КАФЕ ПАУЗА

Tag: смрт

  • Што се случува со телото и мозокот по смртта?

    Што се случува со телото и мозокот по смртта?

    Дали некогаш сте се запрашале што навистина се случува со телото и мозокот по смртта? Професорот Џенс Дериер од Медицинскиот универзитет во Берлин и докторот Стјуарт Хамилтон, патолог, дале детално објаснување за сите процеси кои се случуваат во телото по смртта.rn

    Веднаш по смртта

    rnШто се случува со телото и мозокот по смртта?rnrnХемиските супстанци наречени невротрансмитери го преплавуваат мозокот правејќи скок во активноста на мозокот за околу 30 секунди. Нормалната мозочна активност веќе е престаната.rn

    Неколку минути по застанувањето на срцето

    rnШто се случува со телото и мозокот по смртта?rnrnЕдна до пет минути по смртта, во мозокот започнува процес наречен терминална деполаризација, или со други зборови „мозочно цунами“. Во својата најосновна форма, ова е бран од невронски активности кој започнува длабоко во мозокот и се шири нанадвор. Ова го означува распадот на мозочните електрохемикалии и моментот кога мозочната функција и свест се изгубени.rnrnВо меѓувреме, крвта повеќе не циркулира низ телото па кожата добива бледа боја, феномен наречен смртно бледило (pallor mortis). Недостатокот од свежа крв ја намалува и внатрешната температура на телото, процес наречен студот на смртта (algor mortis). Најчесто таа се намалува за 1 степен Целзиусов во рок од 1 час, сè додека телото не ја достигне собната температура.rn

    Неколку часа по смртта

    rnШто се случува со телото и мозокот по смртта?rnrnСега телото почнува да развива црвенкасти пупки, познати како раната на смртта (livor mortis). Поради гравитацијата, крвта почнува да се собира во делот на телото кој е најблиску до земјата. Крвта би се помрднала ако се помрдне и телото, но со распаѓањето на крвните клетки кожата ја менува бојата. Интересно е што причината за смртта, како и опкружувањето, може да имаат влијание на оваа боја. Труењето од јаглероден моноксид предизвикува силно црвена боја, екстремниот студ може да резултира со розова боја, а во некои случаи кожата може да добие и сина или кафеава нијанса.rnrnВо оваа фаза почнуваат да се здрвуваат мускулите, процес познат како вкочанетост на смртта (rigor mortis). Овој процес се случува кога има таложење на калциум и недостаток од аденозин трифосфат. Ова предизвикува мускулните влакна да се спојат и да се зацврстат. Првите мускули кои се стврднуваат се малите, но по околу 12 часа настанува целосна вкочанетост. Оваа состојба е моментална и по 24-36 часа мускулите целосно се опуштаат. Ова може да предизвика и ослободување од фекалните материи во телото.rnrnПотоа започнува и процесот наречен автолиза каде што клетките се уништени од сопствените ензими. Автолизата предизвикува и друг процес – гниење. Автолизата и гниењето заедно се познати како распаѓање на телото.rnrnИстовремено кожата се намалува, а токму ова предизвикува ефект кој наликува како влакната и ноктите да продолжуваат да растат.rn

    Неколку денови по смртта

    rnШто се случува со телото и мозокот по смртта?rnrnНеколку денови по смртта се појавува подуеност и лачење течности, како и лош мирис. Телото почнува да испушта хемикалии кои мирисаат лошо и кои се резултат на распаѓањето на аминокиселините. Овој мирис најчесто е опишуван како „корпа за отпадоци оставена долго време на висока температура“.rnrnВо меѓувреме крвта се згрутчува, салото се претвора во течност, а телото добива зелена боја. Ензимите продолжуваат да ги „јадат“ органите, а најпрво страдаат оние со помалку влакна, како мозокот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • За животот и смртта: Нема ништо пострашно од загубата на блиска личност

