КАФЕ ПАУЗА

Tag: стареење

  • Нова студија покажува дека луѓето што страдаат од акни стареат побавно

    Нова студија покажува дека луѓето што страдаат од акни стареат побавно

    Постојат многу работи што можат да ви го расипат расположението во текот на денот, а откривањето нови акни на вашиот нос е можеби најлошото изненадување што постои. Особено кога треба да излезете со личноста што ви се допаѓа или кога имате важен состанок на работа. Но, изгледа дека има една позитивна страна на ова, што без сомнение ќе ве насмее кога ќе ги забележите.rnrnrnrnИ покрај тоа што можеби се нервирате поради акните, добрата страна е што ова е најчесто знак дека на долг рок ќе изгледате помлади од вашите пријатели. Можеби и веќе сте чуле досега дека акните можат да ја заштитат вашата кожа од стареење, но целиот тој процес до скоро беше многу нејасен. Благодарение на научниците, денес го имаме одговорот. Изгледа дека тајната се крие во теломерите.rnrnЗамислете ги теломерите како пластичните врвови што се наоѓаат на врвот на врвките. Пластичните врвови ги штитат врвките од распаѓање, исто како што и теломерите ги штитат хромозомите од истото. Секој пат кога клетката се дели, теломерите стануваат пократки. И токму овој процес е поврзан со стареење и повисок ризик од смрт.rnrnИзгледа дека луѓето кои се склони на акни имаат подолги теломери во споредба со оние „среќниците“ со чиста кожа. И токму затоа нивните клетки се малку подобро заштитени од знаците на стареење како брчките или слабеењето на кожата.rnrnrnrnСтудијата била спроведена на 1.205 жени близнаци. Учесничките пријавиле дали некогаш страдале од акни и како успеале да се справат со овој проблем. Потоа истражувачите ја мереле должината на нивните теломери. Според резултатите, околу 1/4 од близначките имале проблеми со акни и токму тие имале значително подолги теломери од другите жени.rnrnИстражувачите предупредуваат дека се потребни повеќе студии со цел да се докаже поврзаноста помеѓу акните и побавното стареење. Но, според тоа што го знаеме досега, можеме конечно да престанеме да се нервираме кога ќе видиме нови акни на нашето лице!rnrnДали сте знаеле и дека мобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицето?

  • 11 знаци кои покажуваат дека стареете

    11 знаци кои покажуваат дека стареете

    Во одреден момент од животот сфаќаме дека луѓето со коишто сме пораснале веќе се во нивните 30-ти, 40-ти, па дури и 50-ти години. Па, сега имате други причини да бидете среќни и тажни. Доколку сè уште немате одлучено дали сте млади или стари, следниве 11 илустрации ќе ви помогнат да сфатите. Сепак, важно е да знаете дека секоја возраст си има свои предности, а сè што ви е потребно е добра смисла за хумор.rn

    1. Повеќе не ви се допаѓа модерната музика

    rn11 знаци кои покажуваат дека стареетеrn

    2. И старите филмови ви изгледаат подобро од новите

    rn11 знаци кои покажуваат дека стареетеrn

    3. Кога имате забава дома, вашите соседи не се ни свесни за тоа

    rn11 знаци кои покажуваат дека стареетеrn

    4. А сред забавата ви се преспива и сакате да си одите дома

    rn11 знаци кои покажуваат дека стареетеrn

    5. Вашата омилена музика е стара 20 години

    rn11 знаци кои покажуваат дека стареетеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 знаци дека кожата на вашето лице старее пребрзо

    5 знаци дека кожата на вашето лице старее пребрзо

    Не сите луѓе стареат со иста брзина. Некои за својата возраст изгледаат навистина младо, а некои пак делуваат многу постаро отколку што навистина се. Имено, дури 20 до 30% од промените на кожата се генетски, а останатите 70 до 80% се причинети од надворешни фактори како УВ зраците и загадениот воздух. Лошата исхрана исто така може да го забрза стареењето на кожата и да ја направи бледа и со брчки. Доколку забележите некој од следниве пет знаци, тоа значи дека вашата кожа старее пребрзо.rnrn5 знаци дека кожата на вашето лице старее пребрзоrn

    1. Пеги од сонце

    rnДоколку не се заштитувате од штетните УВ зраци, порано или подоцна ќе забележите кафеави дамки на вашата кожа. Нивното настанување е предизвикано и од хормонални фактори, како на пример бременост или земање контрацепциски таблети. Најдоброто средство против овие дамки е нивната превенција. Доколку веќе се појавиле, можат да ви помогнат некои серуми богати со витамин Ц.rn

    2. Екстремно сува кожа

    rnДодека во тинејџерските години обично се справуваме со премногу мрсната кожа, во староста настанува друг екстрем – претерано сува кожа. Сонцето, пушење и стресот можат да предизвикаат таканаречени дупки на горниот слој на кожата, а преку нив можат да влезат разни слободни радикали. Најдобро е да користите дневна крема што ќе ја навлажни вашата кожа и којашто содржи хијалуронска киселина или кокосово масло.rn

    3. Брчки

    rnТенките линии околу очите се исто така знак за прерано стареење на кожата. Со стареењето на кожата, околу очите почнуваат да се појавуваат бори. За мазна и нежна кожа се препорачуваат производи со пептид и матични клетки.rn

    4. Затегната кожа

    rnДали кожата ви е затегната после вашиот ритуал за нега? Можеби причината е што продуктите што ги користите се премногу агресивни, така што ги неутрализираат природните масти на кожата. Подобро е да користите благи гелови и лосиони кои после отстранување на шминката, на кожата ќе ѝ дадат доволно влага и ќе ја направат мека и еластична.rn

    5. Тенка кожа

    rnКожата може да стане навистина тенка, така што ќе ги забележите и вашите крвни садови. Причината е тоа што во староста се повлекува поткожното масно ткиво и се намалува лачењето на колаген и еластин. Недостатокот од влага и калциум, како и штетното влијание на УВ зраците можат да ја истенчат вашата кожа. Најдобро е да користите серуми со пептиди и средства за нега на кожата со пробиотици. Овие продукти ќе направат заштитен слој, така што кожата ќе може да се регенерира и да ја подобри својата состојба.rnrnПогледнете и кои се клучните фактори што го забрзуваат стареењето на кожата.

  • 10 промени на телото коишто ја издаваат вашата возраст

    10 промени на телото коишто ја издаваат вашата возраст

    Наводно, стравот од стареење е најчестата фобија што ја искусуваат луѓето. Проблемот е што телото постојано се менува и како резултат открива работи кои претходно биле скриени. Лекарите сметаат дека би било добро да знаете кои промени се нормални, а кои се лоши, и тоа е сосема доволно за да останете безбедни. Па, погледнете кои се промените кои настануваат во вашето тело со текот на годините.rn

    1. Забите стануваат помалку чувствителни

    rn10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возрастrnrnСо текот на времето забите стануваат помалку чувствителни на топла и студена храна. Иако ова звучи како добро нешто, во реалноста може да предизвика проблеми. Според Здружението на заболекари, нервите во забите можат да се намалат со текот на времето, па поради ова им се намалува чувствителноста. Кога ќе се случи ова, луѓето не ги чувствуваат симптомите на кариес и другите проблеми.rn

    2. Носот се зголемува

    rn10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возрастrnrnВо просек, човечкото тело престанува со растење на 18 години. Но некои делови од телото, како носот, продолжуваат да растат во текот на целиот живот. Ова се случува поради промените во меките ткива, мускулите и ‘рскавицата што го формираат носот. За разлика од коските, ‘рскавиците продолжуваат да растат. Овој процес забрзува на 50-годишна возраст и продолжува со истата брзина до 60-тата година. Покрај тоа, врвот на носот најчесто се спушта со текот на времето.rn

    3. Колковите се смалуваат

    rn10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возрастrnrnКако што стареете, губењето на течност во клетките предизвикува видливи промени на изгледот на вашето тело. Тенката половина и широките колкови кај жената се претвораат во широка половина и тесни колкови. Кај мажите, намалувањето на нивото на тестостерон има влијание на разнесувањето на масните наслаги и обемот на колковите, па и двете се зголемуваат со возраста.rn

    4. Трепките стануваат пократки

    rn10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возрастrnrnНеправилната грижа за очните капаци, проблемите со тироидната жлезда и алергиите се најчестите фактори кои влијаат на должината и густината на трепките. Ова е неизбежна промена кај стареењето. Според неколку истражувања, 44% од мажите и жените забележале дека нивните трепки станале пократки и потенки со текот на времето.rn

