нејзина хидратација и хранење и успешно ја запира појавата на брчките. Доколку имате депигментација на кожата, тогаш користете соодветни, препишани креми.rnrnТрикoви и совети за убавина: Забавете го стареењето на кожатаrnrn7. Започнете да практикувате креми против стареење на кожата. По 25-тата година од животот, колагенот, кој е задолжен за одржувањето на младоста на кожата, исчезнува од организмот. Единствениот начин да се надомести неговото отсуство е со помош на кремите против стареење на кожата. Но, овие производи треба да се користат умерено. Нивната претерана употреба нема да ја подмлади кожата. Тие помагаат во забавувањето на стареењето, но не и во спречувањето. Тоа е сепак невозможно.rnrn8. Внимавајте на исхраната. Неопходно е во својата исхрана да вклучите различни витамини и минерали. Здравата исхрана не е ниту диета, ниту мит. Правилното и умереното консумирање на прехранбените производи и пиењето многу вода се неопходни за доброто здравје на кожата. Доколку не пиете доволно вода, тогаш колагенот кој го нанесуваме на лицето преку кремите нема за што да се врзе и да стапи во хемиска реакција.rnrn9. Обидете се да се ослободите од стресот. Сѐ се случува со причина. Ова е можеби лесно да се каже, но тешко да се примени. Обидете се да се ослободите од сите непотребни грижи и нервози, и не само што ќе ѝ помогнете на вашата кожа, туку и значително ќе ја подобрите својата општа здравствена состојба.

  • Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

    Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

    Секоја недела излегува некоја нова студија која ги реафирмира придобивките на физичката активност за работата и функционалноста на мозокот. Но колку да звучи повторливо, сепак експертите се согласуваат дека ако постои барем една дневна навика или животен избор кој ќе ви помогне да го одржите мозокот и телото здрави во текот на вашиот животен век, тогаш физичката активност е одговорот кој го барате.rnrnКој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?rnrnВо истражувањето „Физичката активност во слободното време се поврзува со когнитивниот пад: Студијата на Северен Менхетен“, спроведено изминатава недела од страна на тимот истражувачи од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Мајами и објавено во дневникот „Неврологија“ се објаснува дека луѓето кои не правеле ниту лесни вежби, како што старееле искусувале пад на мозочната активност еднаков на 10 години во споредба со оние кои практикувале умерена физичка активност.rn

    „Бројот на луѓето над 65 години се зголемува, што значи дека ќе се зголемат и проблемите со мислењето и меморијата во јавното здравје. Нашата студија покажува дека редовното вежбање може да биде многу корисно, посебно за постарите луѓе, во подолгото задржување на когнитивните способности“, вели Клинтон Б. Врајт, доктор и магистер при Универзитетот во Мајами.

    rnБидејќи се смета дека физичката активност за време на слободното време има неврозаштитни придобивки врз деменцијата, со ова истражување, спроведено врз 876 луѓе, се докажало дека вежбањето е многу корисно против падот на функцијата на когнитивните активности на мозокот. 90% од испитаниците рекле дека прават никаква или лесна физичка активност како бавното пешачење или јога, а 10% рекле дека прават умерена до висока физичка активност како трчање, велосипедизам, аеробик. На сите им биле дадени вежби за меморија и размислување и им било направено магнетна резонанса на главата. Пет години подоцна, им биле дадени истите тестови.rnrnСо анализирањето на податоците, истражувачите откриле дека оние кои покажале ниска физичка активност имале поголем пад на мозочната функционалност во текот на тие 5 години, во споредба со оние кои практикувале умерена или висока физичка активност. Според резултатите од тестовите, истражувачите заклучиле дека разликата била еднаква на 10 години стареење.rn

    „Физичката активност е атрактивна опција да се намали товарот од мозочна нефункционалност во јавниот здравствен систем бидејќи е евтина и нема никакво влијание врз дејството на различните лекови“, заклучува д-р Врајт.

  • Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа

    Не е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоа

    Многу жени веруваат дека првите знаци на стареење се појавуваат на лицето и вратот, па токму затоа и обрнуваат посебно внимание на овие делови од телото со цел да ја спречат појавата на брчките. Но, научно е докажано дека ниту лицето, ниту пак вратот стареат најбрзо. Епа тогаш на што треба да обрнете најголемо внимание? Според научниците – на градите.rnrnНе е ниту лицето, ниту вратот: Еве кој дел од телото најбрзо старее и како да го спречите тоаrnrnИстражувањето кое било објавено во списанието „Genome Biology“ ни покажува дека најчувствителното и најтенкото ткиво на градите е најподложно за појава на првите знаци на стареење. Градите се секојдневно изложени на бројни фактори кои можат да го поттикнат стареењето и да предизвикаат тие да виснат. Пред сè, големите промени во нивната големина по слабеењето или дебелеењето, како и бременоста, можат да предизвикаат растегнување на кожата и ткивата кои ја смалуваат нивната еластичност. Секојдневната нега на кожата на градите со хидратантна крема, исто како што го негувате и лицето, може да ви помогне многу при забавувањето на овој процес.rnrnДругиот голем непријател на кожата на градите е сонцето, кое значително го забрзува стареењето и исто така предизвикува кожата да изгуби еластичност. Кога носите деколте, особено во летните денови, не заборавајте да нанесете заштитен фактор со цел да ја заштитите вашата кожа. Дури и да е облачно, практикувајте да нанесувате заштита бидејќи штетните сончеви зраци успеваат да најдат начин да се пробијат.rnrnСо неколку зборови, вашата дневна рутина за нега на кожата не ја ограничувајте само на лицето и вратот, туку проширете ја и на градите и деколтето со цел да ја забавите првата појава на знаците за стареење.

