КАФЕ ПАУЗА

Tag: созревање

  • Книга: „Приказна за господин Зомер“ – Патрик Зискинд

    Книга: „Приказна за господин Зомер“ – Патрик Зискинд

    Иако за господин Зомер не се знаеше многу, со сигурност можеше да се каже дека во круг од 60 км немаше човек, маж, жена, или дете – па дури ни куче – што не го познаваше господинот Зомер.

    rn

    1-kniga-prikazna-za-gospodin-zomer-patrik-ziskind-kafepauza.mkНаша оценка: 7

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnСо намера да внесам малку разноликост во моите рецензии, решив овој пат да ви презентирам детска книга, која во никој случај не е само детска. Поточно, може да се рече дека е приказна од детството, но не и стриктно детска книга. Може да ја читаат и деца и возрасни. Лесна е, читлива, полна со илустрации, и ќе ве поттикне да се замислите за мистериозниот и загадочен шетач, господинот Зомер.rnrnИнтересно е тоа што може да му ја дадете на вашето дете или на вашиот помал/а брат/сестра да ја прочита и потем заедно да развивате дискусии за книгата. Една ваква загадочна и кратка приказна во еден здив е совршен почеток за идните вљубеници во литературата.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn



    rnrn

    „Во времето кога јас сè уште се јазев по дрвја, во нашето село, на одвај два километри од нашата куќа, живееше еден човек по име господин Зомер. Тоа беше неговото презиме. Никој не му го знаеше името и никој не знаеше дали господин Зомер има некоја професија. Се знаеше само тоа дека госпоѓа Зомер имаше свое занимање, правеше кукли…“

    rnВо цело Долно и Горно Езерани, нема некој кој не го знае господин Зомер. Нема некој кој не чул за него, нема некој кој не го видел како неуморно оди, но нема ни некој кој знае нешто повеќе за него. Господин Зомер е вистинска мистерија. Тој неуморно шета, талка и ретко кога им зборува на луѓето. Неговата сопруга, госпоѓа Зомер прави кукли, тоа е сè што се знае за Зомерови.rnrn2-kniga-prikazna-za-gospodin-zomer-patrik-ziskind-kafepauza.mkrnrnГосподин Зомер е секогаш по патиштата. Оди од село во село небаре некој го гони, од нешто се плаши, од нешто бега. Кога децата рано изутрина одат на училиште тој свеж и расонет оди по патот, навечер кога сонцето се крие, господин Зомер продолжува неуморно да оди. Оди и ако има дожд, грмотевици, бура. Господин Зомер едноставно оди, ита кон нешто или негде. Со својот празен ранец и долг стап на кој се потпира, овој необичен господин станува дел од животот на едно мало момченце кое е на прагот на зрелите години. Дури кога малото момченце ќе престане да јази по дрвја, господинот Зомер засекогаш ќе исчезне.rnrnСо сегменти на детска и наивна младешка љубов, Зискинд на по малку необичен и интригантен начин го опишува созревањето на едно младо момче и го преточува во загадочна приказна, која иако мала и кратка, ќе ве натера да се замислите. Што се крие зад господинот Зомер, дали децата го гледаат господин Зомер со поинакви очи, од што бега таинствениот и стар господин Зомер и каква улога има тој во созревањето на момчето што ни ја раскажува приказната?rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 8 октомври 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • 15 знаци дека се претворате во вашите родители

