КАФЕ ПАУЗА

Tag: смрт

  • Неколку цитати по кои ќе го паметиме Дејвид Боуви

    Неколку цитати по кои ќе го паметиме Дејвид Боуви

    Денес, на 69-годишна возраст почина Дејвид Боуви, еден од највпечатливите и најмаркантните музичари во историјата. Човекот камелеон кој знаеше да се приспособи на секоја музичка ера и кој секогаш во себе откриваше нови длабочини и вистини ја изгуби борбата со ракот и почина мирно, опкружен со своето семејство.rnrn(0)-nekolku-citati-po-koi-kje-go-pametime-dejvid-bouvi-kafepauza.mkrnrnКралот на драмата, на 8 јануари, токму на денот на неговиот 69-ти роденден го објави својот последен студиски албум „Blackstar“, кој на некој начин беше и неговиот тестамент преку кој суптилно го најави своето повлекување од врвот на музичката сцена. Врв, наследство, недопирливост, кои тешко ќе бидат надминати од кој било друг. Вселената отсекогаш беше неговиот вистински дом. Во продолжение прочитајте неколку негови цитати по кои вечно ќе го паметиме.rn

    „Не знам каде ќе заминам од овде, но ветувам дека нема да биде здодевно.“

    rn

    „Вистината е дека не постои патување. Сите ние пристигнуваме и заминуваме во исто време.“

    rn

    „Отсекогаш имав одвратна потреба да бидам нешто повеќе од човек.“

    rn

    „Јас сум инстант ѕвезда. Само додајте вода и промешајте.“

    rn

    „Снимив повеќе од 25 студиски албуми и мислам дека два од нив се навистина лоши, некои добри, а некои се навистина одлични албуми. Горд сум на тоа што го постигнав. Всушност, животот беше добро возење.“

    rn

    „Јас не сум пророк, ниту пак човек од каменото доба. Јас сум само смртник со потенцијал да стане супермен. Живеам понатаму.“

    rn

    „Сакав да ја докажам постојаната моќ на музиката.“

    rn

    „Од друга страна пак, она што го сакам од мојата музика е да ги разбуди духовите во мене. Не демоните, сфаќате, туку духовите.“

    rn

    „Не сум лојален кон ниту еден музички стил. Затоа луѓето мислат дека постојано се менувам. Но, постои вистински континуитет во мојата тематика. Како вешт уметник верувам дека имам поголем интегритет од сите мои современици.“

    rn

    „Како што стареете, сѐ се сведува на две или три прашања. Колку долго? И што да правам со времето што ми преостанува?“

    rn

    „Ако добро размислите, Адолф Хитлер беше првата поп ѕвезда.“

    rn

    „Јас сум само една индивидуална личност и не чувствувам потреба некој да ја ограничува или квалификува мојата работа на каков било начин. Јас работам за себе.“

    rn

    „Верувам дека секогаш го извлекувам најдоброто од талентите на другите.“

    rn

    „Никогаш не сум одговарал добро на конзервативното негативно размислување.“

    rn

    „Претпоставувам дека за мене, како уметник, не ми беше секогаш важно само да ја претставам мојата работа пред светот; Јас навистина сакав, повеќе од сѐ останато, да придонесам за културата во која живеев. Ми изгледаше како предизвик да ја придвижам во правец кој мене ми се чинеше интересен.“

  • 7 докази за реинкарнација на славните личности

    7 докази за реинкарнација на славните личности

    Наполеон верувал дека е Карло Велики, а генералот Патон можел јасно да се сети на Цезаровиот шатор во текот на опсадата на Галите. Сталоне вели дека бил мајмун во Гватемала, додека Фил Колинс верува дека е реинкарнација на гласник од битката за Аламо.rnrn(4)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnИако за христијаните реинкарнацијата е неприфатлива како концепт, луѓето можат да веруваат дека таа е реална и дека навистина се случува. Не само обичните луѓе, туку и славните личности веруваат дека знаат што биле во претходните животи.rn

    Наполеон бил Карло Велики

    rnНиту помал Корзиканец, ниту поголем државник. Францускиот император многу време поминувал во симболично оживување на римските цареви, а верувал дека судбината одредила тој да владее со Светото римско царство. Опседнат бил со Карло Велики и пред своето крунисување долго медитирал на гробот на славниот владетел, а во текот на крунисувањето носел копија од неговата круна и неговиот меч.rnrn(2)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnВо една прилика порачал „Погледнете ме добро. Во мене го гледате Карло Велики. Ја сум Карло Велики! Да, јас сум Карло Велики!“ Меѓутоа не е познато дали бил убеден дека е реинкарнација на Карло Велики или само сакал на тој начин да ги легитимизира своите империјални амбиции.rn

    Џорџ Патон бил војник во сите свои животи

    rnСлавниот американски генерал Патон верувал дека се родил повеќе пати и дека секогаш бил војник. Кога во текот на Првата светска војна пристигнал во Лангр, ја одбил понудата од еден Французин за обиколка на градот со објаснување дека одлично го познава местото.rnrnИ навистина, знаел каде се наоѓа римскиот амфитеатар, форумот и храмовите посветени на боговите Марс и Аполон, иако некои градби тогаш сè уште не биле откриени. Го покажал местото каде што се наоѓал шаторот на Цезар во текот на војната со Галите и на својот запрепастен сопатник му објаснил дека служел во петтата Цезарова легија.rnrnНеговата песна „Низ темно огледало“ опишува како се борел рамо до рамо со Александар Велики на битката кај Тир, како се борел против Хуните, дека бил крстоносец, морнар на воен брод, генерал во Наполеоновата армија и војник на Конфедерацијата во битките кај Винчестер и Гетинсбург.rn

    Салвадор Дали бил Свети Јован

    rnРодителите на славниот сликар во детството го одвеле на гробот на неговиот мртов брат и му рекле дека тој е негова реинкарнација. Дали бил убеден дека тоа е навистина точно, но не само дека е инкарнација на својот брат. Имено, се сеќавал на претходниот живот кој одел уште подлабоко во минатото, во 16 век во кој живеел римокатоличкиот светец Јован од Крст.rnrn(0)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnОвој кармелит неговите собраќа калуѓери го пикнале во ќелија и го тепале три пати неделно бидејќи ги повикал да се вратат на секојдневната молитва. Дали тврдел дека се сеќава на сите поединости, ќотекот и тоа како го сретнал Бог во ќелијата, па дури и на лицата на монасите што го тепале.rn

    Сталоне бил жртва од Француската револуција

    rnРамбо е убеден дека имал барем четири претходни животи и дека во некои од нив доживеал насилна смрт. Во едно интервју отворено рекол:rn

    „Прилично сум сигурен дека ја изгубив главата во Француската револуција. Во една прилика некој зборуваше за гилотина и дека тоа сигурно многу боли, но јас им објаснив дека воопшто не боли. Не чувствуваш ништо, само главата ти паѓа во кошница.“

    rn(3)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnРоки исто така е убеден дека бил и боксер кој во текот на триесеттите години од минатиот век починал после нокаут од противникот и дека бил нешто мало, веројатно мајмун во Гватемала.rn

    Тина Тарнер била фараонката Хатшепсут

    rnСлавната дива е убедена дека е реинкарнација на египетската кралица Хатшепуст, а нејзиниот поранешен сопруг Ајк е реинкарнација на фараонот Тутмос III, инаку нејзин посинок. И навистина, обата мажи биле насилни кон жените, па така Тутмос ги кршел устата и носот од статуите на Хатшепсут за да ја замолчи, а Ајк тоа ѝ го правел лично на Тина.rnrn(5)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrnrnТина Тарнер често престојува во Египет и вели дека доживува просветлување секогаш кога ќе ги види статуите на некогашните кралеви, убедена дека и таа е меѓу нив.rn

    Фил Колинс го бранел Аламо

    rnКако мало дете во Англија, Колинс сакал да ја игра битката за Аламо и кога ќе завршел, редовно ги палел пластичните војници. Многу подоцна дознал дека мексиканскиот генерал Санта Ана наредил да се запалат телата на тексашките бранители. Сега е убеден дека бил гласник во текот на славната битка по име Џон Смит, а тоа му го потврдила и една позната јасновитка.rnrn(1)-7-dokazi-za-reinkarnacija-na-slavnite-lichnosti-kafepauza.mkrn

    Стивен Сегал бил будистички лама

    rnПосле толку убиства што ги има извршено во неговите филмови, природно е да нѐ шокира информацијата дека будистичката заедница верува дека тој е реинкарнација на големиот учител и почитуван лама од 17 век кој се викал Тертон Чундраг Дрога.

  • Немаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смрт

    Немаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смрт

    Што се случува со нас кога ќе умреме? Ова прашање постои исто колку и самото човештвото, па токму затоа е и предмет на голем број истражување. Во потрага по вистината, еден корисник на Редит неодамна го поставил истото прашање, но само кон оние кои преживеале клиничка смрт. Пристигнале стотина одговори и иако секој од нив треба да се чита со доза внимание, тие можат да се поделат во 3 категории.rnrnНемаше ни светло, ни покојни роднини: Исповеди од луѓе кои доживеале клиничка смртrnrnПрвата категорија ја сочинуваат луѓе кои не почувствувале ништо, втората се оние кои виделе светлина и/или имале некаков контакт со личност од другата страна и во последната група се оние кои гледале што сè се случува околу нив додека биле „мртви“, но не можеле ништо друго да направат. Прочитајте дел од сведоштвата на луѓе кои доживеале клиничка смрт:rn

    „Малку се сеќавам на возењето со итната помош, но воопшто не се сеќавам на своето тело. Го гледав како тоа лежи додека покрај него имаше доктор со ментол зелена боја на коса. Јас го немав видено пред да се онесвестам, а сепак го познавав кога се разбудив. Дојдов при свест 3 дена подоцна.“

    rn

    „Стоев на некое место. Околу мене имаше магла, а потоа го здогледав мојот најдобар пријател со кој во тоа време се карав и не се дружев. Дојде од маглата и ми рече дека не можам сè уште да си одам, дека морам да продолжам да се обидувам и ако му ветам дека нема да се откажам ќе ме врати. Му ветив, но без зборови и во истиот момент се вратив.“

    rn

    „Се сетив на сè што доживеав кога ‘умрев’. Немаше ни светла, ни покојни роднини. Никој не ми велеше да се вратам, но видов нешта кои никако не можев да ги видам од местото каде што лежев. Се сеќавам дека зборував и дека бев многу лут затоа што никој не ми одговараше. Мајка ми потоа ми рече дека не сум зборувал ништо бидејќи сум бил мртов.“

    rn

    „Додека итната помош ме водеше кон болницата, се сеќавам дека стоев од страна и се набљудував себеси, како и сите кои беа со мене.“

    rn

    „Во еден момент бев буден, гледав што докторот прави и разговарав со него. Одеднаш се огласи аларм и сите почнаа да паничат. Сè околу мене стана магловито, а потоа се стемни. Следно нешто што се сеќавам е кога го чув докторот како рече ‘Го вративме’.“

  • Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Познати личности кои заработуваат и после смртта

    Досега многу пати сме се навратиле на славните личности и нивните животи, на тоа колку тие заработуваат и каде ги трошат заработените пари. Она што сега следува е листа на познатите личности кои заработуваат и после нивната смрт.rnrnНивната слава и понатаму живее!rn

    1. Мерлин Монро

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnИако почина во 1962-та година, Мерлин и денес е неприкосновен секс-симбол, а вреди 15 милиони долари годишно.rn

    2. Пол Вокер

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот актер кој трагично го заврши својот живот во сообраќајна несреќа, исто така е на листата на најплатени ѕвезди кои заработуваат и после смртта. Неговата заработка изнесува 10,5 милиони фунти годишно.rn

    3. Мајкл Џексон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на поп музиката, Мајкл Џексон, во 2009-тата година, после неговата смрт, имал долг од 260 милиони фунти. Шест години после смртта заработил и повеќе од доволно за да го исплати тој долг. Имено, точниот износ на неговата заработувачка бил 653 милиони фунти.rn

    4. Елизабет Тејлор

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnБлагодарение на нејзината линија парфеми „White Diamonds“, познатата актерка која почина во 2011-тата година, заработува неверојатни 20 милиони долари.rn

    5. Елвис Присли

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnКралот на рокенролот, чии хитови се слушаат и денес, на годишно ниво заработува 55 милиони долари.rn

    6. Курт Кобејн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnЛегендата која ја интригира јавноста и после неговата смрт, заработува неверојатни 50 милиони долари.rn

    7. Џон Ленон

    rnПознати личности кои заработуваат и после смрттаrnrnПопуларниот пејач на Битлси, од продажбата на музичките албуми, годишно заработува 12 милиони долари. Имено, во Америка во периодот од 1992-та година до денес, се продадени преку 63 милиони копии од албумите на позната рок група.rn

    8. Алберт Ајнштајн

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnПознатиот научник, кој почина во 1995-тата година и зад себе остави голем успех во полето на физиката, има годишна заработувачка од 20 милиони долари.rn

    9. Енди Ворхол

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnАвангардниот поп уметник Енди Ворхол бил во право кога рекол дека во иднина секој ќе ги доживее своите 15 минути слава. Неговата годишна заработка изнесува 19 милиони долари.rn

    10. Џ. Р. Р. Толкин

    rnПознати личности кои заработуваат и после смртта rnrnДоколку сте ги гледале филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ или „Хобит“, тогаш сте му платиле на Толкин. Филмските продукции ги задржуваат авторските права на Толкин, па тој годишно заработува по 7 милиони долари. На тој износ се додава и сумата од продадените книги, играчки и облека.

  • 7 знаци дека починатите се обидуваат да допрат до вас

    7 знаци дека починатите се обидуваат да допрат до вас

    Загубата на саканите е секогаш е тешка и непреболна. Како дел од тагата, се јавуваат многу недоговорени прашања и посакуваме барем уште еднаш да зборуваме со мртвите.rnrn(0)-7-znaci-deka-pochinatite-se-obiduvaat-da-doprat-do-vas-kafepauza.mkrnrnВо длабока тага, често доживуваме нешта кои не можат да се објаснат рационално. Натприродните и паранормални појави кои ги доживуваме, од другите се интерпретираат како коинциденција, но тие не ја чувствуваат нашата болка.rnrnПостоењето на човечкиот дух после смртта се поврзува со религијата. Без разлика дали верувате во задгробниот живот или не, понекогаш не постои објаснување за искуствата што ги имаме, а кои се поврзани со починатите.rn

    1. Соништа

    rnСоништата со вашите сакани се природна работа, бидејќи од нив имате безброј спомени. Ако се сеќавате на сонот откако ќе се разбудите, запишете ги деталите во некој бележник. Какво значење може да извлечете од тие детали? Дали постои порака која вашите сакани се обидуваат да ви ја пренесат кога не сте свесни?rnrnПосле смртта, комуникација може да се воспостави како искуство надвор од телото, независно дали спиете или медитирате. Ова може да изгледа многу живописно, а вашите сакани можат да зрачат светлина. Понекогаш ова изгледа како луциден сон, кога сте свесни дека сонувате и може да го контролирате текот на сонот.rn

    2. Случајни мисли

    rnКога вашите мисли одеднаш се префрлаат од одредена тема на вашите блиски, тоа може да биде знак дека тие се обидуваат да допрат до вас. Фактот што размислувате за вашите сакани е многу значаен. Прифатете ги мислите, како што би ги прегрнале оние кои сте ги изгубиле и повторно оживејте ги спомените. Природно е да чувствувате емоции заедно со мислите.rn

    3. Невообичаени појави

    rnАко нешто се придвижува само од себе кога никој не е блиску до него, ова навидум необјасниво движење може да се припише на мртвите. Ако предметот повторно го вратите на своето место и уште еднаш се придвижи без објаснување, тогаш бидете сигурни во тоа.rnrnТреперењето на светлината, ѕвонењето на телефонот, или чудното однесување на домашните миленици може да бидат знаци дека вашите блиски комуницираат со вас на разни начини. Тие ви пренесуваат порака дека се присутни со тоа што ви го привлекуваат вниманието.rn

    4. Физички потсетници

    rnПредмет кој ве потсетува на посебни, значајни моменти помеѓу вас и вашите сакани се појавува пред вас. Како на пример, гледате црн пердув на тротоарот по кој чекорите, што ве потсетува на времето кога вие и вашите сакани сте го гледале филмот „Гавранот“ за време на една студена ноќ.rnrnОвој специфичен предмет кој за вас има некакво значење, од другите лесно може да биде интерпретиран како коинциденција. Фактот што ова ви се случило вам и ве натерало да помислите на починатите, значи дека тие се обидуваат да комуницираат со вас. Во спротивно, пердувот би ве потсетил дека отсекогаш сте ја сакале поемата Гавранот од Едгар Алан По.rnrn(1)-7-znaci-deka-pochinatite-se-obiduvaat-da-doprat-do-vas-kafepauza.mkrn

    5. Сензации

    rnФизичките сензации како трнењето и морниците кои нѐ полазуваат кога околу нас нема никој може да бидат знак дека нашите сакани се обидуваат да комуницираат со нас. Или, може да помирисаме некој познат мирис кој ќе нè потсети на нив.rn

    6. Халуцинации

    rnГледањето работи што не постојат може да биде застрашувачко, бидејќи ова најчесто го поврзуваме со ментални болести. Ако гледате нешто, кое никој друг не може да го види, можно е тоа да е присуството на починатите сакани личности кои сакаат да комуницираат со вас.rnrnНаместо страв, за момент затворете ги очите и сетете се што видовте. Дали има некакви мириси, звуци или допири кои ги чувствувате, а исто така ве потсетуваат на вашите сакани? Отворете ги очите и гласно изговорете го нивното име додека повторно се фокусирате на сите ваши сетила.rnrnПонекогаш луѓето тврдат дека слушаат гласови кога нема никој покрај нив. Повторно, ова може да биде знак. Дали го препознавате гласот?rn

    7. Коинциденции

    rnПриродно е да чувствуваме страв кога се соочуваме со знаци испратени од духовите на нашите сакани. Тие ќе продолжат да ве сакаат и после смртта, па наместо со страв, одговорете со љубов. Бидете слободоумни и запомнете дека тоа не е дух од некоја непозната личност, туку дека тоа е ваш пријател или роднина кој се обидува да воспостави контакт.rnrnИако многу луѓе тврдат дека комуницирале со мртвите, сепак повеќето од нас се скептични. Постојат видовити луѓе или медиуми кои може да ги побарате ако сакате да воспоставите контакт, но внимавајте на измамници кои ќе ви кажат сѐ што сакате да слушнете.

  • Како секој од хороскопските знаци ќе умре?

    Како секој од хороскопските знаци ќе умре?

    Смртта е неизбежен дел од животот. Ако имаме среќа, таа ќе дојде по долг и среќен живот. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за начинот на кој ќе умрете, тогаш можеби би требало да се консултирате со астрологијата… Но, бидејќи не постои начин да се предвиди смртта, имајте на ум дека овие предвидувања се направени исклучиво за забава. Уживајте!rnrnКако секој од хороскопските знаци ќе умре?rnrnОвен (март 21 – април 19): Ќе ве закопа лавина од снег на Еверест.rnrnБик (април 20 – мај 20): Ќе се врзете околу дрво во шума со лисици и ќе го голтнете клучот.rnrnБлизнаци (мај 21 – јуни 20): Ќе изгубите битка од нинџа која ќе ве пресече на половина.rnrnРак (21 јуни – 22 јули): Ќе се заглавите во оџакот на вашиот бивш партнер.rnrnЛав (23 јули – 22 август): Ќе се обидете да направите селфи со змија ѕвечарка.rnrnДевица (23 август – 22 септември): Ќе ве удри шок кога ќе заглавите во дом за свингери.rnrnВага (23 септември – 22 октомври): Ќе умрете од неодлучност во продавница за замрзнат јогурт.rnrnСкорпија (23 октомври – 21 ноември): Ќе имате премногу секс.rnrnСтрелец (22 ноември – 21 декември): Ќе се тркалате по рид за забава.rnrnЈарец (22 декември – 19 јануари): Ќе ве остават на Јупитер.rnrnВодолија (20 јануари – 18 февруари): Ќе се журкате премногу.rnrnРиби (19 февруари – 20 март): Ќе умрете од јадење суши.

  • Селфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулите

    Селфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулите

    Верувале или не, годинава повеќе луѓе починале при обидот да направат селфи отколку при напад од ајкули. Сериозно. Според новите извештаи, во 2015 година имало повеќе смртни случаи поврзани со селфи, како на пример, лизнување, паѓање и други видови несреќи, отколку смртоносни напади на ајкули.rnrnСелфињата убиваат: Оваа година тие се причина за повеќе смртни случаи одошто ајкулитеrnrnДосега постојат барем 12 потврдени несреќи кои завршиле со смрт предизвикана од селфи, додека пак само 8 од напад од ајкули. Повеќето од смртта која настанала од селфи е резултат на глупавост, како обиди да се направат опасни фотки кои им пркосат на гравитацијата или приближување до опасни животни, како мечка. Најновиот смртен случај е 66-годишниот јапонски турист кој паднал по скали додека се обидувал да направи селфи во Таџ Махал.rnrnМинистерот за внатрешни работи од Русија добивал толку многу извештаи за смрт поврзана со селфиња, што решил да издаде памфлет чија цел е да ги образува луѓето на процедурата за правење вакви фотографии. Искрено, смртта поради несреќа додека се обидувате да направите фотографија од себе е можеби еден од најглупавите начини да се умре. Токму затоа бидете безбедни и тргнете ги малку телефоните од вашето лице!

  • 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телото

    12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телото

    Соочени со смртта, последните зборови на овие сериски убијци варираат од прифаќање и споделување љубов кон најблиските, па сè до негирање и очајно обидување за спас. Нивните изјави се навистина морничави, но она што е навистина застрашувачко е бројот на убиства кои тие го направиле…rn

    1. „Гајле ми е дали ќе живеам или умрам. Слободно убијте ме.“

    rn(1) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Џефри Дамер (Канибалот од Миловки)rnrnКриминално дело: Силување и убиство на 17 мажи и момчиња во 1980-тите години.rnrnКазна: Претепан до смрт од други затвореници на 28 ноември 1994.rn

    2. „Ура за анархијата! Ова е најсреќниот момент од мојот живот.“

    rn(2) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Џорџ ЕнгелrnrnКриминално дело: Еден од четворицата одговорни за поставување бомба во Чикаго, 1886 година.rnrnКазна: Бесилка на 11 ноември 1887 година.rn

    3. „Кажете ми. Откако мојата глава ќе биде исечена, дали сè уште ќе можам да го слушнам, барем на момент, звукот од крвта која ќе излегува од мојот врат? Тоа би било задоволство над сите задоволства.“

    rn(3) 12-seriski-ubijci-i-nivnite-posledni-zborovi-od-koi-kje-vi-pominat-mornici-niz-teloto-www.kafepauza.mk-001rnrnИме: Питер Киртен (Вампирот од Дизелдорф)rnrnКриминално дело: Силување и убиство (како и пиење крв) на скоро 60 луѓе.rnrnКазна: Гилотина на 2 јули 1931 година.rn

    4. „Јас сум владетел на мојата судбина. Јас сум капетан на мојата душа.“

    rn(4) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Тимоти МеквејrnrnКриминално дело: Убиство на 168 луѓе во 1995 година со бомба во Оклахома.rnrnКазна: Смртна инјекција на 11 јуни 2001 година.rn

    5. „Зголемете го звукот на радиото и ќе си отидам тивко.“

    rn(5) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Питер Мануел (Ѕверот од Биркеншо)rnrnКриминално дело: Силување и убиство на барем 7 луѓе.rnrnКазна: Бесилка на 11 јули 1958 година.rn

    6. „Би сакал да им ја пренесете мојата љубов на моето семејство и пријатели.“

    rn(6) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Тед БандиrnrnКриминално дело: Силување и убиство на непознат број жени за време на 1970-тите.rnrnКазна: Електрична столица на 4 јануари 1989 година.rn

    7. „Бакнете ми го задникот.“

    rn(8) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Џон Вејн Гејси (Кловнот убиец)rnrnКриминал: Силување и убиство на 33 мажи во рок од 6 години.rnrnКазна: Смртна инјекција на 10 мај 1994 година.rn

    8. „Немам што да кажам.“

    rn(9) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Амелија ДајерrnrnКриминално дело: Убиство на над 400 деца.rnrnКазна: Бесилка на 10 јуни 1896 година.rn

    9. „Добрите луѓе се секогаш многу сигурни дека се во право.“

    rn(7) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Барбара ГрејамrnrnКриминално дело: Неодреден број убиства.rnrnКазна: Гасна комора на 3 јуни 1955 година.rn

    10. „Јас сум невин, невин, невин. Нема грешка во тоа. Ништо не му должам на општеството. Јас сум невин човек и нешто многу лошо се случува вечерва тука.“

    rn(10) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Лајонел ХерераrnrnКриминално дел: Убиство на полицајци.rnrnКазна: Смртна инјекција на 12 мај 1993 година.rn

    11. „Се гледаме на другата страна. Убијте ме… Подготвен сум да тргнам. Време е да започне забавата.“

    rn(11) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Џејмс ЏексонrnrnКриминално дело: Убиство на својата жена и нејзините ќерки.rnrnКазна: Смртна инјекција на 7 февруари 2007 година.rn

    12. „Не можам да кажам точно од каде почна ниту што се случи, но навистина верувам дека тоа што ми се случи во Калифорнија беше дното. Бев во поправни и казнено-поправни училишта, но ах, тие таму создаваат чудовишта.“

    rn(12) 12 сериски убијци и нивните последни зборови од кои ќе ви поминат морници низ телотоrnrnИме: Дејвид ЛонгrnrnКриминално дело: Убиство на 3 цимери.rnrnКазна: Смртна инјекција на 8 декември 1999 година.

  • Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозите

    Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозите

    Луѓето низ историјата постојано барале казни, притоа не внимавајќи дали тие се нехумани и застрашувачки. Доколку ја вршат својата цел, никој не се двоумел за нивната вредност. Тие ги сметале казните и мачењето како начин на кој личноста која направила некое криминално дело може да биде „поправена“, па токму затоа и ги спроведувале без двоумење. Погледнете 10 од најшироко распространетите, но истовремено и најзастрашувачките смртни казни низ историјата…rn

    1. Отсекување глава

    rn(1) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnОва е навистина ужасен начин за умирање.rn

    2. Стрелање

    rn(2) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnОвој метод бил многу популарен за време на војните, каде што голем број луѓе биле казнувани со стрелање.rn

    3. Бесилка

    rn(3) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnОвој метод бил популарен во Европа, од каде што ги влече своите корени, но потоа се проширил и низ целиот свет.rn

    4. Вриење

    rn(4) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnШто мислеле луѓето кога ја спроведувале оваа казна? Големата топлина од водата која врие нанесува интензивна болка пред да убие.rn

    5. Електрична столица

    rn(5) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnКако што се развивала технологијата, така настанала и електричната столица која низ историјата има земено голем број животи.rn

    6. Сечење на делови

    rn(7) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnОвој метод е еден од најнехуманите на оваа листа. Можете да замислите која агонија е да сечат дел по дел од вашето тело пред да умрете?rn

    7. Распнување

    rn(8) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnПо записите за смртта на Исус, овој метод е еден од најпознатите ширум светот.rn

    8. Каменување до смрт

    rn(9) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnОваа казна најчесто била наменета за оние кои биле обвинети за предавство.rn

    9. Осакатување

    rn(10) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnСтанува збор за еден од најпопуларните начини на казнување во времето кога луѓето живееле во племиња.rn

    10. Палење на клада

    rn(11) Застрашувачки и широко распространети видови смртни казни низ историјата од кои ќе се згрозитеrnrnВо времето кога користењето магии било популарно и раширено, луѓето го измислиле овој метод на казна преку кој ги палеле оние кои се сметале за вештерки (или вештери). Но, она што исто така многу го издвојува овој метод е и фактот што има земено многу невини животи.

  • Совети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!

    Совети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!

    Според Џејмс Ван Праг, еден од најпознатите светски спиритуални медиуми, смртта е само илузија и душата никогаш не умира. Сите ние сме души кои имаме човечко искуство, а не обратно. Но, дури и со ова размислување, голема е болката кога блиска личност ќе го напушти овој свет. И покрај тоа што смртта различно влијае на сите, сепак постојат нешта кои можат барем малку да ви го олеснат справувањето со овој тежок период. Според Џејмс, оние кои ве напуштиле би сакале да ги знаете следниве 4 нешта…rnrnСовети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!rn

    1. Дајте си време за да кажете збогум

    rnБез разлика на вашата вера или култура, ритуалите кои ја следат смртта постојат со причина. Тие им помагаат на живите да ја прифатат загубата на физичката присутност на своите најмили со цел да можат да го преземат првиот чекор кон исцелување. Кога Џејмс се поврзува со душата на мртвите, особено со оние кои неодамна починале, тие му велат дека биле на својот погреб и дека го ценат гестот на оние кои дошле да се опростат. Тие би сакале да ви кажат дека и покрај тоа што не се физички присутни, сепак секогаш ќе бидат покрај вас.rn

    2. Тагувањето е процес

    rnСоочувањето со загубата на сакана личност може да биде долг и тежок пат. Вие мора да поминете кон сите емоции како негирањето, преговарањето, лутината, вината и тагата пред да пристигнете до фазата на прифаќање и разбирање. Токму затоа дајте си време додека поминувате низ овие чекори и движете се со ваше темпо. Дури и покрај тоа што можеби ќе се чувствувате како да немате контрола над своите емоции, со тек на време ќе најдете начин како да се справите.rn

    3. Бидете свесни за своите емоции и побарајте помош ако ви е потребна

    rnНемојте да го занемарувате фактот дека тагувате. Ова е една од најважните нешта кои вашите блиски би сакале да ви ги кажат. Без разлика колку ги потиснувате емоциите, тие со тек на време ќе најдат деструктивен начин да излезат на површина. Доколку не си дозволите да тагувате, има шанси да се препуштите на прејадување, претерано пиење, злоупотреба на дрога, насилство, депресија, па дури и мисли за самоубиство. Доколку почувствувате дека веќе сте влегле во некој вид деструктивно однесување, не се плашете да побарате помош и поддршка. Без разлика дали станува збор за пријател, роднина или психолог, секој од нив би можел да ви биде од непроценлива вредност во ваков момент.rn

    4. Не заборавајте дека вашата сакана личност е среќна и дека сака и вие да бидете среќни

    rnДухот на саканата личност која сте ја изгубиле ви праќа поддршка и љубов од другата страна, па токму затоа и вие би требало да го правите истото за него/неа. Џејмс вели дека една од најчестите реченици кои ги добива од починатите е: „Јас сум во ред, не патам и сакам моите најмили на Земјата да бидат среќни и да уживаат во животот.“ Па, доколку сте подготвени, дозволете си да продолжите понатаму и во целост да го искористите преостанатото време од вашиот живот. Вашата сакана личност е безбедна и секогаш ќе биде покрај вас.