КАФЕ ПАУЗА

Tag: сонце

  • Како ќе ни влијае транзитот на Сонцето во Девица?

    Како ќе ни влијае транзитот на Сонцето во Девица?

    Сонцето, нашата светлина, нашиот извор на живот на планетата Земја и главното небесно тело околу кое се движат сите останати во сончевата галаксија, на 23 август го започна својот транзит низ хороскопскиот знак Девица каде ќе остане цел месец.rnrnКако ќе ни влијае транзитот на Сонцето во Девица?rnrnСо преминот на Сонцето во нов астролошки знак, автоматски се менуваат и енергиите на колективно ниво! Од активен принцип и бурни емоции, заедно со Сонцето преминуваме во пасивен принцип, воздржаност и логично размислување. Од фиксниот знак Лав влегуваме во енергијата и дисциплината на променливиот знак Девица. Затоа што мотото на Сонцето кај Девицата е работа, ред и дисциплина.rnrnБидејќи знакот Девица го класифицираме како човечки, земјен и променлив знак, враќањето на училиште, работата и секојдневните активности по завршувањето на годишниот одмор не би требало да претставува проблем, особено ако е присутно и материјалното задоволство. Затоа ние заедно со Сонцето во Девица во овој период од годината се впуштаме во нови деловни, едукативни и други мали, но вредни животни победи!rnrnЗатоа, да се обидеме да живееме во хармонија и во ритамот на космичките движења и позитивната симболика на ова Сонце: да учиме како да им помагаме на другите! Затоа што помагајќи им на другите, си помагаме и себеси.rnrnОсвен тоа, ќе научиме и да уживаме во малите нешта, а со тоа ќе го развиеме и нашето чувство на благодарност. Од друга страна, пак, колку повеќе благодарност имаме во себе, толку повеќе привлекуваме добри нешта во животот!rnrnДобро би било и да не го занемариме телото, па пожелни се здрава исхрана и редовна физичка активност. Дури и старите Грци знаеле дека во здравото тело има здрав дух и само кога ги слушаме потребите на нашето тело, само тогаш сме во хармонија со нашата вистинска природа.rnrnДа го искористиме транзитот на Сонцето низ знакот Девица за да се насочиме кон конкретни цели и да си воспоставиме рутина, неопходна за сите нас, а карактеристична за овој знак склон кон перфекционизам!rnrnОткако прочитавте за сезоната на владеењето на знакот Девица, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како ќе ни влијае спојувањето на Сонцето и Венера на 13 август?

    Како ќе ни влијае спојувањето на Сонцето и Венера на 13 август?

    Спојувањето на Сонцето и Венера на 13 август укажува на повторното раѓање на енергијата на Венера, а еве како таа ќе ни влијае.rnrnКако ќе ни влијае спојувањето на Сонцето и Венера на 13 август?rnrnПод оваа енергија, нашето срце може да доживее повторно раѓање. Можеби ќе го почувствуваме заздравувањето на старите рани за кои мислевме дека никогаш нема да бидат излечени. Ќе бидеме подготвени за нова љубов или ќе ги ослободиме блокадите што досега нè спречуваа да чувствуваме вистинска љубов. Спојувањето на Сонцето и Венера исто така може да ги разјасни сите прашања што се појавиле откако Венера е ретроградна.rnrnОваа година ѕвездата на Венера ќе биде во знакот Лав. Лавот е владетел на срцето, што значи дека во овој момент веројатно ќе почувствуваме силно активирање на енергиите насочени кон срцето.rnrnСе вели дека Венера на вечерното небо ни помага да го продлабочиме односот со себе преку самољубие, и ни носи убавина во нашиот внатрешен свет. Утринската ѕвезда Венера, пак, ни помага да создадеме партнерства, да ги продлабочиме врските со другите и ни носи убавина во нашиот надворешен свет.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае Венера во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае полната Месечина во Водолија на 1 август.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Домашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!

    Домашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!

    Докажано е дека непромисленото и незаштитеното изложување на сонце е штетно. Дури 80 проценти од сите оштетувања и стареења на кожата се поврзани со прекумерно изложување на сонце. Најчестите ефекти на сонцето врз кожата се манифестираат со изгореници кои настануваат по прекумерно изложување на сонце.rnrnДомашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!rnrnМалите изгореници од сонце се карактеризираат со црвено и болно затегнување на кожата кое се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. Во текот на следните 24 часа болката и црвенилото се поизразени, а по неколку дена кожата може да почне да се лупи. Во продолжение прочитајте кои домашни лекови можат да ви помогнат да се справите со изгорениците од сонце!rn

    Витамин Ц

    rnОвој витамин полн со антиоксиданси ги смирува изгорениците предизвикани од УВ зрачењето, а истовремено ја подобрува еластичноста на кожата и го стимулира производството на колаген. Користете серум на база на витамин Ц или во лажичка вода или гел од алое додадете прстофат витамин Ц во прав.rn

    Кефир

    rnДобрите бактерии од кефирот се одличен избор за смирување на оштетената кожа, а млечната киселина нежно ги отстранува мртвите клетки. Измешајте 2 лажици кефир, 2 лажици овесна каша и 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон. Оставете го препаратот да отстои еден час пред да го нанесете на кожата. Оставете да делува 5-10 минути и исплакнете.rn

    Краставица

    rnВисоката содржина на вода и витамини го прави овој зеленчук одлична подмладувачка состојка за нега на сите типови кожа. Измешајте половина краставица со две лажици гел од алое и ќе добиете универзална летна помада за нега на целото тело после сончање.rnrnОткако прочитавте кои домашни лекови можат да ви помогнат при справување со изгореници, можеби ќе сакате да прочитате и кои етерични масла кои ги смируваат изгорениците од сонце.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Тест: Изберете сонце и добијте порака за следниот период!

    Тест: Изберете сонце и добијте порака за следниот период!

    Погледнете ја сликата и одберете го сонцето што најмногу ви се допаѓа. Не размислувајте долго и препуштете ѝ се на интуицијата. Она што ќе го изберете ќе ви донесе порака за претстојниот период!rnrnТест: Изберете сонце и добијте порака за следниот период! rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 1″ active=”false”]Вашата храбра душа сè уште не го нашла она што ѝ недостасува. Време е да го пронајдете делчето кое ви недостасува за да бидете целосно среќни. Можеби во вашиот живот има многу фантастични работи, но вашето срце знае дека ве чека нова битка. Вие сте полни со сила и самодоверба. Ако постои ситуација во вашиот живот што не е како што треба, можеби време е да ја оставите зад себе и да продолжите напред. Затоа, не се откажувајте од она што го сакате само за да постигнете споредни цели.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 2″ active=”false”]Среќата само што не тропнала на вашата врата за да ви донесе позитивни искуства. Во блиска иднина ве очекуваат моменти на уживање и повторно зближување со партнерот, пријателите или семејството. Освен тоа, сега ќе можете и полесно да се справите со проблемите и предизвиците благодарение на љубовта од најблиските, а можна е и преселба во нов дом.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 3″ active=”false”]Ако неодамна сте доживеале напнат психолошки момент, ако се чувствувате исцрпени и збунети, тогаш ова сонце ќе ви даде надеж. Тоа ви порачува дека ве очекуваат среќни денови и дека креативниот импулс е на пат. Вашата креативност ќе проникне во секој аспект од животот, а мирот и рамнотежата ќе се вратат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува во годините што доаѓаат.rnrnИзвор: atma.hr

  • Како ќе ни влијае денес конјункцијата на Сонцето и Хирон?

    Како ќе ни влијае денес конјункцијата на Сонцето и Хирон?

    Во митологијата, Хирон е ранет кентаур, но во текот на неговото животно патување, тој научил дека неговите рани можат да се претворат во сила. Тој сфатил дека иако не може да го промени минатото или да ги промени раните што ги претрпел, може да ја искористи својата моќ за да ги претвори во моќни сојузници во текот на своето патување.rnrnКако ќе ни влијае денес конјункцијата на Сонцето и Хирон?rnrnВо астрологијата, Хирон е астероид кој ги претставува траумите и раните во нашите животи кои не можеме да ги промениме.rnrnОвие рани можеби ни се случиле во детството, можеби се поврзани со луѓето околу нас, можеби се работи од нашето минато или едноставно се лоши искуства од различни животни предизвици. Без оглед на природата на нашите рани, Хирон нè потсетува дека не треба да ги сметаме за слабости, туку како работи кои нè прават посилни и сочувствителни бидејќи тие се дел од нас самите.rnrnВо моментов, Хирон транзитира во Овен до 2027 година. Неговата енергија нè советува да престанеме да размислуваме за нашите рани и наместо тоа да продолжиме напред со животот.rnrnХирон нè поттикнува да го разбудиме воинот во нас и да се потсетиме на силата, мудроста и сочувството што нашите рани имаат потенцијал да ни ги донесат. Под оваа енергија, Хирон сака да нè научи дека можеме целосно да уживаме во нашите животи дури и ако сме ранети. Тој ни порачува дека нема нешто што не можеме да го направиме.rnrnДенес нè очекува средбата на Сонцето и Хирон. Ова ќе биде клучен ден кога навистина ќе можеме да ги почувствуваме целосните ефекти од новиот циклус на Хирон. Обратете внимание на она што ви се случува околу овој ден. Забележете како болката и страдањето ве мотивираат да продолжите да се движите напред со доверба и оптимизам.rnrnПатувањето на Хирон низ Овен нè потсетува дека сме силни онолку колку што ние самите веруваме дека сме. Тоа ни порачува дека можеме да се движиме напред без да си наметнуваме ограничувања.rnrnМожеби сега е моментот кога треба да се прифатиме себеси и да бидеме тоа што сме. Време е да ги прифатиме работите какви што се, како и минатото што го носиме со себе. На тој начин ќе станеме посилни, помудри и сочувствителни кон другите.rnrnОткако прочитавте за конјункцијата на Сонцето и Хирон, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 2026 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Тест: Изберете едно сонце, а тоа ќе ви даде совет кој може да ви послужи во блиска иднина!

    Тест: Изберете едно сонце, а тоа ќе ви даде совет кој може да ви послужи во блиска иднина!

    Погледнете ја сликата и одберете го сонцето што најмногу ве привлекува. Сонцето што ќе го изберете ќе ви даде совет што може да ви послужи во блиска иднина.rnrnТест: Изберете едно сонце, а тоа ќе ви даде совет кој може да ви послужи во блиска иднина!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 1″ active=”false”]Има моменти кога помислата за вашиот голем сон се префрла во вашата потсвест, што, од друга страна, ви помага полесно да се справите со секојдневните обврски. Сепак, кога ќе го тргнете погледот од целта, ќе наидете на поголеми тешкотии да ја остварите. Затоа, не дозволувајте ништо и никој да ве обесхрабри од потрагата по она што ве прави среќни и исполнети.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 2″ active=”false”]Обратете внимание на луѓето со кои се дружите. Некои луѓе влегуваат во вашиот живот за да ви помогнат подобро да се спознаете себеси. Некои од нив силно ве привлекуваат, иако на почетокот дури и чувствувате некаква одвратност кон нив. Од друга страна, сродните души можат да бидат пријатели за цел живот или да бидат дел од вашиот живот само за кратко време. Без разлика на сè, одредени луѓе можат да ве променат на начини кои не можете да ги сфатите сега. Затоа, обратете поголемо внимание на овие луѓе.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 3″ active=”false”]Можеби не се сметате себеси за креативна личност, но всушност вие ја создавате вашата реалност секој момент и секој ден преку вашите мисли, чувства, верувања, намери и постапки. Сепак, мора да земете во предвид дека тоа го правите заедно со универзумот. Вашата мисла и енергија се отелотворува преку вашата индивидуалност, споена со универзалниот дух. Не заборавајте дека за хармонија и убавина неопходно е вашата енергија да биде усогласена со онаа на универзумот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да дознаете каква судбина ве очекува во 2023.rnrnИзвор: atma.hr

  • Дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д?

    Дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д?

    Со доаѓањето на пролетта сите се чувствуваме подобро, полни со енергија и желба за позитивна промена. Пролетта, сончевите зраци, црцорот на птиците, нè тераат да излеземе надвор и да ѝ се радуваме на природата. Но, пролетното сонце не значи дека нашата потреба за витамин Д е задоволена.rnrnДали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д?rnrnСпоред новите истражувања, кај голем дел од светската популација се забележува дефицит на витамин Д, познат уште како „сончевиот витамин“. Сите ние треба да бидеме свесни за фактот дека оваа хранлива материја ги одржува во функција коските, мускулите, хормоните, срцето, гастроинтестиналниот тракт, мозокот и имунолошкиот систем (листата е долга, нели?!).rnrnНедостатокот од витамин Д може да има негативни последици врз целокупното здравје. Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат подалеку од екваторот во места со постудена и потемна зима се соочуваат со поголем недостаток на витамин Д. Се покажало дека кај овие луѓе, присуството на сонцето во одреден дел од годината не било доволно за да се надомести потребната количина на витаминот Д.rnrnДруго истражување од 2017 година на мексикански испитаници покажало дека и покрај тоа што живеат во област со доволна сончева светлина во текот на сите годишни времиња, и тие се соочувале со дефицит на витамин Д. Истражувачите откриле дека количината на витаминот Д во организмот влијаела од повеќе фактори како возраста, полот, тежината, но не откриле директна поврзаност помеѓу изложеноста на сонцето и недостатокот од витамин Д.rnrnСо други зборови, не треба да ги занемарите вашите суплементи на витамин Д само поради тоа што надвор има сонце!rnrnИако сончевите денови стануваат сè почести, не смеете да ги заборавите вашите додатоци со витамин Д. Имајте на ум дека топлите сончеви зраци нема да ви ја пружат потребната дневна доза на оваа хранлива состојка. Од друга страна, консумирајте почесто намирници кои содржат витамин Д како, на пример: млеко, јајца, житарки, јогурт, печурки, туна, лосос, сардини и авокадо.rnrnОткако прочитавте дека сонцето не е доволно кога станува збор за витаминот Д, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат на недостаток од витамин Д.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • Точното време на раѓање може да ја предвиди вашата иднина!

    Точното време на раѓање може да ја предвиди вашата иднина!

    За да ја откриете вашата иднина, освен хороскопскиот знак треба да го знаете и подзнакот – каде се наоѓала Месечината во моментот кога сте родени. Затоа, неопходно е да го знаете точното време на раѓање за да сфатите дали е поголемо влијанието на Сонцето или Месечината врз вашиот хороскопски знак.rnrnТочното време на раѓање може да ја предвиди вашата иднина!rnrnМногумина го знаат само сопствениот хороскопски знак, односно знакот во кој се наоѓал Сонцето во моментот на вашето раѓање. Но, со цел да дојдат до подетална астролошка прогноза, астролозите изработуваат натална карта за што е потребно да го знаете точното време во кое сте родени. Часот на раѓање има големо влијание затоа што го одредува вашиот подзнак. Од подзнакот зависи како другите ве гледаат и како вие гледаме на светот, тој е заслужен за вашите карактеристики. Овен тоа, друг податок кој исто така игра голема улога е дали сте родени дење или ноќе.rnrnСонцето и Месечината се подеднакво важни – тие не можат да постојат едно без друго. Доколку размислувате за положбата на планетите во моментот кога сте се родиле, сосема очигледно е дека ако сте родени дење вашиот симбол е Сонцето, а доколку сте родени попладне или ноќе, вашиот симбол е Месечината.rnrnЕнергијата на астролошкото Сонце е клучна во одредување на карактерот на личноста. Оние кои се раѓаат кога сонцето се наоѓа на врвот (напладне) или приближно напладне, се одликуваат со храброст, смелост и отвореност.rnrnКај оние, пак, кои се родени ноќе, Сонцето се наоѓа во долната половина од наталната карта, што ги прави почувствителни и интровертни. Кај нив, очигледно, доминира влијанието на Месечината. Ако сте родени во текот на ноќта, Месечината станува вашиот светлосен водич. Таа ја одредува вашата вистинска природа и ги рефлектира вашите вистински аспирации.rnrnОткако прочитавте за влијанието на Сонцето и Месечината врз вашиот хороскопски знак, можеби ќе сакате да прочитате и што може да открие наталната карта за вашиот карактер.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Сонцето во конјункција со Нептун на 12 март: Како да ги искористиме нивните моќни енергии?

    Сонцето во конјункција со Нептун на 12 март: Како да ги искористиме нивните моќни енергии?

    На 12 март Сонцето ќе биде во конјункција со Нептун. Тоа ќе биде ден на креативност и духовен раст. Овој астролошки настан ќе ни помогне да сфатиме дека сите сме поврзани, дека во нашата суштина сме само Едно. Од друга страна, ќе ни помогне и да се поврземе со нашата интуиција.rnrnСонцето во конјункција со Нептун на 12 март: Како да ги искористиме нивните моќни енергии?rnrnСонцето секоја година стапува во конјункција со Нептун, а кога тоа ќе се случи, ќе ни овозможи полесно да ги користиме неговите планетарни енергии. Енергијата на Нептун е креативна и ни помага да го напуштиме рационалниот ум и да влеземе во соништата. Ќе нè наведе да размислуваме подалеку од она што можеме да го видиме со нашите пет сетила и ќе нè потсети дека животот не се сведува само на видливото.rnrnНептун, покрај другото, е планета поврзана со повисоката свест и сферата на безусловна љубов. Неговата енергија ќе ни помогне да сфатиме дека времето е само илузија, а животот се сведува на моменти без почеток и крај. Ќе ни послужи за креативна работа, за истражување подлабоки состојби на свеста, но нема да биде многу поволна при донесување логични, практични одлуки.rnrnНептун може да го оневозможи нашето рационално расудување што значи дека неговата енергија не е погодна за носење конкретни одлуки. Покрај тоа, воздржете се и да донесете некаков суд со оглед на тоа дека не сите информации ви се достапни во присуство на Нептун.rnrnИскористете ја енергијата за да ја подобрите интуицијата, работете на креативни задачи и искористете ја љубовта во обликот во кој ви се нуди. Поминете повеќе време во медитација за да се поврзете со вашето духовно тело. Дајте ѝ можност на вашата душа да зборува и прашајте ја што ѝ треба.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе конјункцијата на Сонцето и Нептун, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за април.rnrnИзвор: atma.hr

  • Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе

    Неделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себе

    Почнувајќи од 22 ноември, Сонцето ќе биде во знакот на Стрелец што значи дека почнуваме да се ослободуваме од притисокот на сите тешкотии со кои моравме да соочиме досега и да се фокусираме на сето она што сме го научиле. Фокусот ќе ни помогне и успешно да ја дочекаме новата 2022 година. Во продолжение прочитајте како ѕвездите и планетите ќе им влијаат на хороскопските знаци оваа недела.rnrnНеделен хороскоп од 22 до 28 ноември: Фокусирајте се на себеrn

    Овен

    rnОваа недела ќе имате време да им се посветите на вашите идеи и размислувања. Имајте на ум дека ова не е само миг на уживање со ширум отворени очи, туку и многу поучен момент за да дознаете нешто повеќе за себеси и што е тоа што ве движи во животот. Вие самите одлучувате за својата судбина, а тоа ќе го сфатите оваа недела. Искористете ја можноста да бидете среќни кога ќе ви се укаже.rn

    Бик

    rnОваа недела е совршен момент да се фокусирате на вашите здравствени цели. Не треба да го чекате последниот ден од годината за да преземете акција, искористете ја оваа недела и почнете со здрави навики. Дајте си време да размислите што значи благосостојбата за вас и на кои начини можете да ја практикувате без притоа да чувствувате притисок.rn

    Близнаци

    rnОваа недела ќе сфатите дека вашите врски, романтични или платонски, никогаш не траат толку долго колку што мислите дека треба. Имате впечаток дека ништо околу вас не е трајно. Во деновите што доаѓаат ќе имате можност да го разберете природниот тек на нештата и дека тие не траат вечно. Тоа ќе ве натера да ги промените очекувањата кон луѓето околу вас.rn

    Рак

    rnНишто не е како што се чини. Ако се соочувате со моменти на тага и депресија, знајте дека на крајот од тунелот ве чека светло. Оваа недела можеби ќе има моменти кога ќе треба да го прифатите непознатото и да продолжите иако сте полни со прашања и сомнежи. Од друга страна, бидете внимателни ако работите изгледаат премногу добри за да бидат вистинити.rn

    Лав

    rnНишто во вашиот живот нема да се оствари ако само седите и чекате. Оваа недела земете ја вашата судбина во свои раце. Пријавете се за работното место за кое немате доволно искуство, дајте го вашиот телефонски број на личноста со која сте флертувале. Преземете храбра акција и откријте каде ќе ве однесе. Подобро е нештото да го направите отколку постојано да се прашувате што можеше да се случи ако бевте доволно храбри.rn

    Девица

    rnНе мора во овој момент да имате испланирано сè за вашиот живот, но добро би било доколку работите на случајот. Имате уште многу простор за развој и надградба, а најдоброто допрва доаѓа. Престанете да се осудувате себеси затоа што сè уште не сте онаму каде што сакате да сте и фокусирајте се на авантурите што ќе ви ги донесе животот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn