КАФЕ ПАУЗА

Tag: сонце

  • Зошто бананите растат свиткани?

    Зошто бананите растат свиткани?

    Додека се зелени, бананите растат надолу, но одеднаш започнуваат со друг процес: се вртат нагоре кон сончевата светлина. И тоа го прават со цел да преживеат.rnrnЗошто бананите растат свиткани?rnrnКога бананата ќе достигне одреден развој почнува со процес наречен негативен геотропизам. Ова значи дека наместо да растат постојано надолу, бананите се вртат кон сонцето за да добијат светлина, исто како и сончогледите. Што би се случило кога тие би растеле на страна, во права линија? Растението би ја изгубило рамнотежата и не би ја издржало тежината на плодовите. Според ова, сончевата светлина е клучна за развој на бананите.rn

    Како изгледа процесот?

    rnБананите растат од цветот во правец кон земјата. Додека се развиваат, продолжуваат да растат надолу, но во одреден момент почнуваат со процесот негативен геотропизам, односно се вртат нагоре, што ги принудува да се свиткаат во спротивен правец формирајќи блага заобленост. Благодарение на заоблената форма тие преживуваат, а покрај тоа и растението е стабилно за да продолжи да се развива. Кој би претпоставил?!rnrnЗошто бананите растат свиткани?rnrnЗошто бананите растат свиткани?rnrnЗошто бананите растат свиткани?rnrnЗошто бананите растат свиткани?rnrnБананите се дефинитивно необични плодови. А би пробале ли од овие сини банани со вкус на сладолед од ванила?rn

    Автор: Весна Куковска

  • Одберете едно сонце и прочитајте го советот што ќе ви го промени животот

    Одберете едно сонце и прочитајте го советот што ќе ви го промени животот

    Различните небесни објекти можат да влијаат на нас на различен начин, без разлика дали ни носат ниска или висока енергија. Кога нештата ни стануваат малку луди, ние можеби не го разбираме начинот на кој се развиваат. Ако ова ви се случува и вам, имаме одличен тест за вас. Сè што треба да направите е да го одберете сонцето што најмногу ве привлекува и да ја прочитате пораката што ќе насочи кон правиот пат во животот. Не размислувајте премногу!rnrnrn

    Сонце број 1

    rnНабрзо ќе се соочите со тешки ситуации што ќе ве исцрпат. Но, нешто навистина добро може да излезе од нив. Додека нештата се случуваат во следните неколку недели, вие обидете се да научите што е можно повеќе од ова искуство, бидејќи мудроста што ќе ја стекнете во текот на овој период ќе ви помогне многу во животот понатаму.rn

    Сонце број 2

    rnНеколку области од вашиот живот се вон рамнотежа. Тоа може да биде исхраната, здравствената рутина, работата или односите… Добро е да почнете да водите дневник и да го бележите начинот на кој го поминувате времето од моментот кога ќе се разбудите до моментот додека не си легнете. По некое време прегледајте го дневникот и ќе откриете точно каде ви се трошат времето и енергијата.rn

    Сонце број 3

    rnПоради способностите за емпатија и поврзување со другите на емоционално ниво, важно е да поставите здрави граници. Многу луѓе најчесто не се ни свесни дека црпат енергија од другите. Тоа не го прават намерно, но постојат големи шанси да се емотивно закачени за оние околу нив. Токму затоа и треба почесто да се проверувате и преиспитувате со цел да не давате повеќе одошто е потребно.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Расположени сте за уште еден тест? Одберете една карта, кликнете на неа и прочитајте важна порака за вашиот животrnrn[/message_box]

  • 5 знаци дека ви недостасува сончевиот витамин Д

    5 знаци дека ви недостасува сончевиот витамин Д

    Едно неодамнешно истражување од Харвард покажало дека милијарди луѓе ширум светот патат од недостаток на витамин Д. Доколку избегнувате излегување на сонце, како и консумирање одредени видови храна и додатоци на исхраната, постојат големи шанси дека и вие сте дел од оваа бројка.rnrnrnrnВитаминот Д е составен од седум витамини кои се синтетизираат под кожата под влијание на сонцето, односно со директно изложување на ултравиолетовите зраци, а може да се најдат во храната како рибиното масло, месото, млекото и млечните производи, жолчката и печурките.rnrnПросечната возрасна личност има потреба од околу 5 до 10 микрограма дневно, што е многу мала количина. Но, ако сте личност која целиот ден го поминува во затворена просторија, како и дека ги избегнувате потребните додатоци на исхраната, можно е и вие да патите од недостаток на витамин Д.rnrnТој има важна улога при одржувањето на концентрацијата на калциум во телото, придонесува за силни коски и здрави заби, како и за посилен мускулен тонус. Кога имате недостаток на витамин Д во телото, ќе ги забележите следните симптоми:rn

    1. Имате кршливи коски

    rnТелото престанува да гради коскена маса околу 30-тата година во животот, па недостатокот на витамин Д ќе ги забрза и влоши симптомите на остеопорозата која обично се јавува во третата животна доба. Па, оние што имаат недостаток на овој витамин ќе има и почести скршеници од останатите.rn

    2. Чувствувате болки во коските

    rnСуптилната, но постојано присутната болка во коските и зглобовите може да биде последица на артритис, остеомалација или фибромиалгија. Но, за тоа непријатно чувство може да биде виновен и недостатокот на витамин Д. Ако се сомневате на ова, треба да направите едноставна крвна слика за да проверите.rn

    3. Лошо сте расположени

    rnКлиничката депресија воглавно е директно поврзана со намаленото количество на витамин Д. Иако нема јасни докази за тоа, експертите веруваат дека недостатокот на витамин Д влијае при лачење на серотонинот, кој го одредува расположението кај луѓето.rn

    4. Претерано се потите

    rnПретераното потење има бројни причинители, а еден од нив е малата количина на витамин Д во телото. Ако вашето лице постојано „сјае“ од големата количина пот што ја лачите, дури и кога мирувате во околина со просечна температура, размислете за тест за витамин Д.rn

    5. Чувствувате замор и слабост

    rnСе чувствувате уморно и слабо дури и по квалитетен 8-часовен сон? Причината може да се крие во недостатокот на витамин Д. За силата на телото не е задолжено само железото, туку и овој витамин кој за зголемува контролата на мускулите.rnrnДознајте и како најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зраци.

  • Што ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?

    Што ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?

    Ако случајно живеевте во некој дел од светот кој е склон кон долги, студени и темни зими, тогаш вашиот секојдневен живот навистина ќе се разубави штом ќе се појави сонцето. Луѓето обично ја сакаат пролетта бидејќи тоа значи ослободување од големите јакни и напуштање на канцеларијата пред надвор да биде темно.rnrnШто ќе се случи ако сонцето исчезне на една недела?rnrnИсто така, сонцето е добро за нашето тело. Тоа ни помага наутро да станеме од кревет, ги зајакнува нашите коски со витамин Д, и можно е да штити од сезонска депресија. Со други зборови, сите ние би биле поспани и со многу психолошки проблеми доколку сонцето го нема цела недела. Губењето на сонцето би имало многу поголемо и позначајно влијание на луѓето кои живеат на Земјата.rnrnПрвото нешто што веројатно ќе го забележите е дека планетата ќе стане многу темна, а за брзо и многу студена. Иако не го чувствуваме тоа, Земјата постојано се врти. Оваа ротација е забележана со календарски денови. Дневните часови се периодите кога вашето место на планетата ротира кон сонцето, а ноќта паѓа кога истото место ротира од сонцето. Ако сонцето исчезне, денот би се претворил во ноќ за околу 8,5 минути – време што ѝ е потребно на сончевата светлина да стигне до Земјата.rnrnСтуденото време ќе биде поблаго и промената нема да биде одеднаш како со темницата. Планетата на температурата ќе се спушти на околу -17,8 степени Целзиусови во текот на неделата. Ова е студено, но не е доволно да го смрзне човештвото и другите живи форми на Земјата. Барем не веднаш.rnrnАко нема сонце, тоа значи дека нема да постои ни фотосинтеза – процесот при кој растенијата ја претвораат сончевата светлина во енергија. Како што растителниот свет ќе почне да умира, животните што се хранат од него ќе останат без извор на храна.rnrnЗа површината на температурата да стигне до -73,3 степени ќе биде потребна цела година. Мразот нема да биде единствениот проблем. Многу животни форми и луѓето нема да можат да преживеат без постојан извор на енергија и топлина.rnrnНајголемото влијание на еднонеделниот одмор на сонцето нема да биде на површината на Земјата, туку во вселената. Додека планетата ротира околу својата оска, таа истовремено ротира и околу сонцето. Сонцето има дијаметар отприлика 100 пати поголем од оној на Земјата и предизвикува гравитационо влечење на сите планети од Сончевиот систем. Гравитацијата е онаа што ги „тера“ планетите да ротираат околу нашата ѕвезда. Земјата ќе залута и кога-тогаш ќе се судри со комета, метеор, па можеби и со друга планета.rnrnЗнаете ли кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото со тоа?

  • Тест: Одберете сонце и тоа ќе осветли скриени аспекти од вашата личност

    Тест: Одберете сонце и тоа ќе осветли скриени аспекти од вашата личност

    Облиците кои ги преферираме можат да кажат многу за нашите особини, како што сугерираат релациската психологија и психологијата на цртежи.rnrnТест: Одберете сонце и тоа ќе осветли скриени аспекти од вашата личностrnrnСмирете го умот, погледнете ја сликата и одберете едно од овие сонца, па потоа прочитајте што овој избор има да каже за вас.rnrn1. Вашата посебна карактеристика е тоа што сте секогаш позитивни и насочени кон себеподобрување. Не е лесно да се обесхрабрите и секогаш цврсто држите до себе. Вашата чаша е дефинитивно секогаш полуполна. Овој пристап кон животот не само што ве прави издржливи, туку затоа сте и одлични пријатели кои можат да им помогнат на саканите во секоја ситуација. Вие сте дружељубиви, но ги бирате луѓето околу себе, па затоа имате само неколку најблиски пријатели.rnrn2. Постојат две навистина важни нешта за вас – личниот простор и почитувањето на вашите пријатели. Повеќе сте интровертни отколку екстровертни и често сте резервирани. Ги цените едноставните карактеристики како искреноста и љубезноста и секогаш сте тука за вашите пријатели. Заради тоа треба да се пазите од луѓето кои сакаат да ве искористат. Секогаш имајте верба во своето шесто сетило бидејќи тоа ќе ве извлече од такви ситуации.rnrn3. Вие сте паметни, многу љубопитни и храбри кога станува збор за нови авантури и знаење. Многу сте искрени и транспарентни, отворени сте и се обидувате да го задржите својот став непроменет. Вие сте роден лидер. Другите лесно се потпираат на вашето чувство за правда и го вреднуваат вашето мислење.rnrn4. Вашата личност означува бесконечна енергија и неуморност. Вие сте растргнати на сто идеи во исто време. Секогаш сте подготвени да се соочите со новите предизвици и да ги искористите приликите за да пробате нешто ново. Го живеете животот со многу љубов и се обидувате да го живеете во целост. Тоа е она што ве прави личност со големи животни цели. Немојте да дозволите нешто да ви попречи во нивното остварување.rnrn5. Имате неверојатна способност и подготвеност да им помагате на другите. Сакате да им помагате на луѓето кога им е тоа потребно, а понекогаш се чини дека имате комплекс на херој – бидејќи кој друг подобро ги го спасил светот од вас? Вие сте сноп светлина во животите на другите. Интелигентни сте, но не секогаш ги споделувате своите размислувања со другите.rnrn6. Луѓето кои го одбираат ова сонце воглавно се среќни и забавни луѓе кои уживаат во секој мал детаљ од животот. Секоја препрека на вашиот пат е само уште една причина да научите нешто ново. Не бегате од конструктивни критики и секогаш го одржувате своето ведро расположение. Луѓето ве сметаат за самоуверена личност која поседува многу лидерски вештини.rnrn7. Лесно ве инспирираат новите цели, а вие навистина правите сѐ за да ги остварите. Всушност, еден животен век не е доволен за да ги исполните сите. Ако сакате да ги остварите своите главни соништа, ќе мора да утврдите прво кои ви се најважни. Другите луѓе ве доживуваат како енергични и упорни личности. Имате позитивно влијание на останатите.rnrn8. Не им замерувате на другите и ретко се навредувате. Како личност сте многу зрели. Сакате да размислувате за работите и избегнувате да правите грешки. Иако љубовта и другите чувства ви се важни, тие имаат тенденција да заземат преголемо место во вашиот рационален ум и интелигенција.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnНаправете го и овој тест: Одберете скапоцен камен и видете што кажува за вашата судбина!rnrnrnrn[/message_box]

  • 6 знаци дека сте алергични на сонце

    6 знаци дека сте алергични на сонце

    Постојат неколку реакции на кожата кои се појавуваат откако ќе ја изложите на директна сончева светлина. Алергијата на сонце е токму тоа и е многу почеста отколку што мислите. Таа се појавува кај 10% до 15% од луѓето. Постојат неколку симптоми кои се резултат на алергијата од сонце, па ако сте ги забележале и кај вас, можеби е време да се консултирате со доктор.rn

    1. Црвенило

    rn6 знаци дека сте алергични на сонцеrnrnКако и многу други алергиски осипи, и во овој случај настанува црвенило. Ова најчесто се случува на деловите кожа коишто се покриени во текот на зимата, како раце, нозе, гради и врат.rn

    2. Чешање, печење или болка

    rn6 знаци дека сте алергични на сонцеrnrnРазни луѓе различно ја искусуваат алергијата од сонце. Некои изјавиле дека толку многу ги чешала кожата што се буделе сред ноќ. Исто честа појава е и печењето или болката под кожата.rn

    3. Мали израстоци на кожата

    rn6 знаци дека сте алергични на сонцеrnrnАлергијата од сонце најчесто се манифестира во форма на мали бели или светли израстоци кои се густо распоредени. Исто се појавува и црвенило кое е малку отечено.rn

    4. Лупење на кожата или крвавење

    rn6 знаци дека сте алергични на сонцеrnrnПосилната реакција може да резултира со толку сува кожа што ќе почне да се лупи. Понекогаш ситуацијата може многу да се влоши и да дојде до крвавење.rn

    5. Меури

    rn6 знаци дека сте алергични на сонцеrnrnКај некои осипот е во форма на меури. Алергијата на сонце не е всушност алергија, туку реакција на сончева светлина, но го добила името токму поради појавата на меурите.rn

    6. Осип што наликува на убод

    rn6 знаци дека сте алергични на сонцеrnrnПоследната реакција што може да се појави од сонцето наликува на убод од инсект. Бидејќи понекогаш станува збор само за убод, најдобро е да го посетите вашиот лекар.rnrnНа следната страница прочитајте и кога се појавуваат овие симптоми…rnrn

  • Неколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температури

    Неколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температури

    Доколку сакате да имате здрава и негувана коса, потребно е да ја подготвите и за претстојните сончеви месеци, бидејќи правилата за одржување на убава коса не се исти како оние во зима. Кога времето ќе се разубави, потребно е да размислуваме за поинаква нега на телото, лицето и косата. Подготовките за очекуваните високи летни температури треба да започнат навреме и не смееме да занемариме ниту еден дел од нашето тело кога е во прашање соодветната нега.rnrnНеколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температуриrnrnКосата е особено чувствителна на УВ-зраците, па многу често се случува после враќање од летниот одмор, да мораме драстично да ја скратиме, бидејќи е премногу оштетена. Затоа, навреме подгответе се за зголеменото изложување на сонце и потењето, за потоа без грижа да можете да уживате во летото.rnrnЗнаеме дека обоената коса е особено подложна на оштетувања, бидејќи самото боење драстично ја уништува структурата на косата. Ако на ова го додадеме и штетното УВ-зрачење и солената морска вода, на косата ѝ нема спас доколку не е правилно негувана. Ова особено се однесува на русокосите и на косата со црвена нијанса. За да ја заштитите, особено е важно на косата да се нанесува регенератор во форма на спреј кој не се мие и ја штити косата од сончевите зраци. Истиот совет важи и за оние кои многу време поминуваат движејќи се на силното градско сонце, а не само за оние кои се на плажа.rnrnЗбогатете ја својата исхрана со здрави намирници богати со омега-3 масни киселини. Во вашето мени вклучете многу сина риба, спанаќ, јајца, чиа семки и масло од ленено семе. На овој начин ќе ја нахраните вашата коса однатре и таа ќе биде сјајна, здрава и цврста, а исто така и вашето тело ќе има корист од таквиот начин на исхрана.rnrnНеколку совети за заштита на вашата коса од високите летни температуриrnrnПред да одите на летување, задолжително посетете го фризерот. Многумина мислат дека најдобро е да го направат тоа откако ќе се вратат, но според експертите во оваа област, ова е честа замка на која жените паѓаат. Оштетените врвови уште повеќе се уништуваат под влијание на сонцето и морската сол или хемикалиите за чистење и одржување на базените, па кога ќе се вратите веројатно ќе мора да ја скратите и повеќе отколку што сте планирале.rnrnПредлог: Две недели пред да тргнете на летување, скратете ја косата и тргнете со здрава коса. Кога ќе се шишате, убаво е да му напоменете на фризерот дека ќе бидете изложени на сонце повеќе од вообичаено, па доколку сакате може да ви направи и третман со ботокс за дополнителна заштита и зајакнување на косата.rnrnОбезбедете ѝ на вашата коса дополнителна нега. Мијте ја почесто отколку во поладните месеци, со мала количина благ шампон, бидејќи за време на високите температури скалпот повеќе се поти, а потта може дополнително да влијае вашата коса да изгледа лошо. За време на миењето, особено е важно да употребувате благи шампони, без парабени и силикон, произведени од што поприродни состојки (има голем избор на пазарот), кои се наменети за секојдневна употреба. Еднаш неделно косата третирајте ја подлабоко, така што би можеле да изберете некоја маска или производ богат со арганово масло, за дополнителна хидратација и заштита на влакното.rnrnПроверете и кои ноќни навики ја уништуваат вашата коса.

  • Како најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зраци?

    Како најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зраци?

    Витаминот Д е многу важен кога е во прашање општата здравствена состојба, но многу луѓе имаат сериозен недостиг од него. Овој витамин е создаден од холестеролот во кожата и се синтетизира при изложеност на сончевите зраци. Поради тоа, доволното изложување на сонце е важно за да се одржи здраво ниво на витамин Д во организмот.rnrnКако најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зрациrnrnСонцето е најважниот извор на витамин Д, па поради тоа тој често е нарекуван и „сончев витамин“. Ултравиолетовите зрачења реагираат со холестеролот присутен во клетките на кожата и притоа даваат доволно енергија за да започне создавањето на витаминот Д, кој е особено важен за одржување на здравјето и виталноста. Овој витамин помага на клетките правилно да ги апсорбираат материите кои им се потребни за правилно функционирање. На пример, со помош на витаминот Д се апсорбираат калциум и фосфор, кои се важни за цврстината на коските.rnrnНедостатокот на витаминот Д може да доведе до посериозни здравствени нарушувања, меѓу кои и:rn

      rn 011

    • Остеопороза
    • rn 011

    • Карцином на коскени ткива
    • rn 011

    • Депресивни епизоди
    • rn 011

    • Мускулна слабост
    • rn

    rnИсто така, треба да се внимава да биде внесен и преку исхраната. Препорачливо е во дневното мени да бидат вклучени повеќе видови риби, слатководни или морски, телешки џигер, жолчка од јајце и конзервирани туна или сардина. Постојат и суплементи кои се особено корисни за луѓе кои немаат доволна изложеност на сончеви зраци, како на пример оние кои работат во производни погони или темни канцеларии или кои живеат во потемни и несончеви делови од планетата.rnrnИмајќи го сè ова на ум, може да се заклучи дека освен правилната исхрана, потребна е изложеност на сонце, за целиот процес да се одвива што поприродно.rnrnКако најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зрациrn

    Излезете на сонце претпладне

    rnОвој совет особено важи за летниот период, кога поставеноста на сонцето е пониска, бидејќи во пладневните часови зрачењето е директно и силно. Доколку излегувате на пладне, тогаш изложувањето на сончевите зраци треба да биде пократко. Секако, ова зависи и од тоа каде се наоѓате географски. Но, за наши услови, најдобро е да излегувате на сонце помеѓу 10 и 12 часот и да останете директно изложени околу 20 минути.rnrnВо овој период и зрачењето е помало, со што полесно ќе се избегне горењето на површинскиот слој на кожата, кое всушност го зголемува ризикот од рак на кожата.rn

    Бојата и нијансата на тенот се значајни фактори за создавање на витаминот Д

    rnВо зависност од количината на меланин, може да имате темна или светла боја на кожата. Меланинот ја штити кожата од оштетувањата кои можат да настанат поради изложеност на сонце, па колку повеќе е присутен, толку е помала можноста за горење. Но, кога е во прашање синтетизирањето на витамин Д, луѓето со потемна кожа треба подолго да бидат изложени на сончевите зраци (околу 30 минути). Што се однесува до заштитата, препораките за мачкање со лосиони со заштитен фактор важи и за двете групи на боја на тен.rnrnЛуѓето кои живеат во близина на екваторот помалку страдаат од недостиг на витамин Д. Како што се оддалечуваат од таа линија, настануваат и промени во најоптималните периоди за изложување на сонце. Така, во Македонија имаме можност за природно создавање на витаминот речиси преку целата година, особено ако и зимите се сончеви. Но, северно од нас, како што се државите во Скандинавија, имаат само неколку месеци да се изложуваат на сонце. Затоа, додатоците во исхраната кај овие луѓе се и повеќе од препорачливи.rnrnКако најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зрациrn

    Покажете му повеќе кожа на сонцето

    rnСекогаш кога можете, изложете што повеќе делови од кожата на сончева светлина. Преку лето тоа можете да го правите со маички на прерамки или со голи раменици, а додека сте на плажа, тогаш постигнувате идеална изложеност. Останете директно на сонце околу 10-30 минути доколку имате светол тен, а доколку имате темен, продолжете уште 10 минути.rnrnБез заштита сончајте се најмногу 10 минути, а потоа задолжително заштитете ја кожата со масло или лосион со соодветен заштитен фактор. Намачкајте го и лицето и носете очила и шешир за да ја заштитите кожата.rn

    Како лосионите со заштитен фактор влијаат врз витаминот Д?

    rnВо најголем дел, овие производи го блокираат директното влијание на ултравиолетовите зраци, кои се клучни во создавањето на витаминот Д. Поради тоа и се советува краткотрајна директна изложеност на кожата, но никако целосно исклучување на ваквите производи. Тие помагаат да се заштити површинскиот слој на кожата и да се избегнат непријатните изгореници, кои потоа предизвикуваат лупење на кожата и болки.rnrnЗа да компензирате, доколку користите заштитен фактор 30, останете подолго изложени на сонце. Во зависност од вашата индивидуална чувствителност, можете самите да процените колкав заштитен фактор ви е доволен и колку време можете да останете на сончевите зраци.rnrnВнимавајте да не претерате со директната изложеност, бидејќи само на тој начин можете да ги избегнете непријатните појави како што се изгорениците, чувствителноста и сувоста на очите, предвременото стареење на кожата, дисколорациите, топлотниот удар и рак на кожата.rnrnСекогаш грижете се да имате доволно сенка во близина, каде ќе се засолните и не претерувајте со времето на сончање. Кога сте на плажа, треба на секои два часа да нанесувате креми или лосиони со заштитен фактор, бидејќи потењето и капењето го бришат претходниот слој.rnrnКако најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зрациrn

    Заклучок

    rnСонцето е клучно за природно одржување на нивото на витамин Д во организмот. Сепак, мора да се внимава и на времето во кое сме изложени на сончевите зрачења и да го прилагодуваме на индивидуалната издржливост, но и на бојата и нијансата на тенот. Кога постои недостиг на витамин Д, може да се надомести со побогата исхрана, но и со додатоци во исхраната. На крај, секогаш внимавајте да имате и каде да се засолните од директните сончеви зраци, бидејќи на тој начин се штитите од изгореници и го намалувате ризикот за рак на кожата.rnrnДознајте и што ќе се случи ако веќе никогаш не излезете на сонце?

  • Одберете сонце и дознајте ги скриените страни на вашиот карактер

    Одберете сонце и дознајте ги скриените страни на вашиот карактер

    Нашите омилени облици и форми можат да откријат многу работи за нашите скриени карактеристики. Сонцето отсекогаш имало свое посебно место во религијата и културата. Пред да го направите овој психолошки тест, смирете си го умот, погледнете ја сликата со 8-те сонцa, одберете го она што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себе…rnrnОдберете сонце и дознајте ги скриените страни на вашиот карактерrnrnГо одбравте вашето омилено сонце? Прочитајте ги резултатите и дознајте ги скриените тајни на вашиот карактер. Можеби ќе се изненадите од тоа што ќе го откриете!rn

    Сонце под број 1

    rnОдберете сонце и дознајте ги скриените страни на вашиот карактерrnrnВие сте секогаш позитивни и постојано барате начини да се подобрите себеси. Не се обесхрабрувате лесно и стоите цврсто на земја со двете нозе. Вашата чаша е дефинитивно половина полна. Овој пристап кон животот не само што ве прави отпорни, туку и ве прави одлични пријатели кои можат да им дадат поддршка на саканите во секоја можна ситуација. Вие сте дружељубив, но понекогаш задржувате некои работи за себе за да не ги повредите луѓето. Од таа причина, вие имате само неколку навистина добри пријатели.rn

    Сонце под број 2

    rnОдберете сонце и дознајте ги скриените страни на вашиот карактерrnrnПостојат 2 навистина важни работи за вас: Вашиот личен простор и почитта на луѓето што ве опкружуваат и вашите најблиски. Вие сте интровертни, што не значи дека се оддалечувате од луѓето, туку сте малку резервирани. Вие ги цените едноставните позитивни особини, како што се искреност и добрина и секогаш сте тука за вашите пријатели. Токму затоа, треба да се чувате од луѓе кои сакаат само да ве искористат. Секогаш верувајте му на вашето шесто сетило бидејќи тоа ќе ве извлече од таквите ситуации.rn

    Сонце под број 3

    rnОдберете сонце и дознајте ги скриените страни на вашиот карактерrnrnВие сте паметни, љубопитни и храбри кога се работи за нови авантури и знаење. Многу сте искрени и отворени. Имате слободен ум и се обидувате да се ослободите од сите предрасуди. Вие сте родени лидери и водичи. Луѓето ѝ веруваат на вашата проценка за добро и лошо и го ценат вашето образувано мислење.rn

    Сонце под број 4

    rnОдберете сонце и дознајте ги скриените страни на вашиот карактерrnrnВашите најдобри карактерни особини се бесконечната енергија и неуморноста. Вие сте растргнати од страна на стотици идеи кои ви се јавуваат истовремено. Секогаш сакате да се соочувате со нови предизвици и многу ве возбудува помислата да пробате нешто ново. Го сакате животот и се обидувате да живеете со полни гради. Токму тоа ви помага да поставите одлични цели, само внимавајте да не го изгубите фокусот.rnrnПродолжете на следната страница за останатите сонца…rnrn

  • Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

    Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

    Времето е студено и сончевите моменти траат многу кратко. Па, доколку ви недостасува сонцето, овој тест можеби ќе успее да ве „стопли“ малку со тоа што ќе ви даде мудра порака за вашата блиска иднина. Одвојте неколку секунди, погледнете ја сликата, затворете ги очите и одберете го сонцето што најмногу ве привлекува…rnrnОдберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднинаrn

    Прво сонце

    rnПонекогаш вашиот голем сон мирно спие во вашата свест за да можете да обрнете внимание на едноставните задачи во животот. Размислете зошто стеблата се кастрат пред да се случи цветењето на прекрасните цветови. Се отфрлаат мртвите лисја, земјата се полева, а потоа работите ѝ се препуштаат на природата. Тоа е многу важен чекор при постигнувањето успех.rnrnОдберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднинаrnrnКога ќе го тргнете вниманието од вашата цел и ќе се одвоите од неа, ќе станете достапни за доаѓањето на успехот. Кога се занимавате со секојдневни задачи на медитативен начин, вие ја чистите вашата енергија за да можете да доживеете „еурека“ моменти кои ќе ве приближат до она што го барате.rn

    Второ сонце

    rnСудено ви е да еволуирате и да се трансформирате преку дружењето со други луѓе. Некои луѓе се појавуваат во вашиот живот за да ве одведат на следното ниво на свест и автентичност. Станува збор за заемно искуство иако резултатите варираат во зависност од поединецот. Ги познавате тие луѓе и силно ве привлекуваа иако понекогаш на самиот почеток чувствувате дури и силна аверзија кон нив.rnrnОдберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднинаrnrnСродните души може да бидат пријатели за цел живот или многу кратко време да останат во вашиот живот. Без оглед на тоа, тие ќе ве променат на начин што сега нема да можете да го разберете. Обрнете внимание на тие луѓе. Тие се вашите најголеми дарови.rn

    Трето сонце

    rnМожеби не се сметате за креативни, но вие секој ден ја создавате вашата реалност преку вашите мисли, чувства, верувања, намери и дела. Вашата интелигенција ја поттикнува вашата инспиративна мисла и интуитивно водство. Вие знаете како да ја изразите вашата индивидуалност.rnrnОдберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднинаrnrnМоментално толку многу сте усогласени со универзумот што можете да направите чуда. Кога ќе почнете да го гледате вашиот живот како уметност што самите ја создавате, ќе почнете да доживувате само убави и значајни работи. Подгответе се, бидејќи можно е да бидете изненадени!rnrnВо продолжение одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси.rnrnНеобичен тест: Одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси