КАФЕ ПАУЗА

Tag: созревање

  • 5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено

    5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено

    Сериите честопати се извор на инспирација, но и утеха што на сите понекогаш им е потребна во тешките и чудни периоди од животот. Ликовите со кои можете да се идентификувате и во кои можете да ги видите вашите сопствени пријатели, вашите проблеми и предизвиците со кои се соочувате во животот, секогаш се добар потсетник дека сè може да се реши. Ако ви треба некој што деновиве ќе ви каже дека сè ќе биде добро, со овие ликови можете да се смеете, да плачете и да се поврзете. Во нивните проблеми ќе ги пронајдете вашите, а нивните решенија и нивната снаодливост ќе ве охрабрат да направите промени во вашиот сопствен живот.rn

    „Утрото ќе промени сè“ („Jutro će promijeniti sve“)

    rnhttps://youtu.be/JDcjJAJanfwrnrnАко сакате да се потсетите на сопствените неуспеси, љубов, ситуации што ве болат и ситуации од кои сте научиле нешто, ова е вистинската серија за вас. Ако го сакате животот онаков каков што е навистина, со сите свои убавини и гадости, ова е серија за вас. Ако во моментот сте во период кога ви е тешко да ја препознаете личноста што ја гледате во огледало, оваа серија ќе ви каже дека животот понекогаш е страшно непредвидлив и тежок, но исто така ќе ви даде надеж за подобро утре бидејќи утрото навистина може да промени сè.rn

    „Широк град“ („Broad City“)

    rnhttps://youtu.be/iC_xGWSkRKcrnrnИлана и Аби се разликуваат од сите женски ликови што досега сте ги сретнале во сериите и во филмовите. Нивниот живот во Њујорк не е обоен со гламур, а нивните проблеми се необични и неверојатно смешни. Ова е малку поинаква серија за растењето, врските и пријателствата. Ако сакате да се смеете гласно и да го гледате светот од друга перспектива, оваа серија ќе ви го овозможи тоа.rn

    „Транспарентен“ („Transparent“)

    rnhttps://youtu.be/zeQ7WFpSmuUrnrn„Транспарентен“ е серија за растењето на цели семејства чии членови, иако се веќе возрасни, треба да започнат од нула. Причината за ова е признанието на таткото и главата на семејството за својата трансродовост. Откако Морт ќе стане Мури, целото семејство треба да се приспособи и да научи да живее со тоа.rn

    „Флибег“ („Fleabag“)

    rnhttps://youtu.be/FhZHv2id6SkrnrnНа моменти, оваа серија е многу болна за гледање. Нејзините херои се изгубени, несреќни и тажни. Главната хероина, Флибег, која се губи во времето и во просторот трагајќи по себе, ќе стане вашата најдобра пријателка. Целосно скршена, ги собира своите остатоци на погрешен начин. Се лекува со алкохол, со бесмислени врски што секогаш завршуваат трагично и со секс што никогаш не решава ништо. Нејзината приказна е многу тешка, а нејзините проблеми од минатото се огромни. Но, Флибег е дефинитивно лик со кој ќе можете да се поврзете. Иако се снимени само две сезони, вреди да се погледне оваа серија.rn

    „Ти си најлошото“ („You’re The Worst“)

    rnhttps://youtu.be/r63sh6IzgdwrnrnОваа серија ги прикажува љубовта и заедничкиот живот на две токсични, асоцијални личности кои одбиваат да се поврзат и кои имаат проблеми со себе и со своето ментално здравје. Серијата совршено ги покажува последиците што одредени психолошки проблеми ги имаат врз врската. Прифаќањето, растот, созревањето и борбата обоени со љубов и врвен хумор ќе ве импресионираат, а Гретчен и Џими ќе ви станат омилениот љубовен пар од малите екрани.rnrnПогледнете ги овие нови семејни филмови кои ќе можете да ги гледате оваа пролет.

  • Како се промени секој хороскопски знак од почетокот на 2020 година?

    Како се промени секој хороскопски знак од почетокот на 2020 година?

    Оваа година е многу непредвидлива, а новонастанатата ситуација нè натера сите да се промениме и да се навикнеме на новиот начин на живот. Во продолжение прочитајте како се промени секој хороскопски знак од почетокот на оваа година.rnrnКако се промени секој хороскопски знак од почетокот на 2020 година?rn

    Овен

    rnПовеќе ги цените семејството и пријателите. Вие се грижите за вашите најблиски повеќе од кога било досега.rn

    Бик

    rnСега сте посилни. Вие издржавте многу и научивте многу.rn

    Близнаци

    rnСега сте поопуштени. Сфативте дека не можете да контролирате сè и дека треба да им дозволите на работите сами да се одвиваат.rn

    Рак

    rnВие се обидувате да живеете во моментот. Ги цените добрите работи додека траат.rn

    Лав

    rnСега зборувате погласно за вашите чувства. Не сакате да жалите за зборовите што не сте им ги кажале на луѓето што ви значат.rn

    Девица

    rnСега критикувате помалку. Знаете дека сите минуваат низ тежок период и не сакате да ги отежнувате работите.rn

    Вага

    rnСега сте повеќе свесни за себе. Ги препознавате вашите недостатоци и активно работите на нив.rn

    Скорпија

    rnСега сте повеќе интроспективни. Размислувавте многу за вашиот живот и за тоа што ви е најважно.rn

    Стрелец

    rnСега сте подарежливи. Би им помогнале на сите на коишто им треба пријател.rn

    Јарец

    rnСега сте подружељубиви. Ви недостасуваат вашите пријатели и не можете да дочекате да ги видите повторно.rn

    Водолија

    rnСега сте посамоуверени. Научивте како да се сакате себеси и да не бидете несигурни во себе.rn

    Риби

    rnСега сте позрели. Можете да се грижите за себе и да преживеете самостојно.rnrnПрочитајте како се справува секој хороскопски знак кога нешто ќе тргне наопаку.

  • Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

    Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

    Досега веројатно сте забележале дека многу 10-годишни деца изгледаат како тинејџери, а таканаречените средовечни луѓе изгледаат толку младо, што е тешко да се поверува. Двата примера се предизвикани од едно нешто – забрзување. Па зошто толку многу деца созреваат рано и кои проблеми можат да произлезат од тоа?rn

    Што претставува „забрзувањето“?

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnЛево на фотографијата се наоѓа Мерлин Монро. Таа била висока 162 центиметри. До неа се наоѓа Џенифер Лоренс, чија висина е 170 центиметри.rn

      rn 011

    • Изминативе 150 години, човештвото драстично „порасна“. Просечната висина е 9,14 центиметри поголема од претходно. Денес сме речиси 1 глава повисоки од нашите предци кои живееле на крајот од 19-тиот век. Највисоките луѓе во светот се Холанѓаните, а просечниот Холанѓанец е висок 172.7 центиметри.
    • rn 011

    • Пубертетот започнува многу порано. Во 1860-тите, просечната девојка влегувала во пубертет на возраст од 16,5 години. Денес овој број е околу 10 години. Истото важи и за момчињата, иако обично тие се 1 година поназад од девојките.
    • rn 011

    • Крајот на телесниот развој настанува на 16 години кај девојките и на 18 години кај момците. Претходно било на 20 и 22 години.
    • rn

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnНа левата фотографија е Елена Кузмина, актерка од Советскиот сојуз, фотографирана на 40 години. Десно е Рашел Лефевр, модерна актерка од Канада на истата возраст.rnrnСтарееме значително подоцна од нашите предци. Ова може да биде поврзано со развојот на медицината и квалитетот на храната. Денес, според статистиката, старата личност има 65 години. Но бројките варираат според државата – во Јапонија за стари се сметаат луѓето над 76 години, а во Папуа Нова Гвинеја луѓето се стари на 45 и пол години.rnrnРепродуктивниот период станал подолг поради раниот пубертет. Просечната возраст на која жената влегува во менопауза е околу 50 години. Нема некои поголеми истражувања кои докажуваат дека менопаузата започнува подоцна. Но, некои научници сметаат дека се движиме натаму.rnrnСе менува и градбата на телото. Претходно, висината се зголемувала поради зголемување на долниот дел од телото. Денес се зголемува торзото. Карлицата на жените се смалува, а научниците веруваат дека ова е еволуционарна промена. Го олеснуваме породувањето со царски рез, па телото се адаптира.rn

    Технологијата можеби има влијание врз нашето тело

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnОваа фотографија е направена во 60-тите години од 20-тиот век.rnrnЕдно од најпопуларните верувања е дека забрзувањето е предизвикано од технолошкиот напредок на човештвото. Овде спаѓаат:rn

      rn 011

    • Зголемен број часови со дневна светлина поради електричната струја
    • rn 011

    • Зголемена температура во домовите поради затоплување
    • rn 011

    • Брз развој на медицината
    • rn

    rnСе верува дека сите овие фактори придонесуваат за помало трошење на телото. Па, телото може да ја троши енергијата на развој, наместо борејќи се со физички проблеми и агресивна околина. Се разбира, тешко е да го побиете ова, но не се само овие фактори кои предизвикуваат забрзување.rnrnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnПостои и една позагрижувачка научна теорија. Можеби забрзувањето е последица од влијанието на ендокрините нарушувачи (EDC). Кога овие хемикалии се во телото, тие функционираат како хормони. Синтетичките нарушувачи се наоѓаа во пластиката, продуктите за лична хигиена, па дури и во козметиката. Покрај тоа, се користат и како додатоци во некоја храна. Теоријата за забрзување нема никаков цврст доказ за ова во моментот.rn

    Влијание на храната

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnСпоред оваа теорија, причината за забрзувањето е целокупното подобрување на квалитетот на храната. Се верува дека најважните фактори се витамините Б6 и Б12 и фолната киселина.rnrnПроменети се и состојките на нашата храна. Според статистиката, денес консумираме многу храна.rn

      rn 011

    • Во 2014-та година, просечната личност консумирала 42,6 килограми месо годишно. Во средината на 20-тиот век, бројката била едвај 22 килограми.
    • rn 011

    • Во Советскиот Сојуз, просечната личност консумирала 36,7 килограми месо, а денес, личност од Русија консумира 72 килограми месо.
    • rn

    rnОва не значи дека треба да јадете месо за да бидете повисоки. Но, тешко е да ѝ се спротивставувате на статистиката – во месото има состојки потребни за здравиот развој на телото.rn

    Проблемите од забрзувањето

    rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnПроцесот на забрзување на модерната млада генерација е навистина двосмислен. Од една страна е навистина логичен кога ќе се земе превид еволуцијата. Но од друга страна, може да предизвика некои социјални проблеми.rnrnНа пример, 11-годишно девојче може да изгледа како возрасна жена, но нејзината емоционална интелигенција е на детско ниво. Ова предизвикува психолошки проблеми, но и проблеми со однесувањето – девојчето има сексуална желба, но не знае што да прави со неа.rnrnИсто така, младата генерација е многу незрела. Во минатото луѓето биле присилени да пораснат многу порано. Причината е едноставна – животот бил многу потежок, па луѓето порано и побрзо ги оформувале нивните карактери.rnrnОвде постои нерамнотежа – физички растеме брзо, но психолошки и емоционално остануваме деца уште многу долго. Неодамна научниците од Велика Британија откриле дека личноста би требало да се смета за возрасна на околу 30 години. Пред оваа возраст, сè уште траат важните физиолошки промени во мозокот, а тие ги одредуваат нашите психа и однесување.rnrnСите знаат дека постојат многу постари луѓе кои ги обвинуваат помладите дека пребрзо сакаат да започнат со нивните животи. Но постојат и оние кои сметаат дека ова е природно и дека не треба да ѝ пречиме на природата во работата. Кое е вашето мислење?

  • 8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

    8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност

    Ритуалите за созревање се изведуваат кога личноста која се смета за дете се трансформира во возрасна во очите на општеството. Обично ова се изведува со некаков тест или прослава, но сепак ритуалите се различни ширум светот. Чести се и модерните ритуали кои потекнуваат уште од многу одамна. Овие ритуали за премин во светот на возрасните биле особено присутни во древните култури, а во продолжение погледнете некои од најинтересните.rn

    1. Државјанин на Рим

    rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnДодека биле тинејџери, младите Римјани имале церемонии за созревање со кои официјално станувале жители на Рим. Возраста варирала и зависела од момчето и неговиот татко, како и од периодот во кој живееле. Најчесто ритуалот се изведувал на возраст помеѓу 14 и 17 години.rnrnЗа церемонијата, момчето го вадело ѓерданот познат како „bulla“, кој му бил даден кога се родило и му нудел заштита, и им го нудело на боговите. Исто така момчето престанувало да носи тога со пурпурна боја и почнувало да носи бела тога, како сите возрасни мажи. Потоа името на момчето било додадено на листата граѓани. Потоа момчето и неговите родители принесувале дарови во храм и на крај оделе дома на прослава. После сето ова, момчето поминувало една година со маж одбран од неговиот татко. Мажот го учел момчето како да успее во војската и како да ги изведува другите граѓански должности.rnrnДевојчињата немале церемонија со која се означувало нивното растење и нивното „полнолетство“ било обележувано со нивните венчавки. Ова можело да се случи и на 12-годишна возраст. Штом девојчето било венчано, тоа станувало возрасна личност.rn

    2. Спартански тренинг

    rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnКога Спартанците полнеле 7 години, тие биле одземани од нивните семејства и носени во агога, училиште за воен тренинг и многу интензивна програма. Тренингот бил физички и ментален, така што момчињата станувале силни и безмилосни воини. Овој период траел 13 години, а момчињата правеле разни тестови со коишто ја покажувале нивната сила. Последниот тест бил и најважниот ритуал и е познат како криптија. Овој тест траел цела година и момчињата морале да живеат сами во дивината, преживувајќи од земјата и убивајќи. На децата не им биле давани оружје или алатки и никој не смеел да ги види.rnrnДоколку детето го поминело тестот, тоа станувало војник. Исто така можело и да се венча. Ако тестот бил неуспешен, момчето не можело да се вклучи во војската и било присилено да работи како слуга.rn

    3. Грчка педерастија

    rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnПедерастијата започнала на Крит и се проширила низ Грција, подоцна станувајќи дел и од спартанската култура. Овој ритуал вклучувал возрасен маж кој го импресионирал момчето со дарови, сè додека тоа не го прифатело или одбиело.rnrnДоколку мажот бил прифатен, тој започнувал сексуална врска со момчето каде што мажот секогаш бил доминантен, а момчето потчинето. Во овој период мажот го учел момчето на важни нешта за животот и светот на возрасните. Овој маж бил учител, заштитник и модел за правилно однесување. Штом момчето се сметало за доволно зрело, врската завршувала. Потоа момчето можело и самото да започне врска во која ќе биде доминантно. Во модерното општество ова звучи како сексуална злоупотреба, но кај Грците тоа бил нормален дел од созревањето.rn

    4. Облекување кај племето Јукатек

    rn8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личностrnrnДецата од племето Јукатек не носеле облека сè додека не наполнеле 5 години. Во овој период момчињата носеле облека слична на нивните татковци, а девојчињата облекувале здолништа слични како оние на нивните мајки. Секое момче добивало бела лента која си ја врзувало во косата, а девојчињата добивале жица со црвени школки којашто ја носеле околу половината. Овие симболи на детството биле носени сè до ритуалната церемонија која означувала дека децата влегле во пубертет. Децата не смееле да стапуваат во брак сè додека не ја поминат церемонијата. Бидејќи родителите одредувале кога ќе се венчаат нивните деца, некои од нив ја поминувале церемонијата уште пред да стигнат до пубертет.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 15 знаци дека станувате посигурни во личноста којашто сте