    За животот и смртта: Нема ништо пострашно од загубата на блиска личност

    Повеќето луѓе се плашат од смртта. Се плашат од тоа дека ќе си заминат од овој свет пред да ги остварат своите цели, пред да ги поправат своите грешки, пред да ги исполнат своите соништа и да се претворат во личноста која отсекогаш посакувале да бидат. Се плашат дека нема да успеат да се збогуваат со своите најблиски и да им ги кажат сите работи што треба да ги знаат. Многумина ја гледаат смртта како конечен крај после кој ништо повеќе не вреди и не е важно. Помислата на прераното губење на животот е навистина страшна и вознемирувачка.rnrnЗа животот и смртта: Нема ништо пострашно од загубата на блиска личностrnrnЛуѓето ќе кажат дека нема ништо пострашно од предвремената смрт. Но, вреди да се запрашаме што е потешко: Да се изгуби сопствениот живот или да се изгуби животот на блиска личност? Кога луѓето умираат, тие не чувствуваат повеќе болка. Не се сведоци на сите неправди и разочарувања на Земјата. Не го гледаат туѓото страдање. Тие едноставно заминуваат и се „спасуваат“ од секојдневните грижи и обврски.rnrnА што е со оние кои останале живи и мораат секој ден да се соочуваат со фактот дека нивните најблиски луѓе не се повеќе со нив? Како тие да живеат со сознанието дека никогаш повеќе нема да го чујат тој добро познат глас, дека никогаш нема да го видат тој блесок во очите и никогаш веќе нема да го почувствуваат нивниот топол допир?rnrnКако да се продолжи понатаму по загубата на блиска личност? Луѓето кои изгубиле некого знаат дека ништо повеќе нема да биде исто. Тие ќе бидат принудени да продолжат да дишат без човекот кој бил разумот во нивното бесознание, причината за насмевка во нивната тага, безрезервната поддршка кога сите други ги напуштиле и безусловната љубов кога ја изгубиле сета надеж. Како да продолжат да живеат без овој човек?rnrnСмртта е неизбежна. Оваа непожелна гостинка еден ден ќе затропа на сечија врата. Но, не, сопствената смрт не е таа од која треба најмногу да се плашиме, бидејќи тоа не е најстрашното нешто. Најтешко и најболно е да се биде сведок на вечното заминување на блиска личност. Само луѓето кои поминале низ тоа, можат да ја разберат болката. Секој обид да се сочувствува со нив завршува безуспешно, бидејќи оној кој не доживеал такво нешто не може ни да си замисли како е, колку и да се труди.rnrnИако се чини дека по смртта сета работа и постигнати успеси на еден човек стануваат безначајни, тоа не е вистина. Човекот секогаш остава трага кај своите најблиски преку неговите постапки и начин на однесување. И покрај тоа што тој не е повеќе меѓу живите, спомените за него продолжуваат да живеат и понатаму во срцата на оние кај кои оставил белег. Болката предизвикана од загубата на блиска личност е неизмерна, но со текот на времето може да се претвори во нешто благородно.rnrnСекогаш кога ќе помислите вашите сакани кои прерано го загубиле животот, не се чувствувајте лошо поради тоа што не се покрај вас. Бидете благодарни што сте ги познавале и што биле дел од вашиот живот. Бидете благодарни за сите лекции што сте ги научиле од нив и за сите спомени што сте ги создале заедно. Сѐ додека ги одржувате во живот сеќавањата за нив, тие никогаш нема да умрат вистински, туку секогаш ќе бидат дел од вас, до крајот на вашиот постоење…

  • 20 бизарни начини на кои умреле некои луѓе

    20 бизарни начини на кои умреле некои луѓе

    Сите знаеме дека смртта е неизбежна. Освен ако науката не најде начин да нè направи бесмртни, факт е дека секој човек еден ќе умре. Низ историјата луѓето умирале на навистина чудни начини, а во продолжение погледнете некои од најбизарните.rnrn20 бизарни начини на кои умреле некои луѓеrnrn1. Оваа приказна се случила во далечната 62-та година п.н.е. Атинскиот пратеник Драко бил задушен од неколку наметки и шапки кои граѓаните му ги дале како подарок. Се надеваме дека барем сакал подароци.rnrn2. Во 475-та година п.н.е. грчкиот филозоф Хераклит умрел откако бил нападнат од кучиња. Кучињата тргнале по него бидејќи се намачкал со ѓубриво од крави со цел да ја излечи болеста која денес ни е позната како едем. Веројатно не очекувал дека мачкањето со ѓубриво ќе биде второто најлошо нешто што ќе му се случи тој ден.rnrn3. Атинскиот драматург Есхилус исто така имал необична смрт. Откако слушнал пророштво според кое ќе умрел од предмет кој паѓа, тој одлучил да седи надвор. Тогаш еден орел помислил дека ќелавата глава на Есхилус е камен, па врз него фрлил желка со цел да ѝ го скрши оклопот.rnrn4. Во 288-ра година, грчкиот тиранин Агатокле бил убиен… со отровна чепкалка за заби.rnrn5. Грчкиот стоик Хрисип буквално умрел од смеа. Што било толку смешно? Наводно видел магаре кое јадело смокви. Изгледа шегите биле многу поразлични во минатото.rnrn6. Во 258-ма година, ѓаконот св. Лоренс бил печен жив. Но ова не го спречило да каже шега. Тој извикал:rn