    5. Се зголемува либидото

    rn10 промени во телото коишто ја покажуваат вашата возрастrnrnКако што наближува менопаузата, хормоните стануваат сè понестабилни. Научниците тврдат дека ова е трик на природата што им ја зголемува можноста за бременост на жените – репродуктивната функција се намалува, но либидото се зголемува. Психолозите сметаат дека на 30 години, жените започнуваат период на сексуално ослободување бидејќи најчесто нивните животи се веќе балансирани – децата стануваат независни, а кариерите им се стабилни.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

    5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчките

    Пластична хирургија, ботокс и „инјекции за убавина“ – луѓето прават многу работи обидувајќи се да останат млади. Ако не сте подготвени за такви драстични мерки, постојат производи што навистина можат да ви помогнат да изгледате помладо. Пред да купите кој било од овие продукти, би требало да се консултирате со вашиот дерматолог. Покрај тоа, пред да ги употребувате, тестирајте ги на мал дел од вашата кожа.rn

    1. Ацетил

    rn5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчкитеrnrnАцетилот е пептид, па ја пенетрира кожата и стимулира одредени процеси во неа. Често го сметаат како конкуренција на ботоксот бидејќи има многу слични ефекти. Пептидот ги релаксира мускулите на лицето, но не ги блокира. Овој продукт не е токсичен и се отстранува од телото. Продуктите со високо количество пептид имаат многу брз ефект.rn

    2. Пептид отров на змија

    rn5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчкитеrnrnОвој пептид е наречен отров на змија бидејќи има сличен ефект. Исто како и отровот, ги релаксира мускулите, ги спречува грчевите и како резултат ги израмнува брчките. Постојат многу креми со ботокс ефект чија основа е овој пептид.rn

    3. Матриксил

    rn5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчкитеrnrnИ матриксилот е пептид. Ја стимулира кожата да се регенерира и самата да произведува колаген и хиалуронска киселина. Козметичките продукти со овој пептид се наменети за намалување на знаците на старост. Можете да го купите и посебно, и како состојка во разни серуми.rn

    4. Екстракт од полжав

    rn5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчкитеrnrnКозметичките продукти со екстракт од полжав имаат регенерирачки ефект, ја израмнуваат кожата, ја навлажнуваат и ги намалуваат акните. Овие продукти ги прекриваат брчките и ѝ помагаат на кожата да се лечи.rn

    5. Антиоксиданси

    rn5 продукти што ќе ви помогнат да се справите со брчкитеrnrnИ антиоксидансите го забавуваат процесот на стареење. Колку повеќе антиоксиданси има во продуктот, толку подобро, бидејќи едни со други си го зголемуваат ефектот. Некои од најефективните антиоксиданси се:rn

      rn 011

    • Витаминот Ц ја израмнува бојата на кожата, го спречува воспалението и го поттикнува производството на колаген.
    • rn 011

    • Екстрактот од семки од грозје е моќен антиоксиданс што помага во производството на колаген и еластин.
    • rn 011

    • Екстрактот од црн чај ги обновува оштетените клетки и го намалува воспалението.
    • rn 011

    • Цинкот го зголемува производството на колаген и се справува со стареењето на кожата.
    • rn 011

    • Витаминот Е ја стимулира регенерација и има ефект на подигнување. Исто така ја прави кожата малку посветла.
    • rn 011

    • Витаминот А го зголемува производството на колаген и се справува со брчките и стареењето на кожата
    • rn 011

    • Екстрактот од калинка го забавува стареењето.
    • rn

    rnПогледнете и како да ги отстраните брчките околу устата.

  • Двоен родов стандард: Зошто седата коса е секси на мажите, а ги остарува жените?

    Двоен родов стандард: Зошто седата коса е секси на мажите, а ги остарува жените?