    15 знаци дека станувате посигурни во личноста којашто сте

    Можеби долго време работите на себе, но понекогаш заборавате да се свртите назад за да видите колку далеку сте стигнале. Иако можеби имате уште долг пат пред вас, од голема важност е да станете сигурни во личноста којашто сте сега. Следниве знаци ќе ви помогнат да откриете дали сте стигнале дотаму.rnrn15 знаци дека станувате посигурни во личноста којашто стеrnrn1. Помалку се грижите за тоа како луѓето гледаат на вашите избори, верувања, идеи и искажување на мислите и чувствата. Зборувате кога има потреба, но истовремено знаете дека не мора да се расправате со луѓето кои не сакаат да ве слушаат со почит.rnrn2. Не се обидувате да ги покажете вашите достигнувања или постојано да покажувате колку сте добри. Но истовремено не го потценувате вашиот успех и не се потценувате себеси. Кога имате можност да зборувате за вашата работа, кажувате што сте направиле, како сте го направиле тоа, што сте научиле и што сакате да постигнете, без да се однесувате како да се подобри од другите.rnrn3. Не ги користите парите како мерило за успех. Наместо тоа, ги гледате како алатка со која можете да се подобрите или да се уништите. Вие ги користите парите за да се подобрите, а тоа значи трошење на работи кои го прават вашиот живот подобар и кои ви помагаат да ги постигнете целите.rnrn4. Знаете дека нема потреба да се правите интелектуалци или софистицирани повеќе отколку што сте, бидејќи знаете дека е арогантно да тврдите дека сакате работи што ги сакаат само интелигентните луѓе. Си дозволувате да уживате во она што ве интересира, без разлика каква репутација има.rnrn5. Знаете дека можете да уживате во животот и да се оддалечите од светот без да се чувствувате виновно за тоа. Не се казнувате кога одвојувате време за себе.rnrn6. Не избувнувате пред луѓе кои имаат различни погледи од вашите. Дури и кога сакате да промените нешто, јасно ви е дека нема сите да бидат на ваша страна, а вие не можете да направите ништо за тоа.rnrn7. Не се присилувате да бидете подобри или поправедни само за да покажете колку сте им помогнале на другите. Кога ќе донирате нешто или кога ќе помогнете некому, не се фалите на социјалните мрежи. Кога помагате го правите тоа од љубов, без разлика колку мало дело сте направиле. Не се чувствувате виновно ако давате помалку од некој друг.rnrn8. Се воздржувате од реакциите кога сте гневни. Не е лесно да ве провоцираат како порано, бидејќи знаете дека болката и страдањето се неизбежни и дека одвреме-навреме ќе има лоши моменти. Помоќни сте од вашите чувства и можете да ги контролирате вашите реакции.rnrn9. Знаете дека за да бидете силни не секогаш значи да изгледате така. Знаете дека ранливоста е знак на храброст и сила, бидејќи не ви е страв да покажете дека сепак сте човечко суштество и дека можете да страдате. Знаете дека сте силни бидејќи во минатото сте надминале проблеми за кои премногу сте се грижеле.rnrn10. Знаете да ги контролирате чувствата и да не делувате според нив, туку според вашата логика. Вашата силна интуиција ви помага да одредите која е правилна одлука, без разлика во каква ситуација сте. Свесни сте дека понекогаш чувствата можат да ве натераат да донесете избрзани одлуки, па го спречувате тоа. Знаете кои чувства се од помош, а кои можат да ви наштетат.rnrn11. Знаете дека вие сте оние коишто сте и мислењето и етикетите од другите не ве формираат како личност.rnrn12. Секогаш кога ќе изгубите пријател или врска, знаете дека загубата не влијае на вашата вредност. Разбирате дека тоа е природен дел од животот.rnrn13. Не трошите време оправдувајќи ги вашите избори и постапки пред другите. Не чувствувате обврска да им објаснувате на оние кои не ве сакаат што правите и зошто го правите тоа. Едноставно, се движите по патот што сте го создале за себе.rnrn14. Си поставувате високи стандарди и постојано го подобрувате вашиот живот. Но, знаете дека некои одлики не можете да ги промените и целосно ви се прифатени како дел од вас. Знаете дека вашата вредност не е одредена од тоа колку добро се преправате дека сте личност која другите би ја сакале повеќе.rnrn15. Го гледате вашиот живот како надградба на личноста којашто сте. Размислувате за тоа колку далеку сте стигнале, колку имате денес и колку ќе имате во иднина. Свесни сте за вашиот потенцијал и можете да го креирате она што го сакате.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот живот е многу подобар отколку што мислите.