    15 знаци дека се претворате во вашите родители

    Иако додека растеме се бунтуваме против авторитетот на нашите родители, сепак, порано или подоцна сите се претвораме во копија на нашите мајки и татковци. Еве 15 знаци кои упатуваат на тоа дека не само што сме пораснале, туку и веќе почнуваме да наликуваме на нашите „стари“.rnrn15-znaci-deka-se-pretvorate-vo-vashite-roditeli-kafepauza.mkrnrn1. Планирате кога и каде ќе одите да пазарите со цел да ги фатите попустите и акциите во супермаркетите.rnrn2. Имате картички за собирање поени во сите продавници, од оние за прехрана и аптеките, па сѐ до салоните за мебел.rnrn3. Си легнувате во 9 вечер и не мислите дека тука има нешто лошо.rnrn4. Ви пречат соседите кои во текот на работната недела пуштаат гласна музика и собираат пријатели дома.rnrn5. Не ви паѓа на памет да излезете од дома со мокра коса, бидејќи може да настинете.rnrn6. Секогаш користите подлошки за чаши.rnrn7. Длабоко сте шокирани кога ќе видите млади луѓе со гол стомак или без јакна на ветровито време.rnrn8. Обрнувате посебно внимание на рекламите за производи за чистење.rnrn9. Се фаќате себеси како предупредувате некој друг да не направи нешто што е неморално.rnrn10. Во разговор со децата започнувате реченица со: додека си под мој покрив…rnrn11. Појадувате.rnrn12. Во чантата секогаш имате здрави грицки, шише вода и прва помош.rnrn13. Кога одлучувате што да гледате на телевизија, предност им давате на емисиите од наше (или екс-ју) производство.rnrn14. Надокрај ја сфаќате убавината во штедењето.rnrn15. Шегите на вашите родители наеднаш ви стануваат смешни.

  • 37 најтешки лекции кои мора да ги научите во 20-тите

    37 најтешки лекции кои мора да ги научите во 20-тите

    Како што минувате низ 20-тите години од вашите животи сфаќате дека сакале или не вие растете и созревате. Тоа е реалноста со која сите ние се соочуваме, не сме веќе деца и треба да созрееме. Колку побрзо ги научиме овие работи толку подобро за нас. Ова се дел од најтешките лекции кои ги учиме во оваа деценија од животот.rnrn37 најтешки лекции кои мора да ги научите во 20-титеrnrn1. Љубовта боли, но многу пострашно е кога воопшто не љубите.rnrn2. Вашите долгорочни пријателства влијаат повеќе на вашите животи отколку многу други нешта кои ги сметате за поважни и поголеми.rnrn3. Вашето работно место, вашите примања и вашиот статус не ве прават она што сте.rnrn4. Продолжете да работите напорно бидејќи во крволочниот бизнис свет вие сте лесно заменливи и никому не му е вистински грижа.rnrn5. Луѓето можат да исчезнат од вашите животи поради многу причини. Научете да се носите со нивното исчезнување.rnrn6. Тешко е да се открие во што вреди да се вложи. Може да направите многу грешки додека да откриете.rnrn7. Зачуван интегритет значи чист образ и заслужена гордост.rnrn8. Мора да имате хоби во кое ќе вложувате страст и труд и доколку не му се посветите доволно ќе жалите подоцна.rnrn9. Никој не е роден со знаење за сè што го опкружува. Секој може да научи што било, само доколку има желба да го стори тоа.rnrn10. Не споредувајте се со другите. Не ја гледате јасно целосната слика и секогаш завршувате повредени.rnrn11. Најголемите разочарувања се предизвикани од нереалните цели, наоѓањето изговори и чекањето некој друг да ја заврши работата за вас.rnrn12. Не ветувајте нешто што не можете да го исполните.rnrn13. Научете да кажете „не“.rnrn14. Не жалете се. Променете онолку колку што можете, научете да се носите со тоа или променете ја перспективата.rnrn15. Не почнувајте целејќи кон големи пари бидејќи никогаш нема да ги заработите. Фокусирајте се на вашата љубов, истрајност и упорност во работата.rnrn16. Малите работи значат многу. Ова важи за секое животно поле, не ги избегнувајте ситниците.rnrn17. Не трошете го животот посветувајќи време на неважни нешта, поклонувајќи се на лажни идоли и грижејќи се за работи кои во суштина се неважни.rnrn18. Не омаловажувајте ги луѓето на која било основа. Не сте супериорни и никогаш нема да знаете низ што другите минале и какви се навистина.rnrn19. Многу е важно во животот секогаш да сте подготвени на нова лекција. Гледајте го секој човек како потенцијален носител на некое знаење кое треба да допре до вас.rnrn20. Неуспехот е неизбежен – не постои некој кој не паднал макар еднаш пред да го постигне она што го сака.rnrn21. Откажувањето е сопствен избор.rnrn22. Среќата не е дестинација, среќата е животно патување и додека не научите да му се радувате на секој ден и на малите нешта кои тој ги носи, никогаш нема вистински да ја искусите.rnrn23. Никогаш не воздржувајте се од извинување. Извинете се кога сте погрешиле и научете да ја голтнете гордоста.rnrn24. Ослободете се од вината. Секој греши, не се оптоварувајте и продолжете понатаму. За многу нешта во животот може да ви биде криво, но животот не доаѓа со инструкции.rnrn25. Вербата и надежта ни се неопходни на сите нас.rnrn26. Престанете да ги правите работите брзо и механички. Вложете труд во секое, макар и најмало ваше дело. Одберете смиреност, внимание и трпеливост.rnrn27. Мудро одберете ја животната кариера. Ако сте почнале со нешто за кое не чувствувате страст, никогаш не е доцна да се обидете со нешто друго. Важно е да не заглавите во шема која не ви одговара.rnrn28. Никој не излегува како победник од кавга. Одбегнувајте ги кавгите и одберете да бидете смирени.rnrn29. Стремете се кон она што ве плаши најмногу. Токму тоа вреди да се направи, бидејќи колку пострмна е угорницата, толку повеќе го цените погледот од горе.rnrn30. Кога ќе стигнете горе, не заборавајте дека некогаш сте биле долу. Секогаш пружете рака за помош.rnrn31. Животот е премногу краток за да ви биде здодевно.rnrn32. Грижете се за вашето здравје. Не дозволувајте си да биде предоцна.rnrn33. Она што ќе ви помогне најмногу во кариерата е вашата љубопитност и желба за напредок.rnrn34. Заштитете ја вашата благосостојба. Не дозволувајте да биде нарушена од злобните усти и вашите сомневања во самите себе.rnrn35. Секогаш копајте подлабоко. Животот е длабок и со силна порака и значење.rnrn36. Обрнете внимание на изборот на вашите животни цели, тие ве формираат како личности.rnrn37. Вашето мислење е важно. Не премолчувајте и не потиснувајте го во себе.

  • 20 знаци кои откриваат дека тој сѐ уште не е созреан

    20 знаци кои откриваат дека тој сѐ уште не е созреан

    За многу жени не е изненадувачки фактот дека мажите подоцна созреваат, но едно ново истражување, не само што го потврдува тоа, туку и покажува дека тие созреваат на 43 години, а нивните партнерки 11 години претходно.rnrn20-znaci-koi-otkrivaat-deka-toj-sѐ-ushte-ne-e-sozrean-kafepauza.mkrnrnВо анкета во која се проучувале разликите во зрелоста меѓу половите е откриено дека и двата пола се сложуваат дека мажите се незрели во триесеттите и раните четириесетти години. Наспроти тоа, просечната возраст кога жените стануваат зрели е 32 години.rnrnСепак, незрелоста кај мажите може да биде и добра работа. Тоа ја одржува врската интересна и помага во поврзувањето со децата.rnrnОва се знаците кои го издаваат:rnrn1. Испуштање гасови и ждригање (го смета за забавно)rn2. Брза храна како оброк во вечерните часовиrn3. Играње видеоигриrn4. Пребрзо возење и натпреварување со други автомобили на патотrn5. Пцуењеrn6. Молчење за време на кавгаrn7. Неснаоѓање во кујната со едноставни јадењаrn8. Повторување на истите приказни и вицови со другаритеrn9. Возење со гласна музикаrn10. Обидот да победи дете во некоја игра или спортrn11. Неможност да зборува за себе или да води соодветен разговорrn12. Одбивање да чита книги бидејќи смета дека се здодевниrn13. Прави блесави потези при играњеrn14. Мајка му сѐ уште го пере, пегла и му подготвува појадокrn15. Носење патики за излегувањеrn16. Поседување скирол или BMX и изведување опасни финтиrn17. Одбивање да јаде зеленчукrn18. Фалење со привлечни девојкиrn19. Носење широки, смкнати фармеркиrn20. Пижами и постелнина со ликови од цртаните филмови.

