Ако се чувствувате изгубено по смртта на некоја сакана личност, не заборавајте дека не сте сами. Многу луѓе се соочуваат со истите стравови кога станува збор за тагување за некого. Не знаат дали тагуваат „правилно“ и дали нивната реакција е нормална. Што и да направите е нормално. Ако и самите си ги поставувате овие прашања, не сте единствените. Ова се најчестите мисли што се појавуваат кај луѓето што тагуваат, па дознајте како да се справите со нив.rnrn
rn
1. „Зарем не треба да ми е подобро досега?“
rnПонекогаш луѓето очекуваат да ја преболат саканата личност за помалку од еден месец. На тагувањето му е потребно време. Живееме во култура каде што се очекува брзо да преболиме нешто и да продолжиме понатаму. Но, не секој е способен за ова. Вашата тага не е причина за грижа сè додека не го консумира целото ваше време и нема лошо влијание на вас. Во екстремни случаи, сепак е важно да побарате професионална помош.rn
2. „Дали моите чувства се нормални?“
rnКога тагуваат, луѓето чувствуваат гнев, тага, бес, вина, срам, страв, а понекогаш пак, не чувствуваат ништо. Важно е да знаете дека нема „нормални“ чувства. Проблемот настанува единствено ако им дозволите на овие чувства да владеат со вас. Слободно чувствувајте, но ако се чувствувате заглавено побарајте помош.rn
3. „Не сум тажен/на. Дали тоа значи дека не тагувам?“
rnВоопшто не. Тоа само значи дека сега чувствувате други нешта, а со тек на време, можеби ќе се појави и тагата. Ако некој не чувствува тага, најверојатно чувствува други работи – шок, вкочанетост, страв или гнев. Без разлика што чувствувате, во ред е. Тагата не е единствениот начин да жалите по некого.rn
4. „Навистина сум гневен/на. Дали тоа е тагување?“
rnГневот дефинитивно е дел од тагувањето, а на некои луѓе им е тешко да се справат со него. Луѓето често се изненадени кога чувствуваат гнев по губењето на сакана личност, но сепак оваа реакција е многу честа. Иако гневот е очекуван дел од тагувањето, ако тој прави да се однесувате лошо можеби е време да побарате помош и да се справите со него на здрав начин.rn
5. „Не ми изгледа реално. Дали тоа е чудно?“
rnВоопшто не е чудно. Тешко е да се прилагодите на оваа нова реалност, особено ако не сакате да ја прифатите. Тоа што сè ви изгледа нереално е начин на справување на вашата психа. Постојат нешта коишто е претешко да се прифатат како реални. Ова ќе се промени со текот на времето, но дури и подоцна може да ви биде тешко да поверувате дека сте ја изгубиле личноста.rn
6. „Се чувствувам виновно. Мислам дека сè е моја вина…“
rnКога ќе изгубиме работно место, врска, па дури и сакана личност, вината е обид да преземеме контрола. Ако се обвинувате себеси и откриете дека нешто можело да се направи поинаку, можно е во тој момент да се чувствувате подобро. Иако е важно да размислите за вашите избори по крајот на врската или некоја загуба, воопшто не е добро да ја преземете целата одговорност кога се справувате со смрт. Смртта никогаш не е ваша вина.rn
7. „Сè уште немам заплачено. Дали тоа значи дека не го/ја сакав?“
rnВоопшто не. Некои луѓе плачат многу, а некои не плачат воопшто. Вашето уникатно искуство со тагувањето не значи дека не сте ја сакале личноста. Ако не сте плачеле сега, не значи дека никогаш нема да заплачете.rn
8. „Не ги чувствувам сите фази на тагувањето. Дали сè правам погрешно?“
rnФазите на тагување не се црно-бели и не се искусуваат линеарно. Вашето тагување е уникатно и не постои правилен начин. Едноставно, тагувате на ваш начин.rn
9. „Мислам дека не треба да чувствувам олку многу. Не сум единствената личност што се соочила со ова…“
rnСамо затоа што многу други луѓе се соочиле со загуба, не значи дека вам ќе ви биде полесно да се справите со неа. Споредувањето на вашето искуство со туѓите нема воопшто да ви помогне. Од голема важност е да знаете дека и други се соочиле со истото, но нема потреба да ја намалувате вашата тага поради тоа.rn
10. „Понекогаш се шегувам и се смеам за оваа загуба. Дали нешто не е во ред со мене?“
rnХуморот ни помага да се справиме со тешките периоди. Смеењето на погреби и слични настани не е необично. Тоа може да биде механизам за справување со анксиозноста предизвикана од ненадејна загуба.rn
11. „Не чувствувам никаква утеха. Дали нешто не е во ред со мене?“
rnСо текот на времето ќе го прифатите она што се случило. Загубата е рана што е дел од вас. Ако најдете утеха, тоа значи дека раната е затворена засекогаш.rnrnДобро е да знаете и кои се разликите помеѓу привремената тага и депресијата.