    Се сеќавам дека бев во средно кога почнав да ја фарбам косата. Црна, црвена, руса, портокалова, шарена… Експериментирав зашто тоа го прават младите девојки. Сакаат да го менуваат изгледот во зависност од моменталните трендови и лично чувство. Во еден момент ми се смачи од обврската за редовно фарбање, мачното расчешлување и криењето на подраснатите корени помеѓу две „шлакања“. Престанав и се чувствував ослободено. Не знам со која боја на коса изгледав најдобро, ама знам со која најдобро се чувствувам – со мојата.rnrnСе радував неколку години на слободата, кога еден ден некој ми забележа долго бело влакно во косата. Без размислување побарав асистенција во скубењето. Арно ама, кога ќе се појави првото, брзо доаѓаат и другите. Скубни ваму, скубни таму, веќе станаа побројни и побрзи од мене. Толку беше од слободата. Стареам и набрзо ќе треба да преземам нешто околу ова – ми беше првата мисла. Но, поминаа година-две од првото бело влакно и еве уште не сум посегнала по фарбите за коса. Причината е едноставна – сакам да уживам во слободата колку што е можно подолго.rnrnДвоен родов стандард: Зошто седата коса е секси на мажите, а ги остарува жените?rnrnНо, кој вели дека седата коса воопшто мора да се фарба? Фризерите, пријателите, стандардите за убавина и одржување на младоста кои не сме сигурни од каде потекнуваат?rnrnИстражувањата покажуваат дека побелувањето на косата ги остарува жените двојно повеќе од мажите, поточно жена со значителен број бели влакна во косата ќе изгледа за 6 години постаро, додека маж со исто толку побелена коса ќе делува постар само за 3. Повеќето жени посегнуваат по фарбите за коса уште во првата година откако ќе забележат бели влакна, додека, статистички, само еден од тројца мажи ќе се загрижи за оваа промена. Нив пак, повеќе ги загрижува ќелавењето.rnrnПа, кој е крив за ваквите перцепции и на што се должат?rnrnНие жените сме под постојан притисок од козметичката индустрија дека треба да користиме многу производи за нега и убавина за да изгледаме привлечно. Тука спаѓаат и фарбите за коса кои многу често ги таргетираат токму жените со побелена коса. Кога нешто се презентира како прв и единствен чекор кон третирање на одредена појава, не е ни чудно што многу жени не размислуваат пред да ја донесат одлуката да почнат да ги маскираат првите знаци на стареењето. Но, стареењето е природен и неизбежен процес и од него не се поштедени ни мажите. Причината што тие понекогаш изгледаат подобро со сива или бела коса не е заради бојата на нивните влакна на главата, туку заради она што тие постанале во процесот на созревањето – посамоуверени, поискусни, помудри, со еден збор – мажи. Момчињата се згодни, но мажите се секси. Жените сакаат мажи. Дури 72% од жените во едно истражување признале дека ги сметаат мажите со побелена коса за секси. Ова упатува на тоа дека и самите жени се „виновни“ за ваквата перцепција. Тие често сакаат зрели, стабилни и достоинствени мажи кои истовремено можат да им обезбедат заштита и добар живот. Побелената коса е само една карактеристика која ги опишува ваквите мажи и не е нужно фактор за нивната сексапилност.rnrnЗа жал, културата нѐ учи дека мажите се посекси кога се постари, додека жените се најзгодни во врвот на нивната репродуктивна способност – во текот на дваесеттите. Кога станува збор за седата коса, општо прифатеното гледиште е дека колку таа е побела, толку мажот што ја носи е посекси. Кога жената ќе го дозволи природното побелување на косата, таа се смета за несредена, запуштена или „луда“. Во светот на бизнисот, мажите со седа коса се сметаат за впечатливи и моќни, а нивните колешки за стари и изморени.rnrnУште еден фактор со силно влијание врз перцепцијата за белите влакна е величањето на холивудските примери во медиумите. Но, тие луѓе се всушност исклучок, а не правило. Со години се коментира изгледот на Џорџ Клуни, кој „станува сѐ посекси како што старее“. Па, сега веќе многу славни личности со т.н. Клуни ефект се сметаат за „сребрени лисици“, додека жените се обидуваат да го возвратат ударот оставајќи ги своите бели влакна кога излегуваат на црвениот тепих.rnrnСе чини нефер што една природна појава која скоро истовремено ги стигнува и мажите и жените, на околу 33-34 години, создава толку различна родова перцепција. Зошто жената треба да се чувствува дека нема избор откако ќе ги забележи своите први бели влакна, а мажите се секси дури и кога шарениот дезен е застапен на нивното лице и гради? Зошто на мажите им е дозволено да стареат, но не и на жените?rnrnДури и птичјиот свет не е имун на оваа перцепција. Неодамна британските орнитолози откриле дека група птици белеат како што стареат и тоа ги возбудува нивните женски припаднички.rnrnНо, во човечкиот свет, жените имаат избор. Можат да се фарбаат или да ја остават својата седа коса да блеска со самоувереност. Можат да изберат да почекаат или да ги прикриваат белите влакна привремено, само за одредени прилики. Имаат право да прават со својата коса што сакаат и не му должат објаснување на никого кој мисли поинаку. Стареењето не е срамно за жените, а посакувано за мажите.rnrnЕдинствената вистина е дека убавината е субјективна и некои луѓе стареат и белеат подобро од други, без разлика на полот. Годините сите ќе нѐ стигнат, без разлика дали ќе го прифатиме стареењето или ќе се обидуваме да го прикриваме со скапи препарати, третмани и фарби за коса. Жените не треба да чувствуваат притисок дека треба да изгледаат како да имаат 25 на 40, а мажите можат да продолжат да белеат природно или да одлучат да се фарбаат. Како што жените имаат избор, имаат и мажите. Важно е да се трудиме да изгледаме добро и средено, а тоа не го одредува бојата на нашата коса. Тоа го одредуваат нашите перцепции.rn

    Пишува: Ирина Мицов

  • 9 искуства за кои никогаш не сте престари

    9 искуства за кои никогаш не сте престари

    Стареењето е неизбежен дел од животот што не можеме да го игнорираме. Но, годините никогаш не треба да ви го одредуваат животот или да ве ограничуваат. Најдобро е да верувате дека годините навистина се само број и секогаш да го негувате вашето внатрешно дете. За овие искуства никогаш не сте престари.rnrn9 искуства за кои никогаш не сте престариrnrn1. Учење нови вештини. Никогаш не сте престари за учење. Одржете го умот активен.rnrn2. Вежбање. Човечкото тело е создадено за живот во движење. Прилагодете ги вежбите на вашите години, кондиција и телесна форма.rnrn3. Слушање музика од разни периоди. Добрата музика е добра музика без разлика на кој жанр или век му припаѓа. Откривањето нови песни и изведувачи е одлично искуство за сите возрасти.rnrn4. Танцување. Кој вели дека подиумот не е за постари од 50 години? Немојте да бидете робови на предрасудите и опуштете се на подиумот за танцување.rnrn5. Страв. Стравот е примарна емоција и е природен одговор кога се наоѓаме во опасност или незгодна ситуација. Не слушајте ги другите. Никогаш не сте престари за да ви е страв од темница.rnrn6. Плачење во јавност. Кога ќе ве надвладеат емоциите, понекогаш мора да попуштите. Најдобриот начин да го направите тоа е да заплачете. Нема ништо срамно во тоа.rnrn7. Да не знаете што да направите. Стареењето не значи дека секогаш ќе ги имате сите одговори. Понекогаш нештата не излегуваат како што сте планирале и нормално е да немате план уште веднаш. Немојте да се грижите, кога-тогаш ќе го најдете решението.rnrn8. Вљубување. Без разлика колку пати сте се вљубиле досега, никогаш не е доцна повторно да го искусите тоа. Немојте да губите верба во љубовта.rnrn9. Следење на вашите соништа. Никогаш не е доцна да ги направите соништата реалност. Не се откажувајте од она што го сакате и дајте сè од себе да ги постигнете посакуваните цели без разлика на вашата возраст.rnrnЗнаете ли за што најмногу жалат луѓето на смртната постела?

  • Научниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?

    Научниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?

    Со годините кожата ја губи својата еластичност па може да се појават виснати образи и брада. Резултатот е непријатен бидејќи кожата ги открива сите години што сме ги преживеале. Но во реалноста нема потреба од пластични операции за да се ослободите од овој проблем. Овие методи ќе ви помогнат на природен начин да се ослободите од виснатата кожа на лицето.rn

    ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ ВИСНАТИ ОБРАЗИ?

    rn

    1. Постојано го користите телефонот

    rnНаучниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?rnrnАко често го користите смартфонот или таблетот, има голема шанса да страдате од „смартфон лице“. Претераната употреба на електронски направи ве тера да гледате во едно место долго време. Поради ова се појавуваат брчки и висната кожа.rn

    2. Целосно сте престанале со консумирање мрсна храна

    rnНаучниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?rnrnЛуѓето кои внимаваат на своето здравје избегнуваат мрсна храна, и тоа е одлично. Но, целосното отстранување на овие продукти може да има лошо влијание на кожата. Некои масни киселини како омега 3 и омега 6 ја одржуваат еластичноста на кожата и според некои истражувања, го намалуваат ризикот од рак.rn

    3. Хормонална нерамнотежа

    rnНаучниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?rnrnЕдна од главните причини за намалување на еластичноста на кожата е недостатокот од естроген. Овие женски хормони го стимулираат лачењето на еластин и колаген. Поради тоа жените со помалку естроген имаат висната кожа и брчки.rn

    4. Јадете премногу слатки

    rnНаучниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?rnrnПретераното консумирање шеќер исто така има влијание на еластичноста на кожата и може да го започне процесот на стареење многу порано. Според една популарна теорија, недигестираните молекули на шеќер можат да го спречат лачењето на еластин и колаген. Поради ова колку повеќе шеќер консумирате, толку постаро ви изгледа кожата.rn

    5. Поминувате многу време на сонце

    rnНаучниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?rnrnУлтравиолетовите зраци се штетни за кожата. Радијацијата навлегува во најдлабоките слоеви на кожата и буквално го уништува колагенот.rn

    6. Драстично слабеење

    rnНаучниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?rnrnДрастичното слабеење има негативен ефект на вашиот изглед. Можеби сте се ослободиле од мастите, но вишокот кожа останува. Поради ова ако сакате да ослабете, правете го тоа постепено.rn

    7. Можеби имате проблеми со забите

    rnНаучниците објаснуваат: Зошто кожата на лицето почнува да старее рано и како да го спречите тоа?rnrnПроблематичните умници или неправилното гризење можат да влијаат на мускулите на лицето. Напнатите мускули кои се појавуваат поради неправилната поставеност на забите можат да предизвикаат виснати образи.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Како би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?

    Како би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?

    Иако за сите нас годините минуваат навистина брзо, многу ретко гледаме како изгледа стареењето во цртаните или стриповите. Дали сте се запрашале што би се случило ако нашите омилени ликови и суперхерои остарат и се пензионираат како секој обичен смртник? Руската артистка Лесја Гусева ни помага да го замислиме ова сценарио. Таа направила серија илустрации наречена „Пензионери“ и ги прикажала ликовите од Дизни, Марвел и Диси како стари луѓе. Погледнете како изгледа тоа.rn

    1. Тор

    rnКако би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?rn

    2. Флеш

    rnКако би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?rn

    3. Супергрл и Вондер Вуман

    rnКако би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?rn

    4. Жена-мачка

    rnКако би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?rn

    5. Харли Квин

    rnКако би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?rn

    6. Џокер

    rnКако би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?rn

    7. Ариел

    rnКако би изгледале некои од најпознатите ликови од стриповите и анимираните филмови кога ќе остарат?rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

    6 знаци дека вашето тело старее пребрзо

    Научниците веруваат дека стареењето најмногу зависи од надворешните фактори, а не од генетиката. Само 20% од влијанието ѝ припаѓа на генетиката. Според едно неодамнешно истражување, некои луѓе стареат 3 пати побрзо, додека за други 1 биолошка година е еднаква на 16,5 календарски месеци. Биолошката возраст има големо влијание на изгледот, па поради ова некои луѓе со иста возраст изгледаат постаро или помладо. Погледнете кои се знаците што покажуваат дека вашето тело старее пребрзо.rn

    1. Екстремно сува кожа

    rn6 знаци дека вашето тело старее пребрзоrnrnЗнаците за стареење на кожата обично се појавуваат на 25 години, но некогаш и порано. Со текот на времето овие знаци стануваат поочигледни. Брзата промена на кожата во споредба со луѓе на иста возраст може да биде знак за прерано стареење. Ако вашата кожа постојано е сува, има дамки и брчки, проблемот најверојатно е поврзан со ендокриниот систем. Покрај хормоналните проблеми, состојбата на кожата е под влијание и од нездравите животни навики. Лоша исхрана, заборавање на заштита од сонце, стрес – сите овие фактори го забавуваат обновувањето на кожата.rnrnКако да го спречите: Хранете се здраво и внесувајте многу зеленчук и храна богата со незаситени масти како јаткасти плодови, зеленчуково масло и семки.rn