    „Свртете ме, готов сум на оваа страна!“

    rnДенес тој е светец на готвачите и комичарите.rnrn7. Во 892-ра година, Сигурд Моќниот од Оркинските Острови бил многу горд откако го убил својот непријател Маел Бригте. Всушност, бил толку горд што му ја пресекол главата и ја ставил на седлото на неговиот коњ. За жал, главата била наместена така што забите на Маел му направиле отворена рана на ногата. Раната се инфицирала, па Сигурд умрел поради тоа.rnrn8. Во 1016-та година, Едмунд Втори бил убиен додека вршел нужда во тоалетот од убиец кој се криел внатре во тоалетната дупка.rnrn9. Во 137-ма година, Чарлс Втори од Навара се почувствувал лошо и се консултирал со неговиот лекар. Тој му наредил да го завиткаат во ленено платно потопено со бренди. Жената која го зашила во платното не можела да најде ножици за да го пресече конецот, па решила да искористи свеќа. Вреќата од лен, која била потопена со алкохол веднаш се запалила, а Чарлс изгорел.rnrn10. Во 1567-ма година, еден човек по име Ханс Стеинингер умрел откако се сопнал од неговата брада која била долга 130 сантиметри.rnrn11. Во 1771-ва година, кралот на Шведска умрел поради дигестивни проблеми. Најверојатно тие биле предизвикани од неговиот последен оброк кој содржел јастог, кавијар, чадена харинга, кисела зелка, шампањ и 14 колачиња потопени во жешко млеко. Тој е познат како кралот кој се прејал до смрт.rnrn12. Клемент Валандигем бил адвокат кој бил најмен да го брани човекот по име Томас Мекгехан. Томас бил обвинет дека убил човек во тепачка во еден бар. Клемент тврдел дека жртвата не сакајќи сама се застрелала во стомакот. За да ја докаже својата теорија, тој ставил пиштол во неговиот џеб (кој мислеле дека е празен). Вадејќи го му се заглавил, се застрелал во стомакот и умрел. Добро е што барем Томас бил ослободен.rnrn13. Алан Пинкертон, основачот на Детективската агенција Пинкертон, паднал на тротоар и си го прегризал јазикот. За брзо време добил гангрена и умрел.rnrn14. Џорџ Херберт го финансирал трагањето на Хауард Картер по гробницата на Тутанкамон. Умрел од инфекција која се појавила кога пресекол оток од убод од комарец додека се бричел. Некои веруваат дека причината за неговата смрт е клетвата на Тутанкамон.rnrn15. Во 1927-ма година, познатата танчерка Исадора Данкан влегла во автомобил додека носела долг свилен шал. Како што тргнал автомобилот, шалот се заглавил во гумите и ѝ го скршил вратот.rnrn16. Американскиот писател Шервуд Андерсон умрел од повреда на внатрешните органи откако не сакајќи голтнал чепкалка за заби.rnrn17. Во 1958-ма година, актерот по име Гарет Џоунс имал срцев удар и умрел помеѓу 2 сцени од телевизиската претстава во која глумел, а која одело во живо. Она што е необично во овој случај е тоа што неговите колеги продолжиле со претставата и импровизирале за да го надополнат отсуството на мртвиот колега.rnrn18. Курт Годел бил австро-американски математичар. Во 1977-ма година неговата жена била хоспитализирана 6 месеци. Годел одбивал да јаде храна која не е приготвена од неа, па умрел од глад во јануари 1978-ма година.rnrn19. Кога американскиот драматург Тенеси Вилијамс си ставал капки во очите, имал навика да го држи капачето во уста. Во 1983-та година, се загушил од капачето и умрел.rnrn20. Во 1993-та година, Гери Хој на неколку посетители им ја покажувал својата канцелариска зграда во Торонто. Тој се фалел дека прозорците се некршливи. За да го потврди ова, тој се фрлил кон еден од прозорците на 24-тиот кат. Добрите вести се тоа што прозорецот навистина не се скршил. А лошите? Прозорецот излегол од рамката и Хој паднал од 24-тиот кат и загинал.rnrnПрочитајте ги и овие морбидни факти за смртта.

