КАФЕ ПАУЗА

Tag: созревање

  • 8 работи на кои треба да се сетите кога нештата ќе тргнат наопаку

    8 работи на кои треба да се сетите кога нештата ќе тргнат наопаку

    Експертите веруваат дека секогаш постои нешто за коешто би требало да бидете благодарни. Среќата не е отсуство на проблеми, туку способност да се справите со истите. Замислете си колку прекрасни мисли би можеле да завладеат со вашиот ум кога не би се фокусирале толку на проблемите. Секогаш гледајте го она што го имате, а не тоа што сте го изгубиле. Не е важно тоа што исчезнало од вашиот живот, туку што можете да направите со она што ви останало. Сетете се на следниве 8 работи кога сѐ ќе ви тргне наопаку за да останете мотивирани…rnrn8 работи на кои треба да се сетите кога нештата ќе тргнат наопакуrn

    1. Болката е дел од созревањето

    rnПонекогаш животот ни затвора некои врати затоа што е време да продолжиме понатаму. Тоа е добро, бидејќи ние не би се придвижиле кога околностите не би нѐ натерале да го сториме тоа. За време на тешките период, сетете се дека ниту една болка не се јавува без причина. Преболете го она што ве повредило, но не ја заборавајте лекцијата на која ве научило.rnrnСамо затоа што ви е тешко, не значи дека нема да успеете. За секој голем успех потребна е мачна борба за да се постигне. Убавите работи си бараат време. Бидете трпеливи и позитивни. Сѐ ќе си дојде на свое место, можеби не веднаш, но со текот на времето со сигурност. Запаметете дека постојат два вида болка: Болка што ве повредува и болка што ве менува. Не им се спротивставувајте, бидејќи и двете ќе ви помогнат да созреете.rn

    2. Сѐ во животот е привремено

    rnДождот престанува. Секоја болка заздравува. По темнината, доаѓа светлината. Секое утро е потсетник на истово, но сепак го забораваме тоа и одбираме да веруваме дека мракот ќе трае вечно. Но, ништо не трае вечно. Ако работите ви одат супер моментално, уживајте. Но, имајте на ум дека тоа нема да трае вечно. Ако нештата ви тргнале наопаку, не грижете се, бидејќи ни тоа нема да трае вечно. Само затоа што ви е тешко, не значи дека не можете да се смеете. Секој момент е нов почеток и нов крај. Секоја секунда претставува втора шанса. Само треба да го сфатите тоа и да го искористите до максимум.rn

    3. Грижењето и жалењето нема да сменат ништо

    rnТие кои најмногу се жалат, најмалку успеваат. Подобро е да се обидете во нешто и да потфрлите, отколку да не направите ништо. Ако не успеете, тоа не значи дека сѐ е готово. Готово е тогаш кога ќе престанете да дејствувате и ќе почнете да се жалите. Ако верувате во нешто, продолжете да се трудите. Не им дозволувајте на сенките од минатото да ги смрачат можностите во вашата иднина.rnrnДоколку денес денот го поминете во жалење за тоа што се случило вчера, утрото нема да ви биде подобро. Наместо тоа, преземете нешто. Направете промена. Не заборавајте дека среќата доаѓа кога ќе престанете да се жалите поради вашите проблеми и ќе почнете да бидете благодарни за сите проблеми што всушност ги немате.rnrn8 работи на кои треба да се сетите кога нештата ќе тргнат наопакуrn

    4. Вашите лузни се симболи на вашата сила

    rnНикогаш не се срамете од лузните што ви ги нанел животот. Лузната е знак дека болката завршила и раната е затворена. Тоа значи дека сте ја совладале болката, сте ја научиле лекцијата, сте станале посилни и сте продолжиле понатаму. Лузната е тетоважа на триумфот за кој треба да се гордеете. Не им дозволувајте на лузните да ве држат како заложници. Немојте да живеете во страв. Не можете да направите лузните да исчезнат, но можете да го промените начинот на кој ги гледате. Почнете да ги гледате како симболи на силата, а не на болката.rn

    „Раната е место каде што Светлината влегува во вас.“ – Руми

    rnНајсилните души се создале благодарение на страдањето. Вашите лузни се доказ дека сте преживеале и успеале.rn

    5. Секоја борба е чекор напред

    rnТрпението не е исто што и чекањето. Трпение е способност да се задржи позитивната мисла додека работите на остварувањето на вашите соништа, знаејќи дека трудот ќе ви се исплати. Нема поента да почнувате, ако не мислите да потрошите повеќе време и да одите до самиот крај. Тоа понекогаш значи дека ќе ја изгубите стабилноста и удобноста на некое време. Тоа може да значи дека нема да јадете и спиете онака како што сте навикнале. Тоа може да значи дека толку многу ќе се оддалечите од вашата зона на удобност, што постојано ќе живеете во неизвесност.rnrnМожеби ќе треба да ги жртвувате вашите врски, ќе треба да го прифатите исмевањето на другите луѓе и да поминете многу време сами. Но, самотијата е дар што ги претвора соништата во реалност. Самотијата ви го дава потребниот простор. Ако навистина сакате да направите нешто, ќе го направите тоа без оглед на околностите. Ќе сфатите дека борбата не се појавува на патот, туку таа е самиот пат. Трудот нема да ви биде залуден. Ако веќе сте тргнале, одете до самиот крај.rn

    6. Туѓата негативност не е ваш проблем

    rnОстанете позитивни тогаш кога ќе бидете опкружени со негативност. Смејте се кога другите ќе се обидат да ве растажат. Задржете ја вашата мотивација и фокус. Кога другите луѓе ќе се однесуваат лошо кон вас, останете свои. Не дозволувајте туѓата огорченост да ве промени. Не ги сфаќајте работите премногу лично. Луѓето многу ретко дејствуваат поради вас. Тие дејствуваат поради нив самите. Никогаш не се менувајте за да импресионирате некој кој ви вели дека не сте доволно добри. Менувајте се само за да станете подобри.rnrnЛуѓето ќе зборуваат без разлика што правите и колку сте успешни. Погрижете се прво за себе, па потоа за туѓото мислење. Ако цврсто верувате во нешто, не плашете се да се борите за тоа. Најголемата сила доаѓа тогаш кога ќе го постигнете она коешто другите мислеле дека е невозможно да се направи. Правете го она што ви носи среќа и бидете со луѓето кои извлекуваат насмевка од вашето лице.rnrn8 работи на кои треба да се сетите кога нештата ќе тргнат наопакуrn

    7. Ќе се случи она што треба да се случи

    rnСилата се состои во тоа да останете насмеани и позитивни дури и тогаш кога имате многу проблеми за кои би можеле да се жалите. Во секое лошо, постои нешто добро, само треба да ги отворите срцето и умот за да го видите. Убавина со сила не бидува. Понекогаш едноставно треба да се препуштите на текот на работите.rnrnВерувајте ѝ на вашата интуиција, преземајте ризици, губете и наоѓајте среќа, ценете ги убавите сеќавања и учете од вашите искуства. Во тоа е убавината на трнливиот пат наречен живот. Престанете да се грижите и сомневате во секој чекор што го преземате на патот. Смејте се тогаш кога сте збунети, живејте во моментот и уживајте во она што светот ви го нуди. Можеби нема да завршите таму каде што сте планирале, но ќе стигнете токму онаму каде што треба да бидете.rn

    8. Сѐ што треба да направите е да продолжите напред

    rnНе плашете се повторно да застанете на нозе по падот. Не плашете се да се обидете, да сакате, да живеете и да сонувате повторно. Не им дозволувајте на тешките животни лекции да ви го заледат срцето. Најдобрите лекции се учат во најтешките времиња и од најлошите грешки. Некогаш ќе ви се чини како буквално сѐ да тргнало наопаку. Ќе мислите дека ќе засекогаш ќе останете заглавени во таа безизлезна ситуација. Но, тоа нема да биде така. Секогаш кога ќе помислите да се откажете, запаметете дека понекогаш нештата треба да тргнат наопаку за да се вратат на вистинската насока. Понекогаш треба да поминете низ најлошото, за да го извлечете најдоброто од себе.rnrnЖивотот е тежок, но вие сте силни. Секој ден наоѓајте причина за насмевка. Соберете храброст да бидете поинакви, но сепак прекрасни. Смејте ги луѓето околу вас. Не се нервирајте поради нештата што не можете да ги промените. Живејте едноставно. Сакајте несебично. Зборувајте искрено. Работете вредно. Дури и ако потфрлите, продолжете понатаму. Продолжете да созревате.

  • 5 причини зошто е добро да се преселите во непознат град

    5 причини зошто е добро да се преселите во непознат град

    Преселбите се тешки, особено доколку се одлучите да живеете во град каде што не познавате никого. Но, доколку си дозволите одреден период на адаптација и се препуштите на новите нешта што ги носи новото место, таквиот чекор може да биде најдобрата одлука што сте ја донеле во вашиот живот. Колку што се луѓето повозрасни, толку постресно го доживуваат преселувањето, иако годините никогаш не треба да бидат пречка за започнување нов живот и искористување на сите можности кои се отвораат пред вас.rnrnНо, доколку сте во вашите 20-ти и се двоумите дали да заминете во нов град, каде што можете да најдете нова работа, каде што ве чекаат нови предизвици и каде што темпото на живот целосно ќе ви се смени, сторете го тоа. Времето си минува, можете да останете уште долго во вашата удобна зона или да направите еден поголем чекор. Еве кои се петте причини поради кои е добро да се преселите во град каде што никого не познавате.rnrn(1) 5 причини зошто е добро да се преселите во непознат градrn

    1. Моќ да паузирате

    rnПреселбата во сосема нов град, каде што сте опкружени единствено со непознати луѓе, ви отвора можност да направите пауза во животот и да размислите до каде сте стигнале на приватен и на професионален план. Луѓето кои одлучуваат да започнат нов живот, во нов непознат град имаат време да се посветат на себеси, да се запрашаат што направиле, а што не направиле дотогаш во животот и кои им се новите цели кои сакаат да ги постигнат. Едноставно, за време на паузата имаат можност да размислат кои се нивните приоритети, да сменат одредени навики и размислувања и да започнат еден поинаков живот, кој можеби ќе ги направи и посреќни луѓе.rn

    2. Предизвик за вашата удобна зона

    rnСекој човек има некоја своја удобна зона од која што многу тешко може да излезе доколку нема доволно храброст и мотивација. Таму се чувствува безбедно и на секоја нова промена и нова одлука, којашто би му го сменила правецот на движење или одреден зацртан план, гледа како на одредена опасност. Со преселувањето во нов град, луѓето или работите на кои можете да се потпрете повеќе не се физички присутни. Вашето омилено место за излегување, чашата вино испиена со вашиот најдобар пријател во тешките моменти, вашето семејство, тоа се нештата кои многу ќе ви недостигаат. Но, дајте си време. Со преселувањето вие всушност ја проширувате вашата удобна зона и по некое време ќе бидете пријатно изненадени колку убави нешта и прекрасни искуства ќе ви понуди новиот град.rn

    3. Побрзо созревање

    rnСозревањето е процес којшто не е секогаш пријатен, но да бидеме искрени, тогаш човекот, преку своите грешки учи најмногу за себе и за светот. Преселувањето во нов град е пресвртница во која секако на крајот ќе бидете победник. Новото место и сосема непознатите луѓе ќе ве натераат да се запрашате кои сте и да откриете нови аспекти од вашата личност. Преселбата ќе ве направи посилни и посамоуверени, но секако ќе има и тешки моменти. Едноставно, прегрнете го новиот град и вашето ново искуство, а тоа ќе ви отвори нови патишта кон постигнување на зацртаните цели.rn

    4. Се проширува кругот на пријатели

    rnПреселбите со себе носат тешки моменти и носталгија. Но, придобивките од нив можат да бидат многу поголеми. Замислете колку нови познанства ќе стекнете во новиот град. Ќе се прошири листата на колеги, на пријатели, а ќе искусите и нова култура и обичаи за кои порано никогаш не сте слушнале. Новиот град ќе ви донесе нови пријателства кои ќе откријат нови аспекти од вашата личност, а ќе се прошират и границите на вашиот свет и начинот на кој ги гледате нештата. Секако, новите пријателства не можат да ги заменат вашите другари од детството и луѓето кои имаат посебно место во вашите срца, но можат да внесат поголемо искуство и нови знаења во вашиот живот.rn

    5. Независност и слобода

    rnКога се преселувате во сосема непознат град ќе бидете оставени сами на себе. Така ќе научите подобро да ги користите своите способности и самите да се снаоѓате во најразлични ситуации. Ќе се изненадите колку многу нешта можете да направите без ничија помош, за што претходно не сте биле свесни. Новиот град ќе ве научи повеќе да верувате во себе. Преселувањето ќе ви даде една нова слобода, којашто доколку ја искористите на правилен начин ќе ви овозможи незаборавно патување кон вашите нови успеси.

  • 11 знаци дека сте влегле во светот на возрасните

    11 знаци дека сте влегле во светот на возрасните

    Многумина се исплашени и збунети од самата помисла дека полека но сигурно треба да почнат да ги преземаат одговорностите што ги имаат возрасните. Тоа значи дека нема да можат повеќе да ги прават истите оние глупости со кои поминувале во минатото бидејќи никој веќе нема да им прогледува низ прсти. Сега ќе смеат да прават само работи со кои се одликуваат возрасните, што делува многу сериозно и здодевно. Ова се некои работи кои треба да ги направите за бестрашно и самоуверено да зачекорите во светот на возрасните:rnrn11 знаци дека сте влегле во светот на возраснитеrn

    1. Купете си убав рачен часовник

    rnЗаборавете на мобилниот телефон. Рачниот часовник ќе направи да изгледате посериозно и поодговорно, а и ќе ви помогне секогаш да бидете во чекор со времето. Дури и да доцните, барем ќе знаете точно колку доцните.rn

    2. Почнете да водите белешки

    rnЗапишувајте сè што треба да направите на хартија. Доколку ги забележувате работите само во телефон, ќе изгледа како да се допишувате со пријателите на Фејсбук. Пишаниот збор на хартија може да послужи како веродостоен доказ и сигурно ќе запаметите повеќе работи ако прво ги напишете рачно. Имајте планер и правете листи за обврските што треба да ги завршите. На тој начин никогаш ништо нема да заборавите.rn

    3. Не стискајте „снуз“

    rnНе мора да станувате порано, но будете се точно тогаш кога треба да станете. „Ама ми се спие уште…“ – оваа реченица не треба да биде изговорена од еден возрасен млад човек. Исто така, ако го започнете денот со тоа што ќе одбиете да направите нешто, лесно можете да влезете во рутина на постојано одложување на работите.rn

    4. Не откажувајте планови

    rnДетството е период од животот кога немаме никакви задолженија и обврски, но нештата се менуваат како што созреваме. Немојте да им откажувате состаноци на луѓето. Едноставно отидете, дури и да доцните или да не ви е баш по волја. Немојте да користите глупави изговори. Ако постојано откажувате, луѓето нема да ве сфатат сериозно и ќе ја изгубите нивната почит.rn

    5. Одговарајте веднаш на пораките

    rnАко ја имате потребната информација, нема причина зошто да не одговорите веднаш. Некои разговори знаат да бидат здодевни, но немојте да ги одбегнувате. Работите што можете да ги завршите во моментот, не ги оставајте за подоцна. Така само ќе ви се натрупаат еден куп обврски и кога ќе дојде времето кога ќе мора да ги завршите, нема да знаете од каде да почнете.rn

    6. Набавете си растение или милениче

    rnФактот што нечиј живот ќе биде во ваши раце, ќе ве научи да бидете поодговорни. Почнете со еден обичен кактус и продолжете понатаму со животни форми кои бараат повеќе грижа и внимание. Ќе сфатите дека ако не водите доволно грижа за нечиј живот, тој нема да трае долго. Ќе добиете бонус поени доколку успеете да го одржите во живот онолку колку што му трае животниот век.rnrn11 знаци дека сте влегле во светот на возраснитеrn

    7. Стигнете до посакуваната дестинација без ничија помош

    rnАко сè уште зависите од вашите родители или пријатели кога станува збор за транспорт, вие не сте подготвени за светот на возрасните. Мора да научите да бидете независни, а тоа подразбира да можете сами да стигнете онаму каде што треба. Не мора да ги знаете сите улици на памет, но барем научете да користите јавен превоз.rn

    8. Чувајте си ги сами важните документи

    rnВажно е во секое време да знаете точно каде се вашите лични документи како пасош, диплома, извод на раѓање и слично. Немојте да очекувате од вашите родители да ги чуваат заедно со нивните документи. Обезбедете си своја сопствена папка и сместете ја во посебна фиока. Направете и неколку копии за секој случај. Мора да се соочите со фактот дека светот на возрасните подразбира многу административни работи.rn

    9. Чистете си го сопствениот неред

    rnНе чекајте некој да ви каже да си го средите нередот или да си ги измиете садовите. Не оставајте хаос зад себе. Не е многу забавно да се чисти постојано, но тоа е една од работите која едноставно мора да се заврши. Можеби некогаш ќе се најдете во ситуација да го чистите и туѓиот неред, но запаметете дека сè тоа е дел од она што значи да се биде возрасен.rn

    10. Штедете

    rnНемојте да се жалите, не е толку тешко. Всушност не мора да правите ништо. Едноставно не купувајте. Никогаш нема да имате онолку пари колку што сакате. Важно е да ја научите разликата помеѓу зборовите „ми треба“ и „сакам“. Треба да ги платите сметките, а сакате да ги купите оние фармерки покрај 10-те други пара што веќе ги имате. Една од клучните особини што ги краси возрасните е самоконтролата. Барем така велат.rn

    11. Знајте кога е време за забава, а кога за работа

    rnЧесто ќе се соочувате со паметувањето на другите луѓе кои ви кажуваат кои работи му прилегаат на еден возрасен човек, а кои не. Тоа би значело дека пиењето текила во недела вечер не е баш најсјајна идеја. Вашиот внатрешен часовник самиот ќе покаже кога е време за забава, а кога треба малку да олабавите и да се посветите на работата. Ја немате повеќе онаа кондиција како кога бевте тинејџер. Мора да внимавате малку и на своето здравје.rnrnВлезот во светот на возрасните може да делува застрашувачки и сигурно се чувствувате збунето и изгубено. Но, кога ќе влезете во рутина ќе видите дека покрај сите одговорности што доаѓаат со него, носи и многу забавни работи во една поинаква смисла на зборот. Уживајте во најпродуктивните години од вашиот живот и извлечете го максимумот од нив.

  • 5 причини зошто треба да се ослободите од перфекционистичката природа

    5 причини зошто треба да се ослободите од перфекционистичката природа

    Перфекционизмот е многу заморен и напорен. Се асоцира со страв, грижа и анксиозност, а се забележува кај индивидуи кои имаат тенденција кон одбегнување, зависни личности и лица со опсесивно-компулсивно нарушување. Ова се петте причини кои ќе ве убедат да се ослободите од него.rnrn0-5-pricini-zosto-treba-da-se-oslobodite-od-perfekcionisitickata-priroda-kafepauza.mkrn

    1. Добиваме чувство на слобода

    rnКога слободата би била суперхерој, перфекционизмот би ѝ бил најлош непријател. Ние сме робови на безмилосниот перфекционизам, особено во моментите кога ќе се сетиме на сите грешки кои некогаш сме ги направиле. Па така, наместо да се фокусираме на успесите, ние се фокусираме на грешките. Никој не сака да прави грешки, но треба да ги прифатиме и да разбереме дека тие се дел од нас. Ако вака го сфатиме работите, тогаш ние сме слободни – без да нѐ дефинираат грешките.rn

    2. Стануваме зрели

    rnКај перфекционистите постои само успех или неуспех – нема ништо измеѓу. Нема место за напредок и созревање затоа што тоа остава простор за неуспех, а перфекционистите не можат да си го дозволат тоа. Во тие случаи, функционираме во склад со нашата комфорна зона и не развиваме нови способности. Ако пак не се водиме од стравот или неуспехот, не се ограничуваме на она што го знаеме и можеме. Така, поголеми се шансите да ризикуваме и да научиме нешто ново и да созрееме уште повеќе.rn

    3. Учиме да ги цениме малите работи

    rnДа бидеме реални – никој не сака да поминува низ тешки периоди и да се справува со предизвиците кои животот секојдневно ни ги задава. Всушност, перфекционистичката природа е она што нѐ „штити“ од негативните искуства. Но тоа би важело само за совршените суштества кои можат да ја прескокнат емоционалната болка која оди заедно со искуствата од животот.rnrnЗа да бидеме најдобри верзии од себеси мора да почувствуваме болка – таа нѐ прави посилни и ни дава идентитет. Нашата можност да ги пребродиме неизбежните предизвици е тоа што нѐ обликува како личности. Затоа е добро да почувствуваме болка – затоа што следниот пат ќе знаеме да се справиме со неа.rnrn1-5-pricini-zosto-treba-da-se-oslobodite-od-perfekcionisitickata-priroda-kafepauza.mkrn

    4. Можеме да блеснеме

    rnШто e всушност перфекционизмот? Дека никогаш нема да згрешиме? Дека никогаш ништо нема да направиме поразлично? Да, перфекционизмот нѐ прави внимателни и понекогаш успеваме да избегнеме неуспех поради тоа, но благодарение на него ние не можеме да го постигнеме нашиот целосен потенцијал – ги затскриваме нашите уникатни аспекти од себеси, а тие аспекти би направиле да блеснеме и да се истакнеме како индивидуи. Ако бевме совршени, што и да правевме сѐ ќе беше исто. Една иста работа сите ќе ја правевме на еден ист начин – правилниот. Откако би размислиле, подобро е што сите сме различни, нели?rn

    5. Ги намалуваме шансите за појава на анксиозност и други ментални нарушувања

    rnСпоред генетиката, нашето психолошко функционирање и средината во која живееме, ние можеме да имаме предиспозиции за некои болести или нарушувања. Но иако желбата да бидеме совршени не е болест, сепак ако не реагирате веднаш таа може да предизвика разни нарушувања. Константната потреба од совршенство и стравот од неуспех може да доведе до чувство на анксиозност и намалување на емоционалната енергија. Мора да бидеме добри кон нашите мисли за тие да бидат добри кон нас.rnrnАко имате перфекционистички тенденции кои ѝ пркосат на вашата функционалност, односите со луѓето или го забавуваат напредокот во другите полиња од вашиот живот, размислете да посетите психотерапевт кој специјализирал во областа на анксиозноста.

  • Дали во љубовта созреавте малку подоцна од другите? Овие нешта го докажуваат тоа

    Дали во љубовта созреавте малку подоцна од другите? Овие нешта го докажуваат тоа

    Не секој ја пронаоѓа својата љубов во средно училиште. Но главно, ние мислиме дека времето за првиот бакнеж и првата врска се токму тинејџерските години. Влегувањето во дваесеттите без да ги имаме искусено овие нешто за некого претставува вистински срам, но нема ништо срамно во тоа да задоцните малку во љубовта. Најважно е сите овие работи да ги испробате кога ќе бидете спремни и секако со вистинската личност.rnrn1-dali-vo-ljubovta-sozreavte-malku-podocna-od-drugite-ovie-neshta-go-dokazhuvaat-toa-www.kafepauza.mk_rnrn1. Се чувствувате чудно кога сте опкружени со лица од спротивниот пол. Потребно ви беше некое време за да сфатите дека не можете да ги разберете момците. Тие се како еден вид вонземјани кои сакате да ги проучите, но не знаете од каде да започнете.rnrn2. Не се ни обидувавте да бидете нашминкани во средно училиште. Додека вашите пријателки експериментираа со моливот за очи, вие станувавте подоцна само за да се облечете и да излезете низ врата. Тие мислеа дека со шминката ќе бидат забележани од страна на момците, а вие едноставно не се грижевте за тоа.rnrn3. Повеќе бевте фокусирани на кој факултет ќе се запишете отколку со кое момче сакате да излегувате. Уредно и убаво пополнета пријава за факултет е поважна од излегувањето со некое момче кое само ќе ви го скрши срцето.rnrn4. Вашиот прв бакнеж беше толку чуден што вашиот втор бакнеж се случи неколку години подоцна. Сигурно имавте трема и не знаевте што правите со вашиот јазик. Не знаевте што всушност се случува, па решивте да заборавите на тоа.rnrn5. Немавте дечко сè додека не навлеговте во дваесеттите. И не се грижевте за тоа. Гледавте што им се случуваше на вашите пријателки, па не се брзавте. Подобро би биле со некој кој има искуство во врските отколку со некој кој би требало да го учите на сè.rnrn2-dali-vo-ljubovta-sozreavte-malku-podocna-od-drugite-ovie-neshta-go-dokazhuvaat-toa-www.kafepauza.mk_rnrn6. Губењето на вашата невиност никогаш не ви била приоритет. Додека сите планираа каде, со кого и кога ќе го направат тој голем момент, вие уживавте и го славевте вашиот статус.rnrn7. Ѝ превртувавте очи на вашата пријателка која беше „луда“ по момчиња. Бевте изморени од следење на нејзината листа со момчиња кои ѝ се допаѓаат, па почнавте да ги складирате во вашата меморија под разни прекари кои сами ги смислувавте.rnrn8. Дури и кога момците покажуваа интерес за вас, вие не сакавте да ви пречат. Вие не се грижевте за денот кога момците ќе започнат да ве забележуваат. Дури и кога тие ќе покажеа интерес за вас, вие немавте време за нив и сите тие работи кои доаѓаат со врските.rnrn9. Но, вие не бевте свесни за момците кои ве загледуваа. Ако вашата пријателка ви кажеше дека некое момче ве загледува, вие само ќе се завртевте, ќе се насмеевте и ќе продолжевте со својата работа.rnrn10. Вашите стандарди се високи. Вие никогаш не се заљубувавте само во убавото лице. Ви беа важни и квалитетите, но никогаш не ги пронајдовте во момците на ваша возраст.

  • Неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни

    Неочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасни

    Растењето никогаш не било лесно и никој не може однапред да ве подготви за светот на возрасните. Постојат проблеми со кои ќе се соочите за кои како тинејџери никогаш не би ни помислиле дека можат да постојат. Но, вистината е дека и покрај тоа што има негативни страни и многу обврски, постојат и цел тон нови и возбудливи нешта кои го прават вашиот живот како возрасни прекрасен. Погледнете дел од нив…rnrnНеочекуваната убавина на созревањето и животот како возрасниrn

    Самостојно истражување

    rnЕдно од најчудните делови на „возрасниот“ живот се сите оние „рандом џебови“ од слободно време. Вие немате притисок да учите за испити, ниту пак да читате за семинари, па токму затоа можете слободно да излезете сами во град и да шетате без никакви грижи. Едно од најдобрите чувства на светот е знаењето дека времето е само ваше и дека вие одлучувате што ќе правите со него.rn

    Гордоста дека успевате сами

    rnНе постои подобро чувство од она кога успевате сами да си ги платите сметките. Вие работите, заработувате и ги распределувате парите онака како што вие сакате. Одвреме-навреме и ќе се почестите нешто за добро завршената работа, па дури и покрај тоа што не сте милионери, сепак можете да кажете дека со труд сте стигнале онаму каде што сте сега.rn

    Излегување во бар и пиење само една пијачка

    rnСите тинејџери и млади возрасни понекогаш (читајте: не многу ретко) прават дискутабилни и неодговорни одлуки кога станува збор за алкохолот. Тие едвај чекаат да дојде викендот за да можат целосно да се опуштат и притоа немаат никаква граница и не можат да проценат кога да престанат. Но, откако ќе ги надминете овие луди денови, вие веќе немате потреба од сите тие викенди кои изобилуваат со алкохол. Вие сте задоволни со само една чаша вино и разговор со вашите најблиски.rnrnДа се биде возрасен значи да се однесува одговорно, а дел од ова однесување е и знаењето на вашите граници. Тоа не значи дека одвреме-навреме нема да претерате, но со оглед на тоа што мамурлакот е сè потежок со текот на годините, со тек на време едноставно веќе нема да ви вреди за маката.rn

    Запознавање пријатели на неконвенционални начини

    rnЗапознавањето луѓе беше многу едноставно за време на средно и факултет. Без разлика дали патувавте со истиот автобус или пак, бевте во ист клас, секогаш налетувавте на луѓе со слични интереси како вашите. Но, откако почнувате со секојдневна работа, вашиот живот добива сосема нова насока и повеќе не сте изложени на толку нови пријателства истовремено. Токму затоа лесно е да се почувствувате невидливи и сами. Но, наместо да бидете тажни, вие можете да се обидете да го најдете тинејџерот во себе, онаа личност која лесно наоѓала пријатели во минатото, и со нејзина помош да излезете од вашата удобна зона и повторно да почнете да го ширите вашиот круг на пријателства. Без разлика дали тоа ќе биде на работа или пак, во маркетот.rn

    Уживање во вашето друштво

    rnЕдна од најтешките вистини за созревањето е фактот што сите продолжуваат понатаму. Без разлика дали станува збор за брак, деца, преселување во друг град или држава, луѓето на некој начин се оддалечуваат. Па, токму затоа мора да започнете врска со себе. Вие треба да научите да ги слушате вашите желби и потреби, понекогаш да барате утеха во неудобната тишина, како и навистина да сакате да бидете сами. Зошто да не излезете некогаш на вечера во ресторан сами со себе? Тоа е сосема природно и ви овозможува слободно време кое можете да го поминете сами со вашите мисли.rn

    Целосно познавање на себе

    rnПоголемиот дел од адолесценцијата како и во периодот на млади возрасни, многу луѓе постојано се обидуваат да го кажат и направат она што сметаат дека е правилно за луѓето околу нив, дури и ако тоа значи дека ќе одат спротивно од своите верувања. Тоа се случува поради потребата да се припаѓа. Но, кога ќе преминете во светот на возрасните, вие учите како да се прифатите себеси, во целост. Повеќе не се плашите да ја слушате музиката која ви ја бара срцето, ниту пак да ја покажете вашата желба за готвење, бидејќи навистина сакате да бидете 100% вие.rn

    Блаженство кое доаѓа од непознатото

    rnДа бидеме реални, животот е навистина стресен. Особено во почетокот, откако ќе завршите со студирањето и ќе почнете да одите на интервјуа. Или пак, кога ќе почнете да работите и кога ќе сфатите дека парите едвај ви помагаат да го истуркате месецот. Во тие моменти сте убедени дека никогаш нема да успеете во ништо. Но, голем дел од растењето е да прифатите дека многу од работите се вон ваша контрола и дека колку и да се обидувате, сепак многу нешта нема да излезат онака како што сте ги планирале. Ова не секогаш е лошо, од каде знаете, можеби понекогаш токму тие ќе ви помогнат да погледнете кон животот од друга перспектива.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 „сурови“ реалности кои ни помагаат да созрееме

    10 „сурови“ реалности кои ни помагаат да созрееме

    Автор: Сара ТурановиќrnrnКарактерот и мудроста се развиваат со тек на време. Тие произлегуваат од поразите, лекциите и од победите. Доаѓаат од сомнежот, грешките и од истражувањето на непознатото. Кога би постоел конечен пат кон среќата, сите би биле на него. Семето на нашиот напредок се сее во нашите претходни неуспеси. Нашите најголеми приказни се создаваат со надминување на најголемите пречки и најтешките битки. Нашата слава се раѓа од нашата болка. Затоа продолжете да стоите на нозе, продолжете да учите и продолжете да живеете. Почнете да гледате на суровите реалности во животот и на најтешките предизвици како пријатели кои ви помагаат во развојот. Ви набројуваме неколку мисли кои ќе ви помогнат.rnrn10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mkrn

    1. Првиот чекор никогаш не е лесен

    rnПочетоците на вистинските работи секогаш се најтешки, но токму овие тешкотии ќе ви го отворат патот кон успехот. Бидете цврсти и задржете ја вербата. Ќе се исплати на крај. Најголемото чудо на вашиот успех нема да биде тоа што сте завршиле туку вашата сила и храброст кои ви биле потребни за да започнете. И запомнете, не е дека оние кои се силни, понекогаш не чувствуваат страв во колената или запирање на здивот пред да зачекорат… Разликата е во тоа што, додека им се тресат нозете, земаат здив и го прават првиот чекор.rn

    2. Добрите работи никогаш не се брзи и лесни

    rnЖивотот не е лесен, но вреди. Ако очекувате да биде лесен, ќе се разочарате. За достигнување на што било коешто е вредно потребно е време и труд. Усогласете го вашиот труд со вашите цели, направете секој ден чекор нанапред од претходниот и борете се посилно од претходно. Упорноста е најчеста карактеристика на луѓето кои ги постигнале своите цели. Тие едноставно не сакаат да се откажат. Колку подолго ќе издржите, толку е поголема веројатноста дека ќе се случи нешто во ваша корист. Успехот е среќа која доаѓа од стремежот, очајот, потењето и инспирацијата. Без разлика на тоа колку напорно изгледа, колку повеќе сте упорни, толку е поголема веројатноста за вашиот успех.rn

    3. Секогаш ќе имате помалку контрола отколку што мислите

    rnЕдинствената работа која можете да ја контролирате во животот е вашата реакција кога работите ќе излезат од контрола. Колку повеќе се прилагодите на реалноста, толку вашите искачувања ќе бидат побрзи, но и побрзо ќе се издигнувате од падежите во животот. Поедноставно, исполнет живот значи да ја прифатиме ситуацијата каква што е, токму тука и сега. Сигурно често сте биле во ситуација во која сте сметале дека се случува нешто лошо, но подоцна со анализирање сте сфатиле дека токму тоа ве упатило кон нешто подобро. Нема потреба да контролирате сè за да дојдете до среќа и мир. Само опуштете се и дозволете судбината да го направи своето. Верувајте дека сè ќе биде како што треба. Дозволете животот да се одвива на начин на кој треба да се одвива, бидејќи понекогаш резултатите кои не можете да ги промените, на крај ве менуваат вас, и ви помагаат да го постигнете вашиот целосен потенцијал.rnrn0-10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mkrn

    4. Не може да избегате од ризикот без да го избегнете животот

    rnКако што Хенри Дејвид Торо изјавил: „Кога ќе дојде смртта, не дозволувајте во тој момент да сфатите дека воопшто не сте живееле“. Животот е ризик. Среќата е ризик. Ако понекогаш не се плашите ни малку, тогаш правите нешто што не е во ред. Не грижете се околу грешките и неуспехот, туку сетете се што губите ако се откажете. Грижете се за животот кој не го живеете и за среќата која ја испуштате, додека живеете во својата зона на сигурност. Дозволете си еднаш да бидете од оние кои преживеале додека правеле грешки, се опоравиле од нив и израснале во своето вистинско „јас“.rn

    5. Вашите најголеми проблеми се обично во вашата глава

    rnГлавната причина за несреќа и пораз никогаш не е моменталната ситуација туку вашите мисли во врска со неа. Среќата и успехот се темелат на две состојки – начинот на кој размислувате и начинот на кој реагирате врз основа на вашите мисли. Човечките суштества ја имаат таа моќ да мислат дека можат да направат големи работи, во овој момент, без потреба од ништо друго. Често пронаоѓањето на вашиот пат не значи откривање нови работи туку нов поглед на работите кои веќе се тука. Кога ќе го направите ова ќе сфатите дека разликата помеѓу камењата од кои се сопнувате и камењата кои служат како скали, е само во начинот на нивната примена.rn

    6. Долготрајната среќа не може да се купи, треба да се заслужи

    rnАко би живееле опкружени со стари нешта со мала важност, а не со траги од среќни, страсни спомени, тогаш останете фокусирани на постигнувањето материјални нешта. Во спротивно престанете да се занимавате со работи кои може да ги допрете и почнете да се грижите за она што може да ве допре вас. Секој од нас има единствен пламен во срцето што прави да се чувствуваме живи. Наша должност е да го пронајдеме и задржиме. Што и да правите не трошете го својот живот само за да преживеете. Уживајте во подароците кои не може да ги купите со пари. Ветете си дека ќе останете верни на својата љубов, на своите вредности и цели. Нека вашето срце и ум работат заедно. Направете сè што е потребно за еден ден, месеци подоцна, да погледнете на својот живот, да воздивнете и искрено да се насмеете.rnrn1-10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mkrn

    7. Нема секој да ве поддржи

    rnАко секоја навреда или грд збор го прифаќате сериозно, ќе бидете навредени до крајот на животот. Една од најслободните работи кои ги учиме во животот е дека не секогаш треба да се сложиме со мислењето на останатите, но и останатите не мора секогаш да се сложат со нас. Како што Брус Ли кажал „Не сум дојден на овој свет за да ги живеам вашите очекувања, ниту сте вие тука за да ги живеете моите“. Не го заборавајте овој цитат поради туѓото мислење. Потребно е долго време за да научиме да не судиме за себе низ туѓи очи, а кога ќе научите светот е ваш. Дојдени сме на овој свет за да го откриеме нашиот живот и никогаш нема да бидеме среќни ако пробаме да ја живееме туѓата идеја за нашиот живот. Затоа не грижете се што останатите мислат за вас. Без разлика што тие зборуваат за вас и вашите избори, сетете се дека ви е потребно само вашето одобрување.rn

    8. Подобро ви е без некои луѓе за кои се грижите

    rnВо најтешките ситуации во вашиот живот ќе откриете кој е навистина тука за вас. Забележете кој е тука за вас, а кој не и бидете им благодарни на оние кои заминале бидејќи ви дале простор за да ги сакате оние кои останале со вас и ве сакале кога сте мислеле дека сте сами и напуштени. Подарете му го вашето отсуство на оние кои не го ценат вашето присуство.rn

    9. Не може да бидете среќни без одредена количина тага

    rnЧак Паланик рече: „Единствениот начин да ја пронајдете вистинската среќа е да ризикувате да бидете целосно отворени“. Ова е вистина. Одредена количина тага е неопходна. Сè во животот има добри и лоши страни. Не може да очекувате чувство на задоволство ако не сте почувствувале болка, среќа без тага, самодоверба без страв, надеж без чувство на несигурност. Во животот не постои паричка со едно лице за да купите живот без болка и тага. Животот е полн со успеси и падежи – авантура која бара преземање ризик и способност за можен успех и неуспех.rn

    10. Што било, било – животот оди понатаму

    rnАко во себе чувате тешки емоции за нешто што се случило во минатото, тие може да ве спречат да бидете продуктивни во сегашноста. Може да се сожалувате себеси или да гледате на нив како дел од вашето созревање. Може да биде можност за созревање или пак препрека која ќе ве држи назад. Изборот е ваш. Длабоко воздивнете, сè ќе биде во ред, можеби не денес, но на крај ќе биде. Има моменти кога ништо нема да ви оди од рака. Тогаш можеби ќе се чувствувате како да сте заглавени во тоа време, но тоа не е точно. Секако, сонцето понекогаш заоѓа, а можеби ќе слушнете и две-три громотевици, но на крајот сонцето повторно ќе огрее. Понекогаш е потребно само да останеме позитивни што е можно подолго за да го видиме сонцето кое се пробива од густите облаци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Ништо“ – Кармен Лафорет

    Книга: „Ништо“ – Кармен Лафорет

    Приказна за созревањето на една млада девојка во пост-воена Шпанија, која нема да ве остави рамнодушни

    rn

    Книга: „Ништо“ – Кармен ЛафоретНаша оценка: 7/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnАко ви кажеме дека „Ништо“ се наоѓа на светската листа од 1001 книга кои мора да ги прочитате во текот на вашиот живот, ќе ве заинтригираме ли доволно? Ако не, дајте ни друга шанса. Станува збор за едно од најмоќните и најважните книжевни дела од пост-воена Шпанија, напишано кога самата авторка имала само 23 години. Она што на литературните критичари не им е јасно, е тоа како оваа млада изолирана девојка успеала да создаде нешто што може да стои на исто рамниште со светските книжевни класици? Сепак, да не забораваме дека имагинацијата не познава граници. Постојат и слични примери во литературата, како оние на сестрите Бронте, кои иако не виделе ништо од реалниот свет, создале еден посебен и неповторлив имагинарен свет, плод на нивната фантазија.rnrnИздадена околу 5 години по граѓанската војна во Шпанија, „Ништо“, баш како што кажува и самиот наслов, е типична книга за пост-воен период, срушени надежи и идеали, готска атмосфера и мрачни гледишта, слично како „Пуста земја“ на Елиот. Сепак, самото раскажување на младата девојка, кое патем навестува автобиографски тон, дава една нова свежа перспектива, зрачи со смиреност, едноставност и енергија која нема да ве остави рамнодушни.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnПо смртта на нејзината мајка, Андреа, исто како и самата авторка, го напушта родното огниште на 18-годишна возраст за да се пресели во големата Барселона и да студира книжевност. Мрачната атмосфера во станот на нејзиното семејство во Барселона, ни одблизу не ѝ навестува можност за остварување на нејзините соништа во големиот град на можности. Во станот живеат бабата на Андреа која ретко спие, постојано е загрижена и многу заборава, нејзините двајца вујковци, една католичка тетка која сака да ѝ држи предавања, жената на нејзиниот вујко Хуан, нејзиното синче, една слугинка и едно смрдливо куче. Еден од нејзините вујковци, Роман, е музичар кој бесцелно лута по светот и патува како типична изгубена боемска душа. Другиот вујко Хуан, е сликар кој ја тепа својата жена и секојдневно ја опсипува со пцости. Глорија пак, пред да му стане жена на Хуан била љубовница на неговиот брат, додека ликот на слугинката е опишан како типична љубопитна слугинка која се сити на несреќите на своите газди.rnrnАндреа е чудна и повлечена девојка која во училиштето ја запознава Ена, единствената девојка која ја прифаќа. Андреа има чуден, но волшебен карактер кој ќе ве натера да ја анализирате и будно да ги следите нејзините постапки. Својот месечен надомест го троши така што живее како цар првите три дена, за во остатокот од месецот да живее како голтар. Таа воглавно ги троши парите на цигари, слатки и цвеќиња за мајката на Ена.rnrnКнига: „Ништо“ – Кармен ЛафоретrnrnАндреа е прекрасен наратор. Лафорет напишала бројни дела во текот на нејзиниот живот, и како што самите критичари велат, тие биле подобро напишани, попрецизни и поправилни од „Ништо“, но ниедно не успеало да ја надмине неговата генијалност. Книгата ни опишува една многу јасна слика од Шпанија во пост-воениот период. Воглавно гради спротивности и контрасти како оној меѓу сиромашните семејства со изгладнети членови и богатите кои можат да си дозволат раскош.rnrnНека не ве плаши мрачната и морничава атмосфера на романот, бидејќи чистата интелигенција, остриот јазик, дозата радост и надеж во раскажувањето на Андреа е воздигнувачко чувство. „Ништо“ е модерна приказна на срушени соништа, илузии и идеали по војната, филозофска книга која ќе ве поттикне на размислување и истовремено стилски воздигната.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 3 декември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Филм: Момчештво (Boyhood)

    Филм: Момчештво (Boyhood)

    Најдобриот филм на нашето време

    rnФилм: Момчештво (Boyhood)Режија: Ричард ЛинклатерrnrnУлоги: Елар Колтрејн, Патриша Аркет, Итан Хоук, Лорелај ЛинклатерrnrnВреметраење: 165 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 15 август 2014rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Момчештво“ е најдобриот филм на нашето време, или барем еден од најдобрите. Процесот на растењето е магија, а кога тоа ќе се донесе на екранот со сите негови бои, големата живописност и шарм, тогаш неизбежно се добива парче филмско задоволство кое прави гледачот да се чувствува убаво и да го запамети тоа. Заслугата за тоа во најголем дел ја носи режисерот и сценарист Ричард Линклатер, кој уште во деведесеттите години на минатиот век добил желба да сними филм за растењето и поврзаноста на децата со родителите во тој процес. Знаејќи дека повеќе различни актери кои толкуваат една иста улога можат да ја разводнат неговата идеја, се одлучил на оригинален потег – филмот го снимал со истите актери во текот на 12 години. Оние што се мали кога почнува филмот ги гледаме како растат, оние што се возрасни ги гледаме како стареат. Линклатер ја собирал екипата одвреме-навреме и снимале по неколку сцени кои се однесуваат токму на возраста на актерите токму во периодот на снимањето.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrnПочетокот на овој еп е во 2002 година кога малиот Мејсон има 7 години и оди во прво одделение. Тој живее со постарата сестра и самохраната мајка. Го нема видено татко му речиси година и пол, но тогаш тој се враќа и ги посетува своите деца по еден викенд на секои две недели. Тоа се деновите кога Мејсон го прашува татко си дали постојат еднорози, а оттогаш па натаму приказната продолжува со совршени и едвај забележливи премини од еден во друг период, а Мејсон е сè позрел во секој нареден дел. Она што денес е разговор за еднорози, утре е опседнатост со видео игри, па разговори за девојки. Линклатер одвојува по неколку клучни моменти во секој од периодите, давајќи ни слика за неговиот развој и за влијанието на родителите и околината врз него. Притоа ги следиме и неговите родители низ нивниот процес на растење и созревање, правењето грешки, каењето и исправањето на грешките.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrnНеобично делува следењето на овие луѓе како што одминуваат годините. Се изгледа премногу реално за ова да биде филм. Мејсон расте, го менува изгледот, почнува да му расте брада… а тоа навистина е истиот актер кој само пред минути беше во прво одделение. Ова личи на тајмлапс видео во кое е сместено најважното од 12 години снимање на вистинска животна приказна, а не на филм. Главна причина за тоа е оригиналниот пристап на режисерот, но голема заслуга оди и на сметка на извонредната глума на актерската екипа. Зарем некој би помислил дека Итан Хоук не му е навистина татко на она мало љубопитно момче кое созрева заедно со него како актер? Друг убедлив фактор е површното внесување на настани од односните периоди и музиката која била актуелна во тоа време. Така, слушаме за војната во Ирак само колку да разбереме за кое време се работи, а останатото е во служба на портретирање на про-демократски и пацифистички настроениот татко. Тоа е доволно за раскажување на ваква интимна приказна.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrnНо, ова е само мал дел од причините поради кои „Момчештво“ го има угледот кој го има, и кај публиката и кај критичарите. Можам до бескрај да ги набројувам неговите елементи кои го прават вреден за гледање, но тогаш би ви одзел од она што ве чека ако решите да го гледате. На крајот на краиштата, приказната е таква што секој би можел да се препознае себеси во некој од ликовите. Секој од нас растел и со себе ги носи белезите кои минатите настани и луѓе ги оставиле врз него. 2 часа и 45 минути се дури малку за да се изгледа тоа одново.rnrnФилм: Момчештво (Boyhood)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 животни цели кои секој 20-годишник сака да ги оствари

    14 животни цели кои секој 20-годишник сака да ги оствари

    Сонуваме за голем успех и финансиска независност проследена со гордоста во очите на нашите родители. Еве што сè посакуваме да ни се оствари во нашите 20-ти.rnrn14 животни цели кои секој 20-годишник сака да ги оствариrn

    1. Добивање на првата плата од постојана работа

    rnИако сме благодарни и горди на парите кои сме ги заработиле од сезонските работи, гордоста е голема да се трошат парите од нашата прва, стабилна и постојана работа.rn

    2. Посета на доктор со сопствено здравствено осигурување

    rnНе здравствено осигурување на име на родителите, туку здравствено осигурување од вашата постојана работа како возрасни и независни.rn

    3. Селење во сопствен стан/дом

    rnКаде не можете да очекувате вашата мајка да го среди нередот по вас, вие сте задолжени самите за себе.rn

    4. Финансиска независност

    rnСвои финансии, моќ за располагање со нив, но и разум за правилно однесување со парите.rn

    5. Имање заштеда

    rnКолку и да е тешко да се тргне на страна некој денар, успех е ако почнете да штедите во вашите 20-ти.rn

    6. Првата сериозна врска

    rnКоја трае најмалку една година и во која и двете страни се однесуваат како возрасни личности, а не како тинејџери. Можеби ќе заврши со брак, можеби нема.rn

    7. Одење на вистински одмор

    rnОна што секој 20-годиншник го сака е одењето на вистински одмор, сместување во хотел накитен со повеќе ѕвездички и гардероба купена специјално за одморот.rn

    8. Стекнување навика за правилна исхрана

    rnДа се храниме како возрасни, не со хамбургери, тостови и шпагети. Да знаеме да си зготвиме нешто добро, нешто како она што сме го јаделе дома.rn

    9. Купување кола со сопствени финансии

    rnЗборуваме за голем успех кој секој од нас го посакува. Да може да му ја подариме колата што ни ја купиле родителите на помалиот брат и да возиме низ градот со сопствен кул автомобил…rn

    10. Вложување на првата инвестиција

    rnМоже да биде и многу мала, но да направиме некоја инвестиција за нашата иднина.rn

    11. Правење голем чекор кон созревање

    rnКако на пример, ослободување од тинејџерската облека или премачкување на собата во друга боја. Сакаме да останеме деца во душата, но и да созрееме.rn

    12. Првата успешна расправа за покачување на плата

    rnСметате дека иако сте млади заслужувате покачување и унапредување, собирате храброст и влегувате во канцеларијата на шефот… па нека биде што биде.rn

    13. Да ги почастите родителите со вечера

    rnДа ги изнесете родителите на вечера а кога ќе дојде сметката вие да посегнете по неа, за промена.rn

    14. Јавно објавување на некој свој труд

    rnКнига, научно излагање, јавен говор и сл. Нешто во што сме вложиле многу труд и сакаме да го видиме нашето име на првата страница.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.