КАФЕ ПАУЗА

Tag: созревање

  • 20 знаци кои покажуваат дека сте веќе развиена личност

    20 знаци кои покажуваат дека сте веќе развиена личност

    Постои забележителна разлика помеѓу развиените, свесни луѓе и неразвиените, несвесни луѓе. Еволуирањето е процес кој почнува со свесното будење. По будењето не можете да останете личноста којашто сте биле порано. Кога ќе нурнете длабоко во себе ќе ги најдете доказите дека сте се развиле и промениле. Ако сè уште не можете да ги најдете, овие знаци ќе ви помогнат да сфатите дека сте веќе развиена личност.rnrn20 знаци кои покажуваат дека сте веќе развиена личностrn

    1. Знаете кои сте

    rnСпоред психолошката теорија за идентитет, постојат четири развојни фази на идентитетот. Во првата фаза немате идентитет и ја прифаќате која било идеологија на која ве научиле родителите. Во втората фаза почнувате да го ширите вашиот круг, но пасивно следите без испитување. Во третата фаза доживувате криза на идентитетот. Сфаќате дека сте копирале и сте следеле целиот живот. Почнувате да се сомневате во своите избори и вредности. Поради ова почнувате да истражувате нови животни стилови, верувања, пријатели и култура. Многу луѓе заглавиле во третата фаза и имаат трајна криза на идентитетот. Во четвртата фаза сте ја надминале кризата и самостојно сте го одредиле вашиот идентитет, односно идеологија, кариера, вредности и слично.rn

    2. Знаете што сакате

    rnКако развиена личност вие сте посветени на некој пат во животот. Знаете што точно сакате. Постојат два вида креирање – ментално и физичко. Можете да ја креирате вашата идеална судбина и да ја следите без скршнување од патот. Бескрајното истражување е завршено. Подготвени сте да навлезете подлабоко.rn

    3. Чувствувате дека сте онаму каде што треба да бидете

    rnСе чувствувате како да имате некакво водство. Вие сте на вистинско место и на вистинскиот пат. Во согласност сте со вашите желби и го манифестирате животот што треба да го живеете.rn

    4. Верувате дека имате влијание над настаните во вашиот живот

    rnСвесни сте дека вие, а не некој или нешто друго, го контролирате вашиот живот. Верувате дека сте одговорни и дека имате моќ да направите што сакате.rn

    5. Вашиот живот има ваши услови

    rnВие сте отпорни на програмите на другите. Секој момент го поминувате правејќи го она што вие го сакате. Имате работа што ја сакате, поминувате време со луѓе што ги сакате. Го контролирате вашиот распоред, а не тој вам.rn

    6. Вашиот живот е едноставен

    rnСте си го поедноставиле животот. Не брзате никаде и присутни сте во моментот. Повеќе ги сакате искуствата отколку материјалните нешта.rn

    7. Вашите цели се остваруваат веднаш штом ги поставите

    rnВеќе знаете како брзо да ги постигнете посакуваните резултати. Ако верувате, ќе го добиете тоа што го сакате.rn

    8. Ги привлекувате вистинските луѓе во вашиот живот

    rnСе движите кон вашата поголема цел и ви изгледа како секогаш да ви се појавуваат луѓето што ви требаат во тој момент.rn

    9. Често очекувате да се случи чудо

    rnСметате дека сте среќна личност и дека чудата редовно се случуваат во вашиот живот. Тоа е природната состојба на вашиот ум. Ви се појавуваат ретки можности и речиси и да не постојат пречки.rn

    10. Одвојувате време за рефлексија и медитација

    rnВие наоѓате начин да бидете сами. Секој ден одвојувате време само за себе и си создавате простор за размислување. Ова го прават многу креативни луѓе. Секој ден медитирате, се молите или ги анализирате вашите мисли. На овој начин наоѓате инспирација.rn

    11. Внимателни сте со вашето време

    rnМногу често одбивате покани. Јасно ви е дека секој ден се случува нешто, но одбирате каде ќе го вложите вашето време. Правите само работи што ви се навистина важни.rn

    12. Секојдневно правите нешто со што ја создавате посакуваната иднина

    rnНикогаш не одложувате. Секој ден ја гледате иднината што ја сакате и напорно работите за да стигнете таму.rn

    13. Чувствувате оддалеченост од луѓето со коишто некогаш сте се дружеле

    rnНормално е да се чувствувате оддалечено од пријателите од минатото. Ова е можеби најтажниот дел од созревањето. Во текот на патувањето, секоја личност морала да се раздели од луѓето кои само ја држеле во место.rn

    14. Постојано барате промена

    rnПостојано барате и ја прифаќате промената. Ја сакате трансформацијата. Сакате да негувате нови навики. Сакате да се впуштите во нешта што ве предизвикуваат.rn

    15. Преземањето ризици ви предизвикува задоволство

    rnСе чувствувате навистина живо кога сте соочени со нешто ново. Вљубени сте во моментот кога правите нешто што ве плаши. Вие се осмелувате да правите работи за кои другите не ни сонуваат.rn

    16. Ја забележувате скриената вистина

    rnВие ја воочувате поврзаноста и суптилната вистина во сè. Животот е ваш учител. Длабоко сте поврзани со универзумот и ги забележувате и најмалите пораки и конекции.rn

    17. Свесни сте за храната што ја консумирате

    rnЈасно ви е дека храната влијае на телото, умот, емоциите, односите… Внимавате на вашата исхрана и голема е веројатноста да сте вегетаријанец или веган.rn

    18. Се грижите за другите, но не за тоа што тие мислат за вас

    rnЧесто се грижите за доброто на другите. Но, воопшто не ви е грижа за нивното мислење за вас. Туѓата перцепција никогаш не управува со вас.rn

    19. Не се споредувате со другите

    rnПовеќе немате потреба од споредби. Знаете дека имате единствен идентитет и дека никој не може да го направи она што го правите вие. Имате мисија во животот која можете да ја исполните само вие. Поради ова, нема потреба од никаква споредба.rn

    20. Искрено им го посакувате најдоброто на другите

    rnНавистина сте среќни кога некој ќе успее, но сте и тажни ако некој се соочи со неуспех. Туѓиот успех го гледате како заеднички. Навистина им го посакувате најдоброто на сите, дури и на вашите непријатели. Имате љубов за секој човек на Земјата и кај вас не постојат омраза, завист и лаги.rnrnПрочитајте и нешто повеќе за симптомите на духовното будење.

  • 10-те фази на созревање во вашите 20-ти

    10-те фази на созревање во вашите 20-ти

    Можеби не сте сигурни кога се случило тоа, но пораснавте. Иако не се случило преку ноќ, се чувствувате како наеднаш да сте престанале да бидете дете. Плаќате кирија и пазарувате за дома. Сте завршиле факултет или сте се вработиле и сега се обидувате да се вклопите во вистинскиот свет. Созревањето во 20-тите е полно со пријатни и непријатни моменти. Овој период е полн со нови искуства и доживувања, а можете да ги очекувате следниве 10 фази.rnrn10-те фази на созревање во вашите 20-тиrn

    1. Излегувате надвор во светот

    rnВо вашите 20-ти се соочувате со светот. Можеби сте на факултет во друг град, или пак сте се преселиле во ваш стан. Сте почнале да барате работа или патувате на места кои се надвор од вашата удобна зона. Светот е вашата школка, па одбирањето место за почеток на вашиот живот може да биде и возбудливо, но и заморно. Имате соништа што сакате да ги следите, омилени градови во коишто сакате да живеете… Животот почнува да ви изгледа необичен и радосни сте што се обидувате да го извлечете најдоброто од него.rn

    2. Се откажувате од драмата

    rnКога созревате во 20-тите, многу работи ќе оставите зад вас. Тоа може да биде и некое парче облека кое сте мислеле дека е тренди, но најдобро од сè е што се ослободувате од драмата. Сте сфатиле дека постојат многу грижи што не го заслужуваат вашето внимание. Некои луѓе можеби се однесуваат детинесто, но вие не сакате да размислувате за тоа. Животот е полн со проблеми, па зошто да создавате нови?rn

    3. Ќе се оддалечите од некои пријатели

    rnКога созревате, некои пријателства едноставно не ви одговараат. Можеби тие луѓе ја започнувале драмата во вашиот живот, или пак едноставно ви се разделиле животните патишта. Во секој случај, знаете дека вака е подобро. Сте сфатиле дека лошите пријатели само го комплицираат животот и дека ви се потребни луѓе на коишто можете да им верувате. Повеќе не ја следите толпата и знаете дека квалитетот е поважен од квантитетот.rn

    4. Знаете како да создадете нови пријателства

    rnПонекогаш е навистина тешко да најдете нови пријатели. Оваа фаза е навистина чудна, како повторно да сте во градинка. Сакате да станете пријатели со луѓе со кои имате исти интереси. На почетокот средбите можеби ви биле навистина чудни, но со текот на времето ќе ги пронајдете вистинските луѓе за вас.rn

    5. Учите како да живеете сами

    rnОва е можеби најголемата и најважна фаза во вашиот живот. Сигурно отсекогаш сте сонувале за ваш дом што ќе го уредите по ваш вкус. Да бидете возрасни значи да планирате, да го направите вашиот прв буџет и да завршувате разни обврски на кои не сте обрнувале внимание. Наскоро ќе се навикнете и ќе се опуштите и нема да бидете под стрес поради реалниот свет.rn

    6. Контролирана исхрана

    rnПостојат колачиња и слатки и во животот на возрасните. Во вашите 20-ти ќе сакате да го контролирате секој аспект од животот. Ова значи од работното место, па сè до вашите оброци. Можеби ќе се обидете да направите и неделен план за исхрана, но понекогаш ќе се задоволите и само со тестенини.rn

    7. Ќе почнете сами да закажувате

    rnМногу луѓе не сакаат да закажуваат, без разлика дали е тоа кај козметичар или кај лекар. Порано тоа го правела вашата мајка, но во вашите 20-ти оваа обврска ви се доделува вам. На почетокот ќе ви биде чудно, но ќе се навикнете и ќе се чувствувате навистина гордо.rn

    8. Ќе го контролирате вашиот распоред

    rnТоа што сами ќе одлучувате што ќе правите со вашето време е можеби најдобриот дел од вашите 20-ти. Во средно сте морале да го следите планот што другите го направиле за вас. Но сега работите се во ваши раце. Буквално сè е оставено на вас. Можеби треба 8 часа да бидете на работа, но секогаш можете да одберете друга кариера и да поминете време патувајќи. Со оваа моќ доаѓа и голема одговорност, но оваа фаза е како исполнување на сон.rn

    9. Ги следите вашите соништа

    rnРастењето значи да ги следите вашите соништа наместо да замислувате како би изгледале во реалноста. Имате енергија и амбиција да направите сè. Можеби во текот на денот работите нешто што не сакате, но во слободно време работите на вашите соништа.rn

    10. Понекогаш сте носталгични

    rnСе разбира, со растењето доаѓа и носталгијата. Ќе бидете вљубени во животот во вашите 20-ти, и покрај сите проблеми. Но тоа не значи дека понекогаш нема да ви недостигаат деновите од минатото кога сте си играле со најдобриот пријател. Во тие моменти можеби ќе гледате стари фотографии или ќе слушате музика од тој период. А можеби дури и ќе закажете средба со пријателите од детството.rnrnПогледнете и што можете да направите во 20-тите за животот да ви биде поубав во 30-тите.

  • Што навистина значи да се биде зрела личност?

    Што навистина значи да се биде зрела личност?

    Зрелоста не е нешто што го постигнувате со возраста, ниту пак е некое признание за тоа што сте успеале долго да опстанете на оваа планета. Не станувате зрела личност со тоа што ви се појавуваат брчки на лицето и бели влакна во косата. Всушност, ако продолжувате да правите исти грешки дури и во возрасните години, тоа значи дека воопшто не сте созреале во животот.rnrnШто навистина значи да се биде зрела личност?rnrnПонекогаш, не стануваме она што сме сакале да бидеме и дозволуваме животот и околностите да ни влијаат врз процесот на созревање. Вистинската зрелост може да се види од тоа како се носите со животните искуства, без разлика на возраста.rnrnКарактеристика на зрелите личности е дека умеат да ги надминуваат предизвиците и не се откажуваат уште на првата пречка при остварувањето на своите планови и цели. Знаат дека на почетокот секогаш е тешко, дека е потребно време, труд и упорност за да се постигне нешто и имаат трпение додека се движат во таа насока. Тоа може да се спореди со вежбањето, кога на почетокот ви е потребна поголема сила за да го поткренете тегот, но потоа станувате само подобри. Зрелите личности се способни да останат присебни, наместо да бегаат од проблемите. Тие се способни да ги прифатат и негативните емоции, а не само удобноста и среќата.rnrnШто навистина значи да се биде зрела личност?rnrnЗрелата личност презема одговорност за своите акции и за нивните последици. Тие никогаш не обвинуваат други ако нешто е направено погрешно и се свесни дека преголемото его може да биде деструктивно. Емпатични се и навистина ценат кога некој има гледишта различни од нивните. Исто така, имаат и способност да предвидат што им е потребно на другите, но и да слушаат, за да можат полесно да научат вештини од поискусните. За нив, секоја личност е еднаква, без разлика на потеклото, бојата на кожата или религијата. Тие веруваат дека таму каде што се денес дошле поради комбинација на среќа, околности и талент и никогаш не сметаат дека им следува нешто повеќе отколку на другите.rnrnНо, во исто време, тие немаат натприродни моќи и нив не им се сите нешта во животот под контрола. Исто така, зрелата личност никогаш нема да почувствува задоволство од тоа што ќе понижи некој друг, ниту пак им суди на луѓето според нивниот физички изглед или финансиски статус. Тие се храбри и имаат почит и кон себе, но и кон останатите. Веќе имаат воспоставено систем на вредности и умеат да ги почитуваат без оглед на околностите.rnrnШто навистина значи да се биде зрела личност?rnrnРазмислете и самите, кои се вашите вредности? Каква личност сте навистина и каква сакате да бидете во иднина? Дали се менувате на подобро или сте заробени во она што сте навикнати да го правите, без никакво разбирање за себе? Вистината е дека никогаш нема да бидете целосно зрели, но секогаш можете да си дозволите да растете уште повеќе. Изберете го патот на растењето и созревањето!

  • Како се менува вашето лето штом наполните 25 години?

    Како се менува вашето лето штом наполните 25 години?

    Летото им е омилена сезона на повеќето луѓе. Речиси сите сакаат секој ден да можат да уживаат на плажа со ладен пијалак. Но, летото навистина се менува во вашите 20-ти. Штом ќе наполните 25 години, подгответе се за промена. Ова не значи дека повеќе нема забави и долги денови поминати на плажа, туку вашиот пристап кон сето тоа ќе биде малку поразличен. Па, погледнете ги 7-те промени кои треба да ги прифатите.rnrnКако се менува вашето лето штом наполните 25 години?rn

    1. Попрво би платиле за искуства отколку за материјални нешта

    rnКога ќе наполните 25 години ќе сфатите дека авантурите и новите костими за капење можат навистина да се одразат на вашиот буџет. Можете да сонувате колку што сакате, но реалноста е дека ќе ви бидат потребни повеќе пари. Ќе сфатите дека повеќе сакате да ги потрошите тие пари за искуства наместо за материјални нешта, бидејќи сеќавањата траат засекогаш.rn

    2. Планирањето нема да ви изгледа толку лошо

    rnПланирањето однапред може навистина да ве спаси. Нема да ви биде проблем да го организирате патувањето со пријателите бидејќи знаете дека ќе се исплати. Колку повеќе ќе испланирате, толку помалку грижи ќе имате.rn

    3. Нема да се држите само до една група пријатели

    rnСе сеќавате ли на летата од средно? Вашите родители сигурно не можеле да ве одделат од пријателите бидејќи секој ден сте биле со нив. Штом ќе наполните 25 години, нема да ви претставува проблем да правите планови и со други луѓе.rn

    4. Ќе има и неколку венчавки

    rnЕден или повеќе од вашите пријатели се верени или планираат свадба. Штом ќе наполните 25, подгответе се за повеќе венчавки во текот на летото.rn

    5. Нема да одбиете одмор во вашата држава

    rnЌе сфатите колку всушност е добро да отидете на одмор во вашата држава. Во раните 20-ти сигурно сте биле надвор од градот речиси целото лето. Сега ќе посакате да ја истражите вашата држава и да си организирате поевтина авантура.rn

    6. Одморите не се само забава

    rnЛетните забави се одлични, но нема да дозволувате да го зафатат целото ваше лето. Понекогаш ви е потребна релаксација. Конечно ќе научите дека одморите не треба да вклучуваат бурен ноќен живот.rn

    7. Поретко ќе седите на телефонот

    rnСите биле во фаза кога обрнувале повеќе внимание на телефонот наместо на настаните околу нив. Како што растете нема целосно да се откажете од социјалните мрежи, но нема ни да го рекламирате целиот ваш живот на нив. На одмор сте и не сакате да го поминете целото време со телефонот во рака.rnrnИсполнете го ова лето со сè што посакува вашето срце. Се менувате како сезоните, а тоа е прекрасно нешто.rnrnПогледнете и кои активности ќе го разубават вашето лето.

  • 15 работи за кои зрелите жени воопшто не се грижат

    15 работи за кои зрелите жени воопшто не се грижат

    Сите ние достигнуваме одредена возраст кога е време да се ослободиме од некој товар. Кога ќе дојде тоа време, треба да се збогуваме со работите што ни пречеле во минатото. Пријателки кои постојано озборуваат? Срамно однесување? Овие работи се под ваше ниво. Кога ќе престанете да трошите енергија на овие грижи, животот ќе ви стане многу поубав. Без разлика дали сте се ослободиле од овој товар или сѐ уште работите на тоа, време е да им ставите крај на незрелите глупости што ви го загорчуваат животот. Ова се 15-те работи за кои зрелите жени воопшто не се нервираат…rnrn15 работи за кои зрелите жени воопшто не се грижатrn

    1. Не се грижат за тоа како изгледаат во салата за вежбање

    rnДали сте дел од оние жени кои секогаш одат во теретана со совршена шминка и модерна спортска облека? Не грижете се! Кога ќе наполните 30 години и вие ќе научите како да уживате во вежбањето облечени во удобни и износени тренерки.rn

    2. Не учествуваат во драми

    rnКога ќе станете возрасни, ќе сфатите дека нема потреба да учествувате во секој конфликт што ќе ви наиде на патот. Колку повеќе созревате толку повеќе ќе сфаќате дека секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ве мразат, но и дека нема потреба да им дозволите да ве вовлечат во нивната драма.rn

    3. Не се трудат да се вклопат

    rnИако повеќето деца мислат дека вклопувањето во групата е една од најважните работи во животот, возрасните луѓе го мислат токму спротивното. Со текот на времето ќе сфатите дека не треба да ги формирате вашите мислења и вкусови во зависност од другите луѓе.rn

    4. Не се грижат за социјалните мрежи

    rnМожеби не сте свесни, но навистина постои живот надвор од социјалните мрежи. Иако бројот на следбеници и лајкови на вашето 5-то селфи во еден ден можеби ви се чинело како голема работа кога сте биле помлади, тоа задоволство почнува да избледува како што се приближувате до средовечните години. Тогаш ќе почнете да сфаќате дека тесниот круг на пријатели и семејство што ве сака е многу поважно од бројот на лажните пријатели што ги имате на социјалните мрежи.rn

    5. Не се обидуваат да се согласат со секого

    rnЌе го славите денот кога ќе сфатите дека не мора да се согласувате со сѐ што ќе биде побарано од вас. Животните околности се менуваат и нема да имате време за да им угодите на сите и истовремено да се грижите за себе, па зошто да се мачите и да се обидувате?rnrn15 работи за кои зрелите жени воопшто не се грижатrn

    6. Не се грижат за нивниот поранешен партнер

    rnИако постојано сте мислеле што прави вашиот поранешен партнер кога сте биле во раните 20-ти, тоа нема да ви биде толку важно подоцна во животот. Сите тие болки предизвикани од скршеното срце сте ги претвориле во нешто многу позначајно: Доказ дека животот продолжува понатаму и дека раскинувањето не е крај на светот.rn

    7. Не се обидуваат да прават планови

    rnВо раните 20-ти сите се обидуваат да најдат работа, партнер, да основаат семејство и да се пронајдат себеси, па затоа тие години обично ни се како во магла. Како што ќе созревате, ќе видите дека нештата почнуваат да се смируваат и нема да ви биде толку тешко да најдете време за не правење ништо и зјапање во празно.rn

    8. Не се грижат за туѓото мислење

    rnДали отсекогаш сте сакале да се занимавате со некое необично хоби, но не сте осудиле од страв да не бидете исмеани? Како што минуваат годините, ќе сфатите дека етикетите од типот „чудно“, „смешно“, „старомодно“ не се воопшто важни. Сакате да почнете со плетење или со некој необичен африкански танц? Само напред!rn

    9. Не им се важни најпознатите клубови

    rnВо раните 20-ти години сите сакаат да излегуваат во најпознатите клубови во градот, но овој интересен феномен почнува да избледува како што стареете. Кога ќе станете позрели, темните и гласни места повеќе нема да ве привлекуваат и ќе ви бидат здодевни. Секогаш ќе претпочитате разговор и вино со пријатели наместо излегување по дискотеки.rn

    10. Не се грижат за пропаднатите врски

    rnИако пропаднатите врски ги доживуваме како личен неуспех кога сме помлади, созревањето ни помага да сфатиме дека понекогаш ќе наидеме на момци кои едноставно не се за нас. Подобро е да се разделите отколку да се преправате во нешто што не сте само поради некој дечко.rnrn15 работи за кои зрелите жени воопшто не се грижатrn

    11. Не се грижат дали ќе повредат некого со нивните зборови

    rnДевојките во раните 20-ти години најчесто се обидуваат да ги одбегнат конфликтите и да останат во добри односи со сите луѓе околу нив. Но, порано или подоцна ќе сфатите дека одбегнувањето на караниците нема да ви пружи среќен живот.rn

    12. Не се грижат за нивната популарност

    rnПомладите девојки уживаат кога се во друштво на позната личност, но тоа нема да ви значи ништо подоцна во животот. Иако популарноста во средно училиште ви се чинело како голема работа, не се надевајте дека ова „достигнување“ ќе ви направи многу услуги по матурирањето.rn

    13. Не се нервираат поради здодевните навики на нивните родители

    rnКога сте биле помлади сте се нервирале поради тоа што вашите родители ви се јавувале по 100 пати дневно и ви досадувале со едните исти работи. Но, кога ќе станете повозрасни ќе почнете да сфаќате зошто го правеле тоа и ќе ги сметате за ваши пријатели, а не за авторитетни фигури со кои сте морале да се борите за вашата независност.rn

    14. Не се обидуваат да ги исполнат општествените очекувања

    rnЗа време на созревањето, луѓето многу лесно стануваат жртва на верувањето дека мора да имаат постигнато одреден успех до одредена возраст, кога станува збор за работи како што се семејството и кариерата. Меѓутоа, кога ќе созреете ќе сфатите дека сите се движиме во свое темпо и дека не треба да се ставаме во ситуации што нема да нѐ направат среќни, само затоа што се обидуваме да исполниме нечии очекувања.rn

    15. Не се грижат за работите што не можат да ги контролираат

    rnВерувале или не, постојат работи што не можеме да ги контролираме. Меѓутоа, кога ќе созреете, ќе сфатите дека нема потреба да се нервирате поради тоа. Иако нема да можете да контролирате сѐ што ви се случува, никој не може да ви ја одземе способноста да одберете како ќе реагирате на работите што ви се случуваат, а на крајот на краиштата токму тоа ќе го формира личниот идентитет што самите сте го избрале за себе.rnrnПрочитајте ги и овие 10 нешта за кои силните жени никогаш не се извинуваат.

  • 20 прашања кои мора да си ги поставите во животот

    20 прашања кои мора да си ги поставите во животот

    Дали светот би бил подобро место ако поставуваме повеќе прашања? Тажната вистина е што општеството повеќе ги сака одговорите отколку прашањата. Многу од нас го запоставуваат важниот дел од личното откривање – себепрашувањето. Па, кои прашања би требало да си ги поставите? Никој не може да ви го даде правилниот одговор, но можеме да ви кажеме неколку насоки. Во продолжение погледнете кои се 20-те прашања кои би требало да си ги поставите во животот.rnrn20 прашања кои мора да си ги поставите во живототrn

    За вашата личност

    rnИстражувањето на вашата личност или работите кои ве прават вас, е клучно за себеоткривањето. Нормално е да немате секогаш јасен одговор на овие прашања. Животот може да биде навистина непредвидлив, па немојте да бидете премногу строги кон себе.rnrn1. Дали сум среќен/среќна?rnrn2. Дали продолжувам да учам?rnrn3. Дали сум онаму каде што сакам да бидам?rnrn4. Дали го живеам животот како што сакам да го живеам?rnrn5. Дали давам и добивам љубов?rn

    За вашата професија

    rnРечиси половина од животот го поминуваме работејќи. А во зависност од вашата перцепција, ова може да биде или добро или лошо. Вистината е дека без разлика дали работите нешто што го сакате или не, треба секогаш да бидете благодарни за вашиот приход. Покрај тоа, секогаш можете да направите промена ако нешто не ви се допаѓа.rnrn1. Дали правам нешто што ме прави среќен/среќна?rnrn2. Дали правам разлика со моите избори?rnrn3. Дали сакам да останам во оваа кариера? Зошто?rnrn4. Дали сум благодарен/благодарна за оваа работа и плата бидејќи ми овозможува…?rnrn5. Дали правам напор професионално да се подобрам?rn

    За вашиот производ

    rnПод производ се подразбираат работите кои ги креирате со намера. Овде може да станува збор за емоции, однесување, како и некој производ, волонтирање и слично. Со други зборови, што е она што го оставате во светот?rnrn1. Дали на општеството му давам нешто за возврат?rnrn2. Дали правилно се справувам со времето и напорите?rnrn3. Дали свесно се обидувам да бидам добар, од помош и дарежлив?rnrn4. Дали се вклучувам во животот?rnrn5. Што оставам во наследство за другите?rn

    За вашите „други работи“

    rnВашите „други работи“ се прашања кои потекнуваат од вашата душа. Прашања кои само вие можете да си ги поставите и одговорите. Постојат копнежи во душата што ви го бараат вниманието. А само со вашето внимание можете да влезете во нематеријалното. Иако природата на овие прашања е индивидуална, овие примери ќе ви покажат како би изгледале.rnrn1. Дали верувам во судбина или слободна волја?rnrn2. Дали универзумот може да праќа и да добива сигнали?rnrn3. Постои ли повеќе од еден вид свест (на пример колективна свест)?rnrn4. Има ли повисока интелигенција? Ако да, тогаш што?rnrn5. Има ли нематеријална компонента на човечкото постоење?rn

    „Учете од вчера, живејте денес, надевајте се за утре. Важното нешто е да не престанете да поставувате прашања. Љубопитноста постои со причина.“ – Алберт Ајнштајн

    rnПогледнете ги и овие прашања што ќе ви помогнат да си го подобрите квалитетот на животот.

  • 9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душа

    9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душа

    Многу луѓе во светот не знаат како да се развиваат и растат, без оглед на нивните години. Стареењето за некои луѓе може да биде страшно, па затоа многумина се обидуваат да го „одложат“ овој процес на тој начин што се однесуваат незрело. Доколку се чувствувате како возрасни луѓе и ви треба потврда дека успешно сте созреале, следниве 9 знаци ќе ви ја откријат вистината…rnrn9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душаrn

    1. Се чувствувате како да немате цел

    rnОва е првата фаза на созревање, без разлика дали имате 25 или 55 години. Сите понекогаш се чувствуваме малку изгубено, како да не знаеме каде треба да бидеме. Ова чувство е природно и се јавува како последица на сознанието дека сме дел од еден многу голем свет. Немојте да се борите, прифатете ја зрелоста на вашата душа и правете го она што ви носи среќа.rn

    2. Имате повеќе трпение

    rnЕден од најчестите знаци што укажуваат на духовна зрелост е зголеменото трпение и толеранција. Сте научиле дека не мора сѐ да завршите веднаш. Уживате во вашето патување и не ви е важна само крајната дестинација. Поединците кои имаат зрела душа го користат своето време за да запознаат нови луѓе. Не се вознемируваат поради ситници и уживаат во повремената пасивност.rn

    3. Чувствителни сте

    rnВо последно време станувате многу чувствителни. Тоа се случува затоа што им се отворате на луѓето и се ослободувате од сите стари бариери. Не се плашите од одбивањето, па затоа не градите ѕидови околу себе. Благодарение на сето тоа, ќе почнете да вложувате повеќе време во емоциите, врските и авантурите. Полесно ќе се расплакувате, но најчесто тоа ќе бидат солзи радосници.rn

    4. Лесно простувате

    rnЛуѓето со зрела душа секогаш се подготвени да простат. Тие знаат дека држењето лутина најмногу боли. Многу е важно да научите да простувате, бидејќи на тој начин се ослободувате од сите работи што се штетни и бескорисни. Успевате да постигнете внатрешен мир, така што се откажувате од гневот.rn

    5. Не ви е потребно туѓото одобрување

    rnЕден од знаците на духовна зрелост е намалената зависност од туѓото одобрување. Со други зборови, не ви требаат постојани пофалби за да се чувствувате значајно. Знаете дека вредите поради тоа што го правите и начинот на однесување кон другите луѓе. Вашата вредност е поголема од она што другите можат да ви го дадат, бидејќи започнува од сопственото одобрување. Луѓето со силно и здраво чувство на самосвесност полесно донесуваат одлуки, преземаат ризици и ги користат приликите.rnrn9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душаrn

    6. Ранливи сте

    rnЕдна од најтешките лекции што треба да ги научите е тоа дека не можете да воспоставите целосна контрола врз вашиот живот. Меѓутоа, со текот на годините ова ќе ви станува сѐ полесно, бидејќи постои еден вид задоволство во сфаќањето дека ништо не е сигурно. Можеби нема да можете да влијаете на секој аспект од вашето постоење, но тоа значи дека може да ви се случат неверојатни и возбудливи работи што никогаш не сте ги ни замислувале.rn

    7. Вашите односи се посебни

    rnДуховната зрелост зависи и од тоа дали знаете како и кога да се ослободите од токсичните односи, без разлика дали се работи за партнери, пријатели или членови од семејството. Животот не се заснова на тоа колку пријатели можете да имате. Многу поважно е да имате мал број лојални пријатели кои ќе ви бидат посветени. Опкружувајте се со ведри, среќни и инспиративни луѓе. Не трошете време на поединци кои сакаат да ги искористат вашите слабости за да ги постигнат своите цели или на луѓе кои не ве поттикнуваат да го извлечете најдоброто од себе.rn

    8. Зависни сте од учење

    rnНа најзрелите души никогаш не им е доста од знаење. Тие сакаат да научат многу работи. Тоа ги прави креативни и забавни. Тоа им помага да најдат фокус во животот и да ја зголемат својата емпатија и разбирање кон другите луѓе. Никогаш нема да видите зрела душа како пропушта прилика да стекне знаење преку книга, документарци, јазици, патувања и нови хобија.rn

    9. Сакате да оставите трага

    rnНајважниот знак дека имате зрела душа е духовниот напредок и желбата да оставите нешто значајно зад себе. Знаете дека материјалниот живот е минлив, а духот вечен. Овој живот е само еден дел од вечноста, па затоа вие сте подготвени да ја согледате поголемата слика.rnrnВо продолжение, прочитајте ги и овие 10 знаци дека сте го откриле вашиот духовен пат.rn

  • Цитати за егото кои ќе ве инспирираат да станете посвесни за себе

    Цитати за егото кои ќе ве инспирираат да станете посвесни за себе

    Дали некогаш сте размислувале за вашето однесување, и сте помислиле: „Зошто по ѓаволите го направив тоа?“ Можеби сте имале расправија со некој близок или пак, сте избувнале без причина. Можеби сте реагирале поради некоја несигурност или пак сте биле премногу строги кон себе.rnrn18-citati-za-egoto-koi-kje-ve-inspiriraat-da-stanete-svesni-za-sebe-kafepauza.mkrnrnПричината за ова однесување е тоа што сите го имаме, но ќе ни биде подобро ако ја намалиме неговата количина: Егото.rnrnНа запад терминот его обично се однесува на сликата која ја имате за себе. Во источната филозофија егото го означува чувството на јас, кое всушност е карма која е дел од нас како индивидуи. Без разлика како го дефинираме егото, сите имаме почувствувано дека понекогаш ни пречи. Многумина би се согласиле дека ако го намалиме нашето его ќе имаме подобри врски, подобро ќе се однесуваме и ќе имаме поздрава слика за нас.rnrnНо, во општество каде што се вреднуваат успесите и наградите, каде што владеат социјалните мрежи, може да биде навистина тешко да се ослободите од егото. Поради ова важно е да размислите во кои ситуации егото ви прави лошо и да станете посвесни за себе. Овие цитати ќе ве инспирираат да го направите токму тоа.rn

    „Егото не е господар во својата куќа“ – Зигмунд Фројд

    rn

    „Егото е социјална фикција за која во одреден момент само една личност ја добива целата вина.“ – Роберт Антон Вилсон

    rn

    „Дел од мене мисли дека сум губитник. Другиот дел мисли дека сум Бог.“ – Џон Ленон

    rn

    „Нема ништо што го јакне егото повеќе од тоа да бидете во право!“ – Екарт Тол

    rn

    „Егото е најголемиот непријател на вашата душа“ – Расти Ерик

    rn

    „Секогаш кога сте неодлучни дали да го направите вистинскиот избор, или пак изборот кој изгледа вистински, егото е она кое не ви дозволува да се одлучите.“ – Дерен Џонсон

    rn

    „Инстинктот што нè влече кон уметноста е импулсот за созревање, учење и проширување на свеста. Егото го мрази ова, бидејќи колку сме посвесни, толку помалку тоа ни е потребно.“ – Стивен Пресфилд

    rn

    „Љубовта е среќна кога може да даде нешто. Егото е среќно кога може да земе нешто.“ – Ошо

    rn

    „Кога некој нема его, тој се ослободува од сите судења и го гледа светот со божествени очи и ум. Ништо не го навредува и тој секогаш е смирен.“ – Муџи

    rn

    „Духовноста ни помага да престанеме да се идентификуваме со егото и да почнеме да се идентификуваме со нашата душа. Истото го прави и староста. Природно ги буди луѓето.“ – Рам Дас

    rn

    „Кога ќе се изгуби егото, ќе се изгубат и границите. Вие ќе станете бескрајни, добри, убави.“ – Харбаџан Син Јоги

    rn

    „Сè што треба да знаете и да набљудувате кај вас е ова: Секогаш кога се чувствувате супериорно или инфериорно во однос на некого, тоа е вашето его.“ – Екарт Тол

    rn

    „Ако научете да се шегувате на своја сметка, вашето его ќе исчезне.“ – Нирмала Сривастава

    rn

    „Вашето его е страстен толкувач. Тоа брзо ќе ги толкува настаните како лоши, добри или правилни. Секогаш ја гледа малата слика.“ – Роберт Холден

    rn

    „Одлуката сегашниот момент да го направите ваш пријател е крајот на вашето его.“ – Екарт Тол

    rn

    „Егото е изворот на сите грешки и мизерии.“ – Томас Карлајл

    rnПогледнете и што се случува со личноста чие его преовладува.

  • 8 работи што ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаат

    8 работи што ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаат

    Тешко е да се биде возрасен човек. Доколку имате 20-тина години сигурно и самите сте го почувствувале тоа, иако можеби не се чувствувате целосно созреани. Можеби сѐ уште не си ги плаќате сметките за телефон сами, не си закажувате лекарски прегледи (наместо тоа се надевате дека нема никогаш да се разболите) и немате поим како се пополнуваат даночните пријави. Ако се пронајдовте во овие ситуации, не грижете се. Не сте сами. Постојат многу работи кои ниту возрасните во нивните 30-ти не ги разбираат. Во продолжение прочитајте кои се 8-те нешта што создаваат конфузија во светот на возрасните…rnrn8 работи кои ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаатrn

    1. Сѐ што е поврзано со финансии

    rnПријава на даноци, исплаќање хипотека, кредити… Сите овие работи ги збунуваат дури и искусните возрасни. Верувајте дека постојат многу луѓе кои сѐ уште не научиле како се пополнува даночната пријава иако секоја година го прават истото.rn

    2. Сини картони

    rnДодека сте биле ученици и студенти сигурно сте биле здравствено осигурени преку еден од родителите и воопшто не сте се заморувале со тоа. Но, откако ќе го изгубите статусот „студент“ работите се менуваат. Што треба да направите за да добиете самостојно здравствено осигурување доколку не сте вработени не знаете ниту вие ниту кој било возрасен што сте го прашале.rn

    3. Враќање на данок

    rnСо овој проблем обично се соочуваат луѓето кои работеле надвор од земјата или купиле нешто поголемо од странство. Како оди точно целиот овој макотрпен процес, кои документи се потребни и колку пари треба да се вратат, никој не знае со сигурност.rn

    4. Дропки

    rnОва е нешто што се учи во основно училиште и сите би требало да го знаат. Сепак, вистината е малку поинаква. Ретко кој знае да пресметува дропки. Доколку и вие имате проблем со овие броеви, време е да се соочите со него, бидејќи нема да можете да прочитате ниту еден обичен рецепт за готвење. Доволно е да знаете барем што значи 1/2.rnrn8 работи кои ниту возрасните не ги разбираат, но се срамат да признаатrn

    5. Камати

    rnСигурно сте чуле за плаќање со камата или без камата и исплаќање пари со камата. Сѐ што знаете е дека или ќе треба да платите повеќе пари од износот на почетната сума или ќе добиете повеќе пари (ова се однесува на штедните влогови). Но, како оди точното пресметување на каматата, малкумина знаат.rn

    6. Кредитен рејтинг

    rnКредитен рејтинг по дефиниција е вреднување на кредитоспособноста на должникот да го отплаќа својот долг. Но, како тој се пресметува и кои критериуми се користат при пресметките? Никој не знае, само знаеме дека постои такво нешто.rn

    7. Автомобили

    rnСите сме се возеле во автомобил, но со каков механизам работат овие машини? Сигурно ви го објасниле ова кога сте земале часови по возење, ама кој да памти такви здодевни информации?! Ако автомобилот може да ве пренесе од една дестинација на друга, тоа е најважно и не ви треба да знаете ништо повеќе.rn

    8. Одржување на автомобилот

    rnДури и наједноставните работи предизвикуваат главоболка кога се работи за автомобилите. Сте требале некогаш да ги наполните гумите со воздух? Признајте дека сте ја одложувале таа едноставна обврска некое време затоа што не сте знаеле точно што треба да направите! Можеби некој некогаш ви покажал како се прави тоа, но сепак одбегнувате да ја завршите работата.rnrnДоколку не сте сигурни дали сте влегле во светот на возрасните, ова се 10-те знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или не.

  • 10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или не

    10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или не

    За жал, не можеме да останеме деца целиот наш живот. Како што минуваат годините, така добиваме сѐ повеќе обврски и сфаќаме колку е сериозен светот на возрасните. Порано или подоцна сите ќе пораснеме, а таа промена знае да биде многу тешка. Не е лесно да се прифати новиот сериозен начин на живот, но обидете се да ги согледате позитивните страни на целата ситуација. Ова се 10-те знаци дека созревате…rnrn10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или неrn

    1. Сакате да поминувате време со семејството

    rnКога сте биле тинејџери, сигурно не сте сакале да присуствувате на сите тие здодевни семејни собири. Веројатно сте претпочитале да поминувате време со вашите пријатели. Но, како што ќе почнете да созревате, така сѐ повеќе ќе уживате во друштвото на семејството и со задоволство ќе одите на сите семејни ручеци, бидејќи тоа ќе биде ваш избор, а не нечија заповед.rn

    2. Сакате да седите дома

    rnНа сите тинејџери им паѓа многу тешко кога мораат да останат дома додека цело друштво е излезено. Но, сега кога некој ќе ви ги откаже плановите или воопшто не сте ни направиле некакви планови, со нетрпение чекате да дојдете дома и да си посветите време на себе.rn

    3. Готвењето и чистењето ви причинуваат необјасниво задоволство

    rnГотвењето и чистењето порано сте ги сметале за здодевни обврски кои се ги мразеле и сте одбегнувале да ги правите. Меѓутоа, сега како повозрасни уживате да пробувате нови рецепти и да готвите за други луѓе. Се чувствувате исполнети кога домот ви е чист и кога сѐ ви е средено.rn

    4. Времето за спиење е вашиот омилен дел од денот

    rnПорано воопшто не сте сакале да спиете и постојано сте си наоѓале причина да останете будни барем уште 30 минути повеќе одошто треба. Сега работите се сменети и одвај чекате да му се придружите на креветот. Сакате да си легнувате во пристојно време и добро да се наспиете.rn

    5. Викендите ви служат за да ги довршите работите за кои не сте имале време во текот на неделата

    rnПорано викендите сте ги користеле за да се дружите со вашите пријатели, да одите на шопинг или да спортувате. Сега, викендите се совршено време за да чистите, готвите, перете и да ги довршите сите ситни обврски пред да започне неделата.rnrn10 знаци дека созревате без разлика дали ви се допаѓа тоа или неrn

    6. Не се гледате со пријателите секој ден

    rnКога сте оделе на училиште, сте можеле да се видите со пријателите минимум 5 пати неделно. Сега, можете се гледате само за време на вечерите и викендите, бидејќи сите се зафатени со работа.rn

    7. Сами си ги закажувате лекарските прегледи

    rnНе можете да кажете дека сте возрасни ако мајка ви сѐ уште ви ги закажува прегледите на заболекар! Како што созревате, ќе забележите дека оваа обврска ви припаѓа вам и ваша одговорност е да си го закажете прегледот.rn

    8. Живеете според вашиот личен распоред

    rnКога сте биле помлади, точно сте знаеле како ќе изгледа вашиот ден, бидејќи сте имале само неколку планови кои сте требале да ги запаметите. Сега одите на факултет, на работа, имате состаноци и договорени средби, така што морате да си го проверите распоредот пред да направите нови планови.rn

    9. Вашиот метаболизам не работи како порано

    rnМалите деца можат да јадат што сакаат кога сакаат. Сигурно сте се прејадувале со сладоледи и колачиња како помлади и не сте имале проблем со вишокот килограми. Но, сега треба да внимавате на исхраната за да изгледате добро. Освен тоа, треба и да вежбате ако не сакате да ја изгубите витката линија.rn

    10. Конечно ја разбирате реченицата: „Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“

    rnСе сеќавате на оваа ужасна реченица што сте ја слушале од вашите родители? Мислевте дека никогаш нема да се согласите со нив, но сега сфаќате дека тие биле во право. Сега навистина разбирате што сакале да ви кажат со овие зборови!rnrnВо ред е да пораснете. Созревањето е неизбежен дел од животот. Мора да поминете низ таа фаза за да ги постигнете вашите животни цели. Гледајте го тоа како нешто позитивно и фокусирајте се на вашиот напредок.rnrnВо продолжение прочитајте ги и овие 10 знаци дека можеби станувате возрасни.