  • Луѓето знаат дека се мртви бидејќи мозокот продолжува да функционира по смртта

    Луѓето знаат дека се мртви бидејќи мозокот продолжува да функционира по смртта

    Некои истражувања тврдат дека нашите мозоци сѐ уште функционираат по смртта, што значи дека откако ќе умреме, ние знаеме дека сме мртви. Според истражувачите, нашата свест продолжува да работи одредено време откако нашето физичко тело било прогласено за мртво. Тоа значи дека теоретски гледано, луѓето буквално можат да чујат како докторот ја прогласува нивната смрт.rnrnЛуѓето знаат дека се мртви бидејќи мозокот продолжува да функционира по смрттаrnrnИстражувањето било спроведено од тим на истражувачи предводени од страна на доктор Сем Парнија. Тие ги проучувале луѓето кои доживеале срцев удар, биле прогласени за мртви, но потоа биле оживеани. Но, уште поморничаво е тоа што се случило со „мртвите“ испитаници.rnrnГолем број од учесниците во истражувањето изјавиле дека биле свесни за она што се случува околу нив за време на периодот кога биле прогласени за мртви. Иако повеќето не можеле да се сетат на конкретни работи, 39% од испитаниците можеле да опишат одредена „свесна перцепција“. Мал процент од нив откриле дека можеле да чујат цели разговори, па дури и да видат нешта околу нив.rnrnСпоред зборовите на доктор Парнија, научната дефиниција за смртта гласи престанок на чукањето на срцето и на протокот на крвта до мозокот.rn

    „Технички, така се одредува времето кога настапила смртта. Сѐ зависи од тоа кога престанало чукањето на срцето. Откако ќе се случи тоа, крвта не циркулира до мозокот, што значи дека мозочната функција веднаш престанува. Освен тоа, сите рефлекси се губат“, објаснил докторот.

    rnЛуѓето знаат дека се мртви бидејќи мозокот продолжува да функционира по смрттаrnrnМеѓутоа, можно е да постои дополнителна мозочна енергија што се јавува веднаш по смртта. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со други истражувања, според кои луѓето можат да доживеат ограничена мозочна функција откако ќе умрат. Едно истражување од 2013 година, спроведено од страна на Универзитетот во Мичиген, ги проучувало мозочните сигнали на стаорци што биле под дејство на анестезија и доживеал срцев удар. Истражувачите ја набљудувале нивната мозочна активност и забележале „хипер будна состојба“ кратко по настапувањето на смртта кај стаорците.rn

    „Ова е многу добар пример за идејата што постои веќе долго време, а тоа е дека во одреден непознати и збунувачки околности, како што блиското искуство со смртта, мозокот станува престимулиран и превозбуден. Тогаш, разни активности минуваат низ областите во мозокот поврзани со свесното искуство и ги полнат сите последователни перцепции со вистински чувства и емоциите“, откриле истражувачите.

    rnМожеби се прашувате зошто научниците би ја проучувале смртта, но тие имаат совршено објаснување за тоа:rn

    „Исто како што група истражувачи ја проучуваат квалитативната природа на ’љубовта’, така ние се обидувате да го истражиме она што го доживуваат луѓето кога умираат, затоа што знаеме дека тоа е поврзано со универзалното искуство што сите ќе го имаме кога ќе умреме“, изјавил доктор Парнија.

    rnМногу луѓе тврдат дека имале блиско искуство со смртта или пак дека поминале низ вонтелесно искуство кога биле прогласени за мртви. Иако не можеме со сигурност да знаеме што ќе ни се случи откако ќе умреме, ваквите истражувања покажуваат дека можеби постои малку живот по смртта.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги следниве 9 работи кои се случуваат по смртта.

  • 8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

    8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралица

    Кралицата Елизабета Втора е монархот што досега најдолго останал на власт и тешко е да се замисли некој друг на нејзино место. Таа е олицетворение на стабилноста и редот. Но, Кралицата ги живее нејзините 90-ти години, неизбежното ќе се случи порано или подоцна и Велика Британија веќе има некои планови за овој тажен настан. Прочитајте што ќе се случи кога ќе заврши владеењето на кралицата Елизабета…rn

    1. Принц Чарлс

    rn8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралицаrnrnПрестолот не смее да остане празен. Веднаш штом ќе биде потврдена смртта на кралицата Елизабета, Чарлс ќе стане новиот англиски монарх. Кралот Чарлс ќе му се обрати на народот вечерта по смртта на мајка му и наредниот ден ќе ги посети Шкотска, Велс и Ирска за да се запознае со неговите луѓе таму. И покрај околностите што ја донесоа во кралското семејство, според законот, неговата сопруга Камила Паркер-Баулс ќе стане кралица Камила.rn

    2. Операција Лондонски мост

    rn8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралицаrnrnКога ќе се рашират вестите, кодот „Лондонскиот мост е долу!“ (London Bridge is down) ќе го започне најинтересниот и најдеталниот план за погреб во светот. Постојат различни планови за превоз во зависност од тоа каде ќе почине кралицата. Ништо не е оставено на случајноста. Можеби вам би ви било чудно да си го планирате сопствениот погреб, но за членовите на кралското семејство тоа е дел од нивната работа.rn

    3. Информирање на светот

    rn8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралицаrnrnЛичниот секретар на кралицата прв ќе ги дознае вестите. Тој ќе му го соопшти тоа на премиерот, без разлика колку е часот. Потоа, вестите ќе патуваат до 51-та нација од Британскиот комонвелт кои се наоѓаат надвор од Велика Британија, но каде што кралицата е владетел на државата. Ќе биде прикажано соопштение со црни рабови пред портите на Бакингемската палата. Истовремено, сите светски медиуми ќе бидат известени за настанот. Пилотите ќе ги споделуваат вестите за нејзината смрт со нивните патници.rn

    4. Парламент

    rn8 работи што најверојатно ќе се случат по смртта на британската кралицаrnrnДвете куќи на парламентот ќе се соберат неколку часа по смртта за да се заколнат на верност на нивниот нов владетел. Ако премиерот не е во Лондон или парламентот е распуштен, ќе треба да се вратат назад најбрзо што можат.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Пиете 4 шолји кафе дневно? Имаме добри вести за вас!

    Пиете 4 шолји кафе дневно? Имаме добри вести за вас!

    Новата студија спроведена од страна на шпанските научници покажала дека честото консумирање кафе е поврзано со помал ризик од смрт.rnrn1-piete-chetiri-sholji-kafe-dnevno-imame-dobri-vesti-za-vas-www.kafepazua.mk_rnrnИстражувањето го презентирал Европскиот конгрес на кардиолози во Шпанија. Податоците покажуваат дека личностите кои дневно консумираат најмалку 4 шолји кафе имаат за 64% помал ризик од смрт во споредба со оние кои воопшто не консумираат кафе или многу ретко.rnrnВо истражувањето кое траело 10 години учествувале 20.000 испитаници.rnrnИсто така, личностите постари од 45 години имаат за 30% помал ризик од смрт доколку пиеле 2 дополнителни шолји кафе дневно.rnrnКардиологот на болницата во која е спроведено истражувањето, Адела Наваро изјавила дека 4 шолји дневно се совршената бројка. Ова истражување дало слични податоци како и двете претходно објавени истражувања во текот на оваа година кои укажуваат на тоа дека кафето позитивно делува на организмот.rnrnПрочитајте ги и овие здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот.

  • 6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

    6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

    Смртта на омилените музичари се доживува многу емотивно. Суперѕвездите делуваат како суперлуѓе и честопати не прифаќаме дека и тие се како нас, со свои мани и недостатоци. Единствената реална разлика помеѓу нив и нас е астрономското влијание што тие го имаат на нивните фанови кои тагуваат откако ќе ја изгубат нивната омилена ѕвезда како да изгубиле член од семејството. Некои навистина упорни обожаватели наместо да тагуваат решиле да ја толкуваат нивната смрт како измама и да бараат докази дека тие не се навистина починати, туку само се кријат некаде далеку од човештвото.rnrn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrnrnИнтернетот е преполн со теории на заговор за музички изведувачи кои ја лажирале нивната смрт за да ја одбегнат славата и да побегнат во Куба. Прочитајте ги следниве 6 теории на заговор кои тврдат дека најпознатите починати музички ѕвезди сѐ уште се живи…rn

    Мајкл Џексон

    rn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrn

    Што се случило?

    rnСмртта на Мајкл Џексон беше прогласена на 25-ти јуни 2009 година во медицинскиот центар Роналд Риган во Калифорнија. Во неговиот крвоток имало толку голема доза на лекови што неговиот личен доктор Конрад Мјуреј завршил 2 години во затвор.rn

    Кои се теориите?

    rnЈутјуберката Перл Џуниор направила повеќе видеа во кои тврди дека Мајкл не е мртов. Таа спровела огромни истражувања за неговата смрт и верува дека телото на Мајкл можело да биде заменето со восочна фигура и дека пеачот го направил тоа и за фотографиите од болницата. Таа тврди дека Мајкл Џексон на сликите не личи на себе, туку изгледа како пациент болен од рак. Таа исто така смета дека телото што хеликоптерот го подигнал личело на даска за сурфање, а не на тело.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=WVZgj6XStjwrnrnУште еден теоретичар на заговор тврди дека на последното селфи на Парис Џексон на Инстаграм може да се види Мајкл Џексон. Тој верува дека го гледа лицето на Мајкл во купот алишта на задното седиште во автомобилот на Парис. Друг Јутјубер тврди дека го сретнал Мајкл Џексон доцна во ноќта кога отишол до банкомат. „Мајкл Џексон“ му кажал „Извини“ и тој веднаш го препознал гласот на познатиот пеач.rn

    Елвис Присли

    rn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrn

    Што се случило?

    rnЕлвис Присли починал кога имал 42 години на 16-ти август во 1977 година во неговиот дом во Тенеси. Тој починал од срцев удар предизвикан од висок крвен притисок, глаукома, зголемено дебело црево и оштетување на црниот дроб. Било пријавено дека имал прекумерна тежина и дека не можел да прави ништо без помош. Исто така бил предозиран со кодеин.rn

    Кои се теориите?

    rnСе верува дека Елвис ја лажирал неговата смрт за да избега од окото на јавноста. Една од причините за тоа е дека на неговата надгробна плоча како средно име пишува Аарон, наместо попознатото Арон, иако официјалното средно име на Присли е навистина Аарон. Исто така, сомнителен е и фактот што еден ден по смртта на Елвис, маж по име Џон Бароуз (псевдонимот што го користел Елвис во хотелите) наводно купил билет до Буенос Аирес.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=npQ5QL94m7krnrnТеоретичарите на заговор како доказ го користат и чудното интервју од 2005 година каде што Присила Присли спомнува нешто што Елвис го „кажал пред некој ден“. Но, сигурни сме дека кога би требало да зборувате со Опра за вашиот мртов сопруг и вие би правеле грешки при говорот.rn

    Мерилин Монро

    rn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrn

    Што се случило?

    rnМерилин Монро била најдена мртва на 5-ти август во 1962 година во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Таа ја заклучила вратата и земала преголема доза апчиња за спиење.rn

    Кои се теориите?

    rnПокрај теориите на заговор кои тврдат дека Мерилин Монро била убиена од страна на ЦИА за да се заштити госпоѓата Кенеди и да не го изгуби нејзиниот статус на прва дама, постои човек кој верува дека Мерилин била жива во 1984 година. Тој наводно ја собрал со автомобил додека таа се обидувала со автостоп да се врати дома од менталната болница каде што се криела за да го одбегне гневот на јавноста.rnrnПродолжете на следната страница за останатите теории на заговор…rnrn

  • 10 морничави приказни за мртвите кои се обидувале да стапат во контакт со живите

    10 морничави приказни за мртвите кои се обидувале да стапат во контакт со живите

    Задгробниот живот е тема која истовремено фасцинира, но и застрашува. Каде одат душите на луѓето по смртта? Што нè чека од другата страна? Дали можеме да комуницираме со душите на починатите? Дали починатите можат да оставаат пораки или пак, да ни кажат дека се присутни?rn

    1. Шеги

    rn(1)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mkrnrnЏеси Обрајан имала само 4 години кога нејзиниот татко го загубил животот во нападите на 11-ти септември. Некое време по трагедијата, нејзината мајка ја видела како разговара, навидум сама со себе, во празна соба во нивниот дом. Кога ја прашала што прави, Џеси ѝ кажала дека разговара со татко ѝ и дека тој ѝ кажувал шеги. За да ги потврди зборовите на ќерка си, Лиса ѝ покажала слика од нејзиниот татко и неговите колеги (кои го изгубиле животот тој ден). Џеси без проблем ги кажала имињата на сите луѓе на сликата, иако дел од нив не ги познавала. Џеси исто така ѝ кажала на мајка си дека често го гледала татко ѝ на лулашките кога си играла со другарчињата.rn

    2. „Те молам внимавај“

    rn(2)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mkrnrnАвторот Дин Кунц е познат по неговите морничави хорор книги. Во септември, 1988 година, Кунц станал главен лик во вистинска хорор приказна. Додека бил на работа, добил повик од некоја жена. Таа звучела како да е многу далеку, како врската да е многу лоша, но успеал да слушне дека му рекла „Те молам, внимавај.“ Тој ѝ рекол на жената да му каже која е, но таа само ги повторила истите зборови уште 3 пати и разговорот завршил. Гласот на жената бил многу сличен на мајката на Кунц, но тоа било невозможно бидејќи таа била мртва веќе 20 години.rnrnДва дена подоцна, Кунц го посетил татко му во една здравствена установа бидејќи почнал да се однесува насилно. Како што влегол во просторијата, татко му грабнал нож и го нападнал. Кунц успеал да се одбрани и вториот пат дошол со полиција, а татко му бил присилен да се смири. Тогаш Кунц се сетил на морничавиот телефонски повик, и сфатил дека тој на некој начин му го спасил животот.rn

    3. Тони

    rn(3)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mkrnrnВо октомври, 2010 година Тони Вудманси доживеал тешка сообраќајка. Неколку дена подоцна, тој починал во болницата. На неговиот погреб, двајца пријатели на Тони ѝ кажале на мајка му дека пред несреќата се договориле да посетат медиум. Датата за сеансата излегло дека е денот на погребот на Тони. Според Сали, мајката на Тони, пријателите ѝ кажале дека тој се обидувал да стапи во контакт со неа. Таа била скептична и не ги сфатила сериозно, сè додека работите во кујната не почнале да се мрдаат сами, а телевизорот и радиото во автомобилот почнале да се вклучуваат и исклучуваат. rnrnИсплашена, Сали отишла да го посети медиумот кој ѝ кажал дека млад маж со руса коса сакал да разговара со неа. Следното утро, Сали земала лист хартија и пенкало и почнала да „разговара“ со Тони. Таа почувствувала како нешто ѝ ја фатило раката и почнало да ја мрда. Кога го погледнала листот, на него пишувало „Тони“. Четири години по несреќата, Сали има 20 тетратки испишани од Тони. Иако многу луѓе се скептични, Сали е убедена дека нејзиниот син пишувал преку неа.rn

    4. Порака од гробот

    rn(4)10-mornichavi-prikazni-za-mrtvite-koi-se-obiduvale-da-stapat-vo-kontakt-so-zhivite-kafepauza.mkrnrnВо 1988 година, Френк Џоунс и неговото семејство биле измачувани, најверојатно од злобен дух, во нивниот дом во Блекпул. Невидливи раце ги тргале покривките од креветот додека децата спиеле, затварале врати и ги пуштале чешмите кога никој не гледал. Ситуацијата станала толку лоша што Френк побарал помош од црквата и неговиот дом бил „исчистен“. Поминале пет години и духот не се појавил. rnrnНо теророт не завршил овде. Неговиот син починал, а три месеци подоцна починала и неговата сопруга. Таа била закопана со нејзиниот мобилен телефон бидејќи премногу го сакала. Кратко по нејзиниот погреб, Френк забележал пропуштен повик на неговиот телефон, но телефонот воопшто не заѕвонел. Кога го проверил бројот, повикот доаѓал од неговиот дом. Но тоа било невозможно бидејќи Френк бил сам. Тогаш Френк го почувствувал парфемот на неговата сопруга. Како ова да не било доволно чудно, Френк тврди дека добивал и пораки од телефонот на жена му. Пораките содржеле фрази кои таа често ги употребувала, но бројот никогаш не се покажувал на екранот.rn

    5. „Те гледам“

    rnGhost Hand Reaching Out For Laptop ComputerrnrnЏек Фрос имал проблеми со срцето, и во јуни, 2011 година починал на возраст од 32 години. Пет месеци подоцна, најдобриот пријател на Џек, Тим Харт, ги проверувал своите електронски пораки, кога наеднаш добил една од Џек. Насловот на пораката бил „Те гледам.“ Пораката содржела само 3 реченици: „Ме слушна ли? Во твојата куќа сум. Исчисти си го проклетиот таван!!!“rnrnТим бил преплашен бидејќи тој и Џек разговарале за неговиот таван кратко пред смртта на Џек. Џими Мекгро, братучедот на Џек, исто така тврдел дека добивал пораки од него. Во една од пораките, Џек рекол дека ќе си го скрши глуждот. Џими навистина си го скршил глуждот една недела пред да го добие морничавиот имејл.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Единствената работа која треба да ја знаете за смртта според Будизмот

    Единствената работа која треба да ја знаете за смртта според Будизмот

    Сигурно се согласувате дека смртта е најголемиот страв со кој можеме да се соочиме. Како да ја прифатиме мистеријата на непознатото? Што има Будизмот да каже за ова?rnrnedinstvenata-rabota-koja-treba-da-ja-znaete-za-smrtta-spored-budizamot-kafepauza.mkrnrnБудизмот нè учи дека смртта не треба да ја гледаме како трагедија. Таа е единственото сигурно нешто во животот. Знаењето дека нема вечно да бидеме овде му дава значење на животот. Цитатите во продолжение имаат за цел да ви помогнат да размислувате различно за нешто кое сигурно ќе го искусите. Можеби ова не е лесна тема за размислување, но е важно да се помирите со неа.rn

    Практикувајте го патот на мудроста

    rn

    „Со умот некаде далеку, не мислејќи на доаѓањето на смртта, правејќи безначајни работи, потребно е препознавање и духовно учење. Па зошто да не го практикувате патот на мудроста баш во овој момент? Од усните на светците дошле овие зборови: Ако не го чуваш учењето на твојот учител во срцето, зарем не се лажеш самиот?“ – Тибетска книга на смртта

    rn

    Ако треба да мислите на нешто, тоа нека биде смртта

    rn

    „Планирањето на иднината е исто како да одите да ловите риби во пресушено езеро. Ништо не излегува како што сте планирале, па се откажувате од сите ваши планови и амбиции. Ако навистина мора да размислувате за нешто, тоа нека биде за несигурноста за часот на вашата смрт.“

    rn

    Не можете да се борите против смртта

    rn

    „Има само еден џелат. Искрено, да се обидете да го заземете неговото место е како да се обидете да резбате дрво како вистински мајстор. Од оние кои се обидуваат да резбаат како мајстори, само малку остануваат неповредени.“ – Лао Цу

    rn

    Кога ќе ви се случи вам?

    rn

    „Телото лежи на последниот кревет, гласот шепоти неколку последни зборови, умот за последен пат ги разгледува сеќавањата. Кога ќе ви се случи ова?“ – 7-иот Далај Лама

    rn

    Паметно е да се подготвите за вашата смрт

    rn

    „Стареењето ја уништува младоста, болеста го уништува здравјето, а смртта го уништува животот. Дури и ако сте најдобар тркач, нема да ѝ избегате на смртта. Не можете да ја спречите смртта со вашето богатство, со вашето извонредно рецитирање на мантри, ниту пак со лекови. Затоа, паметно е да се подготвите за вашата смрт.“ – 14-тиот Далај Лама

    rnПогледнете и што чувствуваат луѓето во последните моменти од својот живот.

  • 25 неверојатни искуства близу до смртта кои ќе посакате да се вистинити

    25 неверојатни искуства близу до смртта кои ќе посакате да се вистинити

    Секој од нас се има прашувано како изгледа смртта. Дали само заспиваме? Дали го напуштаме телото пред срцето да престане да чука? Иако никој досега не се вратил да ни каже, постојат луѓе што биле на работ на смртта и нивните приказни се едноставно неверојатни!rn

    1. Мелен Томас Бенедикт

    rn(1)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mkrnrnУспешниот холивудски камерман, во 1982 година бил дијагностициран со рак. Ова му го овозможило искуството близу до смртта во кое тој тврди дека ја набљудувал целата историја во еден момент. Откако се вратил во неговото тело, на големо изненадување на докторите, неговиот рак се повлекол. Оттогаш Бенедикт го посветил својот живот на политички и социјални цели.rn

    2. Колтон Бурпо

    rn(2)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mkrnrnКога Колтон имал 4 години, неговото слепо црево пукнало и му била потребна итна операција. Потоа тој им кажал на неговите родители дека бил во рајот и дека го видел Бог, Јован Крстител и многу членови од семејството кои никогаш досега ги немал запознаено. Неговиот татко напишал книга, „Рајот е вистински“ (Heaven is for Real) во која го опишува искуството на Колтон.rn

    3. Беркли Картер Милс

    rn(3)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mkrnrnБеркли привлекол многу внимание со тоа што станал најмлад татко кој добил старателство на дете во развод. Кратко потоа тој бил притиснат од пакет со компресиран картон на неговото работно место. Тој имал искуство близу до смртта кое го опишал како напуштање на телото, поглед низ универзумот и средба со Бог. Кога се вратил во своето тело тој одбил медицински третман и се одлучил самиот да се лекува.rn

    4. Иан МекКормак

    rn(4)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mkrnrnИан бил убоден од медуза додека нуркал околу островот Маврициус. Додека да стигне брзата помош, тој бил клинички мртов речиси 20 минути. Подоцна тој рекол дека видел слика од мајка му како клечи и се моли за него, па бил преместен на некое мрачно место и слушал гласови кои му кажувале дека е во пеколот. Конечно, се придвижил нагоре кон некоја силна светлина која ја препознал како Бог. Оттогаш Иан го раскажал своето искуство на неколку емисии.rn

    5. Ханг Жиу Чуан

    rn(5)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mkrnrnКинескиот селанец Ханг бил во делириум 40 дена и речиси го загубил животот. Кога се разбудил тој бил убеден дека е помладиот брат на Исус Христос и дека неговата цел е да ја оттргне тогашната власт во Кина. Со текот на времето собрал многу следбеници и започнал граѓанска војна. До денес, ова е една од најкрвавите револуции во историјата.rn

    6. Бен Бридлов

    rn(6)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mkrnrnБен бил Јутубер во Тексас кој страдал од проблеми со срцето. Тој почнал да објавува видеа со неговите многубројни искуства близу до смртта кои ги имал уште од детството. Во едно од неговите видеа тој го спомнува неговиот омилен рапер, Кид Куди, кој всушност го изгледал видеото. Кратко потоа, Бен умрел од срцев удар.rnrnПродолжува на следната страница…rn