    2. Вдлабување на супериорниот сулкус

    rn6 знаци дека вашето тело старее пребрзоrnrnТенката кожа околу очните капаци е најподложна на штетните внатрешни и надворешни фактори како замор, недостаток од сон, стрес и УВ зраци. Поради ова, првите знаци на стареење се појавуваат во овој предел. Вдлабувањето може да направи да изгледате значително постари. Постојаното работење на мускулите околу очите води до намалување на еластичноста на кожата. Таа се опушта и се растега, а новите празни места се исполнуваат со сало. Овој проблем е неизбежен за постарите луѓе, но ако промените почнат да се појавуваат пред 40-тата година, може да укажува на проблем со внатрешните органи и забрзано стареење. Понекогаш луѓето имаат вдлабување во овој предел поради анатомијата на лицето и тоа нема никаква врска со стареењето.rnrnКако да го спречите: Спијте доволно, избегнувајте солена храна, пијте повеќе вода и секојдневно негувајте ја кожата околу очите.rn

    3. Проблеми со менструалниот циклус

    rn6 знаци дека вашето тело старее пребрзоrnrnНередовниот менструален циклус може да биде знак за рана менопауза. Нормална возраст за почеток на менопауза е од 46 до 57 години. Ако се случи пред да наполните 40 години, може да биде знак за прерано стареење на внатрешните органи. Симптомите на рана менопауза се треска, несоница, напади и постојано променување на расположението.rnrnКако да го спречите: Редовно посетувајте го вашиот гинеколог и третирајте ги воспаленијата на внатрешните органи. Земајте и доволно витамини. Често раната менопауза е поврзана со хируршки зафати на женските внатрешни органи. Ако забележите каков било симптом, најдобро е да се консултирате со лекар.rn

    4. Физичка слабост

    rn6 знаци дека вашето тело старее пребрзоrnrnАко качувањето скали, пешачењето или која друга секојдневна активност ви предизвикува тешкотии, причината е што не сте во форма и не вежбате редовно. Исто така тоа може да биде знак за разлика помеѓу вашата „официјална“ и биолошка возраст. По 40-тата година волуменот на мускулите почнува да се намалува. Ова се природни процеси кои можат да се забават со редовно вежбање, како и да се забрзаат со запоставување на физичката активност.rnrnКако да го спречите: Одберете активности кои ви се допаѓаат. Тоа може да биде јога, танцување, возење велосипед… Обидете се секој ден да бидете активни – наместо лифт користете скали, или пак одете пешки наместо со автобус.rn

    5. Забележливо опаѓање на косата

    rn6 знаци дека вашето тело старее пребрзоrnrnГубењето 50 до 125 влакна дневно се смета за нормално. Но ако забележувате сè повеќе и повеќе влакна на вашиот чешел, најдобро е да посетите лекар. Најчесто раното ќелавење е поврзано со хормонални проблеми. Со забрзаното стареење може да се забележи и губење на влакната на други делови од телото.rnrnКако да го спречите: Одберете ги правилните продукти за нега на коса, збогатете ја исхраната со омега 3 масни киселини и заштитете ја косата од сонце.rn

    6. Проблеми со спиењето

    rn6 знаци дека вашето тело старее пребрзоrnrnПроблемите со спиењето не се секогаш поврзани со стареењето, но се резултат на влијанието на фактори поврзани со стареењето. Луѓето постари од 60 години можат да искусат некои чести промени кога станува збор за циклусот на спиење. Може да им биде потешко да заспиваат и да се будат порано. Ова се случува поради покаченото ниво на кортизол кој предизвикува анксиозност во текот на спиењето.rnrnКако да го спречите: Јогата или пливањето можат да ви помогнат да се справите со стресот. Подобро е да читате книга пред спиење отколку да гледате телевизија или да седите со телефонот.rnrnПогледнете ги и овие едноставни начини со кои ќе го забавите стареењето.