КАФЕ ПАУЗА

Tag: смрт

  • Зошто Бутан е најсреќната држава во светот?

    Зошто Бутан е најсреќната држава во светот?

    Кралството Бутан – мистериозна земја лоцирана помеѓу Индија и Кина, е позната по тоа што има официјално најсреќно население во светот. Оваа мала земја без излез на море во ридовите Хималаите е навистина многу посебно место, но далеку од задоволството што го проектираат повеќето од нас кога ќе ги слушнеме зборовите „најсреќната земја на светот“.rnrnЗошто Бутан е најсреќната држава во светот?rnrnТагата и несреќата не само што не им се туѓи, туку напротив, Бутанците размислуваат за смртта многу почесто отколку припадниците на западната цивилизација. Дали е оваа земја можеби тајна земја на тага и очај? Тим научници од Универзитетот во Кентаки, по истражувањето од 2007 година, заклучил дека смртта е опасен по живот факт. Меѓутоа, кога луѓето размислуваат за тоа, мислите автоматски почнуваат да се свртуваат кон позитивна содржина. Тие дошле до овој заклучок со испитување на две различни групи на луѓе. Од една страна, првата група имала задача да размисли за болна посета на стоматолог, додека членовите на втората група размислувале за сопствената смрт. И на двете групи им беше дадена задача да завршат некој започнат збор. Испитаниците во втората група имаат многу поголема веројатност да конструираат позитивни зборови, како што е „радост“.rnrnОваа студија веројатно не би изненадила ниту еден Бутанец. Тие се многу добро свесни за фактот дека смртта е составен дел од животот, сакале ние или не, и игнорирањето на оваа суштинска животна вистина може да остави сериозни психолошки последици. Размислувањето за смртта нè тера да се обидеме да ги искористиме сите можности што ни ги нуди животот и да ги видиме сите оние работи што би ги занемариле во состојба на задоволство. Додека припадниците на западните нации размислуваат за смртта еднаш дневно во просек, Бутанците тоа го прават пет пати.rnrnЗа разлика од Западот, Бутанците не ја кријат смртта. Смртта и претстави на смртта се среќаваат насекаде, особено во будистичката иконографија, каде што можат да се видат шарени, морничави илустрации. Ниту децата, ниту набудувањата на ритуалните игри што претставуваат смрт не беа поштедени од овие прикази. Мртви тела, свежи рани, скапани работи не се допираат на Запад.rnrnОвие ритуали оставаат простор за тага и жалење и се големи. Кога некој ќе умре, постои период на жалост од 49 дена, што вклучува сложени и внимателно координирани ритуали. Бутанците може да изгледаат отсутни во таква пригода, но не се. Тие го изразуваат своето жалење преку ритуал, што е природен начин за канализирање на емоциите, подобро од кој било лек со хемиско потекло. Една од причините што Бутанците толку често размислуваат за смртта е затоа што таа постојано ги опкружува – постојат многу начини на кои припадниците на оваа мала нација можат да умрат. Тие можат да го реализираат својот несреќен момент на ветровити, опасни патеки, да бидат убиени од мечки или да јадат отровна печурка.rnrnДруго објаснување лежи во длабоко вкоренетите будистички верувања, особено во врска со реинкарнацијата. Ако знаете дека можете повторно да се родите, веројатно нема да се плашите од крајот на сегашниот живот. Ова, се разбира, не значи дека Бутанците не чувствуваат страв или тага. Тие едноставно не се борат против овие емоции. Луѓето од Запад секогаш се обидуваат да го подобрат своето расположение, да ја отфрлат тагата. На тагата се гледа како на нешто негативно. Бутанците, сепак, ги прифаќаат овие емоции – тие знаат дека тие се составен дел од животот.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и како да ја одржите возбудата во животот и покрај последиците од пандемијата?

  • Австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина

    Австриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина

    Сите го нарекуваат „замокот на вештерките“, а се вика Мушам. Во 17-тиот век, во Австрија се одвивал лов на вештерки, а помеѓу 1675 и 1690 година, низ целиот регион биле одржани многубројни испитувања наречени „Волшебникот Џекл“. Тоа судење било едно од најголемите и најпознатите во Австрија и довело до смртни казни за дури 139 лица.rnrnАвстриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причинаrnrnНа овие судења, повеќето од обвинетите биле мажи. Ова се тажни приказни и сведоштва за сиромаштијата на обичните луѓе, но во тоа време немало милост за нив. Зошто го споменуваме тоа? Бидејќи ваквите судења се одржуваа точно помеѓу sидовите на овој замок (во тоа време Мушам било административен центар на регионот). Сè започнало во 1675 година со судењето на Барбара Колерин, која признала дека нејзиниот син Пол склучил пакт со ѓаволот. Таа била осудена на смрт и така започнала потрагата по нејзиниот син, кој остана популарно познат како волшебникот Џекл.rnrnАвстриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина rnrnНаскоро едно момчето било фатено и потврдило дека неодамна се сретнало со Џекл и дека тој станал водач на детски и тинејџерски банди. Тоа биле сиромашни деца кои молеле сè додека тој не ги научил на црна магија. Џекл никогаш не бил пронајден, но за време на многубројните судења, преку сведочењата на уапсените, се родил митот за овој суров волшебник. Тој е претставен како безмилосен убиец кој има способност да комуницира со глувци и стаорци, а исто така може да стане невидлив. Повеќе од половина од обвинетите осудени на смрт биле деца и тинејџери, а скоро сите биле питачи.rnrnЗамокот бил оставен на заборав на крајот на 18-тиот век, сè додека во 1886 година еден истражувач го пронашол и решил да го купи. До денес, замокот остана во приватна сопственост, но еден дел бил распореден во уметничка галерија и отворен за јавноста. Покрај галеријата, можно е да се види што сè уште останува врежано во меморијата на народот – зандана за тортура.rnrnАвстриски замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина rnrnПрочитајте и за овој морничав град полн со стари монети од кој никој не смеел да излезе.

  • Науката вели дека навистина можеме да умреме од здодевност

    Науката вели дека навистина можеме да умреме од здодевност

    Сите ние во животот имаме искусено здодевност, толку голема што ни предизвикала чувство дека ќе умреме од неа. И изгледа дека нашето чувство не нè лажело. Иако изгледа невозможно, научниците поврзале многу смртни случаи со здодевност. Но, она што претставува ризик за смрт од здодевност, е она што го правиме за да ја намалиме нашата здодеана состојба на умот. Оние на кои полесно им досадуваат нештата, повеќе се изложени на ризични однесувања. Од непромислена физичка љубов до не толку безбеден спорт, работите кои ги правиме додека ни е досадно, ги намалуваат нашите очекувања во животот.rnrn(1) naukata-veli-deka-mozheme-da-umreme-od-zdodevnostrnrnТинејџерите многу повеќе се склони на здодевност поради прекумерната стимулација и недостатокот на вештини кога акцијата во текот на денон ќе се намали. Голем дел од луѓето умешно ја надминуваат здодевноста, но не сите. Колку сме изложени на ризик од ризично однесување за време на здодевноста, зависи од тоа каква личност сме.rnrnПричината зошто ние не уживаме во здодевноста, се крие во нашите рецептори за допамин. Кога ќе се возбудиме од некоја нова ситуација, испуштаме невротрансмитери, кои се одговорни за возбудата во нашиот мозок. Кога ова се случува, доживувањето ни е многу пријатно, што доведува до чувство на новитет кога мозокот е стимулиран.rnrnНа некој начин, ние стануваме зависни од сè што нè стимулира, што ја прави здодевноста неподнослива.rnrnЕдно истражување открило можност за решение. Истражувањето покажало дека оние кои биле посклони на здодевност, се обиделе да ја намалат здодевноста со одвлекување на вниманието, како перење алишта или кратка пауза од работата. Меѓутоа овие мерки не успеале. Оние кои правеле позначајни работи за време на здодевноста како медитација и дружење со луѓе, имале поголеми шанси за успех.rnrnПогледнете ги и овие забавни фотографии од семејство што не знае како да се досадува.