  • Лекции за љубовта од старите среќни парови

    Лекции за љубовта од старите среќни парови

    Кога последен пат сте виделе баба и дедо како се држат за рака гледајќи се во очи со истиот жар како и првиот ден? Ги гледате и помислувате колку е убаво и каква љубов тие имаат еден за друг. Дали тоа ви изгледа навидум невозможно да ви се случи и вам? Но не е. Љубовта не е математичка задача која треба да ја решите, напротив. Тоа е едно безбедно гнездо каде растете заедно, се надополнувате, уживате во секој поминат момент и сè повеќе се заљубувате во другата личност.rnrnЛекции за љубовта од старите среќни паровиrnrnЕве што нè научиле постарите и поискусните кога станува збор за љубовните врски.rnrn

    „Повеќето луѓе ќе учеа од нивните грешки ако не беа толку зафатени негирајќи ги.“ – Харолд Смит

    rnДа бидеме искрени, сите ние правиме грешки, нема некој кој е безгрешен. Но постојат два типа на луѓе: оние кои ги признаваат грешките и оние кои упорно ги негираат. Некогаш во врските корисно е да ја погазите својата гордост кога и самите сте свесни дека сте ја повредиле другата страна со некој збор или постапка. Сè додека постои таа гордост и тврдоглавост не докажувате дека сте секогаш во право туку полека но сигурно ја уништувате врската. Некогаш едноставно најдобрата опција е да речете „Извини.“rn

    Стареењето е неизбежно, созревањето е прашање на избор

    rnНикој не ве прашува дали сакате да остарете или не, но дали ќе останете млади во срцето е единствено ваш избор. Никогаш не дозволувајте вашата врска да стане здодевна. Без разлика на вашата возраст, бидете спонтани, изненадете го вашиот партнер, направете нешто неочекувано, просто забавувајте се. На крајот на краиштата, годините се само броеви.rn

    Запрашајте се која е најважната личност во вашиот живот

    rnОва прашање сите треба да си го поставиме одвреме-навреме. Која е личноста што се согласила да биде со нас без оглед на сè? Која би направила сè за нас, која е покрај нас, нè сака и поддржува? Дали е тоа вашиот партнер или сопруг/а?rnrnТогаш таа личност третирајте ја како што заслужува. Сите ние умееме да заборавиме да цениме и вреднуваме нечие присуство, но не смееме да заборавиме дека никој од нас не е незаменлив.rnrnЛекции за љубовта од старите среќни паровиrnrn

    Тревата не е позелена кај комшијата туку онаму каде што најмногу ја полевате со вода

    rnВо нашите очи туѓите животи може да изгледаат просто совршено, но дали навистина знаете што се случува зад затворени врати?rnrnБез разлика како и да ви изгледа нечија врска, секогаш обрнувајте најмногу внимание на вашата. Со други зборови не гледајте во дворот на комшијата, туку гледајте вашиот двор да биде среден и да ви биде по мерка.rnrn

    Никој не умрел каејќи се што не поминал повеќе време во канцеларија

    rnДа, работата е важна. Ни помага да се снабдиме со средства за да уживаме во работите кои навистина ни значат, како на пример минување безгрижно време со блиските. Но материјалните средства не се сè што ни треба во животот. Иако некогаш грижите околу работата и кариерата умеат целосно да нè обземат, секогаш одвојте време за семејството и блиските. На смртна постела никој не ги памети часовите минати во канцеларија, туку оние минати во љубов и грижа со најблиските.rnrnЛекции за љубовта од старите среќни паровиrnrn