  • 7 чувства што ви изгледаат негативно, но всушност се знак дека созревате

    7 чувства што ви изгледаат негативно, но всушност се знак дека созревате

    Изгледа дека резултатот од созревањето и исцелувањето е неверојатно чувство, но како навистина изгледа самиот процес? Созревањето може да бара многу од вас. Потребно е да бидете силни, да се откажете од старите навики и да сфатите дека само вие можете да го подобрите вашиот живот. Ова е навистина моќно, но уште повеќе е страшно.rnrnrnrnСите делови од вас коишто сте ги сокриле ќе сакаат да излезат на површина, а ова е само почетокот. Ќе ви изгледа како да го чистите вашиот емоционален и духовен товар и ќе ги извлечете сите верувања и сеќавања од вас. Па, ако ги чувствувате следниве нешта, тоа значи дека созревате. Можеби ќе мислите дека сте на погрешен пат, но сето тоа е дел од патувањето.rn

    1. Несигурност

    rnМногу луѓе мислат дека несигурноста е срамна бидејќи претпоставуваат дека не ви е удобно во ваша кожа. Но кога станува збор за созревање, ова значи дека преминувате од една фаза кон друга. Сè уште не сте го нашле столбот на вашето еволуирање, па нормално е да ви недостига самодоверба во овој период. Зачекорувате во целосно нов дел од себе и сигурно нема да се чувствувате целосно сигурно во врска со себе. Но верувајте дека наскоро ова ќе се промени.rn

    2. Сомневање во себе

    rnВие ќе го разглобите целиот ваш идентитет и секако дека ќе чувствувате сомнеж за она што го правите. Ќе проучите сè што знаете и што сте направиле во вашиот живот. Ако не чувствувате сомнеж, тогаш не барате доволно длабоко. Продолжете со копање. Овој сомнеж што го чувствувате е само мракот пред светлината.rn

    3. Изгубеност

    rnШтом ќе созреете ќе имате ново знаење што ќе можете да го примените во вашиот нов живот. Но, за време на самиот процес речиси сигурно ќе се чувствувате изгубено. Нема да знаете каде одите и која е целта. Не можете да барате на исто место а да очекувате нешто поразлично. На патот до созревањето мора да се случи нешто што ќе ве натера да продолжите понатаму. Оставете ги работите да се случуваат и уживајте во бесцелноста додека можете.rn

    4. Неизвесност

    rnШтом ќе ја прифатите вашата ранливост онака како што бара созревањето, ќе треба да ја прифатите и неизвесноста. Овие две одат заедно. Сигурната личност не сака да созрее. Ќе се спротивставувате на многу нешта во врска со вашиот живот и иднина ако сакате постојано да бидете сигурни. Ова не ви остава простор да го проширите вашето знаење и да искусите нови нешта. Прифаќањето на неизвесноста е најослободувачкото нешто што можете да го направите за себе. Не можете да ја предвидите иднината. Доколку се обидувате да го направите тоа, ќе полудите.rn

    5. Страв

    rnЗнаете ли зошто сте ги оттргнувале вашите можности за развој? Поради стравот што го чувствувате сега. Ова е стравот што не ви дозволува да се движите напред и да ги проширите вашите видици. Дали овој страв ве парализира? Дали се движите напред и покрај него? Можете да го издржите и најлошиот емоционален страв што сте го чувствувале со години. Сега го знаете ова, и тоа е одлично. Можете да се издигнете над стравот бидејќи сте посилни отколку што мислите.rn

    6. Анксиозност

    rnКаде што постојат несигурност, страв и неизвесност, секогаш има и анксиозност. Научете некоја техника што ќе ви ја намали анксиозноста. Пробајте медитација или јога. Најдете начин да го смирите вашиот ум. Што било што ќе ви помогне да го спречите владеењето на негативните мисли е она на коешто треба да се фокусирате. Прифатете дека анксиозноста е дел од созревањето, но ви дава нешто важно во целиот процес – ќе ве научи што ве смирува и ќе ви докаже дека можете да се грижите за себе. Никогаш нема да има период без анксиозност и единственото нешто што можете да го контролирате е вашата реакција на неа. Научете да ги надминете грижите и стравот и никогаш нема да се грижите за претераното размислување. Ќе бидете подготвени за него.rn

    7. Неудобност

    rnВие созревате во целосно нова личност и неудобноста е токму она што треба да го чувствувате во овој момент. Сигурно сте ја избегнувале со години, но сега дозволете ѝ да ве надвладее. Таа е клучна за вашиот развој. Животот секогаш ќе ви приредува предизвици кои ќе бараат да станете нова личност. Колку полесно се справувате со неудобноста, толку помалку ќе ве контролираат околностите. Речиси и да немате контрола над нештата што ви се случуваат, но вие одлучувате како ќе реагирате на нив. Можете да одлучите да бидете гневни и негативни, или пак да еволуирате. Сето зависи од вас. Изборот е само ваш.rnrnНе сте задоволни од вашиот живот? Погледнете ги знаците кои покажуваат дека тој е многу подобар отколку што мислите.

  • Како родителството ве прави одговорна личност?

    Како родителството ве прави одговорна личност?