  • Факти за смртта кои никогаш не сте ги слушнале!

    Факти за смртта кои никогаш не сте ги слушнале!

    Смртта е истовремено и депресивна и фасцинантна. Секако, таа можеби изгледа страшно, но со текот на времето научивме многу за неа. Науката никогаш не престанува да нè фасцинира со своите откритија. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за смртта и сите нејзини опкружувања, следниве факти можат без сомнение ќе го задржат вашиот интерес.rnrn1fakti-za-smrtta-koi-nikogash-ne-ste-gi-slrn

    Состојбата позната како „ливор мортис“ (посмртно синило) се појавува 20 минути по смртта

    rnМногу луѓе знаат што значи оваа состојба, но не се свесни што претставува. Ливор мортис ја претставува промена на бојата на кожата поради насобирањето на крвта на едно место. Ова не се случува брзо кај сите, но е можно. А причината е затоа што кога некој ќе почине, срцето не е во можност да циркулира крв во телото.rn

    Блиската средба со смртта предизвикува интензивни и шокантни соништа

    rnДодека блиската средба со смртта може да биде интензивна и шокантна, таа во повеќето случаи води до луцидни соништа кога умот е во состојба на криза. Со помошта на еден експеримент спроведен со специфично истражување, направен од страна на организација во Калифорнија, било откриено дека луѓето можат да се условат да ги доживуваат овие искуства без да се соочат со блиска смрт. Вонтелесните искуства не се толку духовни како што претпоставуваме.rn

    Косата и ноктите всушност не растат по смртта, иако многуина веруваат во ова

    rnДа, кога умираме, косата и ноктите изгледаат како се` уште да растат, но всушност не е така. Тие изгледаат подолги, не затоа што растат, туку затоа што кожата околу нив се повлекува. Мртвото тело дехидрира, па кожата и останатите ткива се намалуваат, предизвикувајќи ја оваа појава.rn

    Главната причина за смртта кај младите се сообраќајните несреќи

    rnСообраќајните несреќи се случуваат цело време, но не сите предизвикуваат фатални последици. Сепак, кога станува збор за младите, тие се застрашувачка водечка причина за смрт, во споредба со насилството.rn

    Некои животни едноставно не умираат од старост

    rnПостојат неколку вида животни, кои се сметаат дека се способни да живеат „засекогаш“, доколку не се убиени или повредени од надворешни влијанија. Ова уште се нарекува и биолошка бесмртност и важи за животни како океанската школка, некои видови медузи, американскиот јастог…rn

    Мозокот (најчесто) умира пред телото

    rnИако не е точно во сите случаи, обично мозокот престанува да работи пред останатите органи. Постојат клетки кои остануваат активни дури и по престанувањето на сè друго. Иако е збунувачки сето ова, треба да бидеме свесни за тоа.rn

    Нашата „енергија“ не може да биде уништена

    rnПрвиот закон за термодинамика е дека енергијата не може да биде создадена или уништена во изолиран систем. Ова укажува дека дури и кога сме „заминати“, нашата енергија сè уште е присутна.rn

    Постои состојба познат како „синдром на подвижен труп“

    rnКотардовиот синдром во повеќето случаи се однесува на синдромот на подвижен труп. Ова е ментално растројство кое влијае на човекот на начин што тој мисли дека се наоѓа во „зомби“ состојба. Луѓето заболени од ова растројство веруваат дека се мртви или дека ги загубиле нивните органи или крв.rn

    Свеста не завршува веднаш по смртта

    rnСпоред некои научници, ние остануваме свесни некое време по смртта. Ова е поради хипералармантната состојба во моментот пред настапувањето на смртта. Ова е докажано со искуствата на луѓето кои биле вратени во живот откако доживеале клиничка смрт.rn

