КАФЕ ПАУЗА

Tag: смрт

  • 7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

    7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смртта

    Мора да признаеме дека морбидно е да размислуваме за тоа што може да се случи со нашите тела по смртта, но сепак треба да прифатиме дека умирањето е неизбежен дел од животот. Во денешно време постојат многу работи што би можеле да ги направите со вашето тело по смртта. Некои од нив се бизарни, но други, пак, се инспиративни и значајни. Во продолжение прочитајте за што станува збор…rn

    1. Можете да станете дијамант

    rn7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смрттаrnrnОва е можеби најпрактичната, но и најромантичната опција на листата работи што можете да ги направите со вашето тело по смртта. Компанијата Heart In Diamond може да ја претвори кремираната пепел во дијамантски прстен, синџирче или обетка. Кремираните дијаманти се прават на тој начин што се вади јаглеродот од остатоците. Потоа, јаглеродот неколку дена се изложува на огромен притисок и топлина во лабораторија сѐ додека не се претвори во вистински дијамант. Кога дијамантот ќе биде готов, може да се стави во прстен или друг вид накит и на тој начин да се зачува сеќавањето за саканата личност.rn

    2. Можете да се претворите во огномет

    rn7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смрттаrnrnHeaven Above Fireworks е компанија која буквално може да направи вашата пепел да заблеска на небото во форма на огномет. Сите ваши роднини и пријатели можат да присуствуваат кога ќе пука огнометот со вашата пепел. Компанијата соработува директно со семејството на починатиот со цел да создаде весел и значаен настан достоен за соодветно збогување со саканата личност.rn

    3. Можете да се вратите во природата

    rn7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смрттаrnrnМожете да го искористите вашето тело за да се соедините со природата откако ќе го напуштите светот на живите. Компанијата The Living Urn ќе ги искористи вашите остатоци на начин кој ќе биде здрав и корисен за околината. Станува збор за прекрасно направена урна во која кремираната пепел е измешана со неутрален агенс и семе за садење дрвја. Потоа, содржината на урната треба да се насади во земјата каде што би сакале да порасне дрвото. Семејството би можело да го насади во домашната градина или во омилениот парк на починатиот човек. Ова е како еден вид повторно раѓање и е одличен начин да се зачува сеќавањето за саканата личност.rn

    4. Можете да ѝ го донирате телото на науката

    rn7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смрттаrnrnОваа опција постои со години и една од најдарежливите работи што можете да ги направите со вашето тело по смртта. На овој начин, вие ќе им дозволите на медицинските лица да спроведат најразлични испитувања кои ќе им помогнат при измислувањето нови процедури и лекови што би можеле да спасат милиони животи во иднина. Донираните тела честопати им служат на студентите по медицина и докторите да вежбаат и да учат за да можат да напредуваат во кариерата. Ова дефинитивно не е најгламурозното нешто што можете да го направите со вашето тело по смртта, но е многу корисно.rn

    5. Можете да завршите под вода

    rn7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смрттаrnrnДали отсекогаш сте го обожавале океанот? Во тој случај, ова е вистинскиот избор за вас. Можеби сте чуле дека океанските гребени ширум светот се во голема опасност. Експертите кои работат на програмата по име Eternal Reef се обидуваат одново да ги изградат со помош на „гребенски топчиња“ кои ги ставаат на изумрените гребени со цел да ги обноват. Компанијата почнала да нуди таканаречени „Reef Ball Urns“ кои ќе бидат поставени на гребените и би им помогнале во процесот на регенерација. Урните содржат и посебен дел со името на кремираниот човек. Секоја урна е рачно обоена и различна од останатите.rn

    6. Можете да се претворите во грамофонска плоча

    rn7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смрттаrnrnЉубителите на музиката ќе ја обожаваат оваа опција, особено ако некој од членовите на семејството собира грамофонски плочи. Компанијата Andvinyly може да ја „отпечати“ вашата пепел на плочата. Луѓето можат дури и да си го снимат гласот на плочата за да се збогуваат со починатата личност или пак да ја снимат омилената песна по која засекогаш ќе остане запаметена. Можеби сето ова ви звучи малку морничаво, но мора да признаете дека станува збор за навистина оригинален начин да се зачува сеќавањето за саканата личност.rn

    7. Можете да одите во вселената

    rn7 необични нешта што можете да ги направите со вашето тело по смрттаrnrnДали отсекогаш сте сакале да бидете астронаути и да патувате? Оваа компанија ќе ви дозволи да отпатувате до вселената по вашата смрт. Услугата се вика Earth Rise и им овозможува на членовите од семејството да ги испратат кремираните остатоци на саканите во вселената. Овие индивидуални летечки капсули кои ќе ја содржат пепелта, ќе одлетаат во вселената и потоа ќе се вратат назад за семејството да може да си ги земе. На овој начин ќе можете да си го исполните вашиот сон и да отидете во вселената!rnrnДоколку сте расположени за уште вакви морничави информации, прочитајте за 9-те работи кои се случуваат по смртта.

  • Поучна приказна за драгоценоста на животот: Непожелна гостинка

    Поучна приказна за драгоценоста на животот: Непожелна гостинка

    Многумина не знаат да го ценат животот на луѓето во нивниот живот додека не се соочат со неговата минливост. Дури тогаш сфаќаат колкава била неговата вредност. Стануваат свесни дека многу зборови останале неизговорени, многу чувства останале неискажани и многу работи останале ненаправени. Прочитајте ја оваа поучна приказна која ќе ве потсети дека треба да ги цените луѓето во вашиот живот и дека треба да го искористите максимално секој момент поминат со нив…rnrnПоучна приказна за драгоценоста на животот: Непожелна гостинкаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЕден ден, некој заѕвонил на вратата кај еден постар господин.rnrn„Пречам ли?“, прашала гостинката.rnrn„Како можеш да не пречиш штом си дошла ненајавена на посета?“, одговорил господинот.rnrn„Знам дека моето присуство не е пожелно, но што ми преостанува освен да заѕвонам, да тропнам и да соопштам дека е време. Еден од вас, тебе или твојата сопруга, морам да земам со себе. Ти одлучи.“rnrn„Слушај, пријателке. Јас премногу ја сакам мојата сопруга, а таа многу му се радува на животот. Ако некој мора да отиде, земи ме мене“, решително кажал господинот.rnrn„Зборуваш без да размислиш како што треба. Одлуката не е толку едноставна. Тој што си оди е во предност. Се ослободил од сите земски проблеми. Сѐ што те мачи денес, борбата за живот, караницата со соседот, парите што си ги позајмил а не си ги вратил, стравот од болести… сето тоа ќе исчезне со твоето заминување“, му објаснила гостинката.rnrn„Ти така гледаш на тоа. Твоја задача е да го утешиш човекот што ќе го однесеш. Што се однесува до мене, ако си заминам пред жена ми, нема да бидам во предност, бидејќи ја сакам“, упорно тврдел господинот.rnrnГостинката го погледнала и му рекла:rnrn„Токму затоа што ја сакаш, размисли уште еднаш. Кога се работи за среќен брак како вашиот, каде сте живееле заедно 45 години, сте се грижеле еден за друг, сѐ сте делеле, оној кој ќе остане ќе биде поповреден од оној кој ќе замине. Не ми веруваш? Размисли како ќе изгледа животот на твојата сопруга. Нејзиното срце ќе биде скршено поради твоето заминување. Ќе мора да живее со тоа. Заедничките проблеми ќе паднат само на нејзини рамена. Животот ќе ѝ биде тежок, ако не си покрај неа. Нема да има кој да ја теши, да ѝ ги избрише солзите, да ѝ го олесни страдањето. Со кого ќе ја сподели тагата? Сеќавањето на тебе многу ќе ја мачи. Ќе биде осамена. Вашите пријатели ќе се повлечат, бидејќи нема да знаат како да ја утешат. Твојата сопруга ќе седи осамена во фотелја, часовникот ќе отчукува, таа постојано ќе гледа на саат, но никој нема да дојде, ниту ти, ниту некој кој прашува за тебе како порано. Таа ќе седи мирно и ќе се сеќава на она што го пропуштила во животот. Ќе се сети дека никогаш не ти се заблагодарила за тоа што си се оженил со неа и си бил добар сопруг. Неизговорените љубовни зборови ќе ѝ тежат на душата како олово и ќе ја влечат надолу не давајќи ѝ да дише. Секоја минута ќе ѝ се чини како вечност. Ќе разговара со предметите околу неа, бидејќи нема да има кому да го отвори нејзиното срце. Ќе почне да лежи во кревет сѐ повеќе и повеќе. Зошто би станувала? Никој не ја чека… Навистина сакаш да ѝ ја нанесеш таа болка?“rnrn„Не! Не смее така да живее! Јас ја сакам повеќе одошто се сакам себеси. Попрво јас би живеел така јадно, а ти неа земи ја мирно. Спие горе. Земи ја нежно, за да не ја разбудиш. Нека ги отвори очите дури таму горе за да не прашува за мене“, извикал господинот.rnrnСмртта се согласила и тргнала кон спалната соба каде што спиела жената.rnrn„Не! Остави ми ја или земи ме мене! Не би можел да поднесам никогаш повеќе да не го чујам нејзиниот глас, нејзините чекори во куќата. Не можам да седам сам на маса, не можам да лежам во кревет, а да не го слушам нејзиното дишење. Што ќе ми е животот без неа: Без нејзиното клацкање во омилената фотелја, без нејзиниот капут на закачалката, без секоја кошула што земам од шкафот, а таа ја испрала и испеглала, без секој чорап што таа го сошила, без клупата во паркот каде што секогаш заедно седевме за да се одмориме од прошетката… Како ќе ги погледнам повторно овие предмети? Разумот ќе ми се помати од самата помисла на тоа што сѐ сум пропуштил и колку зборови останале неизговорени. Ќе се прашувам зошто толку многу сум читал весници и сум зјапал во телевизор, наместо да разговарам со неа, да се восхитувам на нејзината убавина. Ниту еднаш во изминативе години не сум ѝ се заблагодарил за тоа што е тука, за тоа што се омажи за мене. Никогаш не ѝ се заблагодарив за љубовта, трпението, насмевката со која ме дочекуваше. Сега знам дека зборовите „жена ми“ ,кои ги изговарав туку-така, се најубавите зборови во човечкиот јазик. Дозволи ми уште еднаш пред да ја земеш да појдам кај неа, дај ми три дена, три часа, да направам барем нешто од тоа што сум го пропуштал со децении…“, низ солзи молел господинот.rnrnГостинката се свртела и му одговорила:rnrn„Само што погледнав во роковникот и открив дека сум го погрешила бројот на куќата. Вие двајца сте запишани неколку страници понатаму. Искористете го времето до тогаш, бидејќи кога ќе дојдам повторно, нема да ви подарам 3 дена. Нема да ви подарам ниту 3 минути за да го поправите она што сте го пропуштале сите овие 45 години.“rnrnГостинката си заминала а господинот истрчал во спалната соба, силно ја прегрнал сопругата и ѝ кажал колку многу ја сака.rnrn[/message_box]