  • 10 лекции за убав живот од француските жени

    10 лекции за убав живот од француските жени

    Франција е земја во која скоро секоја жена во нејзините 50-ти години изгледа убаво и елегантно. Овие жени со леснотија носат здолништа над колена, не обрнувајќи внимание на нивната возраст и едноставно изгледаат и што е уште поважно, се чувствуваат одлично, дури и ако нивната појава, според конвенционалните стандарди, е далеку од тоа како изгледале некогаш. Тие не се плашат од стареење и се чувствуваат комотно со своите брчки.rnrn10 лекции за убав живот од француските жениrnrnВи презентираме 10 лекции од книгата на Ребека Плантие – „Лекции од Франција: Храна, Фитнес, Семејство“. Дефинитивно има за што да размислите.rn

    1. Активниот животен стил значи да останете активни и откако ќе остарите

    rnАктивноста и во поодминати години од животот е интегрален дел од француската култура и практично Французите не се откажуваат од ништо без разлика на возраста. Тие пешачат, искачуваат планини, веслаат кајак, играат тенис, трчаат, скијаат. Тоа не се должи на посветеност кон спортот, туку затоа што тоа е едноставно нивниот животен стил. Дури и кога одат на одмор, Французите преферираат места каде што ќе може да имаат „активен одмор“, а не само да лежат на сонцето. rn

    2. Смислата за хумор е моќен антиоксиданс

    rnПознатиот француски сарказам им помага на француските дами да не прават драма од својата возраст и стареењето. Ниту еден друг јазик нема толку шеги и досетки дека „животот почнува во 40-тите“ и дека вториот бран на животни страсти доаѓа дури на 50 години.rn

    3. Добрата храна е религија

    rnСите знаат дека Французите се опседнати со храна, но поентата е дека тие преферираат да јадат во мали количини, и тоа само убава и исклучителна храна. Француските жени воопшто не сакаат големи и обилни оброци. Како што стареат, кога тоа го дозволуваат финансиските можности, се зголемува опсесијата на француските дами за добрата исхрана, па тие често јадат во ресторани и уживаат во малите порции, виното и доброто друштво повеќе од кога било претходно. Сето ова помага да ја задржат добрата форма и ретко постои голема разлика споредено со тежината која ја имале во своите 20-ти и 40-ти години.rn

    4. Француските жени како што стареат си дозволуваат повеќе

    rnКако што минуваат годините, нивните деца растат и бараат помалку внимание, па француските жени се чувствуваат слободни да си обрнат повеќе време себеси. Тие трошат повеќе пари за свои задоволства, одат на патувања без своите семејства и си купуваат поскапа облека. Француската жена на 40 години нема да чувствува каење ако купи нови чевли, наместо Xbox за нејзиниот син. Уште повеќе, таа ќе мисли дека тоа било правилна одлука. Ако сакаш Xbox, работи. Вообичаено, француските баби не ги чуваат своите внуци и повеќе никој не гледа на бабите како на бесплатни беби-ситерки.rn

    5. Како што стареат, Французинките купуваат помалку облека, но она што го купуваат е поскапо

    rnИ поквалитетно. Дури и жените со просечни примања купуваат скапи и удобни нешта: кашмир, свила, добри чевли и барем една поскапа чанта. Сите овие нешта имаат огромна улога во нивниот елегантен стил.rnrn10 лекции за убав живот од француските жениrn

    6. Нивниот социјален живот станува поактивен и поинтересен

    rnЗа разлика од жените во другите земји кои често преферираат да останат дома пред телевизорот, француските дами, а посебно тие во големите градови, почнуваат да водат поактивен живот отколку во нивната младост. Децата растат и повеќе не им е потребно постојано внимание, а семејниот живот им е стабилен и удобен… Па време е за забава, кафиња, кино, театар. Активниот социјален живот има и одредени побарувања, како добра фризура и импресивен стил, добро одржани дланки, убава облека и секако високи штикли.rn

    7. Стареењето не е болест и нема потреба да се лекува

    rnФранцуските жени се чувствуваат удобно со своите години и брчките кои ги носат. Очигледните пластични корекции на лицето предизвикуваат потсмев наместо восхит. За разлика од другите жени кои сѐ уште се опседнати со идејата да изгледаат млади и на 80 години, француските дами веруваат дека отсуството на брчки на одредена возраст е знак за душевни проблеми, а секако тоа не е причина за восхит.rn

    8. Може да носите што сакате без разлика на возраста

    rnФранцуските жени се чувствуваат комотно во здолништа над колена и тесни хеланки без разлика на тоа што се во 50-тите години од својот живот. Во Франција никогаш не сте престари за да правите нешто, пример мајка и ќерка можат да носат иста облека. Јасно е дека со годините се менуваат вкусот и финансиските можности и постарите жени често преферираат поскапа и покласична облека. И покрај тоа, во друга земја нема да најдете повеќе жени на возраст од 40 до 60 години кои носат фустани и тесни фармерки.rn

    9. Нема старосна граница за сексуалниот живот

    rnНапротив, ако живеете во Франција знаете дека вашата втора младост започнува после 40-тата година. Веќе сте направиле нешто во животот, сте научиле многу лекции и време е да уживате во одличните физички карактеристики, заедно со стекнатото животно искуство. Ова истовремено е добро и лошо. Добро е затоа што позитивно влијае на женското чувство за себеси, а лошо е затоа што може да биде причина за многу разводи.rn

    10. Можете да си дозволите сѐ, но во умерени количини

    rnОва вклучува вино, оброци во текот на ноќта, па дури и цигари. Нема никаква штета од една цигара дневно, после појадокот. Французинките веруваат дека задоволството од кафе и цигара е подобро од стресното, присилено откажување од цигарите.