    Две работи никогаш не би можеле да ги смените: минатото и другите луѓе

    rnЗатоа фокусирајте се на себеси и на нештата кои ги правите денес а ќе влијаат на вашата иднина. Не влегувајте во врска со надеж дека би можеле да ја промените личноста. Да, може да влијаете за подобрување, но не трошете си ја надежта залудно. Верувањето дека може да го промените вашето минато или нечиј карактер е вистински рецепт за самоуништување.rn

    „Главната лекција која треба да ја научите од среќните парови е дека лошите времиња минуваат, а добрите се враќаат.“ – Кетрин Џонсон

    rnСекоја љубовна врска има свои подеми и падови, впрочем тоа е животот. Но врската бара внимание и труд, не само за родендени и годишнини туку преку целата година. Најважно е да запаметите дека вистинската љубов може да преброди сè, секакви кризи и проблеми и повторно да се врати на безбедно тло. Па нели најсилни сме кога сме заедно?rn

    „Успешниот брак подразбира заљубување повеќе пати, но секогаш во истата личност.“ – Мињон Меклафлин

    rnДолгата врска или брак не значи дека треба да ѝ направите место на здодевноста, напротив. Го гледате вашиот партнер колку прекрасни работи прави за вас, навидум и најобични и безначајни и ве тера пак и пак да се вљубите во него/неа. Замислете колку прекрасно е тоа чувство. Се вљубуваш во личноста која веќе ја имаш покрај себе и безбедно уживаш во секој момент минат со неа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тоа се вика „созревање“

    Тоа се вика „созревање“

    Дали има начин однапред да се подготвиме за проблемите кои ни ги носи животот? Можеме ли да го режираме нашето созревање со цел да бидеме целосно подготвени за животните предизвици и да се спасиме себеси од повреди и падови? Сите некогаш сме биле лудо заљубени, повредени или излажани, или пак сме повредиле или излажале некој друг. Аналогно на тоа, би зела примери од многу личности и ситуации, примери поради кои цврсто тврдам дека во животот на секој маж постои жена која му одржала важна лекција, а во животот на секоја жена постои маж кој ја натерал да созрее. Речиси секој кој влегува во нашите животи, нè учи на нешто.Тоа се вика „созревање“Тој еден ден ќе има среќен брак, сопруга која ќе ја сака и деца кои ќе ги остави како свое поколение, но никогаш нема да ја заборави девојката која во раната младост му го скршила срцето. После неа тој станал поинаков човек, можеби подолг период со резерва верувал во љубовта. Зборувам за секој маж, без исклучок. Ја има преболено, но кога ќе помисли на неа и по дваесет години, срцето малку ќе го запече.rnrnОд друга страна, секоја жена односно девојка, сретнала маж кој ја натерал да созрее. Човек кој ја изнел од невиниот детски и розов свет и ја соочил со реалноста. Ѝ укажал на тоа дека во животот постојат различни луѓе со различни карактери. После него сфатила дека некогаш животот не е фер, а со тоа станала дел од светот на возрасните.rnrnНеодамна гледав филм во кој девојчето кое ја толкуваше главната улога проба намерно да созрее. Си го испланира процесот на созревање со цел побрзо да стане жена и да биде целосно подготвена за животните предизвици. Ама созревањето не можело да се режира, едноставно се случува, се искусува. Може да си премногу паметен, ама недоволно искусен, па поради тоа да постапиш навистина глупаво.rnrnДа бевме родени со можност да се програмираме сè да знаеме однапред, да се подготвиме себеси и сè да правиме исправно, животот ќе ни беше навистина здодевен. Во ред е, секоја глупост, секоја грешка, секој погрешен избор, сè е во ред и не е страшно. Тоа се лекции од кои учиме многу. Тоа се вика созревање.rnrnДенес сме попаметни, позрели и поискусни од вчера.rnrnДо следното читање, rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 20 работи кои мора да прекинете да ги правите во 20-тите години

    20 работи кои мора да прекинете да ги правите во 20-тите години

    Сите ние при навлегувањето во 20-тите имаме можност да забележиме одредени промени во нашите размислувања и ставови. Некои би рекол дека тоа е неизбежен дел од процесот на созревањето. Но, и покрај сè постојат некои работи кои сè уште ги правиме, можеби затоа што се чувствуваме безбедно позади нив или пак, едноставно зашто ни преминале во навика. Погледнете ја нареднава листа и обидете се да сфатите кои работи е време да ги смените кај себе.rnrn20 работи кои мора да прекинете да ги правите во 20-тите годиниrnrn1. Прекинете да ги обвинувате другите за начинот на кој комуницираат со вас.rnrn2. Прекинете да бидете мрзливи и постојано да се оправдувате со изразот „зафатен/а сум“.rnrn3. Прекинете да ги одложувате денешните обврски за утре.rnrn4. Прекинете да се извлекувате со завршена работа која е само „доволно добра“.rnrn5. Прекинете да си дозволувате на себеси да бидете постојано опуштени.rnrn6. Прекинете да се идентификувате себеси како „клише“ и почнете да се третирате себеси како индивидуа.rnrn7. Прекинете да очекувате дека луѓето ќе бидат подобри одошто биле во средно – научете како да се справите со нив онакви какви што навистина се.rnrn8. Прекинете да бидете скржави и да мислите само на себе.rnrn9. Прекинете да ги сфаќате обврските како товар.rnrn10. Прекинете да го игнорирате фактот дека другите луѓе имаат уникатни перспективи и позиции.rnrn11. Прекинете претерано да барате одобрување.rnrn12. Прекинете да ги сфаќате истите работи кои секогаш сте ги правеле како единствени можности кои постојат за вас.rnrn13. Прекинете да го отфрлате својот потенцијал.rnrn14. Прекинете да го гледате здравјето на вашето тело како нешто за кое ќе се грижите кога ќе бидете постари.rnrn15. Прекинете да ја пресретнувате лутината со лутина.rnrn16. Прекинете да велите дека ќе правите работи кои знаете дека всушност никогаш нема да ги направите.rnrn17. Прекинете да купувате работи кои знаете дека нема да ги употребите и по некое време само ќе ги фрлите.rnrn18. Прекинете да ги гледате луѓето само како некои кои би можеле некогаш во животот да ви се најдат за нешто.rnrn19. Прекинете да се плашите.rnrn20. Прекинете да се обвинувате себеси зашто сте само човек.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

    Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

    Во обидот да го изведат своето дете на прав пат, родителите речиси секогаш наидуваат на ѕид поставен од адолесцентот кој е резултат на одредени разидувања во нивните ставови. Кои се оние работи кои родителите треба да ги имаат предвид кога го градат односот со детето-адолесцент?rnrnShto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_rn

    Адолесцентите си ги сакаат родителите

    rnВо периодот на адолесценција детето има потреба да се дистанцира од родителите со цел да изгради свој сопствен идентитет. Тоа родителите го сфаќаат премногу лично и се обидуваат да го решат со рестриктивност. Сепак, дури и кога се чини дека тие не слушаат и само ги превртуваат очите, родителите мораат да продолжат со внимание да ги воспитуваат децата затоа што тоа е единствениот начин да израснат во здрави личности.rn

    Времињата се променети

    rnРодителите често напаѓаат со аргументот дека и тие некогаш биле млади, знаат како е, па денес не можат да се изначудат на однесувањето на младите. Сепак, треба да бидат свесни дека времињата се променети и дека да се биде млад во осумдесеттите години и денес не е исто. Моралот и целокупниот систем на правила за однесување драстично е променет, а адолесцентите не сакаат ниту да помислат да бидат неприфатени од средината.rnrn2-Shto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_rn