  • Прекрасни мисли за смртта кои ќе ве потсетат дека треба да живеете и љубите

    Прекрасни мисли за смртта кои ќе ве потсетат дека треба да живеете и љубите

    Смртта е многу трагичен настан особено кога се работи за блиска личност. Не постојат зборови што можат да дадат утеха или да ја намалат болката. Меѓутоа, смртта служи како потсетник да не ги земаме работите здраво за готово и максимално да го користиме секој момент од животот. Нѐ потсетува почесто да ги прегрнуваме нашите сакани, да заборавиме на бесмислените караници и да им кажуваме на луѓето колку ги сакаме и колку ни значат. Овие утешителни мисли за смртта ќе ве потсетат дека секој момент треба да го користите за да живеете и љубите со полни гради…rnrnПрекрасни мисли за смртта кои ќе ве потсетат дека треба да живеете и љубитеrn

    „Доколку живееш 100 години, и јас сакам да живеам 100 години, но еден ден помалку, за да не морам да живеам без тебе.“ – А. А. Милн

    rn

    „Сети се на мене и насмевни се, бидејќи подобро е да ме заборавиш отколку споменот за мене да ти предизвикува солзи во очите.“ – Доктор Сус

    rn

    „Смртта е предизвик. Ни вели да не го трошиме времето. Ни вели да си кажуваме дека се сакаме сега во моментот.“ – Лео Баскалја

    rn

    „Кога болката ќе ве растажи, не бидете глупави, не ги затворајте очите за да плачете. Можеби се наоѓате во вистинската позиција за да видите како сонцето свети.“ – Аланис Морисет

    rn

    „Отсуството на личноста која постојано била покрај вас го уништува вашето присуство. Сѐ што е во собата, па дури и ѕвездите на небото можат да исчезнат за секунда, да преминат од една сцена во друга, како во сон.“ – Хуанг Сок-Јонг

    rnПрекрасни мисли за смртта кои ќе ве потсетат дека треба да живеете и љубитеrn

    „Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сѐ додека не се сретнеме повторно.“ – Џими Хендрикс

    rn

    „Љубов е тоа кога ќе преживеете дури и тогаш кога ќе заминете.“ – Мич Алборн

    rn

    „Мртвите никогаш не се мртви, додека не заборавиме на нив.“ – Џорџ Елиот

    rn

    „Нештата што ги губиме наоѓаат начин да ни се вратат, иако можеби не на истиот начин како што сме очекувале.“ – Џ. К. Роулинг

    rn

    „Доколку нешто оживее во другите поради вас, тогаш сте се приближиле кон бесмртноста.“ – Норман Казинс

    rn

    „Не се плашам да умрам. Единствено се плашам од тоа да ти кажам збогум засекогаш.“ – Шенон Л. Алдер

  • Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

    Целиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?

    Секој човек се плаши од нешто: Од пајаци, авиони, височина и слично. Најчесто овој страв е нерационален и не е поврзан со никаква вистинска опасност по живот. За разлика од овие нелогични стравови, постојат работи од кои навистина би требало да се плашиме, бидејќи според статистичките податоци тие се најголемите причинители на смртта кај луѓето. Во продолжение погледнете ја споредбата помеѓу најчестите стравови на луѓето од една страна и најголемите виновници за смртта на луѓето од друга страна…rn

    Пајаци наспроти супербактерии

    rnЦелиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?rnrnИако луѓето најчесто се плашат од смртоносни пајаци, на годишно ниво луѓето почесто умираат од супербактерии отпорни на антибиотици. Во 2011 година во САД, 23.000 луѓе умреле од супербактерии, а само тројца од смртоносни пајаци.rn

    Авиони наспроти возови

    rnЦелиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?rnrnЛуѓето повеќе се плашат од авиони отколку од возови, но вистината е дека најголемиот број несреќи се поврзани со возови. Сепак, факт е дека во авионските несреќи страдаат повеќе луѓе. Треба да се земе предвид и тоа што поголемиот број од тие несреќи се случиле со приватни авиони. Минатата година во САД, 797 луѓе настрадале во железнички несреќи, а 898 во авионски.rn

    Планини и молњи

    rnЦелиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?rnrnМожеби сте чуле дека кога одите на планинарење треба да се чувате од молњи бидејќи се наоѓате на поголема висина. Всушност, многу малку луѓе умираат на тој начин. Пред 3 години, 23 луѓе умреле од удар на гром на планина, додека, пак, повеќе луѓе го загубиле животот во јули, месецот познат по најголемиот број бури со грмотевици. Поради високите температури и промената на воздушниот притисок овие бури се почести во овој месец и без оглед на тоа каде сте, тогаш ризикот од удар на гром е најголем.rn

    Алкохол наспроти цигари

    rnЦелиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?rnrnИако повеќе се говори за опасностите по живот предизвикани од алкохолот, цигарите се дефинитивно поголемиот убиец. Од нив во 2014 година умреле речиси половина милион луѓе, односно 480.000, а од алкохол 88.000.rn

    Дијабетес наспроти Алцхајмерова болест

    rnЦелиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?rnrnСлично како со цигарите и алкохолот, во светот многу повеќе се знае за дијабетес отколку за Алцхајмерова болест. Но, токму таа болест годишно носи значително повеќе животи. Имено, минатата година во САД, 84.974 луѓе починале од Алцхајмерова болест, а 75.578 од дијабетес.rn

    Ајкула наспроти комарец

    rnЦелиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?rnrnОсвен тоа што е неверојатно досаден, повеќето луѓе не го сметаат комарецот за опасен инсект. Но, самата помисла на ајкула кај многу луѓе предизвикува страв и трепет. Сепак, од болестите кои ги пренесува комарецот, особено од маларија, годишно умираат околу 725.000 луѓе. Ајкулата годишно убива десетина луѓе.rn

    Волк наспроти куче

    rnЦелиот живот го поминуваме во заблуда: Од што се плашиме, а од што би требало да се плашиме?rnrnВолците делуваат страшно и нивната појава предизвикува страв кај многу луѓе, но статистиката покажува дека обичните кучиња се поголеми причинители на смрт, веројатно поради нивната поголема застапеност во населени места. Во секој случај, 10 луѓе годишно умираат од волк, а 25.000 луѓе од куче.

  • Проклет телефонски број кој поради големиот број смртни случаи сега е надвор од употреба

    Проклет телефонски број кој поради големиот број смртни случаи сега е надвор од употреба

    Мобилните оператори пред неколку години го укинале телефонскиот број 0888 888 888, откако секој човек што го имал тој број во последните 10 години завршил мртов.rnrnПроклет телефонски број кој поради големиот број на смртни случаи сега е надвор од употребаrnrnПрвиот сопственик, Владимир Грашнов бил еден од извршните директори на бугарска мобилна компанија, кога сосема неочекувано умрел од рак во 2001 година на возраст од 48 години. Бројот веднаш потоа му припаднал на бугарскиот тајкун Константин Димитров кој бил убиен во 2003 година во Холандија. Димитров имал 31 година, а убиството му е припишано на неговиот руски ривал.rnrn„Проклетиот“ телефонски број потоа го користел бизнисменот Константин Дишилев кој бил убиен пред индиски ресторан во Софија во 2005 година. Дишилев бил погоден токму во моментот кога се јавувал на телефон.rnrnПо неговото убиство, полицијата открила некои сомнителни бизниси поврзани со дрога, па така телефонскиот број бил исклучен додека траела полициската истрага.rnrnСепак, ако сега се обидете да се јавите на +359 888 888 888 (359 е позивен број за Бугарија), операторот ќе ви соопшти дека бројот е „надвор од функција“.rnrnОфицијалните мобилни компании не сакале да го коментираат овој случај, но потврдиле дека „баксузниот“ телефонски број е исклучен.

  • Неверојатно научно откритите: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!

    Неверојатно научно откритите: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!

    Новото откритие е од големо значење за лекарите кои се занимаваат со трансплантација на органи, но и за судската медицина, бидејќи времето кога настапува смртта сега би можело да се одредува со неверојатна прецизност и точност.rnrnИмено, научниците откриваат дека човечкото тело продолжува да живее уште 48 часа по официјалното прогласување на смртта. Кога човечкиот мозок престанува да работи и кога респираторниот и циркулаторниот систем престануваат да функционираат, лекарите службено прогласуваат дека настапила смртта. Но, едно ново американско истражување покажува дека таа дефиниција би можела да се промени. Барем во одредена смисла.rnrnНеверојатно научно откритие: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!rnrnСпоред научниот труд објавен на веб-сајтот Biorxiv, повеќе од стотици гени во телото продолжуваат да функционираат уште најмалку два дена по смртта. Освен тоа, во клетките се будат некои гени кои за време на животот не биле активни. Истражувањето кое било под водство на Питер Ноубл и Алекс Позитков од Универзитетите во Вашингтон и Сиетл, ги проучувало активностите на гените во органи на глувци и риби. Стотици гени се вклучиле веднаш по смртта. Меѓу нив била и групата гени за фетален развој, која обично се исклучува веднаш по раѓањето, но и групата гени која се поврзува со зголемениот ризик за заболување од рак. Нивната активност го достигнувала врвот 4 часа по смртта.rnrnАвторите претпоставуваат дека слични процеси се случуваат и во човечкиот организам. Досега има неколку истражувања кои покажале дека различни гени кај луѓето, меѓу кои и оние за контракции на срцевиот мускул и за заздравување на раните, се активни повеќе од 12 часа по смртта. Фактот дека по смртта се активираат некои гени поврзани со ракот е многу важен за трансплантацијата на органи. Научниците веќе имаат откриено дека ризикот за заболување од рак се зголемува кај луѓето со пресадени органи. Затоа во одредена мера можат да придонесат и лековите за намалување на реакцијата на имуниот систем кои ги земаат пациентите, со цел нивното тело да не го отфрли органот.rnrnНеверојатно научно откритие: Човечкото тело продолжува со живот по смртта!rnrnМеѓутоа, американските експерти сметаат дека би требало да се истражи колкава улога би имале во тоа гените кои се будат по смртта. Се наметнува прашањето зошто толку многу гени се вклучуваат по смртта? Научните портали наведуваат дека постојат два можни одговора. Првиот е дека телото природно настојува да ги вклучи гените, кои инаку се вклучуваат при сериозни повреди. Другиот е дека исклучувањето на голем број гени им дава прилика за вклучување на оние гени кои за време на животот биле замолчени од активностите на останатите.rnrnОва истражување дефинитивно ги доведува до прашање дефинициите за смртта и отвора можности за голем напредок во медицината.

  • Смртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светот

    Смртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светот

    Таа била нарекувана „еден од ретките амбасадори на неговото Величество“. Никогаш не се омажила. Станува збор за Гертруда Бел, родена 1868 година во семејство на богати индустријалци. Овие услови ѝ овозможиле да добие образование на највисоко ниво и живот каков што многу жени од тој период можеле само да си замислат. Откако ги завршила студиите на Оксфорд и дипломирала како еден од најдобрите студенти во 1888 година, Гертруда сфатила дека не сака да си го помине животот како домаќинка и добра викторијанска дама.rnrnСмртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светотrnrnОтишла во посета на вујко ѝ Френк Ласкел, кој во тој период бил британски амбасадор во Техеран, Персија и оттогаш животот ѝ се променил од корен. Наредните години Гертруда патувала во различни земји, учела странски јазици и се занимавала со археологија. Течно говорела арапски, персиски, француски и германски, а зборувала и италијански и турски. И покрај тоа, учењето странски јазици не било доволно за оваа дама и таа почнала да ги истражува пустините во Средна Азија каде ја познавале сите моќни племенски владетели. Исто така, таа завршила многу важна работа за британската разузнавачка служба кога започнала Првата светска војна.rnrnДва пати го обиколила светот и се занимавала со планинарење и археологија. Во текот на нејзиниот живот таа била многу почитувана од британските офицери и била многу влијателна жена во тоа време.rnrnКога војната стивнала, Гертруда Бел станала движечка сила во британската политика на Средниот исток. Турското царство се распаднало и Велика Британија сакала прва да загосподари со Месопотамија.rnrnСмртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светотrnrnБлагодарение на знаењето и врските кои ги стекнала на нејзините патувања во овие краишта, Гертруда одиграла клучна улога како медијатор помеѓу арапската власт и британските официјални лица. Историчарите се сложуваат дека токму оваа жена ги исцртала границите на денешен Ирак на картата на светот.rnrnРазличните етнички групи кои живееле во оваа земја биле обединети во една власт која требала да балансира со британските империјалистички интереси. Таа го назначила првиот крал и го надгледувала изборот на власта во таа држава.rnrnСмртта на Гертруда Бел останува мистерија и денес. Таа на 12-ти јули 1926 година била пронајдена мртва, предозирана од таблети за спиење. Постоеле многу дебати околу тоа дали „кралицата на пустината“, како што ја нарекувале медиумите, извршила самоубиство или станува збор за случајно предозирање.rnrnСмртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светотrnrnСе спомнувала дури и можноста за исценирано убиство кое го извеле нејзините политички противници, но целиот случај останал неразјаснет до ден денес. Гертруда Бел била погребана во Багдад. Кога умрела, имала само 57 години.rnrnНејзината мистериозна смрт сепак не го оспорува фактот дека Гертруда Бел била вистинска инспирација за жените од тоа време, а и денес сè уште претставува пример за независна, интелигентна и влијателна жена со неуморен авантуристички дух која се изборила за своето место во светот и постигнала неверојатен успех.

  • Што ќе се случи со вашето тело доколку доживеете блиско искуство со смртта?

    Што ќе се случи со вашето тело доколку доживеете блиско искуство со смртта?

    Мали се шансите дека лично имате доживеано блиско искуство со смртта, но веројатно имате некоја идеја во глава за тоа како би требало да изгледа, само од тоа што сте биле изложени на голем број филмови и книги кои покажуваат како некој лик се придвижува кон белата светлина. Сигурно досега сте чуле за овој феномен и знаете дека се јавува кога некој ќе преживее физичка траума опасна по живот, како на пример давење или срцев удар, по што почувствувал сензација дека душата му го напушта телото, чувство на смиреност, патување во темен тунел со светлина на крајот, дури и појавување на некој починат член од семејството и слично. Во 23% од случаите, луѓето кои доживеале блиско искуство со смртта (БИС) не се чувствувале смирени, туку се упатиле кон многу помрачен и понепријатен задгробен живот.rnrnШто ќе се случи со вашето тело доколку доживете искуство блиско со смртта?rnrnУште почуден е фактот што сите блиски искуства со смртта се многу слични едни на други, а првите забележани податоци за овој феномен датираат уште од Средниот век. Доколку верувате во задгробен живот, можеби ќе кажете дека искуствата на оние што го доживеале ова се толку слични, затоа што тоа навистина им се случува. Меѓутоа, научниците имаат поинаква идеја зошто повеќето БИС се толку слични, и тоа е поврзано со начинот на кој нашиот мозок и тело реагираат на тоа што органите престануваат да работат и се подготвуваат за смртта. Нивните идеи се навистина фасцинантни!rn

    Не морате навистина да бидете блиску до смртта за да имате БИС

    rnНаучникот д-р Стивен Лорејс, кој ги проучувал блиските искуства до смртта, верува дека доколку се уверите себеси дека сте блиску до смртта тоа би било доволно за да го поттикнете доживувањето на БИС, барем за повеќето луѓе. Тој во 2013 година спровел истражување кое покажало дека многу лица кои имале БИС не се наоѓале во ситуација ризична за животот, што значи дека самата перцепција за можноста да настапи смртта е многу важна за тоа дали ќе се случи оваа состојба или не. Во тој момент мозокот сè уште е активен, бидејќи нема шанси да се доживее свесно искуство без мозочна активност.rnrnШто ќе се случи со вашето тело доколку доживете искуство блиско со смртта?rn

    Срцето што престанува со работа може да ја предизвика мозочната активност која води до БИС

    rnЗошто нашиот мозок останува свесен до одреден степен кога нашите тела почнуваат да умираат? Би имало повеќе смисла ако додека телото се приближува до смртта, сите наши системи полека стануваат сè помалку функционални, со тоа што мозокот како најкомплексен систем од мозочни бранови и хемикалии, би бил помеѓу првите што би откажале. Па, зошто тоа не се случува?rnrnВо едно истражување од 2013 година, докторот Џимо Борџигин од Универзитетот во Мичиген користел електроенцефалограм за да спроведе анализа на мозочните бранови, откако предизвикал срцев удар или гушење кај 9 стаорци. Резултатите покажале дека во тие 30 секунди кога срцето на стаорците престанало да чука, имало нагло зголемување на мозочните бранови со висока фреквенција кои се викаат гама осцилации.rnrnШто ќе се случи со вашето тело доколку доживете искуство блиско со смртта?rnrnОвие мозочни бранови играат голема улога кај човечката свесност, и според истражувањето во моментите откако срцето престанало да чука, тие биле поактивни од кога животните биле свесни и добри. Ова зголемување на мозочните бранови се случува затоа што мозокот панично испраќа пораки до срцето за да се обиде повторно да ја покрене неговата работа. Оваа појава можеби стои зад живописните визии кои се случуваат кај БИС.rn

    Мозочната активност може да предизвика срцето побрзо да престане со работа

    rnМеѓутоа, овој голем бран со пораки од мозокот до срцето може да не ни помогне, туку напротив да предизвика сериозна штета. Во 2015 година, Борџигин од истиот универзитет објавил нова студија за мозокот во последните моменти од животот. Според неа, мозочните сигнали испратени до срцето може да предизвикаат тоа побрзо да престане да функционира.rnrnТимот на Борџигин открил дека бранот од мозочни импулси предизвикал срцето да стигне до состојба наречена „вентрикуларна фибрилација“, што значи дека срцето повеќе не е способно да пумпа доволно крв. Стаорците кај кои не се јавила таа врска помеѓу мозокот и срцето живееле три пати подолго од стаорците кај кои таа била забележана.rnrnОд ова може да се заклучи дека иако БИС може да се чинат смирувачки и утешителни, тие се всушност знак дека нашето тело работи против нас.rn

    Ослободувањето на мозочните хемикалии ја објаснува еуфоријата која се јавува при БИС

    rnИстото истражување открило дека пред срцето да премине во вентрикуларна фибрилација, мозокот ослободува голем број различни хемикалии меѓу кои и допамин (кој ни предизвикува задоволство) и норпинефрин (кој ја зголемува будноста). Овој хемиски коктел го објаснува чувството на мир и спокој што многу луѓе кои поминале низ блиско искуство со смртта го опишуваат.rnrnШто ќе се случи со вашето тело доколку доживете искуство блиско со смртта?rn

    Недостатокот од кислород може да ги предизвика визиите на бела светлина

    rnНајчест симптом на БИС е темниот тунел со бела светлина на крајот. Според едно истражување од 2010 година, спроведено на 11 пациенти со срцев удар кои пријавиле блиско искуство со смртта, повеќето од нив имале покачено ниво на јаглерод диоксид во крвта, што е показател за дефицит на кислород, состојба која води до онаа сензација на движење спрема белата светлина.rnrnМногу научници веруваат дека оваа визија на тунел, која се појавува кога текот на крвта и кислородот запира и очите престануваат со работа, е вистинската причина која стои зад верувањето во патот кој води кон светлината и евентуално кон задгробниот живот.rnrnШто ќе се случи со вашето тело доколку доживете искуство блиско со смртта?rnrnКолку и да се интересни сите овие истражувања, не можеме од нив да извлечеме цврсти заклучоци. Доколку имате цврсти верувања за тоа што се случува по смртта и дали постои или не задгробен живот, веројатно нема да го промените мислењето само поради неколку експерименти извршени на стаорци. Но, и покрај тоа што науката можеби никогаш нема да открие што точно се случува кога умираме, сè поблиску сме до дознавањето на причината зошто толку многу блиски искуства со смртта се исти.

  • Два дена пред смртта напишала краток водич за среќа: Еве што е навистина важно во животот!

    Два дена пред смртта напишала краток водич за среќа: Еве што е навистина важно во животот!

    Среќата навистина се наоѓа во малите нешта. Токму тоа ни го потврдува и овој краток водич кој 18-годишната Џес Ферклуг го напишала пред својата смрт. Би се изненадиле колку малку им е потребно на луѓето за да почувствуваат вистинска и неизмерна среќа.rnrnДва дена пред смртта напишала краток водич за среќа: Еве што е навистина важно во животот!rnrnОваа девојка, која боледувала од редок облик рак на коските, решила да ја сподели својата голема мудрост со светот, оставајќи нешто важно зад себе. Нејзината листа која е наречена „Нештата кои моментално се најважни“ го обиколи светот и замисли многу луѓе. Погледнете за што станува збор.rnrn1. Поминувајте време со пријателите и семејството.rnrn2. Водете дневник, бележете ги спомените преку зборови, снимки и фотографии.rnrn3. Заменете ги лошите нешта со добри.rnrn4. Читајте, слушајте, разговарајте, а потоа пишувајте и создавајте музика.rnrnНа крајот од оваа листа стои и пораката која секојдневно ги инспирира нејзините најблиски, како и оние кои никогаш немале среќа лично да ја запознаат.rnrn5. Токму овие нешта се оние кои нè прават среќни и затоа верувам дека тоа е тајната на животот. Бидете среќни и обидувајте се да бидете добри кон другите, без разлика колку невозможно ви изгледа тоа.

  • 10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан Рикмен

    10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан Рикмен

    По неколкугодишна борба со ракот, вчера, на 69-годишна возраст, почина големиот великан на британската театарска и филмска сцена – Алан Рикмен, оставајќи зад себе богато и исполнето културно наследство кое уште долго ќе се почитува.rnrn10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан РикменrnrnКако што светот жали за нашиот омилен професор Снејп од волшебното училиште за кое сите мечтаевме (и сѐ уште мечтаеме), можеме да најдеме утеха во фактот дека неговиот исконски глас и мудрите зборови ќе продолжат да живеат низ годините што доаѓаат преку најразличните ликови кои ги играше на филмското платно, како и на театарските штици.rnrnСледуваат 10-те најинспиративни цитати на актерскиот гигант и миленик меѓу фановите на познатиот филмски серијал „Хари Потер“ – Алан Рикмен, кои несомнено ќе ве поттикнат на размислување и кои се доказ дека Алан никогаш не го изгуби детето во себе. Збогум професоре, ќе останете со нас. Засекогаш.rnrn10 инспиративни цитати по кои ќе го паметиме Алан Рикменrn

    „Има еден глас во вас кој ви кажува што треба да направите.“

    rn

    „Јас сериозно ја сфаќам мојата работа и начинот на кој треба да го направите тоа е да не се сфаќате себеси толку сериозно.“

    rn

    „Би било прекрасно кога би знаеле дека иднината е непозната и на некој начин полна со изненадувања.“

    rn

    „Мислам дека постои некаква поврзаност помеѓу апсолутната дисциплина и апсолутната слобода.“

    rn

    „Камо животот да беше малку понежен, а уметноста малку поробусна.“

    rn

    „Актерите се агенти на промената. Еден филм, едно делче од театар, едно делче од музика или една книга можат да направат разлика. Тоа може да го промени светот.“

    rn

    „Талентот е грешка во гените – и одговорност.“

    rn

    „Мислам дека треба да има смеење во сѐ. Понекогаш тоа е драматично затворена врата зад себе, пита во лицето или само распознавање на нашите слабости.“

    rn

    „Мојата идеја за вистинска награда е забавниот парк „Magic Mountain“, без да чекам во ред.“

    rn

    „Според моето искуство, сметам дека секој актер треба да се погрижи дека нивната кариера е во нивни раце, на овој или оној начин.“