    Да се биде родител е можеби една од најважните и најтешките работи. Без разлика на која возраст станувате родител, одгледувањето деца ве прави зрела личност. Ве тера да бидете најдобрата верзија од себе со цел да ги заштитите вашите малечки.rnrnКако родителството ве прави одговорна личност?rnrnОдговорните родители поставуваат добар пример за нивните деца. Децата ги гледаат нивните родители како водичи низ животот. Начинот на којшто се однесуваат родителите со домот, семејството, професионалните обврски и финансиите можат да имаат директно влијание на верувањата на детето за одговорноста. Погледнете на кој начин родителството ве прави и ве учи да бидете одговорна личност.rn

    1. Учење со пример

    rnНајдобриот родителски совет не е со зборови, туку со постапки. Причината е што децата навистина внимателно го набљудуваат секое ваше движење. Децата учат и го имитираат однесувањето слушајќи ги и набљудувајќи ги луѓето околу нив. Овие луѓе не мора директно да комуницираат со децата, тие може да бидат и од телевизија, од продавница или од училиште. Откако ќе станете родители, вие имате должност да ги учите вашите деца со тоа што ќе му поставите правилен пример.rn

    2. Финансиски менаџмент во бракот и родителството

    rnВоопшто не е лесно да одгледате дете. Исто така не е ни евтино. Истражувања покажале дека иако милениумците се поотворени во разговорот за финансиите со нивниот партнер, на паровите сепак им е тешко да разговараат за пари. Всушност, во една анкета паровите повеќе сакале да разговараат за нивната тежина отколку за нивната плата.rnrnРазговарањето за финансиите во бракот значи дека сте одговорни. Ова ви помага да ги избегнете долговите, да направите буџет и да се грижите за најосновните работи, како храна и облека.rn

    3. Давање на правилниот родителски совет

    rnКако што децата растат и созреваат, тие имаат сè повеќе и повеќе прашања за нивните родители. Бараат совети за проблемите на училиште, проблемите со пријателите и за романтичните врски. Родителите се должни да ги советуваат нивните деца така што ќе им помогне да ги решат проблемите на одговорен и зрел начин.rn

    4. Дисциплинирање на правилен начин

    rnОд голема важност е да научите како правилно да ги дисциплинирате вашите деца. Одговорните родители знаат дека дисциплината не се постигнува со удирање, викање или казни, туку има и други начини.rn

      rn 011

    • Учење на децата како правилно да се однесуваат на училиште, дома, со пријатели и на социјални настани.
    • rn 011

    • Помагање на децата да развијат почит за оние околу нив.
    • rn 011

    • Учење на децата да ги разберат и да ги искажат нивните чувства.
    • rn 011

    • Одбирање на правилниот начин за дисциплинирање.
    • rn 011

    • Благи, но фер казни за лошото однесување на децата.
    • rn

    rnДисциплината е најдобра кога родителите имаат добра врска со нивните деца. Потребно е да можете да комуницирате со нив и да им покажете сочувство. Можете да почнете со неколку основни семејни правила. Овде може да спаѓаат разговарање со почит со другите, грижа за нивните работи и помагање во домот. Поставете им јасни граници на децата и кажете им кога ќе направат и нешто добро.rn

    5. Поврзаност во бракот

    rnЕден од најдобрите совети за паровите е да го стават нивниот брак на прво место. Иако одгледувањето деца бара одговорност, не треба поради нив да страда романсата во бракот. Колку е посилна вашата врска, толку ќе бидат подобри и другите аспекти од вашите животи. Можете да одредите еден ден од неделата само за вас и да одите сами на љубовен состанок. Од ова ќе почувствувате многу придобивки.rn

      rn 011

    • Ќе се подобри вашата комуникација.
    • rn 011

    • Ја спречува здодевноста.
    • rn 011

    • Поминувањето време заедно го намалува стресот.
    • rn 011

    • Заедничките хобија и активности ја зголемуваат среќата во бракот.
    • rn 011

    • Физичката интимност ја поттикнува емоционалната интимност.
    • rn 011

    • Физичкото покажување внимание е поврзано со задоволството на вашиот партер.
    • rn

    rn

    6. Одгледување добри деца

    rnСонот на секој родител е да одгледа добро, комуникативно и силно дете. Ова можете да го направите со неколку одговорни одлуки како родител.rn

      rn 011

    • Донесување одлуки, дури и кога се тешки.
    • rn 011

    • Одговарање и на чудните и на непријатните прашања.
    • rn 011

    • Отвореност за комуницирање.
    • rn 011

    • Учење на децата за вредноста на моралот и добрината.
    • rn 011

    • Искрено и доверливо советување на децата.
    • rn 011

    • Поставување добар пример за одговорност.
    • rn 011

    • Трпеливост и простување.
    • rn 011

    • Поминување квалитетно време со децата.
    • rn

    rn

    7. Готвење и чистење

    rnДруг начин на којшто родителството ве прави одговорна личност е со грижата за домот. Родителите треба да се осигурат дека домот е безбеден и чист. Ова значи дека вие ќе метите, ќе миете садови, ќе чистите прашина… Чистиот и безбеден дом е најдоброто опкружување за децата. Со ова ќе ги научите и самите да чистат по себе.rnrnИ готвењето е дел од родителството. Навистина е лесно да порачате храна, но понекогаш треба и вие да му направите некој здрав оброк на вашето дете.rnrnПогледнете и како да се справите со вашите деца кога се немирни.

  • 28 кратки и сурови потсетници за сите луѓе во нивните 20-ти

    28 кратки и сурови потсетници за сите луѓе во нивните 20-ти

    Сега сте во период кога целиот живот ви се менува. Созревате, станувате независни, ја почнувате првата работа и на некој начин станувате возрасна личност. Бидејќи ова е навистина збунувачки и понекогаш тежок период, ова се потсетниците што треба да ги чуете.rnrn28 кратки и сурови потсетници за сите луѓе во нивните 20-тиrnrn1. Бркањето на луѓето кои не сакаат да бидат фатени е трка на идиоти.rnrn2. Другите луѓе не мислат на вас толку често, па престанете да се грижите што се случува во нивните глави. Тие се повеќе фокусирани на себе.rnrn3. Никој не е обврзан да ве сака.rnrn4. Животот е тежок и хаотичен и полн со скршени срца, но тој е единственото нешто што навистина го имате, па секако треба да дадете сѐ од себе додека трае.rnrn5. Понекогаш напорната работа нема да ви го даде она што го сакате, но тоа не значи дека треба да се откажете.rnrn6. Само вие сте одговорни за начинот на којшто реагирате на настаните.rnrn7. Најчесто не можете да ги контролирате нештата што ве прават несреќни, па престанете да се жалите и направете ги потребните промени.rnrn8. Озборувањето е мрзливо, разговарајте за нешто навистина важно.rnrn9. Светот не е свртен против вас, па престанете да се однесувате како да е.rnrn10. Личноста којашто сте кога никој не ве гледа кажува многу повеќе за вас, за разлика од моментите кога сите ве гледаат.rnrn11. Во ред е и човечки да се прават грешки. Но, не е во ред никогаш да не размислувате како да го извлечете доброто од тие грешки или барем како да не ги повторите.rnrn12. Не секој ќе ги одобрува вашите одлуки, но ако вам ви изгледаат правилно, тогаш тоа е единственото важно нешто.rnrn13. Спротивставувањето на промената е трошење на вашата ограничена енергија, па најдете начин да се прилагодите на неа.rnrn14. Сосема во ред е да се ослободите од сите емоции, но ако го правите тоа до степен на жалење без намера да преземете нешто, не само што го трошите вашето време, го трошите и времето на соговорникот.rnrn15. Воопшто не е привлечно да бидете неодговорни. Пораснете и направете го она што треба за да станете функционална личност.rnrn16. Грешите многу почесто отколку што мислите.rnrn17. Во ред е да побарате помош, но има вредност и во тоа сами да се обидете да направите нешто.rnrn18. Не сите нешта се случуваат со причина, понекогаш едноставно треба да ги прифатите лошите работи.rnrn19. Не секој што не можел да ве сака е идиот. Едноставно животот понекогаш е таков.rnrn20. Дури и ако не сте онаму каде што сакате да бидете во животот, можете да најдете начин да функционирате со она што веќе го имате. Благодарноста ќе ви се исплати многу.rnrn21. Ако се прашувате дали некој се грижи за вас или не, најверојатно причината е бидејќи одговорот е не.rnrn22. Постојаното размислување за она што би требало да го направите во минатото нема да промени ништо, освен што ќе ве направи мизерни.rnrn23. Ако никому не дозволувате да ви се приближи, не станувате силни и независни, туку исплашени и осамени.rnrn24. Ако размислувате „Ќе бидам среќен/на кога…“ никогаш нема да се случи тоа.rnrn25. Повеќето од нештата за коишто се грижите, всушност никогаш нема да се случат.rnrn26. Изговорите ретко ве оправдуваат за она за коешто ги користите.rnrn27. Простувањето без прво да добиете извинување е неверојатно тешко, но особено важно за созревање и љубов кон себе.rnrn28. Вие сте вашиот најголем проблем, но и вашата најдобра шанса.rnrnПогледнете и кои се фазите на созревање во вашите 20-ти.

  • Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

    Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

    Дали некогаш сте помислиле дека веќе сте возрасни? Можеби сте очекувале да се разбудите еден ден и да се чувствувате поинаку – постаро, помудро, со сите одговори. Можеби ви изгледа како ништо да не се менувало освен сезоните, па навистина е тешко да прифатите дека веќе сте возрасна личност.rnrnВерувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасниrnrnМожеби сè уште јадете пица за вечера и гледате анимирани филмови, но време е да си аплаудирате бидејќи веќе сте возрасна личност. Доколку не верувате, овие знаци ќе ве убедат во тоа.rn

    1. Имате рутина за кафе

    rnВерувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасниrnrnСтанувате возрасен во моментот кога ќе си воспоставите рутина за пиење кафе. Можеби на почетокот ве привлекувале омилените шолји и мирисот на кафето. Но, сега ви е потребна поголема доза за да направите што било. Понекогаш дури барате време за попладнево кафе за да го издржите остатокот од денот.rn

    2. Сами си ја перете облеката

    rnВерувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасниrnrnОва е чудно, но е можеби најубавиот дел од тоа што сте возрасни. На почетокот можеби ви било тешко да се согласувате со машината за перење алишта и сте се чуделе која опција е правилна. Но, по неколку обиди јасно ви е што треба да правите. Веќе знаете како правилно да ја одделите облеката и нема несакано менување на бојата.rn

    3. Сте напишале професионален имејл

    rnВерувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасниrnrnНе е секогаш лесно да напишете професионален имејл, па затоа ова е обврска на возрасните. Можеби некогаш имало печатни грешки и нејасни реченици, но сега знаете како треба да изгледа овој имејл. Можеби имате и потпис кој се појавува на дното на пораката и сте ги организирале вашите контакти. Можеби дури имате и посебна адреса за лична употреба. Сето ова ве прави возрасни и дел од „реалниот свет“.rn

    4. Имате распоред за спиење

    rnВерувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасниrnrnДодека сте растеле сигурно сте сакале да останувате будни до доцна. Но сега веќе имате направено цел распоред за спиење и се обидувате да се држите до него. Често си легнувате и пред полноќ. Дури и на викендите не се успивате до пладне, туку се будите навистина рано. Трошењето на денот во спиење повеќе не е опција за вас.rn

    5. Сте научиле разни патишта до работното место

    rnВерувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасниrnrnКога сте возрасни ќе научите многу патишта. Можеби не ги знаете имињата на улиците, но знаете да се снајдете околу градот. Можеби веќе не ја користите вашата навигација и откривате нови патишта.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 знаци дека созревате како личност

    10 знаци дека созревате како личност

    Дали сфаќате дека ви е потребна промена во животот? Дали сметате дека е време да излезете од вашата удобна зона? Иако понекогаш не изгледаат како такви, ова се знаците кои покажуваат дека вие созревате како личност.rnrn10 знаци дека созревате како личностrn

    1. Чувствувате неудобност

    rnНе сте задоволни со сегашната ситуација, а тоа чувство се засилува секој ден. Знаете дека ви е потребна промена во животот. Без разлика дали треба да го промените работното место или врската, знаете дека нешто треба да напуштите. Постојано се прашувате за вашата животна цел, а сомнежот во себе ви расте. Се прашувате дали животот некогаш ќе има смисла. Ова е важен дел од созревањето и полека учите да го прифаќате ова чувство.rn

    2. Вашиот социјален круг се намалува

    rnИ покрај многуте пријатели на социјалните мрежи, вистинските пријатели можете да ги изброите на една рака. Поминувате помалку време со луѓе кои ја трошат вашата енергија и постепено се ослободувате од токсичните луѓе во вашиот живот. Почнувате да вложувате време и енергија во врските со луѓето кои најмногу ви значат.rn

    3. Учите да кажете не

    rnЗнаете да ги одбиете нештата што не ви служат. На почетокот веројатно сте се чувствувале виновно, но сега веќе знаете дека е поважно вие да се ставите на прво место. Ова не значи дека сте себични, едноставно не сакате да ги задоволувате сите. Поставувате граници и не си давате повеќе обврски од она со коешто можете да се справите. Сакате да го живеете животот по ваши правила и ја преземате контролата над вашата судбина.rn

    4. Се плашите од неуспех

    rnСтрав ви е од непознатото. Страв ви е од промена. Страв ви е дека можеби нема да постигнете ништо во животот. Се плашите од иднината. Анксиозноста и збунетоста почнуваат да се појавуваат секојдневно. За да се ослободите од овие чувства, знаете дека треба да излезете од удобната зона и да се соочите со стравовите. Знаете дека треба да ризикувате да бидете одбиени или да не успеете за да го постигнете вашиот вистински потенцијал.rn

    5. Поминувате повеќе време насамо

    rnИмате голема желба да бидете сами. Животот е брз и навикнати сте да бидете растргнати на сите страни. Не можете да најдете момент да се опуштите. Потребен ви е простор за ментално полнење, па поминувате повеќе време во самотија за да го подобрите вашиот фокус. Можеби пишувате во вашиот дневник или секојдневно медитирате.rn

    6. Поретко се грижите за туѓото мислење

    rnПовеќе не се грижите за она што го зборуваат луѓето за вашиот изглед, врски, сексуалност или животни избори. Животот е прекраток за да трошите енергија на туѓите мислења. Донесувате свесна одлука да не ви биде грижа. Ѝ верувате на вашата интуиција и го следите животот што го сакате.rn

    7. Навидум, повеќе ништо не ве возбудува

    rnЖивотот ви станал предвидлив. Вашата рутина е здодевна. Сте стигнале до точка во животот каде што повеќе не чувствувате возбуда. Длабоко во себе знаете дека треба да работите на себе и да почнете да ја следите вашата страст. Наместо да се самосожалувате, потребно е да се исправите и да ги побарате искуствата што ќе ве направат среќни.rn

    8. Внимателно одбирате со кого се состанувате

    rnПовеќе не сакате да се состанувате со неколку луѓе истовремено. Почнувате внимателно да ги отстранувате луѓето кои немаат исти квалитети како и вие. Лошата врска повеќе не ви е опција. Не правите компромис за вашата среќа. Трпеливи сте и ја чекате вистинската личност.rn

    9. Поминувате помалку време на социјалните мрежи

    rnИако сакате да останете поврзани, не ја поминувате секоја слободна минута проверувајќи Инстаграм или Фејсбук. Знаете колку е важна интеракцијата во живо и повеќе внимание ѝ посветувате неа.rn

    10. Постојано се преиспитувате

    rnПостојано се прашувате дали се движите во вистинската насока и дали ги донесувате правите одлуки. Знаете дека патувањето нема да биде лесно, но мора да го поминете. Ова е дел од вашето созревање. Знаете дека за да живеете исполнет живот, потребно е да преземете контрола над вашата судбина. Сепак, само вие ја имате таа моќ.rnrnПогледнете и кои се 10-те фази на созревање во 20-тите.