    Неопходна им е поддршка да се справат со стресот

    rnНа децата им е потребен таков однос од страна на родителите којшто ќе им овозможи да си ги задоволат сите емоционални потреби, а притоа да научат каде се поставени границите за нивното однесување. Особено на тинејџерите им е неопходна помош да се справат со стресот кој го носат настаните на нивна возраст. Можеби ќе се изненадите, но тие сакаат понекогаш да им се каже „не“. Кога родителите им дозволуваат сешто, децата тоа го сфаќаат како негрижа и ќе се обидат преку лошо однесување да проверат дали родителите сè уште се грижат за нив.rn

    Сакаат повеќе одговорност

    rnВо брзањето да пораснат, адолесцентите се обидуваат да преземат одредени одговорности. Нивното исполнување и задоволството кое доаѓа од тоа се клучни за правилниот развој на личноста на адолесцентот. Затоа, родителите би требало да им даваат достижни задачи на нивните деца и да имаат целосна доверба во нивното исполнување. Сомнежот во нивните способности ќе ја разјаде нивната самодоверба.rnrnШто би сакале адолесцентите нивните родители да знаатrn

    Дури и „добрите“ деца грешат

    rnАдолесцентите сакаат да ги проверуваат границите до каде може да се толерира нивното однесување. Тоа е еден од начините на којшто учат. Во ваква ситуација, родителите не треба веднаш на детето да му залепат „лоша“ етикета, со што и неговото поранешно добро однесување би го оцениле како лошо, туку со мирен разговор да откријат зошто тоа постапило токму така.rnrnШто би сакале адолесцентите нивните родители да знаатrn

    На децата, мислењето на родителите им е најважно на светот

    rnАдолесцентите сакаат родителите да бидат горди на нив и да ги прифатат онакви какви што се. Иако родителите често ги споредуваат нив со другите деца, тоа не дава ефект затоа што тие го мразат тоа. Тие и онака по цел ден се споредуваат со другите и најчесто се чувствуваат несигурни поради тоа. Затоа родителот треба да го прифати своето дете и да му биде најголем поддржувач. Тоа ќе води до многу намален ризик да покаже негативно однесување.rn

    Тинејџерите не сакаат да гледаат како родителите се караат

    rnВо годините кога осознаваат како изгледа една љубовна врска, родителите им го даваат најсилниот пример на своите деца. Не е пожелно тие да гледаат како родителите се во конфликт, затоа што тоа може подоцна да го пресликаат и во своите врски.

  • Поедноставете си го вашиот живот

    Поедноставете си го вашиот живот

    „Всадете“ си во глава дека животот е убав и најверојатно таков и ќе ви биде. Се прашувате зошто? Затоа што со таа мисла на ум ќе имате доволно мотив и волја да станете подобра личност, што дополнително ќе ви даде мотив да се борите за успех, а тоа од своја страна е еднакво на хармоничен живот. Ослободете го вашиот ум и почнете да размислувате едноставно. Советите кои следуваат можеби ќе ви помогнат во тоа.rn

      rn011

    • Не обидувајте се да ги прочитате мислите на другите луѓе. Не очекувајте ниту тие да ги прочитаат вашите. Комуницирајте!
    • rn

    rn

      rn011

    • Бидете љубезни, но не обидувајте се да се спријателувате со сите луѓе околу вас.
    • rn

    rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Вашето здравје е вашиот живот. Одете барем еднаш годишно на лекарски преглед, да проверите дали сè е во ред со вашето здравје.
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Станувајте секое сабајле 30 минути порано одошто сте планирале, за да не мора налудничаво да трчате низ дома брзајќи да стигнете до саканото место. На тој начин ќе избегнете казни за брзо возење, доцнење и други непотребни главоболки.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Не губете си го времето со чувства на љубомора. Единствената личност со која треба да се натпреварувате сте вие.
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Немојте да бидете премногу горди и самоуверени. Разговарајте за проблемот, ракувајте се или прегрнете се и продолжете понатаму.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Организирајте го вашиот дом, како и просторот во кој работите. Прочитајте ја книгата на Дејвид Ален „Завршете ги работите“ (Getting Things Done) од која можете да усвоите доста практични совети за добра организација.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ослободете се од работи кои не ги користите и кои нема никогаш да ви затребаат.
    • rn

    rn

      rn011

    • Побарајте второ мислење, ако не сте сигурни околу нешто.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Потрошете малку време за да научите некој скратен пат за завршување на задачите, кој ќе можете постојано да го користите во иднина.
    • rn

    rn

    rn

      rn011

    • Немојте да пиете алкохол или да користите наркотици кога сте лути, разочарани или тажни. Наместо тоа – џогирајте. Ќе се чувствувате многу подобро.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Не одложувајте ги оние задачи за кои ви се потребни две минути да ги завршите. Сторете го тоа веднаш.
    • rn

    rn

      rn011

    • Секогаш бидете искрени пред себе и пред другите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Не земајте и не посакувајте нешто што не ви припаѓа вам.
    • rn

    rn

      rn011

    • Правете една работа во еден временски период и притоа дадете сè од себе.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кажувајте им „те сакам“  на оние луѓе што ги сакате што е можно почесто и покажувајте го тоа на разни начини.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Бидете свои, не копирајте го однесувањето на некој друг.
    • rn

    rn

      rn011

    • Држете се настрана од драмата на другите луѓе. Ни самите немојте непотребно да создавате своја.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ако нешто мразите да правите, тогаш престанете.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Третирајте ги сите со исто ниво на почит каква што би покажале кон вашиот дедо и бидете исто толку внимателни, колку што би биле со вашето тримесечно братче или сестриче.
    • rn

    rn

      rn011

    • Извинете се секогаш кога знаете дека сте погрешиле.
    • rn

    rn

      rn011

    • Бидете љубопитни. Не плашете се да научите нешто ново. Почесто анализирајте ги вашите идеи и можности.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Не бидете срамежливи. Поврзувајте се со луѓето. Запознавајте нови.
    • rn

    rn

      rn011

    • Немојте премногу да се грижите за тоа што другите мислат за вас.
    • rn

    rn

      rn011

    • Немојте да јадете кога ви е досадно. Јадете само кога сте гладни.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Оставете ги оние нешта кои не можете да ги промените. Фокусирајте се на оние кои можете да ги промените.
    • rn

    rn

      rn011

    • Следете го вашето срце. Не трошете си го вашето време, исполнувајќи ги соништата и желбите на некој друг.
    • rn

    rn

      rn011

    • Бидете трпеливи и радувајте се на малите победи.
    • rn

    rnПоедноставете си го вашиот животrn

      rn011

    • Прифатете го фактот дека колку и да е лоша или добра некоја ситуација во моментов, таа состојба ќе се промени во иднина.
    • rn

    rn

      rn011

    • Созревајте со текот на годините, но немојте пребрзо да пораснете.
    • rn

    rn

      rn011

    • Сфатете дека не сте секогаш толку многу во право колку што мислите дека сте.
    • rn

    rn

      rn011

    • Пронајдете некоја тешка работа, во која ќе уживате додека ја извршувате. Колку повеќе се трудите, толку посреќни ќе бидете.
    • rn

    rn

      rn011

    • Правете го она во што сте добри. Во спротивно само ќе се фрустрирате.
    • rn

    rn

      rn011

    • Правете грешки, научете нешто од нив, насмевнете се за тоа искуство и продолжете понатаму со вашиот живот.
    • rn

    rnЗвучи мошне едноставно нели? :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.