    Нашите цревни бактерии продолжуваат да живеат и по смртта

    rnСите имаме цревни бактерии кои се хранат од дебелото црево, но кога умираме, овие бактерии не умираат со нас. Бидејќи не се дел од телото, тие продолжуваат да се хранат и да си живеат. Во повеќето случаи, тие умираат со јадењето на последното ткиво.rn

    Некои од гените се активираат по смртта

    rnНекои гени можат да останат активни долго по смртта. Кај некои видови било откриено дека 4 дена по смртта, гените сè уште се развивале. Додека ова може да ви предизвика морници, сепак е прилично фасцинантно.rn

    Некои тела произведуваат восок кој го спречува нивното распаѓање

    rnНе сите тела го прават ова, но некои се зачувуваат благодарение на восочната супстанца позната како адипоцера, која на некој начин го мумифицира телото. Станува збор за бела супстанца што го заштитува телото многу добро. Се случува кога кислородот во погребаното тело се соединува со бактериите од самата почва.rnrnПрочитајте и што се случува со телото и мозокот по смртта.

  • Не вечерва, мртва сум: Женските вилини коњчиња лажираат смрт за да ги избегнат превозбудените машки

    Не вечерва, мртва сум: Женските вилини коњчиња лажираат смрт за да ги избегнат превозбудените машки

    Кога станува збор за техники за преживување, повеќето инсекти ја лажираат својата смрт за да избегаат од своите предатори. Но, кај вилините коњчиња нештата се малку поинакви. Тие глумат за да се ослободат од премногу ентузијастичните машки вилини коњчиња. Звучи урнебесно, но жените ширум целото животинско царство имаат исто искуство кога станува збор за мажите – тие како да не разбираат НЕ, па затоа и некои жени, како вилините коњчиња, мора да одглумат дека се мртви за да избегаат од некој Ромео.rnrnrnrnВо студијата спроведена од страна на Еколошкото друштво на Америка, било откриено дека оваа ситуација не е толку ретка кога што претходно се мислело. Скоро 27 од 31 вид вилини коњчиња ја пробале истата тактика кога станува збор за избегнување на машки. Од нив, 21 успеале. Имало случаи кога нештата станувале малку непријатни, па машките вилини коњчиња немале проблем со парење со мртво вилино коњче без согласност.rnrnГлавниот истражувач на Универзитетот во Цирих, Расим Келифа, верува дека женските вилини коњчиња се екстремно итри. Додека машките одлетуваат, тие стануваат, се чистат и си продолжуваат по својот пат. И да бидеме искрени, сексот за овие инсекти не е воопшто лесен, бидејќи ако континуирано се практикува, може да се уништи нивниот репродуктивен тракт.rnrnЦелиот овој настан е многу изненадувачки. Но, тоа што е уште поинтересно е дека овој феномен не би забележан за време на експерименти – само во природата. Животинскиот свет е неверојатен, се согласувате?

  • Зошто толку многу луѓе умираат на Монт Еверест?

    Зошто толку многу луѓе умираат на Монт Еверест?

    Според најновите извори, големата редица за чекање на врвот на Монт Еверест, делумно направена поради неколкуте денови со добро време, можеби е причина за смртта на седум планинари оваа недела.rnrnЗошто толку многу луѓе умираат на Монт Еверест?rnrnОваа толпа предизвикала смртоносен „сообраќаен метеж“. Еден од планинарите кој загинал, 27-годишниот Нихал Багван од Индија, бил заглавен во метежот повеќе од 12 часа и бил преморен.rnrnПреморот е ризик со кој се соочува секој планинар. Но што е со гужвата на врвот како причина за смрт?rnrnМетежот значи дека луѓето ќе треба да поминат повеќе време на надморска височина која е опасна за човечкото тело. А доколку треба да се спуштат поради болест, чекањето на третманите за спасување живот ќe биде многу долго.rn

    Опасностите на Еверест

    rnКако највисоката планина во светот, Монт Еверест се издига на неверојатни 8.848 метри надморска височина. Сепак, планинарите почнуваат да чувствуваат акутна планинска болест на помала височина – 2.500 метри.rnrnАкутната планинска болест не е смртоносна, но нејзините симптоми можат да направат планинарот да се чувствува лошо. 77% од планинарите кои се искачуваат на височина од 1.850 до 5.895 метри ја искусуваат оваа болест. Заболените најчесто имаат главоболка, но можат да се појават и симптоми како гадење, повраќање, летаргија и вртоглавица.rnrnБолеста може да биде спречена доколку планинарите бавно се искачуваат по планината, не се преморуваат и ги земаат потребните лекови против гадење и воспаленија.rnrnЛичноста со акутна планинска болест би требало веднаш да престане со искачувањето. Доколку симптомите не се подобрат за еден или два дена, најдобро е да ја напушти планината.rnrnПосериозни акутни планински болести се мозочен едем на висока надморска височина, што претставува отекување на мозокот, како и белодробен едем на висока надморска височина, којашто претставува задржување на течности во белите дробови. И двете болести се ретки, но можат да бидат смртоносни.rnrnПомалку од 1% од планинарите добиваат мозочен едем. Штом ќе настане отекување на мозокот, личноста може да ја изгуби рамнотежата или координацијата, да има изменета ментална состојба или да се чувствува екстремно изморено. Болеста може да предизвика и кома. Луѓето со болеста треба да се симнат што е можно побрзо и доколку е неопходно, треба да им се даде кислород.rnrnОд друга страна, белодробниот едем се појавува кај 8% од планинарите. Доколку во белите дробови се задржи течност, планинарот ќе се движи побавно и може да се појави кашлица.rnrnПокрај ова, смрзнатините, хипотермијата и заморот исто така можат да влијаат на состојбата на планинарите. А стоењето во долга редица за симнување од планината не е од никаква помош.rn

    Смртоносен сообраќај

    rnКолку подолго време некој минува над границата на издржливост, толку е поголем ризикот од појава на болест. Доколку некој не е во можност да се симне од планината поради гужва, тогаш станува навистина комплицирано да се дојде до потребната терапија.rnrnКога планинарите чекаат во ред, тие не јадат, не пијат и не спијат. Исто така ја трошат вредната залиха на кислород, доколку носат боци, и ризикуваат да се изложат на смрзнувачки околности.rnrnТреската за врвот, или желбата да се искачи планината по секоја цена, најверојатно има удел во ова. Овие луѓе најчесто имаат инвестирано многу пари и време во овие подвизи. А во период кога временските услови се добри, сигурно можете да замислите колку е тешко да убедите некој да се врати бидејќи редицата е предолга.rnrnДоколку сакате да започнете со планинарење, погледнете ги клучните совети што секој почетник треба да ги знае.

  • Инспиративната перспектива на Киану Ривс за животот и смртта

    Инспиративната перспектива на Киану Ривс за животот и смртта

    Киану Ривс е познат по неговите улоги во акционите филмови и како филантроп. Но, многумина го сметаат и за навистина мудра личност.rnrnИнспиративната перспектива на Киану Ривс за животот и смрттаrnrnВеројатно малкумина беа свесни за длабочината на Киану сè до „Ноќното шоу“ на Стивен Колберт, каде што Киану го промовираше неговиот нов филм „Џон Вик 3“. Кога Стивен му поставил неверојатно прашање без вистински одговор, Киану одговорил со една реченица која покажа неверојатно размислување на темата за нашата смртност.rnrnСтивен Колберт прашал:rn

    „Што мислиш дека се случува кога ќе умреме?“

    rnНа тоа, Киану одговорил:rn

    „Знам дека ќе им недостасуваме на оние што нè сакаат.“

    rnИако изјавата изгледа очигледна и едноставна, сепак е длабока.rnrnИнтересно е што двајцата стигнале до оваа тема додека разговарале за иден проект на Киану. Во 2020-та година се очекува ново продолжение на филмовите „Бил и Тед“ (Bill & Ted), а во научно-фантастичната комедија, светот може да заврши доколку Бил и Тед не успеат да напишат песна.rn

    „Ако не можат да ја напишат доаѓа крајот на светот. Тоа е крај на континуумот на просторот и времето“, изјавил Киану.

    rnНа ова, Стивен прокоментирал:rn

    „Значи се соочуваш со својата и со смртноста на целото постоење.“

    rnТогаш почнале прашањата за животот и за смртта. Ова е длабоко прашање за секој од нас, но особено за Киану на кој трагедијата не му е непозната. Актерот го изгубил најдобриот пријател во 1993-та година од предозирање со дрога. Потоа, во 2001-ва година, неговата девојка Џенифер загинала во сообраќајка. Како ова да не е доволно, Киану и Џенифер имале мртвородно бебе во 1999-та година.rnrnОд почетокот на неговата филмска кариера во 1980-тите, Киану се покажал како навистина чувствителна филмска ѕвезда, и покрај неговите улоги како акционен херој. Неговата волја да одговори на прашање од ток шоу со таква искреност е она што го одделува од многуте познати личности.rnrnКиану го оставил Стивен без зборови, а веројатно и вам. Можеби сите имаме различни верувања за тоа што нè чека по смртта, но сите можеме да се согласиме со едно – ни недостасуваат саканите што сме ги изгубиле, а тие што нè сакаат ќе се чувствуваат исто кога и нам ќе нè нема.rnrnПогледнете ги и лекциите што можеме да ги научиме од тешката животна приказна на Киану Ривс.

  • Губењето милениче е потрагично отколку што мислат повеќето луѓе

    Губењето милениче е потрагично отколку што мислат повеќето луѓе

    Повеќето луѓе ги гледаат своите миленици како дел од семејството. Тие имаат посебно место во нивните срца, а многубројни истражувања покажале дека миленичето може и да ви го подобри здравјето.rnrnГубењето милениче е потрагично отколку што мислат повеќето луѓеrnrnЕдно од најубавите нешта за миленичињата е тоа што тие се верен придружник во свет каде што луѓето стануваат сè поосамени. Овие врски се навистина силни, па сосема природно е да почувствувате вистинска загуба кога вашето милениче ќе умре.rnrnНаводно, во 2017-та година, една жена чие куче умрело искусила „синдром на скршено куче“. Ова е состојба каде што екстремниот емоционален стрес може да предизвика симптоми на инфаркт.rnrnЖалењето за миленичето никогаш не било прифатливо, а повеќето луѓе не го сфаќаат сериозно. Но, сè повеќе луѓе почнуваат да покажуваат почит кон врската помеѓу миленичињата и нивните сопственици.rnrnВо Јапонија, губењето на домашно милениче се сфаќа навистина сериозно. Всушност, во Токио постојат и кафетерии за жалење каде што одат луѓето кои ги изгубиле своите миленици.rnrnТакеши Нибе, претседателот на Dearpet, најголемата јапонска фирма за олтари за миленици, изјавил дека оваа кафетерија ѝ помага на неговата компанија да продаде многу продукти.rn

    „Многу муштерии кои доаѓаат да ги купат потребните работи за олтар кажуваат дека се чувствуваат подобро откако разговараат со вработените за нивната загуба. Но, често разговорите треба да бидат прекинати бидејќи вработените имаат и други муштерии. Па, решивме да отвориме место каде што ќе можат да разговараат.“

    rnЕден маж од Колорадо објавил и детска книга за смртта на куче миленик. Книгата е наречена „Мистеријата за изгубената опашка на Нитро“ (The Mystery of Nitro’s Long Lost Tail). Авторот Даниел Лениг изјавил дека книгата е за куче по име Нитро.rn

    „Книгата започнува со Нитро, кој раскажува за планетата од којашто дошол и за гравитацијата која е различна бидејќи неговата планета е коцка“ , изјавил Даниел.rnrn„И јас се чувствувам добро кога ја читам, бидејќи знам дека им помагам на луѓето кои изгубиле куче.“

    rnВетеринарот Дени Меквети изјавил дека на некои луѓе им е потешко да се справат со смртта на миленичето, отколку со смртта на член од семејството.rn

    „По умирањето на миленичето, 95% од луѓето на некој начин ми кажуваат дека ова им било потешко од смртта на мајка им или баба им.“

    rnДознајте и зошто вашето милениче ве прави среќни и здрави.

  • Може ли кариесот на забите да предизвика смрт?

    Може ли кариесот на забите да предизвика смрт?

    Идејата дека расипаните заби можат да бидат опасни по живот навистина звучи апсурдно. Но, се појавуваат сè повеќе докази кои покажуваат дека она што се случува во вашата уста, можеби има поголемо влијание врз здравјето на целото тело.rnrnМоже ли кариесот на забите да предизвика смрт?rnrnЕдно од најпознатите верувања е дека лошата орална хигиена може да предизвика болести на срцето. Оваа потенцијална поврзаност била дополнително потврдена со истражување од 2015-та година. Истражувањето покажало силна врска помеѓу лошата орална хигиена и високиот крвен притисок, добро познат ризичен фактор за кардиоваскуларни болести.rnrnПостојат неколку теории кои се обидуваат да објаснат која е поврзаноста помеѓу болестите на забите и срцето. Најпрво, оралните бактерии можат да завршат во крвотокот преку непцата што крвават и да се „закачат“ на масните наслаги во крвните садови во срцето. Штом ќе се најдат овде, тие го попречуваат дотокот на крв, што може да предизвика инфаркт.rnrnСпоред друга теорија, воспалението на артериите предизвикано од бактериите во устата го отежнува дотокот на крв, што повторно води до инфаркт. Според истражувањето, воспалението и покачувањето на крвниот притисок е можеби поврзаноста помеѓу воспалението на непцата и потенцијалните срцеви болести.rnrnИако засега нема конечен доказ дека лошата орална хигиена предизвикува болести на срцето, сепак најверојатно претставува ризичен фактор. Па врската помеѓу устата и телото е многу поголема и има поголемо влијание отколку што се мислело. Сепак, истражувачите допрва треба да докажат дали лекувањето на кариесот и воспаленијата на непцето можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.rnrnЛошата орална хигиена исто така била поврзувана и со други болести како мозочен удар, деменција, артритис, некои видови рак, дијабетес, проблеми во бременоста, па дури и еректилна дисфункција. Во најголемиот број случаи, се верува дека бактериите од инфицираните заби завршуваат во крвотокот на пациентот и да предизвикаат штета. Па, можеби треба да обрнете подобро внимание на вашата орална хигиена.rnrnПогледнете и што може да се случи доколку не ги миете забите редовно.

  • Дали постои најлош начин на умирање?

    Дали постои најлош начин на умирање?

    Одредувањето кој начин на умирање е најлош е навистина субјективно. На Интернет можете да најдете бројни анкети со ова прашање, а според нив првото место најчесто му припаѓа на горењето живи. Но, нема никаков консензус помеѓу професионалците, како на пример лекарите, за тоа кој метод е најлош.rnrnДали постои најлош начин на умирање?rnrnСтравовите на една личност можат да одредат кој е најлошиот начин на умирање за неа. Ако на пример некој се плаши од височини, најужасниот начин да умре би бил паѓање од висока зграда. Но најверојатно ова нема да важи за личност која нема страв од височини.rnrnСвесноста за видот на смрт и стравот од непознатото можат да направат еден начин на умирање пострашен од друг. На пример, умирањето во авионска несреќа дава доволно време да се генерира стравот бидејќи има подолг временски период на чекање – од почнувањето на падот на авионот, до ударот на земјата. Авионот буквално ги носи патниците кон нивната смрт, а тие се целосно свесни за ова.rnrnВо повеќето случаи личноста прво губи свест пред да се соочи со смртта, па на овој начин се ослободува од стравот. Но, моментите пред смртта можат да бидат исполнети и со страв и со болка.rnrnЕден лекар раскажал приказна за работник од Африка кој работел околу сулфурна киселина и паднал во неа. Брзо излегол, но бидејќи бил покриен со киселината, таа почнала да го гори. Во паника и во болка, човекот истрчал надвор. Но додека да го стигнат неговите соработници, тој бил речиси разграден. Киселината ја пробила неговата кожа, му ги уништила крвните садови и му ги разградила органите, по што тој починал. Без сомнение ова е ужасен начин да се умре. rnrnНо, зошто нè интересираат овие приказни и зошто размислуваме за смртта?rnrnСмртта е секаде околу нас, но најчесто луѓето се обидуваат да не размислуваат за неа. Популарноста на продуктите против стареење и напредокот на медицината со кој ни се продолжува животот придонесуваат за ова. Но иако луѓето во многу култури избегнуваат да размислуваат за смртта, за други таа е неверојатна област за проучување. Всушност, постои цела област посветена на проучување на смртта, заедно со процесите кои доаѓаат со неа, како на пример, тажењето. Оваа област е наречена танатологија.rnrnТанатолозите веруваат дека луѓето ја избегнуваат смртта со цел да се убедиме дека нема да умреме. За жал, кога не сакаме да се соочиме со нашата или со смртноста на оние околу нас, ќе бидеме начекани во тесно кога смртта сепак ќе се појави. Она што е полошо е кога забораваме на нашата смртност, и не ги живееме нашите најдобри животи. Според танатолозите, само личноста која ја прифатила нејзината смртност го живее животот до неговиот максимум.rnrnОние кои ја изучуваат смртта истакнуваат дека пред почетокот на минатиот век, смртта била многу видлив дел од животот во западната култура. Кога некој умирал, најчесто умирал дома. Неговото тело било поставувано на кревет или во дневната соба. Членовите од семејството спиеле во близина на телото на починатиот, а понекогаш дури и се фотографирале со него.rnrnСето ова се случувало со денови пред личноста да биде погребана. И децата и возрасните го гледале телото, а на овој начин децата се запознавале со смртта. За разлика од денешните деца, тие биле поподготвени да се соочат со нивната смртност.rnrnПа зошто смртта е толку тешка за прифаќање за многу луѓе? Една од причините е дефинитивно стравот од непознатото, но според модерната медицина постои и друг аспект.rnrnПред еден век, личноста со рак би умрела. Личноста на која ѝ е достапна денешната технологија има многу поголеми шанси да ја преживее болеста. Поради ова, на некој начин ја гледаме медицината како начин да ја измамиме смртта, наместо да се соочиме со фактот дека еден ден сепак ќе умреме. Бараме од медицината да нè спаси од неизбежната судбина.rnrnСпоред психологот Ернест Бекер, токму ова го одвлекувало вниманието. Тој ја добил Пулицеровата награда во 1974-та година за неговата книга „Негирање на смртта“ (Denial of Death). Според него, културата имала голема улога во одвлекувањето на нашето внимание од неизбежната смрт.rnrnНо иако нашето внимание е одвлечено, сепак потсвесно сме свесни дека нашето време на Земјата е ограничено. Според Бекер, ова знаење предизвикува анксиозност и страв и може да биде искажано преку агресивно однесување, па дури и инвазии и војни.rnrnОбласта на Бекер, позната и како психологија на смртта, можеби има одговор на прашањето за најлошиот начин за умирање. Бидејќи културата има потенцијал да ни го одвлече вниманието од соочување со смртта, може да нè натера да ги „потрошиме“ нашите животи. Според теоријата на Бекер, најлошиот начин на умирање би бил оној по незначаен живот.rnrnДали знаете што чувствуваат луѓето во последните моменти од